Куновска до Анѓушев: Прв знак дека некој е лопов е откажувањето од плата

Актерката Софија Куновска е само уште една од низата луге од СДСМ или блиски до СДСМ кои излегоа со критика за работата на новата Влада. Таа на Фејсбук напиша дека прв знак ако некој се откажува од плата или надомест е дека сака да краде.

-Прв знак дека некој е лопов е откажувањето од плата или надомест. Тоа ме упатува на сомнеж дека платата е трошка во однос на тоа другото на кое се надева, напиша Куновска на Фејсбук.

kunovska post

Овој пост најверојатно се однесува на Кочо Анѓушев, кој што се откажа од својата плата, но подоцна видовме како неговите фирми добиваат тендери од Владата, во која тој е вицепремиер.

Инаку, да потсетиме само 10 дена откако беше назначен за генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, пренесува Република.

На 15 август 2017 година директорот Миновски заедно со комерцијален директор Марјанчо Николов, поранешен пратеник на СДСМ од Велес, донеле одлука по јавна набавка бр.01-125/2016 со предмет на набавка Транспортни ленти за ПЕ Рудник. Од вкупно предвидените 258.300.000 денари за оваа набавка повеќе од половината односно 140.086.090 денари без ДДВ му се доделени на конзорциумот составен од „Фероинвест“ од Македонија и Озербанд од Турција кои добиле 3 од 5-те предвидени лота за оваа набавка.

Граѓаните се сомневаат дека целта на Кочо Анѓушев е поуспешен живот за граѓаните, тие велат дека само неговите бизнис интереси се оние поради кои тој е дел од Владата.

Софија Куновска го стави СДСМ во небрано – Побара спас од гласните оџи

Екс-пратеничката на СДСМ Софија Куновска на еден месец пред локалните избори ја отвори една од најжешките теми во македонските мешани етнички и верски средини, гласното пеење на оџите од исламските верски објекти.

Куновска која што се споменуваше како еден од кандидатите за градочалник на Скопје или на општина Центар само два дена по објавувањето на кандидатутрата на Петре Шилегов за градоначалник на главниот град проговори за гласното пеење на оџите во Скопје кое што го иритира голем дел од населението.

„Има некое човеково право што обезбедува мирен сон од атак од оџи во 5.20 сабајле?“, запраша Куновска преку социјалните мрежи и отвори дебата која што не и оди во прилог на нејзината партија која што со вакви ставови може да загуби голем дел од гласачите муслимани.

Дел од нив веднаш ја нападнаа за јавно посочениот став на актерката иако таа потенцира дека нема ништо против ниту една религија.

„Но тоа треба да остане во сферата на приватното и потребна е малку почит кон секој различен и скромност во практикувањето на било која религиозен ритуал со што нема да бидат вознемирувани останатите. Да потсетам, Македонија е секуларна држава“, пишува Куновска.

„Ти не спиеш од друга мака а оџите ти се криви. Ајде те молам опрај се. Кого сум поддржувал и гласал за пратеник, прашува едем мислимански верник во врска со нејзиниот пост.

Иако голем дел од коментарите од муслиманите се контра нејзиниот став сепак има и такви кои што се согласуваат со нејзиното мислење дека верата е приватна работа и дека пеењето на оџите е пресилно.

Во коментарите на ставот на Куновска свое мислење дава и професорот Љубомир Фрчковски кој препорачува да се прочита песна од Блаже Конески кој цитира дел од стиховите „кога ќе го чуе гласот на муезинот во мугра кога се друго спие….“.

Според Фрчковски  човек само треба да се премести од друг агол и се станува поинаку на што Куновска одговара дека во таков случај „ќе треба да се одлучиме дали ќе се почитува закон за јавен ред или да направиме иницијатива за собирање пари за посилно озвучување“.

Прашањето за гласното пеење од џамиите кои што имаат силен разглас кој се слуша на километарска далечина досега го избегнуваа сите влади и градски татковци на Скопје и градоначалниците на општините. Дел поради обидот да не се отвораат конфликти на меѓуверски план, дел поради мирот во коалициите меѓу различните политички партии со различна верска пропадност досега ова прашање беше туркано под тепих.

Реакцијата на Куновска како граѓанин на Скопје каде што овој проблем е најмногу изразен, е сосема логичен но од аспект на политичките интереси е нелогичен особено поради тајмингот на објавувањето.

Нејзината партија СДСМ на престојните избори планира да дојде до градоначалничкото место во Скопје токму со гласовите на Албанците кои што во најголем дел го бранат правото да нема никаков лимит за пеењето на оџите за време на молитвите.

Наградно прашање од Куновска: Колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица?

И поранешната пратеничка од СДСМ и екс-претседателка на Градската организација на партијата, Софија Куновска, не молчи пред предавствата на Зоран Заев. На својот профил на „Фејсбук“, таа прашува: Согласно високите стандарди за демократија, колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица?

– Демократијата ќе се востанови само ако секој од нас ја негува и бара насекаде околу нас. Без исклучок. Дома, на работа, на улица, во институциите ама и во сопствената партија. Да речеме, наградно прашање бр.1: Согласно високите стандарди за демократија, колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица? Демократијата е моќ на убедување на инакумислечките во исправноста на сопствените идеи. Во спротивно се добива #НаТаткоИмПартијата Во СДСМ има прекалени борци а не непријатели на социјалдемократијата и на татковината-  пишува Куновска.

Sofija-Kunovska-FB

Дневник: Куновска, Сугаревски и Николов елиминирани по заслуга на Шекеринска?

Kога се носеле одлуките за тоа кој на кое место ќе биде позициониран на кандидатските листи, последниот збор го имала потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска. Kако што дознава „Дневник“ од високи партиски функционери во СДСМ, сите личности што од завчера предизвикаа лавина кавги внатре во партијата, а и реакции во пошироката јавност, биле всушност масло на Шекеринска.

По завчерашното утврдување на шесте кандидатски листи, оставка од претседателската функција на скопскиот СДСМ си поднесе Софија Kуновска, револтирана од тоа што довчерашната коалициона партнерка на Никола Груевски е позиционирана високо на листите, а таа не била ниту во план.

Сепак, пред камерите вечерта по конгресот, Kуновска јавно не ги призна причините за оставката оградувајќи се дека тие ќе останат внатрепартиска работа.

– Тензија и негодување почувствува и самото раководство кога имињата…

Повеќе во печатеното или електронското издание на Дневник

СДСМ ПРЕД РАСПАД: Куновска разочарана од листите си поднесе оставка од функцијата, Шилегов депримиран!

Софија Куновска си поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ, потврдуваат партиски извори по состанокот на Централниот одбор на партијата кој се оддржа пред одржувањето на Конгресот

Куновска, која беше и пратеник во последниот парламентарен состав, е незадоволна од предложената листа за кандидати на пратеници, особено на ставањето на Лилјана Поповска од ДОМ како шеста во првата изборна единица.

Куновска е револтирана бидејќи Поповска која во 2014 година беше втора, или веднаш зад Груевски како кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на последните избори.

Куновска во 2014 година беше втора на листата на СДСМ во првата изборна единица, а на овие избори не е на ниту една листа.

Таа забележала дека во СДСМ нема доволно дебата и изразила сомневање дека токму поради тоа што бара поголема демократија во оваа партија, е тргната од листите.

Петре Шилегов бил исто така видно револтиран и депресивен бидејќи неговата партиска миленичка со која си пуштаа ишарети во собраниските клупи, повеќе нема да е блиску до него. Но сцената од нивната невербална комуникација со еротски занес ќе остане вечно запаметена во меморијата на македонскиот народ.

Објавувањето на кандидатските листи предизвика полемики во јавноста и особено кај поддржувачите на СДСМ. Многумина изразија јавно незадоволство што на списокот се нашле лица кои, како што се тврди, не го заслужиле тоа место. Голем револт предизвика и поставувањето на лицата кои ја предводеа т.н. Шарена револуција, но и на професорот Ферид Мухиќ.

„Ферид Мухиќ на листа, па срамота за сите што 10 години мајка им се расплака затоа што не молчеа како тој квази интелектуалец. Значи Ферид Мухиќ од кај Ѕинго трансфер овде, браво“, искоментира главниот уредник на порталот „Нова“, Борјан Јовановски го објави на неговиот профил на „Фејсбук“, како реакција на објавените имиња кои се најдоа на пратеничките листи на СДСМ.

ФОТО: Зекири пие виски со сопартијците од СДСМ – порно глумците Шилегов и Куновска

„Со познатите фаци“ – гласеше насловот на фотографијата која новиот член на Претседателството и Извршниот одбор на СДСМ Мухамед Зекири ја постираше околу 19 часот на својот Фејсбук профил.

zekiri-silegov-kunovska-so-viski

И ништо не би било чудно на оваа фотографија, нити е изненадување, доколку се земе предвид начинот на кој меѓусебно општат Петре Шилегов и Софија Куновска, што целата јавност можеше да го види деновиве низ македонските медиуми.

Вниманието ни го одвлече четвртиот на сликава – „Џони Вокер“ со бандерола – кој се најде меѓу познатите на фотографијата.

Но, интересното се случи десетина минути подоцна, кога на истиот ФБ профил се појави нова, сечена, лепена, монтирана фотографија, на која „Џони“ го нема.

Уверете се сами.

zekiri-silegov-kunovska-fb

Дека навистина сликата со вискито е избришана потврдува и Фејсбук историјата:

zekiri-silegov-kunovska-so-i-bez-viski

zekiri-silegov-kunovska-fb-edit-histori

СДСМ продолжува со арогантност и навреди – Софија Куновска со хистерични напади

„Лудаци, лопови, психопати, понављачи, бездушници, злосторници, манијаци, клептомани, скотови, ѕверови, гадови, гниди, штетници, сатрапи, багра, уличари, глупаци, богаљи, бездраници…“ ова се зборови од речникот со кој на својот Фејсбук профил се обраќа пратеничката и претседателка на скопската Организација на СДСМ, Софија Куновска.

Sofija-Kunovska-FB

Софија Куновска не е прв висок функционер на СДСМ кој се обидува да го спушти нивото на политичка комуникација употребувајќи недолична реторика. СДСМ преку пратеничката Софија Куновска го наметнува повторно нивниот познат арогантен и хистерично вулгарен дневно политички дискурс за замајување на македонската јавност.

Се добива впечаток дека првите луѓе на СДСМ се во меѓусебна битка кој повеќе ќе го спушти нивото на дебатата. Во тој контекст, последна се наметнува и Софија Куновска, која секако треба да се „докаже“ пред партиските органи. Меѓутоа тоа е само еден од низата бисери од страна на водечките луѓе на СДСМ, чиј што вокабулар е преполн со вулгарни зборови и етикети насочени кон своите политички противници и што е уште пострашно кон својот народ кој по се изгледа го перципираат само како средство за манипулација  и реализирање на своите тесногради цели.

Но, ова не и е прв пат на Куновска да употребува вулгарности, таа и минатата година „распали“ со вулгарности по новинарот Цветин Чилиманов.

„Можеш ти шупакот на тие твоите налогодавци само да го погодиш зашто тоа ти е природна средина за опстанок“– ова е јавен исказ на Софија Куновска, избран пратеник во македонскиот Парламент, упатен кон новинар преку социјалните мрежи. Ова е нејзината реакција на ставот на новинарот Цветин Чилиманов, кој што даде свое видување на најавената партиска активност на СДСМ, и тоа најавена токму од Куновска, за денот на ослободувањето на Скопје.

Kunovska-vulgarnosti

Чилиманов напиша „Секоја чест и слава на ослободителите на Скопје и честит (однапред) 13 ноември! Нивното дело почна да се понижува и гази веќе на 14 ноември 1944, првин со општиот грабеж, а потоа со воведувањето на тоталитарниот, еднопартиски, полициски систем на СКМ. Петокраките би ви кажал каде да си ги напикате, ама деца читаат па не смеам“.

Така да речникот на Софија Куновска по ништо не се разликува од  останатите перјаници на нејзината партија, на пример од новинарската еминенција на СДСМ  Бранко Ѓеровски  кој пишува „психопатите да си го напикате во шупак да видите што лајна сте“ , „дпмнеовски кретеноиди да ми го бричат со зелено џамче“… За Мирјана Најчевска како и самата тврди повеќе од „јасно и гласно“ македонскиот народ е составен од “глуперди и цепаници неделкани“. За Стево Пендаровски пак десетици илјади македонски граѓани  претставуваа „стока собрана во бачила“… Навредите имаат и морбидна конотација како во случајот на Бранко Тричковски на неговиот статус по настаните во Диво Насеље, за припадниците на македонската полиција, „полицајците кои денеска не успеаја да загинат во служба на големиот идиот, ќе имаат можност да се ОСЛОБОДАТ ОД УСРАНИТЕ ЖИВОТИ ВО ПРВАТА НАРЕДНА прилика“….Братот на Сашо Ордановски Ванчо поседува вакво мислење за македонскиот народ „нација на злобни, глупи, малициозни, неписмени, религиозни, курвини луѓе, им пожелувам долга и тешка сиромаштија, да копате по контејнери“…и.т.н.

SDSM-Navredi-ZURNAL-NET

Граѓаните веќе навикнаа на навредите и конфликтната реторика од страна на СДСМ. Познавачите на македонската политичка сцена токму во таквиот арогантен и потценувачки пристап кој СДСМ го практикува  спрема македонските граѓани го лоцираат главниот виновник за политичкиот неуспех на девет изборни циклуси на опозиционата партија. Која како што тврдат не може да се фати во коштец со основните причини за нискиот рејтинг а тоа се, отсуството на морален кредибилитет и понуда на релевантни политики и стратегии.