Бошњаковски: СДС не треба денес да слави роденден – таа само го смени името, но остана наследник на теророт кој го вршеше тогашниот режим

СДС не треба денес да слави роденден. На денешен ден не е основана нова партија, туку е преименувана старата партијата СКМ-ПДП т.е. КПМ. Таа беше носител на комунистичката диктатура во тогашна СРМ. Така СДС не е само морален, туку е и правен наследник на теророт кој го вршеше тогашниот режим, кој не дискриминираше помеѓу народите и народностите.

Од овој период потекнуваат економските структурални проблемите – конкретно на албанците затоа што е актуелно – со невработеност и незастапеност во јавните институции и образование. Да вистина е дека, према албанците имало големи неправди. Тоа во ни еден случај не е геноцид, ама не е за негирање, како што не треба да се негираат и неправдите врз сите народи и индивидиу од тогашниот ненароден режим, во кој џелати биле и македонци и албанци и срби и се друго без да навројуваме.

Денес наследниците на овој режим – често и крвни не само партиски – сакаат да ја претстават СДС да европска партија, која се бори за демократија и правата на малцинствата! Тоа е смешно! Исто како некој наследник на Сталин да кажува за слобода на мислење или некој ех-наци да се бори за правата на евреите.

Но има барем една позитивна работа во цела оваа иронија. Барем се срамат од своето минато, па се обидуваат да го скријат. Барем знаат дека грешеле. И тоа и се друго ќе им простиме. Само нека престанат!

П.С. Освен партијата на Слобо во Србија, ниту во една источно-европска или ех-ју земја не се актуелни веќе поранешните комунистички партии.

Фејсбук статус на Владо Бошњаковски

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Војската го прославува Денот на АРМ со максимална ангажираност на терен

Армијата на Република Македонија, благодарејќи на несебичниот и професионален ангажман на
своите припадници кои со љубов кон татковината, лојалност, одговорност и посветеност ги извршуваат поставените задачи, ја докажува својата цврстина во моментите кога тоа е најпотребно и кога тоа се бара од неа.

Стотици нејзини припадници, 24-тиот роденден на АРМ ќе го одбележат  обезбедувајќи ја  јужната државна граница, но и неуморно ангажирајќи се во справување со последиците предизвикани од поплавата во скопскиот регион.

arm vojnici

arm vojnici1

arm vojnici3

arm vojnici5

arm vojnici6

arm vojnici7

arm vojnici8

arm vojnici10

arm vojnici2

arm vojnici4

arm vojnici9

На довербата се возвраќа со пожртвуваност.

УАПСЕН ПРОВОКАТОР: Полицијата ги спречи СДСМ и „шарените“ во обид да направат инцидент

Не успеа обидот на таканаречените „шарени револуционери“ да исценираат инцидент за време на прославата на 26. роденден на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Музејот на ВМРО.

Полицијата спречи еден од активистите на „Шарената револуција“  во обидот пушти транспарент од Камениот мост и со тоа да исценира инцидент.

Apsenje-Sarena-revolucija

Според информациите од терен, предводници на групата биле директорот на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) Саша Богдановиќ, истакнатите активисти на шарената револуција Замир Мехмети, Павле Богоевски, синот на актерот Драган Спасов – Дац и други платеници на СОРОС.

Тие се обидоа да направат инцидент и да ја испровоцираат полицијата која ги спречи. Целата случка се одвиваше на другата страна од Вардар, карши музејот на ВМРО каде лидерот на владејачката партија Никола Груевски имаше свое обраќање по повод 26 роденден на партијата.

ФОТО: УМС го прослави роденденот на ВМРО-ДПМНЕ со над 100 бакљи распоредени на Камениот мост

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со над 100 бакљи поставени на Камениот мост го прослави 26 годишниот роденден на владејачката партија.

Лидерот Никола Груевски во своето обраќање рече дека во овие 26 години ВМРО-ДПМНЕ го оправда носењето на префиксот ВМРО во своето име.

-Секогаш и секаде беше прва на браникот на татковината и интересите на својот народ и своите граѓани.Го оправда и префиксот ДПМНЕ. Вложи најмногу од било кој не само за осомостојувањето и независноста, туку и за напредокот на земјата, економски, политички, демократски, патот кон ЕУ и НАТО,националното единство, но и  реформите, изградбата на земјата, решавање на најмногу проблеми на граѓаните, делата, рече Груевски.

UMS-baklji-1 UMS-baklji-2 UMS-baklji-3

ВМРО- ДПМНЕ го слави 26. роденден

„Идеја и дело – посилни од сè” е слоганот со кој ќе се одбележи 26 роденден на владејачката партија денеска пред Музејот на ВМРО со почеток од 20 часот.

Партијата е идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893 година.

По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава.

 

Голем ден за Македонија – 144 години од раѓањето на Гоце Делчев

Со низа активности денеска се одбележува 144-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегации на државни институции, политички партии, здруженија на граѓани, општини и установи ќе положат цвеќе на гробот на  Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Цвеќе ќе биде положено и на спомениците на Делчев во главниот град – на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.

Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата.

Среќен роденден Премиере – Груевски наполни 45 години

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска го прославува својот 45 роденден. Тој е роден во 1970 година во Скопје.

Неговиот татко Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор во Шумарскиот факултет на Скопскиот университет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков.

Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (1994), по што работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (12. XII 2006). Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонска берза.

Премиер на Македонија е од 27 август 2006 година. Деновиве тој одбележа и девет години премиерски мандат. Груевски е во брак со Боркица од 2007 година, со која има две ќерки, Анастасија и Софија.

ФОТО: 25 години од основањето, народот е силата на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 25 години од основањето под слоганот „Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава “.

Илјадници граѓани се собраа на едно место, за да прослават роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, а ова е дел од атмосферата на прославата.

25-godini-VMRO-DPMNE 25-godini-VMRO-DPMNE-1 25-godini-VMRO-DPMNE-2 25-godini-VMRO-DPMNE-3 25-godini-VMRO-DPMNE-425-godini-VMRO-DPMNE-5

ВИДЕО: 25 години ВМРО-ДПМНЕ – најголемата партија в сабота ќе го прослави роденденот

Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство или скратено ВМРО-ДПМНЕ – најголемата политичка партија во Македонија во сабота ќе го одбележи својот 25 роденден.

25-godini-VMRO-DPMNE„Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава“ е слоганот со кој ќе се одбележи роденденот на владејачката партија во сабота на плоштадот ВМРО со почеток од 19 часот.

Партијата е  идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893. По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава.