Ефтов: Поради слаб изборен резултат Заев масовно ќе апси за да испровоцира немири и протести со што ќе изнуди широка влада

Новинарот и аналитичар, Васко Ефтов на својот Фејсбук профил објави дека од Заев и СДСМ се очекуваат масовни апсења пред изборите, а уште повеќе доколку ги изгубват изборите, за да предизвикаат немири и протести со што ќе изнудат широка влада.

Неговата Фејсбук објава ја пренесуваме интегрално:

„Ако ВМРО освои еден глас повеќе на изборите можат да се очекуваат масовни апсења од страна на Заев и СДСМ. Ако ги изгуби изборите, со макар еден глас помалку, Заев ќе мора да апси за да им покаже на сите, а најмногу на членовите на СДСМ дека е се уште силен и ја држи цврсто власта во свои раце! И како второ, со масовни апсења Заев во секое време ќе може да провоцира немири и протести и тоа да го искористи (како една од можностите) за формирање на широка влада“, напиша Ефтов.

Тој исто така додаде дека „Апсења се можни и пред изборите, но масовни ќе бидат само во случај на неповолен изборен резултат за Заев“

Vasko-Eftov-SDSM-apsenje-izbori

Савески и Ванковска го разобличија Богоевски: Леле, кој очај – ги баталивте принципите штом се докопавте до фотелјите

Го читав Павле Богоевски на „Либератас“. Леле, кој очај!, ова на својот ФБ статус го пишува членот на Левица, Здравко Савески.

Тој понатаму вели: ОК, знаевме дека се борите за фотелји и борбата за принципи ви беше само за да се докопате до фотелјите, ама дека толку брзо и толку отворено ќе ги баталите принципите, е тоа и мене не ми се веруваше.

Инаку пратеникот Павле Богоевски ги нападна своите како што тој сам ги нарекуваше соборци затоа што се пожалија дека биле приведени од полицијата бидејќи држеле парола. За овој негов потег со реакција излезе и професорката Билјана Ванковска.

Кога НВО активист ќе стане власт се претвора токму во она против што се борел. Сега не е Отпор, ама затоа е естаблишмент. И после кажете дека јас сум поим на релативизатор! Ма, јас сум аматер и непрофитер, овие се махери и профитери, пишува во статус на Фејсбук Билјана Ванвковска.

КЛАСИЧЕН ПЛАТЕНИК: Павле Богоевски ги организирал демонстрациите против Вучиќ во Србија

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вечерва соопшти дека пратеникот Павле Богоевски организирал демонстрации против претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Белград.

„Кога граѓаните на Македонија организираа протести против Вучиќ, Србија не реагираше никако. Чекајте да ви го прочитам ова. Веско Чачановски, Павле Богоевски, Бранимир Јовановиќ, Замир Мехмеди, сите од Скопје. Тие учествуваа во сите демонстрации и ја помагаа организацијата на протестите против Вучиќ“, изјави Дачиќ, пренесува РТС.

Министерот за надворешни работи на Србија ова го изјави после интересот на јавноста за присуството на припадник на српската БИА и советник во амбасадата на Србија во Македонија Горан Живаљевиќ во Собранието на Република Македонија за време на настаните од 27 април.

МНР на Македонија денеска ја повика на разговор амбасадорката на Србија Душанка Дивјак-Томиќ за да го објасни присуството на Зиваљевиќ во Собранието. Според Дачиќ, нивниот службеник не направил ништо што ја нарушува Виенската конвенција или дипломатскиот протокол, туку бил во Собранието за да идентификува дали граѓани на Србија учествуваат во настаните, за да ги информира и српските власти но и македонските безбедносни агенции доколку би побарале таква информација.

Дачиќ вели и дека Живаљевиќ не извршил никакво дело и не се мешал во внатрешните работи на Македонија, додавајќи дека и Србија не реагирала кога пратеникот Богоевски, Замир Мехмети, Бранимир Јовановиќ и Веско Чачановски организирале протести против Вучиќ во Белград.

pavle bogoevski sarena revolucija

Ова е голем срам за угледот на Македонија и македонските пратеници, коментираат познавачите. Според нив, со ваквите активности на пратеници од македонското Собрание се нарушуваат билатералните односи и се директен атак врз една пријателска земја на нашата.

Во друштво на пратеникот Богоевски се и братот на Ермира Мехмети, Замир, познат како еден од маскираните/шарени „командоси“ во т.н. платеничка шарена револуција, како и дежурниот експерт на соросовите медиуми Бранислав Јовановиќ. Сите тие своевремено дивеејќи низ улиците на Скопје работеа на агендата на СДСМ во сценариото за насилна промена на власта во Македонија.

Официјалната изјава на Министерот за надворешни работи на Србија потврдува дека Богоевски, Мехмети и дружината се платени тренирани специјалци за правење неред без оглед на фактите, делата и аргументите, иако се претставуваа како борци за правда, слобода и мир. Очигледно е дека нивната борба нема ништо со вистината, правдата и слободата, туку само за пари и само со пари, коментираат луѓето кои ги следеа од блиску протестите на соросовите невладини и во Скопје и низ регионот кои имаат единствена цел да инсталираат марионетска соросова влада во земјата во која делуваат.

Ако некој имаше дилема дали Павле Богоевски е пратеник или платеник, МНР на Србија ги расчисти сите дилеми. Како овој срам за Македонија ќе влијае врз односите меѓу двете земји останува да видиме. Овој скандал кој го обелодени Дачиќ доаѓа неполни 24 часа откако претседателот на СДСМ Зоран Заев во Брисел изјави дека му се извинил на Вучиќ нарекувајќи го националист неколку недели претходно во интервју за српски Курир. Заев се правдаше дека се работело за изјава дадена после кампања, а таквите изјави, според Заев, често биле давани во невнимание.

Останува да видиме дали можеби и пратеникот на СДСМ Богоевски исто така во невнимание организирал протести против власт во соседна држава, директно мешајќи се во нејзините внатрешни работи – што е огромен скандал кој може многу штетно да влијае на релациите Скопје-Белград.

СЦЕНАРИО „РАСПАД НА ЈУГОСЛАВИЈА“: Џафери дојде на чело на Собранието да одигра улога каква што Стипе Месиќ одигра во растурањето на СФРЈ!

Дека Талат Џафери не влезе во Собрание и на работната маса во кабинетот на претседателот на Сорбанието, освен македонското, го постави и знаменцето на Албанија и ЕУ, и понатаму некои би можеле да зборуваат дека станува збор за формирање на македонско-албанска владеачка коалиција во соседната земја – пишува др.Слободан Јанковиќ од српскиот Институт за меѓународна политика и економија.

Можеби би можеле да ги проголтаме аргументите за тоа како „автократот“ Груевски не ја дава власта и дека заслепил голем број Македонци кои независно од Груевски и ВМРО со недели протестираат.

Претставниците на ЕУ, чие место секако не им е во Македоија, бидејќи Македонија не е членка на Унијата, служи само за да го намали значењето и провокацијата која е направена со помош на албанците. Џафери како припадник од албанска партија, која заедно со албанскиот премиер Еди Рама ја усогласија платформата за преговори и формирање на ноа влада, вака најавува дека ќе работи на рушење на државата, слично како што Стјепан Месиќ, на притисок и со совети на Европската заедница, е избран за претседател на СФРЈ како би можел истата да ја сруши.

Оттука, не е чудно што разни Ханови, Могериниевци, Бејливци…за провокацијата на албанските политички преставници од Албанија, Косово и сега Македонија кажуваат малку или ништо.

Ништо значајно нема да каже ниту во евентуален случај на насилство на Албанците било каде на Балканот, тоа го знаеме од искуство, бидејќи за разлика од Србите, Албанците се нивни партнери и извршители на валканите работи, од трговија со наркотици до трговија со проститутки и органи.

Добро е што тоа не сме ние, а лажните цивилизатои – како и претходно, така и денес – лицемерно војуваат против сомалиските пирати за да можат нивните бродови без пречка да испуштаат отпад во сомалиските води.

Тие ги затварат очите на снемувањето на сведоци против Лимај и Харадинај, на шверцот на оружје и наркотици преку приштинскиот аеродром. Како и поинаку би постапиле кога станува збор за криминални партнери кои сеуште се спремни да ги дестабилизираат балканските земји во кои живее значајно албанско жителство, а тие за себе си ја најдоа улогата на мировници и надзорници?

Тоа е разбирлво и јасно и за „мали Пеица“. Меѓуоа, што може Зоран Заев да каже на провокацијата на Џафери кој му помогна да дојде на таа функција? Ништо.

Сепак, Зоран Заев, претседател на СДСМ пред некој ден, во ТВ интервју за српските печатени медиуми, реагираше на текстовите и емисиите во Србија и рече неколку точни рабти: Србите се братски народ на Македоните, Косово и Метохиј е срцето на Србија.

Точно е дека сме православн народи.

Рече дека владата на чело со Груевски би требаа барем да се оради (по прашање на признавањето на нарко државата на КиМ). Во периодот од 1912 и 1956 година, била и италијанската војска во делови на Македонија. Тоа исто така е точно. Треба да се каже попрецизно, дека како сојузници помеѓу 1916. и 1918. тука биле и припадници на 35.дивизија во склоп соБалканскиот или Солунски фронт, а од 1941. до 1943 година имало Италијански сили во делови на Македонија кој е припоен на фашистичакта голема Албанија во персонална унија со Италија.

Што е тогаш проблемот со интервјуто на Заев? Речиси се останато…

Во реакцијата на Заев и дел од оние кои се претставуваат како аналитичари, забележлива е иста аргументација: зошто се брани Груевски, а се напаѓа Џафери; Џафери бил министер за одбрана кај Груевски, а Груевски претседател на владта кога Македонија го призна албанско Косово, го прогони Вранишковски…Сето наведено е точно. Меѓутоа се работи за вешто подметнување на тези.

Кој ќе биде премиер е прашање за Македонците, или барем би требало да биде. Особено што Македонците се мнзоинство во државата и речиси на сите им е јасно дека со спроведување на попис кој во земјата е одложуван за да се прикрие вистинскиот број на Албанци кој е помал од официјлниот.

Кога тоа официјална Србија, да не зборуваме за тукашниот пријател на Ангела Меркел, анти-националистот претседател и премиер Вучиќ, се мешал во изборот на претседател на владата на Македонија? Како, со кои тоа изјави?

Тоа што Србија треба да ја интересира е: дали по големиот косовски преседан, кој има последици како на светски така и на локален план, се рават основи и за трета албанска државолика творевина и дали со тоа се засилуваат можностите за формирање на голема Албанија, распад на Македонија и избивање на Албанија и Бугарија на Вардар со што среднорочно би бил отсечен коридорот кон Грција и Солун.

Србија не случајно е единствена соседна зема која го признава и македонскиот јазик и народност и офијалното име на државата. Секако, бидејќи сме братски народи и имаме заедничка историја. Србија сака Македонија да опстане, но тоа не го сакаат сите нејзини соседи.

Заев изјави дека Џафери, за некои медиуми во Македонија и Србија бил проблематичен од две причини: 1) бидејќи е избран на проблематичен начин и 2)бидејќи е Албанец.

Дали нешто е проблематино со медиумите е една работа. Но, кога е во прашање процедура за избор на било кое службено лице, особено од редовите на највисоките функции, како што е обавување на функцијата претседател на народното Собрание, тогаш секако дека медиумите мораат да укажат на проблематичност каде што ја има, а Џафери е избран мимо и спротивно на процедурите.

Освен тоа Заев вели дека тоа бил „офицер на нашата Македонска војска пред конфликтот во 2001“. Потоа станал пратеник во парламентот. Тој бил „добар офицер кој ја извршувал својата функција“.

Каков е тоа добар офицер кој се приклучува на сецесионисти и терористи? Организира напади на македонската војска и полиција, а на крајот го спасуваат Американци и тој станува политичар?

Секако дека е проблематичен, но со усвојувањето на Тиранската платформа тој станува директен спроводник на федерализацијата на Македонија и отцепување на еден дел од змјата кој треба да потпадне под знамето на Албанија, знаме кое го внесе во кабинетот.

Попатно, Заев претходно го негираше постоењето на Тиранската плафтофрма, додека сега ја минимизира: „Тоа е документ кој е заедничка изјава на три албански партии со кои преговараме да направиме влада“.

Кога зборува за договарањ со албански партии во Собранието за да осуди наводен геноцид над Албанците во периодот од 1912 – 1956 година, тој се обдиува сето тоа да го претставико нешто беневолентно, наведувајќи дека сеуште не е кажано кого ќе го осуди, па спомнува декаи италијанската војска била во Македонија. Меѓутоа, јасно е дека Албанците не ги осудуваат балистите, ниту Италијаните од 35.дивизија, кои се бореле настраната на сојузниците на Солунскиот фронт за време на Првата светска војна, а особено не Италијаните од Втората светска војна.

Македонија, Косово, југот на Србија…откако Украинскиот фронт испадна од фокусот – балканската сцена повторно се активира, и на неа, по веќе пробано сценарио, Вашингтон и Берлн добиваат поени, по обичај на сметка на православните народи.

Англичаните, да не заборавиме, со изјавите и написите најавија жешка пролет, кога Тимоти Лес и Ајвор Робертс во декември 2016. и фебруари оваа година предлагаа промена на границите на Балканот.

За извршување на валканите планови нема недостаток на погодни политичари. Таквите се спремни да земат или да одржат власт со ветувањето дека уште попослушно ќе ги извршуваат налозите, иако тие одат против интересите на народот и земјата која официјално ја претставуваат.

67. ДЕН: Ќе протестираме колку и да треба, секој ден – Нема попуштање и нема предавање, порачаа илјадниците граѓани

67-ми ден, илјадници граѓани повторно дадоа поддршка на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, застана во одбрана на суверенитетот на државата и категорично бараат нови избори. Ниту денеска, лошото време и дождот не го спречи народот да маршира по скопските улици.

-Колку и да треба, секој ден, нема попуштање и нема предавање. Како и секој ден и овој ќе го завршиме пред Собранието по нашата патека, по патеката на државноста, а го започнуваме со македонската химна. И денеска во борба за своите правдини и слободен живот, истакна Богдан Илиевски од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

zzm1

Насобраните граѓани заедно во еден глас ја испејаа химната и порачаа- да живее слободна, независна и суверена Македонија.

zzm2

zzm3

Screenshot_7Screenshot_6

Screenshot_4

Screenshot_3 Screenshot_1

Излезете на улица, да им покажеме на провокаторите дека во нашиот ген не постои зборот покорување, туку само зборот НЕПОКОР

ГРАЃАНИ НА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ПРОДОЛЖУВАМЕ! УШТЕ ПОХРАБРИ, ПОСПЛОТЕНИ, ПОЕНЕРГИЧНИ И ПООДЛУЧНИ!, порачуваат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и повикуваат на масовен протест денеска во 17 часот.

Горди сме на граѓаните кои во целиот изминат период покажуваат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите. Граѓаните кои застануваат зад идејата за Заедничка Македонија, идејата за суверена Република Македонија во која рамноправно, без уцени и дискриминации ќе живеат сите нејзини граѓани. Граѓаните кои нема да отстапат и кои се подготвени во оваа битка да одат до крај, до финалната победа!

Никакви заплашувања, закани, навреди и разно-разни обиди за деморализирање на луѓето нема да им пројдат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, воља и мотивација за да продолжиме уште похрабро, уште поцврсто и уште понепокорно.

Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконзки ќе избира Претседател на Собрание како да бира Претседател на Куќен совет. Ако за оние кои праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е светиња и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас.

Бараме од институциите да поведат постапка за сите кои се обидоа да извршат Државен удар и вон СИТЕ процедури кршејќи го Уставот да бираат Претседател на Собранието. Не не’ интересира кој го поддржал незаконскиот Џафери, во оваа земја газда е народот на Република Македонија, а не бирократи од дипломатските мисии кои си го гледаат својот, а не интересот на граѓаните на Република Македонија.

Нелегитимниот Џафери заедно со квислинзите од тиранската коалиција не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме. Наместо да одат по демократскиот пат и да го почитуваат Деловникот, Законот за Собрание и Уставот, се решија да извршат Државен удар и на сила да ја преземат власта. Нема да им помине. Ниту овој, ниту било кој нареден обид да провоцираат толпа, да ги провоцираат граѓаните на Република Македонија, сакајќи во лице да им се смеат, додека го кршат Уставот.

Овде живее горд народ, достоинствен народ кој секогаш се борел и секогаш ќе се бори против предавничко-вазалскиот менталитет на слабаците кои во оваа држава секогаш ги имало и секогаш завршувале неславно.

Граѓани на Заедничка Македонија,

ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ. ПОСИЛНИ, ПОСПЛОТЕНИ, ПОМОТИВИРАНИ. ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА.

Вторник, 17:00 пред Влада на Република Македонија во Скопје и плус низ целата држава. Од оваа битка отстапување нема, бидејќи ако неа ја изгубиме, ја губиме Македонија. А тоа за граѓаните на Република Македонија – НЕ Е ОПЦИЈА. Кој мисли поинаку, нека се обиде да не’ спречи. Како и секогаш… ќе биде поразен. Бидејќи доброто секогаш победува.

Излезете на улица и покажете им на провокаторите, на насилниците кои сакаат со силување на Уставот и законите да дојдат на власт, на оние кои се закануваат со палење, убивање и судски прогон на граѓаните кои ја сакаат Македонија, на оние кои не’ нарекуваат ТЕРОРИСТИ затоа што сакаме да го спречиме теророт врз нашата мила земја… кажете им од што сме направени. Кажете им дека во нашиот ген не постои зборот покорување, туку само зборот НЕПОКОР. И кажете им дека стравот кој го имаат од нас им е оправдан. И ќе изгубат. Бидејќи тие мора да изгубат, за Македонија да победи.

ДА СТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ.
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

„За заедничка Македонија“: Продолжуваме, никој не смее да си игра играчки со оваа земја

Граѓани на заедничка Македонија, продолжуваме! Уште похрабри, посплотени, поенергични и порешителни, порачуваат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои денес ги продолжуваат своите протести и ги повикаа сите граѓани со почеток од 17 часот да им се придружат.

– Горди сме на граѓаните што во целиот изминат период покажуваат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите. Граѓаните што застануваат зад идејата за Заедничка Македонија, идејата за суверена Република Македонија во која рамноправно, без уцени и дискриминации ќе живеат сите нејзини граѓани. Граѓаните што нема да отстапат и кои се подготвени во оваа битка да одат до крај, до финалната победа! Никакви заплашувања, закани, навреди и разно-разни обиди за деморализирање на луѓето нема да им поминат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, волја и мотивација за да продолжиме уште похрабро, уште поцврсто и уште понепокорно – наведуваат од граѓанската иницијатива.

– Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконски ќе избира претседател на Собрание како да избира претседател на куќен совет. Ако за тие што праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е света и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас. Бараме од институциите да поведат постапка за сите што се обидоа да извршат државен удар и надвор од сите процедури кршејќи го Уставот да избираат претседател на Собранието. Не нѐ интересира кој го поддржал незаконскиот Џафери, во оваа земја газда е народот на Република Македонија, а не бирократи од дипломатските мисии што си го гледаат својот интерес, а не интересот на граѓаните на Република Македонија. Нелегитимниот Џафери заедно со квислинзите од тиранската коалиција не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме. Место да одат по демократскиот пат и да го почитуваат Деловникот, Законот за Собрание и Уставот, се решија да извршат државен удар и на сила да ја преземат власта. Нема да им помине. Ниту овој, ниту кој било нареден обид да провоцираат толпа, да ги провоцираат граѓаните на Република Македонија, сакајќи во лице да им се смеат, додека го кршат Уставот – нагласуваат од „За заедничка Македонија“.

Ѓорчев до СДСМ: Народот вика НЕ за платформата, имате 500.000 народ на улица!

Со оваа платформа која што ја приредивте на Р. Македонија имате масовно незадоволство на македонскиот народ. Македонскиот народ со сооднос 3: 1 и повеќе од тоа и вика „НЕ“ на оваа влада и оваа платформа. Оваа влада уште не избрана има ситуација каде што 500.000 луѓе се на улица, кои што ротираат секој ден.

Со овие зборови денеска пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ им се обрати во собранието на пратениците од СДСМ.

Ѓорчев запраша од кои причини конститутивната седница трае толку долго, кога досега тоа не било случај.

-Затоа што во 2006 година ние ве победивме, 45 пратеници со 33. Сега имате пораз кој што е 51 наспроти 49. Имате пораз кај македонскиот народ од 100.000 разлика . Имате пораз кај турската етничка заедница, кај српската етничка заедница, пораз кај бошњачката етничка заедница, кај влашката и ромската заедница. А со оваа платформа која што ја приредивте на Р.Македонија имате масовно незадоволство на македонскиот народ . Македонскиот народ со сооднос 3: 1, и повеќе и вика „НЕ“ на оваа влада, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека се наоѓаме во важни денови и моменти за македонската државност и додаде дека од настаните кои претходеа и настаните кои што следат ќе зависи иднината на Р. Македонија.

-Може и надвор од сите правила да изберете претседател на Собрание, па една запирка од платформата кога нема да реализирате, ќе нема кој да свика седница на Собрание . Македонија нема да има Собрание, рече Ѓорчев.

Грчев упати низа навреди кон граѓаните што протестираат против Тиранската платформа

Професорот  Мирослав Грчев со низа навреди за народот што секојдневно протестира против т.н. Тиранска платформа. Во  гостувањето во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов, Грчев истакна дека стои зад сите навреди кои во последниот период ги напиша во своите колумни.

Според Грчев, кој е и еден од експертите ангажиран од специјалната обвинителка Катица Јанева, како вештак, недоличните зборови упатени кон граѓаните кои протестираат не се навреди туку шеги и метафори и додава дека тие ги пишува во функција на Претседател на Советот  на интелектуалци на СДСМ.

Во однос на протестите организирани од т.н Шарена револуција кога беа уништени голем број на објекти и институции во главниот град, фрлањето со боја и палењето на народната канцеларија на Претседателот, не било оштетување туку уметнички перформанс.

Ова не е првпат Грчев со недолични квалификации да навредува граѓани и институции. Неговиот вокабулар често ја скандализира македонската јавност, но професорот и прв човек на Советот на интелектуалци на СДСМ продолжува со истиот стил.

 

Продолжуваат протестите „За заедничка Македонија“: Тиранската платформа нема да ја има, избори ќе има

Скоро 2 месеци македонските граѓани остануваат најголемата пречка во обидите на СДСМ и албанските политички партии да се инсталира тиранската платформа на албанскиот премиер Еди Рама. Протестите продолжуваат денеска во 17 часот пред Владата.

Во петокот Граѓанската иницијатива го претстави македонскиот народен документ преку кој побара вонредни парламентарни избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава.

-ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА! ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА! ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ЈА ИМА! ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА!, стои во документот.

За аналитичарите токму граѓаните се клучни во спречување на операцијата за федерализација и кантонизација.

„Сепак упорноста на македонскиот народ и истражувањето на јавното мислење кое покажува пад на популарноста на партијата на Зоран Заев кој е спремен да направи компромис врз основа на „Тиранската платформа“, зборува дека има надеж за Македонија и Македонците.

ЕУ не покажува единствен став за кризата во Македонија, а колку повеќе времето поминува, толку повеќе е помал просторот за создавање на некаква си гнила коалиција на власт која ја заговараат партијата на Зоран Заев заедно со албанските партии.“ – пишува српскиот аналитичар Слободан Јанковиќ од институтот за меѓународна политика и економија за Вечерни новости.

Токму коалицијата на Заев е таа која што повеќе од 1 месец бара начин како да ја прескокне дебатата во Собранието и да избере нов спикер како прв чекор на патот до формирање на нова влада.

Претседателот Иванов веќе излезе со став дека нема намера да даде мандат на влада формирана врз основа на платформа од туѓа држава, а од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија велат дека се подготвени на се доколку некој се реши да го игнорира нивниот глас.