Ачковска: Мора да се спречат Тиранската платформа, Софискиот и Атинскиот договор кои се погубни за Македонија

И самите дипломати кажуваат дека уште десет години нема да влеземе во ЕУ ако опстанеме како народ и како држава ако продолжиме со ваков тренд на разнебитување на националното ткиво, идентитет, на името, на јазикот нас за две, три години ќе не нема и така да Македонија како ваква никогаш нема да влезе во ЕУ, потенцираше професорката Виолета Ачковска во емисијата на телевизија Алфа „Без Ракавици“.

-Можеби грубо и песимистички делува но тоа е така, ова се последни моменти ако можеме ние да се избориме, да не се ратификува договорот со Бугарија во Собранието, да не влезе во сила и ако треба претседателот Ѓорѓе Иванов, дали има ингеренции јас не знам, но мора да се спречат тие погубни договори почнувајќи од Тиранскиот, Софискиот, Атинскиот заради разнебитување на македонската држава. Ова не е сечење на рака или два прста па без нив да се живее, ова е сечење на главата, јас верувам дека во Македонија има мнозинство на македонскиот народ која ќе застане во одбрана на сопственото име и идентитет, а без име и идентитет во Европа вие сте никој и ништо, вели Ачковска.

Таа прашува и доколку ние целата историја лесно ја продадеме на соседите со кое име, народ и култура ќе влеземе во Европа?

-Ако се воведе двојазичноста тоа значи дека македонскиот народ се губи и тотално се брише АСНОМ, јазикот е татковината на еден народ и ако се воведе уште еден јазик тоа веќе е федерализација на државата и се создава македонско-албанска федерација, вели Ачковска.

Беса поцврста во преговорите од ДУИ: Сега и Касами бара писмени гаранции од Заев

Не отстапуваме од принципите што писмено му ги доставивме на мандатарот и ако тој ги прифати, ќе бидеме дел од владата, но за тоа бараме на документот да биде потпишан мандатарот Зоран Заев, велат од Движењето Беса

Доколку Kасами не е подготвен на отстапки од црвените линии, за кои бара потпис од Заев, речиси е извесно дека новата влада ќе биде без Беса, односно на „Илинденска“ ќе седнат СДС, ДУИ и „Алијансата за Албанците“, анализира денешен „Дневник“. Тактизирањето на Беса го одложи екипирањето на владиниот кабинет и очекувањата се дека Заев ќе ги достави до Собранието составот и владината програма најверојатно в понеделник.

– Сметаме дека принципите за кои бараме Заев да ги прифати се за доброто на државата и оти со тоа ќе придонесеме новата влада да биде реформска. Чекаме дали Заев ќе се потпише на документот. Без целосно прифаќање на нашите принципи, во владата да нема лица осомничени во истрагите на СЈО, рокови за гласање на законот за албанскиот јазик, отворање на темата за редефинирање на државата и балансирано владеење, нема ни преговори за поделба на ресорите. Впрочем ако нема принципи, зошто би останале во политиката – вели висок функционер на Беса.

Тој додава дека има шанси за компромис само за распределбата на министерските позиции, но додава дека остануваат на ставот за контрола на владеењето, односно во секој ресор да има преставници од сите партии што ја сочинуваат владата.

Очекувањата се дека с` ќе биде јасно по средбата меѓу Заев и Kасами, која требаше да се одржи вчера попладне, откако немало поместување меѓу двете партии по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери откако Заев се врати од Брисел.

Претходно на Бихаќска, Заев се сретна со лидерите на ДУИ и на ДР-ДПА, Али Ахмети и Зијадин Села.

Од Беса повторуваат дека ако не постигнат договор со СДС, Беса како опозиција ќе ги поддржува сите реформски проекти на владата и прашањата што се битни за Албанците. Според функционерот, партијата с` уште не одлучила дали ќе ја гласа новата влада ако остане во опозиција.

Од СДС велат дека разговорите со Беса продолжуваат и оти се прават напори викендов да се комплетира владиниот кабинет.

– Преку разговорите ќе видиме дали Беса ќе отстапи. Веруваме дека до крајот на денот ќе биде јасно дали ќе има договор за влада.- вели функционерот.

Од исходот на разговорите меѓу Заев и Kасами ќе зависи и конечната распределба на ресорите меѓу СДС, ДУИ и Алијансата за Албанците, како и дали викендов предлогот за влада ќе влезе во Собранието.

– С` зависи од преговорите. Сакаме с` што може да се стори за владата да има поддршка од 67 пратеници. По преговорите со Беса ќе разговараме и со коалициските партнери од нашата коалиција – вели функционерот.

Исходот од преговорите меѓу Заев и Kасами го чекаат и Али Ахмети и Зијадин Села за конечно да се пребројат министерските позиции со кои ќе раководат ДУИ и Алијансата за Албанците, иако начелно ресорите веќе се распределени. Меѓу лидерите се усогласуваат и кандидатите за министерските позиции.

Села повтори дека „Алијансата“ ќе гласа за новата влада и оти ќе ~ даде време дали ќе ги реализира барањата на Албанците, во спротивно, ќе ја напуштат владата.

Според начелната поделба на ресорите, од тоа што е досега познато, СДС ќе ги предводи ресорите одбрана, МВР, култура, за каде што се споменуваат Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Едмонд Адеми, Драган Тевдовски за финансии, Никола Димитров за надворешни работи, а за труд и социјала во игра се Мила Царовска и Фросина Ташевска Ременски.

Партијата на Ахмети ќе ги задржи министерствата со кои и претходно раководеше, со исклучок на ресорот образование, кој најверојатно ќе оди за Беса ако биде дел од владата. Ова значи дека вицепремиерското столче за Рамковниот договор останува кај ДУИ, како и ресорите локална самоуправа, животна средина, правда и економија. Информациите од ДУИ се дека Ахмети неколкупати ја менува листата со имиња за министерските позиции поради несогласувањата меѓу двете крила во ДУИ. Неофицијално има нетрпение меѓу крилата што преговараа за влада со ВМРО-ДПМНЕ и за влада со СДС. Од една страна отпор има Теута Арифи и Изет Меџити како директни преговарачи со СДС да бидат министри и, од друга страна, дека не може преговарачите за влада со ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Артан Груби, сега да се дел од владата на СДС. Најсигурни имиња за извршната власт засега се Хазби Лика како претставник на военото крило, но и Бујар Османи и Лирим Шабани.

Ако „Алијансата за Албанците“ влезе во извршната власт, ќе раководи со вицепремиерската позиција за евроинтеграции и министерството за здравство, за каде што се споменува генералниот секретар Арбен Таравари.

Од канализација до кантонизација: Платформата основен услов за новата Тиранска влада во Македонија

Зар прин­ци­пи­те за ко­а­ли­ци­ра­ње не беа до­го­во­ре­ни пред под­др­шка­та на „си­те без ВМРО-ДПМНЕ“? Тие прин­ци­пи, и по­крај га­ран­ци­и­те, ги по­кри­ва­ат и до­го­во­ре­но­то екс­прес­но во­ве­ду­ва­ње дво­ја­зич­ност ме­ѓу За­ев и Се­ла, ка­ко и дру­ги де­ло­ви од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма. Прин­ци­пот на кон­сен­зу­ал­ност, пак, мно­гу ве­ро­јат­но се од­не­су­ва и на Фрч­ко­ви­от прин­цип за „ро­ти­рач­ки пре­ми­ер“. Та­ка ка­ко што по швај­цар­ски прин­цип се на­ве­сти­ја и са­мо­стој­ни ал­бан­ски те­ри­то­рии со сво­ја ма­тич­на еви­ден­ци­ја и со сво­ја по­ли­ци­ја. Па зо­што да не и по прин­ци­пи­те на Ге­ро­ски за ло­кал­ни вла­ди, пар­ла­мен­ти, за дво­е­ње на др­жа­ва­та по ет­нич­ки ос­но­ви.

Ако не­кој им ве­ру­ва на збо­ро­ви­те на ман­да­та­рот За­ев, тој и не­го­ви­те со­у­чес­ни­ци со де­но­ви „ги до­го­ва­ра­ат прин­ци­пи­те“ по кои ќе ја пре­кро­ју­ва­ат ид­ни­на­та на ова пар­че зем­ја. Де­нес тоа мо­дер­но го на­ре­ку­ва­ат до­го­ва­ра­ње прин­ци­пи, а се од­не­су­ва на до­го­во­ре­но­то „ре­де­фи­ни­ра­ње“, што, пак, е мо­дер­но­то име за фе­де­ра­ли­за­ци­ја и за раз­не­би­ту­ва­ње на др­жа­ва­та. Си­те, всуш­ност, мол­чат де­ка прин­ци­пи­ел­но че­ка­ат да им го до­ста­ват спи­со­кот што ќе би­де во но­ва­та вла­да и да­ли прин­ци­пи­ел­ни­те стра­те­ги­ски парт­не­ри наш­ле ме­сто за си­те или са­мо за со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те и за дов­че­раш­ни­те тен­дер­џии, ин­те­гра­тив­ци­те, за ид­но­то пре­кро­ју­ва­ње на гра­ни­ци­те.

Па, ина­ку, за ка­кви тоа „прин­ци­пи“ се до­го­ва­ра­ат се­га, ако ве­ќе по­ло­ви­на го­ди­на е јас­на ко­а­ли­ци­ја­та и под­др­шка­та за кре­и­ра­ње но­ва ид­ни­на во Ма­ке­до­ни­ја на „си­те без ВМРО- ДПМНЕ“? Зар прин­ци­пи­те за по­ли­тич­ко ко­а­ли­ци­ра­ње не би тре­ба­ло да би­дат до­го­во­ре­ни пред да се да­де под­др­шка за не­ко­го за фор­ми­ра­ње пар­ла­мен­тар­но мно­зинс­тво и по­на­та­му вла­да? Или по­втор­но во Ма­ке­до­ни­ја се поч­ну­ва со но­ви прин­ци­пи? Зар не беа до­го­во­ре­ни прин­ци­пи­те ме­ѓу Се­ла и За­ев пред, за вре­ме и по за­ед­нич­ка­та „а ка­пе­ла кон­церт“ во Берн, од ка­де што, спо­ред ви­де­а­та од на­ста­пи­те, сѐ е ве­ќе јас­но за ка­кви прин­ци­пи ста­ну­ва збор?

Да би­де­ме пре­циз­ни, „прин­ци­пи­ел­ни­те“ тре­ба да нѐ уве­рат де­ка ток­му Зо­ран За­ев, Али Ах­ме­ти, Зи­ја­дин Се­ла и Би­лал Ка­са­ми се­га се­ри­оз­но раз­го­ва­ра­ат за прин­ци­пи за кои збо­ру­ва­ат ве­ќе ед­на го­ди­на, а се од­не­су­ва­ат на ре­де­фи­ни­ра­ње, на по­дел­ба по ет­нич­ка ли­ни­ја на по­ли­ци­ја­та, обра­зо­ва­ни­е­то, здрав­ство­то, а обе­ди­ну­ва­ње за ме­ну­ва­ње на име­то на др­жа­ва­та, ја­зи­кот, зна­ме­то, хим­на­та…

Ток­му за ја­зи­кот, ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на пар­ти­ја­та на Се­ла, Ар­бен Та­ра­ва­ри од Дви­же­ње­то за ре­фор­ми во ДПА, откри де­ка „прин­ци­пи­ел­но“ За­ев ап­со­лут­но при­фа­тил „дво­ја­зич­но­ста да би­де екс­прес­на“. Отка­ко, пак, Се­ла наг­ла­си де­ка не по­стои оп­ци­ја Ти­ран­ска­та пла­тфор­ма да би­де оста­ве­на на­стра­на, ка­ко и де­ка тој не дал ни­ка­ква га­ран­ци­ја на „не­кој­си пре­тсе­да­тел“.

– Дво­ја­зич­но­ста да би­де екс­прес­на, кол­ку што е мож­но по­бр­зо да се пра­ват из­ме­ни­те во Из­бор­ни­от за­ко­ник. И тој (За­ев) е за­ин­те­ре­си­ран да го ре­ши ова, при­фа­ќа да се пра­ват та­кви из­ме­ни… Ду­ри по­ста­вив­ме ро­ко­ви во кое вре­ме тре­ба да се ре­а­ли­зи­ра­ат за да соз­да­де­ме за­ем­на до­вер­ба де­ка во ид­ни­на ќе функ­ци­о­ни­ра оваа ко­а­ли­ци­ја, ако функ­ци­о­ни­ра зо­што да не­ма со­ра­бо­тка – откри­ва па­ри­ја­та на Се­ла. Тол­ку од га­ран­ци­и­те и прин­ци­пи­те на За­ев.

Ако се др­жи­ме до прин­ци­пи­те, да­ли пред не­кол­ку ме­се­ци За­ев не ја прет­ста­ви ка­ко про­гра­ма на Вла­да­та сво­ја­та ра­ко­твор­ба­та, или прин­ци­пи­ел­но са­ка­ше да ги из­ма­ми си­те де­ка де­мек не по­стои пла­тфор­ма од Ти­ра­на и де­ка тоа не­му не му е на па­мет да го ис­пол­ну­ва? За кои прин­ци­пи и про­гра­ма се­га, на­вод­но, пре­го­ва­ра?

Ка­де е прин­ци­пи­ел­но­ста на ман­да­та­рот? Ко­га За­ев бил и е прин­ци­пи­е­лен, пред на­ста­пот во Берн, со пла­нот за ка­на­ли­за­ци­ја или ко­га во Берн ве­ту­ва­ше кан­то­ни­за­ци­ја; ко­га ја прет­ста­ву­ва­ше „Про­гра­ма­та на Вла­да­та“ и твр­де­ше де­ка не­ма пла­тфор­ма ту­ку про­гра­ма или ко­га ги до­го­ва­ра­ше за­ко­ни­те во Ма­ла Ре­чи­ца; ко­га ја чи­та­ше га­ран­ци­ја­та во ви­ла­та на пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та или се­га за вре­ме на прин­ци­пи­ел­ни­те пре­го­во­ри да­ли за­ко­нот за ја­зи­ци ќе „оди“ пред или по из­бо­рот на вла­да?

Си­те овие пра­ша­ња прин­ци­пи­ел­но ја ма­чат јав­но­ста; би­деј­ќи са­мо еден ден отка­ко прин­ци­пи­ел­но под­не­се га­ран­ции до пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, до­ку­мент што се по­драз­би­ра и ка­ко вид „ус­лов“, де­ка не­ма да ги га­зи прин­ци­пи­те на де­мо­кра­ти­ја­та, прин­ци­пи­те на су­ве­ре­но­ста на др­жа­ва­та, на прин­ци­пи­те на уни­тар­но­ста, не­ма да га­зи врз прин­ци­пи­те на на­ро­дот ма­ке­дон­ски – не­го­ви­те со­у­чес­ни­ци јав­но му се из­нас­ме­а­ја в ли­це.

Единс­тве­на прин­ци­пи­ел­ност што ја по­ка­жу­ва За­ев, е оп­сто­ју­ва­ње­то на кр­ше­ње­то на си­те прин­ци­пи, од тоа де­ка е единс­тве­ни­от при­мер во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка што бил в.д. „гре­јач на стол­че­то на Цр­вен­ков­ски“ до ман­да­тар што чи­та га­ран­ции и ве­ту­ва­ња де­ка не­ма да ја пре­да­де др­жа­ва­та! Сѐ до­се­га во За­е­ва­та по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра јас­но ка­ко ден ука­жу­ва на тоа кол­ку вре­ди не­го­ви­от прин­ци­пи­е­лен при­стап.

Прин­ци­пи­те за гу­бе­ње на иден­ти­те­тот

Не мо­же да се за­не­ма­рат прин­ци­пи­те по кои со го­ди­ни се спро­ве­ду­ва го­ле­мо­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма. На­ја­ва­та де­ка рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја не­ма да за­вр­ши без рас­пад на Ма­ке­до­ни­ја уште во 90-ти­те го­ди­ни, се­га се од­ви­ва пред очи на свет­ска­та јав­ност, на еден фин, прин­ци­пи­е­лен на­чин. Или ка­ко што тоа фи­но За­ев го опи­шу­ва ка­ко прин­ци­пи­ел­но „це­лос­но ис­пол­ну­ва­ње на Охрид­ски­от до­го­вор“.

Прин­ци­пи­ел­но бе­ше ин­те­гра­тив­ци­те од тен­дер­џии пре­ку ноќ да ста­нат ре­фор­ма­то­ри, до­де­ка Бе­са по сѐ што поп­лу­ка за ин­те­гра­тив­ци­те, да че­ка ха­лал од над­вор да­ли ќе из­ли­же и ќе сед­не во вла­да­та. Сѐ за прин­ци­пи­ел­но при­вид­но на­ма­лу­ва­ње на ек­стрем­но­ста на Се­ла и прин­ци­пи­ел­но обез­бе­ду­ва­ње при­вре­мен ба­ланс за на­род­на­та „ќу­ти, мо­же по­ло­шо“.

Се­гаш­ни­те „прин­ци­пи“ што се до­го­ва­ра­ат, а ве­ро­јат­но им се оста­ве­ни ка­ко до­маш­на ра­бо­та, ба­рем од тоа што го откри­ва За­ев, е прин­ци­пот на кон­сен­зу­ал­но­ста. Кој се­га мо­же да ка­же де­ка таа кон­сен­зу­ал­ност не ја крие Фрч­ко­ва­та иде­ја за „ро­ти­рач­ки пре­ми­ер“? И та­ка по швај­цар­ски прин­цип се на­ве­сти­ја и са­мо­стој­ни ал­бан­ски те­ри­то­рии со сво­ја ма­тич­на еви­ден­ци­ја и сво­ја по­ли­ци­ја. Па зо­што да не, и по прин­ци­пи­те на Ге­ро­ски за ло­кал­ни вла­ди, пар­ла­мен­ти, за дво­е­ње на др­жа­ва­та по ет­нич­ки ос­но­ви.

Би­деј­ќи, прин­ци­пи­ел­но, се­га не е вре­ме да се мис­ли са­мо за кон­сен­зу­а­лен пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Се­га, ко­га број­ки­те се на нив­на ет­нич­ка стра­на, кон­сен­зу­ал­но­ста ќе до­сти­га мно­гу по­да­ле­ку. Но, по­втор­но, ед­но­стра­но, таа кон­сен­зу­ал­ност е на­ме­не­та са­мо за ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја.

За­тоа, пак, се ту­ка прин­ци­пи­те на Љу­бе Бо­шков­ски и на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, чи­ја­што до­маш­на за­да­ча за нон-пеј­пер „хим­на“ за За­ев е ве­ќе поч­на­та. Мо­дел има­ат во есе­и­те на Ре­мен­ски и во те­зи­те за „Ду­ша ка­ко Шар Пла­ни­на и му­дрост ка­ко најд­ла­бо­ки­те оке­ан­ски во­ди“. Во тие есеи не­ма да се наг­ла­су­ва па­три­о­тиз­мот, ту­ку ќе се наг­ла­си „мај­ка­та што зе­­ла дру­го пре­зи­ме“ и прин­ци­пи­ел­но ќе ја сла­ви ид­ни­на­та, нас­про­ти за­гу­бе­ни­от ма­ке­дон­ски иден­ти­тет и др­жав­ност.

Прин­ци­пот си ба­ра прин­цип, па до­кол­ку не­кои и се из­не­на­де­ни што се­га „за­ли­чу­ва де­ка Бо­шко­ски збо­ру­ва со уста­та на Зо­ран За­ев“, не­ка се по­тсе­тат на уста­та на Бо­шков­ски ко­га ка­ко „грч­ки со­ра­бот­ник“ за па­ри до­го­ва­ра про­ме­на на име­то на др­жа­ва­та; но и уште по­тра­гич­но, се отка­жу­ва од ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, од при­да­вка­та ма­ке­дон­ски, од иден­ти­тет­ска­та по­себ­ност, со без тро­шка пре­мис­лу­ва­ње го при­фа­ќа ре­ше­ни­е­то „ед­но­став­но гра­ѓа­ни“. Ток­му во тој дел сво­јот прин­цип го про­нај­де За­ев за со­ра­бо­тка­та со „го­ле­ми­от па­три­от, кој „ро­бу­вал за Ма­ке­до­ни­ја“.

Прин­ци­пи­ел­ни­от при­мер Ма­ке­до­ни­ја

Да се вра­ти­ме на прин­ци­пи­те и на сѐ што е на­пра­ве­но до­се­га во овие го­ди­ни бес­по­штед­на би­тка за „прин­ци­пи­ел­но“ ури­ва­ње на су­ве­ре­ни­те­тот на Ма­ке­до­ни­ја од над­вор.

Ма­ке­до­ни­ја е со­вре­мен при­мер де­ка но­ви­те де­мо­кра­тии од исто­кот на Евро­па тре­ба да зна­ат де­ка прин­ци­пи­ел­но, во се­кој мо­мент опре­де­ле­ни прин­ци­пи­ел­ни кри­ми­но­ге­ни стру­кту­ри во нив­ни­те зем­ји има­ат при­стап до те­ле­фон­ски­те раз­го­во­ри на др­жав­но-по­ли­тич­ки­от врв. Од ка­де? Од „свир­ка­чи“, се раз­би­ра. До­де­ка ви­стин­ски­те свир­ка­чи ка­ко Ме­нинг, Сно­у­ден или Асанж, во прин­цип, ќе кис­нат кој во за­твор до­де­ка не ста­не же­на, по стран­ски ам­ба­са­ди или во „не­при­ја­тел­ска не­де­мо­крат­ска Ру­си­ја“, ту­ка прин­ци­пи­ел­но ќе се спо­ме­ну­ва­ат ка­ко ид­ни ви­со­ки функ­ци­о­не­ри во др­жав­на­та без­бед­ност.

Ма­ке­до­ни­ја е прин­ци­пи­е­лен при­мер за си­те су­ве­ре­ни др­жа­ви во све­тот де­ка не­ка­де по­стои сним­ка од не­кој кри­ми­но­ген по­ли­ти­чар, кој отво­ре­но ба­ра ми­то, кој и по­крај тоа што прет­ход­но е або­ли­ран и те­че суд­ски­от про­цес про­тив не­го, ќе ви го на­цу­цу­лат за пре­ми­ер, кој пр­во се за­ка­ну­ва на ме­ди­у­ми­те, а по­тоа на судс­тво­то! Но тоа се тие но­ви прин­ци­пи­ел­ни про­за­пад­ни ре­фор­ми.

Ма­ке­до­ни­ја е при­мер за прин­ци­пи во кои но­во­то мно­зинс­тво не­ма да мо­же чес­но и прин­ци­пи­ел­но да ја за­тво­ри ни­ту пр­ва­та сед­ни­ца на пар­ла­мен­тот; таа све­че­на­та, по­све­те­на на ве­ри­фи­ка­ци­ја на ман­да­ти­те, на из­бор на ко­ми­си­ја од ко­ја по­тоа за­ед­нич­ки ќе се из­бе­рат пре­тсе­да­тел и дру­ги со­бра­ни­ски функ­ци­о­не­ри. Не­ма за­пис­ник, не­ма те­ла, не­ма ни­што, но има спи­кер из­бран „во по­друм“, кој единс­тве­но прин­ци­пи­ел­но ги одра­бо­ти зна­ми­ња­та.

Прин­ци­пи­ел­но, отка­ко не­кој ќе нај­а­ви ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та и на неј­зи­но де­ле­ње по чи­сто ет­нич­ка ос­но­ва, тој ќе мо­ра да би­де и нов ман­да­тар, па и са­мо ка­ко ман­да­тар ќе се­ди до пре­ми­е­ри­те на Ср­би­ја, Ко­со­во, Ал­ба­ни­ја и на БиХ на европ­ски­те ко­ми­си­ски ве­че­рин­ки, ка­де што ќе му ги тит­лу­ва­ат си­те до­се­гаш­ни из­ја­ви и дејс­тва што го за­па­ли­ја ре­ги­о­нот. За­тоа што тоа се но­ви­те де­мо­крат­ски­те пра­ви­ла на ста­ра­та прин­ци­пи­ел­на… Евро­па.

Прин­ци­пи­ел­но, Ма­ке­до­ни­ја ќе за­гу­би од За­ев, кој игра по прин­ци­пи­те на „ре­ал­по­ли­ти­ка“, од­нос­но дип­ло­ма­ти­ја и по­ли­ти­ка на при­ти­сок што не да­ва пет па­ри за окол­но­сти­те или фа­кти­те, за мо­рал­ни­те и етич­ки пре­ми­си, ту­ку ма­ки­ја­ве­ли­стич­ки на­сил­но ги тур­ка „по­ви­со­ки­те“ ин­те­ре­си. Се­чии ин­те­ре­си, са­мо не ма­ке­дон­ски.

Пишува: Наум Стоилковски за Република

Дали Бејли ја составува новата Тиранска влада во Македонија?!

Најавите на лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев беа дека денеска ќе се знае составот на идната Влада. Но, тоа не се случи. Додека Заев преговараше со лидерот на БЕСА, Билал Касами, Али Ахмети, претседателот на ДУИ, беше на средба со американскиот амбасадор, Џес Бејли на која се разговарало на истата тема – формирање на новата влада. На средбата во американската амбасада во земјата претходеше разговор меѓу Заев и Ахмети.

По ова Ахмети побрза во американската амбасада за да види што имаат од таму да му кажат.

А Касами и Заев ништо не се договориле. Имало, како што рече Заев напредок во разговорите, но не и договор. За БЕСА пак нема напредок – има принципи од кои тие не отстапуваат, како рокови за донесување на некои закони, како на пример законот за јазицит, како и редефинирањето на државата.

Bejli-Ahmeti

Зошто Ахмети побрза на средба со Бејли?! Оваа денешна средба отвори многу прашања. Кои принципи Бејли му го кажа на Ахмети?! Дали токму Бејли е составувачот на новата влада во земјата – тиранската влада во Македонија. Не е новина мешањето на Бејли во македонските политички случувања.

Да потсетиме што објави  „Стандард“ во април :

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли уште во вторникот 11 април се сретнал со Зоран Заев. Бејли во просториите на СДСМ стигнал околу 17 часот со своето службено возило, опкружен со телохранители. Во негова придружба биле уште неколку службеници од Американската амбасада. Во таа прилика со Заев е договорен, поточно аминуван, план на насилно преземање на местото на претседател на Собранието, а потоа и противуставно конституирање на Влада, која би ја спровела на дело „Тиранската платформа“, направена од страна на Еди Рама.

Обидот за пуч договорен помеѓу Бејли и Заев, а реализиран во четврток 27 април со нелегален избор на Талат Џафери за претседател на Собранието претходните недели во своја колумна го најави Љубомир Фрчковски, водечкиот стратег на СДСМ – пишува медиумот.

Сега Бејли повторно стапува на сцена. А што бара Али Ахмети денеска на баци рака кај американскиот амбасадор?!

Таравари: Побаравме од Заев двојазичноста да биде експресна, тој апсолутно ги прифати барањата (ВИДЕО)

Генералниот секретар на Движењето за реформи во ДПА, Арбен Таравари во гостувањето во емисијата „Програм 200“ на Алсат-М телевизија истакна дека од лидерот на СДСМ Зоран Заев побарале двојазичноста да биде експресна.

-Двојазичноста да биде експресна, што е можно побрзо да се прават измените во изборниот законик. И тој е заинтересиран да го реши ова, прифаќа да се прават такви измени….Разговаравме како да ги промениме имињата на улиците каде живеат мнозинство Албанци. Замислете, во Гостивар центарот се вика „Маршал Тито“, а повеќето од младите не знаат кој е тој. Имавме согласување за повеќето од точките кои ги дискутиравме, истакна Таравари.

Тој вели дека за овие прашања со Заев разговарале околу час и половина и дека лидерот на СДСМ апсолутно ги прифатил барањата и точките.

-Дури поставивме рокови во кое време треба да се реализираат за да создадеме взаемна доверба дека во иднина ќе функционира оваа коалиција, ако функционира зошто да нема соработка, додава генералниот секретар во паријата на Зијадин Сила.

Пред два дена претседателот на ДР-ДПА Села, одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека откажувањето од Тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца.

-Сто пати сум кажал дека јас не се откажувам од декларацијата на Албанците, затоа што е исто како да се откажувам од иднината на моето дете. Секако дека ќе инсистирам на платформата, одговори Села.

Меѓу другото лидерот на ДР-ДПА остави простор и за уцена најавувајќи дека доколку не се исполнат неговите барања после 100 дена ќе ја преиспита поддршката на новата влада.

-Едно нешто е сигурно, јас кажав и ќе повторам, без разлика дали ќе бидеме и ние физички дел или со други зборови дали ќе имаме министри или не, може и да немаме, ние ќе ја гласаме новата Влада и се разбира после 100 дена ќе го преиспитаме нашиот глас, додаде Села.

ВМРО-ДПМНЕ: Пресот на СДСМ алиби за претстојните измени на Законот за јазиците како дел од Тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на која СДСМ најави поголема грижа и унапредување на статусот на македонскиот јазик, оценувајќи го тоа како дволичност затоа што од друга страна СДСМ прифатила официјализирање на албанскиот јазик како втор службен согласно Тиранската платформа.

– Денешниот прес на Алаѓозовски не претставува ништо друго освен алиби за претстојните измени на Законот за јазиците во Република Македонија што како дел од Тиранската платформа безусловно ја прифати нивниот лидер Зоран Заев. Токму таа Тиранска платформа предвидува целосна двојазичност на територијата на Македонија, а сега Заев и СДС се обидуваат да ја релативизираат и покриваат со некаква наводна грижа за македонскиот јазик преку семинари, одбори и доработки на електронски бази. Ќе беше добро доколку наместо купиштата изречени лаги и веќе слушнати флоскули, Роберт Алаѓозовски пред јавноста го објавеше веќе договорениот и усогласен текст на предлог законот за јазици кој неколку месеци го крие од граѓаните на Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата во реакцијата пишува дека во време на нејзиното владеење реализирани се  конкретни проекти, како новото издание на Правописот на македонскиот јазик кој, како што наведува, се носи после првото издание од 1945 година.

– Дополнително се реализира превод на македонски јазик на 1.200 наслови на современа стручна и научна литература, соопштува ВМРО-ДПМНЕ, набројувајќи и други капитални проекти од издавачката дејност  – „Ѕвезди на светската книжевност” со 560 врвни дела од светската книжевност, Антологијата на литературата за деца и млади, Антологискиот приказ на македонската книжевност преведен на шест странски јазици, едициите „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“, „Светско книжевно наследство“, „Македонски искушенија“…

Исто така, посочува ВМРО-ДПМНЕ, се испраќаат наставници по македонски јазик во странство, со цел македонските државјани во другите земји да можат да се едуцираат на македонски јазик.

ТИРАНСКАТА ПЛАФОРМА НА ДЕЛО: Демолирана единствената Македонска гимназија во Тетово!

Гаранциите на Заев кој „пет пари“ не важат, а се однесуваат на Тиранската платформа се покажуваат како сериозна закана по безбедноста во деловите од Македонија во кои малцинската заедница на Албанците е доминантна.

Tetovo-Gimnazija

Пример за тоа е синоќешниот вандалски чин во единствената тетовска гимназија во која наставата се одржува само на Македонски јазик, каде што во текот на ноќта упаднале вандали и ја демолирале.

При уападот во гимназијата вандалите користеле спрејови со боја, со кои ги прешкртале имињата на професорите, но и сите текстови на Македонси јазик.

Дополнително загрижува и фактот што, за министер за образование се лицитира со името на радикалот од БЕСА Биљал Касами кој од самиот старт на преговорите за состав на Влада тврди дека ниту тој, ниту неговата партија се има откажано, или има намера да се откаже од Тиранската платформа.

Со истиот став е и Зијадин Села, со што гаранциите за неспроведување на платформата од Тирана кои Заев ги даде на претседателот Иванов со цел да го добие мандатот, веќе се прекршени.

tetovo_gimnazija2tetovo_gimnazija3tetovo_gimnazija4tetovo_gimnazija5tetovo_gimnazija6tetovo_gimnazija7tetovo_gimnazija8

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на криминалецот Зоран Заев излегуваат на површина

Лагите на криминалецот Зоран Заев излегуваат на површина. Криминалецот Зоран Заев од една страна го лаже народот дека ќе застане во заштита на националните интереси, а од друга страна не се откажува од реализирањето на Тиранската Платформа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

При вчерашната прес конференција неговиот коалиционен партнер Зијадин Села изјави дека ниту потпишал, ниту има намера да потпише или почитува гаранција побарана од Претседателот Иванов.

За Села откажувањето од Тиранската Платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца.

Зоран Заев ќе мора да избере дали ќе остане на гаранцијата дадена пред Претседателот Иванов и граѓаните и ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне во реализација на ветувањата дадени пред лидерите на албанските партии.

ВМРО-ДПМНЕ и народот знае колку тежи зборот на Зоран Заев. Многу пати Заев едно зборувал, а друго правел. Многу пати Заев едно ќе кажел преку ден, а веќе друго кажува следниот ден.

На криминалци кои лажат како Зоран Заев не може да им се верува.

Ваквото деструктивно однесување, насочено против македонскиот народ и државата, нема да трае.

Народот секогаш победува.

Села: Не нè интересира што потпишал Заев – Не се откажуваме од Tиранската платформа (ВИДЕО)

На денешната прес-конференција на претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села, одговарајќи на новинарско прашање, соопшти дека не го интересира што и кому потпишува Зоран Заев, меѓу редови изјавувајќи и дека не го признава претседателот Ѓорѓе Иванов, обраќајќи му се со „некојси претседател“. За Села откажувањето од Тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца.
Еден од новинарите го запраша Села: „Како го толкувате давањето на мандатот на Заев од страна на Иванов, и гарацијата којашто ја даде Заев на претседателот Иванов?“

Села на тоа одговори:

Јас не сум му претседател, колку што знам, на господинот Зоран Заев, јас сум претседател на Движењето за реформи – Демократска партија на Албанците. Ние никаква гаранција не сме потпишале што барал некојси претседател. И нема никогаш да потпишуваме гаранции кои некој ги барал.


Зборувајќи за тиранската платформа Села додава:

Сто пати сум кажал дека јас не се откажувам од декларацијата на Албанците, затоа што е исто како да се откажувам од иднината на моето дете. Секако дека ќе инсистирам на платформата.


Меѓу другото лидерот на ДР-ДПА остави простор и за уцена најавувајќи дека доколку не се исполнат неговите барања после 100 дена ќе ја преиспита поддршката на новата влада.

Едно нешто е сигурно, јас кажав и ке повторам,без разлика дали ке бидеме и ние физички дел или со други зборови дали ке имаме министри или не, може и да немаме, ние ќе ја гласаме новата Влада и се разбира после 100 дена ќе го преиспитаме нашиот глас.

Милошоски: Случајот Сопот е почеток на реализација на договорот меѓу СДСМ и ДУИ преку нивното СЈО

Главната задача на СЈО е да штанца нарачани обвиненија против политички неистомисленици од ВМРО-ДПМНЕ, за да му помогне на господинот Заев, да спроведува нарачани платформи, со создавање на коалиција со партии кои ја поддржале платформата од Тирана, изјави денеска на прес конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Првата работа што сакам да ја нагласам е дека денеска па до крајот на мандатот на СЈО, ќе гледаме дека оваа институција работи како партиска подружница на СДС. Главната задача на СЈО е да штанца нарачани обвиненија против политички неистомисленици од ВМРО-ДПМНЕ, за да му помогне на господинот Заев, да спроведува нарачани платформи, со создавање на коалиција со партии кои ја поддржале платформата од Тирана. Сметаме дека ваквото однесување на СЈО е на штета на интересот на граѓаните на Македонија, но во корист на господинот Заев за да се дефокусира јавноста од главниот проблем во оваа држава, а тоа е правење коалиција со партија која што е поразена на изборите и правење коалиција на штета на интересите на Република Македонија. Наместо да се разговара на таа суштинска тема и плаќањето на висока и многу скапа цена за интересите на Македонија, а со цел Заев од аболициран за криминал да стане претседател на Владата на Република Македонија, СЈО ќе нарачува обвиненија и ќе поднесува обвиненија, за да го оттргнува вниманието на македонската јавност, тоа ќе биде улогата на СЈО денеска и улогата на СЈО во следните месец дена, изјави Милошоски.

Тој кажа дека од денешниот прес на СЈО се забележуваат две цели, првата за притисоци врз судството, а втората да се издејствуваат политички пресуди договорени во некој коалиционен или политички договор.

-Од пресот на СЈО се забележуваат две цели. Првата цел е најава за притисок врз судството, отворена политичка најава за силен притисок врз судството, кој што ќе следува во наредниот период. Втората цел, преку таквиот притисок кон судството да се издејствуваат судски пресуди, кои што се веќе дел од некој политички или коалиционен договор. Таквата најава денеска СЈО ја соопшти, преку споменувањето на случајот Сопот. Договорот е преку судски пресуди, издејствувани со политички притисок, да се ослободат обвинетите од случајот Сопот, за кој што веќе има пресуда, дека не извршиле некакво убиство или друго незаконско дејствие. Со самото тоа ќе се отвори врата за спроведување на другите договорени политички пресуди кои се однесуваат на случајот Монструм и убиените малолетници за време на велигденските празници и случајот Диво Насеље, поврзан со терористичката група која што дејствуваше во Куманово. Сите овие пресуди за жал се дел од политичкиот пазар, помеѓу господинот Зоран Заев и партнерите кои што дадоа поддршка за платформата од Тирана и најверојатно на крајот господинот Заев очекува, со ваквото дефокусирање на јавноста преку СЈО, да се стигне и до ослободителна пресуда за случајот Поткуп, каде што е лично инволвиран тој и целата македонска јавност имаше можност да види за каков случај се работи. По однос на самото дејствување на СЈО, поврзано со имотот и недвижностите на ВМРО-ДПМНЕ, кои што се преточени во нашите општински комитети, изјави Милошоски.

Тој потсети дека ваквото оденсување на СДСМ не е некоја новина, бидејќи и во минатото институции кои биле под капата на СДС, носеле одлуки против ВМРО-ДПМНЕ како партија.

-Само ќе потсетам дека однесувањето на СДС преку институции кои што се под нивна контрола, против ВМРО-ДПМНЕ, ова не е и некоја новина. Можеби за оние што знаат подобро, ќе потсетам дека во 2002 година, Уставниот суд имаше одлука токму по иницијатива на СДСМ, да се забрани политичките партии да купуваат или продаваат имот во моменти кога тогашното ВМРО-ДПМНЕ имаше одреден имот купен од сопствени донации. Испаѓа дека СЈО се грижи за имотот, донациите само на ВМРО-ДПМНЕ, а заштитени бели мечки во државава се партии како СДСМ, ДУИ, Беса и другите политички партии кои што формираат коалиција за поддршка на платформата од Тирана. Според ова се гледа дека СЈО е политичка продолжена рака на СДС и очекуваме притисокот во следниот период  да продолжи на ист начин, но како партија сме единствени и спремни да дејствуваме на соодветен начин против ваквите притисоци, изјави Милошоски.