Откриен планот на СДСМ за Зврлевски: „Анкетите се лоши, Катица неупотреблива, мора да се постави партиски обвинител да ги гони ВМРО-ДПМНЕ“

„Марко Зврлевски мора да биде сменет што поскоро, ВМРО не смее да го блокира ова бескрајно, ако треба ќе протестираме ама Зврлевски мора да падне“, ова е пораката која им била пренесувана на општинските организации на СДСМ речиси низ цело Скопје на итни состаноци кои биле свикани вчера и завчера со цел да се мобилизира членството доколку СДСМ реши да прави протести за смена на Зврлевски.

Причина за оваа голема нервоза и итност кои владеат во СДСМ по секоја цена Марко Зврлевски да биде променет од функцијата Јавен Обвинител, се најновите интерни анкети кои партијата ги направила и кои покажале голем пад меѓу македонските гласачи после непопуларните договори за двојазична Македонија и за „поклонување“ на историјата на Бугарија.

СДСМ нема простор за дополнителни акции кои суштински би го смениле соодносот на сили на теренот преку СЈО, бидејќи Катица Јанева и нејзиниот ти се веќе „прочитана приказна“ и нивната моќ и одработување во корист на СДСМ и ДУИ најмногу беше искористена за време на парламентарните избори.

Цела година пред парламентарните избори СЈО го гонеше само ВМРО-ДПМНЕ, а ги штитеше и ослободуваше од обвиненија СДСМ и ДУИ, што резултираше повторно со победа на ВМРО-ДПМНЕ, но со помала разлика во однос на СДСМ. Но сега, СДСМ има насушна потреба од партиски обвинител кој по секоја цена ќе измислуа нови обвиненија за ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ и сите медиуми кои ги има под контрола тоа ќе го користат максимално во предизборната кампања.

Наследникот на Зврлевски кој ќе биде аминуван од Заев и некои амбасадори преку спроведување на партиските задачи од позиција на Јавен Обвинител ќе треба да ги мобилизира граѓаните преку манипулативна и негативна кампања, иста како таа на Јанева. Проценката на СДСМ е дека партиски јавен обвинител ќе допре до поедуцираните и посамостојни граѓани, додека пак за социјалните случаи, лицата со криминално досие и поткупливите граѓани, СДСМ во планот за фалсификат има предвидено координирана акција на партизираната полиција, мафијашкото подземје и институциите на системот за труд и социјала (пензии, социјална помош…).

ВИДЕО: Димовски го разобличи Спасовски од СДСМ за поставувањето некадарни началници

Несправувањето со одредени задачи, односно пронаоѓање на крадци, според техничкиот министер за внатрешни работи поставен од СДСМ, Оливер Спасовски била главна причина за смена на раководителите на секторите.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на седницата посветена на пратеничките прашања одржана во четвртокот од Спасовски побара објаснување на разрешувањата во МВР, на што техничкиот министер се осврна само на началниците кои што беа заменети, без да ги спомене новоименуваните началници. Димовски побара и одговор од Спасовски за тоа по кој принцип се назначени новите началници бидејќи, како што рече извршено е класично прекршување на Законот за внатрешни работи.

-Одлучивте да смените повеќе началници на сектори и одлучивте да унапредите над десетина, веројатно ваши партиски лица спротивно на Законот за внатрешни работи. Во Куманово назначивте за началник лице кое што до сега било полицаец што досега не е видено во историјата на МВР, од полицаец да биде унапреден толку скалила и да биде назначен за началник на сектор. Во Битола назначивте лице кое што исто така кога сте дошле на власт 2002 година било назначено за началник на секторот во Битола но бил разрешен за само 6 месеци. Во Скопје назначувате човек кои што е класична инсталација од редовите на СДСМ. Началник во Охрид назначувате човек за кои што не знаеме многу освен ви бил колега и близок пријател додека сте студирале во Скопје. Ми велите во Охрид охриѓанец, во Куманово кумановец, ама во Скопје зошто ставите велешанец за началник? Принципот што ми го продавате за Охрид и Куманово не ви држи за Скопје. Дополнително ништо не кажавте за тоа што тој господин е потпишуван на барања од СДСМ за организирање на митинзи. Човек кој што бил во партијата во хиерархија. Човек кој во име на партијата пријавува протести вие го ставате за началник на СВР Скопје. Во Велес е назначен началник кој што никој не го знае, ниту колегата Марјан Николов ниту јас ниту колегата Коџобашиев ниту пак некој од Велес. Вие не назначивте лице од Велес туку носите некој надвор од Велес, рече Димовски.

Димовски од Спасовски побара и објаснување за унапредувањето за четири нивоа на сопругот на министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски и се осврна на начинот на кои што СДСМ би владеел доколку некогаш дојде на власт.

-Попатно, сопругот на госпоѓата Ременски од инспектор на полициска станица Гази Баба го унапредувате во генерален советник што е за четири нивоа погоре, спротивно на Законот за внатрешни работи, посочи Димовски.

На сите овие прашања, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се осврна само на началниците кои што беа заменети додека ниту збор не спомна за новоназначените началници и сопругот на министерката Ременски, чие унапредување стана тема на дискусија на пратеничките прашања, како прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова. Ременски дури и’ предложи на Рангелова да се сретнала со нејзиниот сопруг.

– Не сакам да говорам за сопругот, може да ви договорам тој да ви раскаже зошто напредувал, рече Ременски.

На ова Рангелова остро реагираше.

– Треба да објасните прво пред СДСМ па и пред јавноста како може за еден месец да напредува дури четири скалила, тоа е дебакл. Добро што ви дадовме функции па да видиме како ќе постапувате ако дојдете на власт – рече Рангелова.

Главна причина на Спасовски зошто ги менува раководителите на секторите му беше дека сегашните во овие месец дена не се справиле со некои задачи и не откриле крадци и слично. На ова реплицираше пратеникот Илија Димовски, кој му рече дека човекот кој е назначен за началник во Битола, додека бил началник не можел да открие кој му го запалил автомобилот, а сега Спасовски го назначува за да открие туѓите автомобили кој ги запалил.

-Да почнеме со Битола, викате палењето на возилата се причина. Господине Спасовски, додека овој човек што вие го назначувате за началник бил началник, му била запалена него колата и не открил кој му ја запали и вие сега го назначувате за началник за да открие туѓиве коли кој ги запалил. Додека бил началник му ја запалиле колата и не открил кој  му ја запалил колата и вие тоа ми го давате како образложение зошто е назначен за началник. Се знае, партиска припадност, 2002 сте го назначиле сега пак треба да го назначите, лице кое за шест месеци било разрешено, рече Димовски.

Ваквите информации отвораат сериозен сомнеж за тоа колку навистина се кадарни и способни партиските лица кои Спасовски ги постави на високи позиции, спротивно на законите, за извршување на дадените функции и задачи. Критериумот на Спасовски се чини е многу низок, па се отвора прашањето ако началникот не успеал да го пронајде лицето кое го запалило неговиот автомобил, што да очекуваат граѓаните кои би биле оштетени и на кои им треба помош од страна на полицијата.

Анкетната комисија закочи – или нов Деловник или смена на Шилегов

Нов деловник за работа, кој ќе утврди точни правила по кои ќе работи Анкетната комисија за скандалот со прислушување и ингеренции по кои ќе се води претседателот на Kомисијата или смена на актуелниот претседател Петре Шилегов со друг пратеник од коалицијата на СДСМ, кој би имал поголемо пратеничко искуство и водење седници.

Ова се двете варијанти што се отворија на вчерашната, трета по ред неуспешна седница на ова собраниско тело откако Шилегов повторно закажа состанок за сослушување сведоци според неговиот редослед, овој пат за сослушување на поранешниот директор на УБK, Сашо Мијалков.

Членовите на Kомисијата веќе три дена се во длабоки расправии за тоа дали е деловнички Шилегов да свикува седници што се беспредметни, а при тоа да прифаќа да се усвојуваат и други точки на дневен ред освен сослушување сведоци.

Расправите меѓу власта и опозицијата продолжија со лични квалификации за тоа дали некој бил писмен и дали некој имал домашно воспитување или е пратеник со украдени гласови.

– Или вие сте неписмен или ние сме сите неписмени – му порача пратеничката од власта Владанка Авировиќ на Шилегов читајќи одредби од Деловникот за кои сметаше дека претседателот упорно ги одбегнува.

Шилегов во друга расправа искористи да ~ врати на Авировиќ со тоа што рече дека многу брзо и паѓала концентрацијата.

– Kолега, дајте му на Горан Мисовски да ја води седницата па да видите како ќе тргне работата во Kомисијата – коментираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија за работата на Шилегов.

На ова тој возврати:
– Ние не можеме да бидеме колеги, вие сте пратеник со украдени гласови.

Резултатот беше еден час јалова расправа, која заврши со неусвојуваање на дневниот ред.

Потребно мнозинство немаше за предлогот на Шилегов Kомисијата да го сослуша Мијалков, бидејќи тој не беше дојден. Немаше мнозинство ни за предлозите на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој предложи дневниот ред да биде дополнет со две точки. Првата беше, барање до МВР да достави до Kомисијата извештај за внатрешната контрола на Управата за безбедност и контраразузнавање по однос на скандалот со прислушувањето. Втората дополнета точка од Милошоски беше барање до специјалниот јавен обвинител Kатица Јанева да ги достави сите материјали, копии или оригинали на вештачење, ако тоа постои, по однос на скандалот со прислушувањето за да може да се утврдиме колкав број граѓани биле прислушувани.

Откако седницата беше прекината поради тоа што не беше изгласан дневен ред, опозицијата и власта излегоа со изјави во кои меѓусебно се обвинуваат за неуспешната работа.

– Kомисијата не успеа да изгласа дневен ред како што беше и во средата с` со цел да не може официјално да биде повикан Сашо Мијалков на денешната седница да даде своја изјава. Обидот да се дополнува дневниот ред со точки што се ставени на друга седница е евтин обид да се исценира дека поради недостаток на волја на кој било член од Kомисијата или незнаење на претседателот на Kомисијата, тие точки на дневен ред не се усвоени – рече Шилегов.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, Шилегов можеби е добар правник во судница, но не е добар претседател на Kомисијата бидејќи не го почитува Деловникот што самиот го предложи, а тие го усвоиле.

– Овие седници, за жал, се претворија во губење време, наместо во ефикасна работа – рече Милошоски.

Тој се посомнева дека в понеделник, за кога е најавено сведочењето на премиерот Никола Груевски, опозицијата преку процедурални укажувања, прекинувања седници, паузи, презакажување за следен ден и сите други можни деловнички и неделовнички механизми ќе се обиде да го спречи сведочењето на Груевски.

Инаку во Анкетната комисија вчера не беше присутен ниту еден претставник на ДУИ и на ДПА. Пратениците на ДПА ги нема веќе трет ден.

Шилегов рече дека и тој е за извештај од контролата на УБK, но потоа гласаше против

На забелешка на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева зошто претседателот на Kомисијата упорно не бара извештај за извршената контрола во МВР и УБK во врска со прислушувањето, Шилегов рече дека тој лично смета оти таков извештај е потребен и ќе го побара, но не може ако претходно таква точка нема на дневен ред и заклучок за тоа. Kога дојде на ред гласањето тоа да биде поставено на дневен ред, тој се изјасни против.

Извор: Дневник

Колумна на Тодор Петров: СО СМЕНА ЌЕ НЕ СНЕМА…

Сè додека се разговара за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, Македонија ќе биде под опсервација на контролирана нестабилност заради рекомпонирање на власта, до постигнување на целта. Но, тоа ќе го дестабилизира целиот Балкан. Единственото решение за излез од оваа 25 годишна агонија и кошмар е безусловен крај на разговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации со единственото историско име Македонија! Сега и веднаш!

И, не заборавајте, Македонија не разговара за името затоа што така некој решил или тоа е нечија надлежност, туку затоа што на тоа доброволно, иако без мандат, се согласиле претседателот на државата и владата.

За крај на разговорите за името на државата не се потребни никакви посебни процедури! Доволна е само една писмена нота, еден бел лист хартија со неколку реченици, не мора дури ни од претседателот на државата или премиерот на владата, може само и од министерот за надворешни работи на Македонија, до генералниот секретар на Обединетите Нации дека: Државата Македонија смета дека разговорите за разликата за името со Република Грција, во согласност со Резолуцијата 817(1993) на Советот за безбедност се исцрпени, разликите се евидентни но не го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, и заблагодарувајќи се на досегашната медијација на специјалниот пратеник меѓу владите во Скопје и Атина, Македонија го продолжува членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под единственото историско име Македонија! Генералниот секретар на Обединетите Нации таа нота ја доставува до сите мисии на земјите членки и толку! Крај на приказната!

Покојникот Киро Глигоров прифатил да разговара за разликата за името, ја прелажа нацијата дека тој акроним ќе трае 2-3 месеци, за Бутел замина без да и’ се извини на нацијата за таа лага, и еве дојде ден да кажеме КРАЈ на тие разговори, го продолжуваме членството во Обединетите Нации со името на државата во апликацијата за зачленување! Никакви судови, никакви мислења… Впрочем, и Бадентеровата комисија на Европската Унија, составена од претседателите на пет уставни судови на пет земји членки на ЕУ, во предвечерието на распаѓањето на поранешна СФР Југославија, заклучи дека “името на државата Македонија не прејудицира територијални претензии”! И идеологот на СДСМ, Фрчкоски, 2005 година барајќи крај на разговорите за разликата за името, рече “Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчки интереси, па и не го кријат тоа.”

Името на државата и идентитетот на нацијата се неприкосновено и неотуѓиво право на самоопределување и самоидентификација!

Жалосно, но вистинито, во оваа ситуација сме и поради некомпетентноста на македонската дипломатија да преговара и договара. Ниту еднаш од 1990 година до денес, ниту една влада не спомна дека разликата не е во името, туку заради окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ!

А, има решение, веќе етаблирано! Ирската формула: Република Ирска и Обединето Кралство Велика Британија и Северна Ирска! Соодветно и за Македонија! Сакаат географска одредница? Па, еве: Република Македонија и Јужна Македонија во Република Грција! Без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia”!

Но, кога ние спиеме, Грците не! Замислете ја перфидноста на Атина. Од неодамна, провинцијата Македонија во Северна Грција ја поделија на три географски региони: Источна Македонија, Средна Македонија и Западна Македонија. Ако Македонија е единствен географски регион во четири држави, како што сакаат да кажат Грците, во демонтажата на Македонија од етнологија во чиста географија, во Грција сега има сè, само нема регион Јужна Македонија. Ама затоа, тука е Северна Македонија наместо Република Македонија. И за тоа решение, “нашите” ќе не убедуваат дека ништо не менува, а сè ќе смени, до… нас Македонците да не снема!

Целта на “меѓународната заедница”, ЕУ и САД, е со ова решение да се согласи ВМРО-ДПМНЕ. Сите останати им се нерелевантни бидејќи секоја влада со нив ќе биде нестабилна и несериозна. Да беше до другите, досега повеќепати се формираше парламентарно мнозинство за смена на името и да падне Груевски. Ама, “меѓународната заедница” очекува согласност за тоа решение токму од ВМРО-ДПМНЕ. Другите и така одамна прифатија сè што им предложија. Кооперативни се… Со свиткана кичма…

Скандалот со прислушкувањето е само фаза во компромитацијата на актуелната Влада да прифати промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Украинското, па белоруското сценарио, Сорос… Повеќе од јасно е дека тоа е долгорочно подготвувана операција сервирана од странски разузнувачки служби преку домашни извршители: колаборационисти и неоврховисти… Базата Гризли на котата Кодра Фура… Инсталациите со најсофистицирана опрема за прислушкување на целиот Балкан токму во Македонија поради геостратешката важност на територијата… Агресијата од Косово врз Македонија кај Танушевци… Војната 2001 година… Калето не го пикнаа под земја за да садат печурки…

Конечно, Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, бидејќи антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на името на државата се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Само во единството е силата! Единство, само единство и ништо друго освен единство за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Во одбраната или продажбата на името на државата и идентитетот на нацијата е патриотизмот или предавството, независно од сите други разлики во уверување и мисла! Наш заеднички содржател и именител е само Македонија! Со Македонија нè има, без Македонија сите ќе нè снема и во светот и во татковината!

Затоа, аманетот до сите кои во наше име решаваат: Промената на името на државата и идентитетот на нацијата претставува злосторство против човештвото што не застарува, најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и флагрантно кршење на меѓународното право и Уставот на државата Македонија! Застанете пред огледало и погледнете се, па запрашајте се: Има ли барем малку достоинство и совест во предавството што за други и туѓи го извршувам и може ли јас и моите да се спасам од проклетството?… А, татковината… татковината никому нема да остане должна, историјата никому нема да прости, секому по заслугите! Гемиџиите не биле само восочни фигури…

И после сè, пак ќе биде тоа што сме, затоа што Македонија е вечна! Амин!

Пишува: Тодор Петров

Моќен и вешт политички потег на Груевски – по оставките силна иницијатива на премиерот

Таинствен, но во политичките кругови протолкуван како моќен и вешт политички чекор. Изненадувачките самоиницијативни оставки на Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков имаат длабока политичка поента коментираат експертите. Тие велат дека овие политички потези се специјалност на премирот Груевски и дека ќе му овозможат прекршување на ситуацијата и нова иницијатива.

Според нив со овој чекор Груевски покажува дека е убеден во силата на аргументите и во поддршката која ја има во народот. Сега, како што велат тие, со овој неочекуван потег кон опозицијата со лидерство го насочува решавањето на политичката криза предизвикана од недостоинственото однесување на раководството на Бихаќка.

Извори од владејчката партија велат дека Мијалков, Јанкуловска и Јанакиески остануваат да бидат едни од главните темели на ВМРО-ДПМНЕ.

По овој одлучен потег на Премиерот, сега топката е кај опозицијата а партиски извори велат дека Македонија мора да продолжи да чекори напред

Овој потег доаѓа и во моменти кога по улиците на Македонија маршираат над 70 илјади луѓе со поддршка за полицијата и полициската акција во Куманово, што е голем симбол за тоа со кого е народот и дека народот ја поддржува полицијата и тоа што полицијата го прави за заштита на мирот и стабилноста на сите граѓани.

Времето кое минува го покажува и она кое Премиерот го тврдеше на неговата прва прес конференција по објавата на кривичната пријава за случајот „Пуч“, а тоа е дека се работи за големо сценарио за дискредитација и рушење на безбедносниот систем и институциите, сценарио на многу монтажи и фабрикувани елементи.

Со овој потег Груевски покажува дека нема од што да се плаши, покажува убеденост во своите политики, и одлучност во намерата до крај да се расчисти со се, убеден во тоа дека вистината е на негова страна и дека цело ова сценарио кое очигледно не го игра опозицијата ќе доживее на крај дебакал.