Митревски: Можни се постапки кон Република Македонија поради насилното разрешување на претседателот на ССМ

Zivko-Mitrevski

Легитимитетот на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Митревски потврден е од страна на Светската конфедерација на синдикати која е претставена од над 181 милион членови, работници, од над 160 земји од целиот свет. А исто така, потврден е и легимитетот од страна на Светската федерација на синдикатите на градежништво, шумарство, графичка индустрија. Тоа значи дека над 250 милиони работници го потврдија легитимитетот повторно претседателот Митревски.

Ова на денешната прес-конференција го изјави поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, кој додаде дека генералниот секретар на Светската федерација на синдикати Шарон Барл испратено е писмо до Владата, премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со кое се наредува да се поништат сите претходни административни акти.

-Во ова барање се налага веднаш ова да се направи, да се поништи решението на Царовска, да се поништи решението на Централниот регистар со оглед на тоа што се уште постојат постапки и пред Обвинителство, се уште постојат постапки и пред Судовите, потенцира Митревски.

Вели дека се наведува оти кон Република Македонија ќе се преземат согласно Статутот на Меѓународната организација на трудот, односно преку комитетот на жалби, веднаш ќе биде поведена постапка против Република Македонија.

-Со овој чин јасно се укажува дека повреден е угледот на Република Македонија и со оглед на тоа што и Светската и Европската федерација, се социјални партнери на ниво на Европската Унија со ваквиот начин се повредова и се доведува во прашање голем дел и членувањето на Република Македонија во Европските и Светските асоцијации, истакна Митревски.

Посочи дека ова е прв пример во светот да се испрати писмо со барање, работите да се вратат во нормала.

ССМ: Четирите „наводни“ синдикалисти имаат за цел преземање и уништување на ССМ

ssm

Четирите грански синдикати СИЕР, УПОЗ, АГРО Синдикатот и СУТКОЗ, кои на седница на Советот на ССМ одржана на 28.12.2016 год. беа едногласно исклучени од ССМ, не избираат средства како да се пресметаат со нивите довчерашни колеги, а воедно да направат и преземање на Синдикатот, мотивирано од нивни лични цели, се вели во соопштението на ССМ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Дека не се избираат средства и методи за остварување на оваа цел говори и тоа што во претходните денови пуштаат во јавноста неточни информации, фабрикувани и конструирани изјави, лажни обвинувања и полувистини кои имаат за цел да создадат погрешна слика за тоа што се случува во ССМ, а со цел манипулирање со јавноста.

Некои од тие информации беше лажното информирање дека наводно губење на спор на претседателот на СРСВМ и секретар на ССМ, што не е воопшто точно, како и тоа дека секретарот на ССМ бил разрешен, а него го избра едногласно Советот на ССМ согласно Статутот и нема друга одлука за разрешување.

Сето ова кулминира со наводни физички пресметки помеѓу претседателот на ССМ и некои претставник од веќе исклучените гранки синдикати што претставува невистина и манипулација со јавноста.

Се прашуваме на што се сè спремни овие „наводни“ синдикалисти во нивните (или туѓи) намери за преземање и уништување на ССМ.

Со оглед на тоа што тие повеќе не се дел од нашата синдикална заедница – ССМ во иднина нема намера повеќе да се занимава со нив и нивните лаги и интриги, а им порачуваме да се зафат со работа во поглед на заштита на работниците кои ги претставуваат, а кои и онака во последниве месеци драстично им заминуваат како нивни членови.

Кај е Пимен да го осуди богохулието на СДСМ?

Pimen-Bogorodica

Владиката Пимен важи за личност која има коментар за сè и сешто, само за да биде присутен по медиумите и јавноста, но за она што ги засега верниците, православните христијани веќе два дена молчи и не го осудува богодулието на СДСМ.

На вчерашниот протест, неговите политички другари – богохулите и еретици од СДСМ задскриени и маскирани во Синдикатот на културата покажа големо непочитување кон православните верници на само неколку дена пред најголемиот празник Велигден „и ја затвори устата“ на мајка Богородица. (Прочитајте: ТУКА)

Skandal-Bogorodica-4

Имено, под партиските пароли на претставниците на Синдикатот беа истакнати испринтани листови поставени на неколку транспаренти на кои се наоѓаше икона од Пресвета Богородица чија уста е залепена со фластери.

Ова е чин кој заслужува најостра осуда, особено бидејќи се случува во очи светиот ден Велигден, но „дежурниот Фејсбук владика“ Пимен кој е близок пријател и поддржувач на политиките на СДСМ и Заев, познат по јахтите, поршињата, луксузот со кој постојано се фали по социјалните мрежи и по секоја цена сака да биде присутен во јавноста, но го нема кога треба да се осуди бохохулието на протестите на Синдикатот (одсносно СДСМ), со што индиректно покажа дека ги поддршува и дополнително им плука в лице на христијаните кои се наоѓаат во четириеседневни пост и во борба со сите искушенија.

Европскиот владика Пимен неодамна се противеше со изградбата ан 55 метарски крст во Бутел, бараше ослободување на Јован Вранишкоски, не ги почитуваше одлуките на Синодот на МПЦ-ОА, и во повеќе наврати се однесуваше како политичар, а не како владика, како и ред други испади.

БОГОХУЛЕЊЕ ПРЕД ВЕЛИГДЕН: СДСМ преку Синдикатот ѝ ја затвори устата на Богородица и им плукна в лице на Христијаните

Skandal-Bogorodica

Пред светиот ден Велигден, богохулите и еретици од СДСМ преку синдикатот „и ја затвори устата“ на мајка Богородица. На ваков чин партијата се одлучила без да бира средства, се со цел да се исполнат некои свои партиски интереси. СДСМ прави чекори надвор од секаков разум. На денешниот протест на Синдикатот за култура кој дејствува под превезот на опозицијата се покажа големо непочитување кон православните верници само неколку дена пред најголемиот празник.

Skandal-Bogorodica-1 Skandal-Bogorodica-2

Имено, под партиските пароли на претставниците на Синдикатот беа истакнати испринтани листови со икона од Пресвета Богородица чија уста е залепена со фластери.

Ова е чин кој заслужува најостра осуда. Пред светиот ден Велигден, СДСМ преку синдикатот „и ја затвори устата“ на мајка Богородица.

Skandal-Bogorodica-3Skandal-Bogorodica-4Skandal-Bogorodica-5

КОЧЕЊЕ И ФАЛСИФИКАТ: Нема крај на манипулациите на Ременски од СДСМ

Frosina-Remenski-SDSM

Нетпрес стигна до информации дека техничката министерка назначена од СДСМ, Фросина Ташевска Ременски сепак го кочи регистрирањето на синдикалните организации на СОНК и дека е направено грубо фалсификување со заверување на документација испратена до Централен регистар. Порталот побарал одговори од техничката министерката Фросина Ташевска Ременски, но биле игнорирани.

По наводите на Mинистерството за труд и социјална политика дека постапувајќи по барањето на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за упис на промени во регистарот на синдикати во Централниот регистар, во најбрз можен рок ја извршило својата законска обврска односно дека на7 март 2016 година до Централниот регистар на Република Македонија од страна на Министерството е испратено известување со доставената документација од страна на СОНК, заради преземање натамошни активности во надлежност на регистарот Нетпрес испратиле неколку прашања до техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски и службата за односи со јавност на кои не добиле одговор.

-Кога го заверивте барањето за регистрирање на промени во СОНК до Централен регистар?
-Од СОНК се пожалија дека не се точни податоците од вашиот демант пратен до медиумите во текот на вчерашниот ден, дали го антидатиравте дописот кој вчера го лиферувавте до медиумите?
-Зошто повеќе од 3 месеци не е дозволена регистрација на промени во синдикални организации во најбројниот синдикат во Република Македонија?
-Како е возможно пред три месеци да архивирате официјално писмо до Централен Регистар, а тоа сеуште да не е стигнато во Централниот Регистар?
-Свесно ли е кочењето на регистрацијата на синдикалните организации на СОНК?

Според информациите на Нетпрес за можни манипулации и фалсификување на архивирани документи од порталот побарале одговори во интерес на објективното информирање.

До Централниот регистар на Република Македонија биле испратени следните прашања:

-Дали МТСП до Централен регистар изминативе 2 месеци има доставено барање за регистрација на синдикални организации на СОНК?
-Дали МТСП има воопшто доставено некакво барање поврзано со СОНК иозминативе два месеци
-Дали МТСП има до Централен регистар доставено било какво барање поврзано со регистрација на промени во синдикални организации изминативе 4 месеци?

Оттаму добиле одговор дека според податоците од Архивата на Централниот регистар, до нивната служба во изминативе четири месеци не е стигнато барање за регистрација на синдикални организации на СОНК, ниту пак било каков друг допис поврзан со СОНК.

-Исто така до Централниот регистар во изминативе четири месеци има пристигнато повеќе барања од МТСП поврзани со регистрација на промени во синдикални организации, по кои Централниот регистар постапува согласно своите законски надлежности и во законски предвидените рокови, но ниту едно не е поврзано со СОНК, велат од Централниот регистар на Република Македонија за Нетпрес.

Оттука следуваат прашањата:

-Прво, дали направи фатална грешка и антидатираше односно фалсификуваше архивиран документ?
-Дали во обидот да креира лажна слика дека не го кочи регистрирањето на синдиклните организации на СОНК последниот ден од март завери официјален документ со дата антидатирана 30 дена претходно и со тоа направи уште  кривично дело?

Се упатува на тоа дека техничката министерка направи преседан при што го покажа вистинското лице на деструктивност и тенденцијата да ја изманипулира јавноста со интриги.

ЕКСПОНАТИ НА СДСМ: ЗНМ и Синдикатот му отвoраат нов пат на Заев за бегство од избори

Naser-Selmani-ZNM

Со здружени сили соросовите структури и експозитурите на СДСМ во новинарството ќе му го отвораат патот на Заев за бегство од изборите.

Откако на Бихаќка стана јасно дека избирачкиот список не може да биде аргумент за одложување на изборите, опозициската СДСМ преку своите експозитури ќе се обиде да ги врати измените во Законот за медиуми.

За таа намена, денеска, ЗНМ, т.н. Новинарски синдикат, Македонскиот институт за медиуми, Советот на етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии повторно поикаа на измени во Законот за медиуми.

– „Како новинари сакаме да го преземеме нашиот дел од одговорноста, да работиме заедно со сите заинтересирани институции и да обезбедиме слободни и професионални медиуми. Претседателот има важни надлежности во надворешната политика и се грижи за добриот имиџ на земјава во светот. Во индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници и на Фридом хаус, Македонија е во друштво со африканските земји. Сакаме да работиме со претседателот, Македонија пред светот да ја легитимираме како слободна и демократска земја. Без овие реформи Македонија нема да има ниту слободни и веродостојни избори, а нема да излезе ниту од политичката криза. Инсистираме САД и ЕУ да бидат вклучени во разговорите како и досега и нивниот предлог, базиран врз нашите ставови да биде основа околу која ќе се бара решението – изјави на денешната прес конференција, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Заедничко за сите овие организации е што се финансираат од СОРОС или пак со пари од странски амбасади и сите без исклучок важат за силно контролирани од СДСМ. Исто така, треба да се има предвид дека во ЗНМ и т.н. Новинарски синдикат не членуваат ниту 5% од новинарите кои што се вработени во телевизиите, а бараат да се менува законот токму за електронските медиуми, односно телевизиите.

Во таа насока реагираше и најголемото новинарско Здружение МАН.

„Македонската асоцијација на новинари(МАН) укажува дека ЗНМ и Синдикатот на новинари немаат никакво право да бараат нова законска регулатива за медиуми или закон за медиуми, бидејќи не се носи закон за медиуми, туку закон  за цензура на телевизиите.

Бидејќи над 90 проценти од медиумските работници во телевизиите се членови на Македонската асоцијација на новинари, МАН смета дека реформи во медиумскиот сектор не се потребни.

МАН итно бара ЗНМ и Синдикатот на новинари како експоненти на СДСМ, заедно со таа политичка партија да престанат да прават притисоци врз медиумите и да престанат да изигруваат цензор со што медиумите треба да им овозможат да дојдат на власт без избори.

МАН смета дека постоечките закони за медиумската област се добра основа за реализација на слободата на изразување и слобода на медиумите што впрочем може да се види од настапите на членовите на ЗНМ и тн. Синдикат. “ – стои во соопштението на МАН

Опозициската СДСМ остана единствената партија која бара измени во овој закон, откако по одложувањето на изборите, останатите партии се договорија дека преговорите во врска со Законот за медиуми прекинуваат.