ШИЛЕГОВ ДРВОСЕЧАЧОТ: Прв проект – ги исече дрвата во Чаир, паркобраните не смеат да му писнат

Од ветуваното зеленило, добивме сечење на дрвата токму од оние кои најмногу се бунеа за секое едно исечено дрво. Градоначалникот Петре Шилегов вели пак дека не знаел дека дрвјата биле сечени, нешто што секако е негова работа.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера ги исече дрвата во паркот кај поликлиниката во Чаир во Скопје, а од Кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги предупредија во иднина да ги известуваат за секоја сеча на дрва пред да ја направат, пренесува СДК.МК

Граѓаните кои живеат во околните згради остро реагираат и бараат објаснување од Град Скопје зошто е исечен пола парк, во моментите кога Скопје се соочува со високо ниво на загаденост.

Од ЈП„Паркови и зеленило“ велат дека ги исекле дрвата бидејќи се работело за тополи кои биле опасни.

-Сечењето е според програмата на Град Скопје. Стануваше збор за тополи кои беа накривени и малку фалеше да паднат врз зградите или не дај боже врз некој човек во паркот. Заради вакви случаи ние плаќаме оштети на граѓани, само пред неколку недели плативме еден милион денари, на граѓанин бидејќи дрво му паднало врз колата. Предвидено е во наредниот период да се сечат тополите спроти поранешна Нова Македонија“, вели директорот на ЈП„Паркови и зеленило, Душан Авировиќ.

Граѓаните сега гласно прашуваат каде се паркобраните на СДСМ кои додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт за едно исечено дрво, се бунеа како да е крај на светот, а сега кога се сече цел парк ги нема никаде.

Гласно се коментира дека наместо директно удирање по џебот на граѓаните со поскапувањето на паркингот во Скопје, градоначалникот Шилегов би можел да се погрижи да не се сечат дрвјата во градот кој во овие моменти се мачи со голема загаденост.

И поистакнатите членови на СДСМ, како што е Ивор Мицковски. Тој на Фејсбук праша „Нагрна ли живот доволно хипокритчиња?!“.

СКОПЈЕ СЕ ГУШИ: Скопјани заробени дома поради рекордното ниво на загаденост

Скопје веќе неколку дена по ред се гуши во загаден воздух. На стартот на грејната сезона, како никогаш досега мерните станици бележат високо ниво на загаденост, а скопјани се жалат и на миризбата во воздухот која ги принудува да останат затворени во своите домови. Најлоша е состојбата во општината Карпош и наслебата Лисиче, но загаденоста е висока и во Центар и Гази Баба каде се поставени мерни станици.

Вака изгледаат бројките попладнево:

Ништо подобра не е состојбата ниту во Битола. И таму мерните станици на стартот на грејната сеозна бележат високо ниво на загаденост на воздухот.

Вообичаено во текот на ноќта состојбата се влошува, а бројките на мерните станици растат.

СДСМ ВО КОАЛИЦИЈА СО КРИМИНАЛОТ: Хаос во Скопје – Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк

Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк и сето ова само за нешто повеќе од 24 часа. СДСМ направи коалиција со криминалот и улицата, а Скопје потона во хаос. Оправдан е стравот кој се јави кај скопјани. Главниот град се претвора во крвава арена, а МВР под палката на СДСМ нема никого ниту приведено ниту казнето.

Скопје како Див запад: Пукано од возило во движење во Кисела Вода

Утрово на улица Антон Попов во населба Кисела Вода од страна на непознати сторители од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило местото и се упатило во непознат правец.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници излегле на лице место, извршиле увид и подигнале предмети за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ограбено лице во Градскиот парк во Скопје- му се заканувале со нож

Четири лица синоќа со закана со нож ограбиле лице во Градскиот парк во Скопје, при што му одзеле 500 денари.

Како што соопшти МВР, вчера во 23:40 часот, од страна на четири засега непознати машки лица извршено е разбојништво над Н.Б., при што му се одземени 500 денари.

Сторителите со закана со нож му побарале пари, по што оштетениот извадил од џебот 500 денари и им ги дал по што сторителите заминале во непознат правец.

Од МВР превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Брутално претепан и ограбен маж кај Жена-парк

Во петокот, во 21:52 часот во Полициска станица Центар, Д.Д. од село Могорче-Дебар пријавил разбојништво од страна на три лица во паркот “Жена борец“.

Според пријавата, едно лице му пришло од зад грб, го фатило за рацете, а другите две лица почнале да го удираат и да го претресуваат, по што му одзеле лични документи, пари и часовник и со трчање побегнале.

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на случајот.

И вооружените напади на банки, станаа секојдневие во Скопје.

Две банки беа ограбени за само две недели, а сторителите се уште се на слобода.

ЗАЕВ ДОЖИВЕА ДЕБАКЛ: 90% од присутните на митингот на СДСМ не се жители на Скопје

На денешниот митинг на СДСМ во Скопје беа присутни околу 17.000 граѓани од цела Македонија.

Но, најважно е дека на денешниот митинг СДСМ доживеа дебакл и не ја доби поддршката од скопјани, па дури 90% од присутните беа граѓани кои не живеат во Скопје, донесени со автобуси и комбиња.

Автобусите кои можеа да се забележат по главните скопски булевари кои меѓудругото го блокираа сообраќајот, најбројни беа од Струмица, Куманово, Тетово и Дебар, каде што можеа да се забележат вработени од јавната општинска администрација.

Трајановски: Скопје мора да дише чист воздух – нашата определба е поздраво и позелено Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски на денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Скопје мора да дише чист воздух, па поради тоа приоритет во неговата програма имаат проектите за намалување на загадувањето на воздухот.

-Во програмата за овие избори имаме предложено проекти кои планираме да ги реализираме во наредниот четиригодишен мандат заедно со вас, граѓаните на Република Македонија. Во изборната кампања на Градот Скопје претставени се над 200 проекти за Град Скопје со прецизни рокови за реализација, опис и вредност на проектот. Посебен акцент посветувам на проекти за намалување на загадување на воздухот како најчувствителна тема со која се предизвикуваат сите наши постапки во однос на загадувањето на нашата околина, посочи Трајановски.

Тој нагласи дека согласно надлежностите на Град Скопје, предвидени се проекти за подигање на нови парковски површини за зелено Скопје, проширување на проектот „ВелоСкопје“ со иновативни решенија, но и изградба на нови велорути, со цел подигнување на свеста на граѓаните за велосипедот како превозно средство.

-Проекти за подобрување на јавниот простор наменет за пешаци и велосипедисти, проекти за модернизација на механизацијата на Јавните претпријатија. Следејќи ги најмодерните еколошки стандарди, преку кои Градот Скопје ќе се вброи во технолошко развиени и паметни градови. Проекти за пренамена на фрекфентни сообраќајници во пешачки зони централното градско подрачје и мотивирање на поголема мобилност на граѓаните преку кампања за денови без автомобили во Градот Скопје и другите општини ширум Република Македонија, рече Трајановски.

Потенцираше дека големо внимание ќе посвети и кон управувањето на јавниот превоз со употреба на нови електрични автобуси, безбедни и корисни за животната средина.

-Исто така, и проект за поддршка на жителите во социјален ризик со цел подеднаква инклузија во секојдневното градско живеење. Никако помалку важни не се ни младите во Градот Скопје бидејќи Скопје е град на младите, на средношколците, на студентите од цела Македонија. Младите кои се наша иднина и за кои вложив посебно внимание да бидат вклучени во сите текови на развојот на еден град, посочи Трајановски.

Тој во својот говор наброја и неколку конкретни примери на проекти кои ќе ги реализира по 15 октомври.

-Изградба на третата фаза на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во општина Бутел во вредност од 180 милиони денари. Изградба на четвртата фаза од булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија до Драчево, изградба на „Јужниот булевар“, изградба на ново средно училиште во општина Аеродром, нов забавен парк. Ќе работам на изградба на централна причестителна станица, изградба на дел од булеварот „АСНОМ“, продолжување на нови велосипедски патеки и многу други патеки. Скопје мора да дише чист воздух, па затоа ветувам дека ќе направиме пола милиони квадратни метри со зелени површини и нови паркови во Скопје. Приватните компании за автобуски превоз ќе бидат субвенционирање од Град Скопје за инсталирање на уреди со кои ќе се намали загадувањето на воздухот. Ќе продолжиме со реконструкција на зеленилото покрај кејот на реката Вардар и ќе изградиме нова патека за џогирање со специјална подлога. Ќе субвенционираме 10.000 нови велосипеди за граѓаните на Град Скопје бидејќи поздраво и позелено Скопје е нашата определба, истакна Трајановски.

На крајот од својот говор, Трајановски потенцираше дека граѓаните веќе го познаваат по неговата амбициозна посветеност.

-Вие ме познавате по мојата амбициозна и повеќечасовна несебична посветеност на вас, на граѓаните на Градот Скопје. Знаете дека не ветувам доколку не можам да исполнам, а нашите завршени проекти зборуваат за квалитетот на живеење во една европска метропола како што е Градот Скопје. За Скопје секогаш можеме и повеќе и подобро. Да го направиме Скопје и градовите во Република Македонија уште поубави места за живеење заедно со вас, граѓаните на Република Македонија. За нова ера во уште поголеми победи и напредок. Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Коалицијата „За подобра Македонија“, да живее Скопје, да живее Република Македонија, да сте живи и здрави и на 15 октомври да славиме една голема победа во сите општини.

Коце Трајановски со велосипед се качи на Водно (Галерија)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски со велосипед се искачи на Водно. Градот Скопје денеска организира велопикник што ќе се одржи на паркингот на Средно Водно, од 9:00 до 13:00 часот, како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.

Собирањето на велосипедистите е пред објектот на ИЗИИС, а стартот на турата е во 9:30 часот. По пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците ќе имаат можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, промоција на (не)формалните велосипедски водичи, да го истражат Водно со велосипед или пеш, да уживааат во музичката програма со диџеј и многу други активности.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.

Бичиклиски: Разликата во квалитетот меѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна

На граѓаните на Скопје им е потребен стабилен вреден и чесен градски татко, а не градска пијандура. Петре Шилегов е човекот кој на Скопје може да му понуди само едно големо ништо што е впрочем опус на целиот негов политички век досега, изјави на денешната прес-конференција Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека Петре Шилегов е свесен оти неговата партија на чело со, како што рече, неспособниот Зоран Заев е во тежок ендек дека пропаѓаат и свесни се дека им доаѓа крајот и затоа ги лажат граѓаните на градот Скопје.

-Граѓаните на Скопје ја знаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, ја знаат разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев. На градот му требаат стабилни чесни луѓе, а не луѓе кои што ќе го претворат градот за 24 часа во паланка, истакна Бичиклиски.

Потенцира дека на скопјани ќе им биде многу лесно на локалните избори. Според него, разликата во квалитетот во помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна.

СТРУМИЦА ВЛАДЕЕ СО СКОПЈЕ: Десетици струмичани „им го зедоа лебот“ на старите СДСМ-овци од главниот град

Роберт Алаѓозовски, Драги Рашковски, Ден Дончев, шефицата на кабинетот на Заев и многу други највисоки функционери во новата власт доаѓаат од Струмица, градот на премиерот Зоран Заев.

Оваа ситуација веќе неколку недели буди се поголем револт кај старото членство на СДСМ во кое се се почести коментарите од типот: „Како не сум и јас од Струмица за да бидам директор или министер“.

Незадоволните членови и активисти на СДСМ кои цел живот работат за партијата го забележуваат трендот во кој најголеми шанси за министер, директор или друга многу влијателна функција имаат луѓе кои доаѓаат од Струмица. За сметка на тоа, заборавени и игнорирани се СДСМ-овците од Скопје.

За Заев се вели дека на повеќе луѓе им признал дека не сака јак скопјанец на висока позиција во СДСМ, како и дека е против тоа да има силен кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ бидејќи во случај на евентуална победа таквиот човек би можел да ја засени славата на Заев и неговата султанска позиција во СДСМ.

Со таков став Заев ги повлече и првите потези како премиер па „половина Струмица“ ја вработи во Владата на Република Македонија и многубројни институции. Старото членство на партијата делува прилично разочарано од пајташите и шарените одработувачи на Заев кон кои поранешниот струмички градоначалник реши да се оддолжи, заборавајќи на останатите и игнорирајќи ги силните кадри од главниот град.

Тунтев има стан во Скопје, а пак зема по 2500 евра народни пари за патни трошоци

Тунтев има два стана во Охрид и еден Скопје на анкетниот лист, ама пак лапа највеќе за патни трошоци. Добро ама бар не си ги изнајмува сам себе ко Шеќеринска.

tunte

Извор: Државна комисија за спречување корупција 

Груевски: Почнува со работа ПЕТ центарот во Скопје, капитален проект во македонското здравство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денес почнува со работа со пациенти уште еден објект од огромно значење за македонското здравство. Се заокружува ПЕТ Центарот во Скопје кој што преставува капитален проект во македонското здравство, пишува Груевски.

-Пред само една недела се потпиша договор за градба на нов клинички центар во Скопје која ќе следи и за која се обезбедени средства, а денес имаме завршен проект, односно почнува со работа со пациенти, се заокружува ПЕТ Центарот во Скопје кој што преставува капитален проект во македонското здравство.

Станува збор за најсовремен, најсложен и единствен објект од ваков тип не само во Македонија туку и во поширокиот регион.

Секоја фаза од развивање на ПЕТ Центарот беше одобрена и сертифицирана од Меѓународната агенција за атомска енергија. Најсовремената дијагностика во ПЕТ Центарот ќе овозможи прецизна дијагноза, како и прецизно следење дали е ефикасна терапијата кај пациентите со малигни заболувања. Ваквата инвестиција ќе спаси многу човечки животи.

Објектот каде се простира Центарот опфаќа вкупна површина од 2500 м2. Вкупната инвестиција е околу 16 милиони евра.

Се располага со опрема за производството на радио фармацефтици и посебен дел со циклотрон во кои за прв пат во Македонија ќе се произведуваат радио изотопи. Се располага и со оддел за дијагностика во кој е предвидено приемното одделение за пациенти, приемна амбуланта, простор за апликација на радио фармацефтикот, кој е со специфична форма и има строго дефинирана заштита.

Стручниот кадар кој е ангажиран во установата има завршено обука во Универзитетската клиника Св. Орсола при Универзитетот во Болоња. Со изградбата на овој напреден ПЕТ Центар Македонија влегува во нова, понапредна фаза, во медицината. Ова е проект кој беше предвиден во нашата програма и претставува уште едно реализирано ветување. Овој центар останува на Република Македонија и ќе значи ниво погоре во медицинската заштита за пациентите. Центарот ја става земјава на повисоко ниво на светската здравствена мапа и го подига нивото за давање на здравствени услуги и најсовремена дијагностика, како и врвна научно-истражувачка работа, пишува Груевски на Фејсбук.