Груевски: Сè додека постоиме, ќе работиме за подобра сегашност и иднина, за подобро утре и напредок

Неколку дена не делат до гласање и до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Ова не се само обични локални избори, вашата одлука овој пат е многу важна. Не е само уште една обична одлука, ова е одлука за тоа каква иднина ќе градиме за вас, вашите деца, заедничката држава. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и народот, силата произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата земја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг одржан во Велес.

-Нашата задача се создавање дела, нудење на решенија наместо празни зборови. Затоа создаваме и никогаш не се откажува затоа што патот мора да се изоди, идејата мора да се живее. Секој чекор направен остава трага, се додека постоиме ќе работиме за подобра сегашност и иднина, за подобро утре и за напредок. Нашите срца чукаат заедно со срцата на илјадници граѓани кои знаат дека може подобро и поинаку. Не се гази нешто што е со труд создадено. Не се негира нешто што е со жртва добиено, не се урива тоа што е со мака изградено. Работевме напорно за заслужена награда и субвенции за земјоделците за нивниот труд, младите да добија подобро образование со намалена партиципација, за пензионерите да живеат поспокојни и посреќни пензионерски денови и да имаат повисоки пензии. Работевме напорно за поквалитетно и подостапно здравство, работевме напорно луѓето да добијат работа, секојдневно се боревме за посилна економија, повисок стандард и подобар живот за сите во Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека она што се случи во последните пет месеци во Македонија, како што рече, е вистинско помрачување кое длабоко навлегува во секој сегмент.

-Имаме преполовени капитални инвестиции. Индустрија која оди надоле, градежништво кое тоне. Странски инвеститори кои размислуваат да си заминат, а нови не доаѓаат. Извоз кој опаѓа, девизни резерви кои секој ден се повеќе се топат, само во последните ќетири месеци се намалени за 180 милиони евра. Просечни плати кои наместо да растат, како што ветуваа, се намалуваат. Пензии чие зголемување е укинато, субвенции за земјоделци за кои не само што не се зголемија за 10 отсто како што ветуваа, туку постизбори им најавија дека од догодина ако придосот е помал на земјоделецот и субвенциите ќе ги изгубат. Трошоци за живот и цени на производи кои секојдневно растат.Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Ветуваа евтина струја, а никаде ја нема, лицемерие, вели Груевски.

Тој ги повика граѓаните да се ослободат од помрачувањето и да ја пуштат светлината во Македонија на 15-ти октомври.

-Со сечиј живот доаѓа време на темнина, но и време на носење одлуки, одлуки со заедништво, храброст и љубов. Со љубов да се победи помрачувањето во сечиј живот. Доаѓа време кога внатрешната светлина се буди, светлина која ја има во секој од нас и која секогаш го победувала мракот. И овој пат ќе го победи. 15-ти е моментот кога треба да почне светлината. Тие повикуваат дека 15-ти е крајот. Јас ќе им порачам дека 15 октомври е почетокот на новата ера, на новиот напредок на доаѓањето на светлината во Македонија, нагласи Груевски.

СКАНДАЛОЗНА ПАРТИЗАЦИЈА: Работат во СДСМ, а земаат плата од МВР

Ветуваа подобри услови, повисоки плати, непартиска и професионална администрација, а во пракса состојбата е многу поинаква. Владејачката СДСМ секојдневно покажува дека „деклративните„ заложби за професионална и непартизирана полиција паѓаат во вода.

Последен во редот вакви пример е советникот и висок функционер на СДСМ од општина Струга Даме Ложанкоски, кој од пред неколку дена е вработен како советник на Министерот за внатрешни работи. Работното место на Ложанкоски е Генерален советник за правни работи во Кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Dame-Lozankoski

Вработувањето на Ложанкоски е спорно од неколку причини: Прво, согласно со законот за внатрешни работи лице кое е вработено во министерството за внатрешни работи не смее да извршува партиска позиција или да биде член на било која партија, но и покрај тоа на фејсбук профилот на Ложанкоски јавно е напишано дека истиот е вработен во партискиот штаб на СДСМ и второ и најинтересно е што во Министерството за внатрешни работи каде што треба да ги обавува своите работни обврски ниту некој го видел или пак некој слушнал за ваков колега и покрај тоа што истиот прима плата и се води на списокот на вработени во МВР.

Според медиумите Ложанкоски до сега извршувал неколку високи партиски функции: Претседател на младина во Струга, секретар на СДСМ – Струга и Претседател на СДСМ Струга.

Од тука се напетнуват низа прашања: Дали МВР ја плаќа партиската администрација на СДСМ? Како е возможно вработен во МВР јавно да објави дека работи во СДСМ? Дали ова е непартиската администрација за која се залагаше СДСМ? Дали е чесно и совесно да земаш плата од државата е да извршуваш партиски функции?

Со ова уште еднаш се потврдува факттот дека СДСМ секојдневно врши партизација и политизација на администрација. Денешниот пример е уште еден доказ за тоа. Доказ за грубо кршење на законите и непочитување на постапките и процедурите. И најлошо од се е што токму такви лица кои го кршат законот треба да го советуваат министерот за внатрешни работи за правни работи.

За да биде трагедијата уште поголема токму лица кои што секојдневно се во штабовите на СДСМ се товар за буџетот и ја чинат државата повеќе од 60 илјади денари. Тоа е истиот оној буџет во кој што нема пари за покачување на платата на вработените во МВР и буџет за кој што Спасовски во неколку наврати лажно обвинуваше дека незаконски се трошел.

Од ВМРО ДПМНЕ во неколку наврати апелираа за брутална партизација на администрацијата и го повикаа меѓународниот фактор во државата да се спротивствави на секојдневното кршење на законите.

ШАМАРАЊЕ ОД СИТЕ СТРАНИ: По Европа, Катица и СЈО ги разлупаа и во Америка

Политичките испади на СЈО и Катица Јанева се потешко се прикриваат и покриваат. Д хил, највлијателен весник на политичкиот естаблишмент во Америка објави критична колумна за работата на СЈО со наслов „Треба и да го практикуваш тоа што го проповедаш“.

Авторот Адам Ерели пишува дека Јанева ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце

SJO-pres

Кога специјален обвинител се повикува да спроведе целосна законска промена во системот на една земја, од него се очекува дека ќе постапува според вредностите, кои секојдневно ги застапува во судовите. За жал, овие очекувања не се реализираат во случајот со специјалниот јавен обвинител во Македонија, Катица Јанева, пишува на блогот на весникот „Д хил“ поранешниот амбасадор на САД во Кралството Бахреин и заменик-портпарол на Стејт департментот Адам Ерели.

– За Г-ѓа Јанева, да се биде независен обвинител значи да се отпуштат двајца заменици обвинители, кои, наводно, одбиле да ја следат нејзината политичка волја. Тоа претставува закана за граѓаните на Република Македонија или, според локалните извештаи, тоа значи дека таа се обидува да ги поткупи во давање лажни изјави за други официјални претставници. Уште повеќе, таа вработува свои роднини со аргумент дека со тоа го зајакнува нејзиниот тим, што значи дека владата исплаќа плати на членовите на нејзиното семејство. Наместо да постапува според закон Јанева ја претставува корупцијата против која би требало да се бори, пишува Ерели.

Катица Јанева, додава Ерели не работи во интерес на народот. Таа не дејствува како независен обвинител, позиција на која е назначена. Наместо тоа, пишува Ерели, таа ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце.

SJO

Непрофесионалноста на Јанева се почесто се критикува и надвор од Македонија. Ова втора критика на некој надвор од нашите граници во однос на СЈО, откако неодамна претседателот на ГРЕКО, независна, стручна институција при Советот на Европа која следи, мери и дава препораки за борба против корупција и организиран криминал, ги осуди методите на работа на Јанева и нејзиниот тим.

– Не можам ниту јас, ниту ГРЕКО да ја оцениме работата на СЈО, ние во одредени ситуации даваме препораки на државите кога гледаме дека постои простор за подобрување, кога станува збор за контакти меѓу обвинителства, судови и медиуми бидејќи знаеме дека тоа е многу важно. Секако дека контактите и прес-конференциите се неопходни во одредени ситуации поради впечатокот за ситуацијата и треба да се води сметка за тоа кога и колку се одржуваат. Јас знам од искуство, барем обвинителите, оние со кои јас комуницирам, тие не се пресреќни со јавни настани од две причини. Како прво кога ќе се направи истрагата и се подигне обвинение процесот не е готов, туку само што почнал, зборуваше во интервју за ТВ Нова Марин Мрчела, судија и претседател на ГРЕКО групата на држави за борба против корупцијата во Советот на Европа.

Другата работа, нагласи тој е што истрагата по својата природа, се води во една фаза на постапката и не пред очите на јавноста бидејќи на тој начин може да се сокријат доказите.

-Овде е важна уште една работа, а тоа е пресумпција на невиност. Тоа е како што знаете составен дел на начелото на правичност според конвенцијата и според Уставите на многу држави, како и според Уставот на Македонија и на тие јавни настани треба да се води сметка дека личноста против која е покренато обвинение е невина, додека на суд не се докаже дека е виновна, истакна Мрчела.

Тој додаде дека од овие причини колку повеќе има јавни настани во медиумите на политичарите или на кој било друг каде што се создава впечаток за некоја личност дека е виновна, поголема е можноста таа личност на Европскиот суд за човекови права да го добие случајот поради повреда на пресумпција на невиност.

МНОГУ РАБОТА, МАЛКУ ВРЕМЕ: Можно е да се пролонгира распуштањето на Собранието

Партиите не ја исклучуваат можноста наместо на 12, Собранието да се распушти околу 20 октомври. Со тоа нема да бидат нарушени роковите бидејќи и онака за предвремени избори тие се скратени

Пратениците во Собранието ќе имаат многу работа пред распуштањето за изборите на 11 декември. За помалку од две недели треба да се донесат измени на неколку  закони, како и буџетот за 2017 година.

Поради тоа, не се исклучува можноста за неколку дена да се пролонгира распуштањето на Собранието за пратениците да имаат доволно време да ги усвојат сите договори од кои некои се дел од партискиот договор за спроведување на изборите.

Партиите не ја исклучуваат можноста наместо на 12, Собранието да се распушти околу 20октомври. Со тоа нема да бидат нарушени роковите бидејќи и онака за предвремени избори тие се скратени. По распуштањето на Собранието на 21 ноември, треба да започне изборната кампања.

Најголем проблем може да претставува донесувањето на буџетот за следната година. Моментално за него се води расправа во Комисијата за финансирање и буџет и помеѓу власта и опозицијата се водат полемики околу тоа дали тој треба да се носи  пред или после изборите.

Пред распуштањето пратениците треба да ги изгласаат измените на изборните единици. Но работата околу ова прашање е запната и работната група која се формира не успеа да постигне заеднички став.

izborni-edinici-makedonija

Партиите не можат да се договорат дали да се направи корекција само на шестата изборна единица, која има повеќе гласачи од дозволеното или, пак, да се преместат гласачи од повеќе изборни единици и на тој начин тие да се изедначат.

Специјалната обвинителка Катица Јанева побара пратениците да изгласаат продолжување на работата на СЈО, продолжување на рокот за истраги и измена на законите за сведоци и приватност, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи во овој собраниски состав.

СЈО ќе го презентира шестмесечниот извештај – Ќе се појави ли конечно Јанева пред пратениците?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Тоа е втор шестмесечен извештај за работните активности на СЈО што треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители.

Првиот извештај на Специјалното јавно обвинителство до Собранието и Советот на јавни обвинители беше поднесен на 15 март, но Јанева не го образложи извештајот пред пратениците и пред Советот, па седниците беа одложувани неколку пати.

Прашање е дали овој пат специјалната обвинителка Катица Јанева ќе се појави пред пратениците и пред нејзините колеги во Советот за да го образложи извештајот, откако одби да го направи тоа со првиот извештај во март.

Според Законот за Специјално јавно обвинителство, СЈО е обврзано на секои шест месеци да дава отчет пред Собранието и Советот на јавни обвинители.

– Јавниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите, односно нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од јавниот обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали што според јавниот обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодветни информации за да ги оправда трошоците, е наведено во Законот.

СЈО откако беше формирано за една година отвори пет истраги: „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Транспортер“.

Специјалното јавно обвинителство за поведените предистражни и истражни постапки досега нема поднесено ниту едно обвинение.

За неколку месеци ќе се вратат на работа сите 1.000 рудари – рударите задоволни од новите инвестиции и зголемените плати

Директорот на „Минстрој“, Николај Валканов посочи дека се отпочнува со инвестициски циклус од 20 милиони евра во рудниците „Злетово“ и „Тораница“, а најави дека на работа ќе се вртат сите 1.000 рудари кои останаа без работа со стечајот на рудниците.

-Сега има веќе 300 вработени во двата рудници, во текот на неколку месеци ќе станат 1000 вработени, а во ноември декември овде ќе биде полно со вработени и со руда, изјави директорот на Минстрој Николај Валканов.

Драган Димитриев, вработен во рудникот „Злетово“ изрази задоволство од брзото рестартирање на рудникот и ангажманот на владините институции.

-Голема благодарност до институциите пред се на премиерот и неговиот тим што рестартирањето и одбивањето на дозвола за работа се случи во многу краток период. Донесена е нова механизација, набавени се репроматеријали и  санации на окната, како и санација на бункерите на руда. Се очекува на овој начин и понатамошно зголемување на платите, а сега се зголемени и изнесуваат колку просечните нето плати во Македонија, изјави Драган Димитриев вработен во рудникот Злетово.

Рударот Савчо Нанев го изрази задоволство од новите услови за работа.

-Сега тие што се враќаат имаат зголемени плати и има нови материјали и опрема, изјави Нанев.

-Почнавме пред еден месец, се надеваме дека ќе оди во подобро. Газдата вложува во репроматеријали и сме задоволни, изјави вработен рудар во рудникот Злетово.

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека како политичка гарнитура се насочени и сконцентрирани кон економијата, а рударството е еден од тие делови.

-Пред неколку дена почна да се отвора нов рудник кој за една година ќе биде целосно во функција. Веќе следната година започнува да се гради рудникот Иловица, а дадени се концесии за уште многу рудници каде што се вршат истражувања, така што ќе има уште многу места каде што ќе се отвораат рудници и каде што ќе се отвораат нови работни места, вели Груевски.

Кога станува збор за рудниците, покрај директните многу се важни и индиректните вработувања.

-Се радувам затоа што напори кои што ги започнав уште како премиер и кои што подоцна продолжија, дадоа резултати и во Пробиштип повторно се враќа рудникот и рударите се враќаат на работа, вели Груевски.

Отсега ќе можете да работите во Норвешка, Шведска и Германија со македонски пасош

Од сега и Македонците без Бугарски пасош ќе можат да работат во некои земји на Европската унија, како Норвешка, Шведска и Германија.

Со посета на сајтот, ec.europa.eu/eures, можете да најдете вработување на еден од огласите кои се објавени.

За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.

Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор.

www.jobboerse.arbeitsagentur.de Ова е веб страната за работа во Германија.

Арсовска Томовска: Од следниот месец нови реформи во работата на јавната администрација

Со новиот Закон за општа управна постапка, што треба да стапи во сила од почетокот на следниот месец, ќе има нова реформа во работните процесите на јавната администрација во Македонија, изјави министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска  при денешната посета на општина Велес.

Како што појасни  Арсовска Томовска, со новиот Закон се регулира начинот на работата на институциите во однос на обезбедување разни документи коишто им се потребни на граѓаните, а за остварување на нивните права и правни интереси.

– Новиот начин подразбира дека граѓаните за остварување на некое нивно право ќе треба да се обратат до институцијата каде што тоа право треба да го добијат, меѓутоа при тоа нема да обезбедуваат докази и документи коишто се барани во постапката ,а во нивно име таа работа на размена на документи  ќе ја направат меѓусебе институциите. Граѓаните ќе се обратат со барање, а институциите за оние документи што ги имаат, ќе ги приложат, појасни министерката Арсовска Томовска.

Притоа,  додаде, граѓаните и компаниите ќе треба да достават само документи од лична природа, а кои институциите не ги поседуваат.

– Со ова граѓаните ќе заштедат и време и пари  и ќе немаат потреба да одат од шалтер на шалтер, рече Арсовска Томовска.

Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев информира дека општинската администрација се подготвува за примената на новиот закон десетина месеци  и оти веќе имаат пракса со електронско издавање дозволи.

– Ние сме подготвени се’ она што ќе се бара од локалната самоуправа вклучувајќи ги тука и училиштата токму затоа денеска се тука и директорите на сите институции кои се под локална самоуправа на средба со министерката, а  со цел да ги запознаеме за овој процес и максимално да се вклучиме во она што треба да го работиме, а што и досега сме го работеле, потенцира Чадиев.

Димитриев: Рестартирањето на Злетово и Тораница можно за два месеца

Рестартот на рудниците Злетово и Тораница може да се очекува после еден до два месеци доколку подготовките за тоа се одвиваат со предвидената динамика. Расчистени се хипотеките, а во тек е продажба на имотот неопходна за рестартирање на рудниците.

Како што информираше премиерот Емил Димитриев, одговарајќи на пратеничко прашање, целата постапка околу избор на нов концесионер на рудниците е завршена и компанијата Минстрој ги презема рудниците нешто што, како што рече, следело после прогласување на стечајна постапка и одење во стечај на рудниците како резултат на лошто работење од претходниот сосптвеник.

– Во моментов тече фазата на продажба на имотот неопходна за рестарт на руднците бидејќи една работа е доделување на концесија на минералните суровини, а другиот процес е стекнување право на сопственост на имотот. Во изминатиот период доста време се потроши на расчситување со хипотеки поставени на имотот од страна на претходниот сопственик, значи во една судска постапка беа рачистени сите хипотеки. На тоа се жалеше претходниот сопственик, но повисоки инстанци во судството ги потврдија првичните одлуки. По расчистувањето на сите хипотеки врз имотот се пристапи на постапка за негова продажба, рече Димитриев.

Очекува дека во првата недела од јули да се одржи собрание на доверители што ќе одлучува дали понудената сума е прифатлива, а ако се донесе одлука дека таа е прифатлива потоа би следело рестартирањето.

– Тоа би било некоја идеална динамика, средина на месец јули за Злетово, а малку подоцна за Тораница бидејќи има одредени проблеми во делот на експлоатација на рудата. Значи месец до два дена би траело тоа отстранувањето на таа пречка и Тораница би профункционирала во  полн капацитет. Значи се работи за едно важно прашање за граѓаните од Источна Македонија, за граѓаните од Пробиштип и Крива Паланка, истакна премиерот Димитриев.

Верувам, рече тој, дека како што оди процесот, етапа по етапа согласно сите законски процедури ќе дојдеме до моментот за рестарт, повторно враќање на близу илјада вработени од овој крај.

– Се  надевам и очекувам инвеститорот да си стои на зборот во делот на покачување на платите на вработените, во делот на набавката на нова опрема, во делот на инвестициите за нови рудни наоѓалишта. Сметам дека ако стојат на зборот ова би значело нова епоха за овие два рудника и една нова перспектива за овие два града во источна Македонија, бидејќи веќе подолго време трае овој процес на превземање на рудникот од еден на друг сопственик и се чувствува на стандардот на жителите на овие градови, рече премиерот Димитриев.

Груевски објави 5 нови инвестиции

Во обраќањето на 25-тата годишна конференција на УМС, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави пет нови инвестиции

-Пред некој ден Христијан Делев, заменик министерот за економија, ме информираше дека меѓународниот конзорциум Евромакс ресурс која ја има концесијата за рудникот Иловица, која во минатиот период вршеше испитувања на теренот не само што донесе конечна одлука туку обезбеди и финасирање и ги завршува подготвитетелните работи за огромна инвестиција за самиот рудник од некаде половина милијарда евра во повеќе години.  За таа цел тие добија известување, односно потврда, гаранција за кредитирање од германската влада во вкупна вредност од 240 милиони долари за започнување на инвестицијата и работа на рудникот Иловица, Општина Босилово. Со градба ќе се почне во периодот септември-октомври оваа гoдина, а градбата ќе трае година и половина, по што ќе почне експлатација на рудата, злато и бакар. Нивниот план е при градежните работи да бидат ангажирани околу 1000 градежни работници, а во фаза на експлатација над 600 рудари, и други вработени. Ова ќе биде значителна инекција особено за југоисточниот дел на Македонија и значително ќе придонесе за зајакнување на извозот, но и развој на рударската дејност. Овој огромен рудник за злато и бакар ќе биде нов мотор не само на економијата во струмичкиот и регионот на југоисточна Макеоднија, туку и нов мотор на македонската економија. На компанијата сопственик Владата повеќе години и помага максимално, со сите сили и можности за да успее, и тие се многу задоволни од тоа. Затоа меѓудругото и се решија на една ваква крупна инвестиција.

Бил Павлески, министерот за инвестиции кој од Хјулит Пакард од Бостон дојде во Македонија на моја покана, ме информираше дека една западно европска компанија чиј што сопственик е со потекло од Македонија донесе одлука да инвестира во современ производствен погон што би ја обслужувал металуршката индустрија. Инвестицијата би била во Охридско, за што инвеститорот ќе инвестира над 2 милиони евра и ќе креира најмалку 100 нови работни места во првиот период, што ќе значи решение за 100 семејства од Охрид кои сега имаат егзистенционални проблеми. Доколку тече според планираното, почетокот на инвестицијата би бил во текот на есента а до крајот на оваа година би финиширал по што ќе се стартува со производство. Ќе се занимава со преработка на руда.

Виктор Мизо,  кој исто така од Њујорк на моја покана дојде да помогне во Македонија, неодамна ме информираше дека во текот на јули, следниот месец, италијанската компанија Технокозе ќе отпочне со градба на својот трет погон, односно трета фаза, трета фабрика, на нови 5 илјади м2 во зоната Бунарџик при што ќе отвори нови работни места. Инвестирање на трета фабрика од страна на уште една компанија е уште една потврда за добрата бизнис клима, и одличната соработка на бизнис тимот на владата со странските инвестотори. Инаку, да потсетам, претходно  во месец февруари годинава,  почна со работа нивната втората фабрика. Новоизградениот објект е со површина од 12.000 м2 и овозможи компанијата за три пати да го зголеми капацитетот на своето производство, односно од сегашните 5 милиони евра да произведува и извезува производи во вредност од 15 милиони евра.

Советникот за инвестиции Алек Никовски ме информираше дека Германската компанија Кеслер како што најавив минатата година, веќе отвори технолошко развоен и истражувачки центар во Македонија, и веќе првите машински и електро инжињери од Македонија ги испрати на обука во Германија,од чии квалитет, мотивираност и посветеност се многу задоволни, и сега побрзо од планираното, не известија дека планираат со почеток на втората фаза на проектот, а тоа е отворање на производствен погон,  фабрика за производство на технолошки производи од електромашинската индустрија. Ќе започнат со работа во веќе постоечки погон, а од септември ќе започнат градба на свој објект во ТИРЗ Скопје 1, а производството би стартувало кон крајот на првата половина од наредната година. Ќе започнат со 50 тина вработувања, а потоа сигурно ќе расте овој број.

Кеслер е меѓу првите странски инвеститори од електромашинската индустрија во Македонија. Има 90 годишна традиција во производство на опрема и алати за машинско моделирање, брусење, електромотори, ЦНЦ машини, сензори и слично.

Ивана Николиќ, заменик директорот на агенцијата за привлекување на странски инвестиции, деновиве ме информираше дека германска компанија од областа на информатичката технологија донесе интерна одлука да инвестира во Скопје, во капацитет за развој на софтвер при што планираат тоа да прерасне во нивен регионален центар. Инвестицијата ќе донесе 100 нови вработувања за што ќе вложат 2.6 милиони евра за три години.Потоа, бројот на вработувања ќе расте. До крајот на летото се планира официјализирање на оваа инвестиција и почеток на нејзина реализација.Компанијата веќе изнајми деловен простор во Центарот на Скопје и почнаа со првичните регрутации на кадри.

Вакви инвестиции и новости продолжуваат и ќе продолжат, и покрај сите опструкции и креирања на кризи, продолжувања на кризи, од страна на СДСМ, и покрај сите нивни напори да ја оцрнат државата и нас насекаде низ Европа и светот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ не е во власта за да и помине времето, туку работи за народот и за државата, работи на решавањето на најгорливите проблеми на граѓаните, а прв меѓу сите е невработеноста, која најмногу ги засега токму младите.

Ете, затоа УМС на ВМРО-ДПМНЕ расте има како никогаш во минатото 55 илјади членови, а ВМРО-ДПМНЕ, и покрај сите обиди да не прикажат во најцрно светло, има рекордни 170 илјади членови, и најголема подршка од гласачите во Макеоднија. Ете затоа за УМС велиме: Млади што знаат да направат разлика. Разлика помеѓу некој кој со огромна работа и со сите сили и капацитети влечи напред, и оној кој со многу интриги, лаги, манипулации, влече назад – посочи Груевски пред партискиот подмладок.