ВИДЕО: Заев и Спасовски на тајна средба со раководството на БЕСА

zaev-spasovski-na-tajna-sredba-so-besa

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски денеска одржаа тајна средба со раководството на движењето БЕСА во просториите на албанската партија.

Сепак, иако се обидоа да се сокријат од јавноста, дел од албанските портали објавија снимка од моментот кога Заев и Спасовски го напуштаат седиштето на БЕСА.

Албанскиот портал „Журнал.мк“ објави ексклузивна снимка на која се гледа како Заев и Спасовски излегуваат од просториите на БЕСА во ТЦ Мавровка.

Остана непознато за што разговараа Заев и Спасовски со раководството на БЕСА и зошто средбата не беше отворена за медиуми.

ТАЈНА СРЕДБА: Заев и Јанева со сценарио за одлагање на изборите

Zaev-Janeva-dokumenti

Како што наближува 24 април, паниката во најголемата опозициска партија добива се поголеми размери. Истата кулминирала после јавно искажаните ставови на Брисел и Вашингтон за доследно почитување на договорот од Пржино, вклучувајќи го и датумот за избори, објави Сител.

Соочувајќи се со сè помалиот маневарски простор, Зоран Заев ги уверувал и сопартијците и коалициските партнери дека ќе ја активира и последната карта за одложување на изборите, а тоа е Катица Јанева. (За ова пишувавме претходно во текстот со наслов „Заев ги убедувал членовите: Јанева ќе ме спаси од затвор и од избори“, прочитајте ТУКА)

Затоа ургенциите од страна на Заев и неговите сопартијци кај Катица Јанева и нејзините соработници се интензивирале изминатиов период.

Неодамна се одржала и една тајна средба помеѓу Зоран Заев и Катица Јанева надвор од Скопје, на која бил договорен мастер планот на лидерот на СДСМ за проблематизирање на датумот и бегање од избори, објави Сител.

Целта на мастер планот на Заев била компромитација на владеачката партија по секоја цена, со монтирање на случаи, односно преземање на улогата на Чауш од Катица Јанева.

Мастер планот на Заев, согласно договорот меѓу него и Катица, треба да биде реализиран пред доаѓањето на Хан. Согласно роковите кои Заев и ги наметнувал на Јанева планот треба да стартува на почетокот на наредниот месец, а Јанева веќе издала наредба во Специјалното јавно обвинителство да отпочнат подготовките.

На ваквите инсистирања на Заев и Јанева, регирале дури и дел од обвинителите кои се блиски до СДСМ со образложение дека нема ефект да се притиска со правно неиздржани предмети, додека останатата струја, инсистирала дека правниот ефект бил неважен во споредба со ПР ефектот кој би го добил СДСМ. На колегиумите кои се држеле во СЈО, според нашите извори, повеќе се коментирале позициите на СДСМ и се осудувале и критикувале настапите на еврокомесарот Јоханес Хан, отколку што се разговарало за предметите кои треба да се работат, објави телевизијата.

Дел од тимот на Јанева како подготовка на реализацијата на сценариото на Заев отпочнал и со конкретни активности. Изминативе денови спротивно на законот стартувале со притисоци и закани кон поединци, нелегални повикувања и забрани за присуство на адвокат при сослушувањето на лицата.

Следен чин во сценариото на Заев кое треба да го реализира Јанева би требало да бидат претреси по домови, кои заради драматиката би се вршеле или доцна во ноќта или во тек на викенди, иако дел од тимот на Јанева бил свесен дека е апсурдно да се оди на оваа варијанта заради тоа што не се очекува да биде ништо пронајдено.

Двајца од обвинителскиот тим на Јанева, кои се исклучително блиски со СДСМ и практично се директен линк со партијата, изминатиов период имале секојдневни средби со генералниот секретар Оливер Спасовски за да ги координираат активностите.

Заев на тајна средба со струмички бизнисмен: Ги губиме изборите и мора да направиме голем проблем!

Zaev

Првиот човек на СДСМ Зоран Заев и партискиот портпарол Петре Шилегов деновиве имале тајна средба со струмички бизнисмен кој е еден од тајните спонзори на Заев.

Според информациите до кои дојде Нетпрес, Заев на бизнисменот , кој ги носел на вечера струмичкиот градоначалник и портпаролот на партијата, му се пожалил за се поизвесниот неуспех на СДСМ на изборите во април.

„Ги губиме изборите и мора да направиме голем проблем за да се одложат и тука да ја бараме шансата“, му рекол Заев на бизнисменот.

Според анкетите што деновиве беа објавени во јавноста како онаа на Брима Галуп и Институтот за политички истражувања од Скопје ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ.

Настрана од ова, и интерните анкети на СДСМ покажуваат катастрофални резултати за опозицијата на следните избори, па така станува се поочигледна нивната намера да се избегнат изборите во април, а со тоа да се избегне и катастрофалниот пораз.

Оттука, сосема се јасни обидите за минирање на процесот на преговори за Договорот од Пржино. СДСМ и Заев ги ставаат на коцка интересите на државата за сметка на нивните партиски интереси, со цел да се спасат од избори и да го избегнат поразот.

Груевски: Во април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба

gruevski

Од друга страна, премиерот Никола Груевски во синоќешното обраќање по повод Денот на Револуционерната борба – 23-ти Октомври потенцира дека на изборите во април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба.

Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша земјa. Ова е наша татковина! Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме. Тоа сакам да го порачам на овој ден. Ова е денот на ВМРО, ова е ден за да се потсетиме сите, ова е наша земја и ние, народот на Македонија, одлучуваме за нејзината иднина! Решавањето на политичката криза со договор меѓу партиите е позитивен момент. Народот тоа го очекуваше од нас. Решавање на агонијата која ја предизвика опозицијата, и ние бевме максимално, повторувам според некого и повеќе од максимално посветени и конструктивни. Круцијален момент во тој политички договор е можноста граѓаните на избори да се изјаснат за политичките субјекти и тоа по долг период на размена на многу информации. Избори мора да има, заради нив, заради нас, заради вас, заради секого, рече македонскиот премиер.

Тој порача дека на тие избори граѓаните треба во фер услови и слободоумно да решат за својата иднина.