ВМРО-ДПМНЕ: Стравот на СДС од неминовниот изборен пораз кој ги очекува на 15-ти октомври кулминира

Стравот на СДС од неминовниот изборен пораз кој ги очекува на 15-ти октомври кулминира. Полициското сослушување на кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани е одраз на стравот на СДС од изборениот пораз кој ги очекува, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Toa e само обид на затскривање на вистинските нерегуларности кои се случија во овој предизборен период, како убиство на кандидат за градоначалник, вперување на пиштоли врз друг кандидат, кршење на изборни штабови и користење на државните ресурси во партиски цели, стои во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е силно и ужива голема поддршка кај граѓаните, тоа е болката на СДС и причината за сите местенки. Граѓаните тоа го гледаат и ќе го казнат СДС на 15-ти октомври.

Мицкоски: Ова на СДС не е само режим, туку хунта – Хајката против градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е израз на стравот на СДС

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со политичката хајка и притисоците врз кандидатите за градоначалници што е израз на нивниот страв и нервоза од претстојниот изборен пораз. Она што Социјалдемократскиот сојуз го прави не е само киднапирање на институциите, не е само диктатура и режим, во Македонија завладува хунта, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Во истиот момент кога министерот за внатрешни работи, господинот Спасовски дава изјава дека полицијата нема се вклучува и интервенира во изборите, имаме поднесување на монтирана и целосно бесмислена кривична пријава против градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, а финансиската полиција има упад во уште една општина раководена градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, посочува Мицкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ вели дека денеска е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Крива Паланка, господинот Арсенчо Алексовски од една проста причина затоа што обезбедил бесплатен превоз за учениците. Негова била вината зошто децата се превезувале бесплатно.

-Исто така денес финансиската полиција раководена од политичките структури на Социјалдемократскиот сојуз упадна во исто време во општината Вевчани, и во семејната фирма на градоначалникот на Вевчани, господинот Цветомир Угриновски. И ова не беа единствените случаи на политичка конструкција врз градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно, бесмислена кривична пријава беше поднесена врз градоначалникот на Прилеп, господинот Марјан Ристески, зошто не ја осигурал општината од нагрдувањето на шарената револуција додека тие што ја нагрдуваа и оштетуваа се на слобода, истакнува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев доби кривична пријава за тоа што ставил точка на дневен ред на советот на општината пред точно 5 години.

-Градоначалникот на Кавадарци, господинот Панов доби кривична пријава заснована на исказ кој два пати го променил истиот, без никаков конкретен материјален доказ, а на удар се најде и кандидатот за градоначалник на истата општина, господинот Митко Јанчев кој без било каква причина беше застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР, а досега никој за жал не е санкциониран поради тој настан.- Социјалдемократскиот сојуз преку инструираните институции поднесе кривична пријава и против градоначалникот на Штип, господинот Илчо Захариев поради тоа што направил пристапен пат до фабрика која е странска инвестиција и која што вработува стотици штипјани, истакнува тој.

Според Мицковски политичка монтирана пријава доби и градоначалникот на Неготино, господинот Ванчо Апостолов.

-Сето ова се случува во рок од само еден месец што е јасен показател дека на овие избори Социјалдемократскиот сојуз има недостаток на проекти, идеи, предлози, и дека нивна главна понуда ќе бидат политичките хајки и притисоци против кандидатите за градоначалници предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тие нема да сакаат да говорат за она што им е важно на граѓаните, за решенија, програми, патишта, паркови, проекти, нивниот фокус ќе биде политичката хајка против ВМРО-ДПМНЕ. Пријавите се јасен израз на нервозата во Социјалдемократскиот сојуз и страв од претстојниот пораз на локалните избори. Нема да не уплашат, и нема да им помине. Секој ден луѓето се помотивирани, и поспремни да се спротивстават на ваквата хајка. Народот е веќе одлучен, а Социјалдемократскиот сојуз треба да се соочи со сопствената неспособност, со слабата поддршка и поразот кој им престои на следните локални избори. Колку повеќе прават притисоци, толку повеќе ќе ја губат поддршката од народот. Сите релевантни меѓународни дипломатски претставништва во земјата ќе бидат известени за злоупотребите кои ги прави актуелната власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз. И на крај ќе биде посочена дека многу брзо ќе дојде времето кога ќе одговараат поради сите овие неправди и злодела кои што се случуваат во изминатите неколку дена. Правдата ќе ги стигне за сите и правдата е над сите, додава Мицкоски.

СДСМ се плаши од локални избори – Мнозинството одби изборите да се закажат во итна постапка и да се продолжат мандатите

СДСМ се плаши од локални избори. Мнозинството во Парламентот денеска одби да се изгласа во итна постапка новиот термин за одржување на локалните избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и Советите.

ВМРО-ДПМНЕ предложи локалните избори да се закажат во итна постапка. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека причината за предлагање на овој закон е тоа што постои сомнеж  дека ново формираното владејачко мнозинство нема  да го испочитува договорот од пред три недели за закажување на локални избори во Р. Македонија договорени помеѓу сите парламентарни партии да се одржат на 15 октомври.

-Се одлучив да го предложам овој закон поединечно поради тоа што се уште постои сомнеж дали ново формираното владејачко мнозинство искрено сака да го испочитува овој договор од пред три недели за заакување на локални избори во Р. Македонија договорени помеѓу сите парламентарни партии да се одржат на 15 октомври. А во меѓувреме да се продолжи мандатот на сите градоначалници и Совети на единиците за локална самоуправа заради тоа што веќе три недели се соочуваат, сите градоначалници без разлика на партија на која припаѓаат, со сериозни проблеми и не можат да излезат во пресрет на барањата на граѓаните, рече Димовски.

Sobranie-glasanje-lokalni

Курир и претходно пишуваше дека СДСМ ќе ги одлага локалните избори кои претходно беа договорени на 15 октомври, датум кој го потврдија и прифатија во разговорите меѓу партиите.

Фактите говорат дека СДСМ го обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ за непродолжување на мандатите на општините поради тоа што СДСМ немаше мандат, но пред 15 дена го доби мандатот и од СДСМ има молк. Со сите постапки СДСМ постојано го одложува донесувањето на овој закон, а тоа се потврди и денеска.

Со неодговорното однесување на СДСМ, на конец висат платите на вработените во администрација на општините, противпожарните служби, детски градинки, основни и средни училишта, јавни претпријатија. Нема градежни дозволи, купопродажба на недвижен имот, адреси за пасош и лични карти.

ВМРО-ДПМНЕ: Кампањата ќе беше почната ако се донесеше одлука за избори

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека веќе би била почната кампањата за предвремените парламентарни и локални избори доколку СДСМ не се плашела од гласот на македонските граѓани.

– Доколку криминогеното раководство на СДС имаше образ и одлучеше да ги праша граѓаните за тиранската платформа, наместо постизборно да им ја подметне, веќе наголемо ќе течеа дебатите околу штетните последици од кукавичкото прифаќање на елементите од платформата. Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7-ми или на 14-ти мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека наместо храбра и државничка политика, лидерот на СДСМ одбрал да молчи за сите негирања на македонскиот идентитет.

– Народот бара реални мерки за подобра иднина. Народот не сака платформи од туѓи држави. Народот бара нови предвремени парламентарни избори за да му покаже на СДС како се сака Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Левицата е свесна за гневот на народот

Во исто вре­ме ко­га др­жа­ва­та се тре­се од над­вис­на­та ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, СДСМ сил­но се тре­се од страв од из­бо­ри. Стар, до­бро поз­нат страв за нив. Мно­гу ре­а­лен. А и би тре­ба­ло, има­ат и зо­што. Об­је­ктив­но преп­ла­ше­ни де­ка, ко­неч­но, се про­чи­та­ни и де­ка нив­на­та ше­ма со тр­чи-ла­жи, па пу-пу не ва­жи, ве­ќе во­оп­што не „па­ли“ кај на­ро­дот, а уште по­мал­ку др­жи во­да, збо­рот „из­бо­ри“ по­втор­но е тој што пре­диз­ви­ку­ва си­лен нап­лив на па­ни­ка и уп­лав на „Па­вел Ша­тев“. По­ве­ќе од свес­ни де­ка но­во со­о­чу­ва­ње во гла­сач­ки­те ку­тии би би­ло по­губ­но за нив и за ве­те­но­то на „ча­до­рот“, „си­но­крв­ни­те“ се свр­ти­ја кон сво­и­те ис­про­ба­ни средс­тва за ди­гре­си­ја и за за­ме­тку­ва­ње на јав­но­ста. Ба­ди­ја­ла, ста­ти­ва до ста­ти­ва…

Зо­ран За­ев си да­де „фо­ра“ од шест ме­се­ци до след­но­то со­о­чу­ва­ње со ВМРО-ДПМНЕ. Ни по­мал­ку, ни по­ве­ќе. „Сеп­тем­ври или октом­ври“, ова е по­са­ку­ва­ни­от тер­мин на бе­страш­ни­от ли­дер за да­тум за ло­кал­ни из­бо­ри, со­ста­ве­но во ин­терв­ју за „24 ва­ти“. Му се со­ни или, се­пак, му се ис­пу­шти?

Да, де­фи­ни­тив­но е вре­ме на сил­ни по­тре­си. Раз­лич­ни. Во исто вре­ме ко­га др­жа­ва­та се тре­се од над­вис­на­та ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, СДСМ се тре­се од страв од из­бо­ри. Стар, до­бро поз­нат страв за нив. Мно­гу ре­а­лен. А би тре­ба­ло, има­ат и зо­што. Со ре­зул­тат на из­бо­ри­те од 11 де­кем­ври, кој за мно­гу­ми­на е пан­дан на не­чи­ја ми­ле­ни­ум­ска до­би­вка на ло­та­ри­ја, нај­го­лем страв и тре­ба да им би­де но­во со­о­чу­ва­ње со на­ро­дот.

Ин­те­рес­но е што, ка­ко и се­ко­гаш, по таа ста­ра­та и, га­ран­ти­ра­но, пре­по­ра­ча­на од не­го­ви­те ба­ја­чи, кои и го до­не­соа до ова де­ре­џе, СДСМ ма­ле­рот го бр­ка со из­мис­ле­ни, го­ле­ми број­ки. Нај­ве­ро­јат­но, ча­дор­џи­и­те и твор­ци­те на го­ле­ма­та ма­ке­дон­ска ла­га, ко­ја го до­стиг­на сво­е­то креш­чен­до, ги со­ве­ту­ва­ле „што по­ве­ќе из­ла­же­те, тоа по­ве­ќе ќе ви фа­ти и иља­чот“. Се се­ќа­ва­те на 500.000 фан­то­ми, 620.000 исе­ле­ни, укра­де­ни 5 ми­ли­јар­ди евра, па сѐ до 612.000 што гла­са­ле за За­ев и за про­ме­ни (не и за Се­ла и за Ка­са­ми). Та­ка, За­ев бр­кај­ќи го сил­ни­от страв од но­ви из­бо­ри, из­ја­ви де­ка на нив СДСМ ќе осво­е­ле 72 пра­те­ни­ци. Ни по­мал­ку, ни по­ве­ќе. Да, не од­го­во­ри на пра­ша­ње­то чу­му то­гаш оваа ма­ка со ко­ли­ци­ски­те парт­не­ри и зо­што не си по­бе­дат маз­но „ка­ко лу­ѓе“, важ­но си се по­фа­ли­ја. Ре­ал­но­ста, за нив­на жал, е мно­гу, мно­гу по­и­на­ква. А и са­ми­те ја зна­ат, не­што што мо­же­те, бу­квал­но, да им го про­чи­та­те на ли­це. Ви­стин­ска­та кон­сте­ла­ци­ја ја за­све­до­чу­ва­ат сто­ти­ци дов­че­раш­ни јав­ни, на­стра­на јас­ни и глас­ни под­др­жу­ва­чи на со­ци­јал­ни­те мре­жи, кои го изра­зи­ја сво­е­то раз­о­ча­ру­ва­ње од па­за­рот со на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си. Дел од нив се по­ја­ви­ја на про­те­сти­те на „ За за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“, не­кои и ки­неа фо­то­гра­фии од ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ и до ше­сто ко­ле­но ги кол­неа За­ев и вр­ху­шка­та за­тоа што ги пре­ла­жа­ле. Не мо­ра да оди­те по­да­ле­ку, ед­но­став­но, на след­ни­от про­тест из­ле­зе­те и ви­де­те ги лу­ѓе­то на не­го. Не се си­те вмров­ци, ќе се из­не­на­ди­те од тие што ќе ги ви­ди­те та­му. Да, за­тоа што вло­гот е пре­го­лем, а пла­си­ра­на­та ла­га од За­е­ва­та ком­па­ни­ја без­о­браз­на и мно­гу пот­це­ну­вач­ка. Мо­же­би, кај дел од гра­ѓа­ни­те им ус­пеа фин­та­та со „сто­па­ти ка­жа­на­та ла­га ста­ну­ва ви­сти­на“, осо­бе­но со „вал­ка­ње­то“ на про­тив­ни­ци­те, но ли­де­рот што сто­па­ти со­ста­ви со­се­ма раз­лич­ни, че­сто ан­ти­на­ци­о­нал­ни и ан­ти­др­жав­ни ла­ги, оста­ну­ва са­мо лаж­го. Ни­што по­ве­ќе.

Оправдана паника на „Павел Шатев“

Об­је­ктив­но преп­ла­ше­ни де­ка, ко­неч­но, се про­чи­та­ни и де­ка нив­на­та ше­ма со тр­чи-ла­жи, па пу-пу не ва­жи, ве­ќе во­оп­што не „па­ли“ кај на­ро­дот, а уште по­мал­ку др­жи во­да, збо­рот „из­бо­ри“ по­втор­но е тој што пре­диз­ви­ку­ва си­лен нап­лив на па­ни­ка и на уп­лав на „Па­вел Ша­тев“. Ве­лат, са­мо­то не­го­во спом­ну­ва­ње ги смра­чу­ва и та­ка веч­но на­мур­те­ни­те ли­ца на вр­ху­шка­та и на но­во­ком­по­ни­ра­ни­те пра­те­ни­ци. По­ве­ќе од свес­ни де­ка но­во со­о­чу­ва­ње во гла­сач­ки­те ку­тии би би­ло по­губ­но за нив и за ве­те­но­то на ча­до­рот, „си­но­крв­ни­те“ се свр­ти­ја кон сво­и­те ис­про­ба­ни средс­тва за ди­гре­си­ја и за за­ме­тку­ва­ње на јав­но­ста.

Ве­лат, во слу­чај на нуж­да (ма­ла или го­ле­ма) пр­во се вр­ти кај Ка­ти­ца.Тоа и не им е не­кој проб­лем,ни­ту ма­ка, но ви­стин­ски­от проб­лем е што кре­ди­би­ли­те­тот на СЈО (со­ци­јал­де­мо­крат­ско јав­но об­ви­ни­телс­тво) е све­ден на ну­ла или, по­ве­ро­јат­но, е во ми­нус. Ни­кој ве­ќе не им ве­ру­ва. Ама ни­што.

Вто­ри­от те­ле­фон, ло­ци­ран на скоп­ски­от рид, одам­на е на „стенд бај“ по­ра­ди истра­га­та на Ти­лер­сон и оче­ку­ва­ња­та, ко­неч­но, Трамп да ја свр­ти по­треб­на­та стра­ни­ца. Дру­ги­те „при­ја­тел­ски“ ам­ба­са­ди, пак, ре­а­ги­ра­ат ток­му на по­вик од исти­от тој рид, кој е при­ну­ден да мол­чи, а, на­стра­на, и та­ка, на­ро­дот ве­ќе не ре­а­ги­ра по­зи­тив­но на нив­ни­те не­до­вет­ни ме­ша­ња и су­ге­стии. Про­пад­на и ак­ци­ја­та на со­ро­со­ид­ни­те евро­пра­те­ни­ци од Бри­сел. Но­ва ста­ти­ва.

Се оби­доа и со вклу­чу­ва­ње тре­та сме­на во „Фа­бри­ка­та“, но и тоа из­ле­зе „ќор-фи­шек“. Тие се ве­ќе одам­на про­чи­та­ни, не де­ка та­му има и мно­гу што да се чи­та, не­ли. За го­ле­ма жал, глу­по­сти­те на не­до­вет­ни­те ју­ри­ши­ци и на из­ди­ша­ни­те и из­вал­ка­ни „про­фе­си­о­нал­ци“ при пос­лед­но­то вклу­чу­ва­ње на по­го­нот им до­не­се са­мо кон­тра­про­ду­ктив­ни ла­ги од кои ни са­ми­те не зна­е­ја ка­ко да се из­ва­дат.

Из­вр­ту­ва­ње­то им е спе­ци­ја­ли­тет и за­шти­тен знак, па Ше­ке­рин­ска се оби­де со ка­кви ли не тол­ку­ва­ња на со­бра­ни­ски­от де­лов­ник. Те таа и таа точ­ка од таа и таа али­не­ја на тој и тој член овоз­мо­жу­ва­ла се­ка­кво и та­кво тол­ку­ва­ње и пре­скок­ну­ва­ње точ­ки од днев­ни­от ред, па до­об­јас­ну­ва­ња од „не­за­вис­ни­от“ пра­те­ник и не­вра­бо­тен екс­до­на­тор Пав­ле Бо­го­ев­ски. И тоа не им по­ми­на.

Спас во евтиниот рецепт на небулози и на лаги

analiza241-zaev-2

При­тис­на­ти „до ѕид“,го стис­наа и „па­ник-та­сте­рот“ и го иско­ри­сти­ја пос­лед­но­то ору­дие, тол­ку до­бро поз­на­то и тол­ку мно­гу ко­ри­сте­но. Поч­наа да ла­жат. На го­ле­мо. На Ми­јал­ков му из­мис­ли­ја тен­де­ри во РЕК „Би­то­ла“, На Ми­ло­шо­ски му „лет­наа“ ави­о­ни, на Гру­ев­ски му из­ва­ди­ја не­по­стој­ни „пре­ми­ер­ски“ те­ле­фон­ски сме­тки од Мал­та, на Му­ко­ски за­ка­ни со „црн по­јас“, на ге­не­рал Ар­сов­ски не­ле­га­ли­зи­ра­на те­ра­са, на Вла­ди­ка­та Пе­тар де­ло­ви од до­си­е­то, на Или­ев­ски му „из­ва­ди­ја“ стан што ни са­ми­от не знае ка­де е итн. До не­дог­лед. Ако не сте со нив, че­кај­те си афе­ра: про­ве­рен, но се­ри­оз­но евтин, из­ве­твен и про­пад­нат ре­цепт. Да­ли не се свес­ни де­ка ве­ќе ни­кој нор­ма­лен и сдсмов­ски не­о­бо­ен не ги „ку­пу­ва“ овие глу­по­сти?
И се­то тоа за спас од бу­де­ње­то на на­ро­дот, не­за­пир­лив про­цес, кој не­ма шан­си да со­пре со ва­кви не­бу­ло­зи. Исти­от тој на­род ба­ра са­мо ед­но – отка­жу­ва­ње од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, ма­кар би­ла и са­мо дек­ла­ра­ци­ја. А тие, ни­ка­ко да се отка­жат. Па­ни­ка­та, очиг­лед­но, е огром­на. Ве­ро­јат­но, ча­до­рот им по­ста­вил и ро­ко­ви, кои се ве­ќе одам­на про­би­е­ни. Нај­страш­но за нив, кол­ку и да се пра­ват не­до­вет­ни, е што са­ка­ле или не, но оваа си­ту­а­ци­ја мо­ра да за­вр­ши на из­бо­ри. За два ме­се­ца или за шест, што е раз­ли­ка­та? Не­ба­ре, „ча­до­рот“ ќе на­пра­ви ма­ги­ја, но­ва ди­вер­зи­ја и ќе го сме­ни мис­ле­ње­то на гра­ѓа­ни­те и од пре­дав­ни­ци што со две ра­це се сог­ла­си­ја да ја про­да­дат сопс­тве­на­та мај­ка и та­тко­ви­на се­га ќе на­пра­ви хе­рои и па­три­о­ти? Што ќе им би­де оправ­ду­ва­ње­то – тоа го пра­вев­ме за да вле­зе­ме во ЕУ и во НАТО? По тол­ку ла­ги и из­ма­ми, вре­ме е за се­ри­оз­но про­вер­ту­ва­ње. Да, којз­нае ка­ко ќе ре­а­ги­ра­ат ко­га це­лос­но ќе им се от­трг­не ча­до­рот. Ќе по­зе­ле­нат од ма­ка или ќе ги удри сон­ча­ни­ца.

Кога странците ве „перат“, а валканиците никако да исчезнат

Ба­ди­ја­ла и па­те­тич­ни­от обид на НДИ да им да­де ве­тер во едра и да го диг­не ур­на­ти­от мо­рал на „Па­вел Ша­тев“. Аме­ри­кан­ски­от На­ци­о­на­лен де­мо­крат­ски ин­сти­тут (НДИ), се раз­би­ра со па­ри на УСАИД, на­пра­ви еден од пос­лед­ни­те оби­ди во по­мо­шта кон сопс­тве­ни­те ми­ле­ни­чи­ња и пу­ле­ни. И, пак, ста­ти­ва. Ис­пад­на ан­ке­та на ко­ја ѝ се потс­ме­ваа и са­ми­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти. Ка­ко и не, ко­га во смеш­на­та и „не­на­ме­сте­на“ ан­ке­та, со­се­ма слу­чај­но на­пра­ве­на во вре­ме ко­га сто­ти­ци ил­ја­ди гра­ѓа­ни се­којд­нев­но се на ули­ца со се­ри­оз­но и јас­но ба­ра­ње за пре­кин на ти­ран­ски­те не­бу­ло­зи, се из­нас­лу­шав­ме се­ка­кви глу­по­сти – од ти­пот на таа де­ка мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни мис­ле­ло де­ка За­ев тре­ба да фор­ми­ра вла­да, па сѐ до таа ше­га де­ка пом­ла­ди­те му ве­ру­ва­ле на СЈО и одо­бру­ва­ле вла­да и без ман­дат?! Да­ли под „пом­ла­ди­те“ мис­леа на де­чи­ња од гра­дин­ка? Ни­ту та­му не мис­лат та­ка. Не­до­сти­га­ше уште да ка­жат де­ка ан­ке­та­та е на­пра­ве­на на из­бран при­ме­рок на „Па­вел Ша­тев“ и де­ка За­ев и Ка­ти­ца се нај­у­ба­ви, нај­ум­ни и де­ка се­кој друг из­бор за пре­ми­ер ќе до­не­се апо­ка­лип­са, а со да­ва­ње до­вер­ба на двај­ца­та „из­бра­ни“ Ма­ке­до­ни­ја ќе вле­зе во ЕУ и во НАТО за еден ме­сец, во Г-7 за два, а најм­но­гу за три ме­се­ци ќе ста­не и по­сто­ја­на член­ка на Со­ве­тот за без­бед­ност на ООН. Ве­ро­јат­но, во иста­та ан­ке­та нај­го­ле­ма до­вер­ба би има­ло Ми­ни­стерс­тво­то за смеш­но оде­ње. Ако би­де, не­ка би­де мон­ти­пај­то­нов­ска до крај, не­ли.

Со­ро­со­ид­ни­те ме­ди­у­ми, пла­те­ни од иста­та ка­са ка­ко и ан­ке­та­та, со си­лен жар и не­пре­гор ја пре­по­вто­ри­ја не­кол­ку па­ти, ама пак ба­ди­ја­ла, сѐ по­ми­на без ни­ка­ков одг­лас. Проб­лем е и што НДИ на мо­мен­ти му па­ри­ра­ше на Амб­ди Ба­јрам. Спо­ред де­мо­гра­фи­ја­та на ис­пи­та­ни­ци­те, би­ле ан­ке­ти­ра­ни 77 про­цен­ти Ма­ке­дон­ци и „дру­ги“ и 24 про­цен­ти Ал­бан­ци?! Да, вкуп­но 101 про­цент…

Даштевски: СДСМ е свесен дека народот се разбуди и се налути

Aleksandar-Dastevski

СДСМ е со­се­ма све­сен де­ка на­ро­дот се раз­бу­ди, де­ка се на­лу­ти или, ако са­ка­те, де­ка „ма­ски­те пад­наа“, ве­ли уни­вер­зи­тет­ски­от про­фе­сор Але­ксан­дар Да­штев­ски, спо­ред кој ду­ри и од ВМРО- ДПМНЕ не оче­ку­ва­ле де­ка на­ро­дот тол­ку цвр­сто ќе за­ста­не про­тив ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, од­нос­но про­тив ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та.

Даштевски: Ва­кво не­што не се слу­чи ни во конф­ли­ктот 2001 го­ди­на. Тоа што го сфа­ти на­ро­дот е де­ка во­оп­што не се ра­бо­ти за от­стап­ки што би зна­че­ле по­го­ле­ми пра­ва ту­ку ко­неч­на фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та. По­ра­ди тоа, поч­на да па­ѓа реј­тин­гот на СДСМ и тоа е глав­на­та при­чи­на што не са­ка­ат из­бо­ри во след­ни­те не­кол­ку ме­се­ци. Тие се­га мо­ра да ја из­ба­лан­си­ра­ат со­стој­ба­та. Се оби­доа да го на­пра­ват тоа со фло­ску­ла­та де­ка про­те­сти­те би­ле во ин­те­рес на за­шти­та на кри­ми­на­лот на ВМРО- ДПМНЕ, но еви­дент­но е де­ка на­ро­дот не се фа­ти во таа ста­пи­ца. Тоа е не­ус­пеш­но за­вр­ше­на ра­бо­та. Ви­дов­ме де­ка СЈО е це­лос­но по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­но и под ди­рект­на ко­ман­да на СДСМ. При­ја­ви­те што ги под­не­су­ва­ат пре­диз­ви­ку­ва­ат потс­мев кај гра­ѓа­ни­те, не­за­вис­но да­ли се тоа дол­ни али­шта или ба­ра­ње ави­о­ни кај дел од функ­ци­о­не­ри­те на ВМРО. Но, тоа што е су­штес­тве­но е де­ка не мо­же ни­ка­ко да се ме­ша­ат кри­вич­ни­те по­стап­ки со про­да­ва­ње на др­жав­ни­те ин­те­ре­си. По­стап­ки­те ќе про­дол­жат да си те­чат, но до­кол­ку се­га на­пра­ви­ме от­стап­ки со при­фа­ќа­ње на пла­тфор­ма­та, ја гу­би­ме др­жа­ва­та и не­ма вра­ќа­ње на­зад.

Зо­ран За­ев ве­тил де­ка ќе ги спро­ве­де ба­ра­ња­та во пла­тфор­ма­та, ве­ро­јат­но не зна­еј­ќи во це­лост до ка­де одат тие ба­ра­ња. Во ме­ѓу­вре­ме, се по­ста­ву­ва­ат но­ви ба­ра­ња, кои не се во пла­тфор­ма­та, ка­ко на при­мер за оз­на­ки­те на вој­ска­та и за банк­но­ти­те. Со ог­лед на тоа де­ка вла­да­та не е фор­ми­ра­на, СДСМ ги при­фа­ќа и тие ба­ра­ња, иа­ко во јав­но­ста са­ка да ја про­тур­ка те­за­та де­ка за тоа ќе се раз­го­ва­ра би­деј­ќи устав­ни екс­пер­ти рек­ле де­ка тоа е про­ти­ву­став­но. Од дру­га стра­на, ДУИ твр­ди де­ка устав­ни­те екс­пер­ти што тие ги кон­сул­ти­ра­ле им со­ве­ту­ва­ле де­ка тоа е устав­но. Исто­то се слу­чу­ва и за др­жав­ни­те сим­бо­ли. СДСМ твр­ди де­ка не­ма да се ме­ну­ва­ат, но Ар­тан Гру­би ре­а­ги­ра во иста­та се­кун­да де­ка ДУИ не го при­фа­ќа тоа.

Во се­кој слу­чај, ра­бо­ти­те оти­доа пре­да­ле­ку, за­тоа сме­там де­ка во на­ред­ни­те не­кол­ку ме­се­ци СДСМ ќе се оби­де да ја ста­би­ли­зи­ра со­стој­ба­та, за од есен да се спро­ве­дат ло­кал­ни и пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, би­деј­ќи се­га из­ме­на­та на Из­бор­ни­от за­ко­ник за­ви­си и од ВМРО ДПМНЕ, кој мо­же да ги ус­ло­ви дру­ги­те де­ка ако са­ка­ат ло­кал­ни, ќе мо­ра да има и пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, што е нив­ни став од де­нот ко­га не се на­пра­ви вла­да.Си­те сме све­до­ци де­ка не­по­треб­но се за­гу­би­ја че­ти­ри ме­се­ци, а ќе се за­гу­бат уште тол­ку, за­тоа што ва­кви­от рас­по­ред во Со­бра­ние не ну­ди ста­бил­на вла­да и прос­пе­ри­тет на др­жа­ва­та.

Извор: Неделник „Република“ бр. 241

Заев призна, СДСМ не е подготвен за локални избори (ВИДЕО)

СДСМ е целосно неподготвен и исплашен од локалните избори и тоа е, како што признава и самиот Заев, причината за одложувањето на изборите.

sdsm povik

СДСМ планираат дури во август да започнат со анкетирање на граѓаните и процедура за избор на кандидати за градоначалници. Тоа е само доакз дека Заев и СДСМ лажат дека се подготвени за избори, и ги потврдува информациите дека ова е единствената причина поради која СДСМ не побара многу порано да се состане парламентот.


СДСМ, Зијадин Села и Џеват Адеми имаа можност многу денови пред нивниот предлог да дадат 20 пратеници за избор на претседател на Собрание. Не го направија тоа затоа што знаат дека не се подготвени да излезат на локалните избори и намерно го пробија рокот. Локалните избори нема да се одржат затоа што СДСМ и ДУИ не се подготвени да излезат на локални избори. Сега им се брза бидејќи се договорија за платформата од Тирана, сакаат да ја протуркаат набрзина, се наближуваат судските рочишта во мај за предметот „Поткуп“, сакаат по секоја цена да дојдат на власт, да извршат притисок врз судството и еден човек да се спаси од криминалот макар и по штета на националните интереси на Република Македонија. Не бараме ништо друго освен во ова Собрание на секој пратеник да му се дозволи по точката за која се расправа да го искаже своето мислење, така како што сме ја почнале оваа седница, така и да ја завршиме. Не може интересот на еден човек и неговата амбиција, наместо да биде на суд, да биде на столчето за премиер, да биде залог за целата држава – истакна Милошоски.

На крајот, малку фројдовски, Заев веќе даде одоговр како не требада се владее на градоначалничко ниво, а уште помалку на државно, а од друга страна, 2 милиони граѓани добија увид во неговите принципи на работа во општина Струмица.

Ѓорчев: СДСМ не може да добие избори, зашто во 27 години нема отворено ниту една фабрика

ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата има најголем број на пратеници од повеќе причини и тоа првенствено од економски причини, истакна Владимир Ѓорчев на денешната конститутивна седница на која се избира претседател, заменик на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

-Сакам да потсетам дека бројот на отворени фабрики споредени со оние кои во моментов дофрлаат е 70:0. Зошто оваа партија која седи тука лево, 27 години не може да добие избори во Македонија- затоа што во оваа партија ниту еднаш во 27 години нема отворено ниту една фабрика, 0 отворени фабрики, наспроти 70. Спортски сали 90:0. Ако сакате да зборуваме за зголемени пензии- ниту еднаш во 27 години СДСМ нема зголемено пензии, а сега пензиите растат секоја година, рече Ѓорчев пред пратениците.

Додаде и дека Македонија има модел на соживот кој функционира и дека Македонија не сака да и се приреди дисфункционалноста на Босна и Херцеговина.

Колумна на Ирена Радовановиќ: Страв на СДСМ од нови избори

Вторпат нема да им помине

Пред извесно време Македонците во Албанија станаа Бугари. Таква резолуција изгласа Европскиот парламент, предложена од двајца бугарски европарламентраци. Реакција од СДСМ? Тешко. СДСМ не реагира на бришење на идентитетот на Македонците во Албанија затоа што, според нивниот лидер, самите си се виновни. Така кажа во Швајцарија дека Македонија и Македонците се виновни за сите проблеми со соседите. И се држи до тоа. А така и дејствува.

Тргнувајќи од тоа дека за с` сме виновни ние, ја прифати платформата подготвена од албанскиот премиер Еди Рама, со која треба да се исправи „неправдата“ кон Албанците. А исправањето на таа „неправда“ води кон поделба на државата и остварување на големоалбанскиот сон – сите Албанци во една држава.

Ах, како Грција нема на чело на државата некој како Зоран Заев, па да го прифатеше уставното име Република Македонија и така две и полдеценискиот спор ќе беше решен. Не само што ќе беше решен спорот, туку Грција ќе го вратеше делот Егејска Македонија, кој го зеде во 1913 година. А тоа ќе го стореше и Бугарија ако имаше некој како Заев. Со Србија веќе ќе го немаше спорот СПЦ-МПЦ.

Но, за среќа на соседите, а за наша несреќа, Заев се наоѓа токму тука во Македонија. Згора на тоа, човекот ни се нуди да биде премиер.

Не знаејќи кому што попрво да попушти, Заев почна со Албанија. Ја прифати платформата на Еди Рама. Но, не онаа граѓанската, за изградба на канализација, која Мухамед Зекири ја зборуваше пред и по изборите, туку онаа на Рама, која води кон федерализација на Македонија.

Заев прифати и дека Србите се геноциден народ и дека извршиле геноцид врз Албанците меѓу двете светски војни. Така велеле Албанците и тој мора да им верува.

Ако се видат бројките од пописите меѓу двете светски војни, ќе се забележи дека присуството на Албанците во Македонија било минорно. Овде втори по бројност биле Турците, а Албанци имало многу малку. На пример, веднаш по Првата светска војна, со пописот од 1921 година, Тетово броело 15.119 жители. Од оваа бројка, 7.120 жители се Македонци, 6.432 Турци, 1.296 Албанци и други. Во Скопје живееле 40.666 жители, од кои 22.135 православни, а 15.609 муслимани. Мнозинството од православното население го сочинувале Македонците, а Турците биле значајно малцинство во Скопје. Значи, Турци живееле тука, а Албанци имало малку.

Според истражувањето на универзитетскиот професор Борче Илиевски, бројот на населението во Скопје брзо се зголемил и во периодот 1948-1961 година. Само во градот се зголемил речиси 80.000 жители. Значаен фактор кој влијаел врз етнодемографската структура на градот и областа е иселувањето на дел од Турците и другите муслимански популации и населувањето на многубројни доселеници од косовско-метохиската област и од Санџак, како и од другите делови на Македонија.

Овие податоци говорат дека доселувањето на Албанците се случило по двете војни.

Но, кога Заев се испазари со Албанците за Македонија, што остана за Србија. Секако, тој би сакал со Србите да е добар, но не може и волкот сит и овците на број. Него само не го засегаат мнозинството Македонци од Македонија.

А што мислат тие за неговите пазари најдобро може да се види од онаа маса народ крената на нозе што протестира секој ден во 17 часот со порака дека Македонците нема да дозволат да го изгубат и ова парче земја што остана од поранешна Македонија.

Сосема е разбирлив и стравот на опозиционерите од нови избори оти тешко дека Заев со манипулации и лаги ќе успее вторпат да измами 350.000 гласачи. Вторпат нема да им помине. А новите избори ќе бидат најфер кон гласачите затоа што по изборите се преговара за нешто што не било понуда на изборите, како албанската платформа на Еди Рама.

Пишува: Ирена Радовановиќ за Дневник

Главните кочничари – Арифи, Бејта и Меџити се исплашија дека ќе бидат збришани на локалните избори

Стравот на ДУИ дека ако влезе во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги загуби локалните избори во мај, била втората главна причина, по двојазичноста и пописот, зошто не се случи договорот за состав на влада меѓу победничките партии, пишува Дневник.

Зошто Ахмети се повлече?

Kако што дознава „Дневник“, завчерашната изјава на Талат Џафери дека главната пречка во преговорите настанала кога на маса било ставено прашањето за Специјалното јавно обвинителство, всушност, е неточна – бидејќи СЈО било спомнато само неколку секунди, еднаш на почетокот на разговорите, но дискусијата не продолжила.

Имено, во финалето на разговорите изминатиот викенд, во саботата, 80 проценти од членовите на ДУИ го поддржувале Ахмети во намерата да формира влада со Никола Груевски. Но, како што дознаваме, во неделата по 17 часот се случил пресврт под влијание на Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, по што мнозинството застанало во нивна поддршка, па Ахмети во страв да не биде изолиран и да не крахира партијата, на крајот се повлекол.

-Според нашите извори, меѓу аргументите Арифи нагласила и дека нејзината сестра работи во фондацијата финансирана од Џорџ Сорос, во која порано била и член на Одборот, па се заканила и дека ако се реализира заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе излезе од партијата. Вториот нејзин аргумент, но и на Бејта, бил дека по ударот што ДУИ го доби на декемвриските избори, само партнерство со СДСМ може да ги спаси од дебакл на претстојните локални. Иако Ахмети, како што брифираат изворите, се противел на нивните ставови, нагласувајќи им дека токму поради СДСМ ги изгубија албанските гласови, сепак, на крајот ја прифатил тезата како нова политичка реалност за ДУИ, пишува Дневник.

Со други зборови, потпретседателите покажале загриженост дека постои можност на следните локални избори со кандидати Албанци од СДСМ, ДУИ да бидат поразени од партијата на Зоран Заев во најважните општини со доминантно албанско население, како Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Арачиново и други. Но ако успеат да се договорат со СДСМ да се поддржуваат едни со други во различни општини, тогаш ДУИ би можела да излезе со крената глава од следните локални избори.

Иако некој од присутните споменал дека ДУИ на тој начин станува разгранок на СДСМ, сепак преовладала тезата дека е најважно да се „преживеат локалните избори, за другото потоа“. Преовладал наметнатиот страв на Ахмети дека одејќи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без главните ресурси – големите општини, односно дека СДСМ и Беса ќе станат доминантни албански партии во Македонија.

И Бејта со свои аргументи во полза на коалиција со СДСМ

Освен причините што ги изнеле Арифи и Меџити во полза на коалицирање со СДСМ, свои аргументи имал и Бејта. Според нашите информации, Бејта стравувал од можноста кривично да биде гонет за сторени финансиски кривични дела при изградба на локални патишта, односно градени без тендер. За да ги прикрие сторените дела, Бејта налагал тендери да се објавуваат по една година за патишта што веќе се готови.

Според извори на Дневник, силна улога врз промената на ставот на ДУИ доцна во неделата имало и Соросовото влијание, пренесено преку влијанието на неколку локални дипломати, кои буквално оделе од човек на човек со убедувања да не се прифати коалицијата со Груевски. Иако Ахмети на состанокот спомнал дека има поддршка од две од трите најголеми партии во Албанија, од главните политички партии на Kосово, од новата администрација во САД и од некои европски држави, за коалиција со Груевски, сепак, од неколкумина присутни, повеќепати било спомнувано дека некои локални дипломати им го сугерирале спротивното.

Во неформалните разговори надвор од седницата, дел од присутните го отвориле прашањето дали ДУИ треба да остане верна на соросоидните влијанија во ситуација кога Сорос стана не само главен непријател на ВМРО- ДПМНЕ, туку и на новата администрација на Доналд Трамп. Сепак, на партиската седница никој не се осудил јавно да го каже тоа.

За време на партиските разговори во ДУИ, за издвојување бил ставот на поранешниот министер за локална самоуправа Тахир Хани, според кого, „сега е вистинскиот момент ВМРО-ДПМНЕ да ја моли ДУИ на колена и да бидат притиснати да прифатат с` што тие бараат“.

И ЗАКОН ЗА НВО СТАВЕН НА МАСА

На заедничката средба, според нашите извори, покрај другите, ВМРО-ДПМНЕ изнела предлог за носење закон со кој би се оневозможило некомерцијално финансирање од странство на телевизиите и другите медиуми. Kако што е познато, Сорос со свои пари и со парите доверени од УСАИД дава многу пари во вид на грантови или т.н. проекти во опозициските медиуми со цел нивно корумпирање и наведување да ги прокламираат политиките на оние што им плаќаат, а не да имаат сопствена уредувачка политика. „Телма“, „Алсат“ и поголем број други медиуми во Македонија се приматели на огромни вакви пари.

Од ВМРО-ДПМНЕ побарале законски измени со кои сите НВО ќе бидат задолжени на своите веб-страници детаљно и прецизно да ги објават сите свои приходи и расходи, односно целосна транспарентност во нивното работење.

Ова би вклучувало и информации за тоа од кого точно доаѓаат парите за каква намена и во каква форма, по која основа, со наведување на секое физичко и правно лице.

Зошто СДСМ се плаши од нови избори?

Изборите одржани на 11-ти декември, наместо расплет, донесоа заплет и неизвесност на македонската политичка сцена. Откако од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека формирањето на влада треба да биде во функција на решавање на кризата, а не нејзино продлабочување и дека нови избори се зрело решение, СДСМ и останатите опозициски партии се исплашија од можноста за ново изборно соочување.

Откако опозициските партии предводени од СДСМ категорично ја одбиваат можноста за нови избори и покажуваат страв од соочување со волјата на народот, дел од аналитичарите коментираат дека граѓаните веќе ги препознаа игрите на СДСМ со албанскиот политички корпус и токму поради тоа социјалдемократите бегаат од нови избори.

Според универзитетскиот професор по уставно право и поранешен претседател на Собранието, Саво Климовски,  сега излегоа на површина сите игри што лидерот на СДСМ Зоран Заев ги правел со дел до Албанците во оние места каде што полицијата не делувала.

-Можеме да се доведеме до ситуација едноставно на господинот Заев граѓаните да излезат да му кажат дека сакаат нови избори и сите досегашни манипулации му се веќе пропаднати, дека сега сакаат да го дадат гласот, затоа што сега излегоа на површина сите игри што тој ги правел со дел до Албанците во оние места кај што полицијата наша не делуваше, како на пример во Грчец, јас сум сигуремн, а да не збориме во Арачиново итн, сега одеднаш искажаа толкава волја, толкава љубов спрема СДСМ, спрема Македонците, што просто ние се „стопивме“, но не веруваме во тоа, е сега за да поверуваме, дај нека не пушти уште еднаш да гласаме, па ќе се види тогаш колку навистина тежи СДСМ со сите овие приограми и со сето ова разоткрување на се што ни беше прикриено од некаков спиритуалистички дух на охридскиот договор, вели Климовски.

Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Тито Петковски, денеска излезе со изјава дека Македонија немала потреба од нови избори, бидејќи според него, не биле исцрпени сите можности за формирање на парламентарно мнозинство, и тоа без ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во изјава за опозициските медиуми рече дека партијата очекувала Ѓорге Иванов да му го дал мандатот на Зоран Заев, иако според правните експерти за тоа нема уставна и правна заснованост, додека во однос на темата за избори не сакале да шпекулираат.

Кога албанскиот политички блок е во прашање, ставот на ДУИ останува дека за нив се отворени сите пет ипции, меѓу кои и нови избори, додека останатите албански политички партии, исто како и македонската опозицијата велат дека не сакале нови избори. Според лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, албанските партии не треба да прифатат избори, а доколку тоа се случи, тие ќе ги повикаат сите партии на Албанците да ги бојкотираат изборите. Од БЕСА сметаат дека ако има избори би биле сигурен победник, но моментално мислат дека најдобра опција е да се создаде политичка Влада и да не се оди на избори.

Што ќе се случува останува да се види во следните денови. Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов денеска соопштија дека тој утре ќе оствари поединечни средби со политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојбаПретседателот Иванов денеска посочи дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.