ДИК ќе ги соопшти официјалните резултати по истекот на роковите за жалби

Државата изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти официјалните резултати од локалните изброи по истокот на роковите за жали. Уште официјално не може да се каже во колку општини изборите се завршени, а во колку ќе треба да се гласа во вториот круг, рече денеска на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Чичаковски. Тој рече и дека не може да се кажат точните мандати на советници се додека не се добијат конечните резултати.

– Сега следува период на приговори, жалби и тужби до Управен суд. Па дури откако тоа ќе заврши ќе можеме да кажеме колку точно општини добиле партиите и во кои општини ќе треба да се гласа и втор круг – рече Чичаковски.

Партиите имаат право на приговор до утре до полноќ, по што ДИК ќе ги разгледува приговорите. Откако ќе се одлучи по приговорите, партиите имаат право да се жалат до Управниот суд. Откако ќе истечат роковите за оваа постапка, ДИК ќе ги објави официјалните резултати.

Според засега обработените податоци, неофицијално четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 општини на 29 октомври ќе се гласа во втор круг.

Од досега преброените гласови, излезноста е повеќе од 60 отсто.

Во првиот круг избрани се градоначалници на: Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебрца.

Втор круг ќе има во: Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Според Државната изборна комисија, на вчерашните локални избори има 51.164 неважечки ливчиња за гласање за општинските совети, додека за изборите за градоначалници има 45.066 неважечки ливчиња.

Груевски: ВМРО има способност, вештини, проекти, визија и храброст, ВМРО има резултати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува во Радовиш го поздрави ентузијазмот, одлучноста и решителноста на граѓаните и им порача дека остануваат само уште неколку дена, и мигот на одлучување дали ќе продолжи слободното паѓање во Македонија или тоа ќе биде сопрено и ќе почне новата ера.

-Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори. Вашата одлука е исклучително важна – не е само, уште една обична одлука. Ние не гласаме само за наши градоначалници, за наши градови туку сите ние заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија после 15-ти октомври. Во каква Македонија ќе живееме. Вашата одлука е конечна. Вие го имате последниот збор. Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава. Ние ја добиваме нашата моќ и сила од Македонија и од народот на оваа земја. Нашата сила произлегува од нашата љубов кон нашиот народ и нашата љубов кон нашата земја. Ја сакаме нашата земја, со целиот наш народ, сите градови и села, сета радост, ентузијазам и возбуда, истакна Груевски.

Тој посочи дека тие не се едни од оние кои бараат гласови, ги добиваат и ги забораваат луѓето веќе наредниот ден.

-Ние сме партија на граѓаните на Македонија, на народот во Македонија и ние сме гаранција за силна и сигурна Македонија. Сите вие знаете каква промена, развој и раст доживеа Македонија во последните 10-тина години. Се сеќаваме сите каде бевме пред 11 години, и каде бевме кога им ја препуштивме власта пред 5 месеци. Зборуваат со клевети, лаги и празни зборови. Нивната политика е политика на празни зборови. Тоа е политика на клевети. Тоа е политика на навреди. Тоа е политика на креирање тензии меѓу луѓето и заплашување, на нови афери, корупциии, криминал. Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат. Сите мора да го знаат следново, ние не се плашиме од никого, ние сме ВМРО. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Се додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо. Никогаш нема за застанеме, да се предадеме. Никогаш нема да го заборавиме и да го смениме нашиот правец за развој на нашата земја. Ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите ветувања, да работиме, да нудиме проекти и решенија. Тие не се способни да го прават тоа, тоа се покажа во минатото. Тие не се способни да даваат решенија и да создаваат проекти, потенцираше тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека граѓаните од СДСМ нема да слушнат решенија и идеи за подобар живот, туку флоскули, апстрактни поими.

Груевски рече дека на 15-ти октомври граѓаните ќе одлучат и ќе кажат дали се за пад на екномијата, раст на невработеноста и намалување на платите. Дали се за измами и измислени инвестиции, за низа афери и тендери.

Тој нагласи дека на 15-ти октомври и пензионерите и земјоделците ќе испратат порака дали сакаат повисоки пензии и субвенции или не. Порака ќе испратат и граѓаните дали веруваат во лажните ветувања за радиодифузна такса која е иста, или евтина струја која реално ја нема.

Груевски истакна дека СДСМ никогаш не ги исполнуваат своите обврски, но само едно добро знаат да прават: да продаваат ветер и магла.

-ВМРО е мајсторот. ВМРО има способност, вештини, проекти, визија  и храброст, ВМРО има резултати. Кога нешто ќе ветиме, секогаш сме доследни на нашите зборови. Кога ќе речеме дека нешто ќе направиме, ние секогаш  исполнуваме. Ние сме ВМРО. Ние работиме. Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние зборуваме за тоа што ќе постигнеме. Ние зборуваме за тоа што ќе создадеме, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш.

На митингот Груевски истакна дека со новата ера во Македонија се предвидени отворање на нови 150.00 работни места и намалување на невработеноста под 10 проценти, нова ера на најниски даноци и поголеми плати, пензии и субвенции.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им се обрати и на граѓаните кои на минатите избори гласале за СДСМ.

– Придружете ни се за да изградиме посилна Македонија. Сите ние заеднички сме Македонија. СДСМ нема да донесе добро за никого. Тие можат само да затвораат работни места, да ги намалат приходите, да им го земат лебот на луѓето. Да донесат несигурна иднина за нашите деца. Тие се реална пречка. Видовте и сами, нема ништо ново создадено. Пречка за подобро образование. Пречка за подобри услуги во здравството. Тие се пречка за повеќе работни места, економски раст и развој. Тие се само пречка, рече тој.

Груевски вели и дека власта е во паника бидејќи се свесни дека ВМРО и Коалицијата ќе победат на изборите и порача дека немаат намера да потклекнат под притисоците и заплашувањата и дека немаат намера да се обесхрабрат.

Новаковски: Резултатот од изборите е јасен со верификацијата на мандатите

Имајќи ги предвид сите случувања во текот на изминатите години, ние бевме опседнати со избори кои мораат да завршат коректно и да имаат легитимитет, истакна поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека резултатот од изборите е јасен со самата верификација на мандатите во Собранието.

-Познато е кој има мнозинство, а кој нема. Мандатот е доделен на победникот, не можеме да кажеме дека друг е победник, победникот се знае, резултатите се признати, и никој не ги оспори, посочи Новаковски

Милошоски: Ќе се обидеме да создадеме влада која ќе ја отсликува волјата на гласачите искажана на изборите

Не планираме да формираме влада по секоја цена. Особено не за оние клучни прашања, како менување на Уставот. Нема да го менуваме Уставот по никоја цена, особено не за воведување двојазичност на територијата на државата. Ние немаме мандат од нашите граѓани за тоа да го направиме, вели во интервјуто за Канал 5, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– СЈО во изминатиот период видовме колку е политизирано. Мандатот и надлежноста на СЈО ќе ги испочитуваме но нема да влегуваме во политички инжињеринг. Очекувавме дека спротивставените позиции по овие прашања со ДУИ може да претставуваат отежнувачки фактор во формирањето влада. Очекувам во текот на следната недела ВМРО ДПМНЕ официјално да ги почне преговорите со ДУИ за состав на нова влада. Дали ќе успееме ќе се знае на истекот од законскиот рок – 29 јануари.

Милошоски вели дека зачудува тоа што изминатите две недели СДСМ имаат став за загадувањето, увозот на струја и други прашања но не и за главната тема – Платформата на албанските партии. Партијата на Заев преку свои експерти праќа сигнал дека за нив е се прифатливо само да дојдат на власт – вели Милошоски.

– Платформата е постизборна на неколку партии на македонските Албанци во Република Македонија и тоа што ние го забележува беше начинот на кој таа е создадена. Пред се, без разлика на содржината на Платформата, многу е непринципиелно кога премиер на соседна, трета држава се меша преку учество во таа Платформа во внатрешно политичките работи на друга држава и тоа е спротивно на меѓународното право и на самите Декларации на ОН за почитување на суверенитетот на сите земји членки на ОН. Ние имавме пред две години една политичка криза во Македонија и е надвор од правилата на игра таа политичка криза некој да ја искористува и преточува во меѓуетничка криза за компензирање на одредени прашања кои можеби се приоритет за две, три партии, но не и за сите граѓани на Република Македонија. Тоа јасно го кажавме, ќе се обидеме да создадеме влада која ќе ја отсликува реалноста на гласачите преку нивната волја на изборите, истакнува Милошоски.

ДИК ги објави конечните резултати од прегласувањето во Теарце

Конечниот резултат е 51 пратенички мандат за ВМРО-ДПМНЕ, 49 за СДСМ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада.

На прегласувањето во Теарце, ВМРО-ДПМНЕ освои 149 гласа, СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците по 1 и ВМРО за Македонија 2 гласа. Ова се официјални резултати кои ги објави ДИК и според нив нема да има промена во освоените пратенички мандати.

preglasuvanje-tearce-rezultati

СКАНДАЛ: ТВ Телма не ја објавила целата анкета – и според нив ВМРО-ДПМНЕ ќе има 160.000 гласа повеќе од СДСМ

На пет дена до изборите , Телевизија Нова ви претставува нови податоци од анкета на јавното мислење. Кој ќе биде идниот премиер, кој најмногу  ги штити националните интереси, која политичка опција е поблиска со ставовите на граѓаните, ова се само дел од прашањата на кои одговор се бараше од 1.000 испитаници, во периодот од 26.10 до 5. 11.

Инаку телевизија Нова оваа анкета ја нарача од истата рејтинг агенција која подготви теренско истражување и за телевизија Телма. Резултатите од двете анкети драстично се разликуваат, а дел од анкетните прашања не се објавени во јавноста. Затоа телевизија Нова во целост ви го прикажува расположението на електоратот.

На прашањето упатено до македонските граѓани – во  кој политичар  имате најмногу доверба, нешто над 32% изјавиле дека му веруваат на Никола Груевски, лидерот на СДСМ Зоран Заев добил 14,6% од подршката на анкетираните. Следува прашањето кој  има повеќе реализирано од предизборната кампања во минатото. Високи 55,8% добива Груевски наспроти 16,6% Заев.

Кога се во прашање националните интереси, соодносот помеѓу Груевски и Заев изнесува 2:1. 49,6% од анкетираните сметаат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ води повеќе грижа за националните интереси, додека за Заев се изјасниле 23,2%..

Анкетата продолжува со прашањето која партија е поактивна на терен – со граѓаните, соодносот помеѓу владеачката и опозициската партија е 5:1 или 67,2% од испитаниците сметаат дека тоа се претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ истото го сметаат 11,7%.

Речиси идентичен е и резултатот за тоа кој е подобро организиран во внатрешната организираност – 64,1% и 14,7%. 43,8 % од испитаниците сметаат дека нивните сопствени ставови и размислувања се поблиски до ставовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а поблиски до СДСМ во размислувањата се чувствуваат 22, 5% од граѓаните.

Во однос на оддржувањето на изборите, доколку утре се оддржат изборите 29,7 % својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, 20,6% проценти за СДСМ.

Во истражувањето што го објави Телма, според објавата од телевизијата, вклучен бил и Институтот за демократија. Оваа невладина, пред две години во пресрет на Превремените избори во 2014 година, исто така направи истражување на јавното мислење, според кое разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 5,2%, а на изборите владеачката партија победи со 11% разлика, односно со скоро 200.000 гласови. Ако сега разликата е 3%, а е работена според иста методологија, математиката вели дека разликата на овие избори би била околу 8,8% односно 160.000 гласа.

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 62 пратеници

ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 62 пратеници на изборите на 11 декември, покажува симулацијата на анкетата на Институтот Павел Шатев. Опозициската СДСМ според истите податоци треба да освои 36 пратеници. ДУИ се очекува да падне на 10 пратеници, а втор албански политички субјект во Собранието да биде БЕСА која се очекува да добие 7 пратенички столчиња. Партијата на Тачи, ДПА ќе освои 5 пратенички мандати.

Симулацијата е правена како Македонија да е една изборна единица со праг од 3%. Пратеничките места од дијаспората не се вкалкулирани.

Анкетата на Институтот Павел Шатев е спроведена телефонски врз репрезентативен примерок од 1090 испитаници во периодот меѓу 30 ноември и 2 декември.

Божиновски: Во политиката 1+1 не е 2

Прашањето околу двојазичноста би требало да се набљудува најмногу од политички аспект, односно од тоа колкава штета или корист ќе им донесе на СДСМ, смета професорот Владимир Божиновски.

-Претпоставувам дека базичната теза од која тие тргнале е тоа дека гласачите кои не се Албанци, а го сочинуваат најголемиот дел од гласачите на СДСМ се сигурни гласачи. Сега во неможност да се покачи рејтингот се оди кон определен обид за привлекување гласачи од оној дел од каде досега не се црпеле гласови, односно од кај албанските граѓани. Тие мислат дека ќе успеат да ги привлечат на својата страна, а нивните членови и приврзаници ќе останат лојални и ќе гласаат за нив. Во политиката неколку пати се покажа дека 1+1 не е 2. Тука е проблемот, СДСМ не сметаат дека некој после овие изјави можеби ќе го промени ставот“, изјави Божиновски.

Димовски: Се сомневам дека СДСМ ќе го признае резултатот од изборите

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во „Аргументи“ на ТВ Нова изрази сомнеж сдека СДСМ ќе го признае резултатот на престојните избори на 11-ти декември.

„Од самиот почеток целата приказна околу немањето на услови за избори во Република Македонија беше сконцентрирана околу две теми, и тоа, едната беше избирачкиот список, а втората беа медиумите. Избирачкиот список денес е ист како и списокот за изборите во 2014, 2013, 2011-та. Тоа значи дека нема апсолутно никакви драстични промени. Веројатно јас бев еден од првите кој што кажа дека не може држава со 2 милиони жители да има 1 800 000 гласачи, јас бев еден од првите кој кажа чекајте малку, запрете кренете рачна, ние имаме 2 милиони жители во државата иако вие попатно кажувате дека 600,000 избегале, што е неточно,  но имаме 2 400 000 милиони државјани на Македонија односно луѓе кои имаат македонско државјанство, македонски статус на граѓани и право на глас“, појасни Димовски.

Во однос на медиумите ставот на Димовски е дека никаде во светот нема непристрасни медиуми. Така е во САД, така е и во Германија, па и кај нас не може да биде поинаку.

Илија Димовски беше гостин во „Аргументи“ на ТВ Нова со Љубиша Николовски на тема „До изборите и по нив“

ИЗБОРИ 2016: ВМРО-ДПМНЕ со 63 мандати, СДСМ 35 пратенички места

Симулацијата на анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на изборите во декември ќе освојат 63 мандати.

Се очекува во законодавниот дом да влезат и БЕСА и Движењето за реформи на Зијадин Села. Според пресметката, СДСМ ќе освои 35 пратенички мандати, пренесува Пресс24.

ДУИ значително ќе го загуби влијанието и ќе освои 13 места во Собранието, а ДПА, 6.

Треба да се има предвид дека симулацијата е направена според Донтовиот модел, но пресметките се правени како Македонија да е една изборна единица, без никаков цензус.

Се очекува мала промена во бројките, особено кај партиите кои имаат помал број гласачи кога би се правела симулација по изборни единици.