Груевски: Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние за програма со план за реализација

Изборот е очигледен, тие се занимаваат со обвинувања, клеветења, црна пропаганда, а ние говори за решенија и за проекти. Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние зборуваме за програма со конкретни рокови и со план за реализација, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата го одржува во Берово.

-Тие покажуваат дека немаат стратегија за економија, ние кажуваме дека ја имаме новата ера со која Македонија ќе оди напред. Тие создаваат клима за бркање на инвеститорите и затворање на фабрики, ние работиме и говориме за нови работни места. Тие говорат за зголемување на даноци ние за намалување. Тие само зборуваат, но ние делуваме и создаваме, вели Груевски.

Тој рече дека се обидуваат да го засилат помрачувањето кое силно се чувствува во Македонија, но дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи светлината која и треба на нашата земја.

-Време е. 15 е одговорот на помрачувањето. На 15-ти пуштете ја светлината. Светлината ќе ја донесете вие народот на Македонија. Во ваши раце е одлуката, ќе одберете светлина која и е потреба на нашата земја. Која ќе ја донесат земјоделците кои се обесправени, работниците чии плати се намалуваат, невработените чии шанси за работа постојано се намалуваат, докторите кои се уште не ги добија покачените плати, градежниците чија работа се уништува, просветните работници чии часови ќе ги кратат. Одлуката се носи на 15 октомври. Потребно е помрачувањето кое го донесоа да се победи, нагласи Груевски.

Тој посочи дека нема економски податок кој е добар за Македонија од 1 јули па наваму.

– Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Колата тргна надоле. Ова допира и влијае на сите граѓани. Ова се однесува на судбината на секој од вас. Се работи за нашата држава, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека уште неколку дена остануваат до изборите на 15-октомври и ги потсети граѓаните дека нивната одлука е многу важна за идната на државата, за тоа каква држава ќе имаме и во кој правец ќе се движи истата.

Трибина на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: СДС постави лоши кадровски решенија кои за жал не покажаа некаков резултат во овие 100 дена

Трибините насловени „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ- Знаеме како, можеме подобро“ е најновиот начин на партијата за комуникација со граѓаните. Денешната трибина ја одржа Комисијата за здравство.

Докторот Виктор Камиловски кој говореше на трибината истакна дека Владата на СДСМ во првите 100 дена ја задолжиле Република Македонија за 350 милиони евра, со кои пак можело да се купат најсовремени апарати за дијагностицирање на пациентите или да се реновираат болнички капацитети.

-Дали со ова министерот Таравари си го дигна рејтингот па можеби одлучил да седне во градоначалничката фотелја, тоа е сепак негово право. Но, сепак она што се забележува е брзото поставување, час поскоро на директорите, на функционерите од нивните партии иако во стартот беше најавувано дека тоа нема да бидат партиски луѓе, туку ќе бидат професионалци, истакна Камиловски.

Според него, за да се задоволат партиските барања биле поставени доктори кои ја немаат адекватната специјализација за да можат да ги менаџираат Јавните здравствени установи.

-Веднаш по седнувањето на министерското столче кажа дека лекарите ќе имаат плата од 100.000 денари. Она што е важно како интелектуалци и како доктори, треба да знаеме дека работите треба да се покажуваат во правилно светло, односно да се изговараат со вистинското име, а не со манипулативна политика каде што своите грешки партијата СДС, односно ресорниот министер Таравари сака да ги трансформира вредности и личен успех, посочи Камиловски.

Вели дека она што тој го забележал е концентрацијата на лошите кадровски решенија кои што за жал не покажаа некаков резултат во овие 100 дена.

Не можеме да го премолчиме значителниот напредок на здравствениот систем што го имаше во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истиот напредок на македонското здравство е признат и од најрелевантниот показател за фунцкионирањето на здравствените системи во Европа, а тоа е Европскиот здравствен потрошувачки индекс. Република Македонија за една година успеа да оствари напредок од цели 11 места, така што од 27 во 2011, Република Македонија успеа да се издигне на 16 место во 2014, истакна Марија Андоновска.

Според неа, ова е показател дека Република Македонија стана една од водечките земји, како во регионот, така и во земјите од Југоисточна Европа, а како што рече, Македонија избила пред Шпанија, Словенија, Бугарија, Грција.

-Неоспорен факт е и континуирањето инвестирање во набавка на најсовремена медицинска опрема, појаснува Андоновска.

Посочи дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт контиунирано било инвестирано во медицинска опрема, основана била Државната кардиохирургија, изграден е објектот на ПЕТ Центарот, изграден е комплетно нов објект на Детската клиника во Козле, изграден е нов современ објект за цистична фиброза, изграден е нов објект за Клиниката за гинекологија и акушерство, реконструирани се и изградени повеќе болници на територијата на Република Македонија.

-Проектот „Мој термин“ е една исклучителна мерка која не искачи исклучително високо и со која што ние ги избегнавме оние нереди, оние чекања, оние турканици, нервои кои што претходно ги имаше во ходниците. Така што, со самото тоа пациентите добиваат навремена и квалитетна здравствена услуга. Се воведе некој ред и самото тоа се препорачува да биде преземно, истакна Андоновска.

Додаде дека тој систем веќе е препорачан во другите земји, а веќе една земја во целост го презела системот „Мој термин“.

Со доаѓањето на новиот министер кој што е во заминување и кој што направи една голема фама дека доаѓа од лекарската фела и дека најмногу ќе дипринесе за лекарите со своето дејствување, своето министерување го започна со Хипокретовата заклетва, за да после неполни 90 дена комплетно се повлече од сето она што го кажа, изјави денеска доктор Игор Николов, на трибината.

-Познавајќи го колегата, би рекол дека станува збор за двајца луѓе, едниот е доктор Арбен и другиот е министерот Tаравари, кој што е еедна бледа фигура која што седи на Твитер и на Фејсбук, кој што дава изјави за медиумите, кои што по извесно време ги повлекува, рече Николов.

Претходните проекти кои што се викаа „Ало докторе“, сега се викаат „Ало Таравари“, проектот „Мој термин“ и Приоритетен упат сега се решија да ги крстат Итен упат. Практично, рече Николов, нема ништо суштинско, само некои шминкерски промени што треба да дадат впечаток дека министерството на големо работи под лидерство на Таравари и дека прават некои големи и суштински промени.

-Во амбуланта доаѓаат пациенти од кои што сите викаат дека му биле роднини на министерот и бараат да бидат услужени преку ред и преку „Мој термин“. Веројатно е тоа одраз на блискоста која сакаше да ја покаже министерот, за евентуално да ги набилда своите поени, за да може потоа да се кандидира за градоначалник на еден од градовите, а ништо не направи за лекарите и за здравствениот систем, рече Николов.

Драги Јовевски на денешната трибина „Отворено со Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека министерот Арбен Таравари во овие 100 дена заборавил дека постојат стоматолошки услуги во здравството.

-Актуелниот министер буквално не презема ништо во поглед на приватните здравствени установи кои пружаат стоматолошки услуги. Буквално не се ни споменати. Инаку, во контакти со моите колеги, тие бараат зголемување на капитацијата, изедначување со докторите по медицина, на 65 денари. Колегите стоматолози бараат исто така старосните групи, односно возрасните групи, бодирањето кое што се прави кај докторите по медицина да почне да се бодираат и докторите по општа стоматологија, истакна Јовевски.

Тој појасни дека стоматолозите бараат и субвенционирање во едукацијата, поточно упатување на специјализација.

-Бараат исто така да Владата, т.е. Министерството за здравство помогне при едукацијата, поточно специјализацијата во одредени дејности во стоматологијата барем да се финансираат 50 отсто, појаснува доктор Јовевски.

Истакна дека во Македонија постојат матични стоматолози кои едвај преживаат со моменталната капитација, појаснувајќи дека тие остваруваат приходи кои се под просечната плата во јавното здравство.

-Дел од нив секојдневно ги затвораат стоматолошките ординации затоа што не можат да работат. Не се рентабилни затоа што во стоматологијата потрошниот материјал е доста скап. За еден стоматолог да отвори стоматолошка ординација потребна му е стоматолошка столица. За да ја купи, најевтината е 3.000 евра, посочи Јовевски.

Во врска со „Мој термин“ во последниот период докторите се соочуваат со проблеми, бидејќи, како што рече, нема термини. Доктор Јовевски појасни дека ако порано се чекале неколку денови, сега се чека со месеци, а некаде се чека и по повеќе од три месеци.

Груевски: Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006 година, граѓаните почувствуваа како е да се има нова влада со концепт и стратегија

Првите 100 дена на Владата што јас ја предводев во 2006, значи не во 2008 кога веќе бевме две години на власт, не во 2011, не во 2014 кога имаше уште поголеми резултати и проекти, туку 2006 кога ние дојдовме на власт од опозиција. Ние тогаш имавме најмалку 56 завршени проекти во споредба со ова што го слушавме Заев кој што ниту еден проект не спомна.

Ова денеска од Куманово го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во тој град беше на средби со граѓаните.

Тој посочи дека во првите 100 дена по доаѓањето на власт од опозиција ги намлалиле даноците, вовеле рамен данок, го намалиле ДДВ-то за земјоделските производи и механизација.

-Воведовме субвенции за земјоделците, тие нема субвенции. Воведовме најпрво 20 милиони евра како интервентна мерка само за 2006, а потоа постепено го зголемувавме, и стигнавме до меѓу 140 и 155 милиони евра во 2016 евра, појасни Груевски.

Истакна дека во првите 100 дена успеавлее да ги направат сите подготовки и да ги отворат јавниот меѓународен мобилен оператор, кој како што рече, успеа и подоцна донесе 70 отсто намалување на цените на телефонските услуги.

-Направивме чекори во однос на образованието. Го поднесовме Законот и тој беше во завршна фаза за отворање на нов универзитет во Источна Македонија. Направивме чекори во повеќе области, во многу области и тоа беше видливо. Луѓето почувствуваа што значи да се има нова влада, со концепт, со стратегија, со план и цврсто насочена кон тоа да го исполни ветеното за само 100 дена. Разликата од тогаш до сега е огромна, потенцира Груевски.

Верува дека граѓаните ќе се потсетат на тоа што Владата на ВМРО-ДПМНЕ го правела во првите 100 дена, и она што сега го прави Владата која ја предводи СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ со конструктивни решенија за излез од кризата, СДСМ со една цел – по секоја цена да дојде на власт

Политичката криза уште повеќе се продлабочи по пост-изборната Тиранска платформа, која ја потпишаа албанските парламентартни партии, а СДСМ ја прифати. ВМРО-ДПМНЕ досега понуди неколку конструктивни решенија за политичката криза, како на среден, така и на долг рок.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија прво на СДСМ им понуди, тие да се откажат од Тиранската платформа, а во спротивно ВМРО-ДПМНЕ да им ги отстапи нејзините 51 пратеник.

-Прво понудивме на СДСМ, доколку се откаже од Тиранската платформа, дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да им ги отстапи 51 пратеник кој ги има да владеат извесен период кој ќе го договориме, но услов да биде да се откажат од Тиранската платформа и доколку Заев биде избран од албанските партии, ВМРО-ДПМНЕ му ја нуди опција понатаму да го поддржува само да не ја спроведува содржината во неа, посочи Груевски.

Вели дека откако СДСМ го одбила овој предлог, тие го понудиле т.н. Патоказ.

-Откако тоа го одбија во првите неколку часа откако беше понудено, понудивме таканаречен Патоказ за излез од кризата кој е документ кој треба краткорочно и среднорочно да најде излез од кризата. Тој излез, помеѓу останатите делови од тој Патоказ, подразбираше и предвремени избори заедно со локалните нешто што е изводливо, но и тоа беше одбиено без многу дебата со навреди и ароганција кон ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече и дека неговата партија понудила и трета иницијатива, Манифест за Единствена Македонија кој, како што вели, пред се беше за една среднорочна стабилизација и уредување на односите меѓу политичките партии во правец на иднината на државата и долгорочен документ.

-И овој документ беше отфрлен во првите неколку часа, арогантно, надмено и прилично дрско. Тој документ го подготвувавме прилично долго во обид да им се допадне на сите политички партии, и бевме подготвени да дебатираме за него, истакна Груевски.

Патоказот кој ВМРО-ДПМНЕ го понуди за изнаоѓање на решение за кризата имаше 5 прашања:

1.Да се усогласиме дали важноста на политичката праксата за Коалицирање на победник со победник е фактор на дополнителна стабилност во државата дали како таква треба опстои или се отфрла сега и во иднина. Доколку се отфрла тоа би било во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор?

– Ова е неопходен предуслов со цел одбегнеме двојни стандарди во домашната политика и менување на политичките традиции, обичаи зависно од изборните резултати. На долг рок усогласувањето околу овој принцип и неговото важење или отфрлање ќе донесе поголема предвидливост на политичката сцена.

2.Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои што се претставени и верификувани од граѓаните на Република Македонија на избори се актуелни, релевантни и продуктивни агенди за државата?

3.Дали при конституирање на Собранието, сегашното но и во секој иден состав позицијата Претседател на Собранието на Република Македонија логично би му следело на политичката коалиција или партија којашто победила на изборите или треба да биде предмет на надгласување?

– Во истиот контекст, кои би биле гаранциите дека оваа позиција Претседателот на Собранието на Република Македонија не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на одредени закажани или превидени избори и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани кои што имаат најголем број на изгласани пратеници во Собранието?

4.Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел македонското општество со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на овој моделот во двонационален, на сметка на повеќето не мнозински заедници?

5.Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, институциите, економијата и европските реформи за евроинтеграции како обединителна сила за сите граѓани, или пак сите овие приоритети треба да се заменат со редефинирање на односите помеѓу заедниците и државното устројство на Република Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот за единствена Република Македонија повика за национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии, општествени чинители.

Прв принцип е обединување околу националниот интерес, втор принцип еинтеграција во едно општество, трет принцип владеење на правото за успех на државата и четврт принцип е пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин.

Обединување околу национален интерес

Национален дијалог

Воспоставување на редовен дијалог помеѓу секоја власт и опозиција за прашања од национален интерес.

Дијалогот да се одвива и решенијата да се изнаоѓаат секогаш во рамки на институциите на Републиката, од страна на претставници кои се избрани од граѓаните. Истото е најефикасна заштита од надворешни влијанија или реализација на агенди кои не потекнуваат од заедничкиот интерес на македонските граѓани.

Идентитет

Зачувување и промоција на националниот, културниот и јазичниот идентитет на Македонците во земјата и надвор, како и обединет настап против недемократските притисоци со цел негирање на истиот, секаде каде што тоа е случај.

Зачувување и промоција на идентитетот и посебностите подеднакво на сите наши граѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Разновидноста на сите овие култури е нашето најголемо богатство, кое сите треба да го негуваме.

Негување на изворното и на она што припаѓа на сите – нашиот јазик, обичаи, песни, историја, милениумската традиција на писменост и традициите на нашата книжевност и уметност.

ЕУ и НАТО

Членството во ЕУ и НАТО е наш интерес и обединувачка цел, каде природно припаѓаме. Република Македонија ја гледаме духовно и културно сплотена во заедницата на Европски народи, како институционално, така и економски интегрирана во Европската Унија.

Со цел да обезбеди поефикасна прекугранична соработка во соседството, корисно е формирање на европски регион помеѓу Република Македонија и соседните земји за подобро користење на ЕУ фондови, особено во делот на зачувување на природата, водите и транспортните коридори.

Право наспроти сила

Признавање на македонската национална самосвест и јазична посебност од европските и меѓународните институции, врз база на гаранциите од Европската конвенција за човекови права и Универзалната декларација за човекови права кои мора неселективно да важат за сите.

Истото е предуслов за надминување на наметнатата разлика околу името. Разликата се наведува како причина за блокада на патот кон членство во ЕУ и НАТО. Оттука, може да се надмине единствено  како дел од пристапниот процес, врз база на стекнатото право на Унијата и меѓународното право, вклучително и пресудата на Меѓународниот Суд на Правда во 2011 година.

За името

Нема да се прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија. Нема да прифатиме идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Нема да дозволиме кое било решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството граѓани кои ќе излезат на рефендумот да се согласат со можното решение.

Заедно против заканите

Обединување против секоја политичка структура или поединци кои поттикнуваат раздор или радикализам од верска или национална природа, но и против тие кои охрабруваат на било кој начин екстремна идеологија или пак регрутираат борци во терористички организации, било да се од домашно потекло или да се странци на териотријата на Македонија.

Интеграција во едно општество

Република Македонија им припаѓа на сите свои граѓани, без разлика на етничко потекло, религија или мајчин јазик. Граѓаните се срцето на нашиот Устав. Индивидуалните права и слободи на граѓанинот согласно Уставот се нашата обединувачка сила.

Обединувањето преку нација, вера и култура е формула за Европска интеграција, каде секој може лично да развива сопствени чувства. Тоа е и формулата која остава простор за јакнење на поврзувачкиот фактор во општеството.

Јазици

Македонскиот јазик е тој што овозможува интеграција на сите граѓани во едно општество без разлика на нивното потекло.

Наша должност и богатство е негување и промоција на албанскиот, турскиот, ромскиот, српскиот, влашкиот, босанскиот јазик согласно Уставот и европските стандарди, а во духот на мултикултурната традиција на нашата земја.

Почитувањето на правата и обврските за сите културни заедници подеднакво е најдобра гаранција за спречување на дискриминација и негување на посебностите.

Иницирање на дијалог со соседите со цел воспоставување на соодветни стандарди за јазични права во рамки на регионот, а во согласност со европските стандарди. Со таков пристап би се одбегнале двојни стандарди и мешање во внатрешните работи на соседи, за сметка на добрососедството.

Политиката за користење на немнозинските јазици треба да биде отворена кон сите, а секогаш во функција на развивање на едно општество каде способноста на поединецот е клуч за успех, без разлика на потеклото.

Самоидентификување

Македонскиот народ не може да биде надгласуван во однос на македонскиот идентитет. Ниедна заедница не треба да биде надгласувана за теми кои го засегаат нејзиното право на самоидентификување.

Образование

Заштита на правото на образование на децата на мајчин јазик, без разлика на етничката самоидентификација на родителите е клучна за развојот на Единствена Македонија.

Училиштето или богослужењето не смее да бидат алатка за наметнување на култура, јазик или доминација, туку уште едно средство за  сплотување и интегрирање.

Религија

Верската толеранција е суштествена за животот во мултикултурна Македонија. Нашите цркви, нашите џамии и нашите синагоги се нашите духовни храмови. Верските заедници во Макeдонија се неотуѓив дел од македонскиот менталитет и македонското општество.

Солидарноста и подготвеноста да му се помогне на сиромавиот се во духот и на христијанството и на исламот и на јудаизмот.

Традиција

Историското помнење овозможува ренесанса на традицијата. Потребно е да се оживеат старите традиционални вредности. Семејството и солидарноста ги сметаме за темел на културата што ги слави животот и вистинските вредности. Тоа подразбира и култура на напорна работа,  деловна чесност, претприемништво и мултикултурен соживот како вредности кои не обединуваат.

Секој граѓанин има лична одговорност кон Единството во Република Македонија. Носителите на јавни функции имаат посебна одговорност за поврзување помеѓу сите граѓани со различно потекло и градење на мостови во општеството.

Владеење на правото за успех на државата

Почитувањето на Уставното уредување и законите на целата територија, без селективност е предуслов за успешна држава. Културата на законитост и на почитување на законите, доверба во правниот поредок и лојалност кон државата се клучни за владеење на правото.

Согласно Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Индивидуалните права на граѓанинот, но и обврските, се пред се, а од нив се водиме кога креираме политики.

Сите избрани и именувани функционери имаат обврска за отчетностпри извршување на државните задачи.

За напредок на државата е потребна долгорочна политичка стабилност. Тоа може да се постигне преку мерки за поголема политчка стабилност како бонус од 20 пратеници за победникот на парламентарни избори, во рамките на сегашниот број на пратеници и согласно Уставот или пак со воведување на мнозински изборен модел.

Принципите од Уставот за заштита на правата на немнозинските заедници на централно ниво доследно да се применува во сите единици на локалната самоуправа и за сите заедници без исклучок, но и без разлика какво е мнозинството на локално ниво.

Попис да се спроведе без одлагање со цел квалитетно планирање на политиките како и за конструктувен дијалог на меѓуетнички теми.Истиот мора да е статистичка, а не политичка операција. Затоа е потребно да се води строго според методологијата на европската статистичка агенција “Еуростат” и  Организацијата на Обединетите Нации, вклучително да има и механизам за контрола на постојано место на живеење и престој во државата, како и гаранции за автентичност на лични податоци и потврда на идентитет на лицата преку дигитализација на отпечатоците.

Воведување на механизами за  следење на владеењето на правото на локално ниво, вклучително наплатата на локални давачки и практична примена на законодавството, согласно најдобрите европски практики, како и воведување мерки за унапредување на примената на целата територија на Републиката.

Територијална поделба водена од економско-географски критериуми со цел надминување на недоследностите од политичкото определување на локалните граници.

Пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин

Неопходно е национално обединување околу целите за подобра економија, повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи, новоотворени работни места за нашите граѓани, затоа што тоа е навистина најпотребно.

Докажавме дека тоа е возможно со видно подобрување на рангот на државата на повеќе листи за квалитет на климата за водење бизнис, како и преку создавањето на над 160.000 нови работни места. Неопходно е да се опстои на тој курс, што е доплнителена причина за постигнување национално (надпартиско) обединување околу овој единствен интерес за сите наши граѓани.

Обединување околу реализирање на идеата за Пазар на кој секоја индивидуа ќе може да си го најде сопственото место, начин на обезбедување на егзистенција, простор за борба за подобро утре, за посреќно семејство.

Моќта на развиените држави во светот почива на создадената култура, атмосфера, верување дека секој треба да смисли начинкако да успее во животот и да не чека друг да го направи тоа за него.

Тоа значи дека секој треба да почне да верува дека може да успее ако има добра идеја, упорност, истрајност и подготвеност за ризик.

Затоа претпиемничкиот дух треба да биде водилка во обезбедувањето на сопствен приход. Тоа е тесно поврзано со остварување на сечиј сон.

Знаењето и образованието не се доволни сами по себе ако само се повторува тоа што сме слушнале или прочитале, без системски поттик на секој поединец до максимум да ја извлече и развие својатакреативност и иновативност и да се насочи кон создаање на сопствен бизнис.

Само општество со граѓани со креативни и иновативни идеи може да продуцира нови успешни бизнис приказни, да креира зголемено ниво на конкурентност на пазарот и борба за пласман на производи и услуги надвор од границите на државата.

Затоа, главни елементи на планот на економијата треба да бидат пазарното стопанство, конкуренцијата, натпреварот, можноста за избор, личната одговорност. Пазарот е тој што ги развива натпреварувачкиот и духот на претприемништво и ги поставува критериумите на стручност, успешност и на квалитет. Со тоа, сите заедно да се избориме за поголеми плати, повисок стандард.

Најдобрата социјална политика е политиката која отвара нови работни места и генерира економски раст. Државата води сметка да се намалат нееднаквостите кои може да ги создаде пазарот. Но, праведноста и солидарноста не е исклучиво право во нејзина надлежност. Државата не може да ја замени нити приватната, нити граѓанската и локалната иницијатива.

Во сета пазарна логика која ја надградуваме, мора да ја зачуваметрадицијата за солидарност и помош на најранливите во нашето општество.

Сите овие решенија беа одбиени од страна на СДСМ. Во тој контекст, Груевски рече дека нивната цел е по секоја цена да дојдат на власт.

-Јасно е дека СДСМ не сака никакви чекори во правец на стабилизирање на државата освен нивната зацртана цел, по секоја цена доаѓање на власт дури и по цена на државните и национални интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцира дека фактурата на СДСМ е голема, но оти тоа не е прифатливно ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за народот.

-Јас разбирам дека кај нив фактурата е голема, дека ги притиска истата дека киријата е скапа, но неприфатливо е ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за народот таа кирија и таа фактура да ја плаќа народот и да биде завршена на грбот на народот и на државата. Токму затоа народот во толку голем број и толку долго време, како никогаш до сега секојдневно се спротивставува и пружа отпор. СДСМ треба да знае дека народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат таа фактура да ја плаќа народот, вели Груевски и додава: Во оваа ситуација не зависи се од ВМРО-ДПМНЕ, ситуацијата во најголема мера зависи од СДСМ чија тактика очигледно беше по секоја цена да се направи криза бидејќи веруваат дека тоа е единствениот начин да дојдат на власт

Абдулменаф Беџети, пак, бараше да се попишувале и Албанците од дијаспората, а поголем дел од албанските партии сметаат дека со доделувањето на 20 пратеници плус за победникот, ќе се намалело нивното влијание.

-Овој документ, овој памфлет повторно ги маргинализира како втора етничка заедница во земјата. Но, ова е невозможно додека Албанците живеат во оваа земја. Тие Албанци каде и да се, ќе бидат дел од пописот, истакна Беџети.

РАЗЛИКАТА Е ОЧИГЛЕДНА: Споредба на митингот на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани (ФОТО)

На истото место, на истото студено време, во неделата на 25 ноември митинг во Кочани одржа коалицијата предводена од СДСМ, а пет дена подоцна, во работен ден, на 30 ноември, пред кочанчани се претстави Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Фотографиите кажуваат сосема доволно какво е расположението кај народот.

Митинг на СДСМ во Кочани (25.11.2016)

Митинг на СДСМ во Кочани (25.11.2016)

miting-vmro-dpmne-kocani

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани (30.11.2016)

 

СПОРЕДБА НА ВИДЕА: Еве како изгледа ненарачано и нарачано интервју под контрола на СДСМ

Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски пред скоро една година, поточно на 15 октомври лани му беше гостин на новинарот Чомовски во Топ Тема каде одговараше на десетици незгодни прашања и провокативни потпрашања.

Конечниот впечаток од интервјуто кај поголемиот дел од стручната јавност е дека и покрај двосмислените и тенденциозни прашања, Зврлевски со факти и аргументи успеал да поентира и да ја презентира веродостојно својата работа. Нивниот дуел одеше во живо и траеше цел час.

За разлика од Зврлевски, според срамните стандарди наметнати од уредникот на СДСМ во националниот сервис, Катица Јанева одговараше на смешни, однапред усогласени прашања без никаква провокација во нив.

Јанева не беше прашана зошто не пријавила закани за Коста Крпач, доколку навистина ги имало? Не беше прашана зошто и се советници за ЗКП кога како правник мора да го познава законот? Специјалната  обвинителка не беше прашана за вработувањето на ќерки, синови и роднини во СЈО? За притисоците врз сведоците? Не беше прашана за протекувањето на информации од истрагите и незаконското рушење на принципот на тајноста? Не беше прашана за становите, смоквите и огромните плати? Не беше прашана за малтретирањето на Едмонд Темелко? За свадбата на ќерка и заради која одложи судење за месец и половина, каде се потрошени еден милион евра за 6 месеци за кои што нема информации каде се потрошени… Како и основното прашање за кое што е формирано СЈО – кој прислушувал, со која цел и кој го нарачал и платил истото?

Сé ова беа ирелевантни теми за уредникот на МТВ поставен од СДСМ. Дури и прашањата кои однапред и беа сервирани за промоција, Катица Јанева не успеа да ги искористи. Затоа МТВ мораше да сокрие дека и после една година од преземање на предметот „Пуч“, Јанева не знае кои дела им се ставаат на товар на обвинетите, а го напаѓа судот за одложувањето.

Сето ова е срамно однесување на МТВ и под сите професионални стандарди, однесување кое не смее да помине само со извинување до гледачитем туку со одговорност од оние кои го уриваат имиџот на националниот медиум.

Денешниот земјотрес најсилен по оној од 1963 година, според мерењата од последните 110 години

По земјотресот од 26 јули 1963, денеска Скопје најсилно го стресе во последните 110 години.

По двата утрински земјотреса со јачина од 2,9 односно 3,8 степени според Рихтер, неколку минути после 15 часот земјотрес со епицентар во Скопско на длабочина од 10 километри, го погоди главниот град со сила од 5,3 степени.

Граѓаните во паника ги напуштија домовите. Велат дека ваков страв одамна немаат почувствувано. Траеше кратко но ударот бил застрашувачки.

Во домовите се се тресело. Паѓале слики се кршеле чаши а распукани се и ѕидовите во голем број згради. Дел од Скопје е без електрична енергија, а забележани се проблеми и кај водоводната мрежа.

За разлика од 63-та кога земјотресот изнесувал 6,1 степен денеска удар беше послаб, но и пократко траел. Експертите велат дека земјотресите до 5,6 се силни, но не и разурнувачки.

Можело да предизвикаат многу мал број на жртви бидејќи предизвикуваат паѓање само на објектите кои се премногу стари или пак не се градени според стандарди. Големиот земјотрес пак кој се случил после поплава на Скопје во 1961 година, однел 1070 жртви.

Историски пак во Македонија најсилниот земјотрес се случил во Пехчево со магнитуда од 7,4 отсто кој е еден и од најсилните регистрирани во Европа.

Втор регион каде често има појава на земјотреси е Валандово каде по 300 последнователни земјотреси главниот удар бил со јачина од 5,4 степени. И тогаш забележани биле само мали оштетувања по куќите.

Пандов до Шекеринска: Од една слика се гледа дека на собирот на ГДОМ има три пати повеќе народ

Читам заменикот претседател на СДСМ Шеќеринска правела споредба на нивниот протест, кој беше подржан од цела опозиција и платениците на Сорос, со собирот на ГДОМ!? Од една слика се гледа дека на собирот на ГДОМ има три пати повеќе народ, напиша на својот Фејсбук профил членот на ГДОМ, Александар Пандов.

GDOM-sobir-pred-Sobranie

– Околу културата на однесување и целокупниот декор воопшто не сакам да зборам, пошто народ со хулигани и вандали не се споредува! А може ли да си замисли дотичната госпоѓа колкава ќе беше разликата истиот да беше во организација на ВМРО и коалицијата, а со самото тоа и главен говорник да е Никола Груевски?, пишува Пандов.

Македонија се менува кон подобро – споредба на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Република Македонија, полека но сигурно се менува кон подобро, еве што направи премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за 9 години владеење:

2015 година – ВМРО-ДПМНЕ:

Бруто домашен производ: 27 милијарди долари
Невработени: 26 %
Минимална плата: 9.500 денари
Просечна плата: 22.000 денари
Пензија: 62 % ЗГОЛЕМЕНА
Субвенции за земјоделците: 750 милиони евра

За споредба ги земаме податоците од 2006 година кога на власт беше СДСМ:

Бруто домашен производ: 6 милијарди долари
Невработени: 38%
Минимална плата: 2.500 денари
Просечна плата: 12.000 денари
Пензии: 8% НАМЕЛЕНА
Субвенции за земјоделците: 0 денари