Сорос бара голем меѓународен медиум за да се спротистави на темата за злоупотреби од Сорос, УСАИД и Амбасадата на САД во Македонија

Soros-USAID

Фондацијата Отворено Општество и целата соросова мрежа деновиве под полна пареа бараат голем меѓународен медиум кој би пишувал во одбрана на Сорос и УСАИД во врска со случајот на можни злоупотреби на пари на американските граѓани преку Сорос, УСАИД и американската амбасада во Македонија.

Ваквата панична реакција и барање на голем медиумски партнер „под дрво и под камен“ доаѓа после големиот публицитет кој го доби можната злоупотреба на позиција и пари во спрегата Сорос-УСАИД-Американска амбасада во Македонија, за која пишуваа најголемите американски медиуми како Фокс и Брајтбарт.

Темата иницијално беше поттикната од активностите на движењето „Стоп Операција Сорос“ кое се бори против странски влијанија преку фондации и амбасади во насока на нарушување на суверенитетот на Македонија.

Откако беа презентирани повеќе докази за потенцијална злоупотреба, за оваа тема се разбуди интересот кај неколку американски конгресмени кои не штедеа на зборови за да ја адресираат својата загриженост од можните злоупотреби извршени од страна на американски официјални претставници во странска земја, како и одлучност и најава за институционална разрешница на случајот, преку истраги и инспекции.

Некои од конгресмените дури и покренаа истраги за работењето на Американската амбасада во Скопје која се сомничи дека насочувајќи пари на невладини кои се под капата на Сорос/СДСМ застанала на страната на една политичка партија во Македонија.
Тие не штедеа на реторика во нагласувањето дека доколку тоа се докаже како точно, ќе повлече санкционирање на персонал од амбасадата на САД во Скопје.

Конгресмените најавија исто така дека со цел темелно истражување на овие основани сомнежи, ќе бидат активирани и Генералниот инспектор и Генералната канцеларија за сметководство на САД.

Поради добиените димензии и сериозноста, за случајот се заинтересираа и голем број на медиуми во Америка меѓу кои и телевизијата со рекордна гледаност „ФОКС“ која ги анализираше сомнежите за работењето на амбасадата во Македонија во неколку наврати. Истото го направи и третиот најчитан информативен портал во САД Брајтбарт чиј главен уредник беше Стив Банон, се до моментот кога стана главен советник на Доналд Трамп.

На темата за потенцијалните малверзации на релација Сорос-УСАИД-Американска амбасада во Македонија меѓу другите пишуваа и зборуваа и „Хот Ер“ – портал со огромна популарност преку Атлантикот, десничарскиот важен „Дејли Сигнал“, еден од најчитаните сајтови „Дејли Колер“, мега-популарното радио на Тони Перкинс и Советот за семејни истражувања – едно од најслушаните радиа во Америка со исто така милионска публика.

Токму поради магнитудата која ја зафаќа овој случај, од добро информирани извори во САД дознаваме дека со зголемен интензитет Соросовата мрежа е во потрага по медиумски партнер кој ќе парира на негативниот публицитет кон Сорос, УСАИД и одредени официјални претставници на САД во Македонија, презентирајќи ја добропознатата соросова мантра дека тие се тука за да помагаат на сиромашните, беспомошните и емнаципираните.

Целта на соросовата пропаганда за која се бара меѓународен партнер е да се одговори на светско ниво на се погласните муабети за недозволено однесување на официјални претставници на САД во Македонија, заземање политичка страна и директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

Досега многуте соросови портали и неколку телевизии беа одбраната на Сорос за овие обвинувања, се до моментот кога „С.О.С“ не се впушти во пожестока иницијатива која резултираше со активирање на интересот од апсолутно најгледаните, најчитаните и најслушаните американски медиуми, кои го отворија прашањето дали пари на американските граѓани се користат за непримерно и недозволиво помагање на една политичка опција во Македонија и дали нивниот амбасадор заземал страна и се мешал директно на политичката сцена во една странска држава.

Откако сфатија дека појавата на една од странките која е предмет на истрага на една државна телевизија во Македонија сепак е недоволна за да се токми со еден „Фокс“ и „Брајтбарт“, соросовата мрежа го активираше планот Б – наоѓање на „релевантен“ голем медиум кој ќе ја шири соросовата пропаганда на светско ниво. Резултатот од оваа потрага ќе го видиме наскоро.

Евро-пратениците кои „ги избришаа“ Македонците од Албанија застанаа на страната на СДСМ/Сорос

Andrey-Kovachev-Elmar-Brok

Елмар Брок и Андреј Ковачев се најновите евро-пратеници кои по веќе воспоставената пракса од време на време се јавуваат со политички изјави во врска со случувањата во Македонија, а во корист на спрегата СДСМ/Сорос.

Андреј Ковачев е особено познат за македонската јавност како бугарскиот европратеник кој заедно со Ангел Џамбаски се автори на скандалозната резолуција со која Европскиот парламент легитимираше бугарско малцинство во областите во Албанија каде што живеат Македонци.

Kovachev-Djambaski

Откако „го избриша“ македонското малцинство во Албанија, Ковачев сега се фокусира во одбрана на политиките на СДСМ/Сорос и напад врз Никола Груевски. Тој инаку доаѓа од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, кој и самиот кажал дека во Македонија негов пријател е Зоран Заев, а не Никола Груевски. ГЕРБ и СДСМ неретко се наоѓале на иста линија на интерес, а нападите против македонското малцинство во Албанија се само последниот еклатантен пример.

462227-ilinden-vo-albanija-nema-bugari-tuku-samo-makedonci

И двајцата пратеници се наоѓаат на листата на подобни соработници на Сорос, тајниот документ кој излезе на површина после „протекувањето“ на мејлови од фондацијата на Џорџ Сорос. Во овој документ нарачан од Фондацијата Отворено Општество, консултантска куќа изработила профил на сите 750 европратеници избрани на изборите во 2014 скенирајќи ги оние кои соработувале со Сорос и се подобни за соработка и политичка борба за идеите на мултимилијардерот и неговото т.н. Отворено општество. Целта на Сорос била да види кај колку пратеници во парламентот може да има влијание за да ги користи по потреба.

brok-kovachev

Па така, секогаш кога на СДСМ/Сорос ќе им треба „ветар во грб“ со европски предзнак, во Македонија пристигнува писмо од некои Евро-пратеници кои задолжително, без промашување, се наоѓаат токму на оваа листа на соросови соработници, „тивки партнери“ на ултралевичарот Сорос задолжени за форсирање на неговите цели во различни земји во светот.

Двајца од нив, Брок и Ковачев, се потпишаа на писмо адресирано до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во кое го обвинуваат за блискост со движењето „Стоп Операција Сорос“ кое се бори токму против рушењето на суверенитетот на државите од страна на мултимилијардерот.

pismo-potpis

„Со оглед на блискоста меѓу раководството на СОС и на владата и неодамнешните изјави на владини политичари за таканаречен процес на “десороизација“, загрижени сме за нашите активности таму како и за тоа дека Владата на Македонија не ги дели иститите вредности.“, стои во писмото адресирано до Груевски, а се однесува на изложувањето на соработниците на Сорос во Македонија, на кои како „адвокати“ сега скокнуваат нивните соросови браќа, европратениците Брок и Ковачев.

„Веруваме дека имате моќ да ги стопирате нападите врз Европските Федералисти во вашата земја и бараме од вас да ги преземете неопходните мерки кои ви се на располагање за да го негувате граѓанското општество и да ги поддржите нашите заеднички европски вредности и цели.“, велат уште во писмото Брок и Ковачев.

andrej kovachev nyama

Експертите кои ги консултиравме посочуваат дека ова е вообичаена пракса зад обландата од „борба за европски вредности и цели“ да се бара оставање на чист простор невладиниот сектор во Македонија потполно да биде заробен и окупиран од соросовите невладини, за да може да ги спроведуваат нарачките на нивниот „стопан“ и главен финансиер, Џорџ Сорос.

Во претходната „соросова нарачка“ други двајца од листата на евро-пратеници под контрола на Сорос, Тонино Пицула и Виктор Боштинару испратија писмо со поддршка за формирање на антидемократска влада на соросови марионети во Македонија, барајќи од претседателот Иванов да му го даде мандатот на Зоран Заев, иако е против демократската математика после изборите на 11-ти декември.

zaev_boja_-_01

И ова писмо, како и најновото, беше на фанфари пренесено од страна на соросовите медиуми во Македонија, според однапред утврдената и добропозната шема.

Инаку, во јавноста се појавија и извештаи дека не само што си правел листа на евро-пратеници кај кои може „да пробушат“ парите на Сорос за да ги корумпира и претвори во негови извршители, туку и дека тој дал повеќе милиони долари во кампањите пред изборот на евро-пратениците во 2014-та со цел фаворизација на левичарите, односно сузбивање на влијанието на десницата во Европа.

За потсетување, досега во јавноста се појавија и документи на кои се гледа како еклатантно Сорос дава смерници на политичари дури и од профилот на Хилари Клинтон за тоа какви амбасадори или посредници треба да праќа во одредени држави, за да посредуваат во конфликти меѓу власта и опозицијата. Албанија е една од последните земји која го дигна гласот против врските и влијанието на Сорос во внатрешните работи во земјата.

soros hilari

Невладините на Сорос се забранети во некои земји, како на пример Руската федерација, а со „акциони планови“ за истражување на начинот на работа и финансирање на соросовата мрежа се јавија многу земји: од Австралија преку Израел, Унгарија, Словачка и други европски држави загрижени за својот суверенитет пред атаците на „отвореното општество“ и милијардите на Сорос со кои купува политичари за да му ја спроведуваат агендата и наредбите. Најголем удар за Фондацијата отворено општество е победата на Доналд Трамп, човекот кој Сорос го прогласи за свој личен најголем непријател.

George-Soros-Hillary-Clinton-emails-WikiLeaks-620x329

Ваквите нарачки, како писмото на Брок и македонскиот негатор Ковачев, кои се со поддршка за делувањето на СДСМ/Сорос, само ја потврдуваат неопходноста од процесот на десоросоизација во Македонија, убедени се експертите.

Делев: Интернет пропагандата на СДСМ и Сорос достигна нови нивоа на грубо лажење и евтини манипулации

Hristijan-Delev-pres-VMRO

Деновиве интернет пропагандата на СДСМ и Сорос достигна нови нивоа на грубо лажење и евтини манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Видео записот кој го шират на големо порталите на СДСМ и Сорос, ниту е од Македонија, ниту во него има барем еден точен факт.

На видеото со груба манипулација се изнесени многу лаги кои имаат за цел да ги плашат граѓаните на Гевгелија во функција на предизборната кампања на СДСМ за локалните избори.

Прво, Владата на Република Македонија нема издадено никаква концесија за експлоатација на Кожув. Не постои, ниту се планира рудник за злато на оваа локација.

Единствено е издадена концесија за детални геолошки истражувања за алувијално површинско злато, која сама по себе не предвидува ни приближно ископи од ваков или сличен карактер, како што грубо се лаже во ова пропагандно видео во кое се употребени снимки од Бразил, Папуа Нова Гвинеја и Казакстан.

Геолошките испитувања за кои има дозвола концесионерот на Кожув се научен труд, се изведуваат површински, не предвидува никаква сеча на дрва или употреба на било какви хемиски методи, не се создава прашина, ниту пак има јаловина. Во ваквите површински истражувања не се употребува никаков експлозив, како што е претставено во овој видео клип кој што можете да го видите.

На Кожув нема ниту едно исечено дрво. Граѓаните на Гевгелија треба да бидат спокојни и да не дозволуваат да бидат манипулирани со вакви лажни вести, какви што сме навикнати да гледаме од опозицијата и нивните медиумски експоненти.

Почитувани,

Сведоци сме на организиран атак врз најголемите успеси на Владата на ВМРО-ДПМНЕ: странските инвестиции, минералните суровини и комплетните реформи во државата.

Почитувани опозиционери, не бркајте ги странските инвеститори. Вашиот План за живот нуди враќање на олигарсите во Македонија. Програмата „Реално“ е вистинската програма која нуди прогрес, инвестиции и решенија. Токму затоа речиси половина милион Македонци масовно и мнозински по 10-ти пат по ред гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, десетти пат по ред.

Fox News: Стејт департментот го испитува американското финансирање на групите на Сорос Македонија

Fox--news-Soros

Џорџ Сорос го привлече вниманието на Американскиот конгрес со своето мешање во внатрешните политики на европските држави. Американскиот законодавен дом започна да поставува прашања дали Сорос користел државни пари за да ги финансира своите проекти во Македонија, објави најгледаната телевизија во САД „Фокс њуз“.

Републиканецот Кристофер Смит, заедно со уште неколку претставници на законодавниот дом испрати писмо до амбасадорот во Македонија Џес Бејли, кој беше поставен од Обама, во кое се бараат директни одговори. Сенаторот Мајк Ли исто така изрази загриженост за парите од УСАИД кои одат во соросовата фондација „Отворено општество“ и кои се се користат во поинакви цели од тие за кои се наменети.

-Имам добиено веродостојни извештаи, кои покажуваат дека во изминатите неколку години американската амбасада и Сорос активно се имаат мешано во внатрешната политика на Македонија, нејзините медиуми како и граѓанското општество, често фаворизирајќи една политичка партија на сметка на друга, пишува Ли во неговото писмо упатено до Стејт Департментот, пренесува „Фокс њуз“.

„Фокс њуз“ ја пренесува и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој истакна дека Сорос има одлучувачко влијание во внатрешните политики на Македонија.

-Македонија е мала, конзервативна земја, со данок само од 10%. Нејзината филозофија е мала, но ефикасна влада, на чие чело се наоѓа козервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која топло го поздрави изборот на Трамп со надеж за подобра соработка со него, пишува Fox News.

Fox-news

Кабинетот на Сенаторот Мајк Ли неодамна се сретна со преставници на македонскиот парламент, кои му предадоа писмо од граѓанска иницијатива наречена „Стоп Операција Сорос“, во кое се наведува дека со американски пари се финансирани левичарските партии во Македонија, кои предизвикаа нереди и протести на улиците низ главниот град.

Во своето писмо, сенаторот Ли прашува дали мисијата на Америка во Македонија ја има селектирано фондацијата „Отворено општество“ како најголем имплементар на проектите на УСАИД во Македонија и дали таа група има политички интереси во Македонија.

Помеѓу 2012 и 2016 година, УСАИД даде скоро 5 милиони долари на Фондацијата „Отворено општество“, со кои се тренираа стотици млади Македонци за млад активизам и користењето на новите медиумски инструменти.

Во врска со Сорос и начинот на кој тој ги користи парите од УСАИД, републикаскиот конгресмен Смит изјави “едно е да бидеш набљудувач на избори, која е многу чесна и одговорна функција, да бидеме сигурни дека ќе се одржат слободни и фер избори, но сосема е спротивно да се подржуваат некои партии, кои Сорос и неговата екипа сакаат да ги видат на власт во таа земја“.

„Фокс њуз“, исто така пишува и дека влијанието на Сорос не е само во Европа, либералниот бизнисмен исто така врши притисоци и организира демострации и протести и внатре во Америка. Загриженост за влијанието на Сорос неодамна изјави и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја обвини неговата империја за финансирање на конфликтите во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ: Народот ги препозна и разобличи лагите на СДСМ и Сорос

VMRO-DPMNE-kamen

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Сорос продолжуваат да ја лажат јавноста, но оти тоа не им поминува, бидејќи, како што велат од партијата, народот не дозволува да биде излажен и потценет.

– Последната лага од кујната на СДСМ и Сорос која јавноста може да ја види е наводната независна пратеничка група во Собранието. За каква независна пратеничка група во Собранието се работи кога во неа се Ивана Туфекџиќ, Павле Богоевски и Стево Пендаровски, послушници на аболицираниот криминалец Зоран Заев, истакна на денешната прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека истата оваа група „таканаречени независни пратеници“, пред неколку месеци на јавноста и продавала приказна дека се граѓански активисти, а рака под рака со СДСМ и Заев организирала протести, сквернавела историја, споменици на дејци и нанесувала штета на објекти низ центарот на градот.

Праша за каков независен пратеник се смета Ивана Туфекџиќ која уплатила 118 илјади денари во касата на СДСМ  или Павле Богоевски кој уплатил 184 илјади денари уплати во кампањата на Заев, или пак, како што рече, за каков независен пратеник се смета Стево Пендаровски кога бил носител поставен на листата од Заев, а пред неколку години тој бил и партиски кандидат на СДСМ за претседател на државата.

– Тие продолжуваат да бидат само партиски послушници и лични слуги на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои беспоговорно ќе гласаат за сите негови антидржавни и деструктивни идеи, рече Јовановски.

Овие лаги на СДСМ и Сорос, како што потенцира тој, се веќе прочитани, а обидите истите ликови од претпладне да ги прикажат како загрижени активисти, попладне да ги користат како партиски потрчковци граѓаните ги виделе и им го испорачале десетиот изборен пораз по ред.

Геро му се понуди на Ахмети: „Ќе ви дадам предлог како да ги решиме знамето и химната“

Geroski-Selfie

Бранко Героски, еден од најистакнатите медиумски експоненти на СДСМ и Сорос и човек кој за себе смета дека е идеолог на оваа партија, иницијативите за создавање на Македонска платформа ги нарече „удбашки обиди за разнебитување на Македонија“, како и „националистички и шовинистички обиди за крвопролевање во земјата“.

Во својата колумна во неговиот „Слободен Печат“ која ја објави и на насловната страна на весникот, Героски како по нарачка, во ист ден со уште дузина колумнисти и коментатори на Соросовите портали, за повикот на СПМ, дузина формални и неформални здруженија и индивидуалци на интернет да се формира документ т.н. „Македонска платформа“, како одговор на онаа која во организација и по нарачка на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана ја потпишаа претставници на албанските партии од Македонија.

Героски во својата вчерашна колумна насловена „Удбашка платформа за разнебитување на Македонија“ со конструкциите оди дотаму што реакциите на македонските патриоти кои се противат на инволвирањето странски држави во македонските работи, ги нарекува „удбашки нарачки кои имаат за цел да ја поделат земјата меѓу Србија и Грција“.

„Се разбудија старите удбашки структури, повампирени, пак жедни за македонска крв, со наум конечно да ја остварат целта што не им успеа во 1991 година и потоа десет години подоцна, во 2011 година – да ја разнебитат и да ја распарчат Македонија. Така како што им ветија на своите налогодавци Милошевиќ и Мицотакис, но, за среќа, не го исполнија ветувањето“, пишува Героски во колумната.

За Героски, за кој интернет коментаторите коментираат дека потполно го загубил паметот, албанската платформа која на некој начин е директно мешање на една странска држава во внатрешните работи на Македонија, не само што не е националистичка, туку е и демократска и за неа треба да се разговара.

Во разговорите за неа, Героски ја нуди сесрдно сета своја помош, позадински и фронтално, за овие тирански нарачки да го видат светлото на денот. И тоа не се обраќа кон неговиот Зоран Заев, туку бара Али Ахмети да го повикал за да му даде десет предлози и за знамето, и за химната и за другите точки од албанската платформа:

„Верувајте, сите прашања покренати во Тиранската платформа се лесно решливи. И за знамето. И за химната. И за статусот на заедниците конституенси на државата… Не знам како да ве убедам во тоа. Еве, нека ме викне Али и јас лично ќе му дадам десет предлози што тој, едноставно, нема да може да ги одбие.“

Ова не е ни од далеку прв пат опозицискиот новинар да заговара редефинирање на Македонија како држава. Во колумната насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, од пред неполни две годни Героски соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера Героски на федерализацијата гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерација.

Со најновата понуда лично тој да посредува во промената на името, јазикот, химната, знамето и државниот грб, ова гласило на СДСМ и Сорос јасно и недвосмислено кажа каква е неговата визија за Република Македонија: Героски Македонија ја гледа како држава во која треба да се стори се и да се продаде се, држава која треба да се откаже од својот мнозински народ, само за во неа да може да дојде на власт неговиот пулен Зоран Заев и СДСМ.

Трулежот на сдсмовските и соросови платеници со атак кон македонскиот патриот Јовановски

Vlado-Jovanovski-FB-status-Trajanovski

Трулежот на сдсмовските и соросови платеници со атак кон македонскииот патриот Владо Јовановски, пишува на својот Фејсбук профил, Стеван Трајановски.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од Фејсбук статусот.

-Во јавноста постои редица на сдсмовски и соросови платеници кои се најгласни тогаш кога некој ќе ја допре суштината, па макар тоа било и на најреален начин разголувајќи ја вистината. Токму тој трулеж е истото диво месо кое се закачува околу тој соопштувач на вистината сакајќи го да го дисциплинира онака “најдемократски”, но во основа поразително диктаторски, покривајќи го сопствениот срам и беда. Па така стамениот глумец, Владо Јовановки, кој е врвно актерско име и чиј талент е безвременски, човек кој за оваа држава оставил бројни дела достојни за почит, беше предмет на напади, само затоа што испрати патриотска порака и несогласување со актуелната политичка состојба. Јовановски кој слободно може да се каже дека е патриот достоен за почит напиша дека не може да се согласи со раскрчмувањето и поигрувањето со македонските интереси и идентитет, и дека Фауст од Муртино, симболично мислејќи на Заев, нема мандат од македонците да разговара и преговара за двојазиност која може да доведе до федералност, бидејќи на овие простори има горд народ, кој има свој јазик и држава и дека тоа не би поминало така лесно, како што замислува сценаристот и неминовно би довело до војна.

Ваквиот негов став беше причина за колективна распаљотка на трулежот платен од СДСМ и СОРОС, што отидоа до таа мера човек по таквите коментари да се засрами што вооошто искажал патриотски став. Тоа е всушност целта на таквите кастрирани умови, да го откажат човекот од патриотизам.

Ненавлегувајќи во ситната боранија крекачи чија задача е секојдневно штабски да шират незадоволство, со став излезе глумецот Марин Бабиќ, кој јавно се закани дека Јовановски ќе останел без работа, а во суштина гревот е зошто овој бил патриот, па непропушти да додаде дека Бабиќ бил напатена жртва од режимот. Тој во неговото беседење за загубите од режимот поплака дека доказ за тоа било што снимил реклама за српска агенција која пак му ја откажале, затоа што некоја телевизија одбила да го емитува неговиот глас. Бабиќ побрза да искоментира дека тоа е резултат на режимскиот систем кој постои. Во ред, но пријателе си помислил ли воопшто дали те бива? Да не случајно те откачиле србите затоа што твојот глас им се чинел како звук на предратен швалер чие време одамна поминало. Втора работа околу која пател Марин Бабиќ било тоа што го откачиле од Радиото Слободна Македонија. Да не беше овој негов статус немаше воопшто да се знае дека Бабиќ имал своја емисија, но сеедно, добро друже дали си помилил дека те откачиле бидејќи твојот рејтинг бил понизок од оној на хармоникашот Кекеновски. Која вредност и која величина си ти?

Вториот засегнат беше глумецот Тасевски,кој исто така напиша статус против Јовановски. Тасевски своевремено имаше обид како комичар и писател. Од досега виденото се гледа зошто пропадна, па поочаен комичар од него се единствено оние од Хихурику.

Со став излезе и Драган Спасов-Дац демек му било жал што Јовановски се довел во ситуација да одработува. Каква замена на тези. Тасевски и Дац кои секој месец добиваат и тоа причлично висока плата за неработење, десетици како нив соросови паразити се на чешмата на СОРОС и тие се првите кои говорат за режим и диктатура, тие не се платеници, платен бил Јовановски кој е еден од најплодните актерски имиња.

Никаде во светот нема да најдете да добива некој плата за неработа. Е, во Македонија тоа е случај и најчесто тие се најглавните во критиките за тоа каков режим постоел. Во оваа група спаѓаат и Александар Поповски и Унковски кои си добиваа државни пари за проекти, но, тоа не е диктатура, се останато е режим во моментот кога нема да им се допадне.

Значи не е проблем тоа што Дац, Тасевски, Унковски и Поповски го ждерат државниот буџет во ова време режимско за работи за кои е вложено малку труд, но е проблем кога некој кој не се согласува со нив ќе заработи нешто, било што. Тој е бранител на режимот, а соросовиот трулеж бил жртва.

И тука се добива чувството како секоја будала за секој свој неуспех во животот ќе се самопрогласи за жртва на режим без да си го стави прстот на глава дали вооопшто го бивало. Или во прво лице би изгледало вака: Бабиќ на пример чекај бе дали ме бивало за рекламата која ја снимив, Тасевски дали ме бива за комичар, Дац и Ристиќ чекај бе пријателе до кога ќе земам пари од театар за неработење….

Ова е истиот трулеж кој се труди да го натера македонецот да се срами што е македонец, истиот трулеж кој го готви теренот на Заев да го прифати она за што Владо Јовановски смета дека ќе има војна, а тоа губење на Македонија.

САД: Сорос и Еди Рама соработуваат со наркодилери!

Soros-Edi-Rama

Во анализата со наслов „Моќните сојузници на Еди Рама“ се посветува внимание на моментната состојба во соседна Албанија и влијанието на Лу, како и неговите недоразбирања со одредени албански службеници.

Албанија мина низ долг и болен процес на демократизација по паѓањето на комунистичкиот режим пред 25 години, но успеа релативно добро во своите напори да стане модерна демократска држава. Плуралистичкиот политички систем работи и демократски избраниот парламент ги изгласува законите. Граѓанските и човековите права официјално се почитуваат, се наведува во анализата и се додава дека само затоа Албанија е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Но, тука завршуваат добрите вести.

– Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама е обвинета за голема корупција и поврзаност со шверцерите на дрога. Партијата исто така е обвинета дека користи недемократски методи за да остане на власт.

Неодамна контроверзната реформа на правосудниот систем беше едногласно изгласана во парламентот по силен отпор од опозициските партии загрижени за правдата – стои во текстот. Во анализата се споменуваат два текста, кои неодамна беа објавени во „Хафингтон пост“ и во „Вашингтон тајмс“, а според кои, во Албанија има напори од одредени интереси за поддршка на сегашниот премиер Еди Рама на следните парламентарни избори, кои ќе се одржат во јуни.

Според весникот, не е тајна дека владата на Рама ги користи советите на фондацијата на Сорос. Се додава дека изгледа оти е воспоставена сомнителна соработка на владата со американскиот амбасадор Лу.

– Владата на Еди Рама е обвинета за мрачни врски со шверцери на дрога. Албанските правосудни служби отворија истрага, која владејачката партија сака да ја запре. Поради тоа што има значителен број судии што се обидуваат да дадат отпор и да си ја вршат работата, владините напори за блокирање на истрагата досега не успеаја.

Во тој момент американскиот амбасадор влезе во играта – се наведува во анализата. Се додава дека амбасадорот со радикален чекор ги повлече визите за околу 70 судии и обвинители, сите наводно блиски со опозициската Демократска партија. Официјалното објаснување на амбасадата беше дека службениците веќе не се квалификувани за американска виза.

Според весникот, интересно е што ниеден судија или обвинител близок со Социјалистичката партија немаше такво искуство. Мешањето на американскиот амбасадор не запре тука, се додава во текстот. Тој отворено го обвини јавниот обвинител Адријатик Лала дека ја попречувал правната реформа. Според писмото што јавниот обвинител го испрати до претседателот на државата и до претседателот на собранието, американскиот амбасадор му се заканувал со лични и институционални последици.

– Навистина е чудно што амбасадорите и на ЕУ и на САД во Тирана, Влахутин и Лу, молчат кога станува збор за плантажите со дрога, шверцот и за корупцијата – стои во текстот. На крајот, сепак, се наведува дека има надеж, бидејќи е отпуштен шефот на кабинетот на Еуралис (Мисија за помош од ЕУ за албанскиот правосуден систем) во Албанија поради грешка во превод на закон, поради која меѓународната заедница ќе одобреше имплементација на реформата во правосудството така што Рама ќе имаше апсолутна власт.

Се додава дека амбасадорот со радикален чекор ги повлече визите за околу 70 судии и обвинители, сите наводно блиски со опозициската Демократска партија. Официјалното објаснување на амбасадата беше дека службениците веќе не се квалификувани за американска виза. Според весникот, интересно е што ниеден судија или обвинител близок со Социјалистичката партија немаше такво искуство. Мешањето на американскиот амбасадор не запре тука, се додава во текстот. Тој отворено го обвини јавниот обвинител Адријатик Лала дека ја попречувал правната реформа. Според писмото што јавниот обвинител го испрати до претседателот на државата и до претседателот на собранието, американскиот амбасадор му се заканувал со лични и институционални последици. – Навистина е чудно што амбасадорите и на ЕУ и на САД во Тирана, Влахутин и Лу, молчат кога станува збор за плантажите со дрога, шверцот и за корупцијата – стои во текстот. На крајот, сепак, се наведува дека има надеж, бидејќи е отпуштен шефот на кабинетот на Еуралис (Мисија за помош од ЕУ за албанскиот правосуден систем) во Албанија поради грешка во превод на закон, поради која меѓународната заедница ќе одобреше имплементација на реформата во правосудството така што Рама ќе имаше апсолутна власт.

СОПРУГОТ НА ВЛАХУТИН Е ВО ОДБОРОТ НА ФОНДАЦИЈАТА НА СОРОС ВО БИХ

Soros-Obama-vojna

Дали наводните сомневања дека Сорос е врската меѓу владата и овие амбасадори се вистинити? Не е тајна дека сопругот на Влахутин исто така е во бордот на фондацијата на Сорос во Босна и Херцеговина, а е активен и во кампањата против Доналд Трамп.

Наводно, Сорос имал бенефиции од европските и владините тендери во Албанија, пишува „Њу Јуроп“. Неколку неименувани странски дипломати во Тирана изразиле незадоволство од Влахутин поради недостиг од транспарентност во менаџирањето на фондовите на ЕУ, алоцирани и потрошени во Албанија. (Дневник)

ОСТРО ПИСМО ДО БЕЈЛИ: Сенаторот Ли бара одговори од американскиот амбасадор за вмешаноста на Сорос

Mike-Lee

Добив кредибилни информации дека во последните неколку години мисијата на САД во Македонија активно била инволвирана во партиските политики на Македонија, како и во формирањето на нивните медиуми и цивилно општество, најчесто преку фаворизирање на една партија наспроти друга. Сметам дека овие информации се обесхрабрувачки, а доколку се вистинити, и многу проблематични – стои во писмото од сенаторот Ли до Бејли

Мајк Ли, сенатор од сојузната американска држава Јута, му испратил писмо на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, а во кое бара разјаснување на: асистенцијата на мисијата при формирањето нова влада во земјава, вмешаноста на Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос и спроведувањето на програмите на УСАИД.

Сенаторот Ли, чие писмо е од 17 јануари годинава, очекува одговор од Стејт департментот и се надева дека новата администрација ќе бара службениците на извршните органи да сносат одговорност за тоа како се трошат парите од даноците.

Ви го пренесуваме текстот од писмото во целост:

Почитуван амбасадоре Бејли,

Вие сте свесен дека Сенатот на САД игра огромна улога, не само во надзорот на Конгресот, кој превенира губиток, измама и злоупотреба на американски средства, но исто така и низ надворешни политики и разгледување договори, како и потврда за индивидуи на високи позиции.

Земајќи ги предвид овие одговорности, би сакал да започнам со испитување на мисијата на САД во Македонија и нејзината улога како надворешен соработник во активната и бурна македонска политичка сцена и во формирањето на македонските медиуми и граѓанско општество. Важно е овој народ, кој брои 2,1 милиони и кој живее во еден историски турбулентен регион, да продолжи да се развива во присуство на што е можно помалку надворешно политичко влијание.

Ова е критичен период за Македонија додека новоизбраните функционери се во преговори за нова влада по предвремените парламентарни избори кои конечно се случија во декември минатата година. За жал, добив кредибилни информации дека во последните неколку години мисијата на САД во Македонија активно била инволвирана во партиските политики на Македонија, како и во формирањето на нивните медиуми и цивилно општество, најчесто преку фаворизирање на една партија наспроти друга. Сметам дека овие информации се обесхрабрувачки, а доколку се вистинити, и многу проблематични.

Во тој поглед, учтиво Ве замолувам да одговорите на следните прашања:

1. Ве молам опишете ја улогата што Вие и други лица поврзани со американската мисија во Македонија ја имавте во разговорите кои доведоа до закажувањето на парламентарните избори на 24 април, 2016 година; Разговорите што доведоа до одложувањето за 5 јуни; и Одложувањето на парламентарните избори за 11 декември. Се надевам дека во овие разговори сите партии беа подеднакво консултирани.

2. Дали американската мисија во Македонија ги одбра фондациите „Отворено општество“ за главен реализатор на УСАИД-проектите во Македонија? И дали Македонците сметаат дека фондациите „Отворено општество“ се политички пристрасни? Во однос на ова, би Ви бил благодарен доколку би можеле да ми дадете повеќе информации за процесот на вреднување на проектите и потребите на Македонија, од страна на американските службеници во државата, пред да се напишат барањата/повиците за предлози и пред да се одберат добитниците на грант или реализаторите на програма.

3. Колку медиуми во Македонија добиле финансии од владата на САД и како се викаат истите? Дали сте презеле нешто за да влијаете врз операциите на овие или, пак, некои други медиумски организации? Ако да, што и зошто?

Pismo-Mile-Lee-Jess-Baily

Иако Македонија е мала земја, го ценам блискиот однос меѓу САД и Македонија кој се формираше во текот на 25. години од постигнувањето на нејзината независност. САД го почитува политичкиот и економскиот развој на Македонија и го цени придонесот на Македонија во многу од приоритетите на нашата надворешна политика. Се надевам дека додека нашата држава доживува промена на власта, ќе успееме да одржиме позитивно и непристрасно пријателство каде што поголеми приоритети ќе бидат заедничките интереси, а не политичките агенди.

За да успееме во тоа, мора да ги одбегнуваме нештата кои би се виделе како тенденции кон идеолошки империјализам и мешање во природниот, демократски развој на една држава.

Се надевам дека ќе добијам точен и навремен одговор на овие прашања, не повеќе од две недели од датумот на писмово. Исто така, би било убаво доколку се состанеме за да ги дискутираме овие работи следниот пат кога ќе бидете во Вашингтон.

Тројца светски лидери против милијардерот: Војна против империјата на Сорос

Soros-Putin-Tramp-Orban

Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна отворено го нападна американскиот милијардер Џорџ Сорос за кој што тврди дека е виновен за доаѓањето на илјадници мигранти во Европа.

Унгарскиот премиер е веќе против сето она што го прави „империјата” на Џорџ Сорос во неговата земја, па според многумина, Орбан застана на страната на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп кои што може да се каже дека се во „конфликт” со милијардерот.

„Групите кои што ги плаќа Сорос мора да се идентификуваат и да работат транспарентно. Големи предатори пливаат во овие води, тоа е транснационална империја на Џорџ Сорос која што има еден тон пари и меѓународна тешка артилерија”, изјави Орбан и додаде:

„Тоа предизвикува големи невољи. Со тајната работа и странските пари, тие се обидуваат да влијаат на нашата политика. Овие организации прават се што е во нивна можност за во Европа да внесат стотици илјади мигранти”, порача унгарскиот премиер.

Рускиот аналитичар Андреј Корипко објасни за руската новинска агенција „Спутник” дека Виктор Орбан и Владимир Путин се единствените европски лидери кои што отворено се спротиставуваат на „таинствената мрежа на Џорџ Сорос”.

Трамп и Сорос до неодамна соработувале, но веќе одредено време се во конфликт. Сорос донирал 10,5 милиони евра за кампањата на Хилари Клинтон, а исто така донирал пари и против останатите републикански противнци на Доналд Трамп. Потоа наводно спонзорирал протести против Трамп ширум САД.

„Сорос е дел од една глобална структура на моќ која што е виновна за економските одлуки кои што ја ограбија работничката класа”, порача Доналд Трамп за време на неговата претседателска кампања.

Еден од обидите за притисок на новиот американски претседател е повикот на генерален штрајк против Доналд Трамп на 17-ти февруари. Како што пренесува германски „Дојче Веле” оваа идеја е необична затоа што во Америка не постојат генерални штрајкови. Во рамките на нападите на Трамп, агенцијата за рејтинг „Фич” објави дека новиот американски претседател претставува ризик за глоблната економија.