ЗАЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ ОСУДЕН ЗА „ПУЧ“ – Смета поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски

Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски смета дека признавањето вина е исклучиво на сопствената проценка за обвинетиот врз доказите.

Доколку во еден предмет има признание од еден обвинет, тоа повлекува правна последица и врз останатите обвинети.

Ова Трпеновски го изјави за Радио Слободна Европа, додавајќи:

-Судот признанието на еден од обвинетите во предметот го оценува во склоп со сите изведени докази. Самото признание на едно лице зборува дека презентираните докази се објективни и врз нив се утврдува вина. Останатите обвинети се доведени во една незавидна ситуација, каде што практично низ исказот на едно лице кое ја прифаќа вината, признава дека во тој конкретен случај е сторено кривично дело и од тие докази ќе се бара кривична одговорност за останатите, вели Трпеновски.

Тој во својата изјава за Радио Слободна Европа објаснува дека со ова другите обвинети се доведени во објективно потешка ситуација без разлика што во процесот тие ја негираат вината.

Ова би значело дека според поранешниот обвинител Трпеновски, премиерот Зоран Заев би требало да биде суден за случајот „Пуч“ во кој беше обвинет заедно со Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорги Лазаревски, Бранко Палифров и Зоран Костовски. Обвинети се за неовластено прислушување и тонско снимање за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи.

Костовски, инспекторот од УБК, кој беше обвинет за шпионажа и неовластено снимање, во случајот „Пуч“ ја призна вината и се спогоди со полицијата. Беше осуден на три години затвор.

Според изјавите на Трпеновски, ако Костовски ја признал вината за делото за кое беше осомничен со сите горенаведени лица, тогаш и Заев треба да биде суден за „Пуч“.

САМО ЗАЕВ ДА СЕ СПАСИ ОД ОДГОВОРНОСТ: СЈО и СДС вршат притисоци незаконските снимени и монтирани разговори да бидат прифатени како доказ во политичкиот мотивиран прогон

СЈО е институција која работи за Заев и СДС. Сакаат да го легализираат криминалот на Заев и Верушевски кои со останатите обвинети во случајот Пуч незаконски следеа телефонски разговори и потоа ги вадеа од контекст и монтираа за да креираат хајка против ВМРО-ДПМНЕ. СЈО и СДС сега вршат притисоци овие незаконски снимени и монтирани разговори да бидат прифатени како доказ во политички мотивираниот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери, изјави денес Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев изврши низа криминални дела за кои согласно Устав и закон треба да одговара. Заев беше спасен од одговорност од СЈО, кое неколкукратно го прекрши законот само за да го амнестира за сторениот криминал по втор пат. Барањето на СЈО за прифаќање на нелегално прислушкуваните и монтирани разговори кои Заев нелегално ги објавуваше, е срамно и без никаква правна логика. Тоа е обид за покривање на антидржавното делување на Заев повеќе од две ипол години, вели Александрова.

Таа истакнува дека политичкиот притисок за истото барање на СЈО да биде прифатено од страна на Апелациониот суд беше огромен и со истиот судот беше принуден да донесе нелогична одлука, со сомнително образложение кое е незаконско и крајно неаргументирано, спротивно на член 12 став 2 од законот за кривична постапка. Истото е ноторен пример за целта на СЈО да го легализира криминалот на Заев.

-Легализацијата на криминалите на Заев, за СЈО е уште еден инструмент во крајната цел за неосновано политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери во очите на јавноста преку медиумите под партиска комтрола на СДС. Токму затоа, без логично образложение, под политички притисок врз судот, беа одземени и патните исправи на дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Така сакаат да создадат негативна слика во јавноста за истите, вели таа.

Александрова додава дека барањата за одземање на патните исправи беа целосно неосновани и без соодветна аргументација, истите не беа со цел да се задоволи правото, туку желбата за политички прогон на поедини личности кои застанале во одбрана на Република Македонија, нејзините државни и национални интереси.

-СЈО и институциите под контрола и влијание на СДС кои работат надвор од законот, односно прекршувајќи го истиот со цел исполнување на политичките нарачки на одредени лица треба да знаат дека за своите нелегални активности и одлуки ќе бидат санкционирани веднаш по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и повторното воспоставување на правната држава и владеењето на правото во институциите. Сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. За криминалите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции, изјави Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Винер Цајтунг“: Државен удар во Македонија под покровителство на САД и на ЕУ

Новиот македонски претседател на парламентот, етничкиот Албанец пратеникот Талат Џафери, ја презеде функцијата во средата и првата  своја работна средба ја имаше со амбасадорот на ЕУ во земјата.

Но, постојат два недостатоци: Прво, Џафери беше висок офицер во македонската армија пред тој да дезертира во почетокот на 2001 година  во УЧК каде беше познат под името “Командант Форина” – нему му се препишува одговорност за извршен масакр  во заседа од страна на УЧК на осум на полицијци и припадници на армијата. Дури и неговото краткорочно назначување за министер за одбрана во 2013 година предизвика насилни протести, пишува во својата анализа за случувањата во Македонија австрискиот дневен весник „Винер Цајтунг“, еден од најпознатите весници во Европа, кој важи за најстар весник кој се уште се печати.

Wiener-Zeitung-Puch-Makedonija

Второ, начинот на кој Џафери е избран за нов спикер на парламентот беше јасно незаконски : Процесот на изборот на 27 април од страна на пратениците на социјалистите и албанските партии се одржа по завршувањето на редовната парламентарна седница надвор од пленарната сала, и само со 59 од потребните 61 гласови. Од САД и ЕУ, Џафери беше прогласен како нов претседател на парламентот, еден (етнички Албанци) Вработените во Секретаријатот достави – исто така нелегално – документи потребни за Службениот весник, докази за  “законскиот избор” со печат и потпис. Толку од “правните вредности”, кои САД и ЕУ  ги пропагираат – и еден предвкус на владеењето на правото во земјата под зголеменo албанско влијание.

Парламентарните избори во декември 2016 не ја решија политичката криза во земјата, но без мешање на САД и ЕУ, конзервативната ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжеше како најсилна парламентарна партија со нејзиниот долгогодишен партнер албанската партија ДУИ од нивната претходна коалициска влада. Сепак, Вашингтон и Брисел работат со години за пад на Владата, бидејќи таа не работи во согласност со нивните насоки (на пример, во однос на не-учество во ембаргото кон Русија или гасоводниот руски проект “Турски поток”).

Германската канцеларка Ангела Меркел е лута, бидејќи таа лажеше: Често зборуваше дека  илегалните имигранти (попозната како “бегалци”) не може да се запрат – но мала Македонија покажа дека тоа може со леснотија само ако сакате. Официјално, меѓу другото, корупцијата се наведува како главна причина за  од надвор направената промена на власта. Ова да се исклучи во една балканска земја, ќе биде нереално. Сепак под Конзервативната Влада барем за разлика од минатото  остана и нешто за луѓето. Економските успеси на претходната влада, се гледаат од економски податоци и зголемување на животниот стандард.

И покрај масовната  западна изборна помош излегоа втори на парламентарните избори, социјалистите сакаат по десет годишно отсуство со сила до власт. Дури и по цена на спроведувањето на т.н. Тиранска платформа, на која сите партии на етничките Албанци во Македонија се договорија како услов за влез во Владата.

Отпорност на претседателот и мнозинството на населението

Оваа листа на барања на албанската заедница беше донесена во декември 2016 година на средба свикана од страна на албанскиот премиер Еди Рама на етнички албански лидери во Тирана. Тоа вклучува голем број на мерки со цел подобрување на статусот на Македонските албанци од етничка група како државовторна нација и всушност де факто федерализација на земјата. Со тоа  не се задоволија албанските аспирации. Нивната крајна цел и понатаму останува иста со децении: отцепување во насока на Голема Албанија.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја гледа имплементација на платформата од Тирана како неуставна и одби да го именува претседателот на социјалистите, Зоран Заев за мандатар кој ќе формира влада. Тој беше поддржан од страна над  200.000 демонстранти кои непартиски се организирани  , кои доаѓаат од сите сфери на животот и помалите етнички малцинства – Од почетокот на март тие мирно протестираат за зачувување на Македонија.

27 април упаднаа наводно како одговор на изборот на претседателот на Собранието – една група на насилници проследени со некои демонстранти во Парламентот. Не е јасно кој стои позади и кој е   двигател на инцидентот. Западните медиуми веднаш ги идентификуваа како поддржувачи на поранешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е малку веројатно, бидејќи оваа активност само и наштети на партијата.

Cui bono? Само очекуваната Владина коалиција може да има корист. Сепак, не може да се исклучи дека настаните – од “парламентарните избори” до упадот во парламентот се  лажирани спектакли од ЕУ и САД. За комунистите патот е отворен, конзервативците се повлекуваат во име на понатамошниот мир и под меѓународен притисок, а ЕУ и САД ја добиваат нивната „режимска промена“.

СДСМ со обид за Пуч во Собрание: Сака да избере спикер кој ја нема отфрлено и осудено Тиранската платформа – спротивно од барањата на граѓаните

СДСМ се обиде да изврши Пуч во Собранието со неделовничкиот предлог да се скрати правото на дискусија и да се премине веднаш на следната точка, избор на претседател на Собранието.

Собранието на конститутивната седница расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувања, но СДСМ упорно сака да ја прескокне оваа точка и директно да се гласа за претседател на Собранието, што е спротивно од Деловникот за работа.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат од СДСМ да се откаже од Тиранската платформа или да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, СДСМ сака да избере претседател на Собранието кој ја нема отфрлено и осудено Тиранската платформа.

Тоа е спротивно и од барањата на граѓаните, бидејќи едно од главните барања на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ е идниот претседател на Собранието јавно да се откаже и да ја осуди платформата.

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, ова е класичен обид на грубо кршење на Деловникот на Собранието и обид за одземање на најсветото право на пратениците, а тоа е, како што вели, правото на говор и правото на искажана мисла и политички став.

-Посебно заради тоа што се работи за обид со кои што не се кршат само пратениците, туку е обид за кршење на над 200.000 граѓани на Република Македонија кои што секојдневно протестираат на улиците и кои што секојдневно апелираат нивните ставови и нивните видувања за политичката состојба во Република Македонија, да бидат јасно, гласно и прецизно искажани во Собранието, посочи Димовски.

Според него, секој обид кој што би одел спротивно на интересите на Република Македонија не може да донесе ништо добро.

-Ние неколку пати укажавме и официјално и неофицијално, дека имаме информации во текот на претходните пет, шест дена Социјалдемократскиот сојуз ќе се обиде на ваков или на сличен или на уште подрзок начин да направи грубо насилство врз Собранието и да го измени текот на седницата односно да оневозможи на пратениците да говорат, вели Димовски.

Со сличен став излезе и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека има обид за насилно и неделовничко однесување во Собранието.

-Имаме еден обид за насилно и неделовничко однесување во Собранието од оние кои што три години не учат на демократија, на слобода на говор, на пресумпција на невиност, само затоа што имаат ограничен временски рок кога треба Заев да го испорача она што го вети, истакна Милошоски.

Рече дека Деловникот треба да биде жртва поради амбициите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев да стане Претседател на Владата.

-Сега Деловникот треба да ја плати цената за неговата политичка амбиција од аболициран криминалец да стане Претседател на Владата. Никој нема против никого да има амбиции, ниту за оние кои се аболицирани, ниту за оние кои не се аблолицирани. Не може тука деловникот да биде жртва, и слободата на говорот на пратениците избрани од народот да биде помалку важна од изборите и од изборната демократија, а најважно да биде тоа што е договорено по изборите, посочи Милошоски.

Претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски, 13-тото продолжение го закажа за вторник, 18 април.

На денот на предавството на Јуда, амнестираните за „Пуч“ заговараат нов пуч во Собрание

На денот на предавството на Јуда, амнестираните за „Пуч“ заговараат нов пуч во Собранието, напиша на својот профил на „Фејсбук“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Туѓи платформи против Македонија, за 30 сребреници! (12 април, 22 часот, Струмица) – напиша Милошоски.

Миленко Неделковски ги објави деталите од неуспешниот обид на СДСМ и „Тиранците“ да направат државен удар

Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил ги објави деталите од вчерашниот обид на албанољупците СДСМ и нивните „Тирански партнери“ да направат државен удар.

Неговата објава ја објавуваме интегрално:

За ДЕТАЛИТЕ од денешната Собраниска седница. За деталите во врска со неуспешниот државне пуч:

Во текот на денот, околу пладне, во таборот на “Тиранците“ имало дилема дали да се оди со план “А“ или со план “Б“:И двата плана им имале свои добри и лоши страни.

Планот “Б“ бил да се соберат во салата “Борис Трајковски“ и таму да си одржат свое конститутивно собрание. Оние што се спротиставиле на овој план сметале дека во таа сала е незаконско донесување на било какво решение. Особено, формирање на ново Собрание и избирање на нов Претседател. Едноставно таа одлука не само што би била еднострана, ами и неуставна и незаконска бидејки е донесена на место кое нема такви ингеренции. Плус, сето тоа би било без присаство на јавноста со помош на Собранискиот канал.

Планот “А“ подразбирал акција, односно државен пуч во главната собраниска сала.
Околу 16.00 во Собранието дошле сите пратеници освен Мендух Тачи и Али Ахамети.

Пратениците од ВМРО навремено биле предупредени што ќе
се случува од своите колеги од СДС, од неколкумина кои се свесни за катастрофата што следи, но се преуплашени јавно да реагираат. Па со пораки на мобилни алертираат.

Околу 17.20 часот Петре Шилегов добил задача да ги преброи “своите“. Но, традиционално бил летва пијан, па не му одело. Се збунивал после 20-тиот пребројан. Така таа работа на пребројување ја презел Оливер Спасовски околу 17.30 часот. Требал да се осигура дека се над 65 души.

Планот под работен наслов “Предлогот на Фрчко“, односно тегнењето за уши на Трајко Вељановски, бил следен: На истекот од седницата, некаде околу 17.40 или 17.45 (седницата трае до 18.00) за дискусија да излезе Радмила Шекеринска. Да предложи прекин на дебата и избор на нов претседател на Собранието. Нормално, јасно било дека таа работа Вељановски нема да ја дозволел, но требало веднаш до Шекеринска на говорницата да застане Оливер Спасовски, и да го побара истото со гестикулирање, викање, навреди. Потоа да притрчаат за асистенција Горан Мисовски, Љупчо Николовски и неколкумина други, да ги турнат од фотеља на патос Вељановски, и како во “светлите“ примери на Јужно Корејскиот парламент да заседнат на столчето на Председавачот. Да биде таму веднаш ставен нивниот најстар пратеник и веднаш да се преминело на гласање на нов спикер. Во првиот налет тоа требал да биде Олиевр Спасовски, а за некоја недела ДУИ да седне на тоа место.

Целото сценарио било предвидено да трае 10-тина минути. Да го претрка народот што стои пред Собранието. Да нема можност за било каква акција. За време на куражењето на своите пратеници денеска на “Тиранците“ им било кажувано дека пред Собрание нема повеќе од 600-700 луѓе.

Но, благодарејки на неколку свесни пратеници од СДС, ова сценарио е разбрано на време. За збор од ВМРО се јавуваат повеќемина. Излегуваат, и како премината преку Сахара пијат вода па и дебатираат (Трајко Вељановски му вели на Влатко Ѓорчев: “Додека пиете вода ви тече времето“! Овој одговара: “Нека тече“.). И семафорот означува 18.00 часот, па судијата означи крај на денешниот натпревар.

Утре има нов.

Во овие моменти во Собранието на Републка Македонија останати се 20-тина пратеници од коалицијата на ВМРО за да ја чуваат зградата. Да се осигураат дека сите од “Тиранците“ ќе го напуштат Собранието и дека нема да направат преврат на полноќ.
ВМРО и Коалицијат во моментов се на “мртва стража“ во Законодавниот Дом.

Инаку, на влезот за пратеници од кај домот на АРМ има повеќе ТВ екипи од Соросовите телевизии. Им било кажано околу 16.00 часот да бидат тука оти ќе имало ексклузива и радосна вест.

Толку.

Велиновска: Нарачителите ќе одговараат во САД, а контракторите во Македонија (ВИДЕО)

На чело на целата организација или кровна конструкција на ОТ е организацијата УСАИД која функционира на територијата на Република Македонија и која се финансира освен од структурите на Сорос и од буџетските средства на САД.  Васко Ефтов во својата емисија исткна и дека главната оперативна алатка на УСАИД е организацијата ОТИ која всушност е оперативната сила на целата таа структура и ако УСАИД се бави со одредени хуманитарни форми на делување на територијата на Република Македонија, тогаш стуктурата на ОТИ функционира за брзи политички промени или брзи политички транзиции. Истата оваа организацијата дели мали грантови од 50 до 100 илјади американски долари, може и флексибилно да делува и всушност ги координира сите тие активности за промена на политичката клима и политичките структури во Република Македонија, рече Ефтов.

-Групацијата ОТИ има два свои контрактори едниот контрактор е структурата на Аеком кој делува во Македонија и вториот контрактор е Ест Вест институтот кој се формира во Република Македонија, а во неговото формирање учествува младинскиот националниот совет на Република Македонија, невладината организација Адин на господинот Алберт Муслиу, фондацијата Сорос и структурата на Метаморфозис. На чело на Аеком во Република Македонија е госпоѓата Елизабет Фелпс, а таа на функцијата доаѓа веднаш по годишните одмори и на 15 ноември 2016 година таа побарала сертификат на тајност за делување на територијата на Република Македонија и тука се поставува прашањето зошто одредена структура на Аеком која е финансирана од УСАИД во рамки на Република Македонија има потреба за сретификат за тајност за делување? Дали тоа можеби има некаква корелација со политичките кризи и промени кои се случуваа или треба да се случат во Република Македонија, Рече Ефтов.

-Истите госпоѓи Фелпс и Мартинез  присутни се и во 2001-та, бидејќи во политиката нема случајности и сега ти ги гледаш стуктурите фактички и гледаш што они обработуваат, вели Мирка Велиновска.

Таа додава и дека Обама и целата таа екипа која преку Аеком, преку ОТИ и преку сите овие контрактори ќе одговара за велепредавство во Америка и тоа го кажа на последната 90 минутна конференција и готово е тоа, се собира материјал од сегде каде што дејстувале они.

На прашањето ако нарачателите ќе одговараат во Америка како контракторите или извршителите нема да одговараат во Македонија, туку ќе формираат влада, Велиновска во интервјуто на Ефтов вели:

-Нема да формираат влада, туку тие од Америка ќе бидат маринци кои ќе спроведат горе, а овие што се од домашно потекло нашите органи и служби ќе си  ги третираат, потенцираше Велиновска.

Вејн Медсен: Зад аферата „Пуч“ стои најсилната тајна служба на светот?!

Станува збор за активност позната како класичен дезинформациски маневар да се инсинуира голем скандал за владата на премиерот Никола Груевски, зад која може да стои најсилната тајна служба на светот а Заев притоа да дејствува како „бомбаш самоубиец“ на СДСМ, изјави во врска со актуелната афера со масивното прислушување на македонски политичари од власти и од опозицијата што ја обелодени челникот на опозицијата кој за тоа ја обвини власта, во ексклузивното интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ, Вејн Медсен, американски истражувачки новинар кој ја истражува работата на американската Национална агенција за безбедност (NSA), чиј соработник бил, објавува „Макфакс“.

Медсен притоа додава дека „Ова е директно од книгата за упатства на CIA и во моментов се спроведува против аргентинска претседателка Киршнер, челничката на Бразил Дилма Русеф и на чилеанската Мишел Башеле, и сите тие се соочуваат со псевдоскандали подготвени од CIA и од медиумите што таа ги контролира и преку нив оперира“. „Во Македонија, медиумите што се под влијание на Сорос и Радио Слободна Европа се дел од оваа операција“, истакна Медсен.

Поранешниот американски разузнувач во интревјуто за „Гласот на народот“ направи оцена и на американските реакции, за тоа кои и како би биле вмешани евентуалните странски служби кои се споменуваат од самиот почетока на аферата „Пуч.“

„Тие се истите американски сили кои стојат зад изборот на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која ја нарекуваат ’Кралицата на НАТО’, зад уличните прорсти против премиерот Виктор Орбан во Унгарија, и зад дружината Порошенко – Јацењук во Киев. Тоа се Нуланд, Томас Мелија, заменик-асистентот државен секретар во Фондот за демократија, човекови права и труд кој дојде на оваа функција од Фридом Хаус, неоконзервативниот изум со база во Њујорк, Саманта Пауер и Сузан Рајс, кои стојат зад создавањето проблеми од CIA, и во Македонија и на други места во Европа и Евроазија. Директорот на CIA, Џон Бренан, пушти тајни оперативци на многу долг ремен“, вели Медсен.

Поранешниот американски разучнувач ги коментираше и неодамнешните избори во Грција, на коишто победи радикалната левица Сириза која направи коалиција со крајната десница Независни Грци. „Новиот министер за надворешни работи на Грција е поранешен просоветски комунист кој го поддржуваше генералот Војчех Јарузелски против Лех Валенса во Полска. Ова го иритираше челникот на ЕУ, Доналд Таск, таканаречен нео-војник од периодот на Студената војна од полското движење Солидарност финансирано од CIA. Иако грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис си игра ’валцер’ со европските банкари, односите меѓу Грција и структурите на ЕУ се на многу ниско ниво. Се надевам, дека грчката влада нема да биде водена од нејзините ксенофобични коалициони партнери, партијата Независни Грци, и ќе го запаметат денот кога имаше солидарност меѓу вистинските грчки социјалисти и социјалистичка Југославија, и дека ќе постигнат договор за името на Македонија, како и дека ќе го остават на страна грчкиот национализам во полза на анти-банкарската солидарност“, вели.

Медсен не го изостави од својот видокруг и телефонскиот разговор меѓу премиерите Груевски и Ципрас, и вели „Секој кој ќе биде означен како пријател на Путин ќе биде нападнат од ’кучиња на војната’ – Сорос/ЦИА/НАТО. Ништо поразлично не е и за Груевски. Со исклучок на Грција, Македонија е опкружена од про ЕУ/НАТО земји, вклучувајќи ја неверојатно и српската влада. Има смисла Груевски да направи конкордат со Ципрас и неговите министри од Сириза“, истакнува Американецот.

Запрашан од водителот за тоа кој би бил неговиот совет за македеонскиот народ „кој бара мир, економски развој, сувернитет, право да го избере името на земјата и крај на вештачки наметнатата изолација“, Медсен со одговор дека „Советот би бил – да не прифаќа ’спогодби’ со Нуланд и нејзините ’ционистички кланови’. Тие носат само неволја каде и да одат како што сведочи и Украина. Македонија треба да се спогодува директно со Грција без надворешни ’медијации’ од Вашингтон, Брисел или Берлин.

„Американската ’Кралица на погачата’ Викторија Нуланд, помошник државен секретар за европски и евроазиски работи, беше во центарот на обидот за државен удар ’обоена револуција’ против владата на македонскиот премиер Никола Груевски. Нуланд и нејината ’погача’ како потпис понудени на протестантите на киевскиот плоштад Мејдан кои на крајот ја отфрлија украинската влада на претседателот Виктор Јанукович се сведок на длабоката вмешаност на Америка во неуставните владини промени во источна и централна Европа. За да се одржи во чекор со моделот на ’обоените револуции’ на Џорџ Сорос/Џин Шарп, украинскиот пуч може да се нарече ’револуција погача’“, вели натаму соговорникот.

Тој вели дека „во Македонија, Нуланд и нејзините заговорници имаат направено многу одвратен вид на обид за државен удар, таков кој врз сегашната влада е спроведен сп прислушување на видовите комуникација на кои американската NSA ја изложува Македонија и остатокот од Европа на дневна основа“.

„Овојпат, Нуланд е во соработка со дел од македонското разузнавање во заговор со лидерот на опозицијата, Зоран Заев од поддржаната од Сорос – СДСМ, и неговата заменичка Радмила Шеќеринска, да предизвикаат ткн ’обоена револуција’ против владата на десноцентрираната ВМРО-ДПМНЕ на Груевски. Груевски, за разлика од многу американски инсталирани и инфлуенцирани влади во регионот, не беше подготвен да воведе санкции против Русија поради Украина. Тоа гледиште го предизвика за владата во Скопје непријателството на администрацијата на Обама и најзабележително на Нуланд, чиј сопруг Роберт Кејган ги води неоконзервативните воено настроени јастреби кои помагаат да се направат воените линии на сенаторите како Џон МекКејн и Линдзи Грахам“, оценува Медсен.

Како одговор на обвинувањето на Заев дека Груевски прислушкувал повеќе до 20 илјади македонски граѓани, вклучувајќи ги и телефонските повици меѓу Заев и неговата ќерка, Владата обвини дека Заев и неговите соработници, соработувале со странски разузнавачки служби, за соборување на владата на Груевски. На Заев му беше наредено да го предаде својот пасош поради можно бегство од земјата. Другите, покрај Заев, коишто беа обвинети за соработување со странска разузнавачка служба за соборување на владата се Соња Верушевска и Бранко Палифров, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (ДБК), Зоран Верушевски. Груевски го обвини Заев дека се заканил деча ќе објави чувствителни информации за неговата влада кои на СДСМ му ги дала наводно странска разузнавачка служба, во македонската јавности и медиуми препознатливи како „бомби“, доколку не биде формирана ткн техничка влада која ќе ги организира предвремени парламентарни избори, но дотогаш и ќе ја води земјата. Премиерот Груевски го нарече потегот на Заев „притисок со уцена“.

„Вулгарната Нуланд на маргините од Минхенската безбедносна конференција се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и претседателот Ѓорге Иванов за да го изрази своето незадоволство околу обвинувањата на Груевски против нејзиниот ’пријател’ Заев и неговите заговорници од СДСМ. Претходно Нуланд се понуди да биде медијатор на долгата расправа меѓу Грција и Македонија за употребата на името Македонија, кое некои Грци го сметаат за грчки ексклузивитет. Македонските набљудувачи ги видоа интересот на Нуланд околу расправата за името како стапица што ќе и’ овозможи на проамериканската влада, заедно со ционистичките и глобалните банкарски багажи што доаѓаат од таквите ’обоени’ државни удари, да ја зграпчат власта во Скопје, слично на тоа што се случи во Киев во почетокот на 2014 година“, вели Медсен.

Потсети притоа дека македонската полиција, во рацијата спроведена во Скопје и во Велес, заплени пет преносни компјутери, три статични компјутера, 19 мобилни телефони, 100 ЦД-еа и ДВД, 17 хард-диска и дури девет штедни книшки на припадници на чувствителните сектори во безбедносните органи.

„Употребата на социјалните медиуми од заговорниците на државниот удар не треба да нé изненади. Социјалните медиуми беа во самата суштина на ткн обоени револуции спонзорирани од CIA и Сорос, и тоа двапати во Украина (Портокаловата револуција и Евро-Мејдан востанието), Револуцијата на јасмините (Тунис), Лотосовата револуција (Египет), Розовата револуција (Грузија), Револуцијата на лалињата (Киргистан) и Зелената револуција (Иран). Во случајот на Македонија, постојат јасни индикации дека заменикот помошник државен секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд (ДРЛ) Томас Мелија, одговорен за работата на ова биро во Европа, вклучувајќи ги и Русија и Средниот исток и северна Африка, заговарале директно со Заев за да направат државен удар против владата на Груевски“, смета Медсен.

За Мелија, соговорникот истакнува дека е поранешен директор на Фридом Хаус, којашто ја смета за неоконзервативна група од периодот на Студената војна на американските военствени јастреби со седиште во Њујорк. „И покрај тоа што е формирана во 1941 година од такви прогресивци како што се Еленор Рузвелт, Ралф Банч, новинарката Дороти Томсон, новелистот Рекс Стут, и републиканскиот претседатески кандидат Вендел Вилки ,к ој ќе биде сметан од денешниве републиканци на САД како дијаметрално спротивно насочен либерал, Фридом Хаус стана неоконзервативен озборувачки извор што како членови на одборот во последните години има вработено јастреби како Пол Волфовиц, Кен Аделмен, Збигњев Бжежински, Доналд Рамсфелд и Ото Рајх. Фридом Хаус беше фатена на дело како ги канализира парите на CIA до опозициски групи во Иран, Судан, Русија и Кина. Во основа, Фридом Хаус, како и невладините на Сорос, служат како спроведувач на поддршката на CIA за бунтовничките опозициски сили во 12-ина земји во светот, земји во кои сега е вклучена Македонија, како и Унгарија, Венецуела, Сирија, Египет, Србија, Јордан, Мексико и Куба“, рече во разговорот за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце, Вејн Медсен, американски аналитичар и поранешен разузнавач.

Ќе се спаси ли Заев од одговорност за Пуч после аболицијата на Јанева?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и претседателот на Советот на јавни обивнители Петар Аневски следната недела ќе ја договараат динамиката за „Пуч”

Јанева и Аневски имаа кратка средба во врска со преземањето на списите и документацијата од предметот „Пуч” од страна на Советот.

Аневски по завршувањето на средбата рече дека со Јанева разговарале околу динамиката за преземање на предметот.

-Се договоривме следната недела, петмина обвинители од СЈО да имаат средба заедно со членовите на Советот на јавни обвинители и да се договорат како ќе оди постапката, вели Аневски.

Аневски појасни дека со ова сакаат да ги утврдат прицините поради кои СЈО донесе одлука да се откаже од предметот и да го повлече обвинението.

Јанева, не сакаше да даде изјава.

Пет обвинители ќе образложуваат зошто СЈО се откажа од случајот „Пуч“

По претставка од МВР Советот на јавни обвинители во јануари побара од СЈО да ги образложи причините зошто се откажува од „Пуч“

Заврши средбата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, која траеше околу половина час. На средбата се договарала динамиката со која Јанева ќе го достави и ќе го образложи предметот „Пуч“ и нивната одлука за откажување од обвинението.

Иницијатор на денешната средба беше Катица Јанева. Денеска се договоривме следната недела, петмината обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да имаат средба заедно со членовите на Советот на јавни обвинители и да се договорат како ќе оди постапката, истакна Аневски.

Јанева не даде изјава, само кусо рече дека повеќе детали ќе бидат соопштени на состанокот или по средбата со Советот следната недела.

По претставка од МВР, Советот на јавни обвинители во јануари побара од СЈО да ги образложи причините зошто се откажува од „Пуч“.