Груевски: Сè додека постоиме, ќе работиме за подобра сегашност и иднина, за подобро утре и напредок

Неколку дена не делат до гласање и до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Ова не се само обични локални избори, вашата одлука овој пат е многу важна. Не е само уште една обична одлука, ова е одлука за тоа каква иднина ќе градиме за вас, вашите деца, заедничката држава. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и народот, силата произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата земја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг одржан во Велес.

-Нашата задача се создавање дела, нудење на решенија наместо празни зборови. Затоа создаваме и никогаш не се откажува затоа што патот мора да се изоди, идејата мора да се живее. Секој чекор направен остава трага, се додека постоиме ќе работиме за подобра сегашност и иднина, за подобро утре и за напредок. Нашите срца чукаат заедно со срцата на илјадници граѓани кои знаат дека може подобро и поинаку. Не се гази нешто што е со труд создадено. Не се негира нешто што е со жртва добиено, не се урива тоа што е со мака изградено. Работевме напорно за заслужена награда и субвенции за земјоделците за нивниот труд, младите да добија подобро образование со намалена партиципација, за пензионерите да живеат поспокојни и посреќни пензионерски денови и да имаат повисоки пензии. Работевме напорно за поквалитетно и подостапно здравство, работевме напорно луѓето да добијат работа, секојдневно се боревме за посилна економија, повисок стандард и подобар живот за сите во Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека она што се случи во последните пет месеци во Македонија, како што рече, е вистинско помрачување кое длабоко навлегува во секој сегмент.

-Имаме преполовени капитални инвестиции. Индустрија која оди надоле, градежништво кое тоне. Странски инвеститори кои размислуваат да си заминат, а нови не доаѓаат. Извоз кој опаѓа, девизни резерви кои секој ден се повеќе се топат, само во последните ќетири месеци се намалени за 180 милиони евра. Просечни плати кои наместо да растат, како што ветуваа, се намалуваат. Пензии чие зголемување е укинато, субвенции за земјоделци за кои не само што не се зголемија за 10 отсто како што ветуваа, туку постизбори им најавија дека од догодина ако придосот е помал на земјоделецот и субвенциите ќе ги изгубат. Трошоци за живот и цени на производи кои секојдневно растат.Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Ветуваа евтина струја, а никаде ја нема, лицемерие, вели Груевски.

Тој ги повика граѓаните да се ослободат од помрачувањето и да ја пуштат светлината во Македонија на 15-ти октомври.

-Со сечиј живот доаѓа време на темнина, но и време на носење одлуки, одлуки со заедништво, храброст и љубов. Со љубов да се победи помрачувањето во сечиј живот. Доаѓа време кога внатрешната светлина се буди, светлина која ја има во секој од нас и која секогаш го победувала мракот. И овој пат ќе го победи. 15-ти е моментот кога треба да почне светлината. Тие повикуваат дека 15-ти е крајот. Јас ќе им порачам дека 15 октомври е почетокот на новата ера, на новиот напредок на доаѓањето на светлината во Македонија, нагласи Груевски.

Груевски: На 15 октомври ќе дојде новата ера каде ќе нема неасфалтирана улица, парк во секое маало и ера на нови 150 илјади работни места

Тие повикуваат дека 15 октомври бил крајот, јас ќе им порачам дека 15 октомври е почетокот, почетокот на новата ера на доаѓањето на светлината, ние ја нудиме новата ера во која нема да има неосветлена или неасфалтирана улица, новата ера во која ќе има парк во секое маало, но и новата ера на 150 илјади нови работни места во Македонија до крајот на следната декада и со намалување на невработеноста под 10 проценти, ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Аеродром.

-Во претходната декада наследивме 560 илјади вработени луѓе, а оставивме 733 илјади вработени, а тоа е зголемување за 173 илјади нови работни места. Тоа е ВМРО, тоа е оваа Коалиција за подобра Македонија, тоа е разликата меѓу нас и затоа ние можеме да кажеме дека во наредната деката можеме да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места за граѓаните.

Тој кажа дека нудат нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари.

-Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која ќе секоја општина во државата, учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште, а до крајот на мандатот ќе се потрудиме и до 9-то одделение. Со овој проект директно влијаеме на здравјето на младите, кои ќе имаат сигурен здрав оброк, но и директно се помага на домашнито буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од 600 денари месечно за едно дете, изјави Груевски.

Тој во Аеродром ги најави и новите два проекти на ВМРО-ДПМНЕ:

Проект: Стекнување на сопствен дом

Овој проект е значаен посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци, изјави Груевски.

Проектот ќе опфати:

Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар. Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:

– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) – 25% ослободување од комуналии

Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа.
Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа:

Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

Тој порача граѓаните да бидат сигурни дека власта е во голема паника.

-Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Овие луѓе од власта се неспособни. Тие се неспособни, тие се практиканти без искуство и капацитет, тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план што да направат со тоа, тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО и коалцијата”. Не го трошете вашето време. Ова нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија. Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место.

Тој кажа дека нвината  цел е да го зголемат квалитетот на животот и животниот стандард на сите граѓани.

-Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето и да помагаме. Сакаме да ги допреме нивните животи. Работевме за да се осигураме дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место, изјави Груевски.

Тој напомена дека нивната цел е да обезбедат решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги.

-Ние не бараме само победа на претстојните избори, ние размислуваме, им даваме приоритет на утрешните генерации. Ние размислуваме 10 години нанапред. Размислуваме 20 години нанапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски

Груевски: Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние за програма со план за реализација

Изборот е очигледен, тие се занимаваат со обвинувања, клеветења, црна пропаганда, а ние говори за решенија и за проекти. Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние зборуваме за програма со конкретни рокови и со план за реализација, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата го одржува во Берово.

-Тие покажуваат дека немаат стратегија за економија, ние кажуваме дека ја имаме новата ера со која Македонија ќе оди напред. Тие создаваат клима за бркање на инвеститорите и затворање на фабрики, ние работиме и говориме за нови работни места. Тие говорат за зголемување на даноци ние за намалување. Тие само зборуваат, но ние делуваме и создаваме, вели Груевски.

Тој рече дека се обидуваат да го засилат помрачувањето кое силно се чувствува во Македонија, но дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи светлината која и треба на нашата земја.

-Време е. 15 е одговорот на помрачувањето. На 15-ти пуштете ја светлината. Светлината ќе ја донесете вие народот на Македонија. Во ваши раце е одлуката, ќе одберете светлина која и е потреба на нашата земја. Која ќе ја донесат земјоделците кои се обесправени, работниците чии плати се намалуваат, невработените чии шанси за работа постојано се намалуваат, докторите кои се уште не ги добија покачените плати, градежниците чија работа се уништува, просветните работници чии часови ќе ги кратат. Одлуката се носи на 15 октомври. Потребно е помрачувањето кое го донесоа да се победи, нагласи Груевски.

Тој посочи дека нема економски податок кој е добар за Македонија од 1 јули па наваму.

– Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Колата тргна надоле. Ова допира и влијае на сите граѓани. Ова се однесува на судбината на секој од вас. Се работи за нашата држава, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека уште неколку дена остануваат до изборите на 15-октомври и ги потсети граѓаните дека нивната одлука е многу важна за идната на државата, за тоа каква држава ќе имаме и во кој правец ќе се движи истата.

ЗАТОА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ: „Новата ера“ нуди бесплатен здрав оброк за сите деца од прво до петто оделение, поголеми плати, пензии и субвенции

Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од митингот во Берово.

-Новата ера на 150 илјади нови работни места во Македонија во наредната декада, односно пад на невработеноста под 10 проценти. Кога можевме да ја намалиме од без малку 40 проценти  на 22.6 проценти, како што можевме во минатата декада да ја зголемиме вработеноста од 560 илјади вработени на 733 илјади, значи бројот на вработени се зголеми за 173 илјади нови работни места, ќе можеме и наредната декада од да ја смалиме невработеноста од 22 проценти на 10 проценти и да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари просечно по глава на жител. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која ќе секоја општина во државата, вклучително и Берово учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми.

Тој во Берово ги најави и новите проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Проект: Стекнување на сопствен дом

Овој проект е значаенм посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци, изјави Груевски.

Проектот ќе опфати:

Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар.
Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:
– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) –  25% ослободување од комуналии

Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации.

Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа.

Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа:

Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

-Бидете сигурни. Владата е во голема паника. Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа  или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Намалени плати, пензии кои не растат, зголемени трошоци за живот.Овие луѓе од власта се неспособни, тие се неспособни, тие се практиканти без искуство и капацитет. Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план  што да направат во врска со тоа. Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не го трошете вашето време, ова нема никаква смисла, изјави Гуревски.

Тој кажа дека тие се горд глас на оваа нација, дека се независен глас на Македонија, дека тие се Македонија.

-Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место. Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓанин. Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето. Сакаме да ги допреме нивните животи. Ние не ја поделивме или класифициравме Македонија како Исток или Запад, Север или Југ, додека ги реализиравме нашите проекти и услуги. Работевме за да се осигураме дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место. Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги, изјави Груевски.

Тој кажа дека тие тие не бараат само победа за претстојните избори, тие размислуваат, им даваат приоритет на утрешните генерации.

-Ние размислуваме 10 години однапред, размислуваме 20 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски.

Груевски: Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓани

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска во Шуто Оризари, пред граѓаните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој кажа дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од проекти и решенија. Дека решенијата и проектите ја формираат нивната политика.

-Нашата политика е заснована на помош на луѓето и тоа го правевме редовно и со Амди Бајрам и со Елвис Бајрам и секогаш се трудевме да помогнеме на луѓето, да најдеме решение, да се изгради нешто за Шуто Оризари. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера на 150 илјади нови работни места, тоа го нудиме ние оваа Коалиција која веќе во минатата декада отвори 173 илјади работни места и невработеноста ја намали од без малку 40 на 22 проценти. Ние можеме да ветиме дека ќе отвориме нови 150 илјади работни места и ќе ја намалиме невработеноста под 10 проценти. Секој што сака да работи ако е упорен и ако сака да најде работа ќе ја најде. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови.

Мицкоски: Се што е ветено и напишано во нашите програми ќе биде реализирано до последниот проект за подобар живот на граѓаните

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, пред граѓаните се обрати генералниот секретар на партија и носител на советничката листа за град Скопје, Христијан Мицкоски. Тој кажа му претставува чест да го почуствува ехото, кое се чувствуа низ целата држава, а ја најавува големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш беше темел на нашата татковина, така ќе продолжи и понатаму, но за да продолжиме да го бетонираме и да го направиме овој темел се поцврст и поцврст, потребно на локални избори, на 15-ти октомври, во недела, да излеземе масовно и да ја дадеме нашата поддршка на кандидатите за градоначалници и идни градоначалници, Коце Трајановски и Тони Трајковски, како и победничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, изјави Мицкоски.

ГРУЕВСКИ СО 3 ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ: Одлични услови за стекнување на дом, отпис на долгови, бесплатен оброк за ученици

Стекнување на сопствен дом

Овој проект е значаен посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци. Проектот ќе опфати: Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар. Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:

– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) – 25% ослободување од комуналии

-Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации, потенцира Груевски.

Тој додава дека овој нов проект се однесува за надградба на постоечки куќи.

-Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа, истакна Груевски.

Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа: Приматели на социјална и постојана парична помош (околу 35.000 лица) Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства кои што се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект. Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година, потенцираше Груевски.

Бесплатен оброк за ученици

Во новата ера секоја општина во државата, учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен оброк во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство.

-Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми, односно по 1200 денари месечно или без малку 11 денари годишно. Како дојдовме до овој проект?- На средбите кои ги имавме со граѓаните во изминатиот период, многу родители посочуваа дека оброците на децата треба да се подобрат, но и воедно дека преставуваат оптоварување на нивните семејни буџети, особено ако се во прашање многудетни семејства. Седнавме, направивме пресметка. ВМРО нуди решенија и еве излеговме со решение кое ќе го примениме во секоја општина каде ќе ја добиеме поддршката од граѓаните, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски.

Груевски со два нови проекти: Стекнување на сопствен дом и отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало, ова го потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на митингот во Валандово.

-Новата ера на минимум 150 илјади нови работни места, односно пад на невработеноста под 10 проценти. Кога можевме да ја намалиме од 38 на 22.6 проценти, можеме да ја спутиме и под 10 проценти. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера на големи вложувања во екологијата и животната средина за почист воздух и вода, вели Груевски.

Тој додава дека во новата ера секоја општина во државата, вклучително и Валандово учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен оброк во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство.

-Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми, односно по 1200 денари месечно или без малку 11 денари годишно. Како дојдовме до овој проект?- На средбите кои ги имавме со граѓаните во изминатиот период, многу родители посочуваа дека оброците на децата треба да се подобрат, но и воедно дека преставуваат оптоварување на нивните семејни буџети, особено ако се во прашање многудетни семејства. Седнавме, направивме пресметка. ВМРО нуди решенија и еве излеговме со решение кое ќе го примениме во секоја општина каде ќе ја добиеме поддршката од граѓаните, истакна Груевски.

Тој деректно од Валандово најави два нови проекти:

Стекнување на сопствен дом
Овој проект е значаенм посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци. Проектот ќе опфати: Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар. Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:

– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) – 25% ослободување од комуналии

Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации, вели Груевски.

Тој додава дека овој нов проект се однесува за надградба на постоечки куќи.

-Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа, потенцира Груевски.

Вториот проект кој го најави Груевски е отпис на долгови засоцијално загрозени семејства
-Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа: Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица) Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект. Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година, потенцираше Груевски.

Груевски: Работевме за доброто на секој граѓанин, нашата цел е да ги достигнеме стандардите на граѓаните од развиените земји во светот

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Гевгелија, пред граѓаните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој им порача на граѓаните да бидат сигурни дека новата Влада е во паника.

-Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа  или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Намалени плати, пензии кои не растат, зголемени трошоци за живот, изјави Груевски.

Тој кажа дека овие луге од власта се неспособни, дека тие се практиканти без искуство и капациет.

-Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план  што да направат во врска со тоа. Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не го трошете вашето време, ова нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија.  Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место, изјави Груевски.

Тој напомена дека нивната цел е да го зголемат квалитетот на животот и животниот стандард на граѓаните.

-Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето. Сакаме да ги допреме нивните животи. Ние не ја поделивме или класифициравме Македонија како Исток или Запад, Север или Југ, додека ги реализиравме нашите проекти и услуги, изјави Груевски.

Тој кажа дека работеле за да се осигураат дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место.

-Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигнеме стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, на нашите пензионери да им се овозможи да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги, изјави Груевски.

Тој напомена дека тие не бараат само победа за претстојните избори, кажа дека тие размислуваат, им даваат приоритет на утрешните генерации.

-Ние размислуваме 10 години однапред. Размислуваме 20 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера, новиот проект, новата стратегија, нацата визија, новот утре, новата ера која почнува. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски.

Груевски: ВМРО има способност, вештини, проекти, визија и храброст, ВМРО има резултати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува во Радовиш го поздрави ентузијазмот, одлучноста и решителноста на граѓаните и им порача дека остануваат само уште неколку дена, и мигот на одлучување дали ќе продолжи слободното паѓање во Македонија или тоа ќе биде сопрено и ќе почне новата ера.

-Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори. Вашата одлука е исклучително важна – не е само, уште една обична одлука. Ние не гласаме само за наши градоначалници, за наши градови туку сите ние заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија после 15-ти октомври. Во каква Македонија ќе живееме. Вашата одлука е конечна. Вие го имате последниот збор. Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и од народот на оваа земја. Нашата сила произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата љубов кон нашата земја. Ја сакаме нашата земја, со целиот наш народ, сите градови и села, сета радост, ентузијазам и возбуда, истакна Груевски.

Тој посочи дека тие не се едни од оние кои бараат гласови, ги добиваат и ги забораваат луѓето веќе наредниот ден.

-Ние сме партија на граѓаните на Македонија, на народот во Македонија и ние сме гаранција за силна и сигурна Македонија. Сите вие знаете каква промена, развој и раст доживеа Македонија во последните 10-тина години. Се сеќаваме сите каде бевме пред 11 години, и каде бевме кога им ја препуштивме власта пред 5 месеци. Зборуваат со клевети, лаги и празни зборови. Нивната политика е политика на празни зборови. Тоа е политика на клевети. Тоа е политика на навреди. Тоа е политика на креирање тензии меѓу луѓето и заплашување, на нови афери, корупциии, криминал. Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат. Сите мора да го знаат следново, ние не се плашиме од никого, ние сме ВМРО. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Се додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо. Никогаш нема за застанеме, да се предадеме. Никогаш нема да го заборавиме и да го смениме нашиот правец за развој на нашата земја. Ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите ветувања, да работиме, да нудиме проекти и решенија. Тие не се способни да го прават тоа, тоа се покажа во минатото. Тие не се способни да даваат решенија и да создаваат проекти, потенцираше тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека граѓаните од СДСМ нема да слушнат решенија и идеи за подобар живот, туку флоскули, апстрактни поими.

Груевски рече дека на 15-ти октомври граѓаните ќе одлучат и ќе кажат дали се за пад на екномијата, раст на невработеноста и намалување на платите. Дали се за измами и измислени инвестиции, за низа афери и тендери.

Тој нагласи дека на 15-ти октомври и пензионерите и земјоделците ќе испратат порака дали сакаат повисоки пензии и субвенции или не. Порака ќе испратат и граѓаните дали веруваат во лажните ветувања за радиодифузна такса која е иста, или евтина струја која реално ја нема.

Груевски истакна дека СДСМ никогаш не ги исполнуваат своите обврски, но само едно добро знаат да прават: да продаваат ветер и магла.

-ВМРО е мајсторот. ВМРО има способност, вештини, проекти, визија  и храброст, ВМРО има резултати. Кога нешто ќе ветиме, секогаш сме доследни на нашите зборови. Кога ќе речеме дека нешто ќе направиме, ние секогаш  исполнуваме. Ние сме ВМРО. Ние работиме. Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние зборуваме за тоа што ќе постигнеме. Ние зборуваме за тоа што ќе создадеме, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш.

На митингот Груевски истакна дека со новата ера во Македонија се предвидени отворање на нови 150.00 работни места и намалување на невработеноста под 10 проценти, нова ера на најниски даноци и поголеми плати, пензии и субвенции.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се обрати и на граѓаните кои на минатите избори гласале за СДСМ.

– Придружете ни се за да изградиме посилна Македонија. Сите ние заеднички сме Македонија. СДСМ нема да донесе добро за никого. Тие можат само да затвораат работни места, да ги намалат приходите, да им го земат лебот на луѓето. Да донесат несигурна иднина за нашите деца. Тие се реална пречка. Видовте и сами, нема ништо ново создадено. Пречка за подобро образование. Пречка за подобри услуги во здравството. Тие се пречка за повеќе работни места, економски раст и развој. Тие се само пречка, рече тој.

Груевски вели и дека власта е во паника бидејќи се свесни дека ВМРО и Коалицијата ќе победат на изборите и порача дека немаат намера да потклекнат под притисоците и заплашувањата и дека немаат намера да се обесхрабрат.