ПРЕДАВСТВОТО ПРОДОЛЖУВА: Ахмети бара, а Заев ќе прогласи геноцид врз Албанците

Али Ахмети бара Собранието да го осуди наводниот геноцид врз Албанците од пред 104 години.

Во обид да ја задржи вештачки залепената коалиција со албанските партии, Заев досега докажа дека е спремен на се па и по цена на распродажба на македонските национални интереси. Само последно во низата барања кои беа дел од фамозната Тиранска Платформа од албанските партии кон Заев е осудата во собранието на наводните злосторства врз албанците во периодот од 1913 година до крајот на втората светска војна.Со ова дефакто Македонија самата себе се осудува за геноцид, а македонскиот народ се прогласува за геноциден.

Во кичевско Зајас денеска биле погребани псомртни останки на наводни Албанци убиени во масакр во период од 1913 година па се го крајот на Втората светска војна. Посмртните останки биле пронајдени во бунар, а дел во пештера во кичевско. Али Ахмети лидерот на ДУИ денеска иницираше расветлување на геноцидот врз Албанците и одржа говор пред присутните.

„Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој, бидејќи нема да бараме надомест. Нивните животи не можат со ништо да се надоместат“, порача Ахмети. Тој вели дека ќе побара од Собранието на Република Македонија осуда на злосторствата извршени пред 104 години.

Вицепремиерот, Хазби Лика, пред присутните рече дека со почитувањето на овие жртви се порачува никогаш повеќе да не се повторат вакви злосторства. Пред присутните се обрати и министерот за дијаспора во Владата на Албанија, Пандели Мајко, пак, рече дека овие луѓе се убивани само затоа што зборувале албански јазик. Тој и се заблагодари на македонската Влада што овозможила да се одбележи овој настан.

Доколку досега на јавноста не и беше јасно Тиранската Платформа се исполнува во целост точка по точка. Договорот со Бугарија како и законот за јазиците беа дел од истата. Следни точки се решавањето на спорот со името и прогласувањето на македонскиот народ за геноциден.

Пандов: Заев ја дели Македонија на делови, нашите деца ќе учат дека македонските револуционери се Бугари

Заев и неговата пропаганда успеваат доста вешто да ја дефокусираат македонската јавност уверувајќи ја дека единствениот спорен дел помеѓу Македонија и Бугарија во делот на историјата биле неколкуте години од втората светска војна и гледањето на бугарската улога во истата низ наша призма и учебници по историја, пишува во својот статус на Фејсбук Александар Пандов. Тој пишува и дека Бугарите веруваат, а тоа Заев постојано им го потврдува дека е така, дека почнувајќи од Свети Климент и Наум, Свети Кирил и Методи, па преку Самуиловото царство, преродбениците, Кресненското, Разловечкото и Илинденското востание, сите револуционери, ВМРО, се и сите до еден се Бугари, па прашува: Така ли ќе учат децата на училиште? Падов во својот статус го потенцира и писмото на МПЦ, дека бугарската ни станала мајка црква. Toj истакнува и дека Зоран Заев со тоа што се гласа за закон за двојазичност останува уште поделба на Македонија на кантони.

-Се гласа закон за двојазичност, со што останува уште Заев како што вети во Швајцарија, Македонија да ја подели на кантони, а зборот си е збор, па државата и официјално да биде поделена на два или повеќе дела. Како црешка на тортата во очекување сме да слушнеме како ќе не крсти кумот, како Северњаци или како Вардарци , па така очајни и исфрустрирани, а историски и духовно освестени, биде прашање на време кога ќе сватиме дека принципот еден народ две држави не функционира, завршува Пандов

Никовски: Политиката на виткање кичма води кон долгорочна дестабилизација на регионот

Се работи за тоа, Македонците како најмалобројни, како нација и територија кои биле спорни со векови, да ги елиминираат мислејќи дека на тој начин ќе ги решат проблемите на регионот. Но, тоа е апсурд, една заблуда невидена, бидејќи Македонците постоеле и ќе постојат доказ за тоа е „Македонското прашање” кое се развлекува најмалку 150 години од Берлинскиот конгрес па, наваму. Проблемот е на маса веќе подолг период, што значи дека неможе да има Македонско прашање а да не постојат македонеците, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски во гостувањето на ТВ Нова на тема „Ревизија на историјата или бришење на Македонците”.

Според него, обидите да се затвори тоа прашање и да се избришат македонците се погубни. Тоа не можело ни пред 150, ниту пред 5о години, а најмалку сега без нова Балканска војна. Бидејќи ако некој се обиде да ги прекрсти македонците, а според Никовски сега тие напори се интензивираат и се максимизираат, тоа би значело нови конфронтации во регионот кои ќе траат долги години, бидејќи сите имаат свои аспирации тука. Гаранцијата дека сепак нема да има војна е гаранцијата од Вашингтон, бидејќи тие највеќе се плашат од доаѓањето на Русите во регионот, дециден е Никовски. Што значи дека доколку има војна тоа би значело отворена врата за Русија. Спрема тоа, војна нема да има, но нема да има ни мир.

– Ако Македонија продолжи со една ваква политика на виткање на кичмата, на капитулација де факто, тоа води во долгорочна дестабилизација на регионот и уништување на Балканот како еден ентитет кој треба да биде дел од Европа – рече Никовски.

БЕСА и Алијанса обвинуваат: Оливер Спасовски вршел притисок за советници во Гостивар да сменат страна

Советниците од коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса обвинуваат дека го изгубиле мнозинството во Советот на Општина Гостивар затоа што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ургирал советници да ја променат страната. Со тоа градоначалникот, Арбен Таравари, не би ја имал поддршката од Советот, затоа што мнозинството би било предводено од советниците на ДУИ.

-Чувствуваме морална обврска да ве информираме дека до вчера имавме обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на Општина Гостивар, па затоа за денес инициравме одржување на конститутивна седница. Но, вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на губитниците на изборите, велат од двете партии.

Од тие прачини, додаваат, ја напуштиле седницата.

-Ние советниците од редовите на Алијансата за Албанците и Движењето Беса, оценивме дека е неразумно да бидеме дел од крајно манипулираната конститутивна седница, па затоа ја напуштивме истата, информираат од БЕСА и од партијата на Зијадин Села.

ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Бакрачески од кардиолог, прераспределен на ниво на медицинска сестра

Екс-градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по завршувањето на својот мандат, се врати во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“, но на негово изненадување актуелната директорка Горадана Донеска го прераспределила од салата за интервнции на срце во одделението за срцеви аритмии, кое е најниско одделение по хиерархија, каде што се се вршат кардиолошки прегледи. Позицијата што ја добил Бакрачески е на ниво на медицинска сестра. „Макфакс“ дознава дека директорката на Кардиолошкиот завод не се сретнала со Бакрачески за лично да му го врачи решението за негова прераспределба во болницата.

Никола Бакрачески во изјава за „Макфакс“ вели дека нема да се жали на оваа одлука потенцирајќи дека тој се повлекол од градоначалничката функција за да се врати на неговата примарна професија и создавање услови за иден развој на кардиологијата во регионот.

-Јас нема да ги коментирам политиките на актуелниот директор на Заводот и причините за ваквата прераспределба на кадрите и организациската поставеност, но само можам да потврдам една вистина, а тоа е дека за време на моето раководење на оваа институција во период од 2006 до 2013 никогаш и во ниеден момент не се случило кадрите да бидат вработувани, да бидат именувани или унапредувани на позиции според партиската припадност, туку исклучиво само и само според степенот на своите знаења и квалификации, вештините што ги поседуваат и капацитетот да раководат со одделни одделенија. Тоа се однесува и на добивањето можности за специјализации и супспецијализации, едукации во странство, усвојување нови методи и постапки. Тоа може секој да го потврди, вели Бакрачески за „Макфакс“.

Тој додава дека знаењето и вештините никој не може да му ги одземе додавајќи дека не може и не смее оваа професија да има партиски предзнаци и предрасуди. Никола Бакрачески е признаен во светот, а притоа е првиот човек што ја вовел интервентната кардиологија во Охрид, пишува порталот „Макфакс“.

ВМРО-ДПМНЕ: Заложбите на владата и Поповски за наводни слободни медиуми се лажни, тие се уценети и притиснати, владее медиумски мрак

Протоколарните заложби за слободни медиуми на владата и Роберт Поповски се лажни. Медиумите и газдите на медиумите се уценети и притиснати од полициската алатка на СДС, СЈО, што придонесува за целосен медиумски мрак и пристрасно известување, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Го прашуваме министерот за пропаганда на владејачката партија СДС, платен со парите на граѓаните Роберт Поповски: како ја подобри слободата на медиумите и каде го гледа напредокот? Вработи над 40 луѓе во владата за да го подобри информирањето, но освен што тие ја чинат државата илјадници евра транспарентноста на владата не е подобрена и зошто се уште се одбегнуваат одговори на вистинските прашања кои ги бара јавноста поврзани со трошењето на јавните пари и давањето на тендери во 4 очи како што беше тоа случајот со вицепремиерот Анѓушев? Има ли подобар пример за рушење на независноста на новинарството од самиот Роберт Поповски кој од првото место во ЗНМ, се најде за одговорен на партискиот прес центар на СДС, за да седне во министерската фотелја, порачуваат од партијата.

Делев: За само една година Македонија ќе биде задолжена за повеќе од 1,3 милијарди евра

Во Емисијата „Алфаскоп“ на Алфа Телевизија гостуваше Христијан Делев, поранешниот заменик министер за економија во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Делев дискутираше за предлог Буџетот за 2018 година при што истакна дека Македонија оваа година ќе има рекордно задолжување, со што веќе се става знак прашалник дали ќе можеме да го сервисираме долгот, според Делев Македонија во изминативе 27 години се задолжила вкупно за 5.6 милијарди евра, а сега за само една година СДСМ ќе ја задолжи за неверојатни 1.3 милијарди евра.

-Максимумот со кое што Македонија може да се задолжи го надминуваме. Со овие задолжувања што веќе се направени ние влегуваме во една опасна зона каде што веќе ќе се стави знак прашалник дали ке имаме капацитет и можност да ги сервисираме тие долгови, истакна Делев.

Според Делев власта се задолжува без притоа да реализира барем еден реален проект.

-Еве сакам да напоменам со овој предлог Буџет и со досегашното искуство од новата влада, за денот кога владата ќе слави една година од превземањето на власта, Македонија ќе биде задолжена повеќе од 1,3 милијарди евра. Ако земеме во предвид дека Македонија за 27 години максимум се задолжила 5,6 милијарда евра, сега само за една година се задолжува над 1,3 милијарди евра што е енормен скок на задолжувањето а притоа непродуцирајќи ниту еден реален проект, заклучи тој.

Данев: Не ја потценувајте интелигенцијата на народот и тргнете го европското знаменце од Законот за јазиците!

Расправа за законот за јазиците во Собранието продолжи и денеска. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев смета дека новата влада и начинот на донесување на овој закон е  крајно несериозна и неадекватна.

-Oвој закон се носи врз основа на демонстрирање на една политичка сила односно имаме 62 пратеници, имаме парламентарно мнозинство, можеме и во моментот ќе го донесеме ова законско решение. Ова законско решение мој став е дека треба да се донесе консензуално, со сите пратенички групи и во една широка стручна дебата. Широка општествена дебата. Јас сум убеден и тоа е мојата перцепција, а тоа е перцепцијата и на поголем број граѓани со коишто секојдневно комуницираме и ние и комуницирате и вие го знаете тој став, се обраќам на пратениците од владејачкото мнозинство, дека недоволно беше консултириана стручната јавност во нашата држава и не беа земени во предвид нивните забелешки. Инаку лично сум за максимална употреба на мајчиниот јазик на секој граѓанин во Република Македонија без исклучок на никој. Притоа мора за да се тоа спроведе да биде испочитуван Уставот на Република Македонија на којшто сите сме обврзани да го почитуваме и да го браниме, не само да го почитуваме и унитарноста на Република Македонија којашто е загарантирана со сите уставни елементи односно со Уставот на Република Македонија и сите законски и подзаконски акти кои што се на сила на Република Македонија, потенцираше Данев.

Пратеникот Данев за поставување на европското знаменце на законот за јазиците додаде:

-Законот за јазици се поставува апсолутно или набрзина. Значи се пробиваат сите рокови, се пробиваат сите процедури за да дојде овој закон во Собрание пред локалните избори и во недостаток на аргументи вистински на овој закон му се става европско знаменце. Јас за граѓаните на Република Македонија, бидејќи поминаа многу дена од првичните разгледувања и дебатирања во однос на овој закон во Собранието на Република Македонија еве што пропишува Деловникот на РМ на Собранието во однос на закони на кои се става европско знаменце. Вели вака: Кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската Унија во воведот е наведуваат и податоци за изворниот акт на Европската Унија под назив, број, и датум. Со предлогот на закон се поднесува изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и јасно наведување, Внимавајте! На правниот акт на Европската Унија со кои е извршено усогласувањето. Јас таков правен акт од Европската Унија или популарно наречена „директива“ до сега не видов визави овој закон и ако се осврнам на одредени дискусии и одредени погледи и установишта на стручната јавност, целата македонска јавност веќе е сведок дека ова е навистина една сериозна неаргументираност во однос на ставањето на тоа европското знаме. Веќе целата македонска јавност знае дека Европската Унија или државите во Европската Унија секоја поединечно си го решава прашањето за употребата на јазиците. Така да навистина ако сакаме да зборуваме со факти и ако сакаме да зборуваме со аргументи барем ако ништо друго можеме во наредните фази да го тргнете ова европско знаменце и барем како –така да го ставите во оваа дискусија во некои правни шини и не омаловажувајќи ја интелегенцијата на граѓаните на Република Македонија. Зборувам за сите граѓани, како за Македониците, Албанците, Турците, Србите, Бошњаците и сите граѓани на Република Македонија кои што не се спомнати како етнички заедници, додаде Данев.

Груевски: Крајната цел е името – Дојде тоа време Заев договара ново име на државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред речиси еден месец предупредуваше дека крајната цел со носењето на Зоран Заев и СДСМ е власт е промена на името на Република Македонија Груевски нагласува дека власт на СДСМ е марионетска, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот.

-Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, тоа се шест точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е носење на мигранти во Република Македонија и нивно доселување тука, четвртата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, петтата точка е зголемување на даноците и шестата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца, изјави Груевски.

Заев од Словенија го потврди она што Груевски го кажуваше. Тој од Словенија порача дека Македонија влегува во обид, кој што, како што кажа, ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име.

НА ПРЕДАВНИКОТ МУ СЕ БРЗА: Заев се надева дека конечно ќе го смени името

Нацев: 12 денa од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, a власта се уште го крие и штити убиецот

МВР прави спектакли со рации по дискотеки апсејќи малолетници со специјалци, а убијци и криминалци се шетаат слободно по нашите улици. Ова е потценување на интелигенцијата на граѓаните, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Минува дванаесеттиот ден од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, а власта го крие и штити убиецот. Тој е на слобода и не смее да се спомене неговото име. Мафијата владее. Пред 10 дена беше пукано кон куќата на советникот на премиерот Заев пред неговиот дом. Се шпекулираше во јавноста дека бил близок до убиецот и му помагал. Молк од МВР и за овој скандал. Не се знае кој пукал кон владиниот советник и зошто. Уште помалку вооружените криминалци се пронајдени и приведени, подвлече Нацев и додаде:

„Граѓаните со право се плашат дека партиската полиција е целосно ставена во служба на мафијата и вооружените банди. Јавна тајна е дека пукачите се дел од партиското подземје поддржано и блиско до СДС. Мафијата со доаѓање на Заев на власт си доби држава, а со потпретседателот Оливер Спасовски си доби заштитник во полицијата. Граѓаните не можат да се чувствуваат безбедно кога во 21 век среде бел се егзекутираат луѓе пред очите на цела јавноста? МВР наместо да ги штити интересите на граѓаните, штити убијци и дозволува слободно да се шетаат по улиците“.

Според гласините кои кружат во медиумите, рече Нацев, убиецот е близок до власта и еден од првите луѓе на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ која важи за блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев.

-МВР дозволи убиецот да избега, а со тоа да не може да се изведе пред лицето на правдата. Во истрагата за овој настан се направени сериозни пропусти и не е спречено неговото бегство. Фото роботот е алатка која служи за граѓаните да можат да го препознаат убиецот и да пријават кај надлежните органи. Фото робот во овој случај не постои и покрај тоа што убиството е извршено среде бел ден и на фреквентна локација на која има голем број на минувачи и безбедносни камери. Во јавноста се повеќе се говори дека поради блискоста на убиецот со власта на терен се работи некој криминалец да ја преземе одговорноста за убиството со цел спас на вистинскиот убиец.

Според него, потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски мора да преземе одговорност и да замине од функцијата министер.

-Полицијата во најмала рака треба да почне да си ја врши својата работа и да ги гони криминалците, a Спасовски ќе помогне со тоа што ќе си даде оставка и ќе престане со опструкции.