Груевски: Крајната цел е името – Дојде тоа време Заев договара ново име на државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред речиси еден месец предупредуваше дека крајната цел со носењето на Зоран Заев и СДСМ е власт е промена на името на Република Македонија Груевски нагласува дека власт на СДСМ е марионетска, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот.

-Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, тоа се шест точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е носење на мигранти во Република Македонија и нивно доселување тука, четвртата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, петтата точка е зголемување на даноците и шестата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца, изјави Груевски.

Заев од Словенија го потврди она што Груевски го кажуваше. Тој од Словенија порача дека Македонија влегува во обид, кој што, како што кажа, ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име.

НА ПРЕДАВНИКОТ МУ СЕ БРЗА: Заев се надева дека конечно ќе го смени името

НА ПРЕДАВНИКОТ МУ СЕ БРЗА: Заев се надева дека конечно ќе го смени името

Македонија влегува во обид кој што се надевам дека ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име, изјави премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање по средбата со премиерот на Словенија, Миро Церар.

– Ова е навистина актуелно прашање и во Македонија. Логично беше по завршувањето на локалните избори, да се направи нов обид за решавање на овој суштествен или чувствителен проблем, кое што го има Република Грција со нашето уставно име, а кое истовремено е пречка за нашите интегративни процеси. Процесите веќе почнуваат, на 20 или 21 ноември очекуваме да се направи првата средба помеѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Метју Нимиц. Во ноември очекуваме тие преговори да се интензивираат – рече Заев.

Тој истакна дека Македонија гради пријателски односи со Грција и во пријателска атмосфера и додаде дека тој верува дека може да се најде решение на спорот.

– Ние во Македонија се обидуваме да изградиме национален консензус, сите, претседателот на државата, Владата, опозицијата, но во функција на наоѓање решение, а не на негово одложување – додаде Заев.

Вицепремиерот Османи ја обзнани измамата на Заев: Следи промена на името, нема да има референдум

Премиерот Зоран Заев после изборите најави дека ќе забрзано ќе се оди кон решавање на спорот со името на Македонија и Грција. Иако во многу наврати премиерот најавуваше дека токму граѓаните се оние кои што на референдум ќе го имаат последниот збор за промената на името, вицепремиерот Бујар Османи тоа го демантираше.

-И јас ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето на името, ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните, бидејќи граѓаните бараат Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави Османи.

На прашањето дали решението на спорот ќе оди на референдум, вицепремиерот во Владата на Заев кажа дека овие избори биле референдум.

-На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Зар не беа референдум овие избори? Граѓаните ни ја дадоа пораката, вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години, изјави Османи.

Претходно попродуктивни разговори за името по завршувањето на локалните избори беа најавувани и од грчка страна. Пратеникот на грчаката опозициска партија Нова демократија, задолжен за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос, коментирајќи ги резултатите од првиот круг од локалните избори во Македонија, Кумуцакос во интервју за АНА-МПА, изјави дека победата на СДСМ во првиот круг претставува позитивен тек на настаните и можност за натамошно подобрување на односите меѓу двете земји. Грчкиот пратеник изрази задоволство што во Македонија се подобрува атмосферата за решавање на спорот со името.

-Самиот факт што националистот Никола Груевски загуби на локалните избори е позитивен тек на развојот на настаните. Сега во Скопје имаме многу посигурни и попродуктивни соговорници во однос на прашањето за името, изјави Кумуцакос.

Дел од аналитичарите предупредуваат дека Македонија мора да биде претпазлива во тој процес, некои пак сметаат дека за името не треба воопшто да се преговара.

Официјална Атина преку шефот на дипломатијата Коѕијас во неколку наврати најави дека на почетокот на ноември ќе стартува со работа мешовитата комисија што ќе ја чисти историјата од иредентизам, информација која беше демантирана од нашите власти.

Груевски: Немаме народна, туку марионетска власт – Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот

Денеска  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски беше на средба со граѓани во Општина Могила. Тој таму кажа дека најголемо лицемерие е дека токму Заев има полна уста на зборови од типот, чесност, правда.

-Заев ни говори за чесност замислете, Заев да говори за чесност, дошол чесен премиер, дошле чесни политичари и сега ќе дојделе чесни градоначалници. Што време дојде, да слушаме од оние што се најнечесни да се фалат дека чесни. Кој си ја има мувата на капата, тој си ја ишка. Нема ден да не помине, Заев да каже едно 50 пати за себе дека е чесен, затоа што е спротивното од тоа. Прво ред фалење на себе за чесност, па ред фалење на соработниците за чесност, па сега фалење за идните градоначалници, кои допрва дел од нив треба да победат, дека и тие биле чесни, уште не сме ги виделе, изјави Груевски.

Груевски кажа дека ако некој е чесен не мора тоа да го кажуваш 50 пати на ден. Груевски порача дека не треба да се заборави како делеше тендери во Струмица, како ја виткаше кичмата, како евро за Вицето, евро за црква. Груевски порача дека нема да има спас за партиските полицајци на Оливер Спасовски и СДСМ.

-Немаме народна власт, имаме марионетска власт, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот. Им служела на тие што им служи, додека на народот не му прекипело и да ја набрка и да си ја врати народната власт, така ќе биде и во Македонија. Памтете што сум ви кажал, нема многу време да помине, кога овие ќе им дојдат преку глава на сите луѓе, ќе бидат набркани и ќе си ја врати народот ВМРО-ДПМНЕ на власт, изјави Груевски.

Груевски порача дека СДСМ треба да знае дека оваа земја му припаѓа на овој народ, дека нема пари кои можат да го купат достоинството на народот и покрај тоа што СДСМ има многу пари од одредени спонзори. Спонзори за кои Груевски вели дека чекаат исполнување на барањата кои ги имаат до власт.

-Крајната цел на овие африкански избори и на инсталирањето на заробена држава е да се сузбие секој слободомислечки Македонец кој што си ја сака државата, кој се бори за својата држава, за својата татковина, за своето име, за својот идентитет, за својот јазик итн, изјави Груевски.

Тој вели дека целта на оваа власт е да се направи дека да се сака државата демоде, а дека модерно е легализирање на марихуаната, легализирање на геј браковите и многу други работи, како што велат тој нормалното да го направат ненормално, а ненормалното да биде нормално.

Тој кажа дека економијата во моментов во државата тоне, сите економски параметри одат во надолна линија, секој месец се пониски се очекувањата за раст на економијата. Тој напомена и дека место поголема просечна плата, таа сега паѓа, дека нема зголемување на пензиите повеќе. Тој кажа дека се што ветиле заборавиле, но не заборавиле да го потпишат штетниот договор со Бугарија, со кој историјата ни ја пишуваат токму Бугарите.

-Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, тоа се шест точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е носење на мигранти во Република Македонија и нивно доселување тука, четвртата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, петтата точка е зголемување на даноците и шестата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца, изјави Груевски.

Груевски: Целта на сето ова што СДСМ го прави е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот

Просечната плата наместо да расте, како што ветуваа, таа опаѓа. Ветуваа дека пензиите ќе се зголемат, не се зголемија, се запре зголемувањето на пензиите. Стандардот не оди нагоре, туку се намалува.

Ова денеска во Демир Капија го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека сиромаштијата расте.

-Погледнете, ниту се зборува за платите на докторите, на лекарите кои ги ветуваа, ниту за субвенциите на земјоделците, за повисока просечна плата, пак, да не зборувам. Сето ова го заборавија, но не заборавија да склучат штетен договор со Бугарија, со кој што без да го прашаат народот се согласија од откажување од македонското малцинство таму, од македонскиот јазик и од македонската историја. Се согласија да се сменат учебниците од македонската историја и во иднина нашите деца да учат дека Илинденското востание било бугарско, а не македонско, дека 11 октомври не било пукање на првата пушка против фашизмот во Македонија од страна на македонскиот народ, туку идеолошки конфликт меѓу бугарското население во Македонија, меѓу левицата и десницата, посочи Груевски.

Потенцира дека на сето тоа СДСМ се согласиле без да го прашаат народот и повика на рефендум, за граѓаните да кажат што мислат за договорот со Бугарија.

-Ова е само предигра. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Исто така, во овој пакет кој што тие го нарекоа редефинирање, освен промената на името, идентитетот, освен штетниот договор со Бугарија, се планира и двојазичност на целата територија преку Законот за двојазичност, кој што неуставен, но го туркаат. Планираат исто така, зголемување на даноците, носење на мигранти во Македонија и нивно трајно доселување по нашите градови, давање на државјанства. И се разбира, она за што веќе почнаа да подготуваат терен, а тоа е легализација на хомосексуалните бракови и можност истите да посвојуваат деца, нагласи Груевски.

На функционерите на СДСМ им порача дека неколку години од сега ќе се срамат кога ќе треба да се сретнат со граѓаните на Македонија.

-Ќе одите со наведната глава, а вашиот товар и срам нема да може да се заборави. Иако имате богати спонзори, вие ги немате парите со кои можете да го купите достоинството на народот на Македонија. Нема лезет од вас добиен од криминал. Нема аир од функции добиени лажејќи го и притискајќи го народот. Ќе се обратам и до оние кои се уште не се определени, а се загрижени од она што и се случува на нашата држава. Знам дека не ви е сеедно кога гледате што ви се случува и знам дека длабоко во себе ја чувствувате опасноста во која ја втурнуваат овие неспособни луѓе нашата држава. На дел од вас се закануваат, а дел ветуваат се и сешто, а реално нема ништо да остварат, истакна Груевски.

Тој побара од неопределените да се спротивстават на ваквото делување на СДСМ и да го дадат својот глас, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се секогаш тука, кога на Македонија и на Демир Капија тоа им е потребно.

-Тие што владеат со криминалци и со корупција треба да знаат дека нема хунта која не била победена од народ. Дека нема помрачување кое не било осветлено од народот, порано или подоцна. Лажеа дека се борат против режим, а тие станаа најголем режим. Лажеа дека нема слобода и демократија, прво нешто што направија кога дојдоа на власт – ја укинаа демократијата. И секој ден, чекор по чекор, ја одземаат слободата. Велеа дека нема независност на медиумите, а прво нешто што направија кога дојдоа на власт, ги уценија газдите на медиумите и ја одземаа нивната независност, потенцира Груевски.

Посочи дека СДСМ велеа дека ќе работат, а секој ден граѓаните гледаат како се краде и назадува.

-За ова ли се бореа? Да има техничка влада пред превремени избори? Да има премиер, Министерство за внатрешни, за труд и социјална политика, заменици за администрација, за земјоделие? Оваа држава е на овој народ и нема да му биде одземена. Порачувам дека нема да не скршат, нема да не поколебаат, ниту да не уплашат. Заеднички ќе се спротивставиме сите ние, граѓаните на Македонија. Да не дозволиме апсолутна власт во државата, да не дозволиме да станат монарси и шерифи. Да не дозволиме да ги одземат бастионите на ВМРО-ДПМНЕ. Од нас зависи, порача Груевски.

Здружение на ветерани на УЧК: Името на Македонија треба да биде „Северна Илиро-Македонија“

Здружението на Ветераните на Ослободителната национална армија, денеска излезе со реакција во врска со повторното актуелизирање на прашањето за името на Македонија, пренесува Газета Експрес.

Според нив, во решавањето на ова прашање треба да бидат вклучени и албанците, при што тие имаат дадено предлог за тоа како треба да се вика Македонија.

“Не еднострано решение за името на Македонија. Неколку пати надворешните фактори го актуелизираат прашањето за адекватно име на БЈРМ – Македонија. Нимиц е назначен за официјален претставник. Тој не успеа, или беше спречен да дојде до вистинската цел. Сепак, тој продолжува. Ние сме благодарни. Во сиот тој напор, никогаш не беше земен предвид автохтониот албански фактор. Без ова, не може да има реално долгорочно решение. Во последната деценија дадовме врвна идеја а тоа е името “Северна Илиро-Македонија”. Ние сме одлучни “, велат од ЗВВ на УЧК.

Зоран или Зорам, Заев или Заеб, нему исто му се фаќа – нема против промена на имиња

Дали Зоран или Зорам, дали Заев или Заеб, нему му е сеедно. Тој нема никаков проблем со промените на имињата, па дури ни со промената на неговото лично име. Иако е очигледно дека се работи за печатна грешка, невкусно е да се дозволи ваква грешка.

Zoran-ZoraM

На социјалните мрежи веќе се коментира –  Овој нема против него да му го сменат името, а не пак на државата.

Груевски: Со многу пари странскиот фактор врши промена на уставниот поредок и името

Немојте да мислите дека ако сакам да им се допаднам на некои центри однавор не можам да го направам тоа. Да ветам се што ќе побараат и да го остварам. Мислите јас не сум имал понуди, мислите не ми приоѓале мене со разни поддршки дека ќе направат се за мене, се што ми треба само да помогнам тоа и тоа да се заврши, дека цврсто ќе застанат зад мене, дека ми гарантираат се и сешто. Мислите дека јас не сум го имал тоа, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето вечерашно гостување во „Топ тема“

Република Македонија веќе подолг период е предмет на надворешен обид, операција за промена на владата, со цел промена на уставниот поредок и името. Во една таква операција, влезени се и многу странски средства преку одредени филантропи. Направена е огромна пропаганда против владејачката гарнитура, пред се против ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се оцрни, да се ослабне меѓународно и во земјата, да го изгуби кредибилтетот и надвор и од граѓаните со цел да ослабнат институциите и народот сам да ја смени владејачката партија, да донесе друга на власт која што има дадено ветување кои што некој ги посакува и ги има за своја цел во еден таков контекс. Точно е дека ние се соочуваме со проблеми на меѓународен план, но тоа е судбина на сите кои се борат за државни и национални интереси во мали држави кога некој однадвор има некои други цели, рече Груевски.

Немојте да мислите дека јас не знам дека кога застанувам на браник на одбрана на некои државни и национални интереси не сум свесен дека нема да добијам разни негативни пораки, казни, или било што ќе ме деградира, што ќе ме донесе во непријатна ситуација, што ќе ми направи штета на мене, на моето семејство, на мојата партија, на моите блиски, но свесно одам, затоа што верувам дека само со упорност, залагање и борба може да се убеди и целата меѓународна јавност и сите оние кои нешто наумиле дека тоа не е добро за Македонија, дека на тој начин ќе се направи голема штета и дека во оваа земја освен политичари има и народ, луѓе кои си ја сакаат државата и препознаваата ако некој нешто им подготвува и застануваат против тоа, рече Груевски.

Немојте да мислите дека ако сакам да им се допаднам на некои центри однавор не можам да го направам тоа. Да ветам се што ќе побараат и да го остварам. Мислите јас не сум имал понуди, мислите не ми приоѓале мене со разни поддршки дека ќе направат се за мене, се што ми треба само да помогнам тоа и тоа да се заврши, дека цврсто ќе застанат зад мене, дека ми гарантираат се и сешто. Мислите дека јас не сум го имал тоа, изјави Груевски.

Дојде време за фактурите: Заев е слаб карактер, затоа е избран да го спроведе сценариото за промена на името

„Влада која ќе ја спроведува Тиранската платформа направена и оформена во друга држава, не може да биде реформска, туку е антидржавна. Влада која ќе работи по програма која не ја одобриле граѓаните на избори, е влада без легитимитет од граѓаните“, напиша денеска на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а членот на ИК на партијата Илија Димовски вечерва во ТВ-интервју на Сител потврди дека партијата нема да отсптапи од овој став.

-Целото сценарио кое го гледаме овие три години од ден на ден на се повеќе граѓани им станува јасно, им станува јасно на најтврдите поддржувачи на СДСМ. Не се работи за тоа дали Заев ќе стане премиер или не, тој е попатен чекор, човекот е лоциран дека е компатибилен, дека одговара на очекувањата на некој друг и дека е спремен да направи сè во државата за да дојде на влст. Тој е спремен да на држи две и пол години во хаос државата, со протести, со кршење институции, со удар врз македонската економија, се со цел да си ја оствари својата цел. Сега доаѓа времето на фактурите. Сега тој ќе треба да ги врати фактурите кон сите тие кои му помагале. Тие фактури ќе значат внатрешно редефинирање на државата, но тоа ќе имплицира и редефинирање за впечатокот за Република Македонија.

Конечно, вели Димовски, ние сме убедени дека крајната цел на сетоа ова е ослабување на Репуплика Македонија, ослабување на нејзините институции, ослабување на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија којашто има капацитет, сила и волја да се спрптивстави на штетни решенија за РМ, загрпзување на слободата на изразување на медиумите кои не се согласуваат со ставовите на Зоран Заев и сето тоа треба на крајот да заврши со профаќање на грчките позиции за нашето име и за нашиот идентитет.

-Ова го потврди и пратеник од ДУИ, кој рече дека ова мнозинство е добар начин конечно да се прифатат грчките позиции за решавање на името и идентитетот на Македонија и Македонците.

Димовски потенцира дека не станува збор за компромис, за изнаоѓање решение, туку за слепо прифаќање на грчките услови.

ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА – Душманите ја признаа клучната и крајна цел на Тиранската платформа

Дека крајната цел на Тиранската платформа е промена на името потврдуваат изјавите на многу домашни политичари и експерти.

Артан Груби, кој е шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во дебатна емисија изјави дека на сите им било јасно оти без промена на името не можело да се направи исчекор кон Европската Унија и НАТО.

-Сите ние што сме тука знаеме и не само ние, туку и Вашингтон и Брисел дека ако Македонија не го смени името во согласнот со барањата на Атина, не може да направи прав чекор кон НАТО и ЕУ. Името не може да го промени ниту ДУИ, ниту БЕСА, ниту пак ВМРО сами или пак СДСМ сами. За името треба сите заедно да постигнеме консензус и можеби ова е една многу добра можност и ако се има добра волја, овие резултати во Сoбранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името, рече Груби.

Освен Груби, слична изјава претходно даде и политичкиот аналитичар, кој беше министер и кандидат за претседател на СДСМ, Љубомир Фрчкоски.

-Со американските партнер, ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план, влез во НАТО директно ќе ја дигне владата на едно ново нив. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин, ќе има шанса, ќе се постави тоа на маса и треба таа шанса да грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, истакна Фрчкоски.

Коалицискиот партнер на СДСМ, Зијадин села имаше многу скандалозни изјави, во кои го негираше македонскиот идентитет.

-Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај се Македонците, Албанците биле многу коректни и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ, вели Зијадин Села во скандалозната изјава.

За тоа дека целта на Тиранската платформа е промена на името предупреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Целта на овој документ е прифаќање од страна на сите политички партии, но задржување на унитарноста на државата и да не се оди кон урнисување и растурање на нашата држава која што тешко ја добивме. Исто така со ова треба да се спречи и промена на името по грчи терк и на исти начин решение за идентитетот на Македонците, истакна Груевски во последното интервју на Телевизијата Канал 5.