Груевски: Ова што го работи СЈО е незаконски – целта е да се оттргне вниманието од основните проблеми со кои се соочува државата и граѓаните

Ова што го работи СЈО е незаконски, бидејќи нивниот мандат е одамна истечен и овие предистражни постапки што ги водат практично се малтретирање на граѓаните во услови кога тие не може да поднесуваат никакви обвиненија или практично работат незаконски, изјави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешниот распит во Специјалното јавно обвинителство.

– Денеска бев поканет од СЈО во својство на сведок за некоја нивна, како што кажаа прдистражна постапка. Им укажав дека ова што го работат е незаконски, дека нивниот мандат е одамна истечен и дека овие предистражни постапки што ги тераат практично се малтретирање на граѓаните во услови кога тие не може да поднесуваат никакви обвиненија или практично работат незаконски, рече Груевски.

Но, како што додаде, за да не излезе дека одбегнува дошол да го каже своето мислење и да одговори на некои прашања.

– Мислам дека ова го прават со цел да сум тука пред вас да ја дадам оваа изјава. Наместо да се зборува за она што случува во државата, за она што се зборува за промена на името од страна на Заев, наместо да се зборува за профункционирањето на ветените 100 илјади денари плата за лекарите или 500 евра просечна плата, за скандалозниот договор со Бугарија или пак, да се зборува за двојазичноста која што СДСМ ја промовира во Парламентот, да се зборува за тоа дека јас сум бил повикан во СЈО и дека сум дал изјава како сведок, рече Груевски.

Според него, „сето ова е политички со цел да се оттргне вниманието од основните проблеми со кои се соочува државата и граѓаните, да се зборува за минатото и на да се замае јавноста“.

– Членот 12 алинеја 2 од Законот за кривична постапка е многу јасен, дека незаконски прибавени аудио или видео сметки, не може да бидат доказ во судска постапка, ниту по нив да се изведуваат докази. Со оглед дека се работи за предистражна постапка мислам дека законски не смеам да соопштувам, изјави Груевски по распитот во СЈО.

Судија Владимир Панчевски: Бев брутално нападнат и следен од СЈО (ФОТО)

На 5 ти октомври 2017 јас бев таргетиран од СЈО и полицијата пребаруваше и некомпетентното судство во мојот дом во Гевгелија, вака во свој напис објавен на социјалните мрежи судијата Владимир Панчевски обвини за брутален напад врз него од страна на специјалното јавно обвинителство, потенцирајки дека судството дозволило криминална истражна процедура. Тој вели и дека за целиот незаконски третман со кој се соочува го запознал и Амбасадорот Бејли негова екселенција пред еден месец, но сеуште не добил одговор за жалбата.

Интегрално, текстот ви го пренесуваме во целост:

-Додека траеше ова јас бев брутално нападнат и следен од специјалниот обвинител Катица Јанева, а судството дозволи криминална истражна процедура.

Тоа завши со кршење на домашните закони и Уставна поделба употребувајќи физичка сила со ограничување на моите основни човекови права и слободи пред медиумите и пред моите колеги најавуваји дека Владимир според Судот 1 во Скопје со непочитување на претпоставка дека е невин, бев јавно прогласен за виновен за криминални дела според Кривичен Законик за прислушување и давање на службени информации од судот и злопотреба на моќ пред една година кога бев претседател на судот.

За време на истражувањето специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и Ленче Ристоска даваа изјави пред судот.

Морам да нагласам дека додека еден од полициските службеници кој беше воден од тимот на СЈО од канцеларијата го украде клучот од вратата на мојот дом кое што беше документирано на безбедносните камери.

Чив беше предлогот и кој нареди таква злоупотреба на моќ од страна на СЈО и по чија наредба беше тоа јас не знам но јас пријавив до надлежните институции но се сомневам дека ќе реагираат. Исто така ова го испратив до Амбасадорот Бејли негова екселенција пред еден месец но не добив одговор сеуште за жалбата.

Поцитуван г-дин, во очај но без страв и со чиста совест овој заговор против мене љубезно ве замолувам да го разгледате овој случај и да ги разгедате фактите и инволвирањето на Американската амбасада на следниов линк.

Како американски луѓе ви даваме доверба и мора да се вклучите па се надевам дека ќе го разгледате случајот и ќе го видите ова на мојот фејсбук профил каде ја објавив злоупотребата на високи функционери во Американската амбасада во Скопје.

Ви благодарам.

Со нетрпение го очекувам Вашиот одговор,

Владимир Панчески, судија.

Кадија го тужи, кадија го суди: Без да го повикаат на рочиште Апелација и СЈО донеле пресуда во случајот на Јанакиевски

Преседан во македонското судство се случи вчера кога судот без присуство на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и неговата одбрана одржа рочиште во неговиот случај кој го води Специјалното јавно обвинителство.

Без воопшто да да ги повикаат и Јанакиевски и неговиот адвокат Елинчо Миланов, судиите од Апелација заедно од СЈО си одржале рочиште и си донеле одлука. Јанакиески не бил ниту информиран дека ќе има рочиште во неговиот случај, ниту пак бил уредно повикан на суд.

На рочиштето Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на  СЈО против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик.

Од судот се оправдуваат дека до Јанакиески не била доставена покана затоа што тој не бил во неговиот дом и не можел да ја добие, сепак, според адвокатот на екс министерот, Елинчо Миланов, ова не е оправдување.

– Тоа не може да биде оправдување, затоа што Јанакиевски има превентивна мерка и секој петок се јавува во судот така што чудно е што не можел да биде пронајден. Ќе побараме предлог за враќање во претходна состојба за да биде одржана седницата во негово присуство, вели Миланов во изјава за Република.

Со таквиот чин на Јанакиески директно му било оневзоможено да се произнесе за случајот и грубо му беше повредено правото на одбрана загарантирано за секој граѓанин на Република Македонија. Според правните експерти со ова се супсендира и законот и Уставот на Република Македонија и уште еднаш се покажува дека наместо правен, се води политички процес.

Принципот за еднаквост е основен елемент на правото на правично судење во смисла на чл.6 од Европкста конвеција за човекови права. На секоја странка во постапката мора да и биде дадена можност да го презентира својот предмет , под услови што не го ставаат во понеповолна положба во однос на неговиот противник.

Во основните права на обвинетиот е регулирано дека обвинетиот мора да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана, а особено да му бидат доставени доказите против него и оние во негова корист. Во основните права на обвинетиот е регулирано дека истиот мора да има можност да се произнесе за фактите и доказите кои го товарат како и за оние кои му одат во прилог. Одбраната не смее да биде лишена од можноста да изнесе аргументи под истите услови како и обвинителството.

Адвокатот на Јанакиевки, Елинчо Миланов, во изјава за „Република“ ја коментира и пресудата, за која вели е апсурдна затоа што во претходни случаи, од истиут суд, прислушуваните разговори беа одбиени како доказ во постапката.

– Проблемот е што има спротиставени пресуди од судот. Во едни случаи пресудите се дека прислушуваните разговори не може да се користат како доказ а во нашиот случај пресудата е дека разговорите може да се користат како доказ. И двете пресуди се правосилни со право на жалба, но во првиот случај жалбата е одбиена. – вели Миланов.

Миланов додава дека ќе се поднесе и преставка до Советот за утврдување на фактите, кој ќе треба исто така да ја преиспита оваа одлука на апелација.

Во меѓу време, со писмо до јавноста излезе и Јанакиески кој смета дека ова е класична политичка дискриминација од страна на судот.

-Скандалозно тврдејќи дека за мене и моето семејство не може да важат одредбите од Европската конвенција за човекови права, Уставот и законите во Република Македонија кои го штитат правото на приватност и семеен живот само затоа што сум бил министер и вршев функција преку која со мојот тим оставив бројни мерливи и видливи проекти зад себе, СЈО направи уште една повреда на моите права како граѓанин вршејќи политичка дискриминација врз мене, пишува Јанакиески.

Тој во писмото реагира и што Апелацискиот суд одлучувал за жалбата на СЈО без негово присуство. Исто така, претпоставува дека Специјалното јавно обвинителство поседува дури 100.000 разговори од него и неговата сопруга.

-Иако од нив никогаш не сум добил официјално известување колкав е обемот на материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации за кои тврдат дека се мои, по моја слободна проценка врз основа на јавно објавените податоци од СЈО, најверојатно се работи за над 100.000 разговори во кои спаѓаат и разговори на мојата сопруга, која го користи еден од телефонските броеви за кои СЈО вели дека биле незаконски прислушкувани. Би ги запрашал претставниците на СЈО, зарем не е повреда на правото на приватност и семеен живот прислушкувањето на моите и на разговорите на мојата сопруга, направено надвор од било каква законска процедура?, прашува поранешниот министер.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека постои директна спрега помеѓу СДСМ и ЈО кое се користи за механизам за дисциплинирање, закана и уцена

Сакаме да алармираме за да остане забележано. Со изјавата на Зоран Заев дека обвинителството наводно водело истрага за криминал на двајца членови од владата, Заев потврдува дека постои директна спрега помеѓу СДСМ и јавното обвинителство кое се користи за механизам за дисциплинирање, закана и уцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало нити би можело да знае што работат обвинителите кои се посебен државен орган, но со оваа изјава на премиерот се потврдува дека Заев во суштина е нарачател на работата на обвинителите, факт кој е скандалозен и тотално незаконски. Сега е јасно дека Заев освен што е инсталиран премиер, е и шеф и на државното и на специјалното обвинителство, со што се врши директно загрозување на функционирањето на правниот систем , и од тука не е воопшто чудно што на срамен начин се организираа, легитимираа и легализираа најкриминалните избори кои се случија во изминатиот месец, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Сето ова е театар во кој Заев аболиран за криминалот во Глобал од 8.5 милиони евра, човек против кој се одолговлекува судски случај за барање на мито од 200 илјади евра, и кој во Струмица на своите фирми, и фирмите на своите братучеди и блиски им делеше милионски тендери, сака да се престави како лажен борец за правда. Бидејќи веќе и јавно не се крие спрегата помеѓу обвинителство и СДСМ, го повикуваме Заев јавно да ги објави осомничените криминалци од неговата влада“.

Данев: Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и СЈО

Вчера се виде целта на политичката инструментализација на СЈО и монтираните истраги. Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и СЈО и не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место, вели драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднесе 24 тужби за 45 избирачки места за изборни нерегуларности, додека судот не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место. Ваквото делување на Управен е заради оркестрираниот притисок од страна на двоецот СДС/СЈО. Имено СЈО во монтирана постапка во предизборниот период покрена постапка против пет судии во Управниот суд, заради нивно слободно судско уверување, додека Судскиот совет под влијание на СДС надвор од секаква правна логика им го одзема судскиот имунитет, потенцираше Данев.

Тој додава дека ДИК и Управниот суд беа под страшен притисок како и целата администрација. ДИК и Управниот суд одеа по линија на помал отпор и одлучија да замижат пред очигледниот фалсификат на овие избори само за да не станат предмет на натамошен прогон на политичкото обвинителство на Заев. Вакво насилство, притисоци и закани немало и не смее да се повторат.

-Целата јавност преку доказите и фактите кои беа објавени во медиумите виде дека на изборите во недела беше направен најголемиот изборен фалсификат во независна Македонија. Беше извршено полнење на кутиите со однапред заокружени ливчиња за СДС, со методот на т.н. бугарски воз, доказ за тоа се гласачките ливчиња од Карпош најдени во изборни кутии во Охрид, ливчињата од Велес најдени во Струмица, од Врапчиште во Гостивар, но и со записник утврдените недостатоци на гласачки ливчиња во Гевгелија и Берово. Граѓаните видоа дека станува збор од фалсификат од мегаломански размери кога во Ресен беа најдени гласачки ливчиња со ист сериски број, што индицира на двојни ливчиња. Сето ова е фото и видео документирано, поткрепено со докази и записници, за што медиумите редовно објавуваа, рече Данев.

Тој вели и дека доказите и фактите за изборен криминал сепак не беа доволно за ДИК и Управен да го пребродат стравот и наместо под притисок да одлучуваат по словото на законот.

-Управниот суд и ДИК наместо согласно закон одлучуваа под притисок и сугестија на власта. ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува и потсетува сите оние кои за потребите на СДС вршат изборен криминал и ги изигруваат законите, дека со враќањето на демократијата во Републиката ќе се врати и правната држава, а сите прекршители на законите ќе одговараат согласно закон. Одговорност за овие изборни криминали ќе има и мора да има, изјави Данев.

ВИДЕО: Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е најфрапантниот доказ за начинот на кој работи СЈО и притисоците што ги врши врз него но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги.

Нов скандалозен видео материјал фрла ново светло врз упадот на СЈО и полицијата во домот на екс претседтелот на кривичниот суд Владимир Панчевски. На материјалот од домашниот видео надзор од домот на судијата се гледа како еден од службениците го зема домашниот клуч на судијата и го става в џеб.

Палевски најавува кривична: Манекенкиве и мештресиве од СЈО со фраерот Пеливанов ја претераа

Бизнисменот Љупчо Палевски најавува кривична пријава против обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, затоа што, како што вели, ја злоупотребувал правдата и се однесувал како се да му е дозволено.

„40 дена бев мирен и коректен, но манекенкиве и мештресиве од СЈО со фраерот Пеливанов ја претераа, злоупотребувач на правда и кркач на кривична пријава. Дечкото телефонски си запленува кеш по куќи, мислејќи дека се му е дозволено“ – напиша Палевски на својот фејсбук профил.

Како што дознава „Република“, обвинителите на СЈО по втор пат упаднале во домот на Палевски и му биле запленети пари и мобилен телефон.

Во краток разговор за „Република“, Палевски го потврдува случајот. Тој не извести дека неговите адвокати составуваат кривична пријава против СЈО и обвинителот Трајче Пеливанов, кои, според него, спротивно на законот од неговиот дом одзеле пари и мобилен телефон кои немаат никаква конекција со истрагата.

– Во среда сабајле, до сите релевантни институции во светот ќе се обратам за процедурата на Пеливанов и СЈО, вели Палевски, кој додава дека ваквите дејствија на СЈО се поради неговиот политички ангажман, и третата политичка опција која ја најавува. 

Јавно го повикувам СЈО, 24/7 сум подготвен да се расчисти предистражната постапка, завршува бизнисменот.

Специјалното Јавно Обвинителство го терети Палевски дека на youtube објавувал приватни телефонски разговори. Тој го негира делото и вели дека нема никаква врска со каналот „Никола Тесла“ кој ги објавува разговорите. Во исто време, постапката против него почна по истекот на рокот во кој СЈО можеше да поднесува обвиненија.

Љупчо Палевски е поранешен претседател на градската организација на СДСМ во Скопје. Минатата недела тој ја разбранува македонската јавност откако го поли со бои новинарот Бранко Героски по нивната расправија и закажаната „ферка“ на фејсбук. Палевски тогаш изјави дека ја продолжува шарената револуција во која учествувал на нејзиниот почеток.

Упадот од страна на СЈО, доаѓа по тој настан.

Додека криминалците царуваат, СДС се насочи кон човек со здравствени проблеми третирајќи го како најголем криминалец

Стравот и нервозата од изборниот пораз на СДС се видливи на секое можно поле. Токму затоа повторно беше активирана партиската испостава на СДС, СЈО која побара притвор на Едмонд Темелко, а судството под притисок на СДС донесе одлука за прифаќање на барањето на СЈО.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите реагира на притворот на единствениот македонски градоначалник во Абанија, Едмонд Темелко, потсетувајќи дека од една страна спротивно на законот СДС и Зоран Заев пуштаат на слобода осудени криминалци, од друга страна политички монтираат случаи и бараат притвори.

Двојните аршини на СДС се видливи. Надвор од сите процедури, крешјќи ги правилата, СЈО донесе политичка одлука, Судот испорача. Одлуката единствениот македонски градоначалник во Албанија да оди во притвор преставува врвно лицемерие и уште еден показател за киднапирањето на државата од страна на хунтата на СДС. Додека криминалците царуваат, СДС се насочи кон човек со здравствени проблеми, третирајќи го како најголем криминалец“, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.

ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека СДСМ се свесни за поразот, па затоа очекуваат политичкото обвинителство на Катица Јанева активно да се вклучува во изборната кампања на СДС.

„Нивната борба за живот, е борба за правење на криминали на врхушката на СДС. Затоа народот ќе ги казни, а одговорност за сите кој ги силуваат законите и носат политички наместо правни одлуки, ќе има многу брзо“, пишува со соопштението.

Фатиме Фетаи со поддршка за Албанија во Струмица, со смеење и потценување за македонската репрезентација

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи имала непријатен и вулгарен „настап“ за време на натпреварот меѓу Македонија и Албанија во Струмица кој заврши со резултат 1:1. Фетаи, според навивачите кои го проследиле натпреварот во нејзина близина, гласно се смеела и со потценување зборувала за македонската репрезентација.
Луѓето кои седеле околу неа со гадење го коментираат нејзиниот однос кој не само што не доликува на лице кое извршува висока државна функција, туку и не доликува на лице кое е жител на Република Македонија.
Фетаи е позната како обвинител кој почесто подига чашка отколку обвиненија, па не би било чудно доколку пред натпреварот Фатиме посетила некоја локална кафеана во Струмица за да ги загрее гласните жици пред да се исмева со играта на Македонската репрезентација.
За жал доминантната игра на македонската репрезентација не беше крунисана со втор погодок и заслужена победа, после која ќе можеше да се заклучи дека кој последен се смее, најслатко се смее. Иако Фетаи веројатно ќе има и други натпревари на кои ќе може да ја научи и таа лекција.

БЕЈЛИ НИ ГОТВИ НЕШТО НОВО: Обвинители од СЈО биле на обука во Амбасадата на САД во Скопје (ВИДЕО)

Неколкумина обвинители од СЈО изминативе 10-тина дена биле на обука во американската амбасада во Скопје, дознава ТВ Нова. Нема информации која е целта и за што се обучувале специјалните обвинители.

ТВ Нова побара детали од СЈО, но досега нема одговор од ова обвинителство која е целта на обуката и која е причината за поминувањето на работното време во амбасадата на САД?

Деновиве ВМРО-ДПМНЕ повторно излезе со обвинување кон СЈО за нивно политичко, а не правно делување.

Во последните неколку настапи ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Катицаа Јанева за обид да се вмеша и да влијае во полза на СДСМ.

Мандатот на СЈО од 18 месеци за покренување обвиненија истече на крајот на јуни. Според законот, за сите предмети кои ги водеше ова обвинителство, а не отвори обвиненија, должно е, да изготви решение за прекин на постапката.

Формирањето на СЈО беше дел од Договорот од Пржино и беше одобрено од сите четири политички партии, под покровителство и на Соединетите Американски Држави, кои многупати досега истакнаа дека целосно го поддржуваат Кабинетот на Специјалната обвинителка и нејзината улога во истражувањето и гонењето на криминалните дејствија кои произлегуваат од содржините од нелегално прислушуваните разговори.

Минатата година беше поднесена и иницијативата за оценување на уставноста на СЈО во судот , но досега не се најде на дневен ред на седниците на Уставниот суд.