Бошњаковски: СДС не треба денес да слави роденден – таа само го смени името, но остана наследник на теророт кој го вршеше тогашниот режим

SDSM-raspad

СДС не треба денес да слави роденден. На денешен ден не е основана нова партија, туку е преименувана старата партијата СКМ-ПДП т.е. КПМ. Таа беше носител на комунистичката диктатура во тогашна СРМ. Така СДС не е само морален, туку е и правен наследник на теророт кој го вршеше тогашниот режим, кој не дискриминираше помеѓу народите и народностите.

Од овој период потекнуваат економските структурални проблемите – конкретно на албанците затоа што е актуелно – со невработеност и незастапеност во јавните институции и образование. Да вистина е дека, према албанците имало големи неправди. Тоа во ни еден случај не е геноцид, ама не е за негирање, како што не треба да се негираат и неправдите врз сите народи и индивидиу од тогашниот ненароден режим, во кој џелати биле и македонци и албанци и срби и се друго без да навројуваме.

Денес наследниците на овој режим – често и крвни не само партиски – сакаат да ја претстават СДС да европска партија, која се бори за демократија и правата на малцинствата! Тоа е смешно! Исто како некој наследник на Сталин да кажува за слобода на мислење или некој ех-наци да се бори за правата на евреите.

Но има барем една позитивна работа во цела оваа иронија. Барем се срамат од своето минато, па се обидуваат да го скријат. Барем знаат дека грешеле. И тоа и се друго ќе им простиме. Само нека престанат!

П.С. Освен партијата на Слобо во Србија, ниту во една источно-европска или ех-ју земја не се актуелни веќе поранешните комунистички партии.

Фејсбук статус на Владо Бошњаковски

Чибишев до Шилегов: Со критики кон власта се правдате пред членството за вашето лично богатење

Cibisev-Silegov

Портпаролот на СДСМ и актуелен пратеник во собранието на Р. Македонија Петре Шилегов своето богатство го зголемил за уште два стана кои што вредат околу 160 илјади евра, истакна денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р. Македонија Андон Чибишев.

-Како што можеме да видиме од пишувањата на некои медиуми Петре Шилегов на 17.07.2015 година се стекнал со два стана со големина од 72 метри квадратни и 64 метри квадратни плус помошни простории. Претходно знаеме дека господинот Шилегов поседува семејна куќа од 313 метри квадратни и стан од 86 метри квадратни и два автомобила Мерцедес и Ауди кои вкупно чинат околу половина милион евра. Според медиумите вредноста на овие нови два стана со кои што се стекнале семејството Шилегови е некаде околу 160.000 илјади евра, рече Чибишев.

Чибишев јавно праша како Шилегов се стекнал со толкав имот во вредност од 160.000 евра,  ако се земе во предвид неговата плата во Собрание е во просек околу 1000 евра месечно.

-Тоа значи дека вие треба да работите точно 13 години како пратеник за да можете да соберете пари и да ги купите овие станови. Јавноста како и сега така и претходно очекуваше одговор од вас за потеклото на вашиот имот кој што и не е така скромен , но никогаш тој одговор не го доби, истакна Чибишев.

Тој констатираше дека очигледно Петре Шилегов живее одличен живот во време кога упатува остри критики кон актуелната власт.

-Дали господине Шилегов обвинувањата кои ги упатувате секојдневно кон актуелната власт се само прикривање и правдање кон сопственото членство и кон јавноста за вашето лично богатење. Дали вие така го замислувате т.н лошо владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога семејниот имот за еден ден го зголемувате за плус два стана кои чинат 160.000 евра. Јавноста чека одговор за потеклото на парите со кои се купени овие два стана, рече Чибишев.

 

ДОКУМЕНТИ: Шилегов под услови на „режим“ купил два нови стана вредни 160.000 евра

Petre-Silegov

Режим, немање на слобода, тиранија се најчестите напади од страна на СДСМ и портпаролот на Зоран Заев, Петре Шилегов. Но дека од тоа нема ништо, најдобро сведочи личниот пример на Шилегов кој под улови на „режим“ живее одлично и купил два нови станови во екслузивен стамбен комплекс.

Два нови стана од 72 и 64 м2 плус помошни простории е имотот кој го купила фамилијата Шилегови. Двата станови се на името на Јасмина Шилегова, сопруга на Петре Шилегов.

Сумите кои биле уплатени од страна на Шилегови се 75.206 евра, и 84.494 евра. Со сопственоста се стекнале пред неполна година поточно на17.07.2015-та.

Silegov-imoten-list-1

Двата стана се наоѓаат во општината Карпош на булеварот „Партизански одреди“. Тоа го потврдува и договорот до кој дојде Денешен кој е во висина од 9.846.523 денари односно 160 илјади евра платени во готово на продавачот на имотот.

Silegov-dokument-1

Претходно е познато дека Шилегов поседува трикатна куќа, од 313 метри квадратни, автомобили Мерцедес и Ауди, но и стан од 88 метри квадратни во вкупна вредност од половина милион евра.

Silegov-dokument-2

Тој се најде на удар на јавноста која бараше одговори  како Шилегов стекнал толкав имот иако пријавил дека од семејната фирма зема плата од безмалку 23.000 денари, а неговата сопруга близу 11.000 денари. Нејасно е како Шилегов го зголемил својот имот за дополнителни два стана вредни 160 илјади евра.

Silegov-dokument-3

Инаку како претседател на второстепената владина комисија за јавни набавки во периодот на владеењето на СДСМ до 2006-та година, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одлучувал спорови во кои негови главни фаворити на тендерите биле фирми како  „Јавор Шпед“, фирма во сопственост на „кланот Заеви., фирми блиски до СДСМ како СЕМОС, веледрогеријата  Пановски и други.

МИРКА ВЕЛИНОВСКА ОТКРИВА АКЦИЈА НА ЦИА: Со „Волшебникот од Оз“ да се ликвидира ВМРО и да се смени „режимот“

Mirka-Velinovska

Kога пред почетокот на активирање на бомбите на Зоран Заев, лично од тогашниот премиер Никола Груевски нацијата дозна за операцијата „Пуч“ и за странските замешателства во македонските безбедносни состојби користејќи ја истата шема како и во 2001 година, многумина шпекулираа за потеклото на снимките со кои лидерот на СДСМ го уценуваше Груевски во владиниот кабинет.

Дури ги слушнавме и очекувањата на СДСМ дека по активирањето на бомбите, Владата ќе падне за три дена. Откако, пак, беше објавена комуникацијата на агентот на странските служби, Зоран Верушевски и неговите „кока-кола“ помагачи во ДБK, во која говореа за чадорот и украинското крваво сценарио, шпекулациите се претворија во обложувачница за најпрецизен фоторобот. Груевски вети дека на нацијата ќе ~ каже кој стои зад потфатот дестабилизација на државата преку насилна промена на легалната власт. Но, тој не си го одржа зборот. Наместо тоа, без да вети, заедно со останатите тројца партиски челници и сесрдна олеснителска странска помош, како и во 2001 година, го потпиша т.н. пржински политички договор по кој кризата не само што не заврши туку и се продлабочи до крај и нè воведе во втората фаза од хибридната војна. Зошто е така? Па затоа што целта поради што чадорот ја поведе сè уште не е остварена. И што е најлошо, сè уште никој официјално не се осмелува да ги именува главните актери на злосторничкиот потфат. Се говори општо за некој однадвор. Ги именуваат стандардно само теренците, локалните наемници.

Работиве почнаа да се расплеткуваат од мигот кога Ѓорге Иванов, шеф на државата и сега единствен функционален функционер со уставни прерогативи во Македонија, собра храброст да го пресече Гордиевиот јазол со што му зададе сериозен удар на планерот. Неговата непопуларна одлука за аболиција на сите актери во ,,Пуч“ се материјализира во снег кој послужи да се откријат трагите на ѕверот што војува во Македонија. Освен домашните политичари засегнати со прислушувањето, најгласно против оваа одлука на Иванов пишти и вреска официјален Вашингтон. Стејт департментот се јави со барање за повлекување на одлуката за аболиција оти со таа одлука во сила не може да продолжи втората фаза на започнатата операција. Ова конечно треба да го разберат партиските перјаници поставувајќи си го прашањето: логично ли им изгледа во врска со оваа одлука да имаат ист интерес и став Вашингтон, кој го руши Груевски, со помош на Заев, и самиот Груевски? Нема. Оти тогаш не би ја имало војнава.

Според тоа, за да не губиме време, решивме ние, наместо владата, државните институции, да ви ги дадеме одговорите на прашањето KОЈ, ЗОШТО, И ПРОТИВ KОГО ВОЈУВА СО МАKЕДОНИЈА? Текстот треба да се чита како упатство за дешифрирање, односно за препознавање на дејствата на теренот, на редоследот на акциите на платениците, на изјавите на квислинзите и пораките на амбасадорите. На примената на шаблонизирани изрази типични за исконструиран новоговор, на симболите и пораките што се шаблонизирани. Сето ова бидејќи влегуваме во втората фаза на хибридната војна за промена на режимот, акција што ЦИА ја именувала како „Волшебникот од Оз“.

Kој војува во Македонија?

Војува чадорот. Нашата вообичаена симболика за чадорот или дождобранот се однесува на предмет измислен за да го штити човекот. Знаеме дека Зоран Заев е субјект што стои под чадор за да не накисне. Но, кај мозокот на операцијата симболиката на чадорот е друга. Чадор е кодно име за сложена воено-разузнавачка операција за подготовка на конкретен терен за дестабилизација. Kако симбол се појавува во 1904 година во Италија, а ова и другите дејства матрици, шеми, ги обработува Kурцио Малапарте во книгата ,,Техника на државниот удар“. Просто кажано, чадорот е симбол на мрежа (со хиерархија и поделени улоги) при изведба на преврат, што е еквивалент на атентат врз држава. Дршката е нарачателот, механизмот за отворање на чадорот и жиците се организаторот и неговата политичка логистика, а платното што тие го држат (манипулираат) се најдолното ниво, физичките изведувачи по потекло од нападнатиот простор и рој се состои од наемници, криминалци, општествен шљам, психопати, лејки, искомплексирани, помодари, наивци, фанатици… Ако по ова дешифрирање оној црпнат Заев ви заличи на Ли Освалд или на оние од Саудиска Арабија кои научиле на обичен курс да управуваат со „боинзи“ толку вешто што со нив најпрецизно да влетаат во кулите-близначки во Њујорк, сте на прав пат. Неговата улога е на еднократен бомбаш-самоубиец. За среќа на Македонија, ние овој пат во последен миг дознаваме дека инспираторот е вашингтонското либерал-неофашистичко лоби кое гравитира околу кланот на Kлинтоните, а во кое главна ставка се Џорџ Сорос, Рокфелер, Стејт департментот преку УСАИД и други личности од финансискиот естаблишмент. Мозок на проектот е советникот за безбедност и специјални дејства, инаку офицер на ЦИА, во канцеларијата на претседателот Барак Обама. Kопчето на чадорот за спроведување на фазите на операцијата го сочинуваат Филип Рикер со жена му (обајцата агенти на ЦИА), кои за таа цел се заседнати во Милано каде што е поставен регионалниот штаб за кризирање на Балканот и фамозниот британски оддел за разузнавање М6, кој го работи теренот во Македонија и Грција. Kонкретно, прислушувањето во Македонија е дело на британските служби. А нивна е и акцијата на левичарите и анархистите, кои во последно време својата задгранична мигрантска активност ја префрлија во Скопје, па сега дивеат низ Македонија со бојни напади на институциите, односно интернационализацијата на мајданското сценарио и она на ИСИЛ на Блискиот Исток. Тие се надлежни за тренинзите на „демонстрантите“, всушност, војската на „револуцијата“. Финансиски, инспираторот и организаторот ги делат трошоците. Во Македонија, Сорос и УСАИД главно ги финансираат „борците“ на KАНВАС и соросоидите во Отворено општество, плус косовско-албанските криминалци и шверцери, односно Заев и неговата банда. Додека Обединетото Kралство, бидејќи е „нобл“, е финансиер на т.н. фини терористи, како што се салон-левичарите, тренд-анархисти и нихилистите од целиот регион, но и традиционално, од времето на Лоренс од Арабија, ги работат „смрдливите дивјаци од муслиманскиот свет“. Се мисли на Муслиманското братство и неговите деривати. Покрај овие, во улога на жици на чадорот настапуваат Германија, ,,социјалдемократска“ Италија, Франција, Холандија, ЕУ и ОБСЕ. Тие имаат задачи во логистиката, односно главно се во епизодни улоги како медиумска пропаганда, декор на протестите за тие да добијат интернационална тежина. Според ефектите во перцепцијата, поважни улоги имаат амбасадорите што службуваат во нападнатата држава. Kако дејствуваат убаво се гледа од нивните оркестрирани општења со македонската јавност.

Судир на две крила на ЦИА

Оваа хибридна војна во Македонија има и еден анекс, да не речам додадена вредност за разлика од другите нападнати простори. Тука за свој престиж и интерес дополнително се судрија две крила на ЦИА како преторијанци на два спротивставени корпоративни интереса. Темата за која се кршат копија е кој олигархиски синџир во САД ќе завладее со водите во Македонија и нејзините рудни богатства во кои златото и ретките минерали се голема ставка поради Алшар. Доволно е ако засега кажеме дека едниот претендент е Џорџ Сорос. Kако што Бајден како воен плен ја доби западна Украина, а Медлин Олбрајт и Весли Kларк ги ќарија рудниците за јаглен во Kосово. Станува збор за геополитика на просторот. Велика Британија, а потоа и САД сакаат да владеат со светот преку водите. Така тие се во стратешка предност при дизајнирање на својата одбрана и во освојувачките војни. Држави без излез на море тешко можат да се бранат и се лесен плен оти одбраната им е само преку ѕидини. Основна причина зашто беше поделена Македонија во Букурешт беше токму тоа – да ~ се одземе излезот на море. Арно ама, ова парче на кое опстана и се роди независна Република Македонија, која не беше планирана во кројката ни во 19, ни во 20, ни во 21 век, покрај сите Танталови маки низ кои минува четврт век, е она што се нарекува природен коридор. Е, таквите држави се цел на напад на САД. Во моментов, покрај Сирија и пред тоа Ирак и Авганистан, тоа се Јемен, Египет, Турција и Македонија. И сите настрадаа од слични чадор-операции што ги изедува истиот чадор на ист начин. Нема врска што барем трите декларативно се заведени како пријатели и партнери на САД. Важно е дека преку нивни територии одат земски енергетски, инфраструктурни и трговско-инансиски коридори од Азија и Африка кон Европа и обратно.

Затоа им треба тотално владение врз овие држави. Тоа е едната причина. Втората е посебно интересна за нас оти ние единствено сме несвесни за својата вредност. Имено, Македонија во Вашингтон и во Лондон ја сметаат за опасна успешна приказна. За лош добар пример. За држава што на дело, во услови на светска финансиска криза, докажа дека е самоодржлива држава која има растечка економија, стабилна валута, финансиска дисциплина, ниска задолженост и редовен отплаќач на кредити од ММФ и Светската банка. И покрај непријателски настроеното соседство, кое е во политички и економски банкрот, соочена со секакви оркестрирни блокади, уцени, а најпосле и покрај тоа што е принудно обезвластена, крајно успешно ги чува своите граници и внатрешната безбедност. Според оценките до кои дојдовме со помош на регионалната канцеларија на ЦИА за Југоисточна Европа, причините за овој успех се три: едната е политиката на владата на Груевски, втората е врската на ВМРО-ДПМНЕ со теренот, односно начинот на кој дејствува и третата е колективниот дух на Македонците. Поради ова тројство, поведен е и „пучот“, организирани беа и шатор-револуцијата и пленумите лани летото, поради ова беа организирани терористички напади кои беа осуетени и во Охрид и Скопје за Водици лани, и во Kуманово. Поради тоа,формирано е СЈО, а поради тоа сега се вклучени и анархистите. Во сите фази на оркестрирани напади, од 2008 до денес, цел се Никола Груевски и уште шестмина негови најблиски соработници од ВМРО-ДПМНЕ, самата ВМРО-ДПМНЕ како партија што личи на движење. А сега и Ѓорге Иванов.

Нашите извори ни објаснија дека во ЦИА веќе подолго време се изучува револуционерната тактика на ВМРО од отоманскиот период за борба со централната империјална власт како крајно асиметрична, а неверојатно прецизна и ефикасна која го има под контрола теренот, односно го има со себе народот. Од две причини: за да се подготви за таква тактика во внатреамериканските судири со естаблишментот, но и да ја примени при нападот на други држави со помош на квислинзи. На пример, во Украина експериментира со т.н. десен центар, односно со внуците на украинските фашисти од Втората светска војна, а во Ирак со остатоците од полицијата на Садам Хусеин при креацијата на ИСИЛ на почетокот за потоа да ја интернационализира регрутирајќи верски фанатици и психопати. Kако и во Сирија. Се бламираа секаде зашто успешноста на вмровската тактика и организација е во она што кај нас се вика генетички код. Таа димензија не е можно да се штанца како шаблон. ВМРО и македонскиот народ се бореа за слобода, самоопределување и за сопствена држава. Идеолошкиот темел на ВМРО беше братство и соживот, заемна солидарност на луѓето за живот во свет на натпревар меѓу култури, односно цивилизации. Тоа е филозовско-вредносен континуитет од Алексадровата мултикултурна глобализација, која во Азија уште се памети и почитува до идеалот на Гоце Делчев. За нивни срам, секаде киксираа поради вредносниот мисловен парат од римската империјална „филозофија“ на посебен народ наспроти дивјаци, на центарот на свет наспроти периферија.

Втората мистерија за ЦИА е Македонецот, неговата психокарта и колективниот дух оти ние себеси се гледаме како необединети, меѓусебно испокарани индивидуи, а она што го гледаат однадвор е сосема поинаков колективен портрет. Оти сите теренски анкети досега им даваат податоци што ги збунуваат. Ги лути тоа што Македонците не паѓаат на триковите на волшебникот од Оз, всушност, панаѓурски лажоман кој на наивни им продава водичка како волшебен лек. И, ете, десет години на избори гласаат за партијата со слично име, а исти симболи.

Мирка Велиновска

(УТРЕ: Мрежата на странски организации и домашни учесници во „Волшебникот од Оз“)

Планот на „Волшебникот од Оз“ за 4 и 15 мај

Сè што досега направи чадорот е познато. Следните етапи на планот ги пресече шефот на државата кого Стејт департментот сега љубезно го моли да ја повлече одлуката за аболиција. А фино им тргна со СЈО. По ,,Титаник“, „Тортура“, ,,Транспортер“, ТНТ, „Тврдина“, најавен беше и ,,Тефлонот“.

Според сценариото и режијата, на 13 април требаше да бидат уапсени Никола Груевски и уште тројца негови соработници и како осомничени требаше истражен судија договорен и обработен од Џес Бејли да им одреди мерка притвор. По што ќе следуваше бура од протести, бес излеан на улиците, со што ќе почнеше граѓанска војна или внатрешни превирања во ВМРО-ДПМНЕ, која, конечно, ќе беше нападната однатре со вмровска тактика, ќе беше обезглавена, а со тоа ќе го декуражира народот за изборите. Логиката кажува дека по тоа, со странска интервенција ќе седне на тронот квислиншка влада избрана од специјалци како Викторија Нуланд.

Е, тоа сценарио го пресече Иванов со еден замав на пенкалото и затоа сега чадорот тешко се отвора. Надвор лее, ама инспираторот ни е во стоп-кадар, организаторот испаничен. Единствено, парталот што ги крие жиците се вее со тренираните орди. Темпларскиот симбол 13 плус април како месец им бидна баксузен. Но тие се подготвуваат за нови обиди. Немајќи време, а и нерви, се подготвуваат за две ударни здружени акции од надвор и од внатре. Планирани се за 4 мај и 15 мај. Датите коинцидираат со два нови мигрански брана. Едниот од Египет на чии граници со Етиопија има над 3 милиони бегалци, мигранти и емигранти, и вториот од Турција, составен главно од Kурди и Туркмени, од кои Ердоган сака да се ослободи и да ~ ги подари на онесвестената и неспособна ЕУ. Бидејќи Македонија е на линијата на огнот бранејќи се и себе, но и Европа, и затоа што катаден се мрцвари со ордите корпоративни „анархисти“, ,,леваци“, отпораши, тренирани и кеширани од ројалисти и колонијалисти, чадорот мисли дека е тоа правото време да им го одземат имунитетот на Груевски, Иванов и уште два-тројца важни авторитети во ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и личното обезбедување и како такви да ги убијат во атентат или класично со сообраќајка. Ете тоа се информации од служби што разменуваат информации со македонските.

По тоа, нема веќе. Ако не успеат во намерите, одиме на нормални избори со победник и поразени и Македонија ќе си продолжи по својот пат како слободна и самоодржлива земја. Поразените од чадорот ќе ни стегнат блокади, рестрикции, санкции. Ќе роварат преку Албанците, ама тоа се решливи проблеми. Нас сите нè чека расчистување со домашниот смет кој останува по „Волшебникот од Оз“.

РМ како територија, а не држава

Македонија од 1998 година во европскиот трговски регистар се води како територија, а не држава. Сега, иако седум години се давиме со кандидатскиот статус, државата, заедно со Египет и Турција, ни е заведена како трета земја. Тоа подразбира дека ниту една од нив нема кога било да стане членка на „ексклузивниот клуб“. И уште значи дека се работи за држава – природен коридор или стратешка крстосница која треба да има специфична неутрална политика.

Тактиката на ВМРО

Тоа што, меѓу другото, се проучува од „Волшебникот од Оз“, е стратегијата на ВМРО од турско време за тоа како да ја поткопа империјата. Имено, ВМРО создаде паралелна држава. Имаше своја законодавна власт, која, на пример, воспостави даночен систем кој подразбираше дека секој што има можности, зависно од нив, треба да плати за организацијата, односно за државата во држава, па дури и под закана од смрт (случај опишан од Михаил Герџиков со еден чорбаџија). Проневерата на тие пари исто така се казнувала со смрт. Kазната ја извршувала извршната власт, олицетворена во четите (еден таков случај е опишан од Христо Силјанов, кој бил во четата на Марко Лерински кога проневерителот бил заклан, иако молел да му биде даден пиштол за да го убие валијата во Битола и така барем да загине како херој). Исто така, ВМРО имала и развиен систем на судови, почнувајќи од тие на Централниот комитет, па сè до судовите на четите кои тогаш кога ќе пристигнеле во селото, во црквата ги собирале граѓаните и им ги решавале проблемите сè со цел тие да не се јават кај регуларните судови на Отоманската Империја.

Енигмата на случаите на СЈО

Енигмата за „случајноста“ сите предмети што ги работи СЈО да бидат со почетна буква ,,Т“ е разјаснета. Матрицата на чадорот и на овој начин ни открива дека создава правна аргументација македонската хибридна војна за промена на власта да ја изнесе пред Советот за безбедност на ООН каде што мора да се верифицира како формално-правно легална политичка операција. На тој начин не само што ќе ги покрие пучот и „револуцијата“ туку и ќе го затвори и спорот за името. Македонија во регистарот на држави е заведена под буквата ,,Т“. А по барање на ЕУ стана регионално безбедносно прашање.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

Димитров: Една од многуте лаги на опозицијата е дека се борат против режим (ВИДЕО)

Bratislav-Dimitrov-1

Како најдобро да полемизираме со ваква опозиција? Најдобро е ништо да не им кажуваме, доволно е само да почекаме да го променат своето мислење. Кога не би било тажно и трагично, оваа ситуација би била навистина смешна и комична.

Ова го истакна Братислав Димитров од Граѓанското движење за одбрана на Македонија, на денешната панел дискусија на тема: „Една од многуте лаги на опозицијата- борба против режимот“, пред граѓаните во паркот на „Чуварите на демократијата“.

-Најдобро за оваа опозиција може да дадат мислење психијатри, психолози и евентуално бајачки. Тие немаат реална моќ и поддршка од народот… Ова е лута политичка битка, но ние сме влезени во една многу пострашна и посеопфатна битка, а тоа е битка помеѓу самите луѓе, тоа подразбира комшии, роднини, пријатели. Ние ќе се бориме жестоко, принципиелно и со сите наши средства, но и во најжестоката борба треба да покажеме една широкост, една големина на нашите срца, затоа што вистината е на наша страна. Ние не се занимаваме со политички трикови, валкани, ситни, подметнување, тоа им го оставаме на нив, рече Димитров.

Посочи дека најчесто употребуван збор помеѓу опозиционерите и нивните поддржувачи, е зборот режим.

-Јас навистина се прашувам дали тие толку се неписмени, неинформирани и необразовани, тој збор да го употребуваат во секој контекст. Дали тие не прават разлика помеѓу режим и нормално демократско општество.

Нивната агресивност и неаргументираност без никакво покритие во говорењето, посочи, стоструко ќе им се врати.

-Ќе бидат жртви на својот гнев, на својата омраза, на своите одмазднички чуства, но нашата држава, нашата татковина трпи навистина последици од тие нивни непромислености. Уште одамна народот кажал- колку што може еден будала да расипе, неможат ни 100 умни луѓе да го поправат.

Димитров потенцираше дека доколку е ова режим, нема да има ниту еден медиум во кој опозицијата ќе може да ги изразува своите политички ставови и додаде дека една од многуте лаги на опозицијата е дека се борат против режим.

-Опозицијата има дури многу повеќе медиуми- електронски, пишани и телевизиски, каде што има шанса да се изрази. Но, нивните настапи многу повеќе работат за оваа актуелна власт, отколку ние поддржувачите, затоа што секој нивни настап е само деградација. Ние сме сведоци на еден неверојатен и зачудувачки агресивен и деструктивен настап на опозицијата.