Одложено судењето на Зоран Заев – не се појавил на четвртото рочиште

osnoven-sud-kumanovo

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, претставникот на правното лице од СДСМ Дамјан Манчевски и адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ, денеска не се појавија на четврото рочиште закажано во кумановскиот суд по однос на приватната тужба на Виктор Цветковски, за неовластено снимање и објавување снимки.

На рочиштето во кумановскиот суд се појави третообвинетиот Мартин Костовски, кој информираше дека Зоран Заев, претставникот на СДСМ Манчевски и адвокатот на одбраната Вујиќ не можат да присуствуваат на рочиштето поради обврски во Државната изборна комисија.

Катица со приватни детективи незаконски следи и снима – ОЈО отвора постапка за незаконско работење на СЈО

katica-dokumenti-sledenje

Вечер дојде до документот кој потврдува дека приватен детектив, заедно со истражителот на СЈО, незаконски снимале дом на лицето С.М., а во телефонот на едниот од нив се пронајдени и незаконските снимки. СЈО најави дека наскоро ќе се произнесе во јавноста по ова прашање и дали и по кој основ е ангажирана детективската агенција. Од ОЈО се обратија до јавноста со отворено писмо во кое наведоа голем број на пропусти и незаконитости во работењето на СЈО и на Јанева како попис и записник на материјалите предадени од лидерот на СДСМ Зоран Заев, усни наредби за фотографирање и следење но и незаконски приведувања

ojo-dokument-nezakonsko-rabotenje-na-sjo

Вечер дојде до дел од официјалните документи клучни за постапката која ОЈО ја отвори против СЈО, а која доаѓа по самоволието на Јанева, која спротивно на сите законски прописи, испраќа луѓе на терен за да снимаат лица и објект. Според документите, јасно се гледа дека истражител и приватен детектив го фотографирале и снимале објектот во кој живее лицето С.М., како и лицата кои влегувале и излегувале од него. Јанева се обиде да ја манипулира јавноста тврдејќи дека истражителот бил на терен по нејзина наредба, но усна, што е спротивно на сите закони во Македонија.

Од СЈО најавија дека во текот на денешниот ден ќе се произнесат по постапката која ја отвори ОЈО против нив. Засега нема одговор дали и по кој основ е ангажирана детективска агенција од Берово и дали лице од агенцијата било приватно или службено пред објектот кој бил фотографиран и сниман.

Пред неколку дена, околу пладне, од полициски службеници кои вршеле редовни задачи биле забележани две лица како фотодокументираат објект, а веројатно и лица кои влегувале и излегувале од објектот. Истите биле со патничко возило “опел астра# и откако бил направен обид да бидат легитимирани, едно од лицата дури и се дало во бегство по што било запрено и било извршено службено дејствие – легитимирање.

Од страна на службените лица е утврдено дека станува збор за А.Л. кој бил вработен во СЈО како истражител и А.Е. од Берово, приватен детектив од детективска агенција “Детектив – Објектив# од Берово, која е во негова сопственост. Во првичниот разговор извршен со А.Л. истиот негирал дека со неговиот мобилен телефон вршел фотодокументирање на објект или на лица кои влегувале и излегувале, објаснувајќи дека таму се упатил заради оперативни потреби. Приватниот детектив А.Е. кажал дека дошол таму на барање неговиот пријател, истражителот А.Л. и дека пријателот бил тој што вршел фотодокументирање без да ги знае причините за ваквите дејствија. Од двајцата се одземени камери, апарати и картички и веднаш се повикани полициски службеници од полициската станица во Центар за да го документираат настанот.

Ниту еден од нив немал судска наредба за да презема дејствија какви што биле преземани, односно да фотодокументира објекти и лица. Откако двете лица биле повикани во полиција поради сомненија дека сториле кривично дело по член 152 од Кривичниот закон „неовластено снимање“, со нив е извршен разговор за што се изготвени и службени белешки.

Драмата се случила вечерта, откако околу 22:00 во полициската станица во Центар пристигнала Катица Јанева која го прашала истражителот зошто е во полиција, а овој и одговорил дека имал службен разговор со полицајците и им рекол дека веќе дал исказ дека неговиот телефон го предал на обвинителот Гаврил Бубевски. После ова Јанева избувнала и со висок тон почнала и лично да го навредува со зборовите “Кој Гаврил, каков Гаврил, која Катица, дали ти знаеш дека те преземавме по чл. 50, на кого ти овде треба да поднесуваш изјави, излегувај пред мене одма, излегувај одовде“… гласно зборувала Јанева.

Од Јавното обвинителство потврдија дека биле известени од МВР за две лица кои неовластено снимале објект и лица.

– Основното јавно обвинителство Скопје потврдува дека од страна на МВР бевме известени дека од страна на овластени службени лица од МВР, две лица биле затекнати како од возило вршат следење и снимање на лица и објекти, велат од ОЈО.

Заради утврдување на идентитет и легитимирање на истите, едно овластено службено лице непосредно со легитимирање го запрел возилото по што едно од лицата кои го вршеле следењето и снимањето се дало во бегство. Легитимирањето на двете лица имало за цел утврдување на идентитетот и овластувањата за постапките кои ги презеле. Следење на осомничени лица и снимање на објекти на осомничени лица може да се врши само со судска наредба за посебни истражни мерки, а во конкретниот случај таква судска наредба не била издадена.

Повеќе од дваесетина минути затекнатите лица одбивале да се легитимираат и идентификуваат по што веднаш бил известен ЦИК при МВР. Потоа на лице место дошол униформиран полицаец од ПС Центар, па на негово барање до двете лица да се јават во полициска станица, самите доброволно се упатиле во ПС Центар каде бил извршен разговор со истите.

Во врска со писменото известување и придружната документација Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка за настанот, велат од ЈО.

АРОГАНТНИ И ФРУСТРИРАНИ: Пленум на СДСМ – Само ние смееме да снимаме, вам ви е забрането (ВИДЕО)

UKIM-Plenum-snimanje

Агресивните СДСМ-овски пленуми и револуции не запираат со агресивното однесување за време на гласањето за нов студентски лидер, жолчно обидувајќи се да испровоцираат инцидент и да го прекинат изборот на нов лидер.

Врв на апсурдот беше ситуацијата кога СДСМ-овските пленумци и платеници се нафрлија групно врз еден човек, обвинувајќи го дека наводно ги сликал без нивна дозвола, му го спречуваа правото на слободно движење и му се закануваа. Хистеријата на СДСМ е особено трагикомична поради тоа што во моментот додека го обвинуваат дека ги сликал без нивна дозвола, истите луѓе го прават истиот чин поради кој го обвинуваат.

Ова делење правда во кое СДСМ-овските платеници си ја земаат улогата на трибунал и мислат дека тие треба да одлучат кој и што смее да прави, е стандарден начин во нивното делување.

Македонска Нација: Бомбите на Заев се лепени и снимани некаде во големо студио

Prislusuvanje-doc

Јас сум не 100 проценти, не 1000, туку милион проценти сигурен дека бомбите на Заев се лепени и снимани некаде во големо студио. 

Aleksandar-DzepovskiТолку години сум музичар со тапија и снимањето е мој живот. Мој предизвик било и ќе биде, луѓе што не знаат да пеат и имаат слаб и неубедлив глас, да ги направам или направиме како родени од Бога за пеење со полн и продорен глас да ги пукне небарем ѕидовите. Сите ниски, средни и високи фрекфенции со изедначен професионален ефект и спектакуларни завршници ги знаеме на 1001 начин одовде до Месечината и назад.

Доколку гледате реалити шоу со снимени разговори од Брза Помош, Полиција и Противпожарни повици, со закон регулирани и дозволени разговори на телевизија, ќе приметите дека снимените разговори се снимени така што гласовите се небарем си им ставил штипки на нос на соговорниците, потенки гласови и неизбежни шумови на местата каде се соговорниците и она како глуви кога не сме слушнале нешто па има пауза поголема и она нашето Аааа??? Штооо ? Рецепцијата на моболните никогаш не е константна и добра.

За разлика од сето ова, кај бомбите на Заев ама баш до една, се слушаат гласови на големо студиско ниво, како да плаќа некој за пеење по 200 евра на саат и гласовите се како за рок пеачи, само без еко ефект. Зборовите се темпирани како швајцарски саат, без застанување и никаков шум од околкината и види чудо, со одлична рецепција. Секој збор е на високо ниво и се одлично се слуша. Со еден збор Македонски Телеком е со 100 пати поквалитетен звук и техника од Америка, Австралија и Европа. И нема она Аааа, Штоооо…. се е кратко јасно и ефектно за мерак. Најитересно е како е крпен зборот ДА. Се додава одма во секунда кога на народот треба да му се даде порака што некој од се срце сака да ја наметне и гледа сеир.

Ние музичарите имаме многу финти и трикови, но еден заслужува посебно внимание. Ако некој каже здраво на микрофон, го ставаме како семплер или примерок на програм преку клавијатура и после гледајте сеир. Грубо и со фалшови некој ќе испее или изрецитира… и после со клавијатура се дотерува на највисоко ниво, што и Павароти се има чудено што техниката прави. Паралелно со ова, може од два семплери на Заев и Груевски да направиме телевизиски серии со нивните гласови и сите ќе поверувате дека се вистински. Исто така на бомбите се гледа и дека фрекфенциите на гласовите од соговорниците се исечени мајсторски и правилно, така да нема горе долу разлики, се е на исто ниво, направено преку компјутери.

Ова се само неколку од стотоци финти и трикови што ги имаме ние музичарите под ракав. Ако додадам и дека имам завршено курс за снимање и прислушкување, како и мајстории за додавање и одземање зборови и со еден збор за големи пари да направиш убиец невин, а невиниот да го направиш убиец …. сето ова имајте си го во глава дека не треба да му се верува на никој. Затоа јас се откажав од покварените финти и таа деликатна работа која можеше да ми донесе богатства невидени.

Но чиста ми е совеста, а на СДСМ не им е чиста совеста и затоа така прават.

Ете, ви објаснив накратко зошто мислам, а и ви тврдам дека бомбите на Заев се лага и не поминуваат ни кај деца од 5 години. Ваше е да одберете што е вистина и најважно од се е да ја сакате и чувате Македонија. Другото само по себе ќе си дојде. Мир, разум и вечна Македонија.

Извор: Македонска Нација
Пишува: Александар Џеповски