Мицкоски: Ние не нудиме басни, лаги и приказни, ние нудиме конкретни проекти

ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото била темел на нашата татковина, по тој пат ќе продолжи да чекори и понатаму, истакна на денешниот митинг во Кисела вода носителот на листата на советници за Град Скопје и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој ги повика граѓаните на Кисела Вода да гласаат за канидатите за градоначалници, Јохан Тарчуловски и Коце Трајановски, но и советничките листи на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нудат живот, а забораваат што оставија. Оставија пустош после цунамито наречено Влада на Социјал-демократскиот сојуз. А со пустошот и ужасот продолжува и оваа Влада која што ја предводи Зоран Заев и Социјал-демократскиот Сојуз. Ги паметам лицата на моите родители кога се затвораа погоните на Металскиот завод, кога бројот што остануваа без работа или беа прогласени за технолошки вишок се зголемуваше од ден на ден. Но исто така ги паметам и деновите минати во кабинетите на министрите кога баравме идеја, баравме начин како да обезбедиме што е можно поголем број вработувања за граѓаните на нашата татковина. Во тоа успеавме, нагласи Мицкоски.

Појасни дека за 11 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеала да вработи 170.000 невработени лица.

-Успеавме да обезбедиме преку 100 директни странски инвестиции. Се сеќавам на тажниот и безпомошен поглед на нашите родители кога требаше да се набават учебници на почетокот на секоја учебна година. Но исто така се сеќавам и на деновите поминати во Влада кога Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, кога се донесе одлука да секој ученик добие бесплатни учебници, а сето тоа да биде на товар на Владата на Република Македонија, која што во тоа време ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Потенцира дека не може да ги заборави лицата на своите другари кои не можеле да се школуваат поради високите партиципации на Универзитите.

-Бев радосен и скокав до небо кога ВМРО-ДПМНЕ ја намали партиципацијата на Универзитетите и ги направи пристапни за сите оние кои што сакаат и имаат желба да го продолжат своето високо образование. Тоа е по заслуга на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ние не нудиме басни, лаги, конструкции и приказни, ние нудиме конкретни проекти. Прецизно и одмерено ветуваме, а ветуваме само она што можеме да реализираме, вели Мицкоски.

Посочи дека секој еден проект кој е содржан во програмата на ВМРО-ДПМНЕ претставува и решение на некаков проблем на граѓаните.

-Градоначалниците  на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе изградат или реконструираат повеќе од 330 училишта. Нашите најмили, нашите деца се нашето најголемо богатство. Тие од најрана возраст заслужуваат третман кој што понатаму ќе им значи поквалитетен живот. Во името на таа цел ќе изградиме и ќе адаптираме повеќе од 135 градинки. Животната средина е исто така врвен приоритет во програмата на нашите кандидати за градоначалници. И во името на тоа, ќе изградиме и уредиме повеќе од 223 паркови и зелени површини, посочи Мицкоски.

Истакна дека ќе посветат огромно внимание во канализационата сфера.

-Ќе изградиме и реконструираме стотици километри канализација и канализациони системи или поточно 412 проекти на целата территорија на Република Македонија. Ќе продолжиме во иднина да вложуваме и во питката вода. Ќе реконструираме и ќе изградиме водоводни системи и мрежи во преку 308 проекти на целата територија на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што гради и тоа го докажа во минатото, нагласи Мицкоски.

Вети дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе изградат преку 1386 улици и патишта.

-Тоа се стотици, да не речам илјадници километри асфалт. Зад овие програми е нашиот минат труд и нашиот кредибилитет. Тоа е нешто со кое нема подигрување. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш во сојуз со народот и се води од приоритетите на народот, потенцира Мицкоски.

Додаде дека со гласањето за канидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и советничките листи, граѓаните гласаат за напредна Македонија, напредна општина и развиено Скопје.

Мицкоски даде збор дека по локалните избори Град Скопје ќе биде уште поубав од тоа што е во моментот.

ПОСТОЈАТ ДВЕ РЕШЕНИЈА: Миленко Неделковски ја објави пресметката за Теарце и понуди две решенија!

Новинарот Миленко Неделковски на сајтот Дудинка.мк ја објави пресметката за прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце, и понуди две решенија.

ВМРО не смее да ја повтори грешката од 1994-та кога им ја остави државата на милост и немилост на Бранко, Киро и СДСМ, преку апстиненција од изборите. Тоа би била историска ненадоместива грешка.
Има, според мене, две решенија.
Едното е да се оди на прегласување со мобилизирање на сите Македонци и предгласачко коалицирање и силен догвор со ДУИ и ДПА.
Второто е да излезат 50.000 луѓе на улица, и да не си одат дома до финалното решение. Распоредени вака: 20.000 пред Собрание, 10.000 пред САД амбасадата на Кале, 2.000 пред резиденцијата на Бејли на Водно, 8.000 пред зградата на ЕУ во Скопје, 5.000 на граничен премин Бгородица, 5.000 на Табановце за блокирање на север-југ трансверзалата, 10.000 пред СДС. Од “кусурот, по 200-300 пред домовите на Милчин, Орданоски, Героски, Тричковски, Пировска, Дерала, Заев, Шекеринска…

ВИДЕО: Решенија за 228 полициски службеници – ќе се вратат на работа во местата на живеење

Денес во просториите на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, м-р Митко Чавков и Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Горанче Савовски, остварија средба со раководниот кадар на СВР Скопје и заедно со командирите на полициските станици поделија нови решенија за распоредување на вкупно 228 полициски службеници од последните две генерации полицајци, кои досега беа распоредени на работни места на подрачјето на СВР Скопје, односно надвор од нивното место на живеење.

Resenija-228-policajci

Овие полициски службеници ќе имаат можност во иднина своето знаење и стекнато искуство да го применат на своите нови работни позиции лоцирани во нивното реално место на живеење.

Овие решенија се донесени согласно основните приоритети утврдени во Стратегијата за управување со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи, а со цел зајакнување на персоналните капацитети во регионалните Сектори за внатрешни работи, како и со цел запазување на економско-социјалниот аспект од живеењето на посочените полицајци.

МВР ќе продолжи со своите заложби за јакнење на капацитетите на безбедносниот систем на Република Македонија, без разлика на предизвиците и ризиците со кои секојдневно се соочува.

Чавков стави крај на агонијата на 400-те питомци предизвикана од Спасовски

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, денес на новите 400 полициски службеници од генерацијата 2015/2016 им ги врачи решенијата за вработување.

Во обраќањето Чавков потенцираше дека очекува од нив да направат се за граѓаните да се чувствуваат безбедно и да бидат еднакви кон сите почитувајќи ги законите.

Cavkov-resenija-policajci-5-Само со стручно осбособени и едуцурани кадри, државата може да се справува со сите предизвици на безбедносен план. Перспективата и сигурната иднина на Република Македонија лежат во енергијата и знаењето на младите кои работат заедно и под будното око на поискусните колеги, а наша заедничка и најголема должност е да обезбедиме владеење на правото и безбедност и сигурност за животот и имотот на граѓаните. Убеден сум дека од денес тие се побезбедни благодарение на квалитетот кој во службата од овој ден го носите вие, истакна Чавков.

Cavkov-resenija-policajci-3

Министерот потенцираше дека унапредувањето на полициското работење е еден од врвните приоритети и истото како што рече ќе продолжи да биде во соработка со заедницата и водено од врвни стручњаци и оперативци. Чавков додаде дека реформите и натаму остануваат фундамент врз кој се развива полициската служба.

Cavkov-resenija-policajci-4

-Со новата Стратегија за развој на полицијата (2016-2020) посветено ќе работиме на натамошно обезбедување континуитет во спроведувањео на политиките и долгорочните стратешки приоритети и цели на Владата во областа на внатрешните работи. Развојот на полицијата ќе го темелиме на 4 главни столбови и тоа: управување со ресурсите, работа на полицијата со заедницата, успешно справување со криминалот и учење и развој, посочи Чавков кој додаде дека мисијата на МВР останува унапредување на полициската служба кој ужива доверба на сите граѓани.

Cavkov-resenija-policajci-2Инаку досегашните реформи во МВР со кои се воведени голем број современи законски решенија, стандардни оперативни процедури доведоа до намалување на тешките форми на насилен криминал и зголемување на ефикасноста во сузбивањето на организираниот криминал и тероризмот.

Cavkov-resenija-policajci-8Од 2007 до 2015 година сузбиени се 186 организирани криминални групи со вкупно 3.027 физички и 102 правни лица. Ваквата работа на полицијата резултира со постојано зголемување на доверба кај граѓаните. Македонија од 105-тото место во 2006, се најде на 64 место во 2014 во извештајот на Транспаренси интернешнл според индексот за корупција. Македонија воедно се наоѓа и во групата ТИЕР 1, државни кои целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговија со луѓе.

Cavkov-resenija-policajci-7 Cavkov-resenija-policajci-6

Никовски: Србија го следи политичкиот тек на Македонија – копира наши решенија и проекти

Ристо Никовски, догогодишен дипломат и аналитичар беше гостин во информативната програма на ТВ Нова.

Никовски зборуваше за изборите во Србија, споредбено со Македонија.

„Србија следи некој политички тек каков што имавме ние кај нас. И Вучиќ, по примерот на Груевски кога наидува на поддршка прави предвремени избори, го зголемува бројот на гласови и го продолжува својот мандат за уште четири години. Гласачкото тело покажува една зрелост и јасна подготвеност да ги решава проблемите во земјата и тоа е одлично. Сепак, може да се каже дека нивните проблеми се слични со нашите, а тоа е она што изненадува. Опозицијата и таму зборува дека изборите не се регуларни после нивното завршување“, вели тој.

Според него интересно е што за прв пат ќе има во парламентот мнозинство против ЕУ и НАТО, со оглед на тоа што и партијата на Шешељ влегува во собраниското тело.

„Интересно за овие избори е тоа што Косово беше помалку на агендата за партиските препукувања, но тука се појави Русија. Симпатиите кон Русија дојдоа до израз особено кај партијата на Шешељ кои сметаат дека треба да се градат позитивни односи со Русија“, истакна Никовски.

Во однос на релациите Македонија – Србија, аналитичарот вели дека нашите односи се добри, освен спорот со црквата, но ниту еден српски политичар нема влијание врз таа тема. Тоа што Србите копираат наши решенија и проекти треба да се поздрави – бираат што е добро и што е корисно за нивните граѓани, додаде Никовски.

БЕЗРЕДИЕ: Спасовски и Ременски штанцаат решенија додека нивните хулигани ја тепаат полиција

Додека нивните хулигани и насилници дивеат и ја тепаат полицијата, техничкиот министер за внатрешни работи назначен од СДСМ, Оливер Спасовски и неговата колешка која раководи со МТСП, Фросина Ременски прават криминал и штанцаат решенија на партиски војници за именување на функции директори и началници, пишува КУРИР.

Медиумите уште вчера објавија дека техничкиот министер за внатрешни работи издал наредба правните служби во мистерството до доцна до ноќта повторно да ги донесат сите незаконски решенија кои беа поништени од владата.

Според сознанијата кои беа објавени, Спасовски повторно незаконски за 7 нивоа во хиерархијата го унапредил и сопругот на неговата сопартијка Фросина Ременски. Истото го направила и Ременски која повторно ги носи одлуките кои претходно и беа укинати од Владата.

Ваквото однесување на техничките министри на СДСМ уште пред неколку месеци го најави стратегот на партијата Љубомир Фрчкоски. Зачудувачки е тоа што техничките министри на СДСМ рекоа дека се заробени во владата и до изборите ќе ги извршуваат само основните задачи како да потпишат издавање на плата, а сега повторно унапредуваат кадри носејќи одлуки кои претходно беа поништени.

Само Оливер Спасовски од ноември досега донесе околу 500 решенија спротивни на законот со кои унапредуваше спротивно на внатрешните акти на МВР. Ваквите одлуки беа поништени со одлука на владата.

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Стоп за хаосот од Спасовски и Ременски во МВР и МТСП

Владата на Република Македонија за спроведување на изборите одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои се донесени во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година. Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка, се вели во соопштението од Владата.

Интегрален текст

Согласно член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше.

Врз основа на официјални информации и акти кои беа доставени и разгледувани во законска процедура, беше констатирано дека министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со противзаконски и еднострано донесените акти ги повредиле и работеле спротивно на членот  46 ставовите 2 и 3 од Законот за Владата, а во врска со членот 47 од Законот за Владата. При носењето на овие еднострани и противзаконски акти министрите не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата и затоа Владата ги поништи овие нивни акти.

Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи.

Се решаваат низа проблеми – Владини тимови на терен во директна комуникација со компаниите

Владата на ВМРО-ДПМНЕ креираше посебни тимови кои на терен ги посетуваат компаниите. На тие средби се зборува за проблемите со кои компаниите се соочуваат, се слушаат нивните предлози и барања и за истите се наоѓаат решенија.

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски посочува дека порано минатите Влади не само што не ги посетувале компаниите, туку ни компаниите не можеле да дојдат во контакт со лица од Владата.

Вицепремиерот Пешевски потенцира дека Владата не само што комуницира директно со граѓаните туку и со компаниите имаат блиска комуникација.

-Работиме одлично со сите комори. Имаме посебни тимови задолжени да ги посетуваат компаниите. Досега во 4 циклуси беа посетени околу 520 компании, разговараме за проблемите во компаниите и индустријата. Важно е дека како резултат на овие посети имаме донесени над 70 системски решенија кои им помагаат на сите. На над 200 компании им беа решени нивните проблеми. Сега во 5-ти циклус на посети посетивме околу 120 компании. Во секој циклус ги посетуваме и коморите, тие поднесуваат барање. Одиме по цела територија, во компании од различни сектори и големина за да дојдеме до најдобри решенија, рече Пешевски.

Во моментов се разгледуваат 200 барања за кои има мултиресорски тимови кои ги анализираат предлозите.

222 вработени во градинките добија решенија за работа!

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански извршија увид во градежните активности на детската градинка „Весели цветови“,Делчево.

Спасов изјави дека како никогаш до сега се остварува соработка со општините во Република Македонија, реализирајќи го проектот на Владата на Р.М за зголемување на капацитетите во детските градинки и за зголемување на нови објекти  кои што ќе се отворат во наредниот период или пак се отворени изминатите години во соработка со општините, меѓу кои е и општина Делчево.

-Општина Делчево е вистински пример на општина која инвестира во делот на зголемување на капацитетите и на квалитетот на услугите на детската градинка. Во oпштината има потреба за зголемување на дополнителни капацитети за околу 100 дечиња во детската градинка колку  што има и листа на чекање. Овој објект очекуваме да биде завршен околу средината на 2016 година и целосно ќе се реши проблемот на родителите од оваа општина, ќе се создадат услови да се згрижат сите дечиња во детската градинка, рече Спасов.

Станува збор за заеднички проект на министерството за труд и социјална политика и општина Делчево кои од самиот почеток имаат договор со кој општината   инвестира во изградба на овој објект,  а министерството за труд и социјална политика  инвестира во опремување на објектот. Се очекува до почетокот на месец јануари 2016 година министерството да ја распише набавката за опрема на овој објект.

Градоначалникот на општина Делчево изрази задоволство за изградбата на градинката и  за заедничката соработка со министерството.

Шехтански истакна дека во објектот се вложуваат 2,7 милиони денари за изградба на карабината и дополнителни 17 милиони денари од Светска банка.

Како што истакна Спасов покрај зголемување на капацитетите се вложува напори за зголемување на бројот на вработени, во кадарот на детските градинки.

Би сакал да истакнам дека токму денес се доделуваат решенија за редовен работен однос на околу 222 вработени во детските градинки, согласно Закон за трансформација во редовен работен однос, односно 222 волонтери и лица кои се ангажирани со договор во градинките  ширум Република Македонија, денес ќе добијат решение за редовен работен однос, посочи Спасов.

Тој додаде дека останува уште да се заврши третата и финална фаза од овој проект за трансформација на волонтерите и договорците,  лицата кои се ангажирани со договор на дело или авторски договор во градинките во редовен работен однос, согласно  Закон за трансформација во редовен работен однос кој е проект на Владата на Република Македонија.

Третата фаза ќе опфати уште околу 200 вработени односно вкупно преку целиот проект ќе бидат опфатени околу 670 професионалци кои ќе бидат ангажирани во детските градинки.

ВМРО-ДПМНЕ: 8.000 професори добија решенија за работа, а платите се зголемени за 119 проценти

Реализирани се 8.000 трансформации на работен однос, вклучително и работниот однос на вработените во високо образовните установи за кои СДСМ денес говореше, со што кај 8.000 лица значително се зголеми нивото на задоволство и сатисфакција од работењето и се обезбеди поголема економска сигурност за нив и нивните семејства, соопшти ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на прес-конференцијата на Петар Атанасов од СДСМ.

Според владејачката партија, СДСМ преку паушални изјави и со прикажување делумни информации, се обидува да ја манипулира јавноста.

– Од  2006 година до сега, најниската плата се зголеми за 119 проценти, додека највисоката за 67 отсто. СДСМ најмалку има кредибилитет да говори за состојбите во високото образование и за статусот на просветните работници во земјата, затоа што токму во времето на нивното владеење, високо образовните установи беа опустошени, наставно-научниот кадар под постојан политички притисок, а студентите социјално загрозена категорија, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.