ДИК ги објави конечните резултати од прегласувањето во Теарце

Конечниот резултат е 51 пратенички мандат за ВМРО-ДПМНЕ, 49 за СДСМ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада.

На прегласувањето во Теарце, ВМРО-ДПМНЕ освои 149 гласа, СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците по 1 и ВМРО за Македонија 2 гласа. Ова се официјални резултати кои ги објави ДИК и според нив нема да има промена во освоените пратенички мандати.

preglasuvanje-tearce-rezultati

Народот го порази СДСМ и сите негови манипулации – вечниот губитник Шилегов не признава

Носителот на кандидатската листа во шестата Изборна единица, Петре Шилегов излезе јавно и не сакаше да признае дека неговата партија е поразена на изборите. Тој истакна дека владата ќе ја формира СДСМ, без да прецизира дали мисли на подоцнежни коалицирања со албанските партии.

СДСМ не успеа вечерва да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според неофицијалните резултати после затворањето на гласачкото место во 2011 во Теарце, во шестата изборна единица, опозициската СДСМ не успеа да освои доволен број гласови за да направи пресврт во бројот на мандати во оваа изборна единица. Неофицијално за ВМРО-ДПМНЕ денеска гласале 149 лица, за СДСМ 250, а четири биле неважечки.

Сепак и покрај овој резултат, носителот на кандидатската листа во шестата Изборна единица, Петре Шилегов излезе јавно и не сакаше да признае дека неговата партија е поразена на изборите. Тој истакна дека владата ќе ја формира СДСМ, без да прецизира дали мисли на подоцнежни коалицирања со албанските партии.

Тој го повтори ставот дека гласањето во Теарце било само формално.

– Гласањето овде е повеќе од симболично и не влијае на тоа кој ќе ја состави владата. Владата ќе ја формира СДСМ. Тоа што знам е дека ова е последен пат да се извитоперува волјата на граѓаните – рече Шилегов.

Во избирачкото место 2011, каде што се прегласуваше, запишани се 714 гласачи. За СДСМ да освоеше пратеник потребно беше да направи разлика од 304 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Но, неофицијалните резултати, кои доаѓаат од партиски извори, јасно укажуваат дека нема доволно гласови за да дојде до промена на мандатите.

Во изборната единица шест, ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември освои четири мандати, СДСМ доби три, а ДУИ успеа да добие шест мандати. Истиот распоред останува и по денешното гласање.

ВИДЕО: Што бараат Шилегов, Зекири и Адеми во Теарце – СДСМ во последен обид да испровоцираат инцидент по наредба на Заев

Носителот на листата за ИЕ 6 Петре Шилегов и членот на извршниот одбор на СДСМ во Теарце предизвикуваат изборни прекршоци, нарушувајќи го изборниот молк преку агитирање кај граѓаните кои гласаат на избирачкото место 2011, објави порталот Инфомакс.

-Како што дознаваме, Петре Шилегов придружуван од членовите на извршниот одбор на СДСМ Мухамед Зекири и Едмонд Адеми попладенто се упатиле во делот каде на Теарце каде што живеат најголемиот дел од Албанците во селото, во очајнички обид да се суспендира законот и да се узурпира волјата на народот преку правење на инциденти со цел да се наруши изборниот процес. Претходно, тројцата повикувале граѓани во штабот на СДСМ во селото, пишува Инфомакс.

Откако тоа не им успеало, пишува порталот, Шилегов си заминал од пред местото на гласање, а во блиската чајџилница останале Мухамед Зекири со локалните агитатори, и адвокатот на СДСМ Мики Вујиќ кој на снимката може да се види како разговара со Џабир Дерала од невладината „Цивил“ која вчера лиферуваше лажни информации од Теарце со цел предизвикување на тензии.

Освен „Цивил“ на Дерала, текот на вчерашниот ден, медиумите финансирани од Сорос и УСАИД се обидуваа да предизвикаат тензии во Теарце објавувајќи лажна информација за наводно апсење на поткупувач, која кратко потоа беше демантирана од портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, кој потврди дека се работи за лажна пријава без елементи за кривичен прогон.

Од утринава прегласувањето на изборното место 2011 се одвива во мирна и фер атмосфера, без поголеми прекини освен 15.минути поради технички проблеми со УВ ламбата.

ФОТО: Изборен молк за изборни манипулации – Со државни ресурси и црни пари СДСМ го купува Теарце

Кол­ку цр­ни ми­ли­о­ни евра чи­нат гла­со­ви­те во Са­рај, Ара­чи­но­во, Брест, Та­ну­шев­ци? Исти­те овие акту­ел­ни „ба­сти­о­ни на СДСМ“ се за­пи­ша­ни во ко­ле­ктив­на­та ма­ке­дон­ска ме­мо­ри­ја ка­ко упо­ри­шта на бор­ци­те за от­це­пу­ва­ње. Ток­му за овие ме­ста „ти­тка­ше“ и Му­ха­мед Зе­ки­ри, но­ва­та „не­за­вис­на ѕвез­да“ на СДСМ уште на пр­вич­ни­те пре­бро­ју­ва­ња на гла­со­ви­те. Но, тие по­ра­ки не беа на­ме­не­ти за сла­ве­ње во СДСМ, ту­ку беа по­ра­ки со по­твр­ди до фи­нан­си­е­ри­те де­ка се ис­по­ра­чу­ва нап­ла­те­но­то. СДСМ до­се­га не од­го­ва­ра на јав­ни­те про­зи­вки да­ли се лег­на­ти огром­ни су­ми па­ри на сме­тки на фи­зич­ки ли­ца од нај­тес­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ и, исто та­ка, да­ли се лег­на­ти огром­ни су­ми па­ри на сме­тки на прав­ни ли­ца бли­ски до За­ев, СДСМ и Со­рос? Или, да­ли кам­па­ња­та на СДСМ и гла­со­ви­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци се нап­ла­те­ни со цр­ни па­ри од ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра?

По утрешниот изборен ден СДСМ ќе треба да одговори на уште едно од низата прашања за потеклото на парите со кои ги извалка демократските и мирни избори кои ја одразија волјата на народот на 11 декември.

СДСМ ќе треба на македонскиот народ да му објасни уште колку илјади евра се истовариле и ќе се истовараат до недела во Теарце, кое со 714 гласачи стана фактор наспроти 450 илјади гласачи кои одлучија на овие избори.

Народот нема да ѝ прости на предавничката партија ниту за дрскоста на луѓето од СДСМ кои со државни ресурси и сомнителни пари тргнаа во освојување на тетовското шарпалнинаско село и да ги фалсификуваат изборите.

Во четвртокот вечерта високи функционери на партијата, Оливер Спасовски, Петре Шилегов и заменик-министерот за земјоделие Љупчо Николовски, со службениот лендровер на МВР, однеле 500.000 евра во двете џамии во селото. Освен тоа, заменик-министерот за земјоделие одржал и говор во дворот на една џамија пред најрадикалните Албанци од Теарце, дознава „Вечер“.

rover-mvr-tearce

Засилување пристигнало и од портпаролот Петре Шилегов, кој таму пристигнал заедно со Спасовски и Самка Ибраимовски.

silegov-samka-tearce

Во исто време, познат активист на СДСМ, Ивица Тодоровски, кој работи како обезбедување во Т-Мобиле, на Фејсбук објави фотографија од парите кои се делат во Теарце, објави весникот.

ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

Во четвртокот вечерта околу 22.30 часот со сиво „ауди караван“ со регистарски таблички (DB-1107-AB) луѓе на СДСМ доставиле 500.000 евра во двете џамии во Теарце, пари наменети за поткупување на гласачи – дознава „Вечер” од извори во селото.

ivica-torodoski-sdsm-tearce

Полицијата во целиот период го следела настанот, но решила да не интервенира во џамиите, затоа што тоа не го дозволил министерот од СДСМ, Оливер Спасовски. По оставањето на парите, возилото било застанато од полицијата и бил извршен претрес, внатре биле присутни Петре Шилегов, Ѓулумсер Касипи, која е втора на пратеничката листа на СДСМ во шестката, нејзиниот син кој бил возач и уште едно лице од Дебар, кое според информациите на весникот е финансиерот на поткупот и човек близок до претседателот на албанската дијаспора, Муса Љамалари.

Кога биле фатени, лицата од СДСМ кои во Теарце донеле 500.000 евра за потплаќање, биле видно вознемирени и исплашени, но не заработиле пријави, затоа што претходно интервенирал Спасовски, а парите веќе биле оставени во џамиите.

Овојпат фалсификаторската машинерија на СДСМ се спроведувала во спрега со оџите во џамиите. Активистите на СДСМ ги доставуваат партите во џамиите, а оттаму тие се диструбуираат до гласачите, пишува „Вечер“.

Цената на еден глас е околу 1.500 евра, а истата сума им се нуди и на Македонци, потврдени гласачи на ВМРО-ДПМНЕ на кои им се нудат по 1.500 евра за да не излезат да гласаат и тоа по моделот на СДСМ познат од претходниот круг – им се даваат парите и им се одземаат личните документи за да не можат да го остварат гласачкото право.

Стратегијата на СДСМ била дека ако оваа сума не ги даде очекуваните резултати, таа од синоќа изнесува 2.000 евра, а до недела дополнително ќе се зголемува.

Во избирачкото место 2011 во Теарце, има и огромен дел на Турци и луѓе од мешани бракови, токму затоа луѓето на Заев и албанската мафија, одлучиле парите да ги делат преку оџите, а парите се делеле на цели семејства, за 20-30 луѓе се исплаќаат по 1.500 евра од глас од човек, значи овие, големи муслимански семејства ќе заработат и до 50.000 евра.

Извори на „Вечер“ од Теарце велат дека и Мухамед Зекери се активирал и контактирал со сите Албанци-бандити од Тетово кои ги повикувал да излезат на терен во Теарце ако затреба.

Теарце ќе ја победи цела Македонија

zaev-tearce

СДСМ доцна синоќа во спортската сала од основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце го одржа последниот митинг пред предизборниот молк и повтореното гласање на едно избирачко место во недела во Теарце. На присутните им се обратија носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата предводена од СДСМ во шестата изборна единица Петре Шилегов и кандидатката за пратеничка во шестата изборна единица Ѓулумсер Касапи и лично лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Јас сум убеден во убава победа во Теарце и зборувам за тоа по цела Македонија и ќе зборувам за тоа по цела Македонија. Дојден сум овде да побарам подршка, но и да си го дадам зборот. Да знаете дека со оваа подршка што ја дадовте и во првото гласање и сега што ќе ја дадете имам намера да вратам, да вратам затоа што имам намера да работам во ваше име и за ваши права, ги повтори ветувањата Заев.

По растурањето на парите и ветувачкиот говор Заев очекува победа на Теарце, како што рече „Теарце ќе биде гордо ако победи, ајде заедно да победиме за цела Македонија“. Со ова уште еднаш се потврдуваат шпекулациите дека СДСМ на овие избори не излезе за да понуди „подобар ивот во Македонија“, туку со купени гласови и изборен инженеринг да ја преземе власта во македонија и да ја погази волјата на народот.

ВИДЕО: Дали се подготвува изборна кражба во Теарце помеѓу СДСМ и албанските партии?

Нескриени се обидите на СДСМ да го купи Теарце, за што сведочат и фотографии што ги објавуваат на Фејсбук активисти на СДСМ и информации до кои доаѓаат медиумите. Мештани до селото тврдат дека СДСМ со многу пари кои ги растура главно преку џамиите во селото се обидува да ја добие нивната поддршка и в недела да гласаат за нив.

ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

Овие тврдења на граѓаните се во насока на тезата дека се работи за сценарио за поткуп на гласачи со идеи кои одат во полза на една етничка група.

Како гласаше Теарце на 11 декември

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи.

На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

tearce-im-2011

Во Изборната единица 6 според резултатите на ДИК, најмногу гласови 40.546 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.044, СДСМ со 25.741, Беса со 24.989, Алијанса за Албанците 17.945, ДПА 16.161, ВМРО за Македонија 918 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 238.

ie-6-mandati

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Прегласувањето доаѓа како резултат на прифаќањето на тужбата на СДСМ од страна на Управниот суд на Република Македонија за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски. Велат дека не дозволуваат омаловажување преку поткуп. И дека прегласувањето е непотребно.

Членовите на општинската изборна комисија во Теарце и избирачкиот одбор два пати сведочеа во ДИК. Речиси сите тврдеа дека немало неправилности. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е со став дека се работи за сценарио за постизборен инженеринг за негирање на волјата на гласачите и за да се украде изборната победа. Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски.

ФОТО: В недела се прегласува во Теарце, денеска Заев на баци рака кај Папата?

Автомобилот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е забележан пред канцелариите на поранешниот прв човек на СДСМ и поранешен претседател, Бранко Црвенковски.

Автомобилот „ауди А8“ на Заев утрово е паркиран пред канцелариите на Црвенковски. Дали Заев планира да се повлече од политиката и токму ова е причината за нивната средба или, пак, е во план некаков друг договор останува да се види.

Заев вчера изјави дека се повлекува од градоначалничката функција во Општина Струмица и истакна дека за него ова е последна седница.

zaev-bc-sredba

– Во следните денови настапува престанок на мојата функција градоначалник заради започнување друга функција. Во согласност со законот, сакам да ја информирам јавноста дека во наредниот период за заменик-градоначалник ќе го именувам советникот Костадин Костадинов, кој ќе ја извршува функцијата се до законското назначување на ВД градоначалник на Струмица – рече Заев.

Пред изборите на 11 декември, Заев изјави дека  целосно ќе се повлече од политиката ако биде поразен, но, и покрај претрпениот пораз, лидерот на СДСМ сѐ уште се нема одлучено за таков чекор.

СДСМ ПОТКУПУВА ГЛАСАЧИ, МВР ГИ ШТИТИ: Еве ги парите за купување гласови во Теарце!

Луѓето на СДСМ не ни кријат дека делат пари во Теарце. Синоќа високи функционери на партијата однеле 500.000 евра во двете џамии во селото. Во исто време, познатиот активист на СДСМ, Ивица Тодоровски, на Фејсбук самиот објави фотографија од парите кои ги дели во Теарце

ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

Синоќа околу 22:30 часот со сиво „Aуди“ караван со регистарски таблички (DB-1107-AB) луѓе на СДСМ доставиле 500.000 евра во двете џамии во Теарце, пари наменети за поткупување на гласачи – дознава „Вечер“ од извори во селото.

Полицијата во целиот период го следела настанот, но решила да не интервенира во џамиите затоа што тоа не го дозволувал министерот од СДСМ, Оливер Спасовски. По оставањето на парите, возилото било застанато од полицијата и бил извршен претрес, внатре биле присутни Петре Шилегов, Ѓулумсер Касипи, која е втора на пратеничката листа на СДСМ во шестка, нејзиниот син кој бил возач и уште едно лице од Дебар, кое според нашите информации, е финансиер на поткупувањето и човек близок до претседателот на албанската дијаспора, Муса Љамалари.

Кога биле фатени, лицата од СДСМ кои во Теарце донеле 500.000 евра за потплаќање, биле видно вознемирени и исплашени. Но немало пријави против нив, затоа што претходно интервенирал Спасовски, а парите веќе биле оставени во џамиите.

Нашите извори велат дека и овој пат, луѓето од СДСМ целата операција за потплаќање ја воделе преку џамиите и оџите, до кои ги доставувале парите кои од нив биле делени до Албанците. Цената на еден глас е околу 1.500 евра, а истата сума им се нуди и на Македонци, потврдени гласачи на ВМРО-ДПМНЕ на кои им се нудат по 1.500 евра за да не излезат да гласаат и тоа по моделот на СДСМ познат од претходниот круг – им се даваат парите и им се одземаат личните документи за да не можат да го остварат гласачкото право.

silegov-samka-tearce

Стратегијата на СДСМ била дека ако оваа сума не ги даде очекуваните резултати, таа ќе се покачи на 2.000 евра уште од вечерва, а до недела, дополнително ќе се зголемува.

Во избирачкото место 2011 во Теарце, има и огромен дел на Турци и луѓе од мешани бракови, токму затоа луѓето на Заев и албанската мафија, одлучиле парите да ги делат преку оџите, а парите се делеле на цели семејства, за 20-30 луѓе се исплаќаат по 1.500 евра од глас од човек, значи овие, големи муслимански семејства ќе заработат и до 50.000 евра.

Нашите извори од Теарце велат дека и Мухамед Зекери се активирал и контактирал со сите Албанци-бандити од Тетово кои ги повикувал да излезат на терен во Теарце, но до овој момент тие се уште се немаат појавено.

За вечерва се очекува и Зоран Заев да се појави во Теарце и да се обрати кај џамиите во периодот пред да настапи предизборниот молк.

СДСМ не ни кријат дека купуваат гласови

Активистот на СДСМ, Ивица Тодоровски, кој работи како обезбедување во Т-Мобиле, не ни крие дека партијата потплаќа пари на терен. Тој, на Фејсбук објавил фотографија со огромно снопче пари, наведувајќи дека е во Теарце. Според слободна проценка на големината на снопчето, внатре има околу 80.000 евра.

ivica-torodoski-sdsm-tearce ivica-torodoski-sdsm-tearce-pari

– Јас морам да бидам тука за секој случај – напишал Тодоровски, не криејќи дека неговата партија со овие пари потплаќа гласови во Теарце.

Наместо да ги уапси, МВР им помага во криминалот

Со службено возило на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, веќе два дена е во кампања во Теарце.

Фотографиите до кои стигна „Вечер“ го покажуваат службениот „Ленд ровер“ на Спасовски со кои на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ си тера кампања за прегласувањето во Теарце.

rover-mvr-tearce

Граѓаните кои ја доставија фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.

– Ова создава паника кај СДСМ, па сега не избираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во Теарце – велат тие.

Симптоматично е што наместо МВР да ги уапси оние што делат пари за гласови, министерството е заедно со нив во кампања.

СДСМ КУПУВА ГЛАСОВИ СО 3.200.000 ЕВРА: Шилегов и Николовски дале по 500.000 евра во двете џамии во Теарце

Новинарот Миленко Неделковски на својт Фејсбук профил објави дека СДС(без М) синоќа оставиле по 500.000 евра во две џамии, односно дека за прегласувањето во Теарце вкупно ќе платат 3.200.000 евра.

„СДС, односно Спасовски со службено возило на МВР и Николовски со службено возило на МЗШВ, синојка однеле и оставиле по 500.000 евра во двете џамии во Теарце.

Буџетот на СДС за ова гласачко место за ова прегласување е 3.200.000 евра. Кеш.“, напиша Неделковски.

milenko-nedelkovski-fb-tearce

Костов: Револтот кај граѓаните може да доведе до бојкот во Теарце

„Може да се случи народот во поголема мера да одлучи, револт, да не излезе и џабе оваа инвазија“ рече во „Аргументи“ со Љубиша Николовски политичкиот аналитичар Сотир Костов, коментирајќи го претстојното прегласување во Теарце.

Според Костов, може да дојде и до некоја средна варијанта, приближно исти да бидат резултатите, и тоа според него е нормално гласање.

Темата на вечерашното „Отворено студио“ со Љубиша Николовски е: „Мали бројки – голема разлика“, а дебатираат аналитичарите Сотир Костов и Алберт Муслиу.

СДСМ НА МИТИНГ ВО ЏАМИЈА: Спасовски и Шилегов фатени на дело како потплаќаат гласачи во Теарце!

Со службено возило на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски денес тргнал во кампања во Теарце.

rover-mvr-tearce

На фотографиите кои ги објави „Вечер“ се гледа службениот Ленд Ровер на Спасовски со кој на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ си тера кампања за прегласувањето во Теарце. Во селото бил и заменик министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој држел говор во дворот на една џамија пред најрадикалните албанци од Теарце.

Засилување пристигнало и од портпаролот Петре Шилегов, кој таму пристигнал заедно со Спасовски и Самка Ибраимовски.

silegov-samka-tearce

Граѓаните кои ја доставиле фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.

– Ова создава паника кај СДСМ, па сега не бираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во Теарце, велат тие.