„Стоп операција Сорос“: Нашата неколкумесечна работа започна да вродува со плод

SOS-Stop-Operacija-Soros

Сметаме дека неколкумесечната работа на иницијативата Стоп операција Сорос започна да вродува со плод. Уште на самиот почеток истакнавме дека ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за работата на Џорџ Сорос во Република Македонија и вмреженоста на неговата Фондација со УСАИД, пишува во соопштението на иницијативата.

Интегрално ви го пренесуваме соопштението на Стоп операција Сорос

Стоп операција Сорос изразува големо задоволство од донесената одлука на Џудишал Воч да поднесе тужба против УСАИД Македонија и американскиот амбасадор Џес Бејли. Оваа најреномирана правна организација од САД на 6 февруари 2017 година поднесе официјално барање до Стејт Департментот, УСАИД и Американската амбасада во Република Македонија, да ги достават сите материјали, вклучително и нивната коресподенција, кои се во интерес на истрагата, но одговорот од повиканите изостанал. Ние сме зачудени од покажаната незаинтересираност и игнорантскиот однос на УСАИД и Aмбасадорот Џес Бејли кон истражителите.

Сметаме дека неколкумесечната работа на иницијативата Стоп операција Сорос започна да вродува со плод. Уште на самиот почеток истакнавме дека ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за работата на Џорџ Сорос во Република Македонија и вмреженоста на неговата Фондација со УСАИД. Во САД алармиравме за злоупотребата на финансиски средства од американските даночни обврзници, кои се наменети за развој на државите, а со истите во Република Македонија се финансираа активности на политичка партија. Со тоа се кршеше Точка 1. од Член 41 од „Виенската Конвенција за дипломатски односи“ во која е уредена забраната на дипломатите да се мешаат во внатрешните работи на државата кај која се акредитираат. Очекуваме сомневањата кои беа содржани во материјалите испратени до Вашингтон да бидат докажани односно отфрлени во судска постапка, а обвинетите да бидат соодветно санкционирани односно ослободени.

Преку кои канали влегуваат црните пари во Македонија: СОС побара истрага за работењето на невладините организации

SOS-pres

„Глобалната иницијатива С.О.С.“ (Стоп операција Сорос) денеска на прес-конференција побара институциите да испитаат дали граѓанските организации и фондации во државата работеле согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија.

Ова барање се однесува на сите невладини организации, без исклучок. Политичкиот аналитичар и историчар Никола Србов потенцира дека Република Македонија се наоѓа пред сериозен предизвик и тест за нејзината целовитост и унитарност.

-За жал, постојат индиции дека еден дел од граѓанскиот сектор директно учествувал во поделбата на општеството. Неколкугодишниот напад врз институциите на државата, но и врз неистомислениците, доведе до сериозни судири во општеството, рече Србов.

Тој појасни дека бараат институциите да проверат дали организациите придонеле за разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост, дали организациите работеле во насока на насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, дали поттикнувале и повикувале на воена агресија и интервенција од трети земји, дали ги повредувале правата и слободите на други лица, граѓани на Република Македонија.

-Дали невладини организации во Република Македонија имале мешање или влијание во управувањето од трети лица во земјава и од странство? Дали постојат невладини организации во Република Македонија кои се зависни финансиски материјално или биле уценети со што делувале и надвор од нивната програма и статут, а спротивно на уставот и законите на Република Македонија, праша Србов.

Од институциите на државата, како што рече, бараме да проверат дали организациите на директен или индиректен начин финансирале политички субјекти во државата, дали инфраструктурата, кадарот и ресурсите на организациите биле користени во полза на политичка партија, дали дејствувањето на организациите влијаело врз изборниот процес во државата, дали организациите биле вклучени во предизборната кампања на некоја политичка партија и дали на директен или индиректен начин го насочувале јавното мислење кон одредена политичка партија?

„Глобалната иницијатива С.О.С.“ (Стоп операција Сорос) прашува дали странските фондации во Македонија работеле законски, во однос на плати и придонеси за вработените, како биле финансирани, дали биле користени за внес на црни пари во државата, дали биле вмешани во политичкиот живот и дали поттикнувале насилство и нетрпение во општеството со што би ја загрозиле безбедноста на граѓаните.

Тие од институциите на Република Македонија бараат да проверат дали средствата кои се влевале во организациите биле користени за целите врз кои тие се основани, дали средствата биле користени над личните интереси или во лукративни цели, дали со добиените средства врз основ на проекти биле исплаќани активисти кои се или биле вклучени во партиски активности или настани кои се противзаконски, противуставни, активности кои поттикнувале насилство, дискриминација, прекршувале човекови права и слободи и активности кои воделе кон насилно уривање на уставниот поредок.

Чилиманов: Невладините ќе треба да одговараат во Вашингтон, не во Скопје

Cvetin-Cilimanov-Izjava

Здружението „Стоп операција Сорос“ (СОС) добива закани за тужби од невладини организации, откако објавија дека спровеле истражување и точно ги утврдиле граѓанските активисти и НВО што помогнати со финансиски средства од фондацијата на Џорџ Сорос влијаеле директно во изборните процеси изминатите години.

Некои од нив сега бараат јавно извинување од СОС за изнесените информации, тврдејќи, во сопствена одбрана, дека се невистинити.

Новинарот Цветин Чилиманов, еден од иницијаторите за формирање на движењето, вели дека поседуваат докази за сето изнесено, но истовремено, како што коментира тој, ниту една од овие невладини не ги демантирале објавените суми на плати на високите функционери на фондацијата на Сорос.

– А зошто немаше тужби, закани или деманти за платите на високите функционери на Сорос? Јасна е нервозата во оваа организација откако американскиот Kонгрес најави дека ќе спроведе истрага, јасна е вознемиреноста и во американската амбасада, не можат да го сокријат фактот дека со години финансирала партиски поврзани и испреплетени организации и тоа само од една страна на политичката поделба во Македонија – вели Чилиманов за „Дневник“.

Тој вели дека по објавата дополнително добивале информации и докази од граѓани во прилог на тоа што го објавиле.

– Изминативе денови добиваме информации од голем број граѓани, кои дополнително потврдуваат дека организациите на Сорос во Македонија функционирале како партиски штабови. Учествувале и организирале протести, герила акции и во ниту еден ден досега ниедна од овие организации не билe активни на другата страна – политички, без разлика дали за ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија, освен за СДСМ – објаснува Чилиманов.

Тој додава дека, сепак, објаснувањето за начинот на функционирање во Македонија посочените невладини организации ќе треба да го дадат не во Скопје, туку во Вашингтон.

Неодамна СОС објави дека документ од дваесет страници, во форма на истражување веќе е дистрибуиран до неколку надлежни институции во САД и во светот, за да алармира за начините за финансирање на голем број невладини организации во земјава финансирани од фондацијата „Институт отворено општество“, како и, како што велат, за злоупотребите на Американската агенција за развој УСАИД, која поголем дел од проектите што ги финансирала биле за партизација на невладиниот сектор, за водење црна кампања, за организирање насилни протести за уривање на легитимната власт, за прирачници за организирање насилни протести како и за отворање на македонската јужна граница за слободен проток на мигрантите.

ПЛАТЕНИЧКА МРЕЖА: Сорос исплаќал милиони пред избори на невладините во Македонија

Mreza-SOROS

Организациите НВО Инфоцентар, МОФ, Хелсиншки комитет, Метаморфозис, Акција плус Ресен, Фокус Велес, Факултет за работи што не се учат, Аква Струга, Огранизација на жени на општина Струмица, Центар за современи уметности, Џев и многу други фондации се само дел од оние на чии сметки легнувале милионски суми за време на предизборието во Македонија во изминатиот период, истакнаа вчера од Граѓанското движење Стоп Операција Сорос.

„СОС“ вчера ја претставија мрежата на финансирање на организациите во Македонија кои се под капата на Сорос на чии сметки покрај годишните суми, легнуваат и дополнителни средства од Сорос во клучни политички моменти во Македонија, најчесто пред започнување на изборните кампањи.

Никола Србов од граѓанското движење вчера истакна и дека точно пред да се дознае денот на изборите во 2016 година од сметката на Отворено општество легнале милионски суми во организациите во Македонија.

-Станува збор за износи кои се префрлувани во клучни моменти. Пред да почне кампања за парламентарни избори тогаш се префрлани овие парични средтсва плус од годишниот буџет кои си го добиваат сите овие организации. Се надеваме дека оваа истрага која ние локално ја спроведовме ќе биде од добра корист во истрагата која ќе следи од САД за амбасадата во Реублика Македонија како тоа се шири мрежата и се трошат парите на даночните обврзници на САД, посочи Србов.

-Хелсиншкиот комитет е добро познaт на сите тој се бори за заштита на човековите права, а се работи за крајно партизирана и политизирана организација, нивните први луѓе како што се Гордан Калајџиев, Уранија Пировска и Мирјана Најчевска се секогаш први на протестите организирани од СДСМ, а при тоа инсистираат да се третираат како независни и неутрални. Малдинскиот образовен форум се збогатила за 79.000 евра од страна на Сорос, се работи за организација која е клучна во организирањето на протести на студентите и средношколците против реформите во образованието, како што беше екстерното тестирање. На сметка на организацијата НВО Инфоцентар се имаат прелеано 10 милиони денари или 168 илјади евра, на сметката на Млади европски федералисти 12 илјади евра или 730 илјади денари, а овие средства се прелеани само од Фондацијата за отворено општество, истакна Цветин Чилиманов.

(деталниот приказ за износот кој организациите во Македонија го добиле до Сорос погледнете во видеото во продолжение)

„Стоп операција Сорос“: Организациите на Сорос со години наназад добивале милионски суми пред изборите во Македонија

SOS-pres

Организациите НВО Инфоцентар, МОФ, Хелсиншки комитет, Метаморфозис, Акција плус Ресен, Фокус Велес, Факултет за работи што не се учат, Аква Струга, Огранизација на жени на општина Струмица, Центар за современи уметности, Џев и многу други фондации се само дел од оние на чии сметки легнувале милионски суми за време на предизбоните процени во Македонија во изминатиот период, велат од Граѓанското движење Стоп Операција Сорос.

Граѓанското движење Стоп операција Сорос денеска ја поздрави и иницијативата на конгресмените од САД кои се заинтересираа за активностите на американскиот амбасадорот Џес Бејли и поведоа истрага за неговата пристрасност за време на извршувањето на функцијата во Македонија, како и за начинот на финансирање на невладини организации со пари на американската амбасада.

Тие на денешната пресконференција ја претставија мрежата на финансирање на организациите во Македонија кои се под капата на Сорос.

-Паричните средства во една третина од невладините организации кои се под капата на фондацијата отворено општество не доаѓаат само од фондацијата отворено општество, туку парите се префрлаат ФО Македонија, на невладини како Метаморфозис или НВО инфо центар, за подоцна овие невладини организации или како што е Хелшинскиот комитет да ги пренасочуваат парите кон овие помалите огранизации на целата територија на Македонија. Во време кога на македонската политичка сцена имаме турбуленции, како и пред одржување на  избори, покрај одредениот буџет на овие организации во даден момент имаме одлив на средства на нивните сметки, токму пред почетокот на кампањата на изборите. Таков е примерот пред изборите во 2014 година, пред почетокот на парламентарните избори, а таков беше и примерот во 2012 година кога всушност се најави и политичката криза во Република Македонија, и покрај годишниот буџет биле долеани дополнителни средства, вели Никола Србов.

Тој исто така потенцираше и дека точно пред да се дознае денот на изборите во 2016 година од сметката на Отворено опшетство легнале милионски суми во организациите во Македонија.

Цветин Чилиманов вели дека изминатиов период  до нив стигнувало доста жалење за злоупотреба на овие финансиски средства кои биле користени за партиски активности исклучиво на партијата СДСМ во пресрет на изборите 2014 и 2016 година и при почетокот на политичката криза во 2012 година.

-Фондацијата за отворено општество јасно се гледа дека нејзината примарна дејност за вршење на граѓанската дејност, проекти и активности не ги исполнува, туку таа е дел од партијата СДСМ и таа отвора партиски клубови на партијата, а некои и од огранизациите влијаат и централно и наметнуваат и одредени ставови и мислења на ниво на целата држава, вели Чилиманов.

Тој вели дека ова се помали организации кои дејствувале како партиски штабови на СДСМ финансирани од страна на фондацијата Сорос, а овие информации ќе бидат преведени и на англиски јазик и ќе бидат доставени и до новата администрација на претседателот во доаѓање Доналд Трамп во Вашингтон.

„Десоросоизацијата“ на Македонија треба да стави крај на лажниот граѓански активизам

Nenad-Mircevski

„Десоросоизацијата“ на Македонија ја гледам како процес во кој прво ќе се стави крај на лажниот граѓански активизам. Тие што сакаат да се занимаваат со политика слободно можат да регистрираат партија, да ја понудат визијата за „отворено општество“ пред граѓаните како нивна политичка платформа и на легитимни избори да побараат поддршка за реализација. Вака, Ненад Мирчевски, еден од основачите на движењето „Стоп Операција Сорос“, во интервју за „Прес24“  ја лоцира причината за појавувањето на ова движење и главните мотиви за нивното дејствување.

– Неспорен факт е дека заканата за опстанокот на државата е премногу сериозна, а општеството е премногу поларизирано и поделено за да си дозволиме судбината на државата да ја оставиме само во рацете на политичарите, а ние граѓаните комотно да ги следиме процесите од фотелја. Сметам дека во моментов само преку едно вакво граѓанско движење може да се надеваме на обединување на македонските граѓани против Џорџ Сорос и неговата визија за „отворено општество“ што е директна закана за опстанокот на Македонија. Нашата главна цел е целосно разобличување на начинот на функционирање на Соросовата мрежа во Македонија, а времето ќе покаже дали и колку ќе успееме во тоа. Нашата мисија ќе биде толку успешна колку што ќе имаме поддршка и соработка од граѓаните од кои очекуваме и помош во информации во врска со работата на овие лажни граѓански организации, вели Мирчевски за Прес24, потенцирајќи дека нивните активности не се насочени против невладиниот сектор, ниту пак против процесите на искрена меѓународна поддршка за проекти кои нудат подобрување на општеството во Македонија.

– Нашата замисла е да помогнеме во создавање услови за, конечно, заживување на невладиниот сектор, а граѓанските активисти, конечно, да добијат реална можност да работат на проекти што можат да донесат нешто добро на средината во која живеат и на државата во целост. Во моментот граѓанскиот сектор е целосно поклопен од организации финансирани и целосно зависни од парите на Сорос. Никој не може да добие ни денар ако не ја прифати идеологијата на нивниот водач и ако истовремено не е „смртен“ непријател на власта. Оттаму и се регрутирани најголем број учесници во таканаречената „шарена револуција“, вели Мирчевски.

Изборот на Трамп, вели им дал силен сојузник во борбата против светскиот манипулант.

– Ситуацијата мора да ја искористиме максимално ако сакаме да има ефект процесот на десороизација. Искрено ме радува и го поздравувам ставот на ВМРО-ДПМНЕ во кој се вели дека е крајно време да се десороизира општеството и граѓанскиот сектор, но истовремено би сакал да  упатам и една критика до оваа партија. Таа беше на власт десет години и во текот на нејзиното владеење не направи ништо посериозно за да го спречи антидржавното, деструктивно и противзаконско дејствување на овие структури. Ако соросовите невладини организации го прекршиле законот за здруженија и за фондации досега институциите на системот требало да реагираат решително во согласност со Уставот и со законите, а не да ги толерираат за „мир во куќа“. Ако соросовите невладини организации користеле некакви дупки во законите преку кои невладините организации ги користеле како маска за прикривање на своето политичко дејствување, тогаш државата требало поодамна да ги согледа пропустите и да ги затвори вентилите за нивно финансирање со што повторно би се спречило нивното деструктивно дејствување, вели Мирчевски.

 Тргнавте со едно движење, кое го нарековте „Стоп операција Сорос“. Зошто и кои се мотивите?

МИРЧЕВСКИ: Берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос преку Фондацијата Отворено општество е присутен во Македонија од 1992 година, и во текот на овие две и пол децении преку неговите медиуми, стручњаци, аналитичари, поранешни кодоши и разузнавачи, граѓански активисти постојано дејствува како продолжена рака на една политичка опција – СДСМ (дури и во годините кога оваа партија беше на власт). Во исто време, истите тие агресивно и, најчесто, неиздржано, но секогаш синхронизирано и добро организирано ја напаѓаат политиката на ВМРО-ДПМНЕ со што на јавноста ѝ презентираат една црно-бела слика за политичката сцена во државата, во која едните, поточно левицата, се секогаш во право, а другите, односно десницата, се секогаш виновни за сѐ што се случува во општеството, дури и за природните катастрофи.

Во годините наназад, со десетиците милиони долари истурени во граѓанскиот сектор, Сорос не само што успеа целосно да го стави под контрола секторот на невладините организации, туку успеа и да ги радикализира своите платеници до степен да влегуваат во директен судир со органите на редот, да напаѓаат и да уништуваат државен имот, да сквернават културни споменици… Овие НВО воопшто не работат на реални граѓански проекти од областа за која се регистрирани како граѓански здруженија, туку дејствуваат како продолжена рака на една политичка опција преку која, пак, веќе и отворено се обидуваат да го променат унитарниот карактер на Македонија. Платениците на Сорос веќе не кријат дека се залагаат за создавање ново општествено уредување, такво какво што го замислува берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос, во кое Македонија и Македонците целосно ќе ги загубат националниот идентитет, своите национални белези, па дури и државата…

Од друга страна, имаме политички партии што во моментов, очигледно, немаат доволен капацитет и сила да ги заштитат националните интереси. Може да набројуваме многу причини. И објективни и субјективни, но неспорен факт е дека заканата за опстанокот на државата е премногу сериозна, а општеството е премногу поларизирано и поделено за да си дозволиме судбината на државата да ја оставиме само во рацете на политичарите, а ние граѓаните комотно да ги следиме процесите од фотелја.

Сметам дека во моментов само преку едно вакво граѓанско движење може да се надеваме на обединување на македонските граѓани против Џорџ Сорос и неговата визија за „отворено општество“ што е директна закана за опстанокот на Македонија. Нашата главна цел е целосно разобличување на начинот на функционирање на Соросовата мрежа во Македонија, а времето ќе покаже дали и колку ќе успееме во тоа. Нашата мисија ќе биде толку успешна колку што ќе имаме поддршка и соработка од граѓаните од кои очекуваме и помош во информации во врска со работата на овие лажни граѓански организации.

Nenad Mircevski (2)

 Многумина Вашето движење го поврзуваат со најавите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за десороизација, дали станува збор за координирана акција или, пак, Вашето движење е еден вид посебен, автентичен момент?

МИРЧЕВСКИ: Ние ги следиме ставовите на сите политички партии во Македонија во врска со процесот на десороизација и во однос на ова прашање можам да го кажам следново: прво, движењето „Стоп операција Сорос“ се појавува во момент кога се создаваат услови за некаков реален ефект од неговото дејствување, а тој момент е изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Доколку останеше старата администрација во Вашингтон, ќе беше наивно да очекуваме дека можеме да постигнеме што било тука, на локално ниво, токму поради тесните врски на Сорос со претходната американска администрација. Можноста за каков било ефект ќе беше сведена на теорија не само за нас, туку за кого било во регионот.

Второ, искрено ме радува и го поздравувам ставот на ВМРО-ДПМНЕ во кој се вели дека е крајно време да се десороизира општеството и граѓанскиот сектор, но истовремено би сакал да  упатам и една критика до оваа партија. Таа беше на власт десет години и во текот на нејзиното владеење не направи ништо посериозно за да го спречи антидржавното, деструктивно и противзаконско дејствување на овие структури. Ако Соросовите невладини организации го прекршиле законот за здруженија и за фондации досега институциите на системот требало да реагираат решително во согласност со Уставот и со законите, а не да ги толерираат за „мир во куќа“. Ако Соросовите невладини организации користеле некакви дупки во законите преку кои невладините организации ги користеле како маска за прикривање на своето политичко дејствување, тогаш државата требало поодамна да ги согледа пропустите и да ги затвори вентилите за нивно финансирање со што повторно би се спречило нивното деструктивно дејствување.

Во контекст на обидите да го поврзат нашето движење со најавите за десороизација на ВМРО-ДПМНЕ, само би сакал да потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ не е единствената партија што го поддржува процесот. На мое лично задоволство, истиот став го делат десетици други поголеми и помали политички партии, кои отворено изразуваат загриженост за опасноста од начинот на дејствување на Соросовата мрежа во Македонија, па оттука ако некој сака да нѐ поврзува со некоја политичка партија, би било фер да ги спомене сите. Уште посреќен би бил ако нашите ставови јавно ги поддржат и умерените левичари, кои се противат на радикалното дејствување на раководството на СДСМ, кое е под директно влијание на Соросовите платеници и им предизвикува огромна штета на македонските национални интереси.

ПРЕС24:  Зошто вакво движење се појавува во овој момент, дале тоа коинцидира со движењата од ваков тип во Европа, или дали изборот на Трамп за претседател на САД беше ветар в грб за Вас?

МИРЧЕВСКИ: Видете, Сорос не работи само против интересите на Македонија и македонскиот народ не е единствениот што се крева против него и неговите следбеници. Незадоволство од агресивното наметнување на неговата политичка идеологија има и во Унгарија, Романија, Србија, Полска, Чешка, Словачка, но и во САД по изборот на Доналд Трамп за претседател, каде што сме сведоци на идентични обиди за организирање обоени револуции со цел насилно уривање на легитимната влада… Економскиот шпекулант, всушност, работи само за свој личен интерес и воопшто не го интересира какви последици ќе предизвика за граѓаните и за државите во кои дејствува.

Изборот на Трамп ни даде силен сојузник во борбата против светскиот манипулант. Ситуацијата мора да ја искористиме максимално ако сакаме да има ефект процесот на десороизација.

Nenad M (3)

Кои се Вашите крајни цели, некои велат дека Вие сте некој  вид контраневладин сектор во Македонија?

МИРЧЕВСКИ: Епитетот ни е залепен токму од тие што сонуваат да се врати периодот на едноумие во Македонија. Уште од првиот ден кога се појавивме со иницијативата за формирање граѓанско здружение, активистите на Сорос ни се нафрлија со навреди и со неаргументирани обвинувања. Тоа беше очекувана реакција со оглед на фактот дека директно го напаѓаме нивниот извор на финансии, спонзор од кого добар дел од нив добиваат астрономски плати, несвојствени не само за Македонија, туку и за регионот. Сакајќи да избегнат одговори во врска со оправданоста на нивните баснословни месечни плати од 3.500 евра, но и за начинот на нивото финансирање директно од пари на американските даночни обврзници, за отвореното пропагирање на една политичка идеологија и застапување политички ставови на одредена политичка партија… тие решија да одговорат со навреди и со клевети. Ние, дефинитивно, нема да се фатиме на мамката што ни ја фрлаат. Нема да ја трошиме енергијата на јавно расправање и нема да дозволиме да паднеме на толку ниско ниво да комуницираме со навреди. Ние ќе продолжиме да работиме на нашата агенда со конечна цел –  плурализација на граѓанското општество. Тоа не значи дека ќе се впуштиме во некаков „лов на вештерки“. Ниту, пак, планираме да гониме соросоиди по улици, како што нѐ претставуваат Соросовите платеници. Во ниту еден момент нема да го прифатиме нивниот начин на дејствување, преку организирање насилни протести, со физички напади на неистомисленици и со уништување туѓ имот. Сепак, тоа не значи и дека ќе нѐ исплаши нивната агресивност и дека ќе се повлечеме под налетот на нивните закани. Важно е да знаат дека времето на насилство заврши и дека секој нов таков обид овој пат ќе биде третиран поинаку.

„Десороизацијата“ на Македонија ја гледам како процес во кој прво ќе се стави крај на лажниот граѓански активизам. Тие што сакаат да се занимаваат со политика слободно можат да регистрираат партија, да ја понудат визијата за „отворено општество“ пред граѓаните како нивна политичка платформа и на легитимни избори да побараат поддршка за реализација. Со самото тоа што скапо платените приврзаници на Сорос ја „продаваат“ неговата идеологија скриена под превезот на граѓански активизам и преку некакви невладини организации, доволно јасно индицира дека зад сето тоа се крие нешто нечесно, нешто штетно за граѓаните, нешто што не смеат јавно да му го презентираат на народот.

Дали сте против невладиниот сектор во Македонија?

МИРЧЕВСКИ: Апсолутно не. Ова, веројатно, е уште едно извртување на тие на платниот список на Сорос. Нашата замисла е да помогнеме во создавање услови за, конечно, заживување на невладиниот сектор, а граѓанските активисти, конечно, да добијат реална можност да работат на проекти што можат да донесат нешто добро на средината во која живеат и на државата во целост. Во моментот граѓанскиот сектор е целосно поклопен од организации финансирани и целосно зависни од парите на Сорос. Никој не може да добие ни денар ако не ја прифати идеологијата на нивниот водач и ако истовремено не е „смртен“ непријател на власта. Оттаму и се регрутирани најголем број учесници во таканаречената „шарена револуција“. Во изминатите две години бевме сведоци како млади момчиња и девојки, кои веруваа дека придонесуваат за подобрување на состојбите во одредени општествени области,како на пример образование, здравство, екологија… за што и добиваа одреден паричен надомест, беа злоупотребени од Сорос и од опозициската СДСМ како алатки за предизвикување насилни протести со кои се продлабочи политичката криза. Истите тие млади активисти на крај сфатија дека се измамени и искористени за политички цели, но работите стигнаа предалеку за да може да се исправат некои грешки. Доколку овие млади луѓе не беа финансиски зависни од Сорос и не беа изложени на толку силна политичка индоктринација, ситуацијата, сигурно, ќе беше поинаква денес.

Nenad M (6)

Дали сте против донациите од странски фондации?

МИРЧЕВСКИ: Не е паметно државата да ги сопре донациите од странските фондации затоа што преку нив се финансираат и корисни проекти. Но тоа што може и мора да го направи е да создаде механизам што сериозно ќе го контролира влезот на тие пари и начинот на нивно трошење. Тоа на што ние ќе инсистираме како движење е сериозна контрола на парите што стигнуваат во овие организации. Во граѓанскиот сектор влегуваат милиони долари годишно по разни основи, а кои, реално, се користат за разбивање државни институции и за уривање легално избрана власт. Немам проблем со проекти што реално придонесуваат за подобрување на која било област на општественото живеење, но имам голем проблем кога тие пари се користат за политичка пропаганда на штета на националните интереси и на државата. Никој нема корист од ваквиот начин на функционирање на Соросовите невладини организации. Ниту граѓаните,ниту државата. Користат само платениците на Сорос, кои дебело ги наплатуваат своите услуги.

Излеговте со еден извештај во кој тврдите дека средствата од УСАИД во Македонија биле злоупотребувани од невладините организации што ги добивале проектите. За колкави суми станува збор и за какви злоупотреби станува збор?

МИРЧЕВСКИ: Станува збор за политичка злоупотреба. Ова се средства од американските даночни обврзници, кои никако не смеат да се користат за политизирани, идеолошки проекти, со кои не се согласуваат огромен дел од американските, но и најголем дел од македонските граѓани. Во ред е САД да донираат за изградба на инфраструктура во Македонија, или за модернизација на земјата, и ние сме и благодарни за тоа. Но, во случајов, левичарската администрација на Обама почнa да финансира проекти со кои непринципиелно, политички ѝ помагаше на левата опозиција во Македонија, а со тоа во голема мера се влијаеше и на радикализирање на СДСМ. Тоа не е прифатливо. Тоа не е економска помош за развој на Македонија, туку е мешање во внатрешните работи на земјата и драстично ги наруши односите меѓу двете земји и начинот на кој голем процент од Македонците гледаат кон САД.

Nenad M (5)

Кои се Вашите следни чекори? Дали и до кое ниво ќе продолжите со активностите?

МИРЧЕВСКИ: Веќе најавивме дел од нашите активности. Наша идеја е да ги запознаеме властите во САД со состојбата во Македонија и со начинот на кој американската амбасада и мисијата на УСАИД ги користат парите на американските даночни обврзници за промовирање на една политичка идеологија преку мрежата на Сорос. За таа цел веќе изработивме материјал во кој детално се наведени активностите на Сорос во Македонија, кој, пак, веќе се дистрибуира до претставници на Сенатот и на Конгресот, но и до официјални лица од новата американска администрација, блиски до американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа што го бараме од нив е ревизија на оправданоста на програмите на УСАИД и, воедно, поведување истраги за евентуална злоупотреба на парите од американските даночни обврзници, кои во изминатите години беа делени на Соросовите невладини организации.

Истовремено побаравме од американската амбасада и од УСАИД да ни овозможат пристап до информации во врска со овие проекти и со парите потрошени за нив. Во тој момент кога ќе добиеме конкретни одговори, ќе бидат споделени со јавноста. Освен обидите да допреме до властите во САД, насочени сме и кон целосно разобличување на начинот на кој функционира Соросовата мрежа во Македонија.

Во моментов не би сакал да споделувам повеќе информации за нашите следни чекори,  но можам да кажам дека нашите активности ќе продолжат сѐ до оној момент кога ќе се создадат услови за развивање вистински плурализам во граѓанскиот сектор.

 Очекувате ли контраакции од невладините организации блиски до Сорос?

МИРЧЕВСКИ: Не можам да предвидам какви контраакции би можеле да преземат, но што и да решат да прават, убеден сум дека ќе наиде на осуда во јавноста. Како што споменав, нашата цел е плурализирање на граѓанскиот сектор. Давање простор и фер шанса на сите што имаат волја и желба да дејствуваат во оваа област. Тоа не може да биде на штета на никој, освен на тие што сакаат да држат монопол врз него. Можеби тоа нема да им се допаѓа, но не гледам никаква оправданост да преземат некакви контраакции. Едноставно, немаат друг избор, освен да го прифатат процесот како неминовна реалност. Исто така, не верувам дека некој од нив, барем јавно, ќе се противи на иницијатива за посериозна контрола на финансиско работење на невладините организации. Се разбира, ако работат чесно и во согласност со законите на државата. Се разбира, тие во секој момент може да се жалат дека врз нив се врши притисок и слично, но тука очекувам и активна улога на институциите, кои ќе треба да бидат максимално транспаренти во овие случаи. Со други зборови, никој не смее да забранува работа на невладини организации, кои строго ги почитуваат законите, но би требало да им е јасно дека помина времето во кое Соросовите невладини организации и активистите се поставуваа над законите и дејствуваа како држава во држава. Едноставно, законите мора да важат за сите еднакво и мора сите еднакво да одговараат пред нив.

Како ги оценувате развојот и улогата на НВО во Македонија?

МИРЧЕВСКИ: Невладиниот сектор, за жал, денес ни од далеку не ја оправдува функцијата што треба да ја врши во општеството. За волја на вистината, Македонија како млада демократија немала претходно многу искуство на ова поле, а да биде ситуацијата уште полоша, сите претходни влади неправедно го занемарувале и недоволно обрнувале внимание на значењето на граѓанскиот активизам, а уште помалку помагале за неговиот развој. Лошата национална политика на ова поле придонесе Сорос преку истурените милиони долари целосно да завладее со граѓанскиот сектор и да го злоупотреби за уривање на државниот поредок. Токму затоа во изминатите години на граѓанскиот сектор се гледаше како на секташко друштво во кое не можеш да се приближиш ако не се потчиниш на правилата на игра на Отвореното општество, кое не признава ниту народи,ниту нации, ниту национални симболи и белези, ниту граници… Место да промовираат плурализам, право на слобода на говор, еднаквост, правдољубивост, тие жестоко пропагираат една идеологија и агресивно го напаѓаат секој нивни неистомисленик. Место да ги негуваат македонската традиција и култура, наметнуваат западни квазивредности. Место да застанат во одбрана на нашите национални интереси, ги застапуваат интересите на Сорос за држави без народи и без нации. Место како Македонци, се идентификуваат како Земјани! Видете, тие може да се декларираат како што сакаат. Може да се чувствуваат и како Марсовци, но не можат да марсовизираат цел народ. Никој не им дал право да тргуваат и да се пазарат со името и со идентитетот на Македонците. Никој не им дал право да решаваат за промена на националните симболи, за федерализации, кантонизации, за отворање граници… Особено не од позиција на граѓански активисти.

Со процесот на десороизација очекувам аномалиите во невладиниот сектор да бидат отстранети во најбрзо време, а во меѓувреме се надевам дека новата влада ќе покаже интерес да помогне во развојот на вистинскиот граѓански активизам, од кој ќе имаат полза и граѓаните и државата.

СОС предупредува: Владата на САД треба да престане да ги финансира радикалните активности на Сорос во Македонија

Obama-Soros

Стоп операција Сорос (СОС) Македонија е група активисти – новинари, историчари, аналитичари – коментатори кои повеќе години работат на проблемот на финансирање и поддршка на радикалните активисти на Сорос во Македонија. Повеќе години тие ја предупредуваат македонската, но и американската јавност за опасноста од активностите на Фондацијата Отворено општество, голема мрежа НВО, кои всушност преставуваат држава во држава.

Подготвивме извештај кој детаљно ги опишува нивните активности, со сите организации што за жал не ги финансира само Џорџ Сорос ами и УСАИД, значи со пари на американските даночни обврзници. Како демократско општество долго време ги толерираме овие активности, но неприфатливо е овие организции да се поврзани со политички партии и со поранешни разузнавачи од комунистичкиот режим и да организраат кампања против конзервативната реформистичка Влада на РМ, која ја ужива довербата на народот преку една деценија. Нивните активности вклучуваат и насилни протести , напади на полицијата, тепање полициски службеници, засплашување на сите кои размислуваат различно со слогани „Тик-так“. Дури и американнските слогани „И црниот живот вреди“ и „Нема правда нема мир“ најдоа пат до македонските улици за време на овие насилни протести, објаснува еден од иницијаторите на граѓанската иницијатива, новинарот Цветин Чилиманов.

Чилиманов вели дека иако СОС има испратено реакција до Амбасадата на САД во Македонија и УСАИД Македонија, кои имат дадено десетици милиони долари се уште се обидува да дојде до целосната сума која е многу поголема, имајќи предвид дека само два поголеми грантови изнесуваат околу 14 милиони долари. Со овие пари, кои потекнуваат од американските даночни обврзници, вели Чилиманов, се финансираат левоориентирани организации кои промовираат абортус, прогресивно оданочување и економски политики, крути правила на трудовото право, редефинирање на структурата на семејството во Македонија.

Тие плазираат лажни вести од Македонија во меѓународните медиуми, а целта им е да ја обвинат конзервативната власт Македонија за се што не е вистина, дури и за тоа дека конзервативната Влада на РМ организирала напад врз земјата – самата себеси се нападнала или самата себеси се прислушувала.

Овие очигледно неточни информации беа плазирани во светските медиуми со помош на дипломатската мрежа на САД, која, за жал  во времето на Обама ги усогласи своите активности со активностите на Сорос во Македонија. Затоа, верува Чилиманов, новата администрација на САД, со промените во Стејт департментот и во УСАИД, ќе му стави крај на ова.

Нема апсолутно никаква причина зошто американските даночни обврзници би поддржувале мултимилионер кој промовира радикални политики во Македонија со децении. Не постои причина зошто американските даночни обврзници би поддржувале организацијата која промовира отворање на границите на Македонија, а со тоа и на границите на цела Европа, кон Блискиот Исток, со сите неприфатливи последици кои ќе произлезат. Зошто американските даночни обврзници би финансирале мултимилијардер кој има паралелна дипломатска служба во Европа и во светот, кој има паралелни цели во надворешната политика, а кој се залага за централизација на Европа, укинување на националните држави, укинување на државите и подеднакво на националните идентитети. Ова треба веднаш да запре. Не можеме да издржиме уште четири години со овој тип активности, односно Владата на САД да го финансира Сорос во Македонија. И затоа ја информираме американската јавност што се случува тука и за потребата овие активности да запрат веднаш, предупредува Чилиманов од СОС.

Стоп операција Сорос: Со парите од УСАИД се финансирале проекти за партизација на невладиниот сектор

SOS-pres

Документ од дваесет страници што е всушност истражување на невладината организација „Стоп операција Сорос “ веќе е дистрибуиран до неколку надлежни институции во САД и во светот, за да алармира за начините за финансирање на голем број невладини организации во земјава финансирани од фондацијата- Институт отворено општество, како и за злоупотребите на Американската агенција за развој УСАИД, која поголем дел од проектите што ги финансирала биле за партизација на невладиниот сектор, за водење црна кампања, за организирање насилни протести за уривање на легитимната власт, за прирачници за организирање насилни протести како и за отворање на македонската јужна граница за слободен проток на мигрантите.

Од здружението велат дека секојдневно расте бројот на нивните подржувачи со ставање на располагање да помогнат за да се разоткрие начинот на кој функционира Соросовата фондација овде и Американската агенција за развој, која со финансирање на проекти од типот на горенаведените го создава впечатокот дека всушност САД наместо како непристрасен и објективен набљудувач, прави да е во улога на некој кој се меша и задира во внатрешните работи на Република Македонија.

Парите се огромни што се даваат за вакви проекти, велат од „Стоп oперација Сорос“ и дека нивната организација во иднина ќе се фокусира на иследување на движењето на овие средства, кои досега во најголем дел завршувале кај неколку невладини, Фондацијата Отворено општество-Македонија, Метаморфозис, Невладината АДИ од Гостивар, Национален совет на млади на Република Македонија.

Од „Стоп операција Сорос“ велат дека е голем интересот што го побудиле кај меѓународната јавност и дека генерирале и блог на англиски јазик на кој има текстови и филмувани материјали од американски автори за Република Македонија.

Стоп операција Сорос предупредува: Почнаа да се делат новите 9,5 милиони долари предвидени за насилни протести

Sareni-SDSM-SJO

И покрај јасните најави за политизирање и злоупотреба на проектите за развој на граѓанското општество во Македонија, овие активности продолжуваат со несмалено темпо, информира здружението Стоп операција Сорос.

„Ја информираме јавноста дека вчера истекоа роковите за пријавување за одработувачи во најновиот проект на американската агенција за развој УСАИД, кој се имплементира повторно преку Фондацијата Отворено општетво во Македонија, преку институтот „Иствест менаџмент“, кој има врски со фондацијата на Сорос, и преку сродните, политички поврзани организации Асоцијацијата за демократски иницијативи, Метаморфозис и Националниот младински Совет на Македонија.
Целиот проект финансиран од УСАИД ќе тежи 9,5 милиони долари во рок од пет години.

Водејќи се од досегашните искуства за партискиот карактер на организациите кои се избрани за одработувачи на овој проект, и нивното досегашно однесување, предупредуваме дека постои сериозна опасност овие средства повторно да бидат злоупотребени за финансирање на насилни протести, партиски војници на СДСМ, за идеолошки и меѓуетнички поделби и тензии. Според објавата на Метаморфозис, ќе се доделат седум грантови со максимален износ од 120.000 долари, за активности како што се граѓански активизам, кампањи, јакнење на капцитети на локални и регионални организации. АДИ, организација која добива се поизразен политички предзнак, вчера заврши со повикот за четири грантови, секој тежок до 15.000 долари.

Имајќи го предвид времето кога се имплементираат овие проекти, и политичката состојба, како во Македонија, така и во САД, сметаме дека  се работи за избрзан обид да се префрлат што е можно повеќе пари на организации познати по нивниот партиски карактер пред да почне преиспитувањето на нивните активности во Македонија“, стои во соопштението на СОС.

Здружението Стоп операција Сорос најавува дека будно ќе го следи спроведувањето на овие проекти, организациите кои ќе бидат избрани да ги изведуваат и нивните натамошни активност.

„Ќе ја предупредуваме македонската и меѓународната јавност за сосем извесното политичко злоупотребување на овие проекти од страна на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија и партијата СДСМ. Ќе продолжиме да бараме одговори од американската амбасада во Македонија и од мисијата на УСАИД, како и од нивните нови раководства кои се воспоставуваат во Вашингтон, зошто, како практично ексклузивни одработувачи на овој вид проекти, се избираат организации поврзани со Фондацијата на Џорџ Сорос, и покрај нивната добропозната политичка пристрасност, идеолошкото едноумие кое го застапуваат, вмешаноста во многубројни насилни протести во Македонија и поврзаноста со лица за кои е потврдено дека ги кршеле човековите права.“

Здружението СОС ги повикува сите граѓани кои имат сознанија за злоупотреба во политички цели на активностите на организации финансирани од Фондацијата на Џорџ Сорос, и особено организации финансирани од меѓународните дипломатски преставништва во Македонија, да ги пријават на нивната е-адреса.

„На интернет-адресата [email protected] можете да нѐ информирате за сите активности за кои сметате дека претставуваат политичка злоупотреба на граѓанскиот сектор. Вашите наводи ќе бидат проверени (со целосно почитување на вашата приватност) и за нив ќе биде информирана домашната и меѓународната јавност.“

Унгарските медиуми ја поздравуваат иницијативата на движењето „Стоп операција Сорос“

Ungarski-mediumi-SOS

Унгаските медиуми со внимание ја следат работата на граѓанското движење „Стоп операција Сорос“. Под насловот „Нема да дозволиме Џорџ Сорос во Македонија да изгради паралелна држава“ Маѓархирлап.ху објави дека во Македонија заживува иницијатива за намалување на активностите на Џорџ Сорос со кои се загрозува стабилноста на земјата.

-По предвремените избори што се одржаа кон крајот на минатата година лидерот на победничката партија, централнодесничарската ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот премиер Никола Груевски, објави сузбивање на работата на невладините организации финансирани од страна на Џорџ Сорос.“

Порталот ја пренесува изјавата на еден иницијаторите на движењето, Цветин Чилиманов, кој вели дека Фондацијата Отворено општество, чадор-организација во Македонија (ФООМ), во последните две години презема сериозни активности со кои ја уништува политичката стабилност на земјата.

„Целта на иницијативата СОС е да се подигне јавната свест за опасностите од активностите на Фондацијата Сорос, но и на странските амбасади. Исто така, не смее да им се дозволи да ја реализираат намерата да бидат продолжена рака на СДСМ, затскриени зад барањето за учество на „граѓанскиот сектор“ во донесувањето важи владини одлуки“, стои во текстот.

Особен акцент се става на изјавата на Чилиманов, во која вели: „Го поздравуваме Џорџ Сорос, кој има вишок пари за Македонија, но нема да дозволиме да изгради паралелна држава со своите служби, надворешната политика и медиумите“.

Порталот објаснува дека организрациите поддржани од Сорос работат на истиот принцип во целиот регион, па и во Унгарија. Тие се непријателски настроени кон конзервативните влади.

Унгарија е пример кој треба да се следи, таа е првата земја која ја призна заканата од Фондацијата Сорос, особено неговото барање за отворање на границите.