СЕ ФАТИ ВО ОРО СО ЃАВОЛОТ: Љубчо Георгиевски го нападна Заев за ослободувањето на убијците на децата од Смилковско Езеро

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски побара информации за мотивите за пресвртницата во „Монструм“ за враќање на случајот во судска постапка, додавајќи оти вака се остава впечаток дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот.

-По неочекуваниот расплет во случајот „Монструм“ јавноста ќе мора во брзо време да добие јасна информација што се мотивите,аргументите за ваква пресвртница. Во спротивно ќе остане впечатокот дека СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот, напиша Георгиевски на Фејсбук.


Укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување побара јавната обвинителка Лилјана Спасовска на јавната седница на која се разгледуваа жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и Апелацискиот суд.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор се осудени Алил Демири, Африм и Аѓим Исмаиловиќ и Езим и Хаќи Азири и Самил Љута. Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

ВИДЕО: Објавен целиот разговор со таткото на Наќевски – убиен кај Смилковското езеро: ЗАЕВ Е ПРЕВАРАНТ И ПОГОЛЕМ МОНСТРУМ ОД УБИЈЦИТЕ!

Политички „Монструм“: Шок и неверување кај семејствата на убиените момчиња кај Смилковско Езеро по вчерашната одлука целиот случај да се врати од почеток.

Таткото на убиениот Александар Наќески, Горан во потресно телефонско сведочење за Алфа јасно го искажува своето незадоволство од како што вели лажните ветувања на премиерот Зоран Заев. Тој во последната скандалозна одлука на судот гледа како на политички пазар меѓу ДУИ и СДСМ.

ЗАЕВ ГИ ОСЛОБОДУВА МОНСТРУМИТЕ: Терористите кои ги масакрираа децата кај Смилковско езеро ќе бидат ослободени

Само четири месеци по превзимањето на владата на СДСМ ја спроведува својата најголема „реформа’’ ослободувањето на терористите од македонските затвори. По ветувањето за амнестирање на лица поврзани терористичката организација ИСИС уапсени во акцијата „Ќелија“, следи и намалување на казните, односно ослободување на „монструмите“ кои го извршија терористичкиот акт кај Смилковско езеро.

Ubostvo-Smilkovsko-ezero

Да не заборавиме дека на конститутивната седница во Собранието пратеникот од редовите на ДУИ Реџаиљ Исмаил не потсети дека ДУИ и Алијансата на албанците не се откажале од Тиранската Платформа и на фактот дека таа ќе биде дел од новата владина програма. Тој во својот говор како главни точки од платформата кои ќе бидат реализирани и дел од новата програма на владата на СДС ги спомена двојазичноста на целата територија, рамномерниот регионален развој како и ослбодувањето на терористите од случаите Монструм и Бродец. Колку да се потсетиме и ослободувањето на терористе од случајот Диво Насеље исто така беше дел од платформата иако пратеникот Исмаил не го спомена конкретниот случај.

Во интервју за Макфакс Мухамед Зекири најави дека случаите „Сопот“, „Монструм“ и „Диво Насеље“ дека ќе бидат решени во најбрзо време. Тој најави дека случаите ќе бидат решавани надвор од судовите преку анкетни комисии ќе се решаваат „Сопот“ и „Монструм“ а случајот „Диво Насеље“ ќе биде решен преку меѓународна комисија. Освен Зекири, и Оливер Спасовски најави дека и покрај тоа што судењето за терористите од Диво Насеље е пред самиот крај, ќе се бара и вештачење од странски агенции (ФБИ), што најверојатно ќе резултира со констатација дека терористите не се виновни.

За работите да станат уште по замрсени адвокатот Сашо Дуковски кој е редовен гостин како ,,правен експерт’’ во режимските медиуми и е во блиска врска со СДСМ, ги брани обвинетите во случајот „Монструм“. Тој исто така е правен застапник и на пет учесници во шарената револуција.

Во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов родителите на загинатите деца на Смилковското езеро изјавија дека биле повеќе пати изманипулирани од Зоран Заев за тој лично да добива политички поени на своето конто. Родителите стојат на ставот дека луѓето кои сега се во затвор се сторителите на свирепото повеќекратно убиство кое се случи на големиот христијански празник Велики Четврток. Според Накевски притисокот од ДУИ и меѓународната заеднивца го кочело обвинителството и судот за донеување пресуда, а министерот од редовите од ДУИ Аднан Јашари немал потпишано ниту еден документ за екстрадиција. ,, Господинот Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни пушпти порака дека ќе ни ги даде тие пет разговори, државна тајна, тој прво викаше шест, ама ништо од тоа до сега. Пораката од Заев ја имаме и во телефон и испечетано пораката. Неговата гаранцијааж видовте колку вреди.’’

Zaev-Monstrum-Smilkovsko-ezero

Заев откако родителите му ја покажале пораката кој тој им ја напишал демантирал дека луѓето кои се во затвор обвинети во случајот „Монструм’’ се невини. Од се може да се извлече поука, во нашиот случај пораката е дека на Заев неможе да му се верува и фактот дека тој е човек кој е спремен на се само за да остане на власт. Во овој случај тој е спремен да ослободи терористи и убијци за да ги придобие албанксите гласови.

Заев договорил амнестија за убиjците кај Смилковско езеро

Заев прифатил дека осудениците од случајот „Монструм“ биле наводно невини, иако против нив имаше цврсти и несоборливи докази.

Од еден од албанските коалициските партнери на СДСМ, дознаваме дека Зоран Заев во разговкрите за коалицирање договорил целосна амнестија на лицата осудени за убиство  на петтемината кај Смилковското езеро, меѓу кои и 4 малолетници.

Заев прифатил дека осудениците од случајот „Монструм“ биле наводно невини, иако против нив имаше цврсти и несоборливи докази дека ладнокрвно ги убиле жртвите во пресрет на Велигден. Ова требало да следи до крајот на годината.

Во скандалозното интервју дадено вчера за српски „Курир“, Заев отиде доттаму што тврди дека осудените во „Монструм“ биле невини, односно дека немало никакви докази оти тие се виновни.

Запрашан дали има докази кои расветлуваат што се случило на Смилковското езеро каде се убиени четири деца и еден риболовец, Заев одговара:

Постојат разговори кои покажуваат дека за луѓето кои се во затвор нема никакви докази за тоа. Во разговорите не постојат докази кој тоа го направил…

Во третата точка од тиранската платформа прифатена од Заев, се бара целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” „преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган“.

 

 

Апелација потврди: Доживотен затвор за убијците кај Смилковскиo Езеро

Апелацискиот суд Скопје ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014 година за случајот „Монструм“.

– Апелацискиот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9.10.2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.80/12; КОК.бр.88/13 од 30.6.2014 година во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.

Со цитираната пресуда на Апелацискиот суд Скопје по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на обвинетите А.И., А.Д., А.И., Ф.А. и С.Љ. огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од Кривичниот законик, како соизвршители и обвинетиот Х.А. огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани.

– Со одлуката на Апелацискиот суд Скопје, жалбата на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена во ослободителниот дел на првостепената пресуда,  со која обвинетиот Р.С. е ослободен од обвинението за кривичното дело „тероризам“ од Кривичниот законик како соизвршител со останатите обвинети, се одбива како неоснована, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.