СДСМ со закани по советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба: Ако не гласате за СДС крв ќе падне и молотови коктели

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека притисоците, заканите, уцените и дивеењето на СДС кое беше присутно пред изборите и за време на изборите продолжува.

-И во вакви едни услови ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиционите партнери за време на изборите ја доби мнозинската поддршка од граѓаните на Гази Баба на советничката листа освојувајќи мнозинство на советници, изјави Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека алармантноста на силеџиството од страна на структури блиски до СДС ги принудува јавно да го соопштаат она што се случувало во текот на вчерашниот ден при конституирањето на советот.

-Имено вршен е непосреден и дрзок притисок на советници, имајќи го во предвид тесното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да го поддржат СДС за да може да формираат мнозинство во Советот спротивно на изразената волја на граѓаните дадена на избори. Имено додека траеше конститутивната седница посетен е домот на советник на ВМРО-ДПМНЕ од непознати лица при што на родителите им било испратена директна закана, цитирам: „Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели“, изјави Бојковски.

Бојковски кажа дека е фрапантно, до таму стигнаа, наместо проекти и дела, СДС сака да владее со молотови коктели и страв.

-Крајно недемократски и одлика на една заробена држава. Истиов случај е пријавен во полиција и ги повикуваме институциите да го расветлат во најбрз можен рок, во спротивно ќе сметаме дека тие стануваат заштитници на силеџиството. Вчера советниците не подлегнаа на заканите и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери го формираше мнозинството на советот. И ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе работи во интерес на граѓаните на Гази Баба и ќе биде остар критичар на сите непопуларни мерки и коректив на работата на градоначалник од СДС, Борче Георгиевски, изјави Бојковски.

Тој кажа дека граѓаните не се плашат. Порака до СДС, со закани и уцени не се владее. Кој се обидел со страв да владее брзо бил поразен од народ.

ЗАЕВ МОЛИ БОГА МИГРАНТИТЕ ДА ОСТАНАТ ТУКА: Советниците на СДСМ гласаа за населување на мигранти

На денешната седница на општина Битола, советниците на СДСМ гласаа против референдум во нивната општина.

Со ова само се потврди дека советниците од партијата на Зоран Заев го поддржува акциониот план за мигранти на неговата Влада кој предвидува нивно населување во Македонија изградба на станбени објекти за нив, како и бесплатно образование и здравство.

Сепак, советниците на ВМРО-ДПМНЕ издејствуваа во Битола да има референдум. Со 15 гласа ЗА од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и со 9 гласа против од советниците на СДСМ е донесена одлука за распишување на референдум и изјаснување на граѓаните по ова прашање.

Министерката Мила Царовска денес се појави на седницата на Совет во Битола, но избега од истата за да не одговара на прашањата за мигрантите. Досега неколку пати ги менуваше изјавите за оваа тема.

„Македонија не е толку добра и атрактивна земја за бегалците. Дај Боже да е така, па тие да сакаат да останат“, изјави Зоран Заев викендов.

ИСТЕЧЕ МАНДАТОТ НА СОВЕТИТЕ: Градоначалниците со технички мандат до крајот на годината

Мандатот на советниците во општините е истечен на 24 март 2017 година, а на градоначалниците може да трае до 31 декември 2017 година.

Вакво појаснување даде денеска преку соопштение Државниот инспекторат за локална самоуправа повикувајќи се на член 35 и член 49 од Законот за локална самоуправа.

Како што наведуваат во соопштението, мандатот на советниците во општините согласно член 35 став 1 од Законот за локална самоуправа е 4 години и тој со оглед на последните локални избори кои се одржани на 24 март 2013 е со истечен мандат од 24 март 2017. Сите одлуки кои советите на општините ги донеле по овој датум од страна на Инспекторатот се поништени и ставени вон сила, а никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство.

Мандатите, пак, на градоначалниците, како што стои во соопштението, се регулирани во член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа и таму јасно стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи 31.12.2017. Со оглед на изминатиот мандат на советите, градоначалниците извршуваат техничка функција, но во никој случај не смеат да прекинат со функционирањето на општината, а во случај да не ги извршуваат законските обврски ќе бидат соочени со законски санкции, укажува Инспекторатот.

Државниот инспекторат за локална самоуправа, како надлежна државна институција која ја следи законитоста на единиците на локалната самоуправа, истакнува во соопштението дека изнесените толкувања деновиве за мандатите на советниците и градоначалниците се произволни и несериозни со цел свесно манипулирање на граѓаните.

– Чудно е како Инспекторатот не беше консултиран ниту пак учествуваше во некоја од јавните дебати, организирани од ЗЕЛС, каде очигледно се носеа производни заклучоци со партиски интереси без законска основа, а што е најтрагично со криење на вистината од граѓаните, лицитирајќи со датуми на мандати и поистоветувајќи ги советниците и градоначалниците што е апсолутно незаконско, велат од Инспекторатот, од каде апелираат да не се манипулира со локалната самоуправа и да не се даваат изјави кои не се од овластена државна институција.

Климовски: Уставен итно да се произнесе за иницијативите за мандатот на локалната самоуправа

Јас мислам дека секоја иницијатива која се поднесува до Уставен суд е право на граѓаните, односно на подносителите на тие изјави и јас мислам дека тие се уставни. Не треба да се заборави дека судиите уживаат имунитет. Имунитетот, судијата го има со истиот капацитет како што го имааат и пратениците, вели во интервју за телевизија Сител поранешниот прв човек на Собранието, Саво Климовски.

-Јас мислам дека тоа е еден флагрантен обид да се врши  директен притисок на Уставниот суд и директно на судиите на Уставниот суд воопшто да не пристапат во разгледување и донесувањето на одлука, тоа си е нивна, во врска со пдонесените иницијативи. Напротив, јас мислам дека таа одлука мора да се земе како приоритетна, Уставниот суд веднаш треба да расправа по поднесените иницијативи и со оглед на значењето, со оглед на сензибилноста, со оглед на карактерот на прашањето кои што го покренуваат во тие иницијативи мсилам дека тоа би било многу одговорно и политички исправно, вели Климовски.

Тој додава дека уставно- правно е сосема во ред, тие уживаат  имунитет и порачува да не се плашат од никаква кривична- правна одговорност.

-Ова е директен напад врз самостојноста, имунитетот и начинот на одлучување на уставните судии и тоа е за мене неприфатливо, вели Климовски.

НОВ БЛАМ: Советниците на СДСМ кои гласаа против чистење на одводните канали во Гази Баба повторно лажат (ВИДЕО)

Советниците од коалицијата на СДСМ кои во февруари 2016 бараа општина Гази Баба да не го субвенционира чистењето на одводните канали во корист на граѓаните кои имаат земјоделско земјиште, влегуваат од лага во лага.

Во обид да го „испере образот“ на СДСМ од срамот за кој јавноста беше запознаена пред неколку дена, денес прес-конференција пред општината Гази Баба одржа советникот Дарио Николовски од СДСМ.

Според она што го кажа советникот Николовски во неговиот збунет и конфузен настап на денешниот прес, „провладините“ медиуми „го натерале“ него и неговите колеги од СДСМ да бараат општината да не го субвенционира чистењето на одводните канали – односно веста дека советниците на СДСМ не сакале да се чистат каналите, туку со тие пари да се прават еко-фасади и кровови на градинки била неточна манипулација.

Gazi-Baba-zapisnik-2

Ако „баба лаже“, официјален извештај од општина не лаже. А на него добро се гледа дека Дарио Николовски е еден од групата опозициони советници кои на седницата на општина Гази Баба одржана на 22.02.2016 година биле против субвенциите од општината за чистење на одводните канали и барале повлекување на точката за субвенционирање на чистењето од дневен ред.

За среќа по животот на граѓаните, мнозинството советници биле против предлогот на советниите од СДСМ, кои пак разочарани од тоа што општината повторно, седма година по ред ќе субвенционира чистење на одводните канали, не гласале за точката која претходно барале да се повлече.

Тоа е евидентно од извештајот од седницата, дури и за збунети советници фатени во лага како Дарио Николовски од СДСМ. Вкупно 16 советници од владејачкото мнозинство се против барањето за повлекување на точката од дневен ред, наспроти 7 советници кои се за. Во моментот кога се усвојуваат субвенциите за чистење на канали, со „ЗА“ гласаат истите 16 кои биле против укинување на точката од дневен ред.

slika-gazi-baba-lazat

За советниците на СДСМ, како што се гледа на извештајот од седницата кој го побаравме и добивме од општина Гази Баба, сумата од речиси 3.900.000 денари со која се субвенционира чистењето на одводните канали била „превисока“ и СДСМ-овските советници бараат општината да престане со оваа активност, а парите да ги пренамени во други цели.

gazi-baba-zapisnik

zapisnik 2

Ваквото дејствување на опозицијата според експертите кои ги консултиравме е класична шема на однесување на СДСМ-овската опозиција, која има за единствена цел да биде контра секоја одлука на владеачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие сакаат само да бидат против, да има конфликт и да создадат хаос и проблеми во работењето на општините во кои владее ВМРО-ДПМНЕ, без притоа да размислат дека со таквото деструктивно делување некогаш може да предизвикаат штета од несогледливи размери, велат нашите соговорници.

На денешната прес-конференција која ја оддржа Николовски, новинарите го прашаа како го коментира фактот дека тој и колегите од опозицијата биле против чистење на каналите. Тој одговара:

„Тоа е класично манипулирање на провладините мегафони, во скорешниот период ќе добиете целосен, целосен изглед на записникот од таа седница. Она што го коментираат провладините медиуми околу тоа дека ние сме барале повлекување или сме гласале, знаете како оди гласањето на седници на совет на општината, тоа е гласање каде што не се гласа поединечно и провладините медиуми може само да манипулираат кој за кого гласал“.

Оваа трагикомична изјава на Николовски кога се обидува да го одбрани неговото скандалозно однесување заедно со неговите колеги би била смешна, доколку поплавите не завршеа со трагичен биланс за десетици животи. Медиумите ниту го создаваат извештајот за работата на советот, ниту пак ги терале советниците на СДСМ да бидат против чистењето на каналите само за да одат контра власта.

Циркузот не завршува тука. Новинарите го потсетуваат Николовски дека тој и колегите од СДСМ тврделе дека повеќе пари треба да се дадат за некоја друга намена и би биле подобро искористени. На тоа Николовски повторно влегува во нов блам и ги обвинува медиумите употребувајќи „селски итроштини“.

„Ќе ја цитирам мојата изјава во делот што они го објавија, а ве убедувам дека тој дел не е во целост објавен, но ќе ја цитирам уште еднаш мојата изјава на крајот од таа дискусија каде што гласи се она што го бараме не е за штета на граѓаните, ние бараме само обезбедување на дополнителни средства за сите останати активности“.

„Лажеш Дарио“ -веројатно би му рекол секој кој го прочитал извештајот од седницата од февруари 2016 година. Во него совршено јасно се гледа дека СДСМ бара да не се субвенционираат одводните канали во општина Гази Баба и со парите да се прават еколошки фасади. Точно е дека еколошките фасади се од корист на граѓаните, но тие малку помагаат во поплави како овие што се случија во скопскиот регион. За СДСМ парите кои се користат за субвенционирање на чистењето на одводните канали се премногу, и сакаше точката да се повлече од дневен ред. Откако ова не им успеа, СДСМ не гласаше за чистењето на каналите.

Тоа е вистината која е целосно пренесена, вистината која очигледно го буни Дарио Николовски и предизвикува тој нервозно да се кочи пред камера. Но и вистина од која нема бегање.

СКАНДАЛОЗНО: Советниците на СДСМ во Гази Баба гласале против чистење на одводните канали пред шест месеци

Советниците од коалицијата на СДСМ барале повлекување од дневен ред и не гласале за одлуката со која општина Гази Баба седма година по ред го субвенционира чистењето на одводните канали, во корист на граѓаните кои имаат земјоделско земјиште.

Според советниците на СДСМ и коалицијата на седницата одржана на 22.02.2016, парите во износ од речиси 3.900.000 денари кои општина Гази Баба ги издвоила за субвенционирање на чистењето на каналите „биле премногу пари за оваа намена и наместо за чистење на каналите требало да се употребат за еколошки фасади и кровови во градинки“, како што забележуваат советниците на СДСМ и коалицијата во стенограмите од седниците на советот кои општина Гази Баба ги снима.

Затоа тие најпрво бараат повлекување на точката од дневен ред, што не им успева, а подоцна и не гласаат за да се усвои одлука за чистење на одводните канали преку субвенционирање.

Мица Младеновска од коалицијата на СДСМ на оваа седница вели: „Имам забелешка во однос на износот кој треба да биде исплатен, односно тие пари 3.882.672,00 денари можат да се искористат за санација на улици, на кровови во градинки.“

„Предлагам оваа точка да биде повлечена од дневниот ред“, ќе додаде Младеновска.

Gazi-Baba-zapisnik-1

Сашо Начовски од опозиционата коалиција се приклучил кон барањето на Младеновска предлагајќи овие средства наместо за чистење на каналите да се искористеле за енергетско ефикасни фасади за колективните згради, како и дека постоеле „најразлични субвенции за чистење на канали или ред други работи.“

Покрај тоа што не објаснил кои се тие најразлични начини за субвенционирање освен финансиската помош, Начовски дури е ироничен и циничен, и додава дека „потребно е оваа ставка да се намали. На крај повторно ако имаме град или поплава ќе се отвори работа за општинската комисија за проценка на штети.“

Gazi-Baba-zapisnik-2

За жал – имаше поплава, и тоа катастрофална, во која животите ги загубија 22 луѓе и беа причинети огромни материјални штети кои допрва ќе се утврдуваат. Прашање е колку ќе беше полош епилогот доколку успееше планот на СДСМ и коалицијата општина Гази Баба да не го субвенционира чистењето на каналите.

Општина Гази Баба веќе седма година, заедно со општините Илинден и Петровец, ги субвениционира физичките лица кои имаат земјоделско земјиште и обврска да плаќаат годишен надомест на јавното претпријатие „Скопско Поле“ за чистење на каналите. Овие три општини седма година по ред обезбедуваат редовно чисти канали преку субвенционирање на обврската на граѓаните, не дозволувајќи застој и проблеми во одвивањето на оваа активност поради неподмирени обврски на корисниците до јавното претпријатие.

Деновиве во рамите на своите некрофилски активности, претставници на СДСМ се сликаат и раскажуваат колку пари ќе вложеле кога ќе дојделе на власт во чистење на каналите. Овој стенограм од седницата на која СДСМ не сака да се даваат пари за оваа намена е најдобар доказ за лицемерието на најголемата опозициона партија, како и за обидите по секоја цена и во време на вакви големи трагедии да ги лаже граѓаните, обидувајќи се да собира ситни политички поени, велат експертите кои ги консултиравме.

Земјоделците задоволни од новата мерка: Придонесот на земјоделските советници ќе биде огромен

Земјоделците ја поздравуваат новата мерка која вчера ја најави лдиерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски,а  истата се однесува за ангажирање на  земјоделски советници за помош и поддршка на земјоделците. Земјоделците сметаат дека овј чекор води кон осовременување на земјоделството во Македонија, што најверојатно ќе придонесе за поголемо и поквалитетно производство, и само така ние може да бидеме поконкурентни на пазарот.

Лидерот на Асоцијацијата на фармери ан Македонија, Ефтим Шаклев смета дека ова е резултат од средбите што ги имале со Груевски, на кои се дискутирарало кои проблеми ги имаат земјоделците и кои се нивните барања, односно што да превземе Владата за да се подобри состојбата во земјоделството.

– Сега има уште еден проект што е по наше барање, претходно беше системот Капка по капка, а сега е проектот за земјоделски советници, специјализирани советници, бидејќи постојано дискутираме дека земјоделците не се доволно информирани и доволно едуцирани. Познавајќи ја структурата на самите земјоделци, старосната граница, образованието и затоа е одлучено земјоделците да си ја гледаат својата работа, да не се занимаваат да се учат да бидат агрономи, туку само да ги извршуваат поставените задачи, а поставените задачи ќе бидат зададени од страна на советниците. Советниците задолжително ќе имаат високо образование и плус да полагаат специјалистички испит, за да имаат лиценца во областа во која ќе работат, дали во градинарство, лозарство, сточарство, секој советник ќе има своја специјалност и ќе одговара за своите резултати. Неговата должност ќе биде да му каже на земјоделецот што да посее или да посади, кога да го направи тоа, и за цело време на вегетација на културата мора да го прати и да го советува со своите идеи. Мора на пример да каже кога треба да се прска, со кои препарати, кога треба да се крои лозјето…, за се ќе биде одговорно советодавното лице, вели Шаклев.

Eftim-Saklev

Тој додава дека целиот проблем не може да се реши во една година, меѓутоа со текот на работата на советодавците ќе има едно планско планирање за да немаат проблеми.

-На пример, една година имаме само една култура и имаме вишоци на пазарот, имаме ниски цени. Советниците ќе кажуваат каква сорта да биде, кое ѓубриво да го употребува, кој перпарат да се употребува и нема да ни се случува како до сега да се сомневаме во семето, во ѓубрето, во препаратите. Се ќе биде подредено во интерес на земјоделецот, за тој да не се занимава со споредни работи, практично да биде он извршител и да го чека само резултатот од својата работа за да не губиме време. Ние не можеме да ги пратиме најновите достугнувања на науката, бидејќи секој ден имаме нешто ново, дали да работиме ние на полето или да пратиме на интернет. Затоа мислам дека ова ќе биде еден чекор напред за осовременување на земјоделството во Македонија, што најверојатно ќе придонесе за поголемо и поквалитетно производство, и само така ние може да бидеме поконкурентни на пазарот, заклучува Шаклев.

Лидерот на земјоделците од струмичкиот регион Ване Митев вели дека новата мерка за млади советници или матичен советник, исто така еден европски тренд каде што секој фармер ќе биде следен од тој матичен советник- да му се даваат стручни совети и сето тоа ќе биде покриено од страна на државата.

-Тие ќе имаат соодветна лиценца и треба да бидат многу потковани со знаење тие кадри кои ќе ги плаќа државата. Тие проекти се од огромно значење. Преку нив ќе има многу поквалитетно производство, изедначено, унифицирано и сметам дека ќе биде намалена и работната рака. Земјоделството ќе добие еден нов тренд, еден нов имиџ. Матичните советници ќе гледаат повеќе замјоделци да добијат за да добијат поголем плата, значи каков ќе биде учинокот на терен, таков ќе биде и придонесот за него од финансиски аспект.  И мислам дека тие два проекти значајно ќе дадат нова слика на градинарството во Струмица, вели Митев.

Vane-Mitev

Новиот проект Груевски го промовираше вчера, при гостувањето во Дневникот на Канал 5.

Имаме еден нов проект, кој еве сега за првпат ќе го споменам, се работи за проект со кој што сакаме да им помогнеме на земјоделците да добијат советници, земјодлески советници е насловот на проектот. Ќе бидат на база слична на матичните лекари, ќе бидат плаќани од државата по капитација, односно по глава на жител-земјоделец, односно колку има привлечено змејоделци да им биде советник, толку соодветно ќе биде платен и ќе бидат добро платени, ќе има голем интерес за таа професија, но тие ќе бидат должни неколку пати во годината да го посетуваат земјоделецот, да му даваат најдобри стручни совети, совети кои се базирани на најновите научни истражувања во делот на земјоделито во светот, рече Груевски.

Тој нагласи дека тие освен што ќе треба да имаат завршено факултет, ќе треба да полагаат и специјален испит за да добијат лиценца за оваа работа која ќе има одреден рок на трење.

-Да речеме 6-7 години, потоа ќе треба да ја обноват со ново полагање. За да сме сигурни дека ги следат најновите, најсовремени змејоделски практики, ќе треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик за да следат странски медиуми каде што се објавуваат најновите научни истражувања во земјоделието за да можат да ги разгледат и да им ги соопштат, рече Груевски.

Исто така, Груевски нагласи дека советниците ќе имаат обврска да ги посетуваат земјоделците на нива, да ја испитуваат земјата, да им дадат совет за нивниот плод и ќе имаат обврска да напишат што ги советувале, каков совет им дале, и потоа да ги видат резултатите.

Како се организирани советодавните служби во Европа?

Примерите од повеќе земји-членки на Европската унија, покажуваат за тоа како се организирани советодавните служби за земјоделците во Европа. На пример во Литванија,  постојат повеќе основни насоки во која се развива и се спроведуваат услугите за земјоделство. Земјоделците добиваат технолошки услуги, совети за зктивности за планирање во кои спаѓат ѓубрење, планови за заштита на растенијата, примероци на почва, баланс на нутриенти.

Советодавните служби на земјодецлите исто така даваат оцена на фарма, природни ѓубрива, пестициди, чување на ѓубрива, благосостојба на животните и друго, потоа услуги за дизајн, дизајн на објекти за чување на природно (арско) ѓубриво, документација за конструкција, еколошки дозволи, Економски услуги, бизнис планови за агро-еколошки инвестиции и имплементација и надзор на спроведување на проекти.

Во Велика Британија достапни се три главни видови на услуги за земјоделските стопанства. Советодавни услуги за усогласување со законските барања за реализација на земјоделски проекти (барања од аспект на градба, еколошки и други видови на дозволи и сл.), преку организирање на тематски работилници. Потоа постојат советодвни услуги за доброволно воведување на мерки и практики преку кои се намалуваат негативните ефекти врз животната средина од активностите на земјоделското стопанство. Советите се однесуваат на користење на земјиштето, според видот на почва, управување со ѓубривата, средствата за прихрана и заштита на растенијата, како и планирање и воведување на инфраструктура на земјоделското стопанство, што ќе ја подобри еколошката ефикасност и ќе придонесе кон заштеда на енергија.

Земјоделците во Велика Британија добиваат и советување за расположливите средства и програми за финансирање на земјоделските активности, што се во насока на поекономично и побезедно управување на земјдоелското стопанство, од аспек на заштеда на ресурси и одговорен однос кон животната средина.

Содржина на услугите на советодавните служби во земјоделството во Австријасе однесуваат на развој на компанија и управување со бизнисот, намалување на трошоците на земјоделското стопанство, квалитет на храна и хранливост, обновливи енергии, маркетинг, органско земјоделство, растително производство и сточарство, правни, даночни и други законски обврски на земјоделците, како и информации и совети за субвенции.

Кои се условите за советник во земјите во ЕУ?

Постојат низа услови за земјоделски  советник во земјите на ЕУ. На пример воУнгарија, советникот треба да има магистратура или високо образование во делот на земјоделство, ветеринарство, три години практично искуство и некомерцијален интерес

Советодавните компании во Данска овозможуваат услуги за стандарди кои се однесуваат на екологија, здравје на луѓето, животни и растенија, добри земјоделски и еколошки услови на земјоделското стопанство. Тие располагаат со административни и технички капацитети и опрема, искусни се во делот на советување и имаат професионлано осигурување или слично покритие на одговорност

Ваков земјоделски советник во оваа земја може да стане дипломиран земјоделски инженер, инженер за животна средина или слично. Истиот треба да има двегодишно работно искуство како советник, како и дополнително образование за советување за меѓусекторска усогласеност во делот на еколошки услови.

 

ГРУЕВСКИ СО НОВ ПРОЕКТ: Земјоделски советници за помош и поддршка на земјоделците

Имаме еден нов проект, кој еве сега за првпат ќе го споменам, се работи за проект со кој што сакаме да им помогнеме на земјоделците да добијат советници, земјодлески советници е насловот на проектот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето гостување во Дневникот на Канал 5.

-Ќе бидат на база слична на матичните лекари, ќе бидат плаќани од државата по капитација, односно по глава на жител-земјоделец, односно колку има привлечено змејоделци да им биде советник, толку соодветно ќе биде платен и ќе бидат добро платени, ќе има голем интерес за таа професија, но тие ќе бидат должни неколку пати во годината да го посетуваат земјоделецот, да му даваат најдобри стручни совети, совети кои се базирани на најновите научни истражувања во делот на земјоделито во светот, рече Груевски.

Тој нагласи дека тие освен што ќе треба да имаат завршено факултет, ќе треба да полагаат и специјален испит за да добијат лиценца за оваа работа која ќе има одреден рок на трење.

-Да речеме 6-7 години, потоа ќе треба да ја обноват со ново полагање. За да сме сигурни дека ги следат најновите, најсовремени змејоделски практики, ќе треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик за да следат странски медиуми каде што се објавуваат најновите научни истражувања во земјоделието за да можат да ги разгледат и да им ги соопштат, рече Груевски.

Исто така, Груевски нагласи дека советниците ќе имаат обврска да ги посетуваат земјоделците на нива, да ја испитуваат земјата, да им дадат совет за нивниот плод и ќе имаат обврска да напишат што ги советувале, каков совет им дале, и потоа да ги видат резултатите.

Алексовска: ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и ги реализира ветените проекти

Додека СДСМ пласира празни зборови, гола политика, непродуктивност и хаос во секој сегмент во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на подобрување на животот на нашите граѓани и реализирање на ветените проекти.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти Слободанка Алексовска, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– Додека советниците од опозицијата се трудат беспредметно да критикуваат и да ги симнат точките од дневен ред на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, разбирајќи го придонесот на проектите кон граѓаните се трудат да ги реализираат сите проекти и тие да се изгласаат и да бидат донесени во програми, рече Алексовска.

Осврнувајќи се на проектите реализаирни во изминатите седум години во Скопје, Алексовска потсети дека се проширени неколку булевари со вкупна површина од околу 18 километри. Изградени се шест нови модерни кружни текови, а реконструирани се голем број булевари и улици.

– И во моментов Скопје е големо градилиште каде на терен се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од над 15 милиони евра. Како поважни се пробивање на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“, продолжување на проширувањето на булеварите „Трета македонска бригада“ (втора фаза) и „Борис Трајковски“ (трета фаза), проширување на булеварот „АСНОМ“…рече Алексовска.

Таа истакна дека состојбата во јавните претпријатија, особено „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленила“, е целосно променета и додаде оти тие се финансиски стабилни и имаат на располагање нова и модерна механизација.

– Во соработка со Владата, набавени се 300 нови автобуси од кинеската компанија „Јутонг“, инвестиција вредна околу 60 милиони евра. Со ова комплетно се модернизира јавниот превоз, со кој скопјани добија нов, модерен и удобен јавен превоз. Паралелно со ова почна и процесот за воведување автоматска локација на автобусите на ЈСП, како и системот за електронско плаќање за што се инвестираа дополнителни 3 милиони евра, рече Алексовска. Додаде дека во Скопје се изградени нови зелени површини и додаде оти се засадени повеќе од 60.000 нови садници.