Груевски: Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние за програма со план за реализација

Изборот е очигледен, тие се занимаваат со обвинувања, клеветења, црна пропаганда, а ние говори за решенија и за проекти. Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние зборуваме за програма со конкретни рокови и со план за реализација, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата го одржува во Берово.

-Тие покажуваат дека немаат стратегија за економија, ние кажуваме дека ја имаме новата ера со која Македонија ќе оди напред. Тие создаваат клима за бркање на инвеститорите и затворање на фабрики, ние работиме и говориме за нови работни места. Тие говорат за зголемување на даноци ние за намалување. Тие само зборуваат, но ние делуваме и создаваме, вели Груевски.

Тој рече дека се обидуваат да го засилат помрачувањето кое силно се чувствува во Македонија, но дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи светлината која и треба на нашата земја.

-Време е. 15 е одговорот на помрачувањето. На 15-ти пуштете ја светлината. Светлината ќе ја донесете вие народот на Македонија. Во ваши раце е одлуката, ќе одберете светлина која и е потреба на нашата земја. Која ќе ја донесат земјоделците кои се обесправени, работниците чии плати се намалуваат, невработените чии шанси за работа постојано се намалуваат, докторите кои се уште не ги добија покачените плати, градежниците чија работа се уништува, просветните работници чии часови ќе ги кратат. Одлуката се носи на 15 октомври. Потребно е помрачувањето кое го донесоа да се победи, нагласи Груевски.

Тој посочи дека нема економски податок кој е добар за Македонија од 1 јули па наваму.

– Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Колата тргна надоле. Ова допира и влијае на сите граѓани. Ова се однесува на судбината на секој од вас. Се работи за нашата држава, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека уште неколку дена остануваат до изборите на 15-октомври и ги потсети граѓаните дека нивната одлука е многу важна за идната на државата, за тоа каква држава ќе имаме и во кој правец ќе се движи истата.

ЗАТОА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ: „Новата ера“ нуди бесплатен здрав оброк за сите деца од прво до петто оделение, поголеми плати, пензии и субвенции

Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од митингот во Берово.

-Новата ера на 150 илјади нови работни места во Македонија во наредната декада, односно пад на невработеноста под 10 проценти. Кога можевме да ја намалиме од без малку 40 проценти  на 22.6 проценти, како што можевме во минатата декада да ја зголемиме вработеноста од 560 илјади вработени на 733 илјади, значи бројот на вработени се зголеми за 173 илјади нови работни места, ќе можеме и наредната декада од да ја смалиме невработеноста од 22 проценти на 10 проценти и да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари просечно по глава на жител. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која ќе секоја општина во државата, вклучително и Берово учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми.

Тој во Берово ги најави и новите проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Проект: Стекнување на сопствен дом

Овој проект е значаенм посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци, изјави Груевски.

Проектот ќе опфати:

Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар.
Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:
– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) –  25% ослободување од комуналии

Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации.

Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа.

Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа:

Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

-Бидете сигурни. Владата е во голема паника. Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа  или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Намалени плати, пензии кои не растат, зголемени трошоци за живот.Овие луѓе од власта се неспособни, тие се неспособни, тие се практиканти без искуство и капацитет. Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план  што да направат во врска со тоа. Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не го трошете вашето време, ова нема никаква смисла, изјави Гуревски.

Тој кажа дека тие се горд глас на оваа нација, дека се независен глас на Македонија, дека тие се Македонија.

-Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место. Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓанин. Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето. Сакаме да ги допреме нивните животи. Ние не ја поделивме или класифициравме Македонија како Исток или Запад, Север или Југ, додека ги реализиравме нашите проекти и услуги. Работевме за да се осигураме дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место. Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги, изјави Груевски.

Тој кажа дека тие тие не бараат само победа за претстојните избори, тие размислуваат, им даваат приоритет на утрешните генерации.

-Ние размислуваме 10 години однапред, размислуваме 20 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски.

Мицкоски: Се што е ветено и напишано во нашите програми ќе биде реализирано до последниот проект за подобар живот на граѓаните

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, пред граѓаните се обрати генералниот секретар на партија и носител на советничката листа за град Скопје, Христијан Мицкоски. Тој кажа му претставува чест да го почуствува ехото, кое се чувствуа низ целата држава, а ја најавува големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш беше темел на нашата татковина, така ќе продолжи и понатаму, но за да продолжиме да го бетонираме и да го направиме овој темел се поцврст и поцврст, потребно на локални избори, на 15-ти октомври, во недела, да излеземе масовно и да ја дадеме нашата поддршка на кандидатите за градоначалници и идни градоначалници, Коце Трајановски и Тони Трајковски, како и победничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, изјави Мицкоски.

Македонија од нето-увозник во новата ера ќе стане нето-извозник на електрична енергија

Новата ера почнува. Нова ера, ново утро, нова визија за Македонија. Нова визија и нова стратегија со која во наредната декада ќе бидат отворени 150 илјади нови работни места, невработеноста ќе се сведе под 10 проценти. Тоа го ветува ВМРО-ДПМНЕ, партија и Коалиција која покажа дека знае да отвори не 150, туку 173 илјади нови работни места и знае да ја намали невработеноста од речиси 40 на 22,5 проценти, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во општина Кисела Вода.

Такви луѓе, таква партија, таков економски тим, дополнително и зајакнат и освежен, ќе знае и да го зголеми приходот за два ипол пати по глава на жител, а тоа ќе значи два ипол пати повеќе пари за трошење отколку сега за сите. Тоа е новата ера, тоа е она што е стратегија, план и визија за наредната декада. Новата ера ќе значи и најниски даноци на Македонија во светот, ќе значи и многу поголема поддршка за иновативните идеи и за сите кои имаат претприемнички дух, ќе се помогне да се зајакне квалитетот на образованието.

Новата ера, додаде Груевски ќе значи и многу повеќе волжувања во екологијата, животната средина, но ќе значи и многу нови капацитети во енергетиката, што Македонија од нето увозник ќе ја претворат во нето извозник на електрична енергија.

Тоа е новата ера, тоа е новата декада во Македонија и уште многу други проекти кои ги има напишано во овој документ, кој со многу луѓе макотрпно се работеше многу месеци. Имаме кредибилитет да го кажеме ова и да ветуваме, како што и Коце Трајанови и Јохан Тарчуловски имаат таков кредибилитет. Тие кажаа конкретни проекти кои ќе се завршат, а гаранција дека тоа ќе се исполни е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Ајде сите заедно да ја создадеме приказната на Македонија, ваша е одлуката, од вас зависи иднината на Македонија, ставете крај на помрачувањето и да одиме напред.

Груевски: Нашите градоначалници ги чека тешка задача, за секоја општина ќе имаме посебна програма и концепт за развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Политичка академија која ја организираа Кондар Аденауер и институтот „Павел Шатев“, се обрати до кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ја имаат одговорноста да го спроведат она што го има во програмите на ВМРО-ДПМЕ.

– Најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе, затоа што ќе ја имате довербата од народот, ветувајте го она што се сигурни дека ќе го направите, така ќе ја имате самодовербата и довербата од народот подоцна. Како што Ганди велеше „Бидете промента која сакате да ја видите“. Ние, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, граѓаните со нас се на сигурно, порача Груевски.

Тој напомена дека нивните противници ќе ветуваат чуда и волшебни решенија, бидејќи тие немаат друг избор. И тие немаат образ да останат на зборот, и тоа го покажаа во минатото безброј пати, а во последните три месеци триесет пати го сменија зборот, го погазија кажаното, се демантираа, потенцираше Груевски.

– Кога на национално ниво ветуваа, а не остваруваа, тоа ќе биде пресликано и на локално ниво. Народот е мудар и знае да разликува што е реално и остварливо, а што не е, и уште поважно народот знае кој држи до зборот а кој не, кога ќе ветиме остваруваме. Ние оставаме за нас да говорат делата, кои се гледаат, чувствуваат, посетуваат, користат, кои помагаат, изјави Груевски.
Тој на кандидатите за градоначалници им порача дека ги чека тешка и одговорна работа.

– За секој град за секоја општина ќе имаме конкретна програма. Таа програма ќе биде концептот за развој на секое место на живеење. Конкретни и одмерени проекти кои ќе бидат реализирани, а ве уверувам дека секој од градоначалниците ќе ја има мојата поддршка, но и мојот притисок секое ветување да биде остварено. Приоритет ќе биде развој на локалната економија. Поддршка на компаниите и овозможување на подобри услови за стопанисување. Зајакнување и формирање на повеќе индустриски зони кои ќе обезбедат повеќе приходи и повеќе работа за луѓето, тоа одлично тргна во претходниот мандат треба да продолжи. Секоја општина која што ја нема треба да ја создаде индустриската зона, секоја општина која што ја има, а се веќе распродадени локациите, треба или да ја прошири или да формира нова индустриска зона. Затоа што тоа е основната работа која што е потребна на граѓаните на Република Македонија, нови работни места, кои не може да ги има ако еден градоначалник не обезбеди обезбеди услови во инфустриска зона, изјави Груевски.

Груевски: За секој град, за секоја општина ќе имаме конкретна програма, концепт за развој на секое место на живеење

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Политичка академија која ја организираа Кондар Аденауер и институтот „Павел Шатев“, се обрати до кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНе кои ќе ја имаат одговорноста да го спроведат она што го има во програмите на ВМРО-ДПМЕ.

-Најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе, затоа што ќе ја имате довербата од народот, ветувајте го она што се сигурни дека ќе го направите, така ќе ја имате самодовербата и довербата од народот подоцна. Како што Ганди велеше „Бидете промента која сакате да ја видите“. Ние, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, граѓаните со нас се на сигурно, порача Груевски.

Тој напомена дека нивните противници ќе ветуваат чуда и волшебни решенија, бидејќи тие немаат друг избор. И тие немаат образ да останат на зборот, и тоа го покажаа во минатото безброј пати, а во последните три месеци триесет пати го сменија зборот, го погазија кажаното, се демантираа, потенцираше Груевски.

-Кога на национално ниво ветуваа, а не остваруваа, тоа ќе биде пресликано и на локално ниво. Народот е мудар и знае да разликува што е реално и остварливо, а што не е, и уште поважно народот знае кој држи до зборот а кој не, кога ќе ветиме остваруваме. Ние оставаме за нас да говорат делата, кои се гледаат, чувствуваат, посетуваат, користат, кои помагаат, изјави Груевски.

Тој на кандидатите за градоначалници им порача дека ги чека тешка и одговорна работа.

-За секој град за секоја општина ќе имаме конкретна програма. Таа програма ќе биде концептот за развој на секое место на живеење. Конкретни и одмерени проекти кои ќе бидат реализирани, а ве уверувам дека секој од градоначалниците ќе ја има мојата поддршка, но и мојот притисок секое ветување да биде остварено. Приоритет ќе биде развој на локалната економија. Поддршка на компаниите и овозможување на подобри услови за стопанисување. Зајакнување и формирање на повеќе индустриски зони кои ќе обезбедат повеќе приходи и повеќе работа за луѓето, тоа одлично тргна во претходниот мандат треба да продолжи. Секоја општина која што ја нема треба да ја создаде индустриската зона, секоја општина која што ја има, а се веќе распродадени локациите, треба или да ја прошири или да формира нова индустриска зона. Затоа што тоа е основната работа која што е потребна на граѓаните на Република Македонија, нови работни места, кои не може да ги има ако еден градоначалник не обезбеди обезбеди услови во инфустриска зона, изјави Груевски.

Груевски кажа дека економската приказна која ја градевме толку долго и успешно на национално ниво која донесе многу работни места, ќе ја пресликаме и на локално ниво. Економијата е нашиот прв приоритет, потенцираше Груевски.

-Ќе се инвестира и во градба на водоводи и канализациони системи. Поудобниот живот на граѓаните и решавањето на проблемите во секојдневието ќе биде задача на секој градоначалник. Градењето на нови паркови, игралишта и сали за младите исто така ќе биде дел од работата која ќе донесе подобар живот. Инвестициите во животната средина, создавање на зелени појаси исто така ќе биде дел од понудата. Најважно секој градоначалник потребно е да има отворен и одговорен однос спрема граѓаните, секогаш достапни, со чесен и искрен однос, изјави Гуревски.

Груевски порача дека покрај реализирањето на програмата, покрај исполнувањето на се она што било ветено, исклучително значајно за секој граданочалник, не само во кампањата, потоа е да има соодветен и коректен однос со луѓето, да ги сослушува, да бара максимум начини да им помогне. Тој кажа дека дури и во оние моменти кога нема да успее, а луѓето видат дека дава максимум од него да се потруди да им помогне, граѓаните ќе го вреднуваат тоа.

-Затоа не заборавајте две работи, да го исполните ветеното и да останете на земја со луѓето, да не се возвишите и да помислите дека сега сте избрани, и дека готово е, времето поминува, односот со луѓето е она што ќе се запомни, она што ќе ви биде важно, ќе ви биде пресудно на наредните избори. Во нас е одговорноста, бидејќи граѓаните во огромно мнозинство нам ни веруваат. Овие избори се одлука за секој еден граѓанин и за неговата иднина. За тоа кој има остварливи решенија на проблемите! Со ВМРО-ДПМЕ е сигурно. Секогаш со работливост, секогаш за инвестиции, секогаш  за нови работни места, нови водоводи, подобар живот. Секогаш за Македонија, изјави Груевски.

АЛБАНЦИТЕ КОНТРА ЗАЕВ: Тиранската платформа е жива и ќе биде спроведена во програмата на идната влада (ВИДЕО)

Зоран Заев вчера поднесе гаранции до претседателот Ѓорѓе Иванов со кои тој, меѓу другото, требаше да гарантира дека нема да ја прифати Тиранската платформа како услов за владино коалицирање, а веднаш потоа замина во движењето Беса на консултации за владина програма.

Иако претходно велеше дека „нема платформа, туку има владина програма“, која во обид да го амортизира незадоволството кај народот, ја презентираше својата програма, Заев вчера призна дека наскоро ќе биде составена владината програма во која ќе биде содржана и тиранската платформа.

Вчеравечер сите партии партнери на Заев на македонските Албанци во дебатна емисија потврдија дека Тиранската платформа е жива и дека таа ќе биде дел од владината програма што Заев треба да ја спроведе.

Реџаил Исмаили е пратеник на ДУИ. Тој дури на двапати потврди дека таа ќе е дел од владината програма.

„Секако дека е, јас ви кажав и претходно. Декларацијата е жива и ќе биде дел од програмата на новата влада“.


И партискиот функционер од Беса Љуљзим Алиу ги зацврсти ставовите на сите политички партнери на Заев дека тиранската платформа е жива.

„Без сомневање, да. Декларацијата на албанските партии е жива“.


Сирија Рашиди е пратеник од паријата на Села, директно прашан „дали е сè уште жива албанската платформа“, тој одговори „Секако дека е жива“. Притоа Рашиди нагласувајќи дека нема конечна одлука за учество во власта, партијата ќе го уценува Заев со исполнување на тиранската платформа.

„Ние немаме донесено дефинитивна одлука дали ќе бидеме или не дел од новата влада“- вели Рашиди.

Како што е познато, и досега, додека Заев лажеше дека не по стои тиранска платформа, неговите коалициски партнери не само што тоа го потврдуваат туку и ги открија сите детали што се бараат  со неа, како што се бинационална држава, прогласување на Македонците за геноциден народ, промена на името и симболите на државата и на македонскиот народ.

ЗАЕВ ПОВТОРНО ИЗЛАЖА – Ветувањата за 30.000 денари просечна плата биле празни зборови (ВИДЕО)

Не помина долго, а Заев уште еднаш горко излажа. И оваа лага е печат на неговите празни ветувања и шарени лаги со кои им ги подгреваше илузиите на прелажаните граѓани кои гласаа за неговата божемна програма.

Во кампањата ветуваше 500 евра за секој вработен, за „да можат луѓето да отидат на одмор“, а денеска на прес-конференцијата потврди дека 30000 денари е еден од врните приоритети кој ќе го поувствува секое семејство како просечно промање.

Толку од „одморот“ на тие кои му веруваа дека ќе им обезбеди „подобар живот во Македонија“

Силјановска: Гласавме за програми, а не за идни платформи

Универзитетската професорка Гордана Силјановска смета дека она што сега се случува на политичката сцена во Македонија е сосема невообичаено, со постфестум креирани политички платформи да настапите во формирање на влада.

– Очекував партиите кои би биле костур на идната влада да се повикаат на своите програми, бидејќи ние гласавме за програми на изборите, а не за идни платформи. Не дадовме поддршка за да може потоа да смислуваат. Но тоа е македонската реалност – изјави Силјановска.

Силјановска додава дека не знае што ќе се случува понатаму, бидејќи очигледно во македонската политика има многу ирационалност, а сите сме оставени на она што постојано се критикува во годишните извештаи за напредокот на Македонија.

– Тоа е феноменот на партитократија. Повторно сме ние во рацете, не на партиите туку во рацете на партиските елити, да не речам лидери. Се соочуваме со уставен и правен феномен, лидери на четирите политички партии. Тоа е надвор од владеењето на правото – вели Силјановска.

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува во програмата на СДСМ

СДСМ кога беше на власт затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе. Денес зборуваат за субвенции, а кога беа на власт не дадоа ниту денар за фирмите, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на претседателот на Комисијата за економија на СДСМ Драган Тевдовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека тие отвориле 160.000 нови работни места, а оти СДСМ затвориле постоечки 200.000 работни места.

Според ВМРО-ДПМНЕ, никој не верува во ветувањата и програмата на СДСМ која се базирала на ветувања дадени од ракав.

– Благодарение на работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и мерките кои ги презема во изминатиот период невработеноста се намали на рекордно ниско ниво од 23,4 отсто, за разлика од СДСМ кога изнесуваше речиси 39 проценти. Граѓаните треба да бидат спокојни  бидејќи СДСМ загуби и нема да има прилика своите катастрофални економски политики повторно да ги спроведува, се вели во реакцијата.