АХМЕТИ ГИ СООПШТИ МИНИСТРИТЕ: Терористот Хазби Лика – организаторот на Масакрот кај Вејце ќе биде заменик-премиер!

Ahmeti-teroristi-UCK

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по завршувањето на состанокот на Централното претседателство во Мала Речица ги потврди имињата на новите министри во коалициската влада со Алијансата на Албанците и СДС, за која како што вели треба да биде официјализирана во понеделник, пренесуваат албанските портали

„Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, вицепремиер за интеграција Бујар Османи, министер за животна средина Садула Дураку, министер за економија Булент Салиу, Крешник Бектеши и Рамиз Мерко како министер без ресор” – изјавил Ахмети

Лика беше командант во Тетовско за време на конфликтот во 2001 година и е едно од имињата од ОНА што најмногу се споменуваа дека стојат зад озлогласениот масакр на македонските безбедносни сили во Вејце. Лика бил командант на на 112 бригада на ОНА. Беше градоначалник на Тетово од 2004 до 2008 година. Според Нова Македонија, Лика ја оштетил општината Тетово за три милиони евра.

Денес е член на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Тетово и предложен за заменик-премиер.

ФОТО: Заев продолжува со приватизација на СДС – Вистинските социјалдемократи видно разочарани

Zaev-UCK-USA

Социјалдемократите го одржуваат 22 Конгрес, каде очекувано се случи реизборот на Зоран Заев и нови членови Централниот одбор. Тоа што не е изненадување е што Заев продолжува да ја гради некогашната партија како приватна организација, нешто што го започна уште од неговото доаѓање кога почна да ги менува старите кадри и да го уништува  „скопското“ лоби.

И денеска според информациите од Централниот одбор се исфрлени 20 поранешни „бранковисти“, а за Генерален секретар е избран неговиот аѓутант Љупчо Николовски.

Palco-za-Ljupco

Од неговото преземање на Социјалдемократскиот сојуз, Заев го измени статутот со што си овозможи лично тој да ги именува претседателите на партиските разграноци и на градскиот скопски одбор.

На оваа одлука жестоко реагираа тогашните високи функционери на партијата. Меѓу звучните имиња потсетуваме на реакцијата на Јани Макрадули, кој оцени дека „именувањето и разрешувањето од страна на еден човек (добро два), ниту има врска со демократски процедури, а за некакво јавно пролкамирано единство и да не зборуваме“.

Daneva-protiv-SDSM

Со него се сложи и партиската екс- потпретседателката, Ана Павловска Данева, која обраќајќи се до членството праша „дали посакуваат да се членови на партија во која нема да има различни мислења, дискусии, дебати, дури ни кога е во прашање менување на суштински одредби од статутот?“ Тоа продолжи и пред денешниот конгрес кога Софија Куновска го опиша како „кимјонгунизација“.

На Конгресот од 11 мај 2014 кога се гласаше доверба на досегашното раководство, право на глас немаа дел од неговите најголеми противници кои тогаш не го прифатија пратеничкиот мандат со што немаа право да гласаат, а против Заев отворено застанаа скопските делегати.

esko slika

Есад Рахиќ од говорница на конгресот му порача на Заев да си оди, а Гордан Георгиев изјави дека „СДСМ е жив мртовец“ и дека партијата избегала од идеолошката матрица и додаде не може политиката да ја прават само тројца луѓе. За Заев тој изјави дека прави концепт во кој ни тој не верува.

gordan

Расчистувањето со старите кадри и скопскиот одбор продолжи и на последните избори кога на кандидатските листи за пратеници се појавија голем број на лица кои немаат никаква врска со СДСМ, а за кои се верува дека се во лична и финансиска врска со Заев.

delegatite

На изборите повторно беше игнорирана скопската организација што резултираше со оставка на Софија Куновска претседателската функција.

Така со методите на Заев во партијата СДСМ на функции повеќе не се наоѓаат кадри кои се политички искусни и стручни. Сега во партијата се наоѓаат неискусни лица кои кои немаат никакво влијание, туку се само верни полушници и спроведувачи на личните политики на Заев.

Никој од нив, како ниту еден од присутните на конгресот, нема да потсети на изјавата на Заев дека ако загуби со само еден глас на изборите, дека ќе си поднесе оставка од сите функции и во партијата и во државните институции и дека ќе се врати на бизнисот.


-Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, рече Заев само неколку часа пред да биде поразен.

zaev demokratija

Згора на сето, без трошка срам, денеска во медиумите контролирани од заевиот клан, се пренесува негова изјава дека иако е единствен кандидат, на овој конгрес делегатите кои што тој сам ги избра, можеле да гласаат за или против неговиот реизбор, оценувајќи го тоа како демократија.

Дали Бејли ја составува новата Тиранска влада во Македонија?!

bejli-sdsm

Најавите на лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев беа дека денеска ќе се знае составот на идната Влада. Но, тоа не се случи. Додека Заев преговараше со лидерот на БЕСА, Билал Касами, Али Ахмети, претседателот на ДУИ, беше на средба со американскиот амбасадор, Џес Бејли на која се разговарало на истата тема – формирање на новата влада. На средбата во американската амбасада во земјата претходеше разговор меѓу Заев и Ахмети.

По ова Ахмети побрза во американската амбасада за да види што имаат од таму да му кажат.

А Касами и Заев ништо не се договориле. Имало, како што рече Заев напредок во разговорите, но не и договор. За БЕСА пак нема напредок – има принципи од кои тие не отстапуваат, како рокови за донесување на некои закони, како на пример законот за јазицит, како и редефинирањето на државата.

Bejli-Ahmeti

Зошто Ахмети побрза на средба со Бејли?! Оваа денешна средба отвори многу прашања. Кои принципи Бејли му го кажа на Ахмети?! Дали токму Бејли е составувачот на новата влада во земјата – тиранската влада во Македонија. Не е новина мешањето на Бејли во македонските политички случувања.

Да потсетиме што објави  „Стандард“ во април :

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли уште во вторникот 11 април се сретнал со Зоран Заев. Бејли во просториите на СДСМ стигнал околу 17 часот со своето службено возило, опкружен со телохранители. Во негова придружба биле уште неколку службеници од Американската амбасада. Во таа прилика со Заев е договорен, поточно аминуван, план на насилно преземање на местото на претседател на Собранието, а потоа и противуставно конституирање на Влада, која би ја спровела на дело „Тиранската платформа“, направена од страна на Еди Рама.

Обидот за пуч договорен помеѓу Бејли и Заев, а реализиран во четврток 27 април со нелегален избор на Талат Џафери за претседател на Собранието претходните недели во своја колумна го најави Љубомир Фрчковски, водечкиот стратег на СДСМ – пишува медиумот.

Сега Бејли повторно стапува на сцена. А што бара Али Ахмети денеска на баци рака кај американскиот амбасадор?!

ДО ВЧЕРА МОЛЕА, ДЕНЕС ПЛУКААТ: Со партиски ургенции од Тито до дипломатска кариера

Ambasada-na-Makedonija

Додека во јавноста се актуелни информациите дека во дипломатија се праќаат партиски кадри додека се договара новата влада, дипломатски извори сведочат за документ од периодот ‎2006-2008  кој бил оставен на маса во кабинетот на тогашниот шеф на дипломатијата со потпис и печат од Тито Петковски, тогаш коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, објавува весникот ВЕСТ.

Станува збор за документ доставен како партиска ургенција до тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски адресиран од Тито Петковски чија партија во тој период беше во владата заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Дипломатски извори сведочат дека ова е единствениот ваков документ во МНР во кој на најгруб и непрофесионален начин се ургира за партиски активисти. Оттука истите го поставуваат прашањето зошто урегенции и тоа писмени ако станува збор за дипломати од кариера.

Станува збор за писмена ургениција од Петковски за неколкумина меѓу кои што е и диполоматот Данчо Марковски кој беше амбасадор во Загреб.

Dokument-Tito-Danco

Целиот текст прочитајте го на ВЕСТ

ЗА МИР ВО КОАЛИЦИЈАТА: СЈО е и слепо и глуво за дивоградбите на Теута Арифи

Teuta-divogradbi

Специјалното јавно обвинителство, кое без никакви правни аргументи бараше замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, за дивоградбите на тетовската градоначалничка Теута Арифи во градот со кој раководи е и слепо и глуво. Медиумите неодамна пишуваа дека Арифи ги гледа од канцеларија, ама не ги руши дивоградбите од црниот список во Тетово, пишува порталот Денешен.

-Кога од Тетово ќе се погледне кон Шар Планина, кон патот што води кон Попова Шапка и од спротива кон Тетовското кале и течението на реката Пена, може да се види како еден цел град надвиснал на Тетово. Многу куќи на два, на три па и повеќе катови, огромни објекти за ресторани или хотели кои имаа и по неколку стотици квадратни метри површина, а сите имаат една заедничка карактеристика – сите се дивоградби. Општина Тетово во август, 2016 на тендер ја избира фирмата „Еуро инвест“, која  со нејзината градежна механизација треба да ги руши дивоградбите. На интернет страницата на Бирото за јавни набавки објавено е дека Општина Тетово на фирмата треба да ѝ исплати 6.500.000 денари или 100.000 евра за рушење на објектите. Иако од потпишувањето на договорот поминаа веќе 9 месеци, досега во Тетово се срушени само бараките кај старото Медицинско училиште и еден ѕид и ништо друго, пишуваа медиумите.

Толку ли беше слепа градоначалничката, прашувуваат тетовчани?

„Ова што го гледате над Тетово, овие огромни ресторани, хотели, куќи, бидете сигурни дека тиа никогаш нема да се рушат иако се дивоградби. Толку ли биле слепи инспекциите, па и градоначалничката, и не можеле навреме да видат дека се гради објект од стотици метри квадратни? Не треба воопшто некој да им каже, доволно е само да погледнале од прозорецот на нивните канцеларии, цела Шара и Кале се гледаат начичкани со дивоградби. Сето тоа ќе си остане така, а ќе се сруши некое поткровје или шупа на некој сиромав кој нема ниту пари ниту врски да си го зачува објектот. И уште нешто, кој градоначалник врши рушење пред избори? А ние во Македонија избори имаме секоја година“, вели тетовецот кој сака да остане анонимен.

Постапката за рушење на останатите дивоградби во Тетово кои ги има повеќе од стотина  е заглавена некаде во општинските служби и комисии.

„Сѐ што е изградено после 3 март, 2011 година според Законот за легализација на дивоизградените објекти, се смета за дивоградба и не може да подлежи на легализација. Ние како инспекциска служба ги имаме евидентирано речиси сите вакви објекти и тој список сме го испратиле до Комисија за легализација на Општина Тетово. Сега оваа комисија треба само да утврди дека овие објекти не можат да се легализираат бидејќи се изградени после дадениот законски рок и да ни достави такво решение. Врз основа на тоа ние, како инспекциска служба, дури тогаш можеме да ја започнуваме постапката за рушење на дивоградбата. Досега од Комисијата за легализација на бесправно изградените објекти немаме добиено ни позитивно ни негативно решение за ниту еден од овие предмети што сме и ги доставиле, а без такво решение ние не можеме да рушиме иако очигледно е дека станува збор за дивоградба“, вели Виктор Стојановски, раководител на инспекциските служби во Општина Тетово.

collage-divogradbi

ФОТО: СДК.мк

 

Чист криминал за кој знае цело Тетово

Според Стојановски, во списокот има над 100 диво изградени објекти кои најмногу се наоѓаат на патот кон Попова Шапка и Тетовското кале, течението на реката Пена а исто така голем дел има и во градот и тоа претежно се надградби и поткровја на станбени објекти. Десетина дивоградби има и во викенд населбата на Попова Шапка. Во општинските кулоари овој список се нарекува и „црн“ список на дивоградби, но засега страшно му е само името бидејќи тетовските дивоградби никој не сака да ги руши.

-Луѓево ги става да кренат дивоградби на прва линија на Шапка на државно земјиште, и без кров, колку да се огради објектот, за да може после да утрдува согласно закон за легализација на бесправно изградени објекти и истите да се легализираат како да се донесени пред носење на законот т.е. во рокот во кој беше дозволено да се легализираат. Чист крииминал за кој знае цело Тетов, вели за Денешен уште еден тетовец кој сакаше да остане анонимен и кој додаде дека вакви биле десетина објекти моментално.

До нашата редакција беше и испратена фотографија од еден ваков објект, пишува Денешен.

tetovo

СЈО беше слепо и глуво и за дивоградбите на Заев

 

СЈО не покажуваше никаков интерес ниту за Заев и неговите дивоградби, иако јавноста е одлично запознаена со криминалот на „Цареви Кули“. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати обвинуваше дека Заев со денови молчи за незаконското постапување, фалсификување, узурпирање на државно земјиште и изигрување на законот во случајот со објектот на Цареви Кули.

-Заев се крие во врска со најновата афера во која е вклучен заедно со неговиот долгогодишен пријател Коце Ристовски, кој фигурира како сопственик на луксузниот комплекс Цареви Кули. Заев молчи ама граѓаните на Струмица, но и целата македонска јавност веќе знаат дека тој го озаконил криминалот и му дозволил на својот верен пријател да легализира објект по истекувањето на законскиот рок за легализирање на дивоградби. Скандалот да биде поголем другарчето на Зоран Заев, Коце Ристовски освен што бил почестен со незаконска легализација на луксузниот комплекс Цареви Кули, му бил и еден од најомилените тендер пајташи на Зоран Заев. Коце Ристовски и неговата фирма Чамчифлик Голд ДООЕЛ години наназад редовно добивале јавни набавки од општина Струмица и јавното претпријатие ЈПКД Комуналец Струмица, истакнуваа од ВМРО-ДПМНЕ.

carevi-kuli-640x275

СЈО беше слепо и глуво и за овие дивоградби, исто како и оние во Тетово на Теута Арифи. Овие случаи покажуваат како ќе владеат овие луѓе кои утре ќе станат власт и како работи обвинителството кое го поддржуваа, со неосновани хајки кон политичките противници на Заев и тиранската коалиција, со нарачки од СДСМ, а при очи слепи се за сите криминали на СДСМ и партнерите.

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција – СДСМ имаат страв од ова раководство, затоа што знаат дека ќе ги губат наредните избори како што ги изгубија и сите досега

Gruevski-Ohrid-1

Не планирам да се повлечам од лидерската позиција. Ние на последните избори победивме и освоивме најмногу гласови во Македонија и имам долг кон сите граѓани што не поддржаа и што гласаа за нас да продолжиме да се бориме за една добра иднина за Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Институтот за филм во Охрид.

Тој посочи дека во последно време ова прашање го отвораат многу опоненски партии и медиуми блиски до нив очигледно, вели, поради желба да дојде до смена на раководството во ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледно е дека имаат желба да дојде до промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ затоа што имаат страв од ова раководство, затоа што знаат дека ќе ги губат наредните избори како што ги изгубија и сите досега, рече Груевски.

Во овој контекст тој го отвори и прашањето за оставката на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој, како што рече, како лидер на СДСМ ги изгуби последните два избори во 2014 и 2016 година.

– Последните два изборни порази се на чело со Заев, и во 2014 и во 2016. Тој и во двата наврата вети пред граѓаните дека ако ги изгуби изборите ќе си даде оставка. Се уште веројатно многумина ја очекуваат или оставката или објаснување зошто и во 2014 кога вети дека ќе се повлече ако ги изгуби изборите не се повлече и зошто во 2016 кога јавно кажа дека ако ги изгуби изборите ќе се повлече се уште не го прави тоа, рече Груевски.

ЛУЗЕРСКА МАРИОНЕТА: Поканата од Могерини за Заев е уште еден доказ дека Заев го постави чадорот, а не го избра народот

Edi-Rama-Mogerini

Македонија е земја која на Европа и послужи како заморче врз кое ги спроведува своите болни и недемократски опити. Последниве две години се години на политички преседани кои Европа бескрупулозно ги спроведува.

Зоран Заев, иако е само мандатар и е во тек на преговори за составување на новата влада, веќе е поканет во седиштето на ЕУ, во Брисел, како шеф на македонската влада. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини му упатила покана на Заев да присуствува во седиштето на ЕУ на утрешната неформална вечера на премиерите на шесте балкански држави.

Могерини минатата недела изјави дека настанот кој се организира во Брисел е наменет за тие што се на премиерската функција, и тогаш беше посочено дека техничкиот премиер Емил Димитриев ќе биде присутен на средбата. Заев може официјално да го замени Димитриев на премиерската позиција само откако Собранието ќе ја изгласа новата влада. Засега Заев го има само мандатот во раце, но не и премиерската фотелја.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од кабинетот на Могерини во рамките на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), поканата до Заев била испратена во својство на „определен за премиер“. Тоа значи дека лидерот на македонските социјалдемократи, иако сè уште не е избран за нов претседател на македонската влада, утре во Брисел ќе биде претставен како таков.

Покрај премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама (Албанија), Иса Мустафа (Косово) и Дениз Звиздиќ (Босна и Херцеговина), Зоран Заев ќе ја претставува Република Македонија на утрешната неформална вечера што ќе се одржи во зградата на ЕЕАС во Брисел.

Иако од Кабинетот на високата претставничка на ЕУ претходно соопштија дека поканите се испратени до актуелните премиери, сепак, во случајот со Заев и Македонија, Могерини одлучила да направи отстапка и сè уште неизбран на функцијата македонски премиер да го покани него и да го претстави пред останатите лидери од Западниот Балкан.

Претходно портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, најавувајќи ја утрешната неформална вечера на премиерите на шесте балкански држави со Могерини, истакна дека целта е да се разговара за состојбата во регионот во врска со последните случувања, како и да се погледне „како сите заедно може да се движат напред“.

– Оваа вечера исто така ќе биде продолжение на посетата на високата претставничка Могерини на регионот во март оваа година – истакна портпаролката Коцијанчич во најавата за утрешниот настан.

ТИРАНСКАТА ПЛАФОРМА НА ДЕЛО: Демолирана единствената Македонска гимназија во Тетово!

Tetovo-Gimnazija-1

Гаранциите на Заев кој „пет пари“ не важат, а се однесуваат на Тиранската платформа се покажуваат како сериозна закана по безбедноста во деловите од Македонија во кои малцинската заедница на Албанците е доминантна.

Tetovo-Gimnazija

Пример за тоа е синоќешниот вандалски чин во единствената тетовска гимназија во која наставата се одржува само на Македонски јазик, каде што во текот на ноќта упаднале вандали и ја демолирале.

При уападот во гимназијата вандалите користеле спрејови со боја, со кои ги прешкртале имињата на професорите, но и сите текстови на Македонси јазик.

Дополнително загрижува и фактот што, за министер за образование се лицитира со името на радикалот од БЕСА Биљал Касами кој од самиот старт на преговорите за состав на Влада тврди дека ниту тој, ниту неговата партија се има откажано, или има намера да се откаже од Тиранската платформа.

Со истиот став е и Зијадин Села, со што гаранциите за неспроведување на платформата од Тирана кои Заев ги даде на претседателот Иванов со цел да го добие мандатот, веќе се прекршени.

tetovo_gimnazija2tetovo_gimnazija3tetovo_gimnazija4tetovo_gimnazija5tetovo_gimnazija6tetovo_gimnazija7tetovo_gimnazija8

СЈО КАКО ПАРТИСКИ ШТАБ НА СДСМ: Од каде протекуваат информации пред време?

Katica-Janeva-Naroden-glas

Како и пред секоја помпезно најавена прес- конфренција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), така и денеска во сдсмовските медиуми пред време протекуваат информации за тематиката на пресот.

Специјалното јавно обвинителство за денеска на пладне најави прес-конференција. Обвинителство на својaта фејсбук страница ја најави прес конференцијата без да соопшти дополнителни детали. Како и многу пати досега, така и денеска сдсмовски медиуми веќе споделуваат информации за тоа со какви случаи ќе излезе СЈО.

За експертите е скандалозно тоа што Специјалното јавно обвинителство, ден порано најавува прес-конференција и од тоа прави спектакл.

Партиската параинституција на СДС, олицетворена во СЈО, во недела се потерала да напише известување до медиуми дека во понеделник ќе имале прес конференција. И сето тоа, од страна на соросовите медиуми, и секако телевизијата на Заеви, е доволна причина за правење на медиумски спектакли и нарачани вести. Прво, какво е тоа обвинителство, ако не исклучиво чисто партиско и политичко мотивирано кое на фанфари најавува прес конференции уште ден порано. Второ, таквите најави се дознаваат на социјалните мрежи уште пред да биде пуштено официјалното известување кое во нормална држава има функција на техничко известување, а не правење на политичка тема.

Србов додава дека СЈО со својата работа нема ниту „п“, од право, но има „П“ од партија. Сигурно, по утрешна „спектакуларна“ прес конференција ќе најават и ќе побараат мерки за претпазливост или обезбедување на оние кои се предмет на истрага. Па нели со ваквите известувања ден порано се загрозува истрагата, постапуваат непрофесионално и најавуваат уште 24 часа претходно што ќе се случи во наредниот период.

-Како е можно дел од луѓето блиски од СДС на своите ФБ профили да споделуваат информации за тоа со какви случаи утре ќе излезе СЈО. Ова е сериозна злоупотреба. Се поставуваат прашања: од каде знаат, зошто СЈО е партиски штаб на СДС, зошто се се пренесува што се работи, дали ова не е доказ дека директивите до СЈО доаѓаат од СДС? Од каде знаат нивните луѓе дека утре ќе се работело тема за финансирање на партија или изградба на автопатишта…Се со цел да се оцрни ВМРО и да се нанесе штета. Без докази, без аргументи, без било каква почитувана правна процедура. Чисто политички потег. Петто, можеби и најважно, рокот во кој треба да испорача резултати СЈО го гази немилосрдно. Луѓето од оваа партиска испостава и инструмент се длабоко во паника, пишува Србов.

СЕ ПОМАТИЈА СМЕТКИТЕ: Еве зошто, сепак, се уште ја нема новата влада

Ahmeti-Zaev-so-kecinja

Тешко му оди на Заев со поделената ДУИ и антагонизмот помеѓу Ахмети и Kасами

И покрај првичниот оптимизам дека во понеделник (денес) владината програма и составот на владиниот кабинет ќе бидат доставени до Собранието, проценката е дека за СДСМ ќе биде успех ако мандатарот Зоран Заев успее да ја стокми владата за 10 дена, како што првично најави.

Извори од партиските тимови брифираат дека тешко одат преговорите, особено поради нетрпението во албанскиот блок. Проблем е антагонизмот помеѓу ДУИ и Беса, од една страна, и нетрпението помеѓу двете крила во партијата на Али Ахмети, од друга страна. Интересот на ДУИ, Беса и „Алијансата за Албанците“ е да бидат во владиниот кабинет и поради тоа Заев ќе треба да се помачи за да ги задоволи апетитите на трите партии.

По средбата Заев – Ахмети и на претставници на СДСМ и Беса, за денеска или утре се најавува средба и со „Алијансата за Албанците“. И од СДСМ и од Беса изјавија дека засега на маса се само принципите на владеењето. Ниту една страна не открива кои се, односно за какви принципи станува збор. Освен принципите на кои треба да се темели новата влада, на маса е ставена и поделбата на ресорите.

Официјално, од партиите не коментираат како течат преговорите. Учесници на преговорите брифираат дека СДСМ од потенцијалните владини партнери бара во владиниот кабинет да нема лица опфатени со истрагите на СЈО, но и да нема партиска заштита на владини функционери ако во иднина бидат предмет на истрага на Специјалното обвинителство. Социјалдемократите бараат од владините партнери да прифатат истрага за потеклото на парите на партиите.

Иако информациите се дека и ДУИ и Беса се конструктивни во врска со СЈО, сепак преговорите за влада ги одолжува партијата на Ахмети, од чии редови е можно да има засегнати од истрагите на Специјалното обвинителство. Судирот помеѓу двете крила на ДУИ е дали на министерските позиции да бидат поранешни министри или за новиот владин кабинет да се оди со нови неизвалкани кадри. Токму пред ваква дилема е и лидерот Ахмети, притиснат од барањата на двете крила. Неофицијално, дополнителен притисок врз Ахмети е и навестувањето од СДСМ дека во владата би било добро да бидат некои од функционерите што директно беа вклучени во преговорите со социјалдемократите, како Теута Арифи и Изет Меџити.

Но, спротивставеното крило во ДУИ има голем отпор поранешни министри и заменик-министри и во новата влада да предводат некои од ресорите. „Дневник“ веќе објави дека е можно во новата влада Ахмети да не предложи ниту еден функционер на ДУИ кој бил дел од која било претходна влада и оти лидерот ќе оди со целосно нов тим на „Илинденска“. Потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта, вчера индиректно ни го потврди тоа иако се огради дека тој може да зборува само за своите ставови.

– Во новата влада ДУИ треба да партиципира со угледни и луѓе, кои имаат репутација во општеството. Иако ДУИ има големо членство, ако нема такви личности, зошто да не, нека бидат луѓе што се надвор од партијата. Kонечно, треба да се расчисти со функционерите што државата ја доведоа до ова дереџе – ни изјави Бејта.

На Зијадин Села сега му пречи и договорот за нов клинички центар Оставете коментар за објавената вест Од кого: Коментар: *Внесете го кодот во празното поле Проблем за Заев е како во иста влада да ги седне ДУИ и Беса, кои и не кријат дека не се поднесуваат. По средбата меѓу партиските тимови на СДСМ и Беса, информациите се дека партијата на Билал Kасами на маса ги ставила своите принципи за учество во владата. СДСМ и Беса се усогласени дека во новата влада не треба да има инкриминирани функционери во истрагите на СЈО.

Беса инсистира ако во владата има функционери што допрва ќе бидат под истрага од СЈО, веднаш да се повлечат. Партијата на Kасами бара одлуките во владата да се носат со консензус, односно рамноправно партнерство на партиите што ќе бидат дел од владиниот кабинет. Во однос на распределбата на ресорите, Беса бара балансирана власт, односно во сите ресори да има функционери од сите партии, и за меѓусебна контрола, но и да не се претворат министерствата во испостави на некоја од партиите.

Токму балансираното владеење, велат од Беса, може да биде компромисот за нивното барање за еднаков број министерства со ДУИ. Освен принципите за владеењето на новата влада, на маса е и првичната распределба на ресорите меѓу партиите. Kако што веќе објавивме, албанскиот блок може да смета на осум ресори. Понудата за ДУИ е четири министерства плус две вицепремиерски позиции, додека Беса и Алијансата би добиле по едно министерство.

По првичните информации дека ДУИ ќе ги добие ресорите економија, образование, локална самоуправа и животна средина, како и вицепремиерските за Рамковниот договор и евроинтеграциите, сега апетитите на интегративците се да го добијат ресорот транспорт и врски, но во игра е и Министерството за одбрана. Позициите на СДСМ се дека ДУИ ќе треба да избере помеѓу економија и транспорт и врски, но не и двете.

Ако, пак, интегративците инсистираат на ресорот одбрана, тогаш ќе останат без вицепремиерското за евроинтеграции, но ќе добијат министерство без ресор. Неофицијално, Беса типува на Министерството за правда, кое засега треба да му припадне на СДСМ. За Беса, правда е битен ресор, бидејќи токму тоа Министерство ќе го предложи законот за употребата на албанскиот јазик. За „Алијансата за Албанците“ се споменува Министерството за здравство.

Извор: Дневник