Срамота! Новата влада го избрка Самсоненко од Вардар

Животот кој беше најавуван од новата владеачка гарнитура очигледно може да преставува смрт за спортот во Македонија. Само по три месеци откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт, најголемиот инвеститор во македонскиот спорт и човекот чии инвестиции испишаа златни букви во македонскта спортска историја, Сергеј Самсоненко денеска објави дека заминува од трите клуба во кои беше сопственик, ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар.

Самсоненко во отворено писмо кажа дека одлуката колку и да е тешка ја донел, а таа е дека по крајот на оваа година заминува во вардаровото семејство.

-Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови, пиша во писмото Самсоненко.

Инаку Сергеј од новата владеачка гарнитура и од членството на СДСМ цело време беше етикетиран како „подржувач на режимот“, дел од нив дури и пробаа да го оспорат успехот на Вардар кога ја освои Лигата на шампионите во ракомет, бидејќи сопственик на клубот бил токму Самсоненко.

-Овие кои уриваат, навредуваат, плукаат и се закануваат… завршија уште една работа – го натераа Самсоненко да го напушти шампионискиот Вардар и, секако, Македонија. Заминуваат и исчезнуваат сите успешни и оние кои нешто создале, остануваат само заштитените. Кој е следниот? Толку од успешните, од шампионите и од градителите… се дел од коментарите по социјалните мрежи.

Министерот за култура Роберт Алоѓозовски беше само еден од оние кои го навредуваа сопственикот на Вардар, тој на Твитер Самсоненко го нарекуваше „Куртоненко“, како „гласен подржувач на поразениот режим“.

Медиумите пак под контрола на СДСМ и Сорос цело време отворено пишуваа против рускиот сопственик на Вардар, тие дури и го обвинија дека тој спрема војна во Македонија. Во моментите пак додека Вардар со инвестициите на Самсоненко секој ден се повеќе и повеќе растеше, Јани Макрадули од Катица Јанева побара да му го замрзне имотот на Самсоненко.

Сергеј Самсоненко во Македонија пристигна во 2006 година, по што неколку години подоцна тој почнува со своите инвестиции во спортот и прави вистинска револуција и од финансиски аспект, во бројот на инвестирани средства, како и до спортската инфраструктура. Тој прво го презема ЖРК Вардар, каде веднаш почна да носи ракометарки кои се светски докажани и за кратко време од локален клуб кој кубуреше во нашата прва лига, направи европски бренд, кој веќе 3 години по ред игра на Фајнл-форот во женската Лига на шампиони.

Потоа тој влезе во РК Вардар, па на крај и во последниот клуб од семејството каде тој инвестира, а тоа е фудбалскиот клуб Вардар, клубови кои пред тој да стане сопственик не можеа долго време ниту да помислат на успесите кои ги имаат.

Викендот на втори и трети и јуни цела Македонија беше сплотена во едно, а тоа поддршката за тимот кој токму тој викенд стана европски првак во ракомет. Никој никогаш најверојатно нема да ги заборави головите на Лука Циндриќ и Иван Чупиќ за пласнам во финалето и освојувањето на европскиот трон. Калибар на играчи кои пред Самсоненко да почне да инвестира во ракометот во Македонија, немаше да може ниту да ги замислиме во некој наш клуб.

Сите вечно ќе го паметат и пречекот на ракометарите на плоштадот, спортска радост која македонскиот клупски спорт доста долго време ја немаше осетено.

Покрај инвестициите директно во трансфери на играчи и тренери во клубовите Сергеј Самсоненко направи големи инвестиции во македонскиот спорт и во она кое што не секој го приметува, меѓутоа на долги стази секогаш носи резултати, а тоа инфраструктурата, со која Вардар доби услови на работа како и скоро секој голем европски клуб. За тоа токму говореа и ракометарите кои доаѓаа во Вардар дека вакви услови за работа и играње нема никаде во Европа кога сме кај ракометот.

ФК Вардар прв пат после 14 години помина едно коло во Лигата на шампионите и тоа со победа против шведски Малме, кој пред тоа имаше низ години со настапи во групните фази од европските натпреварувања.

Прв пат во историјата на македонскиот фудбал, ФК Вардар доби модерен тренинг камп, тренинг камп каков што имаат најголемите светски клубови како Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и останатите европски великани.

Услови какви што досега немале ниту едни млади фудбалери осетија младите фудбалерите на Вардар, од оние најмладите до они кои веќе тропаат на вратата на првиот. Сергеј Самсоненко во Скопје изгради ултра модерна фудбалска академија, која ја користат само младите фудбалери.

Покрај женскиот и машкиот ракометен колектив на Вардар придобивки од Самсоненко имаа и други спортски колективи, како што е кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје. Салата Јане Сандански Сергеј ја зема за да изгради сала за своите ракометни колективи и стариот и руиниран објект доби сосем нов изглед, стана една од најмодерните сали во светот, со сите стандарди на меѓународните спортски федерации.

Човекот кој направи вистинска револуција во македонскиот спорт, за новата власт и медиумите кои се под нејзина контрола беше презентиран како се најлошо, беше обвинет дека ќе правел војна, беше навредуван. А Сергеј Самсоненко на македонскиот спорт му донесе само радости и историски успеси

Жерновски да упати јавна благодарност и извинување до Самсоненко

Го повикувам градоначалникот Жерновски доколку има доблест да излезе на прес и јавно да му се заблагодари на г-динот Сергеј Самсоненко за изградбата на капиталниот проект во општина Центар, бидејќи е единствениот проект за овие 3 години од владеењето на Жерновски со оваа општина, напиша на својот ФБ профил советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, Елена Петковска.

-Би сакала да го запрашам дали не се срами кога пред година ипол излезе на прес и обвинуваше дека изградбата на Академијата за дечиња е раскрчмување на државниот капитал ? Во минатото кога градежното земјиште се продаваше во затворена просторија во четири очи по багателни цени, како што е примерот со земјиштето за изградба на Рамстор, оваа локација каде сега се изгради овој грандиозен проект за млади фудбалски надежи беше отуѓувањето спроведено по пат на јавно наддавање, каде г-динот Сергеј ја купи оваа градежна парцела нешто повеќе од пола илион евра, од кои 40% завршија во буџетот на општина Центар односно приход од 220.000 евра, напиша Петковска.

 Таа додава дека Академија по светски стандард е изградена во центарот на Скопје, грандиозен проект, прекрасна инстиуција за развој на сите млади фудбалски индивидуи и развој на спортот за здрави спортски навики на младите генерации.

-Две осветлени фудбалски игралишта, соблекувални по највисоки стандард, предавална за теортска и спортска настава, просторија каде што ќе можат родителите за прв па да ги следат своите дечиња како работат и тренираат во најсовремени услови по свески стандарди кои ги имаат најголемите европски клубови.  Додека некој како Жерновски се обидуваѓе да манипулира со јавноста и да обвинува за раскрчмување на државен капитал, други инвестираат во капитални проекти во општина Центар, со кои може да се гордееме !, напиша Петковска.