ССМ: Четирите „наводни“ синдикалисти имаат за цел преземање и уништување на ССМ

ssm

Четирите грански синдикати СИЕР, УПОЗ, АГРО Синдикатот и СУТКОЗ, кои на седница на Советот на ССМ одржана на 28.12.2016 год. беа едногласно исклучени од ССМ, не избираат средства како да се пресметаат со нивите довчерашни колеги, а воедно да направат и преземање на Синдикатот, мотивирано од нивни лични цели, се вели во соопштението на ССМ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Дека не се избираат средства и методи за остварување на оваа цел говори и тоа што во претходните денови пуштаат во јавноста неточни информации, фабрикувани и конструирани изјави, лажни обвинувања и полувистини кои имаат за цел да создадат погрешна слика за тоа што се случува во ССМ, а со цел манипулирање со јавноста.

Некои од тие информации беше лажното информирање дека наводно губење на спор на претседателот на СРСВМ и секретар на ССМ, што не е воопшто точно, како и тоа дека секретарот на ССМ бил разрешен, а него го избра едногласно Советот на ССМ согласно Статутот и нема друга одлука за разрешување.

Сето ова кулминира со наводни физички пресметки помеѓу претседателот на ССМ и некои претставник од веќе исклучените гранки синдикати што претставува невистина и манипулација со јавноста.

Се прашуваме на што се сè спремни овие „наводни“ синдикалисти во нивните (или туѓи) намери за преземање и уништување на ССМ.

Со оглед на тоа што тие повеќе не се дел од нашата синдикална заедница – ССМ во иднина нема намера повеќе да се занимава со нив и нивните лаги и интриги, а им порачуваме да се зафат со работа во поглед на заштита на работниците кои ги претставуваат, а кои и онака во последниве месеци драстично им заминуваат како нивни членови.

ЈОРМ: Оформен е предмет за поништеното гласање во Гостивар

glasanje-izbori-albanci

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека активно постапува по сите предмети поврзани со изборни нерегуларности кои беа оформени во предизборниот период и на денот на изборите.

Во таа насока, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на седницата на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име. Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Урнебесно соопштение на МВР за вчерашното пукање: Утврдивме дека ништо немаме утврдено

MVR-Zgrada

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека интензивно, професионално и непристрасно работи на расчистување на синоќешниот настан во Скопје во кој е повредено едно лице, пишува Press24.

Во соопштението се осудуваат, како што се наведува, обидите за ширење дезинформации и невкусни инсинуации со цел добивање на политички поени, а на сметка на девалвирање на професионалноста на вработените во МВР. Ова е соопштението на МВР, онака како што тие го пратиле.

Порталот потенцира само неколку зборови, за подобар визуелен приказ.

soopstenie-mvr-pukanje-bliznak

Откако ќе го прочитате соопштението, ви станува јасно дека во МВР утврдиле дека местото на кое што се случиле пукотниците е нутврдено, сторителот е непознат, испукал неколку (неутврден број) на куршуми и побегнал во непознат правец. Од друга страна, повреденото лице, најверојатно (не е се уште утврдено) се наоѓало во својот автомобил и најверојатно (пак не е сигурно) се упатило кон болница, пишува порталот Press24.

Она што со сигурност утврдено е дека МВР работи професионално и дека медиумите кои пишуваат дека се кријат инормации за наводна поврзаност на повредениот со врвот на СДСМ се непрофесионални. Барем нешто е утврдено, да не е без ич.

ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме сите притисоци и напади врз медиумите и сите обиди медиумите да бидат заплашени и цензурирани

sobir-vmro-2

Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно да ја вршат својата работа. ВМРО ДПМНЕ ги осудува сите притисоци и напади врз медиумите и сите обиди преку какви било закани и прогласувања за непријатели, медиумите да бидат заплашени и цензурирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ ја поздравува вчерашната брза интервенција на полицијата и расчистувањето на инцидентот со новинарот на Телма. Само на таков начин може да се оттргнат сите сомнежи и сите политички злоупотреби на ваквите недолични постапки. ВМРО ДПМНЕ бара надлежните органи на виновникот да му изречат соодветна санкција.

Заканите кон медиумите, нападите врз новинарските екипи, демолирањето на радио станици, навредите, одземањето мобилни телефони и сите останати форми на насилство мора да останат само сеќавање на едно црно минато кога аболицирани политичари се обидуваа да дојдат на власт без поддршка од народот, притоа газејќи се што одбива да работи по нивните налози.

ВМРО-ДПМНЕ: Откако го нема СДСМ, Македонија напредуваше за 40 места на листата на Транспаренси Интернешенал

vmro-dpmne-2

Во време на СДСМ Македонија беше на дното на листата на Транспаренси Интернешенал.  Нема човек кој не се срамеше од фактот дека корупцијата стана второ име за СДСМ и неговото владеење во Македонија. Откако СДСМ го нема на власт, Македонија минативе години напредуваше за 40 места на оваа листа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Во време на СДСМ Македонија беше на дното на листата на Транспаренси Интернешенал.

Нема човек кој не се срамеше од фактот дека корупцијата стана второ име за СДСМ и неговото владеење во Македонија. Откако СДСМ го нема на власт, Македонија минативе години напредуваше за 40 места на оваа листа.

Факт е дека граѓаните го гледаат аболицираниот криминалец Заев како бара евро за црквата и евро за Вицето.

Факт е дека граѓаните гледаат како за украдени 8 милиони евра аболицираниот криминалец Заев наместо да ја издржува казната во затвор и да ги врати парите, продолжува да сее деструкција, да ја пустоши земјата и да одржува состојба на криза и агонија.

Сето ова влијае на општиот впечаток, но сето тоа ќе се промени откако Заев конечно ќе мора да се појави на избори и да се соочи со казната од народот, и ќе мора да го признае поразот.

Потоа ќе мора да го врати секој украден денар од граѓаните и чесно да ги одлежи казните кои според заслуги му ги изрекуваат македонските судови.

ОВА СЕ ЖРТВИТЕ: МВР објави листа на загинати во поплавите

Poplava-Skopje-policija

Од МВР соопштија дека досега се откриени тела на 21 жртва на поплавите во скопско. Најмлад загинат е двегодишниот Енес Мустафа од Ченто, а покрај него во поплавите загинал и негов близок роднина на возраст од 67 години. Најмногу жртви се од населбата Ченто, има двајца загинати од Крива Паланка и по еден мртов од Куманово и од Тетово. Една жртва засега не е идентификувана

Еве ја листата на загинатите која ја објави Телма.

-Бајрам Мустафа (роден 1949 г.) и Енес Мустафа (роден 2014 г.), Ченто, дедо и внук

-Катерина Митрова (родена 1933 г.) Ченто

-Славка Илиќ (родена 1956 г.) и Томислав Илиќ (роден 1950 г.) Ченто-Економија, маж и сопруга

-Ѓилмез Мухареми (родена 1940 г.) Ченто

-Мурат Саити (роден 1957 г.) Ченто

-Марина Велиновска (родена 1977 г.) и Јован Велиновски, Крива Паланка

-Земрије Синани (родена 1985 г.) Ченто

-Наде Илиевска (родена 1955 г.) Стајковци

-Блага Јовевска (родена 1941 г.) Смилковци

-Фуркан Фејзулаху (роден 1987 г.) Ченто

-Мирко Митковски (роден 1949 г.) и Сашо Митковски (роден 1971 г.) Црешево

-Ќазим Исени (роден 1933 г.) Ченто

-Љубица Димчевска (родена 1935 г.) Црешево

-Убавка Јовевска (родена 1965 г.) Стајковци

-Жаклина Божиновска (родена 1973 г.) Куманово

-Достана Димитриевска (родена 1974 г.) Тетово

Судскиот совет до Шилегов и СДСМ: Не сте го научиле четивото во овие три дена

Petre-Silegov-za-Obvinitel

За тие што не го научиле четивото за последниве три дена, прво Судскиот совет на Република Македонија, согласно член 39 став 9 од Законот за судовите, помеѓу другото, делегира судии од еден во друг суд и во својата одлука нема право да се впушта во кој оддел делегираниот судија ќе работи и второ, Судскиот совет на Република Македонија уште од 20.5.2015 година нема надлежност за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност за судија“.

Ова е пораката што вчера стигна од претседателот на Судскиот совет, Зоран Kараџовски, како реакција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој последните три дена најавува кривични пријави и бара смена на судијката Александра Поп Стефанија од Одделението за организиран криминал, но и на постојаните притисоци и идеи за тоа како да работат судовите, пишува Дневник.

Имено Поп Стефанија е судијката што го прогласи Специјалното обвинителството на Kатица Јанева за ненадлежно во случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето опрема за прислушување, а каде обвинети се и началници од УБK, односно побара доказ дека делото произлегува или е поврзано со незаконски снимените материјали. СЈО одби да презентира таков доказ.

– За жал во Република Македонија дневните партиски препукувања се повеќе и се погласно се прекршуваат преку грбот на судиите и генерално судскиот систем. Судската одлука по својата природа може да предизвика незадоволство кај една страна. Но, не е исправно користејќи ги судските одлуки да се даваат предлози кои прозвучуваат како јавно искажана закана и сеење страв за целата фела, се вели во соопштението на Kараџовски.

Тој порачува дека сите што располагаат со релевантни докази за незаконско работење на судија тоа да го пријават во надлежно јавно обвинителство и оти на тој начин „политичарите и политикантите“ би докажале дека се за владеење на правото, а не за анархија.

– Во спротивно, како што нагласуваат од Судскиот совет, политичарите и политикантите треба да се воздржат од злоупотреба на судските одлуки во партиски цели и да им овозможат на судовите, во со закон утврдена постапка, по исцрпувањето на сите правни лекови, да донесат правосилна одлука , стои во соопштението.

Таму се наведува дека согласно Законот за судовите, се забранува секој облик на влијание на независноста, непристрасноста и самостојноста на судиите во вршењето на судската функција, по која било основ и од кој било субјект.

– Затоа, Судскиот совет енергично се спротивставува на сите форми и облици на напади и обиди за обликување на судството по нечија желба, без оглед дали доаѓаат од политичките партии, невладините организации, правни или физички лица или пак, неформални групи, пишува во соопштението од Kараџовски.

ОМД: Просперитетот на Македонија зависи од слогата и индивидуалните вредности

OMD-UMD

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) го поддржува сегашниот унитарен систем на власт во Македонија и постојаното признавање и интеграција на сите граѓани – без разлика на етничката припадност, религија или други квалификации – во политичкиот процес, стои во денешното соопштение од ОМД.

Во последните години, се вели во соопштението, е постигнат значаен напредок, но се уште е потребно да се работи во насока на осигурување на правичен и еднаков третман на сите граѓани. Во заеднички интерес на сите, се подвлекува, е да се обединат со цел надминување на сегашната криза преку јасно изјаснување против корупцијата, непотизмот и анархијата кои го попречија процесот на развој на Македонија кон демократија базирана на слободен пазар и класичните либерални принципи.

ОМД, се посочува во соопштението, се спротивставува на сите активности кои допринесуваат кон сегрегација на Македонија базирана на националност.

– ОМД верува дека Охридскиот рамковен договор од 2001 година – посебно одредбите кои предвидуваат квоти за етничките малцинства во судството, државните органи, државната и јавната администрација – беа штетни и доведоа кон ефективна институцијализација на сегрегацијата. Позициите во секој дел од општеството, без разлика дали во приватниот или јавниот сектор, треба да бидат пополнети врз основа на индивидуалните способности и достигнувања. Безбројни примери низ годините насекаде во светот докажаа дека сегрегацијата секогаш води кон неуспех. Македонија не е во можност да ја поддржува сегрегацијата преку федерализација и истовремено да очекува да просперира, стои во соопштението.

ОМД, се вели во соопштението, стои на ставот дека политичките партии не треба да бидат базирани на етнички или религиски разлики и поделби, туку треба да бидат базирани на заедничка политичка идеологија и вредности.

ВМРО-ДПМНЕ со предлог до политичките партии за писмо до Иванов за преиспитување на одлуката за аболиција

VMRO-DPMNE-miting

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до четирите најголеми политички партии да испратат писмо до Иванов за преиспитување на неговата одлука, се вели во соопштението испратено од партијата.

Соопштението во продолжение ви го пренесуваме во целост.

Одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара.

Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до Претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки.

Во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе стапи во контакт со останатите три партии при што ќе им го понудиме нашиот предлог.

ВМРО-ДПМНЕ до Спасовски: Доаѓа деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ

vmro-dpmne-2

ВМРО-ДПМНЕ директно се обраќа до техничкиот министер Оливер Спасовски, неговите партиски соработници од СДСМ во неговиот партиски кабинет во МВР, како и од него поставените началници во секторите за внатрешни работи (СВР) во внатрешноста, заедно со нивните подредени.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

ВМРО-ДПМНЕ со внимание ја следи нивната работа. Секојдневно се анализира нивното постапување и набрзо ќе дојде денот кога нивното работење детално ќе се ревидира.

Ревизијата на нивните партиски хајки и незаконско работење кои ги спроведува СДСМ преку МВР ќе бидат темелно евидентирани и ќе имаат соодветна разврска, со лична и конкретна одговорност на сите вклучени.

Деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ ќе биде спроведена во централата на МВР, во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР.

Ниту една незаконска постапка нема да помине неказнето. Во секој град, во секоја општина и во секоја полициска станица.

Партиските кадри на СДСМ ги потсетуваме дека нивното време истекува.

Им укажуваме на сите нивни подредени да не постапуваат незаконски и да не ги следат партиските наредби од штабовите на СДСМ. Нека размислат за нивните лични постапки и за нивната лична вклученост во партиските хајки на СДСМ преку МВР на Оливер Спасовски.

Јасна е наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски за хипер-продукција на кривични пријави и прогон за членовите ВМРО-ДПМНЕ, без разлика основаноста, фактите и доказите.

Наредбата од СДСМ до МВР на Оливер Спасовски е по секоја цена да се поднесуваат кривични пријави против државните и локалните членови ВМРО-ДПМНЕ, без оглед на тоа што се работи за монтирани случаи.

Но, и наредбодавците од СДСМ, и нивните извршители од СДСМ и од МВР треба да знаат дека со секој изминат ден нивното време изминува.

Набрзо МВР ќе добие нов министер со полн легитимитет. Оние кои ја злоупотребиле својата функција ќе одговараат. Ќе одговараат за нивните партиски хајки од СДСМ, за нивните методи и за нивното партиско самоволие.

Политичкиот прогон кон сите неистомислениците набрзо ќе заврши, со исход како и секогаш досега во македонската историја.

Македонската историја суди и подучува.

ВМРО е константа која не може да се заплаши, не може да се демонтира и не може да се искорне. ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи и ќе ја состави новата Влада.

ВМРО-ДПМНЕ се потпира на довербата на народот. Поддршка и присуство во секое село, во секој град, во секоја улица и во секоја општина.

Доаѓа времето на составување на нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ, со министер во МВР со полн легитимитет.

За кратко време доаѓа деталната ревизија на незаконското работење на послушниците на СДСМ која ќе биде спроведена во секоја полициска станица, во секој град, во секое СВР, во секое одделение на МВР, во секој сектор на МВР, во секоја дирекција и управа на МВР.