Вистината за мигрантите раскажана од војник на АРМ: Мигрантите не каменуваа и напаѓаа во акција коордиирана од странци

Деновиве во медиумите е доста актуелна темата за изградба на станови за сместување на мигранти и бегалци во Македонија. Скоро 2 години како припадник на АРМ од почетокот на мигрантската криза во повеќе наврати бев присутен како подршка на македонската полиција и сите останати надлежни служби на јужната граница.

Нашата задача не беше нималку лесна. Секојдневно во текот на целото лето гледавме како десетици илјади луѓе доаѓаа од правец на Грција со цел да влезат во нашата земја. Сите тие луѓе бегаа од воените судири од Сирија, Ирак, Авганистан но и во потрага по подобар живот од Пакистан, Иран, Северна Африка и од каде се не. Дел од нив соработуваа со нас со цел да бидат пренесени до кампот кај плантажите на Винојуг но и значаен дел од нив беа дрски и агресивни кон нас припадниците на безбедносните органи.

Додека извршувавме задачи за обезбедување на границата и контрола на оргадата која ја поставивме во најбрз можен рок есента видовме скоро еден милион луѓе кои поминаа низ нашата земја. Заедно со колегите од безбедносните служби идентификувавме лица кои беа дезертери од двете страни на завојуваните страни во Сирија. За жал низ нашата територија кон Европа заминале и лица кои подоцна во Франција извршија и терористички напади. Иако од поодамна ситуацијата е ставена во контрола и заедно и со колегите од полициите од повеќе европски земји сме присутни на ротации доле на јужната граница, во сеќавање ќе ми останат 3 случки кои доколку излегоа од контрола можеше да предизвикаат негативни последици по нашата земја.

Првата беше кога поголема група на странци од меѓународни организации и амбасадори во попладневните часови пристигнаа на граничната линија со Грција во деновите кога се донесе одлуката да се затвори рутата и веќе имавме поставено и железна капија на пругата на камен 59. Тие од полицијата и од сите присутни таму бараа капијата и оградата да се тргнат бидејќи сме го попречувале движењето на мигрантите иако на тоа сме немале право. Откако увидоа дека не можеме да постапиме согласно нивните барања бидејќи донесена е меѓудржавна одлука за истото тие се повлекоа кон кампот Винојуг и си заминаа.

Вториот настан беше некаде на почетокот на март кога повеќе од 2000 мигранти тргнаа истовремено кон нашата граница за да ја отворат истата за непречен проток иако сите граници на север од нас веќе беа затворени за неконтролирано преминување. Откако добивме информации дека групата од мигранти се наоѓа веќе кај селото Хамилу во близина на нашата граница бевме свесни дека нема да сме во можност да ги одвратиме во намерата и затоа беше решено истите во селото Моин по нивното влегување на македонска страна да бидат прифатени, по потреба идентифкувани и вратени назад во Грција.

Она што по доаѓањето на групата го видовме беше контролираниот и дисциплиниран пристап на една група од странци кои ги водеа мигрантите на патот кон Македонија, а кои се претставуваа како слободни новинари, фото репортери или волонтери. Сите тие ги убедуваа мигрантите дека границите се отворени и само Македонија е таа која за затворила границата за нив. По нашето екипирање сите мигранти беа вратени во Грција. За жал дел од луѓето кои се одвоија од групата во близина на Гевгелија се удавија во надојдените води на Коњска Река.

Истата сторија дека границата е отворена во сите земји освен во Македонија им беше наметната на мигрантите и на почетокот на април минатата година кога повеќе од 5000 луѓе насилно се обидоа да влезат во Македонија. Се сеќавам дека беше сабота и до нас доаѓаа гласини од кампот Идомени дека во недела ќе има голем протест по што мигрантите ќе тргнат кон Македонија. Во попладневните часови веќе беа тргнати шаторите на оние мигранти покрај самата пруга и гранична линија и беше јасно дека со тоа се прави простор за нивно тргање према нас. Дополниелно по социјалните мрежи веќе проструи информацијата за рачно изработените плакати за најавениот протест утредента кои биле објавени во кампот Идомени. Вечерта од она што го гледавме од нашата страна е дека беше тивко и мирно но утрината веќе сликата беше поинаква.

Најпрво пристигнаа лица и мажи и жени кои не беа мигранти, а кои комуницираа на англиски и шпански јазик меѓусебно. Истите се качија на дрвата од другата страна на границата и меѓусебе комуницираа по радиоврски. После нив дојдоа и бројни новинарски екипи од другата страна на границата од кои една од екипите носеше и дрон со камера. По првичното барање да разговараат со преставници на македонските институции кои им објаснија дека сите граници на север од Македонија се затворени и дека неможат да ги пропуштат истите се повлекоа назад. За кратко се прегрупираа и ги долж оградата жените и децата, а од најагресивните мигранти веќе започна каменувањето кон нас и полицијаците кои веќе беа пристигнати од Скопје поради најавата дека ќе има денеска инциденти. Веднаш по каменувањето врз нас лицата тргнаа на поголем размер кон граничната ограда се со цел да ги ослабат нашите позиции кои беа концентрирани на простор лево и десно од камен 59 односно од пругата. Во налетот кон нас освен со камења, мигрантите користеа и пластични контејнери за отпад но и поголеми контејнери со метални прачки кои ги користеа за да се приближат до оградата.

По доаѓањето до оградата мигрантите користеа кебиња за да ги покријат бриновите елементи од оградата, бодликавиот дел поставен горе и доле од оградата. Во целиот хаос повеќе од 500 мигранти ја пробија нашата граница и влегоа на македонска територија повторно изразувајќи агресија кон нас. Откако околу 12 часот ситуацијата полека влезе под контрола и мигрантите кои влегоа на наша страна беа вратени назад, дел од лицата кои не беа мигранти , а кои ги поттикнуваа да се судрат со нас се симнаа од дрвата. Дел од грчките новинарските екипи им побараа изјави да кажат кои се и зошто го прават ова но тие одбија воопшто да бидат снимани.  После овој неупешен обид ситуацијата до ден денес е мирна и стабилна иако секојдневно има по десетина обиди за илегално преминување на границата.

Во кусите конверзации со дел од лицата кои мигрираа можевме да забележиме најразлични профили на луѓе кои решиле да го напуштат својот дом по подобар живот. Најголем дел од сите нив имаа некоректен однос кон нас само затоа што сме застанале на нивниот пат. Беа убедени дека токму на нив им следува непреикосновено право на живот во Германија, Австрија, Шведска, Норвешка исто како што ние бевме дожни како држава неприкосновено да ги оставиме да продолжат но истовремено и да им пружиме помош. Речиси сите во хор не лажеа за нивните имиња, возраст, земја на потекло, лажеа и за возраста на нивните деца, за изгубените патни исправи и лични документи и за тоа дека не разбираат ниту збор англиски кога им се обраќавме.

Не сакам да навлезам во ниту една политичка битка од она што е актуелно деновиве но барам од Македонија да ги земе во предвид сите сигурносни околности ако донесеме одлука за трајно сместување на мигранти од Блискиот Исток и Африка во Македонија.

Извор: Денешен весник

Пишев: Странците го одбраа Заев бидејќи знаат дека власта и парите му се поважни од државата

Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, денес даде до знаење дека Република Македонија ќе добие претседател на Собранието кој што ќе биде по волја на граѓаните, а не производ на некаков хибриден документ опасен за опстанокот на државата.

Пишев додаде дека Тиранската платформа која што СДСМ сака да претстави дека ја нема или дека е нерелевантна, секојдневно добива на важност ако се земат во предвид изјавите на албанските политичари во земјава, но и оние во Албанија и Косово.

На крај, Пишев обраќајќи му се на Зоран Заев рече дека странците добро знаеле дека на него поважни му се власта и парите.

-Странците добро знаат дека на Заев поважни му се власта и парите отколку државата па токму затоа го одбраа него за да го спроведува ова сценарио во република Македонија, рече Пишев.

Попоски: Странците не треба да ги решаваат нашите проблеми

Ние како држава ќе плаќаме цена ако не најдеме решение за политичката криза, смета министерот за надворешни работи и вицепремиер на Владата, Никола Попоски.

-Нашата надворешна политика денес е жртва на внатрешно-политичките предизвици. Сè е ставено во контекст на условите за надминување на политичката криза. Мора да добиеме сериозни јавни гаранции од опозицијата за избори. Било каква несериозност и неизвесност ни ја зголемува цената. Не би се обложувал дека странците треба да ги решат работите за нас, ниту пак да бидат гарантори. Со сериозност и волја треба да си ги решиме работите сами, изјави Попоски за ТВ Нова.

Тој додава дека не треба да ни се случи уште една епизода во која најголемата опозициска партија ја става државата во неизвесност, избегнувајќи изборен процес во последен момент.

-Секоја помош од страна треба да се преточи во нивни притисок за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ, потенцира Попоски.

Влахов: Ние сами допуштивме странците да се мешаат

Ние сами допуштивме странците да се мешаат, со тоа што ние сакаме да сме во ЕУ и НАТО им допуштаме, бидејќи тие велат па вие сакате да бидете дел, а ние само помагаме, смета универзитетскиот професор Стефан Влахов–Мицов кој гостува во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

-Политичарите да не се виткаат, односно да не менуваат ставови од ден на ден. Не смее да се дозволи циркузантска работа, изјави Влахов–Мицов.

Во вечерашното „Отворено студио“ со Љубиша Николовски на тема „Бивши „циа-ши“ со бивши идеи за Балканот“ ќе дебатираат универзитетскиот професор Стефан Влахов–Мицов, поранешниот амбасадор Ристо Никовски и аналитичарот Алберт Муслиу.

Пејкоф: Ако странците сакаат да помогнат, нека земат сапун и вода и нека ги исчистат фасадите

Уништувањето на спомениците е засрамувачки и не е македонски. Македонците не уништуваат, ние Македонците градиме. Работиме на прогрес, не работиме на уништување, вели во интервју за СИТЕЛ Ендру Пејкоф, познатиот американски бизнисмен од македонско потекло кој е основач и претседавач на Нијагара Ботлинг, ДОО – најголемата приватна компанија за флаширана вода во западната хемисфера.

Пејкоф зборуваше и за начинот на кој мегународните претставници навистина можат да и помогнат на Македонија.

Тој во врска со степенот на вмешаност на странските амбасадори во случувањата во Македонија има уникатна порака:

„Можеби треба да им дадеме сапун и вода и да им кажеме: Ако сакате толку многу да ни помагате, помогнете да се исчистат зградите. Не сакаме да ги охрабрувате луѓето да ја оштетуваат нашата држава, ако сакате да ни помогнете, добро. Еве ви кофи со сапун и вода – чистете ги зградите. Не им кажувајте на луѓето да го оштетуваат нашиот имот. Ако го правите тоа – не сте ни потребни овде.“

Избори по Заев или по странците: Со кој датум ќе настапи СДСМ откако отпадна 5 јуни

Што по одложувањето на изборите на 5 јуни, кој е следниот датум за кој разговара раководството на Социјалдемократскиот сојуз?

Повикувајќи се на партиски извори, „Дневник“ пишува дека не постои едногласност во партијата за новиот датум со кој би настапила на идните политички договарања, односно за Зоран Заев не бил прифатлив ниту еден друг термин освен избори наесен, додека, пак, останатите во раководниот тим, сметале дека треба да се поддржи ставот на странците, за кои, најприфатлива е формулата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните – следната пролет, 2017 година.

Истите извори за Дневник тврдат дека партиската позиција на Заев веќе некое време е на стаклени нозе, не само заради внатрешниот револт на членството, туку и поради граѓанскиот фактор, кој во повеќе наврати за време на протестите извикуваше пароли против него. Во есенскиот датум Заев гледа осигурување на својата челна позиција, бидејќи и членството е свесно оти досега изборите се одложуваа поради неподготвеноста на првите луѓе и стравот од фијаско.

Заев се плаши за својата позиција ако не се случат избори наесен. Тој е свесен дека ако нема избори во септември-октомври, ќе ја изгуби фотелјата,  оти со многу клучни чекори покажа дека не стои цврсто на нозе, дека лесно отстапува од своите позиции, ги менува ставовите. Од друга страна, пак, тука се и рејтинзите за поддршка – според кои, тој, и покрај се, има далеку помал рејтинг од Груевски, коментира партискиот извор на Дневник.

Ќе успеат ли сопартијците да го убедат Заев да ги прифати сугестиите на странските фактори, ќе покажат деновите што следат. Тоа што е извесно и официјално последно кажано од претседателот на СДСМ е „избори наесен“.

Избори може да има тогаш кога претседателот на ДИK ќе каже дека се исполнети условите, а Избирачкиот список е исчистен. Ако тоа се случи наесен, тогаш изборите може да бидат тогаш, ако е тоа до крајот на годината, тогаш изборите може да бидат тогаш, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за австриски „Дер стандард.

Сотир Костов: Заев ја чувствува Македонија како своја џунгла

Политичкиот аналитичар Сотир Костов нагласува дека станува неважно дали странците ќе му одобрат на Заев уште едно одложување на изборите, туку дека е важно што ќе каже македонскиот народ.

Со изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека избори ќе има тогаш кога тој ќе оцени, станува јасно дека тој не сака соочување со народот и дека земјата ја чувствува како своја дивина, вели политичкиот аналитичар Сотир Костов.

Со оваа изјава Заев покажа дека ја чувствува Македонија како своја џунгла. Очигледно е дека тој нема храброст да се соочи со гласачите и дека сака да дојде на власт без избори. Неговата намера е да предизвика перманентна политичка криза во услови кога сите економски параметри покажуваат дека Македонија се движи напред – вели Костов за Телеграф.мк.

Тој нагласува дека станува неважно дали странците ќе му одобрат на Заев уште едно одложување на изборите, туку дека е важно што ќе каже македонскиот народ.

Заев вчера во интервју за австриски „Дер стандард“ нагласи дека избори може да има тогаш кога претседателот на ДИК ќе каже дека се исполнети условите, а Избирачкиот список исчистен.

Zaev-liderska-sredbaАко тоа се случи наесен, тогаш изборите можат да бидат тогаш, ако е тоа до крајот на годината, тогаш нека се одржат изборите – вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Дер стандард“.

Но оваа изјава на Заев е крајно контрадикторна ако се знае дека Државната изборна комисија, на чие чело е Александар Чичаковски, кој важи за кадар близок на СДСМ, се изјасни дека се подготвени за организирање на изборите. Згора на тоа, ДИК не пронајде никакви фантомски гласачи, како што тврдеше СДСМ.

European commissioner Johannes Hahn helps with the political crisis in MacedoniaСпоред познавачите, зачудува и однесувањето на меѓународниот фактор, кој го толерира Заев во неговото бесконечно одложување на изборите и во поткопувањето на договорот од Пржино, кој веќе може да се прогласи за мртов.

Дали изборите и официјално ќе се одложат ќе се знае денеска до полноќ кога завршува рокот за поднесување на листите за пратеници. Досега само ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе кандидатски листи.

Извор: Телеграф.мк

Колумна на Стефан Влахов Мицов: Има ли кој да им каже на Заев и на странците: „Ај, сиктер!“

На македонскиот народ не му се признаваат резултатите од изборите, не му се дозволува да оди и на нови избори. Па, тоа го нема дури и во Сомалија, со која инаку сме многу слични. И таа како Македонија постои само правно, практично нема единствена влада, туку има паралелни државни институции. И таа како Македонија е управувана од племенски главатари, независно дека 85 отсто од населението е од еден етнос.

Македонската историја е целосна потврда на мислата на Ткидит, дека историјата се повторува. Со разни луѓе и генерации, но со ист резултат.

За жал, кај нас секогаш тоа повторување е драматично и жално. Главното е што ни фали тоа што не можеме да го издржиме соочувањето меѓу нашиот македонски космополизам и хуманизам и доминантниот во светот етноцентризам и национализам.

Затоа и во пресметките со тој национализам во повеќето случаи сме биле жртви. Победници сме биле само тогаш кога на странската агресија сме одговарале адекватно, цврсто, дури брутално како во античкиот македонски период, во дел од владеењето на Самуил, Хриз, Алексиј Слав и за време на антифашистичката борба.

Многу хумани се зборовите на македонскиот титан Гоце Делчев:

„Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите“.

Но, токму таа хуманост му дозволи  на агентот на бугарскиот кнез Фердинанд, Иван Гарванов да завладее со Внатрешната револуционерна организација и да ја фрли во предвременото Илинденско востание. А, пред тоа, софиските врховисти да го организираат убиството на Делчев, кој неколку месеци порано беше кажал:

„Ќе го скинеме црниот превез и ќе изгрее сонцето на слободата“.

Не беше доволно цврст дури еден Јане Сандански, кој не расчисти целосно со македонските предавници, па и тој беше убиен од нив.

И во борбата против фашизмот немаше македонска национална свест која ќе го пребродеше притисокот од една страна на Светозар Вукмановиќ Темпо, а од друга – на Бојан Балгаранов како претставници на КПЈ и на БСП (к) во Македонија.

Немаше личност која ќе кажеше: „Ај, сиктер, тука е Македонија!“, и притоа да води рамноправен дијалог со Тито. Сведоштво за полтронството на македонските политичари е и фактот дека по осамостојувањето на Република Македонија, од свиркачи и кодоши на Белград се трансформираа во подлизурковци на САД.

Денешната катастрофална состојба во државата е резултат од предавството на фалшливата политичка елита. Едвај пред неколку денови од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се слушнаа гласови дека наметнатата политичка криза морало да се расчисти уште пред две години.

Мораше, ама и сега таму доминираат „кооперативци“ во однос на албанскиот тероризам и експанзионизам, во однос на тортурите од страна на САД и ЕУ, и на предавништвото на Заев и соросоидите. Веќе сите видоа до каде води тој „кооперативен идиотизам“. На македонскиот народ не му се признаваат резултатите од изборите, не му се дозволува да оди и на нови избори. Па, тоа го нема дури и во Сомалија, со која инаку сме многу слични. И таа како Македонија постои само правно, практично нема единствена влада, туку има паралелни државни институции. И таа како Македонија е управувана од племенски главатари, независно дека 85 отсто од населението е од еден етнос. Разликата е во тоа што Сомалијците не мислат дека Американците им се пријатели, така што по историската битка за Могадишу (1993) ги избркаа од нивната земја.

Само што на македонските политичари-фотелјаши не им паѓа на памет да им се спротивстават дури вербално на странските уцени. Да не зборуваме за нешто повеќе. Тие немаат „патлак“ да му се спротивстават на терористичкиот главатар Али Ахмети, кој со 150.000 приврзаници и со 19 пратеници управува со македонското Собрание, кое брои 123 пратеници и практично со цела Македонија. На изборите во 2014 година, ДУИ, ДПА и СДСМ вкупно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ, но Ахмети се наметна во Владата, иако не го признава претседателот на државата.

Минатата година божем владејачката ВМРО-ДПМНЕ прифати лидерска средба на која сите четири партии беа изедначени. Ниту во природата „ниту во човечкиот свет нема случај слон да биде изедначен со мува, ама кај нас и тоа го има. Затоа што слонот се однесува како мува“.

И сега што?

Заев, Ахмети, Бејли, Орав и други црпнати повторно ќе го менуваат датумот за избори, ќе прават лидерски средби, ќе формираат коалициона Влада, притоа со премиер Албанец, ќе го распарчуваат остатокот од Македонија.

ЕВЕ ЗОШТО ПРАШАЊЕТО ДЕНЕС Е: ДА БИДЕМЕ ИЛИ ДА НЕ БИДЕМЕ? МОЖЕМЕ ДА ОПСТОИМЕ И ДА ИМАМЕ ИДНИНА САМО ПРИ ИЗБОРИ НА 5-ти ЈУНИ, ИАКО И ТОА Е МНОГУ ЗАДОЦНЕТ ДАТУМ.

Зошто ни се потребни час поскоро избори?

  1. Изгубените досега 160 милиони евра заради политичката криза не се најголемиот проблем. Груевски е економист, но мора да знае дека економијата е зависна од политиката. Џабе се секакви инвестиции: градежни, економски планови, слободни зони итн. ако не се среди политички државата. Притоа не станува збор само за избори и Влада, туку за ред во државата. Под ред се подразбира обезбедување на уставниот поредок и ликвидирање на главатарско племенскиот принцип на управување. Ахмети, Тачи итн. можат да бидат партиски главатари, но не и државни главатари. Главниот збор треба да го имаат претседателот и премиерот на државата, како и претседателот на Собранието – сите Македонци. Малцинството не може да диктира. По тоа прашање не може да има никаква дискусија, уште помалку пазарења.
  2. Избори се потребни за да биде изминиран притисокот на странците. За тоа што ќе се прави во Македонија ќе одлучуваат Македонците, при тоа мнозинството од македонскиот народ.
  3. Избори се потребни заради заканите од тероризам врз македонската држава. Како и заради емигрантските бранови. Со заминувањето на Давутоглу од премиерската функција брановите на бегалци кон Европа преку Балканот ќе се прошират, бидејќи Ердоган да ја испушти можноста се повеќе да ја уценува ЕУ. Ете, зошто е потребна одговорна и храбра влада, која преку полицијата и војската ќе се спротивстави на нападите од различни видови.
  4. Избори се потребни и за самата ВМРО-ДПМНЕ. Потребно е сериозно расчистување во пратеничките листи и во министерскиот состав, како и во државната администрација. ЗАТОА, ВАРИЈАНТАТА: ОДЛАГАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ И ВРАЌАЊЕ НА ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ НЕ Е ДОБРА ЗА МАКЕДОНИЈА. Со досегашните пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ не може да се оствари враќање на уставниот поредок. Потребно е освежување со личности за кои мајка Македонија е над се’, кои нема да живеат со мислите за фотелји и пари, туку за историска мисија.

Кога се зборува за потребата од нови луѓе во државните институции мора да се гледа на дупла перспектива. Не само за расчистување на кризата во Македонија, туку и за утрешните состојби во Европа. Денешните успеси на национализмот на континентот имаат длабока логика: заради целосниот хаос во ЕУ и заради трансформирањето во директен сателите на САД. Национализмот ќе јакне и на Балканот и ние мора да сме свесни за тоа. Со национализмот на соседите мора да се бориме на секаков начин, да не потклекнуваме на повици за „либерализам“, „пријателство“, „добрососедство“ на наша штета. Доста го правевме тоа.

На македонската политичка сцена мора да излезат не глувци, туку патриоти, не номоќни пилци (Македончиња), туку јастреби. Прво, за да биде исчистено ѓубрето од последните 25 години. Второ, за да ја реализираме нашата иднина мораме храбро да се соочиме со балканскиот национализам. Македонецот секогаш бил толерантен, хуман и космополит. Но, тие вредности можеме да ги зачуваме и да ги пренесеме на идните генерации само со силен отпор во однос на надворешни те и внатрешните македонски душегрижници. Од историјата знаеме дека вредностите не се бранат со молитви, туку со оружје.

Се разбира, прв чекор кон среќна иднина се изборите од 5-ти јуни. Македонскиот народ не заслужил такво понужување од страна на политичарите: секој ден стотици илјади излегуваат на улица со повик да се одржат изборите, а политичарите кои ги закажаа молчат како риби и калкулираат. МОРА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ДА КАЖЕ ЕДНОСТАВНО: ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ЗАТОА ШТО НИЕ ЌЕ УЧЕСТВУВАМЕ. НАС НЕ ИНТЕРЕСИРА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА, А НЕ ОСТАНАТИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ, НЕ ОДЛУКИТЕ НА САД И ЕУ. ЌЕ УЧЕСТВУВАМЕ И ЌЕ СЕ БОРИМЕ НА СЕКАКОВ НАЧИН ЗА ОДБРАНА НА ТАТКОВИНАТА. Ако и овој пат ВМРО-ДПМНЕ попушти, македонскиот народ ќе бара друга алтернатива. Зашто, партии има многу, ама народот ни е еден и државата ни е една.

Пишува: Стефан Влахов-Мицов за Нетпрес

Цвијановиќ: Без странците, Заев би бил само бура во филџан англиски чај

Она што денес се случува во Македонија, Западот ќе се обиде дополнително да го разгори и да го префрли во Србија и Босна, оцена е на Жељко Цвијановиќ, познат српски новинар и аналитичар за актуелните случувања во нашата земја и во регионот.

По изборите во Србија, тој посакува неговата земја да добие нова влада, која ќе им одолее на притисоците бидејќи стравува дека Западот во регионот подготвува „дезинтеграција и хаос“.

Впечаток е дека составувањето на новата влада не оди така мазно, што отвора дилема за постоењето и надворешни влијанија. Има ли основа во мислењата дека странците учествуваат во формирањето на новиот кабинет на премиерот Александар Вучиќ?

– Не е, значи, прашање дали учествуваат, бидејќи учествуваат во формирање влада од 2.000 година. Владите од 2012 година делумно го намалија влијанието на западните земји, отворајќи се за влијание на Русија, така што билансот на овие влијанија останува малку повеќе простор за српската влада и српската политика. Ова, сепак, не е доволно и западното влијание е с` уште премногу големо во Србија за да може да се однесува водена само од своите национални и државни интереси.

Во текстот „Зошто некој што толку се замешал во резултатите од изборите во Србија би останал на половина пат“ ја критикувате идејата за експертска влада. Што мислите, каква Влада ~ треба на Србија?

– Потребна ~ е силна политичка влада, која може да одолее на притисоците, а истовремено да не го загрози основното функционирање на државата. Во нејзиниот мандат, најважното прашање нема да биде економско, како што сакаат да проценуваат медиумите, аналитичарите и самите политичари. Првото прашање ќе биде освојување или дефинитивна загуба на суверенитетот на земјата, бидејќи се плашам дека од Запад ни подготвуваат дезинтеграција и хаос. Ќе ни треба влада која ќе биде во можност да се спротивстави на овој тренд. Пожелно е таа да биде коалициска за обемот да биде широк и да се намали можноста од внатрешни конфликти, но никако експертска, бидејќи тоа е само друго име за разорна работа на прозападните насмасници.

И Вучиќ зборува за влијанието на странците

Спомнувате некои медиуми кои испраќаат порака како новата српска влада треба да изгледа. Дали западните дипломати имаат врска со тие написи?

– Секако. Важно е да се знае дека во Србија првпат од 2.000 година се води отворена војна на западните амбасади и владата за влијание во медиумите. Добра страна на оваа војна е дека западните дипломати веќе не се скриени зад апсолутно послушни политичари, што ги трошат, заменуваат со нови и да продолжуваат да дејствуваат во сенка. Вучиќ во последните две години, отворено зборуваше за влијанието на Запад врз медиумите, а по изборите во април, дури и за влијаниете врз изборните резултати. Затоа, улогата на странците е с` помалку табу-тема во српските медиуми.

Дали српскиот премиер Александар Вучиќ ќе одлучи самостојно за формирањето на неговиот кабинет или ќе направи отстапки за да ги задоволи странците?

– Во политиката нема чисти категории, особено не во политиката на малите држави, чија судбина е секогаш избор меѓу две лоши решенија. Верувам дека отстапки ќе има, но исто така и ќе продолжи трендот, според кој, првата влада на Вучиќ, со Дачиќ на чело, покажа многу мал отпор на странските барања, додека другата покажа малку повеќе. Убеден сум дека оваа влада ќе покаже дури и повеќе, но ќе има и отстапки.

Велите, ќе биде влада која и однатре и однадвор ќе биде многу повеќе нападната од претходните две. Зошто?

– Ние во Белград многу внимателно ги следиме случувањата во Македонија, со оглед на тоа дека, иако сме две земји, дел од геополитичка целина. Настаните кај вас сведочат на почеток на хаосот и преформирање на Централен Балкан, што американските стратези отворено го сметаат за „незавршена работа“. Тоа што денес се случува во Македонија, Западот ќе се обиде дополнително да го разгори и да го префрли во Србија и Босна. Н` чекаат премногу тешки години, но се надевам дека на крајот заедно ќе славиме.

Не е ново ако се каже дека Србија седи на две столчиња, од една страна Запад, а од друга Русија. Ќе биде ли притисната да избере страна, и што е подобро за Србија?

– Србија мора да балансира бидејќи само така може да се спаси. Јас лично сум евроскептик, но сум против идеите да се прекинат преговорите со ЕУ бидејќи тоа во истиот момент ќе н` однесе во војна. Русија с` уште нема целосна концентрација на нашиот регион, но не смееме да ~ да го свртиме грбот, затоа што Западот би н` прегазил бидејќи својата балканска игра не ја базира на решавање на прашањата на православните народи, туку на Хрватите и Албанците. Затоа, за Србија е најдобро да ја зачува сегашната позиција и покрај тоа што, од година на година, станува с` потешко и потешко.

Според анкетите, дури 71,6 отсто сметаат дека за Србија не е добар влезот во ЕУ и НАТО, а повеќе од 55 отсто од анкетираните изјави дека Србија треба да се држи до Русија. Дали српските политичари ќе го послушаат народот?

– Kвалитетот на актуелната власт – и претседателот Николиќ и премиерот Вучиќ – е во тоа што е таа сепак избор на српскиот народ, а не корумпираната елита, која воопшто не ~ е наклонета. Дури и кога таа власт влече лоши потези, таа својот легитимитет го бара од народот, а не од елитите. А ова е важно затоа што, дури и ако не сум сосема сигурен дека ќе го послушаат народот, убеден сум дека нема да одат радикално против неговата волја.

Во иста геополитичка вреќа

Што мислите, колку странците се вклучени во случувањата во Македонија?

– За жал, многу повеќе отколку што е тоа може да се допушти. Да не беше тоа влијание – да не им даваат поддршка на „соросоидите“ и истовремено ~ ги врзуваа рацете на македонската влада – никогаш поделеноста на македонската елита не би можеле да се пренесе на ниво на народот. Без странците, Заев би бил само бура во филџан англиски чај.

Дали може да се направи паралела меѓу Македонија и Србија?

– Ние сме дефинитивно во истата геополитичка вреќа: не постои ништо денес што ~ користи на Македонија, а да не е од корист за Србија и обратно. Нашите непријатели се исти, нашите пријатели исто така. Мило ми е што меѓу Македонците созрева свеста дека дистанцирањето од Србија – што во последно време го имаше многу и предизвика многу меѓусебни недоразбирања – работи во корист на сопствените непријатели. Од друга страна, идејата за етничка федерализација на Македонија, која е жива на Запад, нема никаква смисла ако истовремено не се загрозат Прешево и северот на Kосово. Се надевам дека тие лекции го совладавме и ние и вие.

Протерување на руското влијание на Балканот

Дали на Западот му одговараат нестабилни земји на Балканот?

– Балканот е геополитичко продолжение на Блискиот Исток и источниот Медитеран, и настаните од тој регион нема да бидат префрлени на Централен Балкан, туку веќе се префрлуваат. Предизвикување нестабилност и закани за војни – во што пред с` учествуваат САД, Велика Британија и Турција – замислени се како продолжување на мигрантскиот притисок врз Европа и средство за протерување на руското влијание тука. Сценариото не се одвива според планираното, поради отпорот на Русија во Сирија и би можело да се каже дека Балканот веќе еднаш е одбранет во Дамаск. Не би ме изненадило сега Дамаск да биде нападнат од Балканот.

Извор: Дневник (Бранко Ѓорѓевски)

ШЕСТ МЕСЕЦИ СЈО: Јанева повеќе им реферира на странците отколку на македонската јавност

Шесте месеци од работењето на специјалното јавно обвинителство Kатица Јанева треба во форма на извештај да ги достави денеска до Советот на јавните обвинители и до Собранието на РМ.

За сето ова време јавноста малку слушна од Јанева за нејзината работа и на тимот соработници. Поточно еднаш, пред околу 1 месец, кога веројатно првпат во историјата на Македонија, отворањето истрага за одредени случаи преку т.н. предмет „Титаник“ беше најавено на прес-конференција.

Претходно Јанева беше повеќе присутна во јавноста преку фотографии со странските амбасадори, преку соопштенија за нејзините средби со бриселската тројка Иво Вајгл, Едвард Kукан и Ричард Ховит, па одделни соопштенија за средби со секој странски фактор што во улога на посредник или олеснувач, се најде во земјава изминатиот период. Средбите во сите случаи беа кусо опишани: Јанева добива поддршка за сработеното, но и за да истрае во предизвиците со кои се соочува. За какви предизвици зборувала Јанева, таа никогаш не проговори, односно не објасни зошто една обвинителка има потреба на странски дипломати да им ја објаснува својата работа.

Средби без детали

Единствени детали од средбите јавноста можеше да види преку фотографиите. Едната објавена пред околу еден месец на твитер-профилот на евроамбасадорот Аиво Орав, кога тој се пофали со фотографија на Јанева со десетина амбасадори од Франција, Холандија, Германија, Шпанија и други, и порака дека ~ даваат поддршка. Претходно, во декември, за уште една средба јавноста разбра од фејсбук-профил, овој пат на австралиската амбасадорка, на која Јанева е заедно со странските дипломати што ја покриваат Македонија од Србија, и порака дека „Јанева ги информирала за својата работа“.

За ваквите средби немаше најави ниту од амбасадорските канцеларии, а уште помалку од СЈО. Оттаму молчеа за тоа на чии покани се одржале средбите, кој бил поводот, за што се разговарало итн.

6 месеци молк за важни прашања

Детаљни информации немаше ниту за последната средба на специјалната обвинителка со заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, Брајант Хојт Ји.

Само беше соопштено дека било разговарано за „предизвиците со кои се соочува ова јавно обвинителство во реализација на своите законски надлежности, како и за важноста од обезбедување на услови за негово непречено работење“. Kако и за тоа дека Kатица Јанева во оваа пригода ја потенцирала „важноста на меѓуинституционалната соработка во насока на сузбивање на криминалитетот“.

Средбите и реферирањето пред странските дипломати не беа единствените тајни на СЈО. Многупати на важни прашања упатени на официјалниот имејл на обвинителството не добивавме одговор. На пример, во врска со дисциплинската постапка што треба да се води за обвинителката од СЈО која вршела притисок на судија од Управниот суд, потоа за отстранувањето на двете обвинителки од тимот на СЈО, па и за записникот во врска со материјалите од нелегалните прислушувања кои на 30 декември ~ ги предаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во врска со последново, претседателот на Советот на јавните обвинители Петар Аневски, пред кого таа одговара за својата работа, оцени дека е „уште еден минус“ за Јанева оти не му доставила извештај во врска со записникот. Иако Аневски најитно побара да го добие, неговата колешка до овој момент не му го достави. Сепак, последната изјава на Аневски за „Дневник“ беше дека нема да поведува никакви постапки против Јанева с` додека денеска не го види шестмесечниот извештај што очекува таа да му го испрати.

Извор: Дневник / Искра Kоровешовска