АЛБАНИЗАЦИЈА НА МАKЕДОНИЈА: Зошто се бара двојазичност?

Risto-Nikovski

Државите може да функционираат и да опстанат само ако е овозможена нормална комуникација меѓу граѓаните. Тоа значи дека сите треба да се разбираат на еден јазик. Ова не важи за федерациите кои се поделени во одвоени целини. Во нив, обично, се зборува еден јазик, а на федерално ниво се изнаоѓа некаков modus vivendi поради реализација на заедничките интереси.

Индија е одличен пример. Таму се зборуваат преку 200 јазици, најмногу се користи хинди ама сите се разбираат преку англискиот! Тој е клучот за меѓусебната комуникација. Тоа е една од ретките позитивни последици на колонијализмот во оваа земја. Во Југославија, на пример, српско-хрватскиот јазик беше прифатен за користење во органите на федерацијата, во армијата и дипломатијата. Истовремено, во Македонија се зборуваше на македонски, во Словенија на словенечки… Ако ние и тие зборувавме на нашите јазици во Белград, Југославија многу порано ќе се распаднеше како нефункционална држава.

Македонските голготи почнаа по распадот на Југославија (непризнавање, суспензија на името…), а во трагедија се претворија со војната од 2001 преку Охридскиот рамковен договор (ОРД). Тој е меѓникот од кој почна забрзаното уништување на Македонија и нема сомнеж дека историјата жестоко ќе ги осуди неговите потписници. Тие не разбраа ниту дека „рамковен“ беше намерно наречен бидејќи планот беше да се шири. Мораме да се држиме до потпишаното, ама не смее да се дозволуваат нови нелегитимни барања. ОРД беше мировен договор и неговата улога заврши со преточувањето во Уставот и законите. Сите ни повторуваат ОРД, ОРД… а ние дозволуваме да н` уценуваат со нешто што е потрошено и беспредметно.

По ОРД, сите Албанци што се на чело на државни институции или јавни претпријатија, истите максимално и без скрупули ги албанизираат. Албанскиот јазик го користат како рамноправен на македонскиот, игнорирајќи ги Уставот и законите. На мала врата, тие ја воведуваат двојазичноста како силен исчекор кон федерализација. Фактот што така се однесуваат апсолутно сите функционери Албанци, без исклучок, е крунска потврда дека се работи за строго дефинирана политика на ДУИ, а не за изолирани лични злоупотреби. Власта замижуваше на ваквото нивно однесување, а опозицијата им се умилкуваше критикувајќи ја власта дека е – антиалбанска! Македонскиот синдром на самоуништување функционира беспрекорно во сите услови.

Игнорирање на правниот поредок

Примери за албанизирање на институциите има безброј, секојдневно. Бесими, како министер за одбрана дури и на војниците им се обраќаше на албански, што е чиста бесрамност, а Белата книга за АРМ, наменета за НАТО, незаконски ја објави и на албански. Името на Тетовскиот државен универзитет е прво на албански, меморандумите на министрите се (и) на албански… Имаме и најнови примери (април 2017): инцидентот во Охрид со нелегалниот натпис и на албански кој беше искршен и оглас во весниците на Министерството за екологија на двата јазика… Тоа се директни игнорирања на правниот поредок на државата, на кои никој не реагира. Затоа следеше и тиранската платформа.

Заклучокот е лесен: двојазичноста е процес кој е нелегално почнат по ОРД и упорно се спроведува, а тиранската платформа е обид за негова легализација. Изедначувањето на албанскиот јазик со македонскиот, за што нема никаква правна основа, освен големоалбанските аспирации, ќе го уништи македонскиот карактер на државата. Целта е албанското малцинство да стане државотворен народ, а државата бинационална и двојазична, што практично значи и федерација. Двојазична држава – не може да биде унитарна.

Не треба да имаме дилеми дека албанските партии сето тоа го прават со директна поддршка од Вашингтон. Да потсетиме дека САД го признаа нашето уставно име со единствена цел да не успее референдумот против новата погубна административна поделба (ноември 2004). Историски погрешно, со истата се дозволи албанизирање на Струга, Kичево, Скопје… Одиграа шаховски: името ни го признаа само делумно и привремено за делови на Македонија неповратно да се албанизираат. Слично, за независност на Kосово, беше бомбардиран и Белград. Тоа се кристални докази дека Вашингтон игра на карта на Албанците во регионов и, во тој контекст, целосно стои и зад федерализација на Македонија. Тоа не го гледа само тој што не сака да го види.

Што практично ќе значи двојазичноста во Македонија?

Ако тоа се дозволи, во државната администрација, во јавните претпријатија и во сите институции на системот (образование, култура, здравство…), Албанците секаде ќе зборуваат и пишуваат на – албански! А ако некој од нив ќе сака да зборува на македонски, другите сигурно ќе го спречуваат. Покрај тоа, тие сосема ќе престанат да го учат македонскиот јазик со што ќе се отвори патот за целосна нефункционалност на државата што неизбежно ќе води до нејзин распад. Македонците ќе станат странци во сопствената земја. Ќе мора да учат албански, ако сакаат да се разберат со малцинството.

Сосема со право, Албанците како лекари на пациентите, како кустоси на посетителите, како шалтерски службеници на странките… ќе им се обраќаат на албански. И, нормално, ќе очекуваат на ист начин и да им се одговори. Или, сите ќе бараат преведувачи. Тоа ќе значи дека сме два света кои меѓусебно не може да се разберат. Во институциите на системот ќе настане вистински хаос. Нема да се знае кој што работи и зошто. Хиерархијата нема да може да функционира. Траумите ќе бидат секојдневни. Ќе престане нормалниот живот. Ќе почне процес на целосна, дефинитивна и неповратна поделба на општеството. И Македонците, и Албанците ќе бидат присилени да општат главно меѓу себе. Во такви услови федерализацијата и отцепувањето ќе се наметнат дури и како единствено решение! И, еве ти ја голема Албанија. Мудро, зар не? Македонија уништена без војна, мртви, руини…! Со итрина.

За среќа, тоа е само американска утопија. Разбивање на Македонија, преку двојазичност и федерализација, не е можно без нова стравотна балканска војна. Ако Албанија зграби дел, Грците, Бугарите и Србите ќе дојдат по својот и нема шанси да се договорат што е чие. Ќе се вратат и македонските комити. Ќе следи долготраен пекол кој ќе ја дестабилизира цела Европа. Ако тоа се сака, сегашната политика на албанизација и федерализација на Македонија е навистина добра. Арно ама, тоа ќе биде на штета на сите. Долги години ќе бидат изгубени, со огромни жртви и материјалните штети. Најверојатно, Албанците најмногу ќе загубат! Сите ќе бидат против нив – и Србите, и Бугарите, и Грците и Македонците.

Позитивната страна на агресијата

Големоалбанскиот шовинизам добива на интензитет по распадот на Југославија (Илирида, паравојска…), ама с` до 2001 речиси сите го учеа и зборуваа македонскиот јазик. Тој беше обединувачки фактор. По ОРД, Албанците организирано и масовно престануваат да го учат. Тие се затвораат во гето како етапа во создавањето услови за постапна федерализација. Со тиранската платформа, пак, покажуваат дека е дојден моментот за тоа.

Нашите големи американски „пријатели“, при насилното подметнувањето на ОРД не можеа никако да го оспорат унитарниот карактер на Македонија. Без тоа, договорот немаше шанси да им помине. Затоа, ОРД го формулираа на подол начин кој ќе овозможи билингвалност и федерализација во блиска иднина која, еве, доаѓа. Токму за таа цел, сосема намерно и плански, македонскиот јазик не го поставија како клучен стожер за меѓусебна комуникација и услов за опстанок на целосно редефинираната држава. Тоа не им одговараше бидејќи ќе се задржеше македонскиот карактер. Отворија широк простор за тиранската платформа и прашање беше кога, а не дали таа ќе се појави и како ќе се вика. Тоа беше проста манипулација ама невидлива за македонските „експерти“ и „политичари“ кои преговараа во Охрид. Американските „посредници“ отворено работеа за Албанците кои, пак, имаа и свои главно американски советници, кои сигурно координираа меѓу себе. Македонската страна, пак, го имаше надарениот Фрчкоски, кој знаеше с` ама немаше благ поим што (ни) се случува. Така, поразот беше неизбежен.

ОРД лесно може да се покаже како почеток на крајот на Македонците. За среќа, с` уште имаме можност, ако не целосно, барем доволно, да ги исправиме тие историски неправди и грешки. Затоа, албанската агресија, трасирана со платформата од Тирана, има и позитивна страна. Ни дава неочекувана шанса, додека не е предоцна, да се освестиме и одлучно да кажеме – доста беше! Не смееме повеќе да ја губиме матичната држава без ништо да преземаме! Мора да се бориме за тоа што природно ни припаѓа и што нашите пра, пра… дедовци ни го оставиле во аманет. Народот на улиците нека биде нашата совест која се буди и е готова да им стави крај на погубните процеси иницирани од Вашингтон, слепо поддржани од Брисел и реализирани од Тирана и овдешните Албанци со помош на домашни предавници. Без тоа, прекрстувањето на државата и разнебитување на македонскиот народ се на врата. Тоа неизбежно води во дефинитивно затворање на „македонското прашање“.

Прва задача мора да биде детаљна контрола на спроведувањето на катастрофалниот закон за знамиња, со кој беше прифатено туѓо државно знаме како национално на Албанците во земјава. Последиците се стравотни. Македонското го игнорираат и, кај и како ќе стигнат, си го веат знамето на матичната држава, одбележувајќи практично албански територии! Тоа мора итно да се спречи.

Ужасен е фактот што опозицијата е на погрешна страна. Ама, и без неа, мораме да тргнеме во офанзива. Сите факти и аргументи се на наша страна и треба да ги искористиме. Честите изјави на албанскиот премиер, со кои вулгарно се меша во Македонија користејќи безобѕирни лаги, се директни потврди дека платформата е – тиранска и дека се реализира големоалбанскиот проект.

Целта не се никакви лични права туку целосно уставно преуредување на Македонија што, обично, се прави со војни (2001). Ако го дозволиме тоа, самите ќе бидеме виновни за губењето на сопствената држава.

По кој знае кој пат, пак ние сме на потег.

Пишува: Ристо Никовски за Дневник

Никовски: Тужбата за УСАИД и за Бејли е нова етапа во скандалот (ВИДЕО)

Risto-Nikovski-TV-Nova

Тужбата што „Џудишал воч“ синоќа ја поднесе против Стејд департментот и УСАИД, а се однесува на финансирање на невладиниот сектор под капата на Сорос во Македонија, поранешниот амбасадор Ристо Никовски ја оцени како нова етапа.

– Ова, всушност, е нова етапа во тој скандал бидејќи претпоставувам дека во Америка има многу ретки ситуации каде што јавно се покрева некаква кампања во однос на нивни амбасадор – оценува Никовски, кој додава дека тоа обично се држи скриено, но овој случај добил неверојатно голема јавна промоција.

Никовски: СДСМ нема да се осмели да избере спикер и Влада на нелегален начин

Risto-Nikovski

Сегашната ситуација во Собранието е нешто што е во цел свет можно, се случува, ако сакате и реално. Дебати, неограничени дебати и така се води една парламентарна борба, за секој да си го наметне она што смета дека е поправично, покорисно итн. Го имало во Италија, го имало во бројни земји, изјави во гостувањето во вестите на ТВ Нова, поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Во светот, во западните земји, нема бојкот на Собранието, вели Никовски, што кај нас беше на пример после последните избори во 2014 една реалност и која де факто ја креираше целата оваа криза.

„Од друга страна, ако опозицијата, односно сегашното мнозинство кое на некој начин помина во собранието, се обиде да избира претседател, да избира влада на еден нелегален начин, надвор од Уставот и од деловникот на собранието, тоа ќе биде катастрофално и мислам дека нема да се осмелат на такво нешто, и мислам дека никој од нивните западни поддржувачи кои стојат зад нив нема да дозволат такво нешто-изјави Никовски за Тв Нова.

Никовски: Решение за кризата се нови избори

Risto-Nikovski

Политичката криза во Македонија ќе продолжи и сите политичари мора да се запрашаат за одговорноста што ја имаат. Посетата на Хан и потегот на Иванов покажаа дека не може да си играат со Македонија, смета поранешниот дипломат Ристо Никовски.

Тој во разговор за Телеграф.мк нагласува дека единственото решение во овој момент се нови избори кои ќе ја покажат вистинската слика кај гласачите.

– Посетата на комесарот Јоханес Хан не донесе ништо ново, освен фактот што Македонија почна да покажува заби. Претседателот Иванов постапи сосема исправно, на Брисел му стави до знаење дека не може да си игра со Македонија како што сака, и дека нивните интереси, кои се спротивни на македонските, веќе не врват – вели Никовски за Телеграф.мк

Според него, останува фактот дека кризата и понатаму продолжува, дека светло на крајот од тунелот не се гледа и дека сите политичари во земјава мораат да се запрашаат за својата одговорност.

– Очигледно, решението е во нови избори кои ќе го дадат вистинското расположение на гласачкото тело по манипулациите од декември кога 50.000 или 70.000 Албанци апсолутно не случајно и не по сопствен избор гласаа за македонската опозиција – додава дипломатот.

АНАЛИТИЧАРИ: Македонија остана принципиелна, ЕУ ги покажа двојните стандарди!

Nikovski-Kostov-Karakamiseva

Амбасадорот Ристо Никовски, аналитичарот Сотир Костов и професорката Тања Каракамишева за ВЕЧЕР ја коментираат посетата на комесарот за проширување на Европската Унија Јоханес Хан, кој во Скопје допатува во придружба на тројцата пратеници од Европарламентот Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Ристо Никовски: Претседателот Иванов им покажа дека не може да си играат со Македонија

risto-nikovski-tv-nova

“Најважен дел од посетата на Хан е фактот што претседателот Иванов му покажа дека не може да си играат со Македонија и да ги реализираат сопствените интереси на сметка на нашите. Крајно време беше да се тропне на маса и да му се покаже на Брисел дека мора да престане со својата насилничка политика симболизирана во блокада, уцена и ултиматум – прво прекрстете се, па потоа ќе ве примиме во членство. Да се надеваме дека Брисел ќе ја прими пораката на Иванов и ќе почне да размислуваат во насока која ќе ги демистифицира сите нивни грешки кои водат во уништување на Македонија.

Меѓутоа, мораме да бидеме свесни дека кризата останува и дека сите политички лидери мора да водат сметка за својата одговорност и да бараат решенија кои нема да ја водат Македонија во самоуништување.

Сотир Костов: Се покажа сета хипокризија на европската дипломатија

sotir-kostov-tv-nova

Посетата на Хан и тројцата европратеници, ја покажаа сета хипокризија на европската дипломатија. Како прво, Хан покажа ниско ниво на политичка култура и комуницирање бидејќи не оствари средба со претставниците на граѓаните кои протестираат, а тоа се претставници на 220 до 250 илјади граѓани од цела Македонија.

Како второ Хан го покажа сето свое лицемерие, бидејќи не било до терминот туку немањето желба да се сретне со претставниците на граѓаните иако претседателот му го отстапи терминот.

И на крај, Хан покажа голема суета што не ја удостои македонската јавност со прес конференција и да и каже што разговарал и што се договориле со политичките претставници туку ни даде само штуро соопштение. Најверојатно разочаран од тоа што претседателот Иванов не го прими. И од Хан да е многу е.

Тања Каракамишева-Јовановска: Граѓаните очекуваа ЕУ да ја осуди тиранската платформа

Tanja-Karakamiseva

-И пред доаѓањето на Хан со европските пратеници реков и сега ќе повторам, европските претставници немаат намера да скршнат од испорачаното сценарио на Сорос и старата американска администрација. Тие како на копче и натаму ќе продолжат да го буткаат проектот во кој Заев е марионетата до самиот крај. Оттаму, што може да се очекува од луѓе кои се длабоко инволвирани во сценариото за разнебитување на Република Македонија, освен поддршка за страната која отворено и целосно се става на нивниот послу’авник. Сигурно не може да се очекува дека ќе го згазат своето чедо.

Во овој момент е доволно само да се дистанцираат од политичката состојба во државата. Нивните совети не не донесоа во подобра позиција. Ново странско замешателство во оваа фаза не ни е потребно. Единствено нешто што граѓаните на РМ го очекуваа од ЕУ беше јавно да ја осудат тиранската платформа, конечно да го видат и да го слушнат гласот на македонскиот народ, да го осудат мешањето на Еди Рама и Хашим Тачи во внатрешните работи на земјата во знак на почитување на европските принципи на добрососедство и владеење на правото. Ако им е тешко да го осудат сево ова, тоа значи дека не ги почитуваат ниту своите принципи врз кои наводно работат.

Тие најгласно зборуваат за владеење на правото, а во пракса поддржуваат незаконитост. Гласно зборуваат за добрососедски односи и политики, а во реалноста поддржуваат дискриминација и политичка агресија. Двојните стандарди им станаа болест од која тешко дека некогаш ќе најдат лек.

ЗА ОПСТАНОK НА МАKЕДОНИЈА: Македонска платформа контра албанскиот ултиматум

risto-nikovski-tv-nova

Уставниот поредок на секоја земја е света работа и сите институции се должни да го бранат. Од претседателот до последниот граѓанин. Тоа е основната задача и на тајните служби. Секој што ќе го доведе во прашање – носи кривична одговорност. Така е во цел свет ама не и во Македонија. Kај нас, на пример, се регистрира политички субјект (БЕСА), чија програма е апсолутно спротивна на Уставот и тоа поминува.

Уставите на земјите, пак, се менуваат или на насилен начин, со револуции и војни, каков што беше случајот со Македонија во 2001, или со согласност меѓу главните политички сили. Иницијативи може да поведат претседателот, Владата како и граѓаните со 150 илјади собрани потписи за да се распише референдум. Иако, обично, не е лесно да се постигне двотретинското мнозинство во Собранието, потребно за промена на Уставот, кое изгледа и како некаква гаранција против грешки, редефинирањето на државата, како што сега нелегално бараат Албанците, во никој случај не смее да се стави на маса без претходен општ референдум. Народот мора да се изјасни за таквите промени. За помали уставни промени, двотретинско мнозинство е доволно.

Сегашните обиди, со ултиматум, наречен платформа, да се уценува мандатарот за редефинирање на државата, е неприфатлив начин кој мора да се отфрли без дискусија. Такви уставни овластувања немаат ниту претседателот на владата, а уште помалку мандатарот. Kакви било преговори за тоа се нелегални, исто како и секоја влада која прифаќа програма спротивна на Уставот. Прв кој не смее да дозволи таква влада е претседателот, кој го дава мандатот, а по него и Собранието. Kај нас, меѓутоа, и тоа не важи. Ултиматумот и уцената се ставаат на маса, околу нив се дискутира и тие се третираат како легитимни. Паралелно, дел од нашите морони, наречени „интелектуалци“ или слично, од најпримитивни политички интереси, платформата ја сметаат за реална и прифатлива! Тоа е нашата трагедија. А дали се тие дебело платени од некого или не – ич не е важно. За разлика од еден Ѓорѓи Спасов, Стојан Андов овој пат беше коректен и клучните барања на Албанците ги оцени како неприфатливи.

Целиот овој галиматијас, кој мириса на обид за државен удар, воопшто не е случаен. По Пржино и Kуманово, ваквиот исчекор на македонските Албанци е очекуван. Откако САД, со прислушувањето, ни ја сместија кризата, во Пржино немаше услови да се вклучат и барањата на македонските Албанци, иако таков им беше планот бидејќи атмосферата беше вжештена, се бараа незамисливи отстапки од власта и во прашање беше судир меѓу Македонците. Kуманово беше вториот обид за отворање на нови меѓуетнички преговори, по угледот на Охрид, ама и тоа пропадна бидејќи терористите беа итно ликвидирани. Формирањето на владата, меѓутоа, беше третата шанса која Албанците не смееја да ја пропуштат. Така се појави платформата.

Исклучително е важно што со нејзиното подготвување во Тирана, и консултациите во Приштина, сосема се отворија картите дека во прашање е финализација на големоалбанскиот проект. Иако веќе ни беше познато дека негов главен менаџер е Вашингтон, а подизведувач е Тирана, помогната од Приштина, сега и најнаивните мораа тоа да го сфатат. Се виде дека лидерите на македонските Албанци се тројански коњи на поширок проект кој има за цел да ја руши државата. Тие се сликаа во Тирана, горди што спроведуваат заеднички големо државни политики.

Во светот нема унитарна држава која е двојазична. Тоа е карактеристика само на федерации и конфедерации, кон што неизбежно водат и настојувањата за двојазичност во Македонија. Целта е на Албанците да им се овозможи легално отцепување. Токму затоа, тие избегнуваат да го учат македонскиот јазик. Сакаат да се гетоизираат и државата да стане нефункционална. Двојазичноста ќе го забрза процесот.

Платформата е тежок пораз на сите наши досегашни политики и кон Албанија и, особено, кон Kосово. Ние цело време изигруваме коректност, добронамерност и, богами, преголема флексибилност, правејќи се дури и наивни и ред беше да не удрат по глава. Затворањето на очите, најчесто, води во бездна. Нелегалната независност на Kосово ја признавме на брзина, во незгодно време за Србија ама, иако под жесток американски притисок, одлуката и одговорноста беа наши. Нормално за нас, никакви услови не поставивме. Не инсистиравме на статусот на Македонците од Гора, а уште помалку на некаква обврска за коректност на Приштина кон земјава. Потпретседателката на ДУИ и на Владата, Теута Арифи, дури инсистира ние да го признаеме Kосово, а тие да ја користат референцијата од ООН! Демек, тие држава, ние поранешна! Ваквите срамни залагања, објавени во колумни во „Дневник“, се толерираа. Никој не се спротивстави.

И додека ние, со главите во песок, ја прифативме втората албанска држава, која сега ни праќа платформи во вид на уцена и ултиматум, другите држави однапред водат сметка за своите интереси, какви и да се тие. Грција, на пример, веќе 25 години нелегално ги попречува нашите меѓународни интеграции, без никаква осуда.

Да потсетиме дека овој албански памфлет не е ништо ново. Тој е продолжение на големоалбанската стратегија наречена „Платформа за решавање на албанското национално прашање“, подготвена во 1998 година од Албанската академија на науките, на барање од претседателот на државата. Сегашната е само прецизирање на нејзиниот дел за Македонија. Токму на таа линија, Еди Рама ни откри дека македонските Албанци не барале фотелји и ни порача дека не е важно кој ќе состави влада, туку дека е клучно да се реализира нивната платформа. Ако е така, а така изгледа, тој јавно ни појасни дека нивната цел може да биде само – Голема Албанија. Ништо друго. Иницијаторот ни стави на знаење дека нема отстапување од зацртаната политика. Пораката не можеше да биде појасна, а ако сето ова не е мешање во нашите работи, тогаш – што е? Дека во прашање е „мегали“ проект ни потврди и Беса. Нивната објава гласи – „По извршените консултации со претставници на албанската држава, со цел да се произведе една заедничка декларација на албанските партии во Македонија, с` со цел да покажеме посветеност дека Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза…“! Големоалбанска, која друга?

Вакво агресивно мешање на Албанија во Македонија не е можно без зелено светло од САД. Најверојатно, оттаму е даден и сигналот. Инаку, Вашингтон ќе мораше да излезе со критика. Немаше да молчи ниту Брисел, како нивни слеп следбеник. Да потсетиме дека, за разлика од нашиов случај, тие го осудија српскиот воз за Kосово како провокација! Сепак, проблемот е кај нас: не презедовме ништо во самоодбрана. Мора да бараме став и осуда и од едните, и од другите. Знаеме дека тие стојат зад Тирана и памфлетот ама за да ја разобличиме нивната дволичност. Додека молчиме, ќе си тераат по свое. Треба да се бара поддршка и во Москва, Пекинг, Виена, Париз, Берлин, Лондон… Не е доцна за демарш и официјално да се тропне на маса во Тирана и Приштина. Проблемот може да се крене дури и до СБ на ООН бидејќи се загрозува регионалната безбедност. За жал, такви политички и дипломатски капацитети – немаме.

Платформата, што целосно го игнорира договорот од Охрид, покрај финализирањето на големоалбанскиот проект има за цел да го забрза и прекрстување на државата. Брисел, како гласноговорник на Вашингтон, веќе најави дека сакаат да ги решиме и „билатералните проблеми“. Откако не фрлија на колена, тоа е нормално. Играта се одвива паралелно, на два колосеци, а намерите се компатибилни: се уценува формирањето на владата за да се исклучи владејачката партија која не сака да го витка ’рбетот; на сцена стапува опозицијата која е спремна на се’; се создава мнозинство кое го прифаќа албанскиот ултиматум; заедно ќе ја прекрстуваат државата за НАТО и ЕУ; без разнебитениот македонски народ, нема пречки за трета албанска држава…

Тоа е убаво замислено ама, од повеќе крајно сериозни причини, и покрај целосната ангажираност на Вашингтон и Брисел, е нереално и неизводливо. Широко поддржана од народот, сосема со право, владејачката партија нема да го дозволи тоа. Ако опозицијата и ДУИ успеат да формираат влада, истата нема долго да трае и нови избори се неизбежни. За тоа е свесна и опозицијата која ќе мора три пати да размисли што да прифати од албанскиот ултиматум. Што повеќе навлезе во недозволените води, тоа повисока цена ќе плати на блиските избори. Лидерите на опозицијата му нанесоа огромни штети на македонскиот народ и историјата жестоко ќе ги осуди, заедно со сите нивни слуги.

Ова се историски моменти што Вашингтон, четврт век, филигрански ги создава за да го затвори „Македонското прашање“. Досега издржавме, ама залакот стана преголем. За Македонија да опстане неопходни се одлучни чекори. Дома, за да се постигне макар минимален национален консензус и по можност да се подготви „Македонска платформа“. На меѓународен план, пак, потребна е широка дипломатска акција за одбрана на нашите легитимни и универзални права. Kако и многу пати досега, ние сме на потег. Дали и овој пат ќе ги преспиеме предизвиците, од нас зависи.

Пишува: Ристо Никовски за Дневник

Колумна на Ристо Никовски: Заев се фати во истата стапица

Risto-Nikovski

ОХРИДСKИОТ РАМKОВЕН ДОГОВОР KАKО ЗАВРШЕН ЧИН НА ГОЛЕМОАЛБАНСKИОТ ПРОЕKТ (2)

Второ, суштината на Охридскиот рамковен договор (ОРД) е бришење на македонскиот карактер на државата преку дерогирање на мнозинскиот народ во „етничка заедница“, изедначувајќи го така со сите малцинства. Тој отвора простор за федерализација за да се овозможи легално отцепување на Албанците и финализација на големоалбанскиот проект. Овој план, упорно реализиран од Вашингтон, ја релативизира дури и анулира улогата на мнозинството кое е доминантен столб на демократијата.

Така, ОРД го потпишаа по две македонски и албански партии, што треба да означува паритет меѓу нив иако Македонците се речиси трипати побројни. Репризата во Пржино, не е случајна туку замислена да биде нов „доказ“ за функционирањето на новиот „систем“. За да се постигне тоа, подметната ни е и кризава низ која предолго врвиме. Се заедно, Вашингтон го затвора „македонското прашање“од надвор, преку прекрстување на државата и разнебитување на народот и однатре, со бришење на македонскиот карактер на државата.

Трето, во својата основа, ОРД е мировен договор со кој заврши војната во 2001-ва, која срамно ја загубивме. Одговорните за овој пораз, како и за самиот ОРД, нема да ги одмине судот на историјата, кој е безмилосен иако кај нас обично доцни. Во светската историја, ниту еден мировен договор не бил официјално надградуван. Во нашиов случај, бидејќи се работи за „рамковен“, тој е финализиран со договорените анекси и неговата улога заврши со нивната имплементација во Уставот и законите.

Така, ОРД веќе нема никаква важност, освен – историска. Неговите катастрофални последици веќе ги чувствуваме, а ќе следат и нови. Затоа, сите барања за некаква негова ревизија или надградба се, едноставно – бесмислени. Историјата не може да се менува. Ние можеме да зборува за промени на законите та дури и на Уставот ама без никакво повикување на ОРД. Честото негово спомнување од Брисел и Вашингтон е чиста манипулација и дополнителен жесток притисок врз земјава. Наша непростлива грешка е што тоа го дозволуваме и толерираме. Федералните заложби, пак, се застрашувачи последици на овој погубен договор, кој ни беше подметнат токму за таа цел.

Четврто, апсолутно беспредметно е и постоењето на некаков секретаријат во Владата, на чело со заменик премиер, кој треба да се грижи за имплементација на ОРД!? Тоа е невиден анахронизам кој зборува за нашата недоветност ама и за итрината на другите кои така не држат под вечен шах. И, замислете, тој фиктивен секретаријат вработува илјадници лица кои седат дома и примаат плата, во име на правичната застапеност на Албанците! Толеранцијата на една ваква глупост создава нереална и нездрава политичка клима и стимулира поразителни активности.

Петто, има повеќе видови мировни договори. Овој, Американците го крстија така со единствена цел Албанците, поддржани од нив, постојано да бараат ширење на „рамката“.

Заев, пак, се фати во истата стапица од следните можни причини: Прво, од него тоа, веројатно, го бараат странските ментори. Свесни дека тој ќе загуби, целта им е да се врзат рацете на победникот и албанската партија да може да поставува максимално непринципиелни коалициски барања и кризата да продолжи. Затоа, сите албански политички субјекти сега излегоа со најекстремни националистички платформи, со закани и уцени – или ќе се прифатат нивните поразителни услови за Македонија, или нема влада. И за нив, и за Заев – сега му е мајката. Второ, ако победникот нема доволно пратеници, тој да избие во прв план и, преку коалиција со сите албански партии, да формира влада. Трето, знаејќи дека ќе загуби, што ќе значи и крај на неговата политичка кариера, сака и државата да пропадне, заедно со него. Четврто, во очај, се фаќа за сламки…

Просто е неверојатно, и непростливо што дозволуваме еден заскитан во политиката да ни ја крои капата и нам и на целиот регион. Сепак, најчудно е што не реагира никој од неговите сопартијци. Заев покажа дека нема поим што ни се случува, сите овие 25 години на независност. Очигледно, воопшто не му е јасно дека САД ни ја кројат капата и дека, во рамките на нивното сценарио, безбедносно сме загрозени само од внатре – од големоалбанскиот национализам кој, по 2001-та, зема се поголем замав. Не случајно, тоа се прави преку злоупотреба на ОРД кој е, пак, симболот на современата македонска национална катастрофа. Залагањата за било какво негово надградување, се всушност обиди за ново кинење на македонското национално ткиво.

Во Швајцарија, Заев имал и други „бисери“. Оценил: „И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобри. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија“. Не знам вие ама јас поголема глупост од оваа не сум чул долги години. Жртвата станува виновник. Елаборација не е потребна. Ова е навреда за секој наш граѓанин.

Неговото залагање, пак, дека е „важно да се разбираме било на кинески, француски, албански та дури и на македонски“ е таква човечка, политичка и интелектуална мизерија, што не заслужува коментар. Се заедно, Заев излезе поголем албански екстремен националист од сите други.

Заев мора да биде казнет на 11 декември. Недвосмислено и уверливо. Во спротивно, ќе докажеме дека не сме достојни за сопствена држава. Секој од нас е на потег и право на грешка – немаме. Во прашање е плебисцит – дали ќе не има, или не. Ако си ја сакате државата – гласајте.

Пишува: Ристо Никовски за Дневник

Никовски: Ставовите на Заев се негирање на фундаментална вистина, на сметка на нечесни амбиции

risto-nikovski-tv-nova

Кога обичниот граѓанин го следи она што го изјавува Заев сигурно си помислува „Овој човек не е од тука. Веројатно е од некоја друга планета“, анализира Ристо Никовски на ТВ Нова.

Ова не е само почеток на таа негова реторика, се потсетува Никовски, започна на Косово, кога спомна дека сите Македонци треба да  учат албански а не обратно.

-Пред десетина дена Тв 21, го прашаа зошто не го отвори случајот Монструм, кој беше најавуван повеќе пати, а тој рече дека не го објавил затоа што затоа што тоа се полувистини. Тоа ќе предизвикало незадоволство и нервози. Знаете дека полувистини се полу лаги. А што станува со другите бомби? Значи дека и тоа се полувистини со кои ги стресе темелите на оваа држава, вели Никовски.

На сета позната историја, додава тој, човек треба да биде идиот за да не може да ги разбере тие работи.

-И да одите со една таква теза во јавноста и тоа надвор од државата значи дека ги поткопувате историските фундаментални и темелите а оваа држава. Вие го рушите она што Македонците го граделе како народ. И сето она што се случува е де факто рушење на македонскиот карактер на државата. Не е можно на тој човек да не му е јасно што се случи во 2001 година, додава Никовски.

Таквите тези се негирање на една фундаментална вистина и за тоа мора да има тешки, длабоки и нечесни политички амбиции, смета Никовски.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

Никовски: Стануваме полигон на судир на руско-американските односи и тоа ќе се продлабочува

risto-nikovski-tv-nova

Америка е тука присутна, нема намера да го напушти Балканот, сите тие шпекулации дека Американците имаат други интереси не се точни. Американците робусно легнаа по распадот на Југославија прв пат на Балканот, никогаш порано не биле фактор. Неприкосновен фактор се и ќе направат се да останат тука, и влијанието кое го имаат тука, и во Србија и Босна ќе продолжат по сите параметри да го продлабочуваат.

Аналитичарот и поранешен амбасадор, Ристо Никовски смета дека стануваме полигон на судир на руско-американските односи:

Ние стануваме еден полигон на судир на руско-американските односи и тоа ќе се продлабочува, ќе се проширува и ќе биде поинтензивно во иднината и Македонија треба да биде свесна дека во тие рамки мора да ја гради својата иднина.

Во вечерашното издание на емисијата „Аргументи“ на Љубиша Николовски во фокусот е регионалната безбедност. На оваа тема во студиото дебатираат аналитичарите Александар Даштевски и Ристо Никовски и универзитетскиот професор Томе Баткоски.

Никовски: Никој не може да ги доведе условите за избори во прашање

risto-nikovski-tv-nova

Во вечерашната емисија „Аргументи“ со Љубиша Николовски се дебатира на темата „Услови за избори има, ќе има ли избори?“ Гости во студиото на ТВ Нова се политичките аналитичари Ристо Никовски и Александар Станковски.

Никовски вели дека услови за одржување на избори има, а тоа го потврди и комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан.

-Тоа го потврди и Хан: Условите веќе никој не може да ги доведе во прашање. А до вчера, кој диктираше? Пак од надвор се диктираше дека услови нема, затоа што ним не им одговараше, беше прерано и СЈО да ги даде своите резултати кои тие ги очекуваат и тоа колку е власта зависна од меѓународниот фактор, тоа е исто една реалност со која мора да се живее, изјави Никовски.