СКАНДАЛ: Новото самопрогласено раководство воспоставува режим во ССМ – Забранува влез на поединци

Darko-Dimovski-SSM

Самопрогласениот лидер на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски откако го презеде ССМ веднаш почна во сила да става скандалозни наредби за забрана на влез на поединци.

Димовски издал наредба со која во објектите на ССМ им се забранува влез на Методија Димески и Ане Пикаус од Синдакотот за сообраќај, Оливер Стојановски од Синдикат СОБС, Игор Миќев од Синдикат СТОЛБ, Стефан Блажевски од Синдикатот на работниците од шумарство.

Како што се вели во наредбата, таа доаѓа поради „давање лажни изјави во медиумите, опструкција на новото раководство, непризнавање на в.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски и дејствија со кои што го нарушуваат угледот на ССМ и кршат негови акти“.

Naredba-SSM

-Оваа наредба ќе важи се до известување на Претседателството и Советот на ССМ и донесување на конечна статутарна мерка и одлука, се вели во наредбата.

ССМ најави дека ќе организира масовни протести и штрајкови: Процесот за постапка за промени исклучиво е работа на синдикатите, а не на државните органи

zivko-mitreski

ССМ како Репрезентативна синдикална организација за приватен и јавен сектор на ниво на Република Македонија и членка на ЕТУЦ и ИТУЦ сака да ја информира јавноста за уште еден обид за незаконска смена на раководството на ССМ и правењето на нов анти синдикален чин и историски скандал незапамтен во синдикалната историја во Европа и пошироко од страна на Министерката за труд и социјална политика од СДСМ Мила Царовска, изјави претседателот на ССМ Живко Митрески.

-Со поништувањето на претходното Решение на Министерот за труд и социјална политика се кршат темелните Меѓународни конвенции посебно Конвенцијата 87 за слободата на синдикално организирање посебно член 2 и 3 во кои јасно се забранува мешање во синдикалното организирање и избори од страна на државната власт, повреда на член 37 од Уставот на РМ за право на слободно синдикално здружување, повреда на Законот за работните односи член 184-193, повреди на Статутот на ССМ член 7,8, 16 кои сите предвидуваат слобода на синдикалното организирање и слобода во изборот на органите и телата на Сојузот на синдикатите на Македонија, изјави Митрески.

Митрески смета дека новиот обид за промена на раководството на ССМ од страна на Министерката за труд Мила Царовска и од страна на партијата која што ја застапува е резултат на константниот притисок и уцени врз раководството на ССМ да биде пасифизирано и да не се бори за работничките права, а посебно да се пасифизира борбата за барање за повисоки плати и во јавниот сектор, плати за администрацијата , војската , полицијата, правосудството и другата администрација , борбата за Репрезентативен социјален дијалог и слични притисоци кои не им успеваат, смета Митрески.

-Процесот за постапка за промени исклучиво е работа на синдикатите , а не на државните органи, Министри и Владата, 13 синдикати се единствени кои согласно Статутот можат да извршат промени на раководството в рз основа на постапка која оди помеѓу синдикатите и врз основа на Одлука на Советот и Конгресот на ССМ. Вакви постапки немало, а тоа го потврдија и предходно 13 Грански синдикати здружени во ССМ, а обидот за кафанска смена на Претседателот на ССМ и предходно не беше успешен, изјави Митрески.

Митрески обвини дека претходната министерка Фросина Ременски исто така од партијата од каде што доаѓа Царовска врз основа на фалсификувани документи претходно на ист начин направи обид за насилна смена, за што доби и Кривична пријава, беше покрената Кривична постапка пред ОЈО и ОЈО со наредба, а потоа и врз основа на два заклучоци од Централен регистар ја запреа постапката за нелегитимна промена на Претседателот на ССМ и легитимното раководство едногласно избрано на 19 Конгрес на ССМ, а постапките беа запрени пред се заради тоа што истите беа врз основа на фалсификувани исправи, незаконски и спротивно на Меѓународните конвенции.

-Против ваквиот антисиндикален чин насочен против автономијата на синдикатите и синдикалното движење и правото на избор реагираа од Светската конфедерација на Синдикати која застапува 181 000 000 работници од 163 земји со над 340 национални членови како и од Европската Конфедерација на синдикати која застапува 45 000 000 членови од 39 земји со 89 синдикални организации и над 10 Европски грански синдикати, изјави Митрески.

Митрески кажа дека ваквата подршка јасно била изразена за него и за секретарот Методија Димески и јасно беше укажано дека поради кршењето на синдикалните права ова прашање ќе биде поставено пред Европската унија и пред МОТ како што во своето писмо се обратија Генералниот секретар на ИТУЦ Шарон Бароу и Генералниот секретар на ЕТУЦ и ПЕРК Лука Висентини.

-Ваква подршка ССМ и КСС добија и по однос на најновите кршење на Социјалниот дијалог во ЕСС на РМ. Поради сите овие активности спротивно на Уставот, Законот, Меѓународните конвенции и заради повторување на обидот за упад во автономијата на синдикалното движење и обид за насилна смена на Претседателот на ССМ сите инволвирани заради очигледните фалсификати кои служат како основа ќе сносат Кривична одговорност, а посебно Министерката Мила Царовска за која е поднесена Кривична пријава што е прв чекор превземен од страна на ССМ уште повеќе што се прави обид да се стави за претседател на ССМ и да се инсталираат раководства кои не само што не се членови на ССМ туку уште повеќе се структури кои се блиски до партијата на Царовска, изјави Митрески.

За ваквата насилна смена веднаш биле информирани и Меѓународните синдикални организации и МОТ, Делегацијата на ЕУ и сите амбасади за што од некои веднаш добивме и подршки. Од министерката Мила Царовска побарано било веднаш да биде повлечено новото Решение, а доколку истото не биде направено ССМ ќе организира масовни протести и штрајкови.

-Сојузот на синдикатите на Македонија сака да го информира членството да биде спокојно бидејќи ваквата насилна промена неможе да се случи бидејќи постои наредба од ОЈО за да се спречат сите обиди за промена на претседателот на ССМ и раководството на ССМ, постојат два заклучоци на Централен регистар со кој се прекинува секакава постапка за менување на претседтелот на ССМ, а исто така постои Решение на Управниот суд со кое што предлогот за промена на друго лице во ССМ се одбива. Со сите овие дејствија кои ги превзема Министерката за труд Мила Царовска не само што прави директно кршење на законот и на меѓународните конвенции, се спротиставува и на Судските одлуки и на судската власт и сака дури да врши влијание врз судовите, институциите и Централниот регистар, изјави Митрески.

Од ССМ ги повикуваат сите државни институции вклучително и Централниот регисатар да ги почитуваат судските одлуки и заклучоците за прекин на постапката за промена на претседател на ССМ, наредбите од Јавното обвинителство кои забрануваат секаква промена на претседател на ССМ заради фалсификување на исправи и предупредуваме дека секој кој ќе постапи спротивно на законот и на наредбите на Јавното обвинителство ќе сноси Кривична одговорност за злоупотреба на службена положба и овластување и ќе му бидат поднесувани Кривични пријави за кој е предвидена казна затовор од 3 до 5 години.

-Поради сите овие против законски дејствија доколку не биде под итно повлечено против законското Решение бараме итна и неотповиклива оставка на Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за која е поднесена Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување казнива по член 353 од Кривичниот законик на РМ, а доколку тоа не го направи бараме од Премиерот на Владата н РМ Зоран Заев под итно да ја разреши и да овозможи нормално функционирање на синдикалното движење во Република Македонија. ССМ сака да го увери своето членство дека без оглед на притисоците и уцените неприкосновено ќе остане да ја брани автономијата на синдикалното движење во Р. Македонија и понатаму ќе се бори за зголемување на минималната плата за чиј што историски Закон е една од најзаслужните, ќе се бориза зголемување на платите во јавниот сектор, ќе се бори за реален социјален дијалог, за понатамошно важење на Колективниот договор за приватен сектор, за потпишување на нов колективен договор за јавен сектор и за заштита на правата и интересите на работниците во Република Македонија, изјави Митрески.

ССМ: Муратовски кој што ССМ го претвори во испостава на СДСМ не може да зборува за синдикализам

SSM

За синдикализам и за поврзаност ќе зборува човекот кој го имаше инструментализирано ССМ и претворено во испостава на СДСМ, за синдикализам ќе зборува човекот кој дозволи масовно бркање на работници, стотици илјади по број и дозволи масовно пропаѓање и затворање на стотици претпријатија се вели во соопштението на ССМ

Интегрален текст од соопштението на ССМ

Кој најде да зборува за синдикат, човекот кој прв го подржа Законот за Работни односи од 2005 год со кој се урнисаа работничките права во Р. Македонија, па со тешка мака од 2010 година новото раководство и Митревски воведуваа нови работнички стандарди, директиви, конвенции за да се поправи непоправлива стега.

Човекот кој дозволи да се укине К-15 за работниците, човекот кој финансиски го пропадна ССМ, па новото раководство мораше да враќа повеќе од над 20 милиони денари долг, човекот кој и на сопствените вработени во ССМ не им имаше исплатено 4 плати, човекот кој „успеа“ да го елиминира од ССМ еден од најреномираните синдикати во земјата и пошироко- СОНК, човекот кој дозволи општествената исхрана и превозот да не влезат во платите на работниците, човекот кој до држеше во заложништво ССМ и поради него немаше прием на ССМ во светската и европската Конфедерација на синдикати, човекот кој беше поврзан со низа афери и бизнис интереси.

За синдикализам и за поврзаност ќе зборува човекот кој го имаше инструментализирано ССМ и претворено во испостава на СДСМ, за синдикализам ќе зборува човекот кој дозволи масовно бркање на работници, стотици илјади по број и дозволи масовно пропаѓање и затворање на стотици претпријатија.

vancomuratovski

Тешко на оние синдикалци па искрено и овие претседатели на грански синдикати кои се повикуваат на одбрана на Муратовски. Но како и да не се повикуваат кога беа негови извршители. Прв соработник на Муратовски довчерашниот секретар на УПОЗ, Пецо Грујовски, десна рака на Муратовски и портпарол во времето на Муратовски во ССМ, зарем тој ќе зборува за синдикална пролет и синдикализам, прв соучесник во горенаведените антисиндикални дејствија.

Тешко на оној синдикализам кој ќе биде воден од вакви личности. Тешко на оние работници кои ќе бидат водени од вакви луѓе.
Долго време синдикализмот во Македонија се бореше да биди ослободен од овие личности.

Почитувани членови на ССМ, бидете уверени дека ССМ и 13 здружени грански синдикати нема да дозволат тој темен инструментализиран политички вилает повторно да дојде.

ССМ до Ременски: Не ќе можете да избегате од правдата и од вистината

ssm

Поранешната техничка министерка Фросина Ташевска-Ременски соочена со повеќе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување и пречекорување на службеното овластување што претставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик, кривично дело договор за извршување казниво по член 393 и по член 394 за злосторничко здружување од Кривичниот законик како и кривично дело фалсификат на исправи согласно член 378 резултат на пречекорувањето на овластувањата спротивно на Законот за работните односи , Статутот на ССМ, Делоникот за работа на Претседателст ото на ССМ и Советот на ССМ, спротивно на Конвенцијата бр.87 на МОТ за слобода на синдикалното организирање направи историски преседан и скандал врз основа на фалсификувана исправа без одржана седница на Советот на ССМ, без печат, без наведени лица за присуство, без спроведена постапка и процедура во содејство со група фалсификатори и направи обид за промена на легитимното раководство на ССМ и претседателот Митревски легитимно избрани на 19 Конгрес на ССМ, се вели во реакцијата од ССМ.

Интегрален текст од реакцијата на ССМ

Ваквиот историски преседан и правно насилие од страна на Техничката Министерка Ременски како што е познато беше осудено од целокупната Европска и Светска синдикална јавност, од ИТУЦ, ЕТУЦ братските синдикати од околните држави но исто така поради очигледниот фалсификат поведена беше и Кривична постапка поради фалсификувањето на документацијата.

И со најновата реакција на Ременски се потврдува дека истата имала умисла, а дека тоа е така доволно зборува и фактот што предходно била предупредена од ССМ за можен фалсификат уште на 12.2.2016 година кога и предходно циркулирал фалсификат.

И со најновото соопштение Ременски покажува дека намерата и била да го руши автономното и слободното синдикално двожење во ССМ кое особено по доаѓањето на новото раководство од 2010 година заедно со Социјалните парнери направи историски резултати.
Очигледно на поранешната министерка Ременски и пречи функционирањето на правниот систем и спречувањето на нејзиниот обид за правно насилие врз слободното синдикално движење, очигледно очекувала дека правниот систем сака да биде нејзина приватна сопственост и да суди и се однесува по нејзините желби впрочем како што го претвори во приватна сопственост Министерството за труд и социјална политика додека беше Технички Министер и во него предизвика невиден хаос и безредие.
Поранешната Техничка Министерка треба да знае дека во РМ постои правен систем кој нема да дозволи насилство, насилно упаѓање и запоседнување на зградата на ССМ со помош на луѓе кои не се членови на синдикатите, партиски припадници изнајмени и платени лица да протестираат и криминални структури. Фрапирани сме од изјавата на Ременски дека подржува насилни упади, хаос и безредие и попречување на нормалното функционирање на ССМ, дали и ова од нејзина страна не значи и потикнување на насилно рушење на ССМ и потикнување за нови кривични дела.

Во најновото соопштение Ременски се дрзнува да зборува и ја открива својата намера дека сака да го разреши замислете и целото претседателство на ССМ, се дрзнува да зборува и за рекетари нарекувајќи ги работниците од службите за обезбедување и чуварските служби на ССМ и СИН-АГ ДООЕЛ Скопје што е невиден срам за една довчерашна Техничка Министерка, но ако се има во предвид дека истата имаше невидени конфликти со најранливите категории на работници како што се социјалните случаеви, хендикепираните лица, Здружение на слепи и слично не е ни чудно од овој профил на Технички Министер.
Се открива дека историскиот скандал се претвара и во мега скандал со оглед на тоа што во обидот да ги сокрие своите противправни дејствија дури се дрзнала и ја сокрила целокупната документација во врска со фалсификуваните исправи за промена на легитимно избраниот претседател Митревски и раководството на ССМ.

За среќа во Република Македонија иако некој упорно сака да го руши правниот систем, функционира правниот систем и работното законодавство и Меѓународните стандарди за слобода на синдикално организаирање и здружување, а за среќа во моментот функционираат и доблесни Министри и професионалци кои стручно и компетентно се грижат да го спроведуваат тој правен систем, да ги спроведуваат законите, да реагираат професионално, да го средат невидениот хаос и безредие кои очигледно како што читаме го оставила Техничката Министерка Ременски во обидот Министерството за труд и социјална полтика да го претвори во свое наследство, во своја приватна сопственост за себе или за нејзините наредбодатели.
ССМ го уверува своето членство дека ќе ги издржи сите овие оркестрирани напади и обиди да се сруши еден од најреномираните синдикални Сојузи кој остави печат посебно овие неколку години со постигнатите историски резултати.

Бидете уверени дека ССМ нема да стане нечиј плен покрај желбите на Техничката Министерка Ременски кои не само што не и се остварија туку нема и да и се остварат.

ССМ: Четирите „наводни“ синдикалисти имаат за цел преземање и уништување на ССМ

ssm

Четирите грански синдикати СИЕР, УПОЗ, АГРО Синдикатот и СУТКОЗ, кои на седница на Советот на ССМ одржана на 28.12.2016 год. беа едногласно исклучени од ССМ, не избираат средства како да се пресметаат со нивите довчерашни колеги, а воедно да направат и преземање на Синдикатот, мотивирано од нивни лични цели, се вели во соопштението на ССМ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Дека не се избираат средства и методи за остварување на оваа цел говори и тоа што во претходните денови пуштаат во јавноста неточни информации, фабрикувани и конструирани изјави, лажни обвинувања и полувистини кои имаат за цел да создадат погрешна слика за тоа што се случува во ССМ, а со цел манипулирање со јавноста.

Некои од тие информации беше лажното информирање дека наводно губење на спор на претседателот на СРСВМ и секретар на ССМ, што не е воопшто точно, како и тоа дека секретарот на ССМ бил разрешен, а него го избра едногласно Советот на ССМ согласно Статутот и нема друга одлука за разрешување.

Сето ова кулминира со наводни физички пресметки помеѓу претседателот на ССМ и некои претставник од веќе исклучените гранки синдикати што претставува невистина и манипулација со јавноста.

Се прашуваме на што се сè спремни овие „наводни“ синдикалисти во нивните (или туѓи) намери за преземање и уништување на ССМ.

Со оглед на тоа што тие повеќе не се дел од нашата синдикална заедница – ССМ во иднина нема намера повеќе да се занимава со нив и нивните лаги и интриги, а им порачуваме да се зафат со работа во поглед на заштита на работниците кои ги претставуваат, а кои и онака во последниве месеци драстично им заминуваат како нивни членови.

СДСМ со протест пред ССМ сакаат да направат упад во Синдикатот

sdsm-protest-ssm

Членовите на четирите грански синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО протестираат затоа што се исклучени од Сојузот на синдикати на Македонија. Но, на протестот друштво им прават и членови и симпатизери на СДСМ.

На седница на Советот, 13 гранкови синдикати гласале за исклучување на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, заради, како што тврди, фалсификување документи, злоупотреба на службената должност, кршење на Статутот и неплаќање членарина редовно.

Лажно претставуваниот в.д претседател Дарко Димовски со својата група насилно и преку фалсификат се обидоа да го сменат актуелниот претседател на ССМ Живко Митрески.

Превирањата во ССМ траат веќе извесен период. Четирите гранкови синдикати тврдат дека Митревски е разрешен и оти на негово место е именуван Дарко Димовски, додека Митревски ваквиот обид го оквалификува како насилен обид да се изврши смена на раководството на ССМ. Тогашната министерка за труд и социјална политика Фросина Ташеска-Ременски донесе решение за смена на раководството на ССМ, кое, пак, новиот министер Ибрахим Ибрахими го поништи.

ssm-sdsm

Од ССМ и синдикатите кои го поддржуваат Митревски, објавија дека дека против групата фалсификатори, Дарко Димовски, Пецо Грујовски, Живко Даневски и Пеце Ристески, беа покренати повеќе кривични пријави за фалсификување на исправи, злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување, лажно претставување, за кои се отворени кривични постапки и истраги пред Основното јавно обвинителство, за кои се предвидени казни затвор од 3 до 10 години.

-Против лажно претставуваниот в.д. претседател Дарко Димовски, сторител на повеќе кривични дела поднесени се повеќе нови кривични пријави вклучително и за групата фалсификатори и синдикални пензионери за насилно превземање на зградата на ССМ, нарушување на владение, попречување на нормално функционирање на ССМ, попречување на работата на други грански синдикати, самовластие и други кривични дела, за кои исто така се предвидува повеќе годишни казни затвор, се наведуведува во соопштението.

За поднесените кривични пријави веќе е започната постапка во Јавното обвинителство.

„Солидарност” упати остар протест: Ременски ја брука државата и пред меѓународните организации

Frosina-Remenski-SDSM

Регионалниот синдикален советСолидарност кој ги обединуварепрезентативните синдикати од земјите на поранешна Југославија (Сојуз на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина, Унија на слободни синдикати на Црна Гора, Сојуз на самостојни синдикати на Хрватска, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Сојуз на Синдикати на Македонија, Сојуз на слободни синдикати на Словенија, Сојуз на самостојни синдикати на Србија, Обединети грански синдикати Независност-Србија, Сојуз на синдикати на Република Српска) упатиостар протест до техничката министерка за труд и социјална политика,Фросина Ташевска Ременски за како што нагласуваат директно мешањево автономијата на синдикатот и обид за присилна и незаконска смена налегитимниот претседател Живко Митревски, пренесува Денешен.мк.

Обидот за незаконска и нелегитимина и нелегална  смена на првиот човек на ССМ со фалсификувани документи и исправи денови ја потресе македонскатајавност. Овој чекор наиде на остра осуда од домашнатајавностПокрај тоа овојслучај се заканува да го загрози и имиџот на државата пред меѓународнитесиндикални организации откако техничкиот министер за спроведување наизбори, Фросина Ташевска Ременски сеобиде незаконски да го сменипретседателот на ССМ со фалсификати.

Синдикалната солидарност се покажува откако поддршка  до Сојузот насиндикати на Македонија и легитимното избрано раководство стигна од Регионалниот синдикален советСолидарност кој гиобединуварепрезентативните синдикати од земјите на поранешна Југославија.

remenski-solidarnost

РСССолидарност испратил допис до испратен техничката министерката во кој се наведува:

„Регионалниот синдикален советСигурност кој го сочинуваатнајрепрезантивните синдикални централи од сите држави настани одподрачјето на поранешна Југославија (Сојуз на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина, Унија на слободни синдикати на Црна Гора, Сојуз на самостојни синдикати на Хрватска, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Сојуз на Синдикати на Македонија, Сојуз на слободни синдикати на Словенија, Сојуз на самостојни синдикати на Србија, Обединети грански синдикати Независност-Србија, Сојуз на синдикати на Република Српска ) ви упатуваостар протест поради директно мешањево автономија на синдикатот и обидотза присилна административна промена на легитимно избраниот претседател наСојузот на синдикати на МакедонијаТаков на овие простори  незапаметенантисиндикален чин,Министерството за труд и социјална политика на најгрубначин прекрши бројни меѓународни документи стои во дописот.

РСС напоменува дека со тој чин најдиректно се загрозува  социјалниот дијалог којпретставува, како што нагласуваат ,фундамент на развој на ЕУ и во чија заедницаРепублика Македонија сака да се интегрира.

Солидарност упатуваат полна поддршка на колегите од ССМ и на претседателотЖивко Митревски да истраат во борбата за зачувување на автономијата изаштита од секакво мешање.

За потсетување, претседателот на ССМ ја информираше јавноста дека ФросинаТашевска Ременски и четворица претседатели на гранкови синдикати потготвуваленегова смена на незаконски начин и прекуфалсификување на документација. Преддесеттина  дена се одржала нестатурна сед ница на Советот на ССМ на која присуствувале само 4 претседа тели на гранкови синдикати од  вкупно 17. Тиеиницирале отповикување на Претседателот на СС М со доставување на фалсификувана исправа за одржана седница  на Советот на ССМ до техничка та министеркаТашевска Ремен ски веќе наредниот ден експрес но надвор одсвоите овластувањ а,спротивно на Законот за раб отни односи, Статутот на ССМ,  Деловникот за работа наПретседателството на работа на Советот на ССМ и конвенциите на Меѓународнатаорганизација на трудотноси решение со кое бара смена на легитимниот избранпретседател.

Според законски утврдените процедури техничката министерка требала да јаисконтролира поднесената документација која во овој случај била  некомплетнабидејќи не била по тпишана соодветно од надлежно  лицеи истата немала нитусоод ветен печат ниту архивски број  од Сојузот на Синдикатите на  Македонија.Дополнително техничката министерка не ја утврдила соодветната фактичкасостојб а и не бил земен  во предвидосновот за промена на овластено  лице зазастапување на ССМ со гласно Статутот на ССМ.  

Ташевска Ременски вчера одржа прес конференција на која меѓу другото ги коментираше случувањата во Сојузот на синдикати на Македонија. Од изјавата на техничката министерка се согледува дека знаела и била вклучена во организираната незаконска и нелегална смена на Митревски. Со тоа Ташевска Ременски сториланеколку кривични дела според одредбите од Кривичниот законик за кои ССМ и поднесекривични пријави.

Според наши информации од анонимни извори во Јавното обвинителство кривичните пријави веќе се разгледуваат но и се превземени првите мерки. Имено, земен е целосно предметот од Централниот регистар изапрена епостапката за упис на промените кои се направени во незаконска инелегитимна процедура со фалсификат.  Започнати се други дејствија заутврдување на фактичката состојба со земање на изјави одинволвираните лица.

Во овој случај направени се повеќе кривични дела како: кривично делозлоупотреба на  службената положба и овластување  и пречекорување на службено овластување што преставува кривично дело  утврденово член 353од Кривичниот законик, кривично дело  договор за извршување кривично дело казниво и по член 393 и по член  394 за злосторничко здружување одКривичниот законик, кривично дело фалсификат на исправи согласно член 378 од Кривичниот законик.

Извор: Денешен.мк.

ССМ: Укинувањето на придонесите за хонорарците е логична последица

Zivko-Mitrevski-SSM

Со оглед на направените проценки, дополнителните мерки за нови вработувања и проектите за отворање нови работни места, оценето е дека ефектите од Законот за хонорарците може да се постигнат и со други мерки па оттаму и неговото повлекување е логична последица на анализите.

Ова е ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по вчерашната владина одлука, придонесите за хонорарците да се укинат од 1 август 2015 година.

– Нашиот став е јасен, бараме работен однос на неопределено работно време за работниците и сигурни работни места. Сите мерки и закони кои одат во обезбедување повеќе вработувања и трансформација на работниот однос на неопределено работно време одат во прилог  на остварување на нашите стратегиски цели, велат од ССМ.

ССМ во рамки на своите програмски цели посебно се фокусира да обезбеди можности за вклучување на работниците во системот на социјално и пензиско осигурување. – Тоа беше и причината при донесувањето на Законот да се бараат и бенефитите од оваа мерка иако во старт и на Економско-социјален совет баравме посебни модалитети за ефектите и друг пристап за одредени категории на хонорарни работници и работници со договор за дело, нагласуваат од ССМ.

За  ССМ останува определбата и натаму да се изнаоѓаат начини за нови работни места, за трансформација на волонтерските договори и за договори на дело во редовен работен однос со платени придонеси.

Постигнат договор: К-15 не е веќе задолжителен

Pari-denari

Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи се договорија регресот за годишен одмор или т.н. К -15 повеќе да не биде задолжителен.

Фирмите ќе можат да исплаќаат или не К-15 во зависност од договорот меѓу вработените и работодавачите.

Максималната сума која ќе треба да се исплати за К-15 останува 8.400 денари.

Разобличен Наставничкиот пленум – политички мотивирани лица кои наштетуваат на ученици

nastavnicki

Бројните напади и обвинувања од страна на членовите на Наставничкиот пленум и МЕСО кои се прогласиле за супериорни во однос на сите останати просветни работници, се смислени заради разбивање на единството на СОНК и превземањето на раководните позиции.
plenum-nelegitimeeen

 

Со вакво обвинување излезе Синдикатот за образование, наука и култура откако Советот на СОНК одржа Седницата на која се расправаше за последниве случувања. СОНК го нападна наставничкиот пленум, но истовремено посочи дека ќе го превземе сите неопходни мерки за заштита на организацијата.

Од друга страна, оние кои се платени да водат грижа за децата низ образовниот процес, излегоа на улица и покажаа целосно непочитување кон учениците, нивните родители и својата професија.

ssonk-soopsteniee

(дел од заклучокот на СОНК)

Целосно е разобличена целта на членовите на Наставничкиот пленум. Секојдневно самите докажуваат дека грижата за децата воопшто не им е примарна цел.

Ова е скандалозно бидејќи е недозволиво просветни работници да нанесуваат штета на образовниот процес на учениците.

Членови на Наставничкиот совет вчера изјавија дека се задоволни од бојкотот на наставата. Како е можно наставници да бидат задоволни од било какви активности кои ќе му наштетат на воспитно образовниот процес на децата?!

Децата не одат на настава, часовите минуваат, материјалот останува. Наставниците од Пленумот задоволни затоа што ги исполнуваат своите цели, а родителите се уплашени за образовната иднина на своите деца.

Скандалозно е однесувањето на овие наставници, кои ги злоупотребуваат средношколците за да остварат свои цели.

За тоа какви цели сакаат да исполнат одамна стана јасно, кога јавноста можеше да види кој протестира.

За потсетување, во Наставничкиот пленум членуваат Цветанка Ласкова од СДСМ, братот на поранешниот портпарол на Бранко Црвенковски, Данило Станковиќ, Даниела Николова-актуелен советник на опозицијата во Аеродром, поранешниот пратеник на СДСМ, Аце Спасевски.

Средношколците протестираат за нешто кое веќе е постигнато

Унијата на средношколци веќе постигна договор со МОН. За она што тие го побараа, дебатираа и добија, нивните соученици уште протестираат. Од таму е сосема јасно со какви цели се протестира.

Имено, првичната тема на средношколските протести беше барањето математиката да не биде задолжителен предмет на државната матура. МОН и Унијата на средношколци договорија математиката да биде задолжителна само за оние ученици кои сами одлучиле да бидат математичари.

Она што е очигледно е дека овие луѓе ги злоупотребуваат децата за сопствени цели. Тоа мора да престане.  Недозволиво е оние кои треба да ги учат децата да станат оние кои ги уназадуваат средношколците.

Унијата на средношколци неколку дена апелира до своите соученици да не дозволат да бидат манипулирани за нечии партиски цели.

По сево ова, најголема штета на својот грб ќе понесат децата и нивните родители.