Душко Млекарот: Претседателе, кажете како ме праќавте по телевизии за да зборам, а сега се правите шерифи (ФОТО)

Големо незадоволство од работата на Владата на СДСМ изразуваат и луге кои беа најмногу користење во кампањата на оваа партија во минативе години. Душан Илиевски, познат како Душко млекарот, повторно со големи критики за однесувањето на лугето од владеачката партија. Незадоволство и разочараност од работата на новата Влада покажуваат најголем дел од граѓаните, кои коментираат дека како новата власт да ги заборавила зборовите и ветувањата кои ги дала пред изборите.

Душко млекарот преку Фејсбук испрати порака до пратеникот Васко Ковачевски, кој е од Битола. Тој во пораката вели дека ја сака СДСМ и дека ќе остане СДСМ, но тој вели дека сегашното раководство на партијата, гледа само да профитира од партијата и да го наполни својот џеб.

Во друг пост на Фејсбук Илиевски освен Ковачевкси го напаѓа и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, тој им порача дека и на двајцата кариерата ќе им заврши исто како и на Менде Диневски од Битола. Тој го прашува дали се сеќава на заедничкиот прес кој го држеле пред Министерството за внатрешни работи и вели дека тие сега се однесуваат како шерифи во партијата.

Тој на Фејсбук напиша и дека Васко Ковачевкси кажувал да не се фотографира на средба со бизнисмени, бидејќи тие не сакале да бидат фотографирани. Тој во постот вели дека бизнисмените не можело, а обичниот народ како него може да биде фотографиран за ТВ маркетинг од страна на СДСМ.

Тој објави и фотографија каде што вели дека потпретседателката на СДСМ и министерка на внатрешни работа, Радмила Шекеринска барале да бидат исклучени телефоните на средба со граѓани, за да не снимале.

Незадоволството од работата и односот на Владата на СДСМ покажуваат најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија, а голем е делот и на оние нивни членови и силни подрржувачи кои силно ја критикуваат работата на новата Владата.

Граѓаните велат дека СДСМ не исполнува ништо од ветувањата, место 500 евра просечна плата, откако е СДСМ на власт просечната плата паѓа, пензионерите нема веќе да го имаат покачувањето на пензиите, земјоделците ќе останат без субвенциите. Граѓаните се чувствуваат прелажани од новата власт, за која што како што велат, гледа само да го наполни својот џеб, според нив животот дојде само на лугето блиски до раководството на СДСМ.

Фирмите се борат за опстанок, бизнисмените пред колапс – големо е разочарувањето од 100 дена влада!

Стартот на новата влада не ги даде очекуваните резултати кај бизнисмените, а фирмите се борат за опстанок. Економијата е се поблиску до рецесија велат од комората на северозападна Македонија. Тоа го покажуваат и бројките. Во вториот квартал од годинава БДП бележи негативен раст, а регистриран е и нов пад на прометот во индустријата. Странските инвестиции се преполовени.  Бараат државата да донесе конкретна стратегија и мерки   кои ќе генерираат повисоки стапки на раст, зголемена конкуретност на домашните фирми, извоз и ќе отворат  нови работни места.

– Потребни се конкретни мерки за развој на домашнотот производство, за зголемен извоз, а со тоа ќе се отворат и нови работни места и дирекно ќе се влијае на стапката на невработеност. Потребна е стратегија на долг рок која ќе помогне за повисок економски раст и тоа од 5 проценти годишно повисоки минимална и просечна плата кај работниците – смета Неби Хоџа- претседател на комора на северозападна Македонија

Проценките на комората се дека Македонија годинава ќе ја заокружи со раст на економијата не поголем  од еден процент.

-СДС и Заев ја водат Македонија кон економски крах и ја туркаат државата во банкрот. Во овие 100 дена од владеењето на СДС, се забележува пад на индексот на промет во индустријата. Во јули годинава во однос на јули лани, на домашниот пазар се бележи опаѓање од 3% односно 2.5% на странски пазари- оценува и ВМРО-ДПМНЕ.

-За прв пат се бележи  пад на просечната плата за 0.7%.Откако СДС e на власт за прв пат после долго време имаме пад на индустриското производство за 2,2%.Огромен е падот и на градежништвото за месец јуни од дури 25 %.Расипничката влада на СДС, поради катастрофалните економски политики кои ги води во изминатиот период, успеа да ја повлече економијата во надолна линија.Неодговорната влада на СДС, за само 100 дена владеење расипнички потроши над 350 милиони евра што по основ на аукции на државни хартии од вредност, што по основ на трошење на девизните резерви. Од граѓанските  пари не се реализираше ниту еден проект.

СДС и Заев  потрошија точно 57.470.439 евра на стоки и услуги. На сметка на граѓаните, преку тендери црпат пари од државната каса за семејните фирми, вработуваат партиски пријатели и купуваат скап мебел за своите кабинети. Овие расипнички потрошени пари на луксузирања ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Како се приближува периодот за локалните избори, така СДС драматично се задолжува.

Владата на Заев, во вторник најави ново задолжување за 60 милиони евра, каде долгот на граѓаните ќе се искачи на 280 милиони евра. Ваквото забрзано задолжување предизвикува сомнеж кај граѓаните дека СДС ќе троши пари за поткуп на гласови и корумпирани избори.

Се повикуваат надлежните институции и ДИК како дел од изборниот процес, да внимаваат и да не дозволат СДС  да поткупи гласови.

Ваквото сценарио, во кое Македонија се турка кон банкрот, граѓаните ќе ја казнат. На 15 октомври ќе кажат НЕ за СДС, НЕ за Заев- стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Старото членство во СДСМ врие: „Еден куп шарени на функции, и Нора Шаќири се пикна во Влада, а нас не заборавија“

Старите членови на СДСМ коментираат со револт на социјалните мрежи за вработувањата во владата на Зоран Заев во кои предничат шарените одработувачи за интересите на СДСМ.

Десетици поранешни невладини станаа владини советници и административци, повеќето во т.н. министерство за пропаганда на Роберт Поповски, а последно се дозна дека и Нора Шаќири се вработила во минситерството за култура кај Алаѓозовски. Таму од претходно се сместија Петрит Сараќини Мра од соросовата „Цивил“ и Никола Наумоски од „Паркобрани“.

Револтирани, верните членови на СДСМ кои со години трчаат за партијата гласно коментираат на социјалните мрежи дека се изиграни и дека сите нивни заложби биле попусти, а вработувања на високи функции во влада добиле само најпознатите фаци кои виселе на фејсбук, додека вистинските активисти биле на терен по цели денови за партијата.


 

Конечно го испи кафето со Заев: Нора Шаќири се вработи во Министерството за култура

Нора Шаќири од пред неколку дена е дел од тимот на Роберт Алаѓозовски во Министертвото за култура. Ова доаѓа откако лани Нора Шаќири јавно преку социјалните мрежи побара работа од тогашниот лидер на опозицијата и сегашен премиер, Зоран Заев. (Продолжете со читање ТУКА)

ПАДНАА НА ПРВИОТ ТЕСТ: Владата потфрли во организација, но на Јутјуб потврди дека државата ни е киднапирана!

Новата ненародна и предавничка „влада на амбасадорите“ предводена од пучистот и балист Зоран Заев потфрли и не ја испочитува достојно државата на чиешто чело беше поставена од странскиот фактор и вечерва падна на првиот тест.

Очигледно разочарувањето од дебаклот и катастрофално слабата посетеност на оваа интимна забава на која не присуствуваа ни 500 луѓе ги обесхрабрило и демотивирало организаторите на овој скап настан и едвај чекале да побегнат.

Потврда за ова е што од над 50 луѓе, колку што беше објавено во медиумите дека се нововработени во Владата специјално за ширење на пропаганда, но и надворешните соработници кои беа ангажирани за организирање на оваа прослава, никој не се најде да го исклучи лајф стримингот на официјалниот канал на владата на Јутјуб и истиот продолжи да ја емитува програмата на МРТ 1 и неколку часови по завршувањето на „прославата“, односно како што може да се забележи на „принт скринот“ тоа трае седум и повеќе часови.

Vlada-prenos-NE-ZavisnostНо, она што е интересно на овој „принт скрин“ е тоа што на Јутјуб каналот на владата со наслов „Пренос од прославата по повод Денот на независноста на Република Македонија“ се емитува филм во кој еден човек е киднапиран и измачуван што на некој начин ја симболизира Македонија и ситуацијата во која се наоѓа нашата држава во овие 2-3 години, а особено во 100 дена откако власта беше киднапирана од губитниците на изборите (СДС), кои со помош на странските амбасадори и тајни служби беа „донесени“ на власт за исполнување на странската агенда – продажба, раскрчмување и уништување на Македонија и понижување на македонскиот народ.

Но заборавените, исплашени и разочарани пропагандисти од „амбасадорската влада“ на Заев ни откако го преспале синоќешниот кошмар по дебаклот што им се случи на катастрофалната и непосетена интимна забава, не го исклучиле преносот во живо од МРТ, за што по барање на „WMG“ и „EBU“ преносот на Јутјуб каналот на владата е блокиран поради кршење на авторските права. А она што може да се види од „принт-скринот“ во прилот е дека и покрај масовното споделување на линкот од 50-те нововработени пропагатори регрутирани од Шаррената револуција и Твитер заедницата, како и од партиската машинерија на СДСМ, и покрај маратонскиот пренос кој траеше повеќе од 15 часа, сепак видеото го виделе едвај 1.556 луѓе.

Vlada-blokirana-na-Youtube-copyrights

Инаку, како што објавивме претходно, прославата по повод Денот на независноста за прв пат се организира на платото пред Владата, на малиот простор зад оградата од ковано железо која Заев најави ветуваше дека ќе биде неговиот прв проект како премиер уште пред да влезе во владиниот кабинет.

Владата на СДСМ не се одгради, како што најавуваше, а со органзирањето народна прослава на простор прогоден за мали, интимни забави, се зачаури во својот елитизам. А што е најсимптоматично, никој не кажува колку ќе ги чини македонските граѓани најавениот спектакл на платото пред Владата ниту пак зошто централната прослава на Денот на независноста Владата на СДСМ го организира ден порано.

ИРЕНА РИСТИЌ ЖЕСТОКО ПРОТИВ СДСМ: Јас нема да гласам на локалните избори, нека пропаднат, без нас тие се ништо, не постојат, бојкот

Активистот на т.н. Шарена револуција преку социјалната мрежа Фејсбук повика на бојкот на локалните избори незадоволна од Владата на СДСМ, порачувајќи дека нема да гласа на изборите.

Ние, граѓаните, мора, едноставно мора, да си го дозволиме луксузот да го доживееме комплетниот пад и тоталната мизерија… да останеме без ништо!

Во спротивно, ќе ја одлагаме агонијата и на сопствена штета, само ќе ја префрламе топката на двете подеднакво политички, идејно, системски и кадровски импотентни опции, од нетрпение и недоверба неподдржувајќи нови и креативни, чесни кадровски решенија…

Јас, на пример, нема да гласам на локалните!

Нека пропаднат!

Нека пропаднат, како што пропаднавме јас (у неколку наврати) и многу, многу други слични романтици…

Лека ноќ!

Размислете!

Без нас, они се ништо!

Не постојат!

#Бојкот

Освен како како активист на т.н. Шарена револуција, Ристиќ настапуваше и на митинзите на СДСМ, а беше дел и од проектот „Контра вести“.

Ирена Ристиќ е една од многуте активисти на Шарената револуција, членови и поддржувачи на СДСМ кои не се задоволни од работата на Владата и воопшто нивната партија.

Пред неа се одзваа Душко млекарот, кандидатот за пратеник од САД, Зоран Ивановски, Златко Ориѓански, Маријан Даскаловски но и Општинската организација на СДСМ од Гостивар.

Душко млекарот од СДСМ Битола: Цело Скопје и раководство на СДСМ знае како Александар Кирацовски направи хациенда спроти Епинал и како купи кола

И најголемите поддржувачи на СДСМ разочарани од работата на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Поранешни пратеници и едни од лицата кои беа главни во предизборието за СДСМ, сега жестоко тргнаа против раководството на владеачката партија, обвинувајќи дека се заборавени од нив.

Душан Илиевски, познат како Душко млекарот од Битола, жестоко удри по генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Душко млекарот прашува како Кирацовски со кредит од 30 илјади евра успеал да изгради хациенда и да купи нов автомобил, а пред да стане потпретседател како што пишува Душко на Фејсбук, возел искршен автомобил.

Покрај Душко, по раководството на СДСМ удри и поранешниот канидат за пратеник на сега владеачката партија, Зоран Ивановски, кој ја прозива Шеќеринска и вели дека бил заборавен Душко млекарот и многу ваши кадри. Во фотографијата која Ивановски ја има објавено на Фејсбук, Душко вели дека Шеќеринска во Битола убедувала да се стрпат луѓето до октомври.

Млекарот Илиевски, пред нешто помалку од еден месец, на Фејсбук обвини дека доколку го побараш пратеникот Ковачевски, за некаква помош, тој е презафатен, а кога треба да договори некоја добра зделка си седнува во кафана.

Покрај Ковачевски, Илиевски го повика и Кирацовски да му одговорат на пораките, а не да се кријат од оние со кои беа заедно соборци.

Инаку во кампањите на СДСМ за враќање на власт, Душко млекарот беше еден од главните лица кои сите од раководството на СДСМ го користеа за политички поени, а сега очигледно кога веќе не им е потребен заборавија на него.

Кандидатот за пратеник на СДСМ Зоран Ивановски: Еве како струјата ќе поскапи за 20 до 50 проценти за кратко време со владата на СДСМ

Поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ од Битола, како и кандидат за пратеник на СДСМ во САД на изборите во декември минатата година, Зоран Ивановски, на својот ФБ профил пишува дека струјата добила евтина тарифа, ама во наредната година или две ќе поскапела за 50%.

-Струјата доби евтина тарифа ама во наредната година две ќе поскапи за 50%. Нека трепка датумот па тогаш ќе се објаснуваме, пишува кандидатот за пратеник од СДСМ на минатите избори.

Ивановски пишува и дека ЕВН не е подготвена да ја имплементира одлуката на Владата, што значи, вели тој истата е избрзана.

-ЕВН не е спремна да ги имплементира владините одлуки на цела територија на Македонија што значи дека одлуката е избрзана и е политички предизборен маркетинг. Дополнително после имплементацијата ќе се намалат инвестициите и со тоа дополнително ќе се успори економијата, пишува Ивановски.

ОО СДСМ Гостивар: Хаос во базата, членството разочарано, револт кон централата, јавно оградување од кадровската политика на Заев и Кирацовски

Во моментот се случува општ хаос во базата на СДСМ, а резултатот е масовно разочарување на членството на СДСМ.

Последен е примерот со Општинската организација (ОО) СДСМ Гостивар, во која кулминира незадоволството од именувањето на Славе Арсоски за директор на Водостопанство на Република Македонија.

Оваа реакција е само една од многуте реакции на најновите кадровски решенија на централата во Скопје, како и кадровската политика што ја водат премиерот, Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

-ОО СДСМ Гостивар го известува своето членство дека Славе Арсоски поранешен претседател на ОО СДСМ Гостивар и пратеник од редовите на СДСМ во периодот од 2002-2006 год, од 2006 год. е член на НСДП. Во период од 2006-2008 кога НСДП коалицира со ВМРО-ДПМНЕ истиот е поставен на истата функција како денес односно директор на ЈП Водосттопанство на РМ. ОО СДСМ Гостивар од првиот момент на сознаније дека НСДП го спрема истиот како кадар за погоре наведеното место реагираше кај структурите од НСДП како на локално така и на Централно нив меѓутоа истите не ги послушаа нашите сугестии. Од тие причини ОО СДСМ Гостивар се оградува од назначување на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на РМ, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Гостивар.

Ориѓански од СДСМ: Владата на Заев направи хаос!

Златко Ориѓански кој со години во јавноста жестоко ги брани позициите на СДСМ и на лидерот Заев, посочува дека новата Влада направи хаос и безредие.

Тој преку социјалните мрежи искажува огромно незадоволство од работата на Владата предводена од Зоран Заев. Според него, министрите се неспособни, изгубени и не знаат на која работа се нафатиле.

Ориѓански на Заев и на останатите актуелни функционери им порачува дека држава се прави со работа, ред, дисциплона, план, систем и малку сила, а не се безредие и хаос во сите области.

 

Маријан Даскаловски од Струмица си поднел оставка зашто го тргнале од кандидат за градоначалник

Маријан Даскаловски од Струмица си поднел оставка, бидејќи во последен миг отпаднал од комбинација за кандидат за градоначалник.

Даскаловски е претседател на СДСМ струмица и беше пратеник во предходниот состав на Собранието. Тој и сега требаше да биде пратеник во парламентот, но бил изземен со образложение дека тој ќе биде кандидат за градоначалник за Струмица.

Коста Јаневски е избран за кандидат за градоначалник не поради партиското членство, туку како доктор за да може да одговори на кандидатот на ДПМНЕ Бајрактаров кој имал голем углед меѓу струмичани.

Жестокиот поддржувач на Заев, Ориѓански разочаран од СДСМ „Држава не се прави со хаос во сите области“

Златко Ориѓански, кој со години во јавноста жестоко ги брани позициите на СДСМ и на лидерот Заев, посочува дека новата Влада направи хаос и безредие.

Тој преку социјалните мрежи искажува огромно незадоволство од работата на Владата предводена од Зоран Заев. Според него, министрите се неспособни, изгубени и не знаат на која работа се нафатиле.

Ориѓански на Заев и на останатите актуелни функционери им порачува дека држава се прави со работа, ред, дисциплона, план, систем и малку сила, а не се безредие и хаос во сите области.

Origjanski-FB-razocaruvanje-1 Origjanski-FB-razocaruvanje-2 Origjanski-FB-razocaruvanje-3

Хаосот и неспособноста на владата на Заев причина за огромното разочарување и вртоглавиот пад на СДСМ

Хаосот и неспособноста продуцирана од владата предизвика вртоглав пад на рејтингот и довербата на СДСМ кај граѓаните.  Тоа вчера го констатирае анкетата на Павел Шатев а денес тоа го пишуваат и експонентите на СДСМ и нивните главни подржувачи.

Драмата низ којашто поминува СДСМ три месеци по формирањето на Владата е драмата на нивната кадровска политика, пишува Сашо Ордановски, една од главните медиумски перјаници на СДСМ.

Човекот кој жестоко го бранеше Зоран заев и врвот на партијата, излегува со остра критика и посочува дека во СДСМ се случува драма.

Ордановски во колумната објавена на ПлусИнфо пишува дека незадоволството од СДСМ кај јавноста е огромно.

-По стотина дена на власт, незадоволството од кадровската политика што, низ меѓусебните преговори, ја водат Заев и Шекеринска (а потоа и со целата владејачка коалициска какофонија) е големо: во разни ешалони на партијата им врие, јавноста се забавува или се иритира со разни прва-рикверц кадровски решенија и на важни и на помалку важни места, во цели сектори (во здравството, на пример) разочарувањето е речиси превладувачко чувство, пишува тој.

Особено става акцент на битката која ќе се води за град Скопје на претстојните локални избори.– Коце, ако јас се прашувам, би можел и дома да си ја отседи целата изборна кампања, оти неговиот ментален склоп и лопата-периметар се познати до болни детали. Вака, наместо да се занимаваме со евентуалните градски светогледи на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, јавноста целата изборна кампања веројатно ќе ја помине во валкани препукувања по социјалните мрежи, шпекулирајќи за внатрепартиските кујни во владејачката партија. Тој, лош, филм во СДСМ го гледаме веќе триесетина години, пишува Ордановски.

Според анкетата на „Павел Шатев“, ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Повеќе од половина од испитаните граѓани, 52.1.процент, одговориле дека не се задоволни од досегашната работа на новата Влада.

30.9. проценти сметаат дека неспособноста е главната карактеристика на новиот тим на „Илинденска“, додека за 15.3 проценти од анкетираните тие ја продале државата.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Златко Ориѓански  искажува огромно незадоволство од работата на Владата предводена од Зоран Заев. Според него, министрите се неспособни, изгубени и не знаат на која работа се нафатиле.

Ориѓански на Заев и на останатите актуелни функционери им порачува дека држава се прави со работа, ред, дисциплона, план, систем и малку сила, а не се безредие и хаос во сите области.

ФОТО: Заев продолжува со приватизација на СДС – Вистинските социјалдемократи видно разочарани

Социјалдемократите го одржуваат 22 Конгрес, каде очекувано се случи реизборот на Зоран Заев и нови членови Централниот одбор. Тоа што не е изненадување е што Заев продолжува да ја гради некогашната партија како приватна организација, нешто што го започна уште од неговото доаѓање кога почна да ги менува старите кадри и да го уништува  „скопското“ лоби.

И денеска според информациите од Централниот одбор се исфрлени 20 поранешни „бранковисти“, а за Генерален секретар е избран неговиот аѓутант Љупчо Николовски.

Palco-za-Ljupco

Од неговото преземање на Социјалдемократскиот сојуз, Заев го измени статутот со што си овозможи лично тој да ги именува претседателите на партиските разграноци и на градскиот скопски одбор.

На оваа одлука жестоко реагираа тогашните високи функционери на партијата. Меѓу звучните имиња потсетуваме на реакцијата на Јани Макрадули, кој оцени дека „именувањето и разрешувањето од страна на еден човек (добро два), ниту има врска со демократски процедури, а за некакво јавно пролкамирано единство и да не зборуваме“.

Daneva-protiv-SDSM

Со него се сложи и партиската екс- потпретседателката, Ана Павловска Данева, која обраќајќи се до членството праша „дали посакуваат да се членови на партија во која нема да има различни мислења, дискусии, дебати, дури ни кога е во прашање менување на суштински одредби од статутот?“ Тоа продолжи и пред денешниот конгрес кога Софија Куновска го опиша како „кимјонгунизација“.

На Конгресот од 11 мај 2014 кога се гласаше доверба на досегашното раководство, право на глас немаа дел од неговите најголеми противници кои тогаш не го прифатија пратеничкиот мандат со што немаа право да гласаат, а против Заев отворено застанаа скопските делегати.

esko slika

Есад Рахиќ од говорница на конгресот му порача на Заев да си оди, а Гордан Георгиев изјави дека „СДСМ е жив мртовец“ и дека партијата избегала од идеолошката матрица и додаде не може политиката да ја прават само тројца луѓе. За Заев тој изјави дека прави концепт во кој ни тој не верува.

gordan

Расчистувањето со старите кадри и скопскиот одбор продолжи и на последните избори кога на кандидатските листи за пратеници се појавија голем број на лица кои немаат никаква врска со СДСМ, а за кои се верува дека се во лична и финансиска врска со Заев.

delegatite

На изборите повторно беше игнорирана скопската организација што резултираше со оставка на Софија Куновска претседателската функција.

Така со методите на Заев во партијата СДСМ на функции повеќе не се наоѓаат кадри кои се политички искусни и стручни. Сега во партијата се наоѓаат неискусни лица кои кои немаат никакво влијание, туку се само верни полушници и спроведувачи на личните политики на Заев.

Никој од нив, како ниту еден од присутните на конгресот, нема да потсети на изјавата на Заев дека ако загуби со само еден глас на изборите, дека ќе си поднесе оставка од сите функции и во партијата и во државните институции и дека ќе се врати на бизнисот.


-Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, рече Заев само неколку часа пред да биде поразен.

zaev demokratija

Згора на сето, без трошка срам, денеска во медиумите контролирани од заевиот клан, се пренесува негова изјава дека иако е единствен кандидат, на овој конгрес делегатите кои што тој сам ги избра, можеле да гласаат за или против неговиот реизбор, оценувајќи го тоа како демократија.

Каролина Астеруд: Ах Талат, Талат, кое разочарување

Ах, човек на ништо да не може да се израдува и за ништо да не може да му олесни во оваа земја! Ах, Талат, Талат, кое разочарување, ова со знамињата во кабинетот на Претседател на Собранието на РМ е ок?! Навистина?! Со оглед на се и после се?! Ама, ова како „ми се може“, така?!, пишува на Фејсбук поранешната пратеничка од СДСМ, Каролина Ристова – Астеруд.

– Впрочем, во целава наша „атмосфера“ изгледа само утврдивме дека само ДПМНЕ, македонскиот национализам и национал-шовинизам се зло, но истите феномени кај ДУИ, другиот албански политички фактор, кај Албанците воопшто, се баш кул и далеку ќе ја одведат и земјата, и регионот, а богами и самите Албанци? Исто како што утврдивме дека не чини само кога Македонци не почитуваат устав и закон, демократски процес на усогласување и одлучување , кога се корумпирани, кога крадат и кога владеат лошо, на ѓон или насилнички? Кога сето тоа го прави албанскиот политички фактор и Албанците во Македонија, дал на државно ниво, дал на ниво на единици на локална самоуправа (со посебна сласт и страст кон мнозинството што е во позиција на малцинство, но и кон другите малцинства, што ќутенкум, што декларирано како од страна на Села во неколку прилики), е тогаш се е ок, за замижување, за неодговорност, за користење различни, двојни-тројни стандарди и секакви песни на апологија до правење улави, а и, секако, ич не влијае на џебот и на животот на цело граѓанство, па и на тие од „мнозинството„, имено, Македонците.

– Ова со знамињата е потсетувањето на тоа денес? Јас како граѓанка никаде и никогаш не сум имала шанса и можност да издебатирам и да одлучам, во Собранието на РМ, од пратениците, па згора, ни помалку-повеќе, од претседателот на Собранието, кој како „прв меѓу еднаквите„, не преставува сите, да се употребува било кое друго знаме, па и тоа да е на некоја од етничките заедници, а не знаме на друга држава, освен официјалното државно знаме како знаме за сите нас, пишува Ристова – Астеруд

ВИДЕО: Охриѓанка кинеше фотографии пред камера – Се срамам што бев во „Шарената револуција“

Јас бев дел од Шарената Револуција, а во овој момент се срамам што сум била, затоа што кога протестиравме, сите, Македонци, Албанци, протестиравме за подобар живот, а тие буквално ни наметнаа Тиранска платформа.

Ова денеска го истакна Гордана Маркоска, поранешен активист на т.н. Шарена Револуција, која денеска во Охрид кинеше фотографии од протестите на кои присуствувала. Таа денеска се приклучи кон граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Јас лично се срамам за ова, и сакам да си бидам со мојот народ. Македонија да си биде унитарна, едно име, едно знаме, еден грб. И сите граѓани во РМ да имаат исти права, посочи Маркоска.

Таа апелираше до лидерот на СДСМ, Зоран Заев да не ја прифаќа Тиранската платформа.