ВИДЕО: Канал 5 со прашања за Трајчевски – Скандалозно е на ММА да и одговарате заедно со СДСМ

Од агенцијата наведуваат дека оценката на ММА за уредувачка усогласеност на телевизиите Сител, Алфа и Канал 5 изнесена не само во вториот туку и во првиот извештај од предизборниот период од 2016 – та година била изненадувачка . Оттаму додаваат за обвинувањата дека станува збор за лично толкување и слободна перцепција , на што најдобро можело да се одговори преку факти.

Г-дине Трајчевски,

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги излезе со соопштение по острата реакција од „Македонската медиумска асоцијација“.

Од агенцијата наведуваат дека оценката на ММА за уредувачка усогласеност на телевизиите Сител, Алфа и Канал 5 изнесена не само во вториот туку и во првиот извештај од предизборниот период од 2016 – та година била изненадувачка. Оттаму додаваат за  обвинувањата  дека станува збор за лично толкување и слободна перцепција, на што најдобро можело да се одговори преку факти . Во конкретниот случај преку споредба на прилозите емитувани на трите телевизии врз однова на кои бил донесен заклучокот во извештаите. Одговорните лица на овие три телевизии не би требало да се изненадени од ваквата оценка зошто таа се потврдувала и од поединечните извештаи за прекршување на член 75 – б врз основа на кои агенцијата покрена прекршочни постапки , а во кои се наведени само дел од емитуваните прилози, стои во дописот од агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Канал 5 му поставува неколку едноставни прашања на Г-динот Трајчевски:

Г-дине Трајчевски,

Скандалозно е на 5-те најголеми телевизии во Македонија, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма  да им одговарате заедно со друг политички субјект, кога тоа можевте да го направите одделно. Или можеби сакате да ни инструинирате некаква наша конекција помеѓу ставовите на ММА и СДСМ?

Канал 5 кусо ве прашува – нормално ли е првиот човек на агенцијата за медиуми јавно да го коментира слободното време на главниот и одговорен уредник на една телевизија или за тоа немате одговор?  Нормално ли е да клеветите за наводна „усогласеност“ во уредувачката политика на Сител, Алфа и Канал 5? Во кој член од било кој светски медиумски закон е забрането телевизиите да обработуваат исти теми на дневно ниво? Во кој закон или член пишува доколку две или повеќе телевизии обработуваат иста тема или прилог имаат усогласување на уредувачката политика?

Се повикувате на извештајот на ОБСЕ, но заборавате да кажете дека нивниот извештај се базира токму врз вашиот скандалозен извештај, односно ве цитираат вас и вашите научнофантастични креации.

Нормално ли е да клеветите дека наводно , Канал 5 имал „говор на омраза“, а  притоа без да ја почитувате презумцијата на невиност, иако добро знаете дека само надлежен суд може да донесе таква пресуда?

И за крај, нели ви е малку незгодно да пратите писмо/реакција од агенцијата заверено само со печат, без архивски број и име и презиме на одговорното лице или некое друго лице? Се плашите ли да се потпишете затоа што самиот не си верувате на вашите т.н. Заклучоци?

Г-дине Трајчевски, после сите овие ваши гафови, Канал 5 смета дека е веќе бесполезно да полемизира со вас, и заедно со ММА ќе донесе свој став и одлука за следните чекори, кои веќе претходно ви ги најавивме.

ЗАЕВ ПРИЗНА: СЈО прави селективен прогон против ВМРО-ДПМНЕ по пријави од СДСМ

„Со (таа) аболиција се уништени многу значајни предмети. Беа отворени 35/36 истраги за кои опозицијата поднесе пријави“- посочува Зоран Заев во интервју за турската агенција Анадолија, во делот од разговорот посветен за СЈО и аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов.

Zaev-objasnuva

Заев отворено признава и лично дава потврда на тоа што беше очигледно за јавноста, дека Специјалното јавно обвинителство до сега работеше само и само по волја и диктат на СДСМ. Од СЈО во неколкуте предмети, кои беа јавно најавени беа посочувани високи функционери на ВМРО- ДПМНЕ. Заштитините лица на СЈО постојано без квалитетно подготвени предмети по секоја цена бараа притвор за функционерите на владејачката партија. Притоа, не смее да се изземат и недоличните коментари на обвинителите од СЈО на социјалните мрежи, ниту пак на недостојното однесување на Катица Јанева во однос на водењето на случаите против Заев и Верушевски, кои ги презеде како предмети. За потсетување, додека се бараше притвор за сите споменати кои се во врска со ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Верушевски, за кој што има низа докази за вмешаност и организатор на прислушувањето, има и признание за тоа, како и постоење опасност од бегство или повторување на делото, Верушевски, како и Заев, слободно се шетаат во јавноста.

Verusevski-seta-sloboden

Оваа изјава на Заев само го потврди ставот на претседателот Иванов за помилување на сите кои ќе се најдат опфатени во предметите на СЈО, за кое што во своето обраќање посочи дека неговата работа служи како изборен памфлет, дека е потребно време за да изработат квалитетни обвиненија, а потоа ги посочи и дипломатските претставници кои вршат притисок врз обвинителството и судот. Признание дури и го оправдува чекорот на помилување, освен во делот на простувањето за  делата на Заев и на неговиот соработник, Зоран Верушевски.

Anketa-Cupovski-3

Заев со ова шокантно признание ја потврди и моќта за перцепција на граѓаните кои во анкетите дури 70тина проценти посочуваат дека работата на СЈО е политички мотивирана, дека е политички приотисок врз власта, дека според тоа не веруваат во обвиненијата , како и дека нема да им влијае врз одлуката на следните парламентарни избори.

СКАНДАЛОЗНО: Специјалната Ленче е ќерка на судија сменет за криминал

Работите со фронтмените на СЈО не изгледале баш онака како што треба да изгледаат според нивните планови. Миленко Неделковски на својот портал Дудинка ги објавува следните факти.

Како само „Специјалната“ Гица Прасица успеа да ги собере околу себе сите синчиња и керкичиња на татковци криминалци и манипулатори. Рецидиви од комуњарскиот режим, богаташи од Бранковата транзиција?!

Земајки предвид дека Гица одработува за криминалец со десетици кривични пријави, чии татко е осуден за кражба на струја – Зоран Заев, а заедно со криминалци како Кирацовски и идни осуденици како Оливер Спасовски, се избиструва маглата што САД и Британската амбасада сакаат да ни ја продададт за “професионалците“ од СЈО.

Таткото на љубовџиката во таборот на Гица, обвинителката-портпаролка Ленче Ристовска, бил КРИМИНАЛЕЦ. Еве што пишува Утрински весник во понеделникот на 16-ти октомври 2006-та:

– „Разрешување на тетовски судии
Републичкиот судски совет вчера одлучи да му предложи на Собранието разрешување и на двајца судии од Основниот суд во Тетово поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Станува збор за тетовските судии Никола Ристовски и Ќани Абдуљи. Двајцата судии, кои биле „специјализирани” за овој вид предмети, на кои им давале приоритет, противправно легализирале 16 постари возила. Како што веќе пишуваше „Утрински весник”, во целата оваа афера биле вклучени и тројца полициски службеници од Тетово, кои помогнале за добивање уредна документација на спорните возила“.

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2066&stID=67505&pR=2

Од тие ујдурми со возилата, што „судијава“ со години ги работел и од тоа “заработувал, и купува на Ленче стан на нејзино име, кај градинката во Карпош 4, одкако таа почнува да студира прва година, негде околу 2001 година.

Гица Кејти Прасица е магнет за криминалци и деца на криминалци.

Предходно за СЈО Гаврил Бубевски јавноста дозна дека:

– „Гаврил Бубевски во јавноста е познат како кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на Зоран Заев. Елица Медарска пак, мајка на адвокатот на Заев и СДСМ, Филип Медарски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Софија Медарска претходно Спасова, пак, сопруга на Филип Медарски е судијка во скопскиот Основен суд 2. Софија е ќерка на Ристе Спасов, секретар на судот.

Значи, по логиката на нештата, мајка му на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува. Сестрата на Филип Медарски, пак, Ана Медарска Лазова, работи на прием на тужби за Република Македонија во Стразбур. Од ова произлегува дека најтесното семејство на адвокатот на Зоран Заев, сега засилено со неговиот кумашин во тимот на Катица Јанева е одлично распоредено во македонскиот правен систем и дели правда.

Оттука произлегува тесната поврзаност на Гаврил Бубевски, и неговото просперирање во кариерата. Но тоа не е се.

Имено, Гаврил Бубевски е син на Данче Бубевска судијка во Основниот Суд во Берово и Киро Бубевски транзиционен директор на Агрокомбинатот „Малешевска слива“ – Берово, кој своевремено беше распарчен и распродаден, а стотици семејства беа оставени на улица.

Агрокомбинатот пред уништувањето од страна на таткото на Гаврил Бубевски поседувал 660 хектари земјоделско обработливо земјиште претежно под овошни насади, јаболки, вишни и сливи. Исто така, агрокомбинатот поседувал и илијадници грла на стока, поточно 5.000 овци, 200 кози и 300 крави, сопствена млекара и дестилерија во која се произведувала популарната Беровска ракија од слива.

По уништувањето на фирмата во која биле вработени неколку стотоици ако не и илијада луѓе кои поради таткото на Бубевски останале на улица, тој купува неколку станови во Скопје, каде Бубевски и неговата сестра живеат (секој одделно во посебен стан) за време на студиите.

Освен ова, Бубевски во СЈО е познат заведувач, и често е гледан во интимно присуство со обвинителката Фатиме Фетаи, со која се одвојувал во одвоени простории како и се сретнувале надвор од канцелариите за наводна консултација“.

Извор: Дудинка.мк

СКАНДАЛОЗНО: СДСМ побара ВМРО-ДПМНЕ да не учествува во избори и во кампања

На дело се покажа и излегува на површина нервозата и стравот од пораз на СДСМ. Дознаваме дека за време на разговорите за изборниот законик кој што се одвива меѓу партиите, СДСМ побарала во закон да влезе забрана за политичко агитирање од ВМРО-ДПМНЕ и забрана за појавување на телевизија на функционери на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања, во спротивно доколку имаат јавни настапи и кампања барањето на СДСМ би значело сите да си дадат оставки од државните функции.

Предлогот на СДСМ преточен во законски норматив бил следен ”Да се забрани политичко агитирање, т.е. настап во медиумите на лица на јавни функции од таа позиција од денот на распишување на изборите. Од денот на утврдување како кандидат на изборите треба да се пренесуваат само информации за активностите што се нужни за работењето на државните органи, и тоа во имперсонална форма, како соопштенија.”

Ова значи дека СДСМ бара закон кој би значел забрана на ВМРО-ДПМНЕ да учествува на избори, само поради тоа што ја има поддршката од граѓаните и има одговорност да управува со државните институции, како и забрана да има политичка изборна кампања. Доколку некој сака да учествува во кампања што е нормален процес и демократско право на секој субјект, истиот треба да си поднесе оставка, според СДСМ.

Практично таквите оставки би значеле целосно замрзнување на институциите, блокирање на процесите и системот, а граѓаните покуси во остварувањето на своите права.

Зад ова стои несомнено стравот од пораз на СДСМ кој излегува на површина, и на секој начин тие се обидуваат преку вакви небулозни решенија да некој им ја надокнади разликата и ниската доверба која ја имаат меѓу граѓаните. Истовремено ваквиот предлог директно се коси со елементарните демократски права.