Џафери: До идниот петок ќе се донесе законот за јазиците и ќе биде затворено прашањето

Од понеделник, во Собранието ќе продолжи прекинатата расправа за Законот за јазиците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува овие измени да бидат донесени до идниот петок и да се затвори ова прашање.

Предложениот Закон за употреба на јазиците, предвидува во сите органи на државната власт, во централните институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да се употребува и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните.

Со овој закон судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции ќе треба да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

На албански јазик ќе бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите и бандеролите.

ВИДЕО: СДСМ се избрука, не може да обезбеди мнозинство – Талат збесна, ги фрли листовите и си замина

Талат Џафери даде пауза од половина час со иронична порака до СДСМ да се обидат да обезбедат мнозинство за итната седница која што ја бараа за автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

–  Почитуваното мнозинство да си обезбеди мнозинство до тогаш, им порача Талат Џафери на СДСМ и нервозно го напушти спикерското столче.

Џафери се обидува да ги замолчи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои обелоденија криминали на ДУИ

Талат Џафери денес се обиде да го замолчи пратеникот Антонио Милошоски кој од собраниската говорница почна да ги изнесува информациите за сторен криминал на градоначалниците од ДУИ.

Во моментот кога Милошоски се обиде да ја објасни потребата од носењето на законот за двојазичност дека е со цел да се сокријат криминалите и неспособноста на ДУИ пред своите гласачи, Џафери најпрво започна да му упаѓа во дискусијата за на крај во неколку наврати да му го исклучи микрофонот со што му го ускрати правото на збор на пратеникот, едно од основните демократски права во Собранието на Република Македонија.

УЗУРПИРАНА ДРЖАВА: Одземен имунитетот на Управниот судија Газменд Фејзуљи кој води предмет против Талат Џафери

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, на 26 мај 2017 година поднесе барање за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот, а повредени поради незаконско дејствие при избор на Талат Џафери за претседател на Сорбанието на Република Македонија.

Петров од Управниот суд побара да донесе решение со кое се уважува предлогот за заштита поради незаконско дејствие и да ја поништи Одлуката број 08-1108/1 од 2 мај 2017 година за избор на претседател на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ број 53/2017).

Управниот суд на Македонија со допис Успи.бр.20/2017 од 16 јуни 2017 година, примен на 29 јуни 2017 година, побара од подносителот на барањето уредување на предлогот за заштита од незаконито дејствие.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров на 7 јули 2017 година до Управниот суд на Македонија поднесе допис со уредување на предлогот за заштита од незаконито дејствие.

Се чека одговор од Управниот суд.

Судија известител по предлогот на претседателот на СМК, Тодор Петров против одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, е управниот судија Газменд Фејзуљи.

Денес, пак, на 17 август 2017 година Судскиот совет на Македонија го одзеде имунитетот на петмина судии на Управниот суд на Македонија. Неофицијално, станува збор за управните судии Билјана Никодиновска Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газменд Фејзуљи. Судиите се осомничени за злоупотреба на судиската функција во партиски цели и судско решавање на приговори за изборни нерегуларности во 2013 година, пред, за време и по локалните избори.

Претседателот на СМК, поднесе барање до Управниот суд на Македонија да го изземе судијата Газменд Фејзуљи од предметот против Талат Џафери, поради сомневање за повторување на делото, злоупотреба на судиската функција во партиски цели во врска со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија.

ВИДЕО: Талат признава дека го крши законот при разрешување на Зврлевски и се повикува на имунитет

Скандалозен настап на Талат Џафери во Собранието на Република Македонија. И покрај мислењето на државната комисија за спречување на корупцијата каде се посочува дека не смее да има разрешување или менување на функционери назначени од Собранието или од Владата, сепак Џафери продолжи со седницата притоа цитирајќи делови од заканот каде што пратениците не можат да бидат повикани на одговороност за незаконско гласање.

-Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање во Собранието, рече Џафери.

Тој исто така, посочи и дека Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршењето на функцијата пратеник.

НЕ СЕ ДОГОВОРИВМЕ ВАКА СО РАМКОВНИОТ: Македонците се понижени, македонскиот прикажан како јазик од втор ред

Под покровителство на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и нелегитимниот претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва во Скопје беше одбележана 16-годишнината од потпишувањето на политичкиот Охридски рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија.

Потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД, Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во конфликтот од 2001. Поради тоа, граѓаните од македонска националност го сметаат за насилно изнуден и неприфатлив.Шеснаесет години подоцна експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.

Службен јазик во Република Македонија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, дури и според овој договор, иако вечерва македонскиот јазик беше понижен претставен како јазик од втор ред. Името на договорот чиешто потпишување беше одбележано прво беше испишан на албански, а потоа на македонски и на англиски. Изгледа сите заборавиле вечерва дека македонскиот е јазик на мнозинството во Република Македонија, а Рамковниот договор ги уредува правата на малцинствата, не на Албанците.

Да потсетиме, денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.


Рамковниот договор е спроведен, ако се отвори, следува физичка поделба на Македонија

Денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.

Во своето обраќање пред албанската дијаспора во Берн го отвори, а на митинзите го повторува прашањето за отворање на Охридскиот рамковен договор. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките за да се исполни договор кој е веќе исполнет и затворен. Доколку земеме предвид што сѐ нуди Рамковниот договор и фактот дека е спроведено речиси сѐ од него, следни барања, бидејќи веќе нема што да се бара, би биле физичка поделба на државата, нејзина федерализација како стадиум пред поделба.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21 век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Ова играње со оган ќе нè изгори сите. Ова што го зборува Заев е чисто уривање на рамковниот договор. Тој е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, тоа се коси со одредбите од Рамковниот договор, смета аналитичарот Никола Србов.

-Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат. Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија“, рече Србов.

Заев директно ги поткопува државноста на Република Македонија и Уставот со ваквите изјави и со ваквиот тип на политика, ловејќи албански гласови.

ВИДЕО: Народот одби да го празнува Илинден со Џафери од УЧК и ненародната влада на црпнатиот предавник Заев

На денешната прослава на Денот на Републиката, 2 Август – Илинден, на која според протоколот требаше да присуствува претседателот на Собранието, освен нелегитимниот претседател на Собранието и функционерите кои беа просутни поради протоколот, немаше никој.

Мечкин Камен никогаш не бил олку пуст.
Граѓаните реагираа жестоко на безбројните провокации кои Џафери ги прави од собраниската говорница, како и на начинот на кој што беше избран, со кршење на Уставот и деловникот за работа на Собранието.

Ниту на Џафери ниту на другите членови на делегацијата од СДСМ, никој не им пружи рака додека пристигнуваа на локацијата. Коментаторите на социјалните мрежи забележаа дека дури и ако на Мечкин Камен „имаше радијација како во Чернобил, пак повеќе луѓе ќе имаше“.

СДСМ направи целосно бинационално Собрание – Талат го крши Уставот, СДСМ аплаудира

Со поздравно обраќање на албански јазик, Талат Џафери од претседателската фотелја, на првата собраниска седница по спорниот избор за претседател на парламентот ги прекрши Уставот, Законот за употреба на јазиците и собранискиот Деловник. Додека Џафери го крши Уставот, СДСМ го фали и аплаудира, притоа правејќи целосно бинационално Собрание.

Злоупотребата на Џафери на претседателскиот пулт, со обраќањето на албански јазик предизвика тензичен почеток на седницата за избор на новата влада, на што реагираа пратениците Антонио Милошоски и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. На непочитувањето на Уставот, Законот и Деловникот не реагираше новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.

Џафери прво на албански и потоа на македонски јазик им се заблагодари и на тие што го поддржале и на тие што го оспоруваат неговиот избор за претседател.

– Свесен сум за сите предизвици со кои се соочувам и за сите обврски што ги презедов. До почетокот на исполнувањето на коалицискиот договор на мнозинството, односно до донесувањето на законот за јазиците, ќе продолжам да ја водам седницата на македонски јазик. Со тоа укажувам и докажувам дека сите сме подготвени за ниво на толеранција, која треба да ја рефлектираме сите ние во нашите односи и понатаму да создаваме демократски можности по демократски пат да се остварат сите очекувања од граѓаните – рече Џафери.

Но со ова, Џафери де факто потврди дека претседател на Собрание може да се обраќа и пленарните седници да ги води само на македонски јазик.

На ова реагира пратеникот Милошоски, кој му повтори на Џафери дека за ВМРО-ДПМНЕ, тој е само пратеник и му укажа дека ги крши Уставот, Законот за јазиците и Деловникот.

– Почитуван пратеник Џафери, веднаш почнувате да ги кршите Деловникот и Законот за јазиците. Собранието и пленарната седница не се работно тело за да се обраќате на албански јазик и бараме тоа да се почитува. Ова Собрание, за жал, почнува со голема политичка недемократска дамка, која ќе виси над пратеникот Талат Џафери, кој на нелегален начин беше избран за претседател. Вас ќе Ве почитуваме како пратеник, но ништо повеќе од тоа затоа што сами влеговте во игра и го прекршивте Деловникот – рече Милошоски.

Џафери обраќањето на Милошоски кон него како пратеник се обиде да го сврти во своја полза.

– Јас сум претседател избран од мнозинството и треба да се договорите во пратеничката група дали ќе комуницирате со пратеникот или претседателот. Ако ми се обраќате со пратеникот, согласно Деловникот, пратеникот има право да го користи својот јазик. С` дури така се обраќате, јас ќе ја користам мојата деловничка можност да си го користам својот мајчин јазик – одговори Џафери.

Но, и во таков случај, Џафери продолжува да ги крши Уставот и Законот, бидејќи како пратеник, тој на албански јазик може да се обраќа од говорница, од пратеничко столче или на комисија, но не и од претседателскиот пулт. Ова значи дека ако Џафери говори на албански јазик, за да не ги прекрши Уставот и Законот, ќе мора да го напушти претседателскиот пулт.

Додека претседателот на Џафери го крши Уставот, СДСМ тоа го одобрува и дополнително го фали собранискиот спикер за таквите постапки.

-Задоволство ми е што после 8 години можам да кажам од оваа говорница дека го почитувам претседателот на Собранието на Република Македонија што не беше случај во изминатиот период за претходниот претседател на Собранието, рече пратеникот од парламентарното мнозинство, Горан Мисовски.

Милошоски: Апелираме пратеникот Џафери да го почитува законот за јазиците

Талат Џафери на првата седница која што ја води во Собранието на Република Македонија, почна да претседава на албански јазик, иако тоа е против деловникот и законските одредби. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го повика пратеникот Џафери да ги почитува законите, барем до моментот додека она што го имаат договорено со СДСМ, не го преточат во законска одредба.

-На почеток на ова Собрание и на оваа седница почнувате да го кршите деловникот и законот за употреба на јазиците. 2008 година заедно со СДСМ и ДУИ и 2011 година потоа, овој закон имаше свои амандмани, во членот 1, став 3 пишува дека службен јазик во Собранието на Република Македонија е македонскиот, во став 2 пратеникот кој зборува различен јазик од македонскиот, а кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија може на седница на работно тело да зборува и на седница на Собрание исто така на својот мајчин јазик. Пратеникот кој зборува различен јазик од македонскиот, според став 3, а го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија, може на тој јазик да претседава и со седница на работното тело, но Собранието и пленарната седница не се работно тело. И апелираме овој закон да се почитува од сите пратеници и од пратеникот Талат Џафери, барем до моментот додека она што го имате договорено со СДСМ, не го преточите во законска одредба, изјави Милошоски.

Милошоски кажа дека оваа седница на Собранието почнуваат со една голема политичка, недемократска дамка, која што ќе остане да виси над пратеникот Талат Џафери, бидејќи тој е досега единствениот што прифати една улога на недемократски начин, на нелигитимен начин, на нелегален начин, на едно скришно, неделовничко, надвор од седници и од заседание гласање, да биде октроиран претседател на Собранието.

-Втората работа што сакам да ја напоменам, е дека ова Собрание и оваа седница за жал, почнуваат со една голема политичка, недемократска дамка, која што ќе остане да виси над пратеникот Талат Џафери, бидејќи тој е досега единствениот што прифати една улога на недемократски начин, на нелигитимен начин, на нелегален начин, на едно скришно, неделовничко, надвор од седници и од заседание гласање, да биде октроиран претседател на Собранието. Затоа ние вас ќе ве почитуваме како пратеник во Собранието, избран од граѓаните, со верификуван мандат, како што сите ние имаме мандати и сме должни да бидеме тука и да работиме во интерес на граѓаните, но ништо повеќе од тоа, затоа што сами влеговте во игра заради свои лични кариерни амбиции, да го кршите деловникот и да направите еден таков недемократски чин, кој за жал следуваше и со одредена ексалација на тоа незадоволство од овој законодавен дом, изјави Милошоски.

Команданти на УЧК го окупираат Собранието

Порталот ИНА кој известува на албански јазик пренесува вест дека поранешни команданти на УЧК го посетуваат нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

2

Во текстот со наслов „Команданти на УЧК го „окупираат“ Собранието“, порталот ИНА објавува дека ,,прв пат по независноста на Македонија, албански кадар е поставен на врвот на Парламентот нa Македонија. Уште од првиот ден од инсталирањето на Талат Џафери во неговата канцеларија, „патролираат“ многу граѓани и функционери за да го посетат него и да му посакаат успеси во работата. Последно Џафери бил посетен и од Џем Ламалари-Барут и неговите соборци, кои овој ден и оваа посета ја оцениле како посебна.“

Инаку, Џем Ламалари е поранешен командант на УЧК, познат како командант Барути.

3

Тој пред два месеци изјавил: Албанците, веднаш, ама баш веднаш треба да прогласиме самостојност, од Липково па се до Преспа. Да формираме комисија за надгледување, од актуелните пратеници до првите државни избори на Илирида.  Јас ке бидам прв нејзин војник.

4

Инаку Џафери, уште не влезен во кабинетот, постави две албански знамиња со што грубо го прекрши Законот за употреба на знамињата, грбот и химната и Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија.

65

Џафери освен што постави две албански знамиња, на бирото се најде и книгата „Балканскиот мегаетникум“ која испрача порака за обединување на Голема Албанија, односно за усвојување на „Платформата за решавање на албанското национално прашање“ кое е усвоена од страна на Албанската академија на науките и уметностите во 1998 година.