НАРОДОТ ПРОТИВ ПРЕДАВНИКОТ: Неколку илјади струмичани протестираа пред зградата на Заеви (ФОТО+ВИДЕО)

Strumica-protest-kaj-Zaev

Пораки за унитарна Македонија, зачувување на идентитетот, името, знамето и химната и против двојазичност испратија од Струмица група граѓани кои се собраа под иницијативата „За заедничка Македонија“.

На собирот беа испратени пораки за отфрлање на „тиранската платформа“ и залагање за зачувување на темелите на државноста.

Претставниците на земјоделците истакнаа дека Македонија е државата во која последните 11 години фармерите станале партнер во државата и оти драстично е подобрена положбата на земјоделецот, преку исплаќање субвенции и други бенефиции.

Неколку илјади се приклучија на протестната колона која се движеше од плоштадот преку зградата на Комуналец и преку зградата во која живееше семејството на Зоран Заев и пак се вратија на плоштадот. Голем број знамиња, испишани слогани и запалени бакли го следеа овој мирен марш.

strumica

strumica-2

strumica-3

strumica-1

„Балкан Аналитик Груп“: Струмица најкорумпирана општина во Европа, проневерени 100 милиони евра

zaev-gas-strumica

Извештајот на „Балкан Аналитик Груп“ покажува дека Струмица е најкорумпираната општина во Југоистона Европа.

Пресметките се дека за 10 години се имаат проневерено 100 милиони евра преку различни механизми и тоа преку јавните претпријатија, “пријателски тендери” на роднини, стручна администрација, поткупи и сомнителни зделки, легализации и продажба на земјишта. Далеку позади Струмица се Приштина, Сараево, Ѓирокастер од Албанија.

Со ова се открива огромен скандал.  Од друга страна, против Зоран Заев има судски процес за поткуп од 200 илјади евра, случај во обвинителство за сомнително криминално финансирање на СДСМ, тендери на фирми на роднини и пријатели.

Ваквиот извештај преставува и официјална потврда за сомнителните и незаконски работења и во меѓународни рамки.

bag

 

Обвинителството отвори нова истрага за криминал против лидерот на СДСМ Зоран Заев

Zaev-Strumica-SDSM

Обвинителството за организиран криминал отворило нова истражна постапка против лидерот на СДСМ Зоран Заев, дознава Press24 од добро упатени извори во истрагата. Обвинителството утрово преку писмено соопштение потврди дека се води истрага против висок функционер во општина Струмица, но не откри детали.

Осомничениот во 2010 година во исти ден повластувајќи исто правното лице од Струмица склучил четири посебни Договори со вкупна вредност од 1.029.549,оо денари за асфалтирање на една иста улица во населено место во општина Струмица, наместо да спроведе една транспарента постапка за јавна набавка со објава на оглас за доделување на договор, истовремено распишал и спровел четири одвоени постапки за прибирање на понуди без оглас и покрај законската забрана за делење на договор за јавна набавка на повеќе посебни договори со пониска вредност, со што ги изиграл одредбите  од Законот за јавни набавки на штета на Буџетот општината.“ – стои во писменото соопштение на Јавното обвинителство.

Лидерот на СДСМ веќе има една кривична пријава за работењето како градоначалник во општина Струмица.  Тој е осомничен за злоупотреба на положбата откако со камера беше снимен како бара мито од 200.000 евра за изградба на црква во општината.

Иако случајот е отворен пред подолг период судењето тапка во место, бидејќи Заев редовно наоѓа изговори за да не дојде на суд. Најчесто тоа се средби со амбасадори и конзули на амбасадите, а по некогаш се расипуваат автомобилите и на неговите адвокати.

Медиумите подолг период пишуваат за серија неправилности во работењето на општина Струмица. Според објавените информации, Заев поделил огромна сума пари преку тендери од општината на своите најблиски роднини и бизнис соработници.

„НетПрес“: Општина Струмица ја тресе нов финансиски скандал

Zaev-Strumica-SDSM

За криминалните зделки кои се спроведуваат во општина Струмица, а со амин на градоначалникот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, медиумите досега многупати пишуваа, а за некои од нив јавното обвинителство води и истражни дејствија.

Истрага за изборен криминал, злоупотреби на Заев и неговата администрација на законот за легализација на дивоградбите за случајот „Цареви Кули“, како и јавното обелоденување за скандалозно криминалните тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“, кои Заев му ги давал на неговиот сопартиец, Митко Андреевски, инаку претседател на комисијата за енергетика на СДСМ, се само дел од аферите.

-Информации до кој дојде Нетпрес откриваат уште еден голем финансиски скандал во општина Струмица. Нашите извори велат дека органите на прогонот откриле нови коруптивни зделки направени од одговорни лица во Општината. Со овие ,,бизниси” незаконски биле „испумпани“ десетици илјади евра буџетски пари на сметки на фирми блиски до локалните функционери на СДСМ, пишува Нетпрес.

Според порталот, станува збор за околу 4-5 јавни набавки, за асфалтирање на улици во струмичкото село Дабиле.

-Имено, нашите неофицијални информации велат дека наводно при асфалтирање на неколку улици во селото, место за цела улица, се одело дел по дел за да не се распишува тендер. Поточно, се правела јавна набавка до 5.000 евра, што пак е спротивно на Законот за јавни набавки, пишува Нетпрес.

За овие зделки, органите на прогонот обезбедиле документација од општина Струмица и од фирмата „Дикор ЦД“, изведувач на градежните работи, чиј сопственик е синот на поранешната пратеничка на СДСМ, Цветанка Ивановска.

По барање на Основното јавно обвинителство, извршени биле проверки во УФР и во ЦРМ за трансфер на средствата, како и за промени во сопственичката структура.

Обвинителството веќе покренало истрага за овој случај.

КУПУВАЛЕ ГЛАСОВИ: Обвинителството ги гони братот на Зоран Заев, Вице, и Оливер Спасовски за изборни измами

Zaev-Vice-Oliver

Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и бившот министер во МВР од редовите на оваа партија, Оливер Спасовски, се осомничени за изборни измами во истрагите кои ги води Основното јавно обвинителство, дознава Нетпрес неофицијално од извори во истрагата.

Обвинителството вчера соопшти дека „спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица“.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека работејќи континуирано на откривање и гонење на организираниот криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица. Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.

Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  презема  дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази“, се вели во информацијата на Обвинителството.

Нашите извори велат дека станува збор за сомненија за нелегално финансирање на кампањата и корупција при изборниот процес, односно купување на гласови или правно влијание врз волјата на гласачите. Првичните сознанија на истражните органи се дека во прашање се илјадници гласови, а што се однесува, пак, до сумите кои фигурираат засега информации велат дека стануба збор за стотици илјади евра. Освен парите, се проверува и поврзаноста и нудењето на разни други услуги во замена за гласови, како условување со вработувања, тендери преку кои потоа се финасирала кампањата и разни активности преку т.н. невладин сектор. Неофицијално, изворите од истрагата за Нетпрес велат дека Вице Заев наводно бил фатен како дели пари на ромското население во Турското маало во Струмица, и дека за тоа имало и докази.

За случајот од 2014 година, медиумите објавија обвинителството одзело компјутери од општината Струмица, за кои се претпоставува дека содржат податоци корисни за истрагата.

Додека за случајот од декември, 2016 година, медиумите објавено дека е извршен претрес во домот на началникот на кумановската полиција.

Со колку пари Заев го купи и каков притисок направи за советникот од ВМРО-НП да го смени мислењето за 12 часа?

Metodi-Vitanov-Strumica-1

Советникот во Општина Струмица од ВМРО-НП, Методи Витанов по само 12 часа го смени мислењето и денеска изјави дека ќе ја поддржува советничката група на СДСМ.  Останува отворено прашањето со колку Зоран Заев го купи и каков притисок направи за советникот да го смени мислењето?

Витанов денеска најверојатно под уцена и пред само еден медиум изјави дека грубо бил изманипулиран од централното раководство на ВМРО-НП која до вчера коалицираше со СДСМ во Советот на Струмица.

– Поради несериозноста на централното раководство на ВМРО-НП си давам оставка од партијата. Понатамошниот мандат во Советот на општина Струмица ќе го водам како независен советник, подржувајки ја советничката група на СДСМ, вели Витанов.

Metodi-Vitanov-Strumica-2

Вчера, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека имаат ново советничко мнозинство во Советот на Струмица откако Витанов влегол во нивните редови, барајќи итна седница за верификација на мнозинството, избор на нов претседател и вд градоначалник.

За само 12 часа, советникот од ВМРО-НП го смени мислињето. Витанов седеше до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ н неговиот потпис може да се види на иницијативата за смена на советничкото мнозинство, а сега го смени мислењето. Според добро упатени извори, во прашање е голема уцена и во игра биле и пари, а претходеле и закани по безбедноста на семејството и советникот.

Со ова се докажува недмократскиот и тоталитарен начин на дејствување на Зоран Заев во Струмица, кој е подготвен и на вакви чекори за да ја задржи власта во овој град.

Струмица вчера беше убедливо најзагадениот град во Македонија и во Европа

zagadenost

Во текот на вчерасниот ден Струмица беше најзагадениот град во Европа.

Естремно високата загаденист на воздухот во Струмица вчера достигна дури 479 мг / м3, а највисоката дозволена загаденост е 50 мг / м3.

Зоран Заев беше градоначалник цели 12 години и не направи буквално ништо да го намали загадувањето во Струмица.

Со овие алармантни бројки, вчера Струмица го презема приматот од Куманово во неславниот рекорд за најзагаден град во Европа.

За ова екстремно високо загадување на воздухот во Струмица никаде го нема Зоран Заев, ниту СДСМ, ниту НВО платениците на Сорос.

Како последица на загадувањето и политиките на Зоран Заев, во Струмица и околината има значителен раст на карциномите и повеке други заболувања поврзани со екстремната загаденост на воздухот во Струмица.

ФОТО: Струмичките улици во катастрофална состојба, Заев со импровизирано тракторче се справува со снегот

str-1

Поголемиот дел од улиците во Струмица се уште се непроодни, замрзнати и неисчистени. Додека струмичките улици се во катастрофална состојба, градоначалникот Зоран Заев со импровизирано трактoрче се справува со снегот.

Тротоарите низ Струмица се цели со снег и голомразица, а резултат на тоа се многубројните скршеници на граѓаните од сите возрасти, кои се повеќе ги полнат ходниците во општата болница.

str-2

Заев и локалната самоуправа не ги чистат струмичките улици, па граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со снегот и мразот. Не се расчистени ниту главните улици, а тоа не е ни чудно ако се види со каква “механизација“ се служи Заев во справувањето со снегот, импровизирано тракторче без регистерски таблички.

str-3

Возилата едвај се движат по една лента на главниот булевар во Струмица, кој исто така не е исчистен од снегот.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да одговара – тој се луксузира додека граѓаните трпат последици поради неисчистениот снег

VMRO-DPMNE-kamen

Катастрофална е состојбата во Струмица после врнежите од снег и студеното време. Најголема вина за тоа носи незаинтересираниот и неспособен градоначалник Зоран Заев кој граѓаните ги остави на цедило, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Срамно е аболицираниот криминалец Зоран Заев да дозволи струмичани да си ги кршат рацете и нозете по струмичкиот мраз кој не е исчистен од улиците и тротоарите затоа што Заев или е на новогодишен одмор во монденски одморалишта, или си ги вози скапите играчки по планините, далеку од проблемите на струмичани.

Минатиот викенд во Струмица повеќе од 30 лица побарале медицинска помош поради повреди при лизгање и паѓање на мразот кој Зоран Заев и локалната самоуправа не го исчистија од струмичките улици. Дури 12 струмичани се здобиле со скршеници, а некои од нив дури и завршиле на операциона маса.

За жал деновиве слушнавме и за два трагични случаи со фатални последици за време на поларниот студ во Струмица. Еден живот згаснал поради премрзнување, а вториот додека брзата помош не можела да стигне да интервенира поради неисчистените патишта во општината на Зоран Заев.

За ова аболицираниот криминалец мора да понесе одговорност. Додека тој се луксузира и забавува во монденски одморалишта и на снегот далеку од градските мразови, неговите граѓани добиваат препораки од лекарите да не излегуваат од дома за да не си скршат раце и нозе на мразот кој Заев не го исчистил.

Ете што аболицираниот криминалец Заев направи од градот. Хаосот во Струмица е доказ за неговата непсособност. За него е најважен личниот луксуз и профит.

Него никогаш не го интересирале граѓаните и нивните животи, туку само луксузот, личното криминално богатење и милионите што секојдневно легнуваат на сметка на неговите најблиски.

Истото што го направи со милионите од Глобал го прави со милионите од струмичкиот гас, го прави со дивоградбата на Цареви кули и со сите криминални тендери во општината.

ВМРО-ДПМНЕ: Над 30 струмичани со скршеници поради неисчистениот снег и мраз, додека Заев слави во луксузни одморалишта во топли краеви

VMRO-DPMNE-Soopstenie

Алармантна е негрижата на Зоран Заев и локалната власт во Струмица за градот и струмичани во периодот кога владее поларен студ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Викендов во Струмица повеќе од 30 лица се пожалиле на повреди поради лизгање и паѓање на мразот кој Зоран Заев и локалната самоуправа не го исчистиле од струмичките улици.

Во Струмица на улица 12 луѓе се здобиле со скршеници, некои од нив се оперирани. Сето ова поради лизгање и паѓање на мразот. Поради ваквата состојба лекарите препорачуваат струмичани, особено повозрасните, да не излегуваат од дома.

Ете што Заев направи од градот. Додека тој новогодишните празници ги поминува во луксузни одморалишта во топли краеви, а божиќните денови ги исполнува уживајќи по планини со скапи возила за возење на снег, за што гордо се фали на социјалните мрежи, струмичани добиваат совети да не излегуваат од дома за да не се здобијат со скршеници, затоа што нивниот градоначалник не води сметка за нив, нивната безбедност и здравје.

За аболицираниот криминалец Зоран Заев е поважен личниот луксуз, отколку граѓаните кои му ја дале довербата да води сметка за нив и условите во кои живеат.

Срамен е ваквиот незаинтересиран однос на Заев. За него Струмица и струмичани се интересни само кога преку криминални тендери може да им ги црпи парите со кои ќе гради хациенди на тропски локации и ќе бега од градот и од одговорноста која ја има.

Хаосот во Струмица е доказ за неспособноста на Заев. Аболицираниот криминалец Заев никогаш не го интересирале граѓаните, условите во кои живеат и подобрувањето на нивниот стандард. Го интересирал само луксузот, личното криминално богатење и милионите што секојдневно легнуваат на сметка на неговите најблиски.

Истото што го направи со милионите од Глобал го прави со милионите од струмичкиот гас, го прави со дивоградбата на Цареви Kули и со сите криминални тендери во општината.

Сето ова ќе заврши наскоро. Струмичани на локалните избори ќе стават крај на лагите на аболицираниот криминалец Заев.