УЗУРПИРАНА ДРЖАВА: Одземен имунитетот на Управниот судија Газменд Фејзуљи кој води предмет против Талат Џафери

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, на 26 мај 2017 година поднесе барање за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот, а повредени поради незаконско дејствие при избор на Талат Џафери за претседател на Сорбанието на Република Македонија.

Петров од Управниот суд побара да донесе решение со кое се уважува предлогот за заштита поради незаконско дејствие и да ја поништи Одлуката број 08-1108/1 од 2 мај 2017 година за избор на претседател на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ број 53/2017).

Управниот суд на Македонија со допис Успи.бр.20/2017 од 16 јуни 2017 година, примен на 29 јуни 2017 година, побара од подносителот на барањето уредување на предлогот за заштита од незаконито дејствие.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров на 7 јули 2017 година до Управниот суд на Македонија поднесе допис со уредување на предлогот за заштита од незаконито дејствие.

Се чека одговор од Управниот суд.

Судија известител по предлогот на претседателот на СМК, Тодор Петров против одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, е управниот судија Газменд Фејзуљи.

Денес, пак, на 17 август 2017 година Судскиот совет на Македонија го одзеде имунитетот на петмина судии на Управниот суд на Македонија. Неофицијално, станува збор за управните судии Билјана Никодиновска Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газменд Фејзуљи. Судиите се осомничени за злоупотреба на судиската функција во партиски цели и судско решавање на приговори за изборни нерегуларности во 2013 година, пред, за време и по локалните избори.

Претседателот на СМК, поднесе барање до Управниот суд на Македонија да го изземе судијата Газменд Фејзуљи од предметот против Талат Џафери, поради сомневање за повторување на делото, злоупотреба на судиската функција во партиски цели во врска со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија.

Дали судијата Иван Џолев свесно застарувал предмети?

Советот за утврдување факти денеска не можеше да одлучи по новата претставка поднесена од Антикорупциска за работењето на судијата од кривичниот суд Иван Џолев.

Дали судијата од кривичниот суд Иван Џолев повеќе пати направил повреда на законските процедури при постапување како судија и не ги почитувал роковите? Дали се огласувал за ненадлежен по предмети на Антикорупциска и АЕК и придонел да застарат постапките? Дали Џолев како судија работел стручно и совесно или пак прекинувал постапки, за тие да завршат во архива и да застарат? Советот за утврдување факти денеска не можеше да одлучи по новата претставка поднесена од Антикорупциска за работењето на судијата од кривичниот суд Иван Џолев. Неговиот адвокат го извести претседателот на Советот Јордан Лазаров дека кривично го пријавил бидејќи ја злоупотребил функцијата и сега закажал седница за утврдување на работењето на судијата, пренесува Алфа ТВ.

-Ние сметаме дека е повреден на еден груб начин законот за Советот кој што утврдува факти за одговорност на судии при што не е почитуван рокот за поведување постапка за утврдување на факти и сметаме дека тоа се прави намерно, да не кажам злонамерно. Многу индикативно е што ова постапка се води сега паралелно со ова постапка има и постапка за избор на претседател на судот – изјави Стеван Павлески, адвокат на судијата Џолев.

Лазаров ја прекина седницата и се додека нема одлука на обвинителството за кривичната против него, седницата каде треба да се оценува работењето на судијата Џолев нема да продолжи. Претставката за работата на Џолев е поднесена во 2014 та година, според неговиот адвокат седницата требало да биде закажана најдоцна за 6 месеци, а не после 3 години.

РАЗОБЛИЧЕНИ ЛАГИТЕ НА СОРОСОИДИТЕ: Невозможно е да се влијае врз изборот на судија во Европскиот суд

Крајно се неосновани обвинувањата на адреса на Парламентарното собрание на Советот на Европа дека пристрасно и необјективно е извршен изборот на Јован Илиевски за нов судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, велат извори на „Дневник“ во ПССЕ.

Илиевски, инаку шеф на македонското Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, беше избран со мнозинство гласови – 106 од членовите на ПССЕ, а неговата противкандидатка, уставната судијка Наташа Габер-Дамјаноска, освои 86.

Некои од македонските опозициски медиуми фрлија сомнеж врз начинот на гласање во европската институција квалификувајќи ја како пристрасна поради тоа што Илиевски е во роднинска врска со поранешниот директор на УБK, Сашо Мијалков.

Според истите извори, какво било сомневање во начинот на кој судиите се избираат нема логика.

Повеќе во печатеното или електронско издание на Дневник.

СДСМ и СЈО бараат нов политички подобен судија за предметот со опремата на УБК

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по тричасовен распитот во Основниот суд Скопје 1 – Скопје за случајот „Тврдина“ изјави дека е сосема спокојна и дека не направила ниедно кривично дело.

Јанкулоска повтори дека не се чувствува виновна и рече дека СЈО води политичка пресметка во име на опозициската СДСМ, со нивните неистомисленици на кои им се ставаат на товар конструирани случаи.

Спорeд Јанкулоска, фактот што денеска обвинителите од СЈО побарале изземање на судијката од овој случај поради политички причини е потврда дека ова обвинителство работи под диктат на СДСМ за политички поени во јавноста.

-За тврдењата СЈО нема никакви дококази. Сите обвинувања се политичка конструкција, а не правна аргументација. Рече Јанкулоска и додад дека управувањето со таа опрема биле оперативно-техничко и тактички активности, кои ги воделе професионални лица.

Јанкулоска подвлече дека изминатите девет години работла совесно и чесно според законите.

– Сосема сум спокојна и немам направено никакво кривично дело.  Народот е мудар и знае кој што сработил, рече Јанкулоска.

Инаку, според информации од истрагата, Специјалното јавно обвинителство побарало изземање на судијата на претходна постапка Александра Поп – Стефанија откако за неа кривична пријава поднесе СДСМ. Ова е уште еден координиран настап на СДСМ и СЈО. Кривичниот суд во изминатиот период беше под силен притисок од СДСМ и СЈО. На притисокот реагираше и Судскиот Совет.

Кривичната пријава на СДСМ против судијката Александра Поп- Стефанија е веројатно прв случај во историјата на македонското судство, политичка партија да отвори кривичен прогон против судија поради донесена судска одлука која не е по нивна желба.

По неколку дневните закани со кои СДСМ врши силен притисок врз судската власт, преку соопштение реагираше Зоран Караџовски актуелен претседател на Судскиот совет.

-За жал во Република Македонија дневните партиски препукувања се повеќе и се погласно се прекршуваат преку грбот на судиите и генерално судскиот систем. Судската одлука по својата природа може да предизвика незадоволство кај една страна. Но, не е исправно користејќи ги судските одлуки да се даваат предлози кои прозвучуваат како јавно искажана закана и сеење страв за целата фела. Сите што располагаат со релевантни докази за незаконско работење на судија тоа треба да го пријават во надлежно јавно обвинителство, бидејќи само на тој начин „политичарите и политикантите“ би докажале дека се за владеење на правото, а не за анархија, вели Караџовски.

Притисоците и заканите од страна на СДСМ врз судската власт траат подолго временски период, од нападите на нивни поддржувачи кон Уставниот суд, преку нивните општински организации, па се до јавни изјави на највисокото раководство.

Андонов: Како судијата промени одлука за неколку часа, дали му е вршен притисок или го уценувале?

Ирационална и апсурдна е одлуката на судијата Јован Лазаревски  кој во само неколку часа судеше против своето сопствено убедување. Тој прво го отфрли барањето за претрес со образложение дека СЈО нема правна надлежност на предметот. Само неколку часа подоцна тој го разгледуваше барањето за притвор и одлучи по него.

За експертите е нејасно како дошло до ваква нагла промена на личниот став, но тврдат дека судијата должи одговори на јавноста.

Универзитетскиот професор Оливер Андонов во изјава за Курир ја коментира ваквата одлука на судијата, но и однесувањето и работата на Катица Јанева.

-Треба да се соочи самиот со себе и со својата совест како е можно да во неколку часа промени одлука по ист предмет. Дали му е вршен притисок, дали некој му кажал што да направи или е уценет со нешто, тоа тој треба да си даде одговор зошто и како го прави тоа. И веднаш ќе се надоврземе на вториот аспект, а тоа е акција таканаречена. Тука нема случај, не постои случај. Очигледно е дека СЈО раководено од СДСМ политички бара причина за да може да направи случај. Ако се знае дека хард дискот се наоѓа кај Катица Јанева, дека сите податоци се достапни, каков случај бараат тогаш? Нема никаков случај. Има само желба за отворање на политички прогон, таканаречена стратегија на посреден пристап за да се пронајде било каква нитка, дамка за да се нападне поранешниот премиер Груевски. Ова е класична политичка борба, буквално класична политичка борба, вели тој.

Професорот презентира факти кои цврсто ја побиваат целата релевантност на акцијата.

– За волја на вистината, морам да кажам дека Горан Груевски лично го знам од времето кога работевме заедно во армијата. Се сомневам во тоа дека такво нешто би направил човекот, дека би уништувал нешто за да прикрие докази. Но уште повеќе претседателот на комисијата кој утврдил дека треба да се расклопува опремата и истата да се уништи подоцна, е унапреден во повисоко звање во МВР откако претходно дава лажна изјава, а се обвинува архиварка која со ништо не може да влијае бидејќи архивските броеви од 2013 не се истите што се и денеска. Можете да вршите антидатирање за ден, два, три недела, но секоја следна година за сите институции архивските броеви се различни. Книгата се затвора и се носи на страна. Дури има предмети што во тековната година нема потреба да се чуваат во архивата се преместуваат на друго место, во депо. Таа книга е затворена, тие архивски броеви се затворени, кој може во 2016 да врати назад 2013, три години нананзад. Тоа е невозможно, вели тој..

Жалба на одлуката на судијата на претходна постапка во врска со притворот за Горан Грујевски поднесе одбраната, потврдуваат од скопскиот Кривичен суд. Според постапката, жалбата веќе е испратена за одговор до Специјалното јавно обвинителство по што, Кривичниот совет има рок од 48 часа да донесе одлука по неа.

Експертите велат дека станува збор за чудна одлука на судијата Јован Лазаревски, особено ако се има предвид дека тој претходно го отфрли барањето за претрес со образложение дека СЈО нема правна надлежност за предметот. Во текот на вечерта, го разгледуваше барањето за притвор и одлучи по него. Што во тие неколку часа влијаело врз судијата да ја смени одлуката, се уште нема информации.

АПСУРДНА ОДЛУКА: Судијата Лазаревски донесе одлука спротивно на своето убедување

Ирационална и апсурдна е одлуката на судијата кој во само неколку часа судеше против своето сопствено убедување. Тој прво го отфрли барањето за претрес со образложение дека СЈО нема правна надлежност на предметот. Само неколку часа подоцна тој го разгледуваше барањето за притвор и одлучи по него.

Жалба на одлуката на судијата на претходна постапка во врска со притворот за Горан Грујовски поднесе одбраната, потврдуваат од скопскиот Кривичен суд. Според постапката, жалбата веќе е испратена за одговор до Специјалното јавно обвинителство по што, Кривичниот совет има рок од 48 часа да донесе одлука по неа.

Експертите велат дека станува збор за чудна одлука на судијата Јован Лазаревски, особено ако се има предвид дека тој претходно го отфрли барањето за претрес со образложение дека СЈО нема правна надлежност за предметот. Во текот на вечерта, го разгледуваше барањето за притвор и одлучи по него. Што во тие неколку часа влијаело врз судијата да ја смени одлуката, се уште нема информации.

СКАНДАЛОЗНО: Специјалната Ленче е ќерка на судија сменет за криминал

Работите со фронтмените на СЈО не изгледале баш онака како што треба да изгледаат според нивните планови. Миленко Неделковски на својот портал Дудинка ги објавува следните факти.

Како само „Специјалната“ Гица Прасица успеа да ги собере околу себе сите синчиња и керкичиња на татковци криминалци и манипулатори. Рецидиви од комуњарскиот режим, богаташи од Бранковата транзиција?!

Земајки предвид дека Гица одработува за криминалец со десетици кривични пријави, чии татко е осуден за кражба на струја – Зоран Заев, а заедно со криминалци како Кирацовски и идни осуденици како Оливер Спасовски, се избиструва маглата што САД и Британската амбасада сакаат да ни ја продададт за “професионалците“ од СЈО.

Таткото на љубовџиката во таборот на Гица, обвинителката-портпаролка Ленче Ристовска, бил КРИМИНАЛЕЦ. Еве што пишува Утрински весник во понеделникот на 16-ти октомври 2006-та:

– „Разрешување на тетовски судии
Републичкиот судски совет вчера одлучи да му предложи на Собранието разрешување и на двајца судии од Основниот суд во Тетово поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Станува збор за тетовските судии Никола Ристовски и Ќани Абдуљи. Двајцата судии, кои биле „специјализирани” за овој вид предмети, на кои им давале приоритет, противправно легализирале 16 постари возила. Како што веќе пишуваше „Утрински весник”, во целата оваа афера биле вклучени и тројца полициски службеници од Тетово, кои помогнале за добивање уредна документација на спорните возила“.

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2066&stID=67505&pR=2

Од тие ујдурми со возилата, што „судијава“ со години ги работел и од тоа “заработувал, и купува на Ленче стан на нејзино име, кај градинката во Карпош 4, одкако таа почнува да студира прва година, негде околу 2001 година.

Гица Кејти Прасица е магнет за криминалци и деца на криминалци.

Предходно за СЈО Гаврил Бубевски јавноста дозна дека:

– „Гаврил Бубевски во јавноста е познат како кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на Зоран Заев. Елица Медарска пак, мајка на адвокатот на Заев и СДСМ, Филип Медарски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Софија Медарска претходно Спасова, пак, сопруга на Филип Медарски е судијка во скопскиот Основен суд 2. Софија е ќерка на Ристе Спасов, секретар на судот.

Значи, по логиката на нештата, мајка му на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува. Сестрата на Филип Медарски, пак, Ана Медарска Лазова, работи на прием на тужби за Република Македонија во Стразбур. Од ова произлегува дека најтесното семејство на адвокатот на Зоран Заев, сега засилено со неговиот кумашин во тимот на Катица Јанева е одлично распоредено во македонскиот правен систем и дели правда.

Оттука произлегува тесната поврзаност на Гаврил Бубевски, и неговото просперирање во кариерата. Но тоа не е се.

Имено, Гаврил Бубевски е син на Данче Бубевска судијка во Основниот Суд во Берово и Киро Бубевски транзиционен директор на Агрокомбинатот „Малешевска слива“ – Берово, кој своевремено беше распарчен и распродаден, а стотици семејства беа оставени на улица.

Агрокомбинатот пред уништувањето од страна на таткото на Гаврил Бубевски поседувал 660 хектари земјоделско обработливо земјиште претежно под овошни насади, јаболки, вишни и сливи. Исто така, агрокомбинатот поседувал и илијадници грла на стока, поточно 5.000 овци, 200 кози и 300 крави, сопствена млекара и дестилерија во која се произведувала популарната Беровска ракија од слива.

По уништувањето на фирмата во која биле вработени неколку стотоици ако не и илијада луѓе кои поради таткото на Бубевски останале на улица, тој купува неколку станови во Скопје, каде Бубевски и неговата сестра живеат (секој одделно во посебен стан) за време на студиите.

Освен ова, Бубевски во СЈО е познат заведувач, и често е гледан во интимно присуство со обвинителката Фатиме Фетаи, со која се одвојувал во одвоени простории како и се сретнувале надвор од канцелариите за наводна консултација“.

Извор: Дудинка.мк

Случајот „Судија малтретиран од Специјален обвинител“ утре пред Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители утре ќе расправа за последниот пријавен случај на злоупотреби од членови на тимот на Катица јанева. Претставката на судија кој бил малтретиран од специјална обвинителка веќе била препратена од Судскиот Совет до Советот на јавни обвинители.

Од таму велат дека претставката е примена и за неа ќе се расправа на првата седница, односно утре.

Неофицијално, во претставката било наведено дека судијата бил повикан на разговор во познат ресторан на скопскиот плоштад. Специјалната јавна обвинителка му се заканувала и го малтретирала се додека судијата не го напуштил објектот. За притисокот и заплашувањето судијата го известил Судскиот Совет.

Од таму вчера потврдија дека предметот бил доставен до надлежниот орган односно до Советот на јавни обвинители.

Ова не е прв случај кој се однесува на работењето на Специјалното јавно обвинителство а со кој сега ќе треба да се занимаваат јавните обвинители.

Претходно граѓани кои беа мета на закани и уцени поднесоа кривични пријави против членови на тимот на Катица Јанева. И полицијата по службена должност поднесе кривична пријава против вработен во МВР кој нудел 100.000 евра поткуп за лажно сведочење кое требало да ја дискредитира поранешната министерка Гордана Јанкуловска.

Во последните две пријави кои пристигнале до јавното обвинителство, граѓаните се жалат дека биле премет на закани и уцени, дека биле психички малтретирани и застрашувани да дадат исказ со кој не се согласуваат или да соработуваат со СЈО без никаква покана.

Според извори од истрагата, едниот граѓанин ги пријавува Специјалните обвинители дека му упаднале дома без налог и ја избркале неговата мајка, наложувајќи и да ги остави сами. Се жали дека повеќе од еден час психички го малтретирале наложувајќи му даде изјава за нешто што не го направил.

Втората пријава  е од оштетена која била предмет на заплашување и закани.   Ја повикале без покана во соседниот локал на разговор. Откако ги одбила, лично и се јавило женско лице кое се претставило како обвинителка и и се заканило дека ако одбие да дојде, нема да помине така лесно со писмената покана.

Според неофицијални извори, истрагата на обвинителството за овие случаи прогресира а дел од оштетените кои поднеле кривични пријави веќе биле повикани и дале исказ.

Претходно во писмена изјава до медиумите Специјалното обвинителство демантираше дека членови на тимот малтретирале граѓани. Катица Канева сепак во изјава не сакаше да ги коментира обвинувањата од граѓаните и двете обвинителки кои беа отстранети од нејзиниот тим, тврдејќи дека во изминатите денови одмарала и била на прослави.  

СПЕЦИЈАЛНО МАЛТРЕТИРАЊЕ: И судија бил жртва на закани од тимот на Јанева

Обвинителка од тимот на Катица Јанева заплашувала судија и вршела притисок тој да соработува со Специјалното јавно обвинителство. Судијата за случајот веднаш го известил Судскиот Совет.

Извори од Советот за „Прес24“ потврдуваат дека судијата поднел претставка за притисок и заплашување против член на тимот на Катица Јанева.  Целиот случај тие го препратиле до надлежен орган за понатамошно постапување. Во случајот за ваква претставка надлежно е Јавното обвинителство.

Неофицијално, во претставката било наведено дека судијата бил повикан на разговор во познат ресторан на скопскиот плоштад. Спцеијалната јавна обвинителка му се заканувала и го малтретирала се додека судијата не го напуштил објектот. Веднаш потоа случајот бил пријавен.

Ова не е прв случај кој се однесува на работењето на Специјалното јавно обвинителство а со кој сега ќе треба да се занимаваат јавните обвинители.

Претходно граѓани кои беа мета на закани и уцени поднесоа кривични пријави против членови на тимот на Катица Јанева. И полицијата по службена должност поднесе кривична пријава против вработен во МВР кој нудел 100.000 евра поткуп за лажно сведочење кое требало да ја дискредитира поранешната министерка Гордана Јанкуловска.

На прес-конференцијата во понеделникот, Јанева не сакаше да ги коментира наводите за несоодветно постапување од страна на членови на нејзиниот тим. Јанева не успеа да одгвори дали позади нивното разрешување има друга причина, како што во јавноста деновиве се пишуваше.