Груевски: Законот за јазици е неуставен, а односот на Заев и СДСМ кон Албанците е нечесен

Gruevski-Alsat-M-2

Според сите истражувања на јавното мислење најбитната работа за Албанците е економијата, отворањето на нови работни места, зголемување на животниот стандард и зголемувањето на платите и пензиите, ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го истакна вечерва во емисијата „200“ на телевизија Алсат.

-ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заедници во Македонија вклучувајќи ја и албанската, впрочем во 2008 се донесе законот за употреба на јазиците и се донесе во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, но она што ние не се залагаме да се случи е да не се донесе закон кои што ќе биде против уставен и кои што подоцна може да падне на уставниот суд. Имено од она што ние можеме да го видиме во овој период СДСМ и Зоран Заев одат на таа карта да пред локалните избори понудат закон за албанскиот јазик со кои што се зголемуваат правата на начини на кои што се спротивни на Уставот и тоа што го планираат по локалните избори откако ќе ги измамат и ќе ги поддржат веројатно поголем број на Албанци или ќе го корегираат тоа или ќе го донесат па Уставниот суд ќе го поништи, тоа е нечесно и не е фер кон Албанците, тоа е некоректно, потенцираше Груевски.

Тој вели дека засега првата фаза од овој закон предложен од СДСМ и ДУИ е неуставен, тој вели и дека доколку втората фаза е уставна тие како партија ќе го поддржат овој закон за јазиците.

-Ние се противиме да се донесе закон за јазиците кои што е неуставен, ние сакаме се да е согласно со уставот, а во овој дел огромен дел од законот е неуставен и нашите пратеници секој ден го потенцираат тоа во детали и посочуваат што е неуставно, вели Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС работи со манипулации, создавање на хаос и демонстрирање на бандитизам кој станува нивна главна одлука

VMRO-DPMNE-kamen

Заев со амнестија ги лаже затворениците и ги злоупотребува во предизборни цели. Мавтањето со предлог закон за амнестија кон прекршителите на законот, сторители на кривични дела не е ништо друго туку изборна корупција и кохетирање со затворениците пред избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку случајот на ослободувањето на Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи се покажа дека кога сака СДС и Заев не им е потребна амнестија за ослободување туку тоа се прави преку кршење и злоупотреба на законот. Зоран Заев е нечесен кон луѓето кои се по затворите. Тој сака да ги искористи како гласачка машинерија, а во реалноста тој ќе ги измами и оваа категорија на граѓани. Владата на СДС работи со манипулации, создавање на хаос и демонстрирање на бандитизам кој станува нивна главна одлука, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека ова граѓаните ќе го казнат СДСМ на 15 октомври.

СДСМ СОЗДАВА СУДСТВО ПО СВОЈ ТЕРК: Фрчкоски со закана до судиите дека ќе одговараат кривично (ВИДЕО)

Frcko-24-vesti

На вчерашната емисија ,,24 Анализа” на телевизија 24 -Вести универзитетскиот професор, Љубомир Фрчкоски,близок до актуелната власт на СДСМ истакна дека мора да има судење на судии и судиите мора да се соочат со кривични пријави, почнувајќи од бившиот претседател на Основен суд 1 до Врховниот суд.

-Нашите до ден денеска ако го забележите начинот на изразување,не можеа да кажат судење на судии.Највеќе што завршуваа завршуваа до смена на судиите,кои се проблем и правеле проблеми.Они не го изречуваа дека тие судии мора да се соочат со правда,мора да ги судат,мора да има кривични пријави од условно да кажам сега бившиот претседателот на кец,до Врховниот суд,зошто да не. Мора да се направи листа од оние судии кои направиле кривични дела, оние кои ја оневозможиле и опструирале правдата,независно што биле во позиција најтешка,најболна да ја спроведуват истата,рече Фрчкоски.

Според Фрчкоски за нив треба поостри критериуми,не поблаги критериуми,бидејќи тие највеќе изневериле. Фрчкоски вели дека треба да се судат и да им се забрани да извршуваат функција. Тој вели дека треба да се судат судиите и дека тоа е многу важен потик кој овој извештај се додава.

-И јас имислам дека освен судење на мафијата, односно на судење на постапките кои СЈО ги води,после веројатно локалните избори,таа промена во Републичкиот судски совет и избор на нов состав на советот,тој најверојатно ќе смени,после тоа за очекување е едно 20 судии кои се третираат како најкорумпирани,директно партизирани,на основа на нивната нестручност и партизираност во работата,посочи Фрчкоски.

Ценејќи ги препораките во извештајот на Прибе, тој вели:

-Веројатно нема да се оди на никаков поширок генерален реизбор, па и тој го вели дека такво нешто е многу тешко,но смената на едно 30 судии,англичаните викаат измешува реакција и потоа целиот систем како брана да пука.

Владата на Заев ќе го закопа здравството: Укината задолжителната обука во странство

Doktori

Во парламентот во рамките на 12. седница донесени се измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите. Овие измени, односно укинувањето на обврската на докторите за задолжителни обуки во странство, ги предложи владата на СДСМ.

Според Јагода Шахпаска од СДСМ причината за укинувањето на обуките во странство е затоа што тој проект не се покажал корисен и продуктивен.  Таа појасни дека со новиот закон обуките, стручното усовршување на докторите ќе се прават согласно потребите на јавната здравствена установа и оти ЈЗУ, ќе биде таа што ќе ги намири трошоците за обуките.

Покрај ова со предлогот се укинува обврската за полагање стручен испит по завршување на втора година студии, ангажирањето професори и користење стучна литература од странски универзитети, проверката на докторите кои имаат 25 години работен стаж, како и видеоснимањето на сите интервенции.

Новото законско решение ќе се применува за студентите запишани од 2014/2015 година,а оние од учебната 2013/2014 година ќе студираат по постојното законско решение.

Реакции за овие измени имаше на Фејсбук-профилот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој посочи дека резултатите покажуваат дека над 2.000 лекари и стручен медицински персонал посетувале обуки во голем број реномирани здравствени центри и установи. Тие потоа во македонското здравство вовеле многу новини при лекувањето на пациентите. Истовремено овие придобивки се вклучени во стоте најуспешни проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа тема во Парламентот реагираше Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека во здравството се случува хаос и оти новата Влада го прекинала најголемиот проект во здравството, изградбата на Клиничкиот центар.

Неговиот сопартиец Горан Манојлоски посочи дека специјалистите очекуваат СДСМ да го оствари ветувањето од 100.000 плата и праша колку специјалисти заминале во изминатите 3 месеци.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ исто така реагираше и посочи дека уште во првите 100 дена можело да се види неодговорноста во здравството, но и присуството на арогатноста во овој сектор.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев нема капацитет да привлекува инвеститори и да отвора нови работни места

VMRO-DPMNE-Zname-na-nova-zgrada

Македонската економија за првпат после подолг период има негативен раст, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев успеа ги избрка потенцијалните странски инвеститори кои требаше да отворат 25000 работни места и да вбризгаат многу пари во македонската економија. Валдата на СДС за 100 дена ја задолжи Македонија за неверојатни 410 милиони евра, пари од кои граѓаните не видоа никаков ефект, а ќе треба да ги враќаат идните генерации. Без причина се стопрени изградбите на автопатите кои покрај бенефитот од самата подобрена сообраќајна инфраструктура, придвижуваа и многу други економски гранки. Можното најавено покачување на даноците е причина повеќе за немањето нови инвестиции. Објавувањето на договорите со инвеститорите во јавноста на кои има многу чувствителни информации е негативна препорака која ги одбива инвеститорите. Доколку Заев имаше капацитет да привлекува странски инвестиции тоа ќе го направеше во Струмица и во индустриската зона Сачево, која со години зјае како празна ливада. Владата на СДС предводена од Заев нема капацитет да работи во интерес на граѓаните, да привлекува инвеститори и да отвора нови работни места. Граѓаните на Македонија ги видоа неспособноста и незаинтересираноста на СДС да ја подобрат економијата и условите за живеење и затоа на 15 октомври ќе ги казнат нивните политики, стои во партиската реакција.

ЛАГИ ОД НАШИ ПАРИ: Министерството за пропаганда на Роберт Поповски најми 50 пропагатори да лажат за средба која не се случила

Vladini-propagatori

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако Владата предводена од Зоран Заев предзивика невиден скандал со лажни трвдења дека македонскиот премиер вчера остварил средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на состанокот посветен на реформа на Обединетите нации што го организираше претседателот Трамп.

Министерството за пропаганда на Роберт Поповски најми дури 50 пропагатори, платени со народни за да ги лажат македонските граѓани за средба која воопшто не се случила.

Вчера попладне, македонскиот интернет-простор речиси беше преплавен од постови и твитови на лица кои воглавно се вработени во владиниот сектор за информирање со јавноста, кој е под палка на Роберт Поповски, а кои лажно лиферуваа информации дека Заев остварил средба со Трамп.

Сепак, на лагата и се кратки нозете и излезе на виделина дека немало никаква средба на Заев со Трамп, туку само ракување од половина секунда, кое го фотографира, верувале или не,шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Заев и пропагаторите на Роберт Поповски, платени со народни пари се обидоа да ги излажат македонските граѓани дека тој остварил средба со претседателот на САД, на која дури и било разговарано за неколку битни теми. Сепак, реалноста е дека за половина секунда ниту здраво не може да се каже.

-Заев, како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата изразил поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, информираа сдсмовските медиуми кои само станаа соучесници во лажењето на македонските граѓани и кои доколку имаат доблест, треба да се извинат за ваквите лаги.

На видеото објавено од „China Xinhua News“ може да се види дека на 1:21 претседателот Трамп пристигнува да се поздрави со политичарите, а премиерот Заев од позадина чека за да се поздрави со претседателот на САД. Поздравувањето или како што тоа го нарекува премиерот Заев, „средбата“ со Трамп трае едвај половина секунда, а министерот Димитров фотографира.

Веќе следната секунда Трамп со поздравува со друга личност. Навистина е интересно како успеал Заев да разговара со Трамп за половина секунда, и притоа на средба да изрази „поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН“.

ГИ ВРАБОТИЈА ЗА ДА ГО ЛАЖАТ НАРОДОТ

Се­кто­рот за ин­фор­ми­ра­ње на јав­но­ста со 50 ли­ца пре­ку еден цен­тар ќе ги ко­ор­ди­ни­ра си­те ин­фор­ма­ции што ќе ги да­ва­ат вла­ди­ни­те те­ла. Со дру­ги збо­ро­ви, се фор­ми­ра ми­ни­стерс­тво за про­па­ган­да, кое, во се­кој слу­чај, ќе са­ка да пла­си­ра са­мо по­зи­тив­ни ин­фор­ма­ции за вла­да­та, а, во исто вре­ме, ќе ги бло­ки­ра ми­ни­стерс­тва­та и дру­ги­те ин­сти­ту­ции да да­ва­ат на­вре­ме­ни ин­фор­ма­ции, кои мо­жат да ѝ на­ште­тат, пишуваа дел од медиумите нарекувајќи го ваквиот центар министерство за пропаганда со кое ќе раководи Роберт Поповски.

Бубо Каров, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, Мирослав Грчев, Петрит Сарачини, Нора Шаќири, Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Бранимир Јовановиќ, Дарко Лешоски, Влатко Васиљ, Јована Аврамчевска, се само дел од владините платеници кои плукањето по претходната влада го наплатија со државна плата.

Наместо да работат во интерес на граѓаните, од кого се платени, истите овие лица работат само во функција на пропагандата на Роберт Поповски, меѓу кои дел од нив да шират лажни вести и да ја лажат јавноста за средба која воопшто не се случила.

ТОТАЛНО РАСИПНИШТВО: Рашковски и СДС се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост, а институциите нивни приватни фирми

Zaev-Raskovski

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски се уште молчи за своето незаконско, криминално и недомаќинско работење, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-И покрај тоа што Владата на Република Македонија има правна служба кој ги врши сите свои правни работи, Рашковски го ангажирал адвокатското друштво на кумашинот Дејан Костиќ кое е формирано пред само неполни два месеци, поточна на 27 јули, а по само неколку дена добива повеќе ангажмани од владини институции, нагласува Стојаноски.

Тој вели дека она што фрла сомнеж дека ова е намерно направено се со цел да се испумпуваат парите од државните институции и со тоа да се доведе до банкрот и целосен крах на државниот буџет.

-Од она што јавноста го знае досега е дека оваа адвокатска канцеларија за неколку часови давање услуги наплаќаше неверојатни 36.788 денари како и 10.500 денари што значи класично испумпување на средствата од буџетот. Но, почитувани граѓани ова не е единствен случај на непотизам, за скандалот да биде уште поголем, Рашковски за претседател на второстепената владина комисија за жалби ја назначи, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска, истакнува Стојаноски.

Тој додава дека третиот случај, а не и последен од низата на скандали е вработувањето по семејна линија од страна на Драги Рашковски со назначувањето на Ѓорѓи Георгиев за директор на Бирото за јавни набавки. Со ова Генералниот секретар на владата на СДС е класичен поим за непотизам.

-Драги Рашковски и СДС се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост, а институциите нивни приватни фирми. Овој бандитизам мора да заврши и ќе заврши. Граѓаните на 15-ти октомври на претстојните локалните избори ќе кажат не на расипничка политика која ја спроведуваат СДС и Заев, нагласува Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Царина потврди: „Санос“ нема направено извоз на автобуси, Заев и Владата направиле измама со промоција на нови автобуси

Zaev-Sanos

Потврдена филмската измама на премиерот Зоран Заев, фирмата „Санос“ која има само тројца вработени, нема направено извос на автобусите, како што кажа Зоран Заев. Потврдено е дека нема нови автобуси, има сомнежи за голем криминал со перење на пари со поврат на ДДВ и конструирана приказна за измана на јавноста. На потег сега е Јавното обвинителство, кое треба да отвори истрага за овие сомнежи за криминал.

Од Царина добивме потврда дека фирмата „Санос“ нема направено извоз на автобуси, со што се потврдуваат сомнежите дека се работи за филмска измама од страна на премиерот Заев. Премиерот Заев очигледно ја потцени интелигенцијата на граѓаните и се обиде со евтина измама собере политички поени. Заев пред два месеци беше во посета на фабриката, каде изрази задоволство што еден домашен македонски производ излегува на странскиот пазар, очигледно лага, информација која беше демантирана од Царината.

-За мене е големо задоволство да бидам присутен денес овде на еден ваков настан, кога еден наш домашен производ излегува надвор освојувајќи странски пазари, а претставувајќи го квалитетот на нашата домашна работничка рака и на нашето домашно производство, изјави Заев тогаш.

Премиерот тогаш и кажа дека автобусите се подготвени да тргнат на пат, но тие се уште не се тргнати, а не се ни знае каде се. Експертите коментираат дека покрај сомнежите за финансиски криминал, ова е обид на Заев да измами граѓаните, со што би собрал политички поени.

-Овие автобуси коишто денеска се подготвени да тргнат на пат, претставувајќи ја нашата Македонија, посакувам, да го отворат патот за нови вакви извози, продажба на домашни производи и за Санос и за целата македонска економија, кажа Заев при посетата на „Санос“.

Сомнежите за криминал ги потврдуваат и информациите за кои веќе пишувавме овие денови. А тоа е дека во фабриката има само тројца вработени. За што добивме потврда и од Агенцијата за вработување, до вчерашниот ден, 18.09.2017, фабриката „Санос“ во заводот има пријавено само 3 вработени. Ова надополонето со тоа што фабриката нема ни опрема за правење на нови автобуси, ја потврдува информацијата дека станува збор за тежок криминал во кој се вмешани високи владини функционери.

Соседи на фирмата ја потврдуваат информацијата дека во овој криминал се вмешани луѓе од луѓе од Владата.

-Нема никој со години во фабриката, ниту се слуша звук или гледа активност, се зачудивме кога излегоа дека произвеле автобуси. Често се вртат луѓе кои ги гледаме на телевизија и се дел од Влдата, изјави граѓанин кој секојдневно ги гледа активностите на „САНОС“, активности кои како што вели и ги нема.

Еден очевидец на случувањата во „САНОС“ исто така ни ги потврди информациите дека можеби станува збор за проект преку кој треба да се перат пари. Тој ни кажа дека неколку дена пред посетата на премиерот Заев во фабриката, на паркингот на фабриката имало паркирани автобуси.

Економските експерти сметат дека позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок. За познавачите на ваквите прилики овде постои сомнеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.

Потврда дека ова е само обид за измама на Заев дека се произведени нови автобуси, ни даде и човек кој живее веднаш до фабриката, тој ни потврди дека во фабриката имало паркирано автобуси неколку дена пред да дојде Заев, веќе скоро сигурно половни автобуси, кои премиерот ги презентираше како нови

После потврдата од Царината дека немало извос на автобуси, даночните инспектори и Јавното обвинителство добија полни раце работа, тие сега се на потег да ги истражат сомнежите за можен криминал, бидејќи граѓаните чекаат одговори.

Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на САНОС е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.

Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005-та година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.

ЗАЕВ ПОВТОРНО ИЗЛАЖА: Немало средба со Трамп, само ракување од половина секунда, кое го фотографира Димитров (ВИДЕО)

Zaev-Tramp-Dimitrov

Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Donald J. Trump предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН, вака Заев на социјалните мрежи се пофали дека остварил средба со претседателот на САД. Вистинско прашање е како успеале толку да разговараат за помалку од една секунда?

Премиерот на Македонија, се обиде да ги излаже македонските граѓани дека остварил средба со претседателот на САД, Доналд Трамп на која било разговарано за неколку битни теми, но реалноста е дека за пола секунда ниту здраво не може да се каже.

На видеото објавено од „China Xinhua News“ може да се види дека на 1:21 претседателот Трамп пристигнува да се поздрави со политичарите, а премиерот Заев од позадина чека за да се поздрави со претседателот на САД. Поздравувањето или како што тоа го нарекува премиерот Заев, „средбата“ со Трамп трае едвај половина секунда, а министерот Димитров фотографира.

Веќе следната секунда Трамп со поздравува со друга личност. Навистина интересно како успеал Заев да разговара со Трамп за половина секунда некаде.

-Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Donald J. Trump предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН, Заев на Фејсбук напиша дека за поздравот кој траеше помалку од една секунда успеал да разговара на овие теми со Трамп.

Инаку честа да биде фотограф на “средбата“ на премиерот Заев и Трамп, ја имаше министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

И Државниот завод за ревизија констатирал неправилност за начинот на кој Аце Коцевски од СДСМ ги спроведувал тендерите за нафта

Ace-Kocevski-revizija

Случајот со сомнителните тендери на Општина Велес од 2006 година за набавките на нафта за велешките училишта биле забележани и од државниот ревизор. Имено, Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи на Сметките за Наменски дотации (930) на Општина Велес за 2006 година за што бил изготвен и Конечен извештај кој е заведен под архивски број. 1403-219/8 од 06.06.2007 година. Во Извештајот, изрично биле нотирани бројни неправилности за начинот и водењето на постапката околу јавната набавка на нафта за велешките училишта.

Според Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија, бодувањето и рангирањето било необјективно и ги доведувала понудувачите во нееднаква положба со што се фаворизирала одредена фирма. Овој податок јасно се гледа од извадокот од Извештајот прикажан на сликата подолу.

Revizija-Veles

Покрај стандардите кои биле пропишани, Аце Коцевски одлуката ја донел и од естетски причини што е смешно кога се има во предвид дека предметот на набавка бил нафта. Какви подобри естетски карактеристики имала нафтата на „Интернешенл трејд“ која за 11 милиони и 650 илјади денари требало да ги затоплува велешките училници во 2006 година веројатно освен тој не знае никој друг.

Revizija-Veles-1

Тогашниот градоначалник Аце Коцевски наместо понудата со пониски цени, што бил логичен, но и пред сѐ законски избор, тој се одлучил за понуда која имала повисоки цени за истите услуги. Тендерот за нафта за велешките училишта во 2006 година не го добила поефтината понуда на фирмата „Алма комерц“ од Неготино, туку поскапата на скопската „Интернешенл трејд“.

Ваквиот сомнителен начин на водење на постапката за јавна набавка на нафта за велешките училишта доби на внимание во јавноста кога, поради поднесената жалба од страна на останатите општетени учесници на тендерот, училиштата останаа без потребната нафта за загревање. 10 илјади ученици од Велес, среде зима, наместо во затоплени, неколку денови настава посетуваа во ладни училници облечени во шалови, капи и ракавици. По бурните реакции на родителите за ладните училишта фирмата „Алма комерц“ од Неготино ја повлекла жалбата пред државната комисија за жалби по јавни набавки, најверојатно под притисок? Аце Коцевски повторно, по петти пат, е кандидат на СДСМ за градоначаник на Велес.