Таткото на бодигард на Заев именуван за помошник началник во Струмица

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски продолжува да дели унапредувања како подароци за неговите партиски колеги и брутално да го партизира министерството, објавува порталот ДЕНЕШЕН.

Со новите именувања, Оливер Спасовски уште еднаш му се изнасмеа на Судот во лице и избриша под со судските одлуки, иако пред само два дена заработи кривична пријава за непочитување на судска одлука.

Имено, како што дознава ДЕНЕШЕН, со скок од шест места во хиерархијата на МВР во Струмица како помошник на началникот е поставен Танчо Пројковски, инспектор по дрога. Инаку, Пројковски е татко на Даниел Пројковски, еден од првите луѓе во обезбедувањето на опозицискиот лидер Зоран Заев и истакнат активист на СДСМ, објави порталот.

projkovski-daniel640

projk-daniel

tanco

Исто така, вчера Оливер Спасовски  донел уште едно партиско решение за унапредување во МВР. Со тоа решение, спротивно на законот, повторно за 6 нивоа се унапредува  Љупчо Трајковски, инспектор во УБК Штип и партиски кадар, поставен за помошник во СВР Штип. Исто и Љупчо Трајковски е познат како активист на СДСМ во Штип.

ljupco640

Овие две решенија на Спасовски доаѓаат откако пред само една недела техничкиот министер го ангажираше како советник членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми,  кој стана познат на јавноста со повиците да се лее крв по улиците. На прашањата од медуимите за поставувањето на Адеми, наместо одговор, јавноста доби само молк од Спасовски и МВР.

Претходно, Оливер Спасовски им подели партиски решенија и на Магдалена Несторовска, Владимир Пивоваров и Горан Трајковски,  сите партиски функционери на СДСМ без искуство во полицијата. Трајковски преходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество, а сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.

На ангажманот на Трајановски му претходеше поставувањето на Магдалена Несторовска за државен советник за човечки ресурси, која инаку е советник на СДСМ во општина Карпош. Владимир Пивоваров кој исто така влезе во кабинетот на Спасовски беше дел од комисијата за Безбедност на СДСМ.

Завчера медиумите објавија дека против Спасовски е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неизвршување на судска одлука“ предвидено во член 377 став 4 во врска со став 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Имено, во врска со незаконските именувања и разрешувања на Оливер Спасовски, направени исклучиво по партиска линија, Управниот суд донесе времени мерки кои после жалбите на Оливер Спасовски станаа правосилни. Сепак Спасовски одлучи да ги игнорира и да не постапува по нив. Станува збор за 29 времени мерки.

Кривичното дело е дотолку посериозно поради фактот што пријавениот постапил спротивно и на член 13 ставови 4 и 5 од Законот за судовите, согласно кој судските одлуки се задолжителни за сите правни и физички лица и имаат поголема сила во однос на одлуките на кој и да е друг орган и согласно кој секој е должен да ја почитува правосилната и извршната судска одлука под закана на законски санкции.

Исто така, со ова дејствие пријавениот постапил и спротивно на членот 5 од Законот за управните спорови, согласно кој одлуките на судовите донесени во управните спорови се задолжителни и извршни.  Максимално запретената казна за делото кое му се става на товар на Оливер Спасовски изнесува 10 години затвор.

СКАНДАЛОЗНО: Специјалната Ленче е ќерка на судија сменет за криминал

Работите со фронтмените на СЈО не изгледале баш онака како што треба да изгледаат според нивните планови. Миленко Неделковски на својот портал Дудинка ги објавува следните факти.

Како само „Специјалната“ Гица Прасица успеа да ги собере околу себе сите синчиња и керкичиња на татковци криминалци и манипулатори. Рецидиви од комуњарскиот режим, богаташи од Бранковата транзиција?!

Земајки предвид дека Гица одработува за криминалец со десетици кривични пријави, чии татко е осуден за кражба на струја – Зоран Заев, а заедно со криминалци како Кирацовски и идни осуденици како Оливер Спасовски, се избиструва маглата што САД и Британската амбасада сакаат да ни ја продададт за “професионалците“ од СЈО.

Таткото на љубовџиката во таборот на Гица, обвинителката-портпаролка Ленче Ристовска, бил КРИМИНАЛЕЦ. Еве што пишува Утрински весник во понеделникот на 16-ти октомври 2006-та:

– „Разрешување на тетовски судии
Републичкиот судски совет вчера одлучи да му предложи на Собранието разрешување и на двајца судии од Основниот суд во Тетово поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Станува збор за тетовските судии Никола Ристовски и Ќани Абдуљи. Двајцата судии, кои биле „специјализирани” за овој вид предмети, на кои им давале приоритет, противправно легализирале 16 постари возила. Како што веќе пишуваше „Утрински весник”, во целата оваа афера биле вклучени и тројца полициски службеници од Тетово, кои помогнале за добивање уредна документација на спорните возила“.

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2066&stID=67505&pR=2

Од тие ујдурми со возилата, што „судијава“ со години ги работел и од тоа “заработувал, и купува на Ленче стан на нејзино име, кај градинката во Карпош 4, одкако таа почнува да студира прва година, негде околу 2001 година.

Гица Кејти Прасица е магнет за криминалци и деца на криминалци.

Предходно за СЈО Гаврил Бубевски јавноста дозна дека:

– „Гаврил Бубевски во јавноста е познат како кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на Зоран Заев. Елица Медарска пак, мајка на адвокатот на Заев и СДСМ, Филип Медарски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Софија Медарска претходно Спасова, пак, сопруга на Филип Медарски е судијка во скопскиот Основен суд 2. Софија е ќерка на Ристе Спасов, секретар на судот.

Значи, по логиката на нештата, мајка му на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува. Сестрата на Филип Медарски, пак, Ана Медарска Лазова, работи на прием на тужби за Република Македонија во Стразбур. Од ова произлегува дека најтесното семејство на адвокатот на Зоран Заев, сега засилено со неговиот кумашин во тимот на Катица Јанева е одлично распоредено во македонскиот правен систем и дели правда.

Оттука произлегува тесната поврзаност на Гаврил Бубевски, и неговото просперирање во кариерата. Но тоа не е се.

Имено, Гаврил Бубевски е син на Данче Бубевска судијка во Основниот Суд во Берово и Киро Бубевски транзиционен директор на Агрокомбинатот „Малешевска слива“ – Берово, кој своевремено беше распарчен и распродаден, а стотици семејства беа оставени на улица.

Агрокомбинатот пред уништувањето од страна на таткото на Гаврил Бубевски поседувал 660 хектари земјоделско обработливо земјиште претежно под овошни насади, јаболки, вишни и сливи. Исто така, агрокомбинатот поседувал и илијадници грла на стока, поточно 5.000 овци, 200 кози и 300 крави, сопствена млекара и дестилерија во која се произведувала популарната Беровска ракија од слива.

По уништувањето на фирмата во која биле вработени неколку стотоици ако не и илијада луѓе кои поради таткото на Бубевски останале на улица, тој купува неколку станови во Скопје, каде Бубевски и неговата сестра живеат (секој одделно во посебен стан) за време на студиите.

Освен ова, Бубевски во СЈО е познат заведувач, и често е гледан во интимно присуство со обвинителката Фатиме Фетаи, со која се одвојувал во одвоени простории како и се сретнувале надвор од канцелариите за наводна консултација“.

Извор: Дудинка.мк