Стефан Влахов Мицов: Стоп за албанскиот политички тероризам

Stefan-Vlahov-Micov

Платформата на албанските политички партии во Македонија е во функција на продолжување на кризата кај нас. Нејзините ултимативни барања не се ништо друго туку најгруб политички тероризам, кој албанските политички команданти го интензивираат и практикуваат посебно од 2001-та наваму. За нив всушност како и да не завршил тероризмот од почетокот на милениумот, туку сега е само преоблечен во политичко руво, користејќи се со филозофијата на хиената за да му нанесат завршен удар на наслабнатиот, ранет и разединет македонски народ.

Барањата во албанската платформа се дрско уценувачки. Прво: Охридскиот рамковен договор. Тој е одамна исполнет над нормата и вклопен во Уставот,  договорот кој за Македонците, за жал, е капитулантски. Притоа, ајде, малку беше тој, па основавме и паразитско Министерство за негово исполнување, кое потроши купишта народни пари и за некои белосветски гробари на Македонија од сортата на македономрзецот Питер Фејт.

Второ: се бара крунска потврда за Албанците во Македонија како државотворен народ, иако е, за жал, тоа веќе е факт уште од почетокот на деведесеттите. И тоа е случај без преседан во светот, едно малцинство да се прогласи за државотворен народ, без да има какво било историско и етичко право на тоа. Ако е така, како што го замислија тоа Вашингтон и Брисел, ајде нека бидат во Франција, на пример, државотворен народ Арапите, а во Германија Турците кои што ги има неколку милиони, или Индусите и Пакистанците во Англија итн.

Трето: јазична еднаквост. Албанците во Македонија надстандардно ги уживаат јазичките права. Сегашниот притисок за двојазичност на целата територија исто така се вклопува во филозофијата на хиената за целокупна албанизација на македонската територија. Тоа е целта и на Еди Рама новиот балкански и европски Милошевиќ.

Четврто: дебата за знамето, химната и грбот, барање  што удира силеџиски врз изворните симболи-архетипови на македонскиот идентитет, со намера истиот да се ликвидира. А што друго. Или на местото од Гоце, Карев и Даме во химната сега да ги ставиме Џемо и Мефаил, а меѓу нив во средина и Еди Рама.

Петто: вклучување на албанските политички команданти во преговорите за името со Грција. Безобразно и безумно барање. Македонски манифест ним им порачува да ги држат што подалеку нивните валкани раце и намери од она што ни е најсвето – праизворот од кој пиеме животворна вода на нашето постоење.

Шесто: соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување(!?), иако меѓу нив и Македонија, за жал, и сега постои само фиктивна граница преку која кога сакаат можат да дојдат неканетите гости во Диво насеље и кај што ќе посакаат на друго место.

Врв пак на ирационалноста на албанските политички команданти кај нас е нивното барање за усвојување на Резолуција со која ќе се осуди геноцидот врз Албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956, периодот во кој, имено, Македонците преживеаја неколку геноцидни потфати врз нив. Убаво барање. Убава Резолуција. Не ни останува ништо друго освен да го цитираме Крлежа, кој со право вели дека и „глупоста е метафизички факт“. Односно може да биде беспрекорно совршена, како што е и ова барање во албанската платформа која е некој вид на коктел од триумфализам и фрустрација. Најлошата хемиска комбинација.

На крајот, кој треба да биде одговорот на Македонците на таа крајно дрска политички терористичка платформа на албанските политички команданти, сега марионетки на надкомандантот Еди Рама, новиот балкански и европски Милошевиќ. Прво: Македонците на ова треба решително да кажат НЕ, макар и по цена на заканата за нова 2001, која е очигледна во поттекстот на албанската платформа. Второ: тоа треба да биде последен сигнал за цврста кохезија на Македонците за одбрана на своите национални интереси, име и идентитет. За одбрана на нивната историска меморија на која ѝ се заканува укинување и од надворешни силници, а кон кои сега отворено им се приклучуваат и албанските политички команданти во Македонија со нивната платформа со терористички мирис. Трето: да си го заземат Албанците во Македонија местото на малцинство, а не на државотворен народ за што немаат ни историско ни етичко право, на начин како што е тоа во западните европски држави. Оти Македонија е единствен пример во светот каде една малцинска група бескрупулозно, за жал со нејзините западни спонзори, го уценува мнозинството. Но Запад допрва ќе ги собира горчливите плодови на неговиот мрачен експеримент со Македонија и Македонците кои, иако со многу жртви, ќе се одбранат како што и досега многупати се одбраниле во неблагонаклонетата историја. Македонски манифест за тоа мисли дека е конечно време и повикува за создавање на Семакедонски фронт за одбрана на своето постоење.

На крајот Македонски манифест ги повикува албанските политички лидери да ја повлечат својата, и на Рама, нереална, шизофрена платформа и да запрат со фрлањето отров во душата на обичните невини Албанци. Конечно и нека не бидат марионетски џуџиња во валканите политички дланки на Еди Рама.

ВРИЕ НА ФЕЈСБУК: СДСМ подготвува крваво сценарио – фотографии со пораки за терористички напади во недела!

teroristi-kumanovo

Се чини дека СДСМ секогаш има резервен трик во ракавот за да ја држи земјата во заложништво со криминални дејствија.

За претстојните избори во недела на 11-ти декември лидерот на СДСМ Зоран Заев е подготвен на сѐ овој пат да се закотви на власт, па макар искористил помош од страна за заплашување на граѓаните.

Оваа коинциденција се совпадна со соопштението за безбедност за американските граѓани, објавено од Амбасадата на САД,

Евидентно е дека народот се наоѓа пред голем предизвик, но пред сѐ мора да се одржи присебноста за да се сочува стабилноста во земјава.

Стабилна Македонија не е во планот за федерализација на СДСМ, па на социјалните мрежи масовно се споделуваат упатствата кои СДСМ во соработка со амбасадите коишто му помагаат да ја спроведат својата агенда, содржат крвави сценарија во зависност од исходот на изборите.

Се оградуваме од гнасните содржини на овие упатства кои без било каква интервенција ви ги пренесуваме преку скриншотови:

sdsm-scenario-za-izbori-1 sdsm-scenario-za-izbori-2

Србов објави документи: Богоевски се обидел да ја подели ВМРО-ДПМНЕ подметнувајќи обвинувања за тероризам

nikola-srbov-dokumenti

По гостувањето на кодошот Слободан Богоевски, кој воедно е и осудено за криминал тежок стотици илјади евра во „Топ тема“ кади изнесе лаги без ниту еден аргумент, реагираше политичкиот аналитичар и историчар Никола Србов кој на својот Фејсбук профил објави документ, на кој како што вели, јасно се гледа дека Богоевски се обидел да ја подели ВМРО-ДПМНЕ.

bogoevski-sledenje-na-jakovleski

– Ова е документација од „Сина птица“ кога Слободан Богоевски се обидуваше да ја подели ВМРО ДПМНЕ со подметнати наводни црни тројки кои требале да вршат ликвидации и наводен внес на оружје од странство. Ова е документ за прислушување на Мане Јаковлевски. Внимавајте што е ставено на линија: „тероризам“, класичен обид за растурање на политичкиот опонент. Во едно се согласувам со Богоевски, помнењето е најсилно оружје, но покрај тоа и методологијата е силно оружје, историчарите ја учат токму нејзе, а Цобе сака да биде историчар па нека подучи малце, вели Србов на Фејсбук.

Чавков: Ефективно би одговориле на евентуални терористички закани

Cavkov-MVR

Република Македонија има силно изградена професионална структура во рамки на МВР, која на дневна основа комуницира со партнерски служби во регионот и пошироко, разменување многу информации и тоа само по себе е гаранција дека навремено би превенирале, ефективно би одговориле на евентуални терористички закани.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Митко Чавков на новинарско прашање за тоа дали Република Македонија може да биде цел на терористички напади и дали сме подготвени да одговориме односно да превенираме.

– Има реални можности за евентуален терористички напад, за тоа не треба посебна експертиза, едноставно треба да се водиме од индикаторите кои постојат. Ние досега сме покажале високи професионални капацитети во справување со терористички-насилни групи и ефективно сме се справиле со нив, нагласи Чавков, по денешната промоција на 24-те нови возила донација за Граничната полиција од меѓународната организација за миграции.

Според него, останува потребата од мобилизација на целокупното општество во рамки на Нацоналната стратегија за превенција од и борба против теоризам. Состојбите во Европа и пошироко, истакна, упатуваат на тоа дека нема простор за теоретско елаборирање на овие проблеми и за импровизација, туку треба конкретно и фактичко подготвување за евентуален терористички напад, бидејќи се многу реални.

– Имаме случаи во минатото коишто биле на линија на насилен екстремизам, на тероризам, а јавноста била навремено информирана за тоа и за сите ефективни одговори кои сме ги дале како полиција. Имаме судски постапки и завршени судски постапки за терористички напади во РМ. Ланската година е процесуиран случај за странски борци, учесници во Сирија и други кризни жаришта во светот. Оваа година има продолжување на „Ќелија 1 и 2“, во кои беа зафатени уште неколку поединци кои биле во Сирија и се вратиле, лица кои давале поддршка во делот на регрутирање на странски борци. Сите тие случаи укажуваат дека е реална заканата од поединец или од група и во РМ, но овие закани не секогаш се предвидливи, тие се променливи и сложени закани и не секогаш можете да ги предвидете навремено, појасни министерот Чавков.

Повторно одложено рочиштето за „Диво Насеље“

Sudenje-Divo-Naselje

Одложено е рочиштето за случајот „Диво Насеље“, во кој 37 лица се осомничени за тероризам.

Според судијката, нема просторија што ќе ги исполни сите технички и безбедносни услови, во кои би се одвивало судењето.

Минатата недела Кривичниот суд донесе одлука за спојување на предметите од „Диво Насеље“ и „Молња“, во кој на уште осум лица им се суди за истите кривични дела.

Нова книга есеи од Љубиша Георгиевски: „Тероризмот и кризата на демократијата“

Ljubisa-Georgievski

„Тероризмот и кризата на демократијата“ е насловот на новата збирка есеи на познатиот театарски и филмски режисер, драматург и македонски интелектуален бард Љубиша Георгиевски што ја објави скопската издавачка куќа „Макавеј“. 

Во препораката кон изданието, писателот и литературен критичар Бранко Цветкоски, вели дека книгата „Тероризмот и кризата на демократијата“ претставува фуриозна интелектуална расправа за позицијата на слободната личност низ историјата, во политичкиот живот, во уметноста и во одбраната на сопствената хуманистичка визија.

– Сите есеи во книгата на Георгиевски се истовремено и актуелни реплики со реска мисловност и жестока иронија на случувањата во нашиот современ живот, при што посебна мета на критика се процесите на жестоката и неконтролирана глобализација, разгромот на традиционалните вредности, пропаста на општествените системи и валканите транзициски процеси во светот, потенцира Цветкоски.

Георгиевски е автор на уште десетина книги со драмски текстови, филозофско-политички есеи и теориски истражувања на театарската уметност.

Верските лидери потпишаа Декларација за осуда на тероризмот

Verski-Lideri

По повод актуелните терористички напади во светот, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи заедно со петте верски лидери потпиша Декларација за осуда на тероризмот кон која се придружија и другите цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија.

Како што информира денеска Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со Декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии.

– Со потпишувањето на овој документ се покажува заедништвото на црквите, верските заедници и религиозните групи во Република Македонија и нивното коалицирање кога е во прашање борбата против тероризмот, што е содржано и во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации и меѓународните декларации и конвенции за човекови права, се вели во соопштението од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Колумна на Влатко Ѓорчев: Слободата се брани од Париз до Kуманово

Vlatko-Gjorcev

Додека почнувам да ја пишувам оваа колумна, денес, во петок на 20 ноември 2015 година, околу 14 часот, во хотелот „Радисон“ во градот Бамако дури 170 луѓе се земени како заложници.

Во нив се вперени автомати и пушки, над нивната глава се репетирани пиштоли, а околу нив се луѓе со бомби и експлозив. Тие 170 луѓе, како сите ние, се надеваат и посакуваат да преживеат. Уплашени се за својата иднина.

Не знаат дали ќе им заврши животот за 1 или 2 часа. Или можеби ќе преживеат. Не знаат дали ова утро е последното утро во нивниот живот. Не знаат дали синоќа беше последната вечер кога се виделе со своите најблиски. Дали веќе поминала последната прегратка со своите најсакани.

Никој не знае како точно ќе заврши оваа драма. Никој не може точно да предвиди како ќе реагираат безбедносните сили на државата Мали. Никој не може да знае кого ќе застрелаат терористите и колку ќе има жртви. Но, за жал, ќе има жртви. Веќе има жртви, веќе има загинати.

Нивните најмили веќе ги бараат на телефон, но од другата страна никој не крева. Нема одговор. Нивните најмили повторно вртат, но повторно нема одговор. Убива неизвесноста. Секој се плаши од најлошото за своите најблиски.

Не се знаат имињата на тие кои загинале. Само се знае дека има напад, дека се пука и дека луѓето гинат. Гинат, затоа што се пука врз цивили. Затоа што се напаѓаат цивили. Обични луѓе, кои отишле во хотел во Бамако.

Kако што минатата недела стотици луѓе, стотици млади отидоа на концерт во Париз. Отидоа да слушаат музика, да се видат со пријателите, да го поминат викендот. Ги застрелаа во музичка сала. Додека слушаа музика. Само во таа сала загинаа 89 луѓе, на концерт.

Загинаа додека крвавеа на плочниците, на улиците и на тротоарите на Париз. Загинаа додека беа во кафуле, со своите пријатели и со своето друштво. Додека пиеја кафе или сок, пиво или кисела вода, коктел или чај. Во еден ресторан загинаа 15 луѓе, во друго кафуле 5 луѓе, уште еден ресторан 19 луѓе… И стотици, стотици повредени…

Таа ноќ згаснаа 129 ѕвезди на небото. Нивните души заминаа на едно поубаво место, убиени без милост и без разум. Убиени за да се исплаши слободата, да се нападне слободата, да се уништи слободата. Да се разгори омразата. Да се избрише безвременската порака либерте, егалите, фратерните.

Но, нема да успеат. Нема да успеат затоа што светот ја разбира заканата. Затоа што во вакви моменти се сфаќа која е цената на слободата. Затоа што се чувствува меѓународната солидарност.

Цивилите загинаа во градот на светлоста во една темна ноќ. Загинаа во градот што ги подари подари на човештвото Ајфеловата кула, Лувр и Богородичната црква. Загинаа во државата на Виктор Иго, Луј Пастер, на Едит Пјаф, Kоко Шанел, на Ален Делон, Мишел Платини… Загинаа кај стадионот каде што Зинедин Зидан и Франк Рибери ги даваа најдобрите голови.

Се пролеа крв кај стадионот каде што 1998 година копачките ги вкрстија Французинот Зидан и Бразилецот Роналдо. На стадионот каде што татковците ги носеа своите деца да гледаат фудбал. Да облечат дрес и да им купат шал на своите деца. Да аплаудираат додека играат Франција и Германија.

Но, не е само Париз. Нападнати се сите меридијани, на сите 4 страни на светот. Нападнати се универзалните вредности. Нападнат е начинот на живот. Нападнато е секојдневието. Нападнати се луѓето, градовите и државите.

Терористите убиваа во Париз, во авионот над Синај, во Бејрут, во кулите во Њујорк, на маратонот во Бостон, во метрото во Мадрид, во училиштето во Беслан, на плажата во Тунис, во театарот во Москва, во автобусите во Лондон и Ерусалим, во црквите и џамиите во Kаиро, во манастирите на Блискиот Исток, на пазарите во Багдад, убиваат девојчиња на пат до училиште во Kабул, на улиците на Тулуз и Kопенхаген… Убиваа и во Kуманово, но беа победени, а градот беше заштитен и спасен.

Во Kуманово терористите беа победени затоа што полицајците застанаа да ги одбранат граѓаните. Да ги одбранат улиците и плоштадите. Да ги заштитат цивилите и државата. Да ги одбранат градот и објектите. Да се жртвуваат за безбедноста на луѓето и народот. Да спречат големо, големо крвопролевање. Загинаа 8 за да спасат многумина.

Во Kуманово се пукаше врз оние полицајци кои 2 дена пред тоа беа каменувани пред Владата. Пред Владата беа повредени 40 од нив, со камења, со контејнери, со бекатони и шипки. Два дена по тоа врз нив се пукаше со автомати, со снајпери, со РПГ-проектили, со бомби и со експлозиви. Нови 40 полицајци беа ранети, а 8 загинаа.

Тоа е состојбата во која живееме, тоа се предизвиците со кои се соочуваме. Тоа се ризиците кои се гледаат, тоа се проблемите со кои се носиме.

Но, ќе победи слободата. Современиот свет ќе го победи насилниот екстремизам, тероризам и идеологијата на омраза. Ќе победи затоа што ваквите закани не се ништо ново. Историјата покажува и докажува дека со сплотеност, со храброст и со самодоверба се победува стравот, теророт и омразата.

Ќе има уште многу епизоди, но на крајот ќе победиме. Ќе победи слободниот свет и слободните луѓе.

Пишува: Влатко Ѓорчев за Дневник

Обвинение за Дива населба: За тероризам обвинети 29 лица

Uapseni-teroristi-1

Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинение против 29 лица.

– Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” од чл. 394 – а и „тероризам” од чл. 394 -б од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

Надлежниот обвинител доставил и Предлог за продолжување на мерката „притвор за обвинетите“.

Во дводневната престрелка во кумановската Дива населба загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група. Во полициската акција беа уапсени триесетина лица под сомнение дека се дел од вооружената теросристичка група.

Стејт департментот со пофалби за УБК во борбата против тероризмот

Department-of-State

Извештајот за терористичките напади низ светот во 2014 година, подготвен од американскиот Стејт департмент, оценува дека Македонија била искрен партнер во борбата против тероризмот.

Од таму пристигнуваат пофалби за работата на македонската УБК за борбата против тероризмот.

Извештајот, кој беше објавен завчера и кој не ја покрива 2015 година, односно не го вклучува нападот во Куманово, го наведува гранатирањето на Владата и помалите бомбашки напади во близината на полициските станици во Тетово и Куманово извршени во текот на 2014 година.

– Против-терористичките активности во Македонија го вклучуваат усвојувањето на законот со кој се забранува вклучувањето или помагањето на странски терористички групи. Десетици македонски граѓани заминале во Сирија и Ирак како странски борци во изминатите години, иако има индикации дека законот, кој беше усвоен во септември 2014 година, има некаков ефект да се обесхрабри оваа појава. Во Македонија немаше посериозни терористички инциденти во 2014 година. Зградата на Владата, каде е сместена канцеларијата на премиерот, беше оштетена во ноќта на 28 октомври од страна на непознати напаѓачи. Два проектили, веројатно од рачен фрлач на гранати, беа истрелани врз зградата која беше празна во тој момент, при што немаше повредени. Локалните медиуми објавија писмо од Ослободителната национална армија (ОНА), која презема одговорност за нападот, но некои аналитичари го отфрлија писмото, кое беше објавено една недела по нападот и не содржеше барања. Истата наводна група презема одговорност и за двете помали експлозии пред полициските станици во Тетово и Куманово на 9 декември, пишува во извештајот кој вчера беше презентиран од амбасадорката задолжена за координација на борбата против тероризмот Тина Кајданов.

Во извештајот се наведува дека македонскиот безбедносен систем е добро подготвен за ефикасно да се справи со терористички напади, пред се преку Управата за безбедност и контра-разузнавање и специјалните полициски единици. Дополнително, Македонија е оценета како земја која активно соработува во борбата против тероризмот.

– Македонија е искрен партнер во борбата против тероризмот, како регионално, така и на меѓународна сцена. Грчкото одбивање да го признае името на Македонија повремено ја ограничува можноста на Македонија да учествува на меѓународните форуми. Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на тркалезната маса за балкански земји на Стејт департментот организирана при Генералното Собрание на Обединетите Нации, а во октомври, Македонија беше домаќин на регионалната конференција за разузнавање на која се дискутираше прашањето за странските терористи, пишува во извештајот.