Груевски: На 15 октомври ќе дојде новата ера каде ќе нема неасфалтирана улица, парк во секое маало и ера на нови 150 илјади работни места

Тие повикуваат дека 15 октомври бил крајот, јас ќе им порачам дека 15 октомври е почетокот, почетокот на новата ера на доаѓањето на светлината, ние ја нудиме новата ера во која нема да има неосветлена или неасфалтирана улица, новата ера во која ќе има парк во секое маало, но и новата ера на 150 илјади нови работни места во Македонија до крајот на следната декада и со намалување на невработеноста под 10 проценти, ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Аеродром.

-Во претходната декада наследивме 560 илјади вработени луѓе, а оставивме 733 илјади вработени, а тоа е зголемување за 173 илјади нови работни места. Тоа е ВМРО, тоа е оваа Коалиција за подобра Македонија, тоа е разликата меѓу нас и затоа ние можеме да кажеме дека во наредната деката можеме да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места за граѓаните.

Тој кажа дека нудат нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари.

-Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која ќе секоја општина во државата, учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште, а до крајот на мандатот ќе се потрудиме и до 9-то одделение. Со овој проект директно влијаеме на здравјето на младите, кои ќе имаат сигурен здрав оброк, но и директно се помага на домашнито буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од 600 денари месечно за едно дете, изјави Груевски.

Тој во Аеродром ги најави и новите два проекти на ВМРО-ДПМНЕ:

Проект: Стекнување на сопствен дом

Овој проект е значаен посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци, изјави Груевски.

Проектот ќе опфати:

Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар. Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:

– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.

– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии

– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и

– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) – 25% ослободување од комуналии

Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа.
Отпис на долгови за социјално загрозени семејства

Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа:

Приматели на социјална ипостојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

Тој порача граѓаните да бидат сигурни дека власта е во голема паника.

-Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Овие луѓе од власта се неспособни. Тие се неспособни, тие се практиканти без искуство и капацитет, тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план што да направат со тоа, тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО и коалцијата”. Не го трошете вашето време. Ова нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија. Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место.

Тој кажа дека нвината  цел е да го зголемат квалитетот на животот и животниот стандард на сите граѓани.

-Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето и да помагаме. Сакаме да ги допреме нивните животи. Работевме за да се осигураме дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место, изјави Груевски.

Тој напомена дека нивната цел е да обезбедат решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги.

-Ние не бараме само победа на претстојните избори, ние размислуваме, им даваме приоритет на утрешните генерации. Ние размислуваме 10 години нанапред. Размислуваме 20 години нанапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, изјави Груевски

Груевски: Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓани

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска во Шуто Оризари, пред граѓаните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој кажа дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од проекти и решенија. Дека решенијата и проектите ја формираат нивната политика.

-Нашата политика е заснована на помош на луѓето и тоа го правевме редовно и со Амди Бајрам и со Елвис Бајрам и секогаш се трудевме да помогнеме на луѓето, да најдеме решение, да се изгради нешто за Шуто Оризари. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера на 150 илјади нови работни места, тоа го нудиме ние оваа Коалиција која веќе во минатата декада отвори 173 илјади работни места и невработеноста ја намали од без малку 40 на 22 проценти. Ние можеме да ветиме дека ќе отвориме нови 150 илјади работни места и ќе ја намалиме невработеноста под 10 проценти. Секој што сака да работи ако е упорен и ако сака да најде работа ќе ја најде. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови.

Мицкоски: Се што е ветено и напишано во нашите програми ќе биде реализирано до последниот проект за подобар живот на граѓаните

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, пред граѓаните се обрати генералниот секретар на партија и носител на советничката листа за град Скопје, Христијан Мицкоски. Тој кажа му претставува чест да го почуствува ехото, кое се чувствуа низ целата држава, а ја најавува големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш беше темел на нашата татковина, така ќе продолжи и понатаму, но за да продолжиме да го бетонираме и да го направиме овој темел се поцврст и поцврст, потребно на локални избори, на 15-ти октомври, во недела, да излеземе масовно и да ја дадеме нашата поддршка на кандидатите за градоначалници и идни градоначалници, Коце Трајановски и Тони Трајковски, како и победничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, изјави Мицкоски.

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ покажа дека знае да работи и создава, на Македонија ѝ се потребни дела, а не само зборови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска стандардно пред локалните избори беше присутен на политичката академија која ја прават во соработка Конрад Аденауер и иститутот „Павел Шатев“, тој изрази големо задоволство за соработката со германската фондација Конрад Аденауер.

-Особено е задоволството што соработката со германската фондација Конрад Аденауер преминува во едно традиционално пријателство. Отвореноста на фондацијата да помогне и да се соработува во проекти кој се корисни за јакнење на капацитетите и функционалноста на демократијата што е нужна за напредокот на едно општество преставуа капитал кој ни е корисен во функционирањето на нашата партија, изјави Груевски

Груевски напомена дека токму првиот допир со демократијата и првиот впечаток се гради токму на локално ниво, преку функционирањето на локалната самоуправа.

-Токму со локалната самоуправа, со нејзиното функционирање, со изборите се наоѓаме во период каде демократскиот капацитет на институциите ќе бидат ставени на тест. Пред нас се локалните избори на кој народот ќе одлучи кој може подобро да се грижи за неговите интереси, и да понуди решенија за секојдневните проблеми, изјави Груевски.

Тој кажа дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, покажа дека умее и знае да работи.

-Ако со еден збор би се опишало нашето дејствување, тоа е работа. Работа која донесе многу решенија за граѓаните, за нивните проблеми, нивните очекувања, нови патишта, водоводи и канализациии, нови улилишта и градинки, нови паркови, спортски игралишта и сали, нови стандарди во секој поглед и во секое поле. Секако има и работи кои можеле да се направат подобро, но важно е што секогаш се работеше максимум за доброто на граѓаните, изјави Груевски.

Тој порача дек овие локални избори не се само обични избори, затоа што сега се наоѓаме на раскрсница каде со одлуката на пенкалото се очекува да се избере патот по кој ќе се движи државата во иднина, а изборот иако е очигледен, одлуката е важна и клучна.

-Потребно на Македонија и е нова визија, кое ќе ја разбуди економијата која замира, ќе обезбеди еднакви шанси за работа, ќе го сопре падот на стандардот, ќе донесе подобра иднина за сите нас. Во изминатиот период од 100 дена имаме длабоко скршнување од патот кој значеше сигурна Македонија, имаме пад на индустриското производство, и вчера беше регистриран најнов пад и на прометот во индустријата, изјави Груевски.

Тој кажа дека ова покажува дека носечките индустрии во државата забавуваат, а тоа се одразува во реалниот сектор. Напомена и дека има најави на компании кои сакаат да си заминат од државата.

-Просечните плати паѓаат, а извозот се намалува, 52 милиони евра помалку се извезувало во јули, во споредба со јуни што е пад од 12 осто. За сметка на тоа имаме непочитување на базичните правни принципи, законски нормативи и правила. Имаме именувања на функции надвор од сите законски норми, свесно кршење на законот формирајќи една пракса на таканаречено затруено дрво, каде еден лош преседан води кон друг уште полош и незаконски. Неизвесноста се зголемува, а несигурноста во бизнисот, на работа, во секојдневието се мултиплицира. И кога можеа тоа да го направат за само стотина дена, можете да замислите како би изгледало ако се дозволи тоа да се прави една, две или повеќе години. Велат зборот бил збор, но зборот не вреди ништо без делата. Нивните зборови без акција се атентатори на идеализмот, говореше претседателот на САД Хувер, изјави Груевски.

Груевски порача дека на Македонија и се потребни дела.  А веќе е проверено дека кога станува  збор за дела, за работа, за решавање на прашањата кои се важни за народот, одговорот е ВМРО –ДПМНЕ, кажа лидерот на најбројната партија во Собранието.

Груевски со одлична вест: Се реализира уште едно ветување, обезбедени милион евра за водоводниот систем во Гевгелија

Во Гевгелија денеска ќе почне реализација на проектот за унапредување на водоводниот систем кој е финансиран преку ИПА фондовите. Почетокот на реализцијата ќе го означат евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за финансии Кирил Миноски.

Изградбата на водоводниот состем ја поздрави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на Фесбук напиша дека директни корисници на придобивките ќе бидат дваесетина илјади граѓани од општина Гевгелија, Богородица, Моин и од Мрзенци. Исто така, директна корист ќе имаат и дел од жителите на соседната општина Богданци, како и населените места Селемли и Стојаково.

Вкупната вредност на проектот е 1,7 милиони евра, а целта е подобрување на квалитетот на водата за пиење за жителите.

Планирана е изградба на четири бунари, пумпи, станици за хлорирање и водоводна мрежа и резервоар со капацитетот од 1000 метри кубни.

„Ова е почеток на реализацијата на уште едно ветување од нашата програма. Со ова ќе се надминат проблемите со водата и директно ќе се влијае на подобрување на нејзиниот квалитет. За релизација на овој проект особен придонес даде градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов и Владата, а истиот ќе се реализира во соработка со ЕУ и Светската банка“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и потсети дека целта на неговата партија и Владата е подобрување на реалниот живот на граѓаните.

„И покрај сите политички предизвици, нашиот основен приоритет се граѓаните и тоа така и ќе остане. Ние продолжуваме со работа, со проекти со кој се подобрува секојдневието на граѓаните.“

Ова е дел од кампањата „ЕУ за вас“.

Вкупната помош за оваа намена од ЕУ е 80 милиони евра како дел од ЕУ ИПА програмата (2007-2013), што треба да биде дополнета со уште 100 милиони евра планирани со ИПА2.

ИМА РАЗЛИКА: СДСМ на хартија ветува Клинички центар, Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе го реализира проектот

СДСМ продолжува во својата пракса да ветува реализирање на проекти кои веќе се реализирани или нивната реализација е отпочната. Овој пат опозицијата ветува дека ќе изгради  нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје.

Но, постапката за изградбата на овој Клинички центар веќе е во тек. Владата предводена од ВМРО-ПМНЕ изминативе месеци работеше на реализација на се што е потребно за што поскоро да започне градбата. Па така кон средината на месец октомври минатата година лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски информираше дека објавен е тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во официјалниот гласник на Европската Унија, а од страна на Банката на Советот на Европа.

Инвестицијата само за изградбата чини 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вкупна вредност од 128 милиони евра. Градежните работи, кои е предвидено да завршат во неколкугодишен циклус, ќе започнат по спроведувањето на сите законски процедури.

Проектот предвидува изградба на нов Клинички Блок, нова зграда на Лаборатории во кој што ќе влезат нови простории на 23 клиники односно Очна клиника, Клиника за уво нос и грло, Клиника за радиологија, Ургентен центар, за Дерматологија, Неврологија, Пулмологија, Гастро, Ендокринологија, Ревматологија, Завод за слух, говор и глас, Клиника за анестезија и интензивно лекување, Неврохирургија, Трауматологија,Психијатрија, Токсикологија, Ортопедија, Неврологија, Хематологија, Нефрологија, Трансфузиологија, Микробиологија и Нуклеарна медицина.

Во продолжение погледнете како ќе изгледа новиот Клинички центар.

 

ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА: Ова е картата по која Заев сака да ја федерализира Македонија

Нешто чудно се случува на Балканот: албански дипломати во Грција фатени со документи и памфлети кои заговараат голема Албанија; Заев најавува кантони, федерализација и двојазичност; Радикалната албанска емиграција со отворена поддршка на СДСМ и Заев; Во Тирана на мала врата се формира „Голема Албанија“ преку „Унија на албански општини во регионот“

karta-golema-albanija-1

Грчките медиуми ја објавија мапата според која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, партнерски со Албанците од регионот сака да ја кантонизира Македонија. Во службено возило на Албанската амбасада во Атина, на почетокот од месецов, грчките власти пронашле документ со кој се заговара стратегијата за создавање на голема Албанија. Во прилог на документот пронајдени се и мапи, на кои може да се забележи дека стратегијата на Албанците е покрај делови од Грција да се најде и скоро половина од Македонија, вклучително со Куманово и Скопје.

Во багажникот на автомобилот на албанските дипломати, грчките власти пронашле пропагандни материјали, памфлети и книги кои требало да се делат на албанските студенти во Грција. Најдени се илјадници памфлети кои заговараат „Голема Албанија“. Дипломатите се уапсени и против нив се води судски процес.

karta-golema-albanija-2

Безбедносните служби на Грција се во паника поради овие откритија, а медиумите ги објавуваат скорешните изјави на самопрогласениот претседател на Илирида, Фасим Лато, кој вели дека во фаза е формирање на армија на Албанците од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Грција.

Едно село, еден кантон: „Голема Албанија“ е програмска водилка за Заев и СДСМ

И додека Грција ги апси оние кои ја заговараат идејата за „Голема Албанија“, во Македонија покрај тоа што тие слободно се шетаат, ја уживаат и поддршката на најголемата опозициска партија и нејзиниот лидер Зоран Заев.

Пред само една недела Заев говорејќи пред албанската дијаспора во Швајцарија заговараше двојазичност и федерализација на Македонија по скоро истата мапа. Моментот кој во изминатиот период не го забележавме е дека Заев сака да даде автономија на секое албанско село.
-Првиот чекор што мора да го направиме е да направиме уште поголема децентрализација, да ги создадеме регионите. Треба да бидеме растеретени дали има некоја делба по проценти или математики, не. Гледам овде во Швајцарија едно село е кантон и тоа село си одлучува за самото село – рече Заев пред албанската дијаспора.

karta-golema-albanija-zname

Македонските медиуми објавија факти дека СДСМ, всушност, ја украле програмата од српската партија ДВЕРИ, која важи за екстремно десничарска и е голем непријател на големоалбанските тенденции. Она што СДСМ не го украде од ДВЕРИ е идејата за кантонизација која, без да кршат авторските права на српската партија – јасно презентирана на страницата 164 од нивната програма:

-Ќе воведеме политички општини со различни надлежности, во зависност од големината и изградените капацитети и моќта да генерираат сопствени приходи, или со поделба на надлежностите на задолжителни и изборни – стои во Програмата на опозицијата.

СДСМ предвидува трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржување на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт. Со други зборови, Заев заговара формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Липково и Арачиново.

Според експертската јавност во Македонија, овие програмски политики на СДСМ и Заев, нужно водат до разнебитување на Македонија. Фазите се следни: ќе почне со кантонизација, ќе продолжи со федерализација, ќе заврши со отцепување на деловите од Македонија каде што живеат Албанци.

-Дводомен парламент, кантонизација, на балканските простори, познавајќи ја блиската историја – водат кон физичка поделба на државата. Господинот Зоран Заев треба да биде свесен и да му биде јасно дека со ваквите изјави и со оваа политика која ја спроведува, тој гази низ сите оние жртви кои низ историјата го дале својот живот за Македонија. И на крајот, гази врз луѓето и семејствата кои се завија во црно во 2001 година, кои се бореа за да не се случува токму тоа што го нуди господинот Заев – вели историчарот Никола Србов, кој го анализира историскиот контекст на обидите за федерализација на државата.

Најекстремните албански елементи со поддршка на Заев

Претседателот на албанската емиграција од Македонија, Муса Љамалари, во вчерашното интервју за “Вечер” ги откри своите врски со лидерот на СДСМ Зоран Заев и нивната заедничка борба за двојазичност и федерализација на Македонија. Љамалари и Заев се сретнале неколкупати, ги усогласиле своите ставови и заеднички припремале стратегија на делување.
-Јас ја гледам Македонија, за подобро и за тебе и за мене да го има тој белгиски модел на федерализација. Германија е федерална држава, Швајцарија е кантонизирана, во Ирска има регионализација. Сега мислам дека тука е подобро да се федерализира за сите да влеземе со некои вредности – рече Љамалари во интервјуто за „Вечер“.

Претходно, лидерот на албанската дијаспора на социјалните мрежи се закануваше дека доколку не победи Заев, изборите ќе бидат прекинати.

-Овој ја има најтешката задача. Овој има благослов од господ. Ќе победи убедливо!!! Доколку не победи, изборите ќе бидат прекинати!! Ви кажувам со време!! Да живее СДСМ – напиша Љамалари објавувајќи фотографија од Зоран Заев, човекот за кој тој јавно вели дека е спасител (месија) на Албанците.

Мала врата за „Голема Албанија“

Дека пронајдените документи кај албанските дипломати, поддршката на СДСМ од албанската емиграција, ветувањата за федерализација, и албанските знамиња на митинзите на СДСМ не се случајност – потврдува и Унијата на албански општини која беше формирана во Тирана.
Ваквата унија која беше формирана на голем државен празник во Албанија, според балканските медиуми е увертира на формирањето на„Голема Албанија“. Покрај Тирана, во оваа унија влегоа и Тетово, Приштина, Улцињ и Прешево кои важат за главни градови на Албанците во Македонија, Косово, Црна Гора и Србија – сите градови дел од идејата за „Голема Албанија“.
Македонски претставник во “Голема Албанија” беше градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која го потпиша овој договор.

На сите митинзи албански знамиња

karta-golema-albanija-vesnik

Албанските знамиња станаа неизбежен декор од сите митинзи на опозициската СДСМ. Во скоро сите градови во Македонија, дури и во градовите каде што скоро и да не живеат Албанци како Прилеп, Велес, Кавадарци, Македонска Каменица се појавуваат албански знамиња кои ги веат активистите на СДСМ.

Последен е примерот со Ѓорче Петров каде на 26-ти месецов се развеаја албански знамиња во Домот на културата.

Таму каде што не веат знамиња, создаваат провокации. Членови на СДСМ вчера во Гостивар се обиделе да предизвикаат инцидент – со албански знамиња во рацете членовите на СДСМ се обиделе да се уфрлат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и да провоцираат.

Според присутните на митингот, ова е одраз на силен кукавичлак и нема да дозволат да бидат испровоцирани.

– Вечерва со нас овде по гостиварските улици имаме членови на СДСМ кои се со албански знамиња. Да ги поздравиме, сакаат провокации, немири, но тоа како поминува времето е одраз на силен кукавичлак. Знаат дека на 11 декември со силен и драматичен удар ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази, истакна Валентина Божиновска која е презентер на митинзите на владејачката партија.

Милошоски: Граѓаните на Македонија знаат кој работи за оваа држава и кој се грижи еднакво за сите

Едно име, една партија, една победничка коалиција број еден за ВМРО-ДПМЕН  и за голема победа во Република Македонија. Овој пат имаме избор помеѓу нешто што е видено и подобро и нешто што исто така е видено и дестуктивно. Овој пат треба да размислиме, затоа што изборот овој пат не е само политички и партиски се гласа за секој за себе, за своите семејства, за државата, за економијата, за општините, за стабилноста, се гласа за тие луѓе кои покажаа дека и во кризно време знаат да бидат стабилни, да ја водат државата и да отворат нови работни места изјави Антонио Милошоски носителот на листата во ИЕ 5.

-Ќе гласате овој пат за кандидати за пратеници кои што ги познавате лично. Кои што се ваши пријатели, од Охрид, од Струга, од Кичево, од Битола од Ресен од Долнени од Центар Жупа, од Дебарца, за сите од 5-тата изборна единица, да си ја вратиме победата од 2014 година со 200.000 гласови разлика, на живи луѓе на гласачи на поддржувачи на Македонци, на Турци, на Бошнњаци, на Роми, на Власи и на нашите сограѓани Албанци. Патиштата кои што ги градиме ги градиме за сите, субвенциите кои што ги доделуваме ги доделуваме за сите, инвестициите кои ги носиме ги носиме за сите,  затоа почитувани дозволете да кажам една порака за нашите сограѓани Албанци: Господинот Заев неколку години, 10 години не успева да ги излаже Македонците и затоа сега се обидува да ги излаже и Албанците не е проблемот што тој многу ветува, проблемот е што тој многу  лаже, кој не го знае скапо ќе го плати на 11 декември или и порано ќе го дознаети и вие. Затоа граѓаните на Македонија знаат кој работи за оваа држава и кој се грижи еднакво за сите, изјави Милошоски.

Тој посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која се соочува со голем товар од минатото како што се затворените фабрики, армијата на невработени, неизградени патишта, а народот знае кој е тој што отвори нови работни места, отвори нови фабрики и која е иднината на оваа земја, посочи Милошоски.

-Имаме многу што да збориме но најмногу што имаме е довербата на луѓето и во иднина ќе работиме за граѓаните на Македонија, а пред се со нивната доверба.  Охрид, струга, Преспа и Крушево и сите во изборната еденица број 5 треба да знаат дека ќе имаат поддрша за туризмот и во иднина. Кога сме кај патиштата не знам кога последен пат тука се изградил пат, но знам дека овде на изборната кампања во 2014 година го ветивме почетокот и изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а нашите проекти се видливи со голо око. На 11 декември ќе славиме за напредна економија, доствоинствен живот, истакна Милошоски.

ИНТЕРЕСОТ Е ГОЛЕМ: Започна практичната реализација на проектот „Купи куќа за млади“

Почна практичната реализација на проектот „Купи куќа за млади“. Градежните компании ги потпишаа првите договори, се зголемува бројот на одобрени апликации и на оние достасани за разгледување. Интересот е голем, се градат цели типски населби, пишува Лидер.

-Имаме комплекс на типски куќи во Радишани. Парцелите се со квадратура од 250 квадратни метри, а куќите со 108 квадрати. Целиот тој пакет чини 49.900 евра. Нашите тенденции се како компанија и во иднина да го поддржуваме овој проект и да бараме локации и можности за вакви мини урбанистички населби. Работиме и со луѓето кои имаат сопствено земјиште и со оние ќе обезбедат земјиште преку лицитации од општините,  вели првиот човек на „Хот и Хот“, Роберт Хот.

Досега се одобрени 18 апликации, а се разгледуваат уште 80. Најголемиот дел од нив се за изградба на нови куќи, но дел се и за доградба или надградба.

-Од 18 одобрени барања се субвенционирани станбени кредити во вкупен износ од 609.002 евра. Вкупно одобрените субвенции изнесуваат 382.351 евро. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ помага при изработката на детални урбанистички планови и нивно финансирање, а ќе помагаме и онака како што најавивме, преку трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, вели лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.

Низ градовите во земјава во тек се карвани за „Купи куќа за млади“, преку кои се претставуваат условите и начините за учество.

-Бев да се распрашам за проектот „Купи куќа за млади“, сакам да видам кои се условите. Имам 26 години, планирам да градам на мое земјиште, вели Славиша Митовски од Тетовско.

Градежните компании се надеваат на добар бизнис, велат дека сега се елиминирани сите пречки и проектот непречено може да се реализира.

-Интересот е огромен, но политичката криза си го стори своето. Досега немаше можност за одобрување, меѓутоа сега веќе добивме сигнали и од Министерството за финансии и од банките дека договорите може да се потпишат, вели Хот.

Општините се подготвени со парцели и локации

Илинден, Кисела Вода, Кочани, Ѓорче Петров, Карпош, Сопиште, Свети Николе, Радовиш, Македонска Каменица, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп и Струга се општините во кои досега има одобрени барања за проектот „Купи куќа за млади“.

-Гевгелија веќе има урбанизирани плацови кои може да бидат понудени за овој проект, плацовите се наоѓаат на три различни локации во градот. Урбанизацијата е веќе завршена и има околу 500 парцели, вели градоначалникот Иван Франгов.

-За „Купи куќа за млади“ е направена урбанизација на 6,3 хектари на кои би имало околу 100 парцели наменети за проектот, вели градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Вкупно во 49 општини се утврдени 50 локации со 7.000 парцели за куќи.

Како функционира проектот?

Проектот „Купи куќа за млади“ е чекор напред во однос на „Купи куќа, купи стан“. Поволностите се поголеми. На граѓаните на располагање им стојат две опции, субвенционирана рата или субвенционирано учество. Преку првиот модел, финансиската поддршка од државата изнесува 11 години, 8 години се покриваат 80 проценти од трошоците, во следните три половина од трошоците, односно главница и камата, за кредит до 50 илјади евра.

-Пресметките на Владата покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување, изградба или надградба на куќа,  вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Ако месечната рата за кредитот изнесува 200 евра, во првите 8 години – 160 евра ќе плаќа Владата, а само 40 евра ќе плаќа корисникот на проектот. Деветтата, десеттата и единаесеттата година, месечната рата ќе се плаќа по половина, односно 100 евра Владата и 100 евра корисникот.

Каматата во првите три години изнесува 3,95 проценти, во четвртата и во петтата година 4,44 проценти, а потоа банката ја утврдува каматната стапка, но таа не смее да биде повисока од каматните стапки на редовните станбени кредити.

Со вториот модел, државата целосно го покрива учеството. Тоа значи дека за 50 илјади евра, поддршката изнесува 12.500 евра. За овој модел,  каматната стапка е фиксна, 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 проценти на годишно ниво и тоа за цело времетраење на отплатата на кредитот.

Кредитот треба да се земе на период од најмалку 20 години, со можност за отплата по 12-та година. Додека трае државната помош, куќата не се смее да се оттуѓува, а услов е лицето да нема подигнато друг станбен кредит.

Услов е апликантот да биде на возраст до 35 или со наполнети 35 години, на свое име да нема друг стан или куќа. За поединец, максималните месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, а горната граница за брачна двојка е 1.300 евра.

Државно земјиште за 1 евро од квадрат!

Државата воведе и нова поволност за граѓаните, за едно евро од квадратен метар може да се купи земјиште за изградба на куќа во типска населба.

-Граѓаните ќе се спасат од големи трошоци, бидејќи во некои општини вообичаената цена на градежно земјиште, надвор од овие предвидени локации изнесува и по 100 до 200 евра за квадратен метар,  вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Државата ги покрива и трошоците за водовод, канализација, за пат во типските населби.

-Со овој проект младите ќе добијат атрактивни локации, парцелите ќе бидат многу евтини, а притоа Владата максимално ќе ги субвенционира ако земат кредит,  објаснува градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Дополнително, на граѓаните преку Министерството за транспорт им се ставени бесплатни проекти за типски куќи со различна квадратура. Заштедата само со оваа поволност се проценува на околу 2 илјади евра.  

Алексовска: ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и ги реализира ветените проекти

Додека СДСМ пласира празни зборови, гола политика, непродуктивност и хаос во секој сегмент во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на подобрување на животот на нашите граѓани и реализирање на ветените проекти.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти Слободанка Алексовска, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– Додека советниците од опозицијата се трудат беспредметно да критикуваат и да ги симнат точките од дневен ред на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, разбирајќи го придонесот на проектите кон граѓаните се трудат да ги реализираат сите проекти и тие да се изгласаат и да бидат донесени во програми, рече Алексовска.

Осврнувајќи се на проектите реализаирни во изминатите седум години во Скопје, Алексовска потсети дека се проширени неколку булевари со вкупна површина од околу 18 километри. Изградени се шест нови модерни кружни текови, а реконструирани се голем број булевари и улици.

– И во моментов Скопје е големо градилиште каде на терен се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од над 15 милиони евра. Како поважни се пробивање на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“, продолжување на проширувањето на булеварите „Трета македонска бригада“ (втора фаза) и „Борис Трајковски“ (трета фаза), проширување на булеварот „АСНОМ“…рече Алексовска.

Таа истакна дека состојбата во јавните претпријатија, особено „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленила“, е целосно променета и додаде оти тие се финансиски стабилни и имаат на располагање нова и модерна механизација.

– Во соработка со Владата, набавени се 300 нови автобуси од кинеската компанија „Јутонг“, инвестиција вредна околу 60 милиони евра. Со ова комплетно се модернизира јавниот превоз, со кој скопјани добија нов, модерен и удобен јавен превоз. Паралелно со ова почна и процесот за воведување автоматска локација на автобусите на ЈСП, како и системот за електронско плаќање за што се инвестираа дополнителни 3 милиони евра, рече Алексовска. Додаде дека во Скопје се изградени нови зелени површини и додаде оти се засадени повеќе од 60.000 нови садници.