Милошоски: Политиката на СДСМ е како Тројански коњ, нуди едно, а подметнува друго

Политиката на СДСМ е како приказната за Тројански коњ, од една страна нудат повисока просечна и минимална плата, а од друга страна подметнуваат бинационална држава и прогласување на македонскиот народ за геноциден, кажа денеска во Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Политиката која шти ја води СДСМ е како приказната за Тројанскиот коњ. Од една страна нудат просечна плата од 30 000 денари, од друга страна подметнуваат прогласување на македонскиот народ за геноциден. Од една страна нудат минимална плата од 16 000 денари, од друга страна подметнуваат бинационална држава, рече денеска Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски додаде дека исто така СДСМ договориле ослободување на обвинетите од случаите Монструм, Диво Насеље и Сопот за сметка Зоран Заев да не одговара за случајот Поткуп и другите кривични дела за кои се сомничи.

Колумна на Сотир Костов: Тројански коњ со политичка шизофренија

Едно мало изборно резиме: Имаше изборна кампања, и конечно на 11 декември се одржаа предвремените парламентарни избори во Македонија. Kампањата беше остра, агресивна, но без немири и уништување на штабовите на политичките противници. Богами, немаше и тепачки, насилија и други безобразлуци и простотилаци. Добро, имаше по некое обвинување дека ВМРО-ДПМНЕ ги притиска, уценува и поткупува гласачите, ама ништо на виделина, ниту еден доказ. Затоа, пак тие што обвинуваа, СДСМ и опозицијата, редовно беа фаќани – како глувчиња во кафез со сирење – како подмитуваат, корумпираат, и купуваат бе батка, купуваат гласови. За големите контигенти купени гласови, за смрдеата на нечистите пари од белосветските криминални подземја, во некој друга прилика, и тоа многу наскоро. Денес за тоа што беше очигледно како бел ден: фатени купувачи на изборни гласови на СДСМ во Kочани (веќе редовна појава премината во традиција, чиј сведок бил и е авторот на овие редови), во Струмица (турско маало), и секако во Kуманово со „хуманитарните“ дрва и нешто кеш, даван по списоци составени од началникот Величковски. Знаете оној ‘„Македонскиот Елцин“, кој се качи на полициски џип, изведе театарски перформанс, во кој ги нападна сите во државата, со цел себеси да се претстави како Света Дева Марија.

На денот на изборите невиден досега изборен мир. Една позитивна атмосфера, во која граѓаните во голем број излегоа и гласаа. За тој процес, на самиот изборен ден, обвинувања од никој за никој. Немаше! Почнаа да се искажуваат и првите импресии и оценки од претставниците на меѓународната јавност и домашните набљудувачи. Сите до ред ПОЗИТИВНИ. А бе и оние од СДСМ и опозицијата. Да видиш, да не веруваш. Ама леба ми, крста ми, така беше. Сите ние сме сведоци. Дојде и броењето на гласовите и сумирањето на резултатите. Е тука, веќе Заев и СДСМ си дојдоа на своето. Први ги пребројаа гласовите, прогласија победа и отидоа пред владата да слават. Таму Заев држи говор, шири победничка еуфорија, паѓа во екстаза, а богами покажува и знаци изборни оргазмички грчеви. Некои нерви толку му се згрчиле што најпрвин објавува дека опозицијата освоила 51 мандат, а веднаш потоа и 52 и го изговара оној плагијат „Леле, леле луѓе што направивме“. И пак во историјата влегува како манипулатор, измамник и патолошки лажго. Kако прво, нема 51 мандат, 52 ич. Само 49. Тој тоа го знае, ама мора да го прави тоа што го прави, бидејќи на Зекири, звани Муки возбудата му преминува во нервоза и ќе почне да ја искажува со давање изјави, а подоцна и интервјуа за странски медиуми, каде вели дека немал намера да отстапува од целта за која стапил во СДСМ. И второ, само еден е Владо Илиевски, македонскиот херој, кој ни донесе голема радост. Заев не го може тоа, а и не го бидува за херој македонски. Kако и ќе го биде кога постојано краде, ту изборни програми, ту победнички слогани. Kај него с` е украдено, плагијат и туѓо. Скоро, скоро и тој самиот ќе го дознае тоа кога ќе дојде фактурата од кај кантоналното подземје.

Следуваше грдиот изборен перформанс на ДИK. Членовите на ДИK, аналитичкиот центар и многубројната стручна служба, сите бројат, бројат и бројат, ама никако да избројат. Сумарните резултати за некого се суморни и не иде да се објават. Kако на Заев кој веќе слави победа, да му се каже дека изгубил. Една таква изјава за сите нормални во државата би била ин медиа рес( во центарот на работите), ама за лажниот победник Зоран Заев, а особено за обезбедувачите и финансиерите на контингентите гласови, тоа би било голем стрес. Добро, после едно трагикомично врти-сучи, сакам-нејќам, смеам-не смеам, можам-не можам, ДИK ги објави првичните резултати и: за јавноста неизвесноста се прекина, ама за Заев и СДСМ голем шок. Тие да не ти бидат победници. Имале 49, а не 51 уште помалку 52 мандати. Е тоа е голем шок. Тоа не чини. Тоа е голем проблем. На Заев веќе му е тесно, како на две нозе во еден чевел. Лично мислам, доколку дилот во кантоните тој што мене ми иде на ум, тогаш ќе му биде тесно и во чевли педесет-и-двојка, толку посакуван номер, а не достигнат. Еее, ете, тоа ти е животот. Ете што ти прави жедта за власт. Не можеш ни да замислиш, а камо ли да предвидиш каде се може да те однесе големата желба за власт и моќ. Јас таму, во тие недефинирани предели не би сакал да бидам, ама и никому не би му посакал таму да се најде.  И сега што да се прави? Од некаде и некого, ајде погодувате од каде и од кого, падна наредба: се да се напаѓа, гласањето да се прикаже недемократско, резултатите да се спорат. Проработува оската „Беса – СДСМ“, бидејќи бесата мора да се реализира. Милом или силом. Поточно, не може со арно, може со сила. И почна силувањето на изборниот процес и резултатите, нагрдувањето на изборниот закон, и како тргнало, не се знае каде и како ќе се заврши. И тука некаде се присетувам на грдите мејлови на Верушевски и дружината за граѓанска војна. Е па алал да им е! Едно, погаѓаат, друго можат. Срам и арам да ни ако тоа, нив и сите што ги впрегнале во ова црно сценарио не ги спречиме. Што ќе им кажиме на нашите деца? Kако ќе се оправдаме пред нашите внуци и историјата? Ќе признаеме ли пораз, при победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата чиста како солза? Заслужуваме ли да се кажуваме за македонци кои живееме во Македонија и за Македонија? Ќе му дозволиме ли на Бејли и во оваа прилика од нас да прави мајмуни? До кога ќе ни се меша во нашите македонски работи, и ќе ни наметнува губитници и заробени и изгубени луѓе како Заев за победници. Па каков победник (е Заев), какви бакрачи бре луѓе? Зарем не гледате дека тој е Тројански коњ, исполнет со скапо платени контингенти гласови и уфрлен во изборниот процес, со цел МАKЕДОНЕЦ да го оствари тоа што големоалбанските странски елементи и интереси не можеа досега. Ова е невидена политичка шизофренија. Политичар со стратегија „Да – Не – Можеби“, и изведба „Сакам-речам-не-знам-кажам“ да ја води Македонија во кантонизација и што ли уште не. Па ве молам, не гледате ли дека тој не знае да признае пораз. Суетата му е како на некадарен љубовник. Хистеријата што ја покажува во божемната победа, е хистерија налик на увредена свекрва, која растура брак на свое дете. А паранојата му е антологиска и епска. Шири незадоволство, лаги, нихилизам и наликува на човек без самодоверба. – Исплашен и изгубен човек. Човек кој блада. Изјавува „Еве после победата на никој ништо нема да му фали“, а како губитник праќа негови проверени тепачи да претепуваат познат и признат алпинист, Македонец од светски глас, а фантомите од Kарпош претепуваат немоќен човек во средовечни години. На него и неговите ли да им веруваме? Тие ли ќе ти бранат ИМЕ МАKЕДОНСKО, ЈАЗИK И НАРОД МАKЕДОНСKИ И ТЕРИТОРИЈАЛНА ЦЕЛОВИТОСТ НА МАKЕДОНИЈА. Тој и тие како него, можат само да ги распродаваат овие светли македонски придобивки. Kако што реков: веќе доаѓаат големи фактури за наплата. Станува опасно. Мораме да се организираме да си ја спасиме и зачуваме државата. Тоа е ИМПЕРАТИВ. За сите нас МАKЕДОНЦИ, АЛБАНЦИ, ТУРЦИ, РОМИ, СРБИ, БОШЊАЦИ, ВЛАСИ и сите други во Македонија. Инвазијата однадвор е почната. Првиот атак е одбиен. Тројанскиот коњ се покажа неуспешен, меѓународните јастреби, побожем дипломати разочарани. Само уште да ја совладаме политичката шизофренија, која сака да ни наметне лудачка кошула. Белки сме кадарни да си го одбраниме досега стекнатото – своето.

Пишува: Сотир Костов за Дневник

Колумна на Никола Србов: Голема Албанија и Тројанскиот коњ

По заклучоците донесени на Париската мировна конференција, на која се исцртуваше светската мапа по крајот на Втората светска војна, луѓето веруваа дека границите на државите се конечни и дека не е возможно нивно ново прекројување, изоставувајќи го од ова разединувањето и обединувањето на одделни федерации и сојузи. Дел од научната јавност посочила дека тоа е незапирлив процес, а по 70 години станавме сведоци на тоа што го говорела науката.

Јавноста треба да знае, а образовниот систем да нагласи некои факти што се есенцијални за нашето поднебје, со тоа ќе бидеме посвесни за нашето постоење и повеќе ќе го почитуваме тоа што го имаме, а идните генерации ќе бидат поподготвени. Тука би набројал само неколку од нив:

  1. Војните не се само дел од минатото, тие се одигруваат и денес, ќе се одигруваат и во иднина;
  2. ние временски и просторно не сме далеку од нив;
  3. граници се менуваат и изникнуваат нови држави во XXl век, ќе изникнуваат и во иднина;
  4. антагонизмот од Студената војна не е завршен и гледаме некоја втора студена војна, или првата не ни завршила, историјата ќе каже;
  5. доколку имало две балкански војни тоа не значи дека не може да има уште две;
  6. Европа е во мир 70 години и нема гаранција дека ќе биде уште толку во т.н. римски мир;
  7. човекот сѐ уште го нема пронајдено идеалното општествено уредување и во иднина ќе гледаме нови концепти и системи на општествено уредување. Едноставно, треба да сме свесни дека ништо не почнува од нас и не завршува со нас.

За разлика од некои потривијални точки на светската мапа, тука на Балканскиот Полуостров нештата се менуваат на дневна основа, секако, некој емисар од Запад надмено би констатирал „прости Балканци“ без да знае дека на овие простори секој еден потег има своја причина длабоко во историјата. За да се исполнат сите големодржавнички соништа на балканските народи би требало полуостровов да го триплираме, но повторно нема да бидат сите задоволни, едноставно, половина од поривот за големи држави доаѓа од потребата за ресурси и за територии, другата половина припаѓа на потребата да му се зграби нешто на соседот и да се покаже супериорност.

golema-albanija

Од појавувањето на Приз­рен­ската лига, па сè до ден денешен кај Албанците опстојува големодржавничкиот сон наречен „Голема Албанија“. Кај секоја држава и народ постојат тенденции за територијално проширување, но истото мора во себе да има барем минимум историска оправданост, но кога таа изостанува, на сила стапува „политичката оправданост“ и „неопходност“. Во првата мапа на која се исцртани границите на „Голема Албанија“ од Македонија се вклучени градовите Гостивар, Тетово и Дебар. Неоправданоста на таа мапа е во тоа што во тој период во Тетово и во Гостивар од сите граѓани најмалобројни биле токму Албанците, кои немаат ни свои топоними за овие простори. Но мапата била водилка за териториите, кои преку висок наталитет треба да бидат албанизирани во иднина. Во претходните децении на овие територии, посочени од Призренската лига, доминантно стана албанското население, што значи успеале во својата стратегија во однос на демографската слика, им остана само да го материјализираат планот. Создавањето на Република Косово ги подгреа радикалните струи кај Албанците, кои помислија дека сега е моментот за остварување на сонот. Албанците го користат моментот и зграбуваат колку што можат, како ќе ја водат политиката и како ќе се постават останува на нив.

Албанците при кроењето на првичната мапа се повикувале на Косовскиот вилает. Проблемот во приказната им се појавува кога на пописните документи правени од османлиите ќе увидат дека на тие простори не биле мнозинство. Уште поголем проблем им се појавува доколку апетитите одат во обратен правец, тоа, всушност, и се случи, Србија, исто така, се повикуваше на Скопскиот вилает при својот мегаломански големодржавнички сон, кој заврши со губење територии.

И додека голем дел од македонските граѓани тврдат дека ова се еден куп глупости, заговори и политикантство, радикалниот елемент кај Албанците издаде нова мапа. Во новата мапа веќе не станува збор за Тетово, Гостивар и за Дебар, тие се ставени во делот на завршени работи, сега во мапата се вклучени повеќе од 50 проценти од територијата на Република Македонија. Сега цел се градовите: Струга, Охрид, Кичево, Битола, Прилеп, Велес, Крушево, Ресен, Куманово, во таа мапа е вклучен македонскиот амбар – Пелагонија и најголемите водни ресурси на Република Македонија со двете езера Охридско Езеро и Преспанско Езеро. Круната на сето ова треба да биде Скопје – главниот град на Република Македонија, кој заедно со целата негова околија е вклучен во мапата на „Голема Албанија“.

Комфорот што го чувствуваат жителите на Општините Центар, Карпош, Кисела Вода и на Аеродром мислејќи дека тие се сигурни во својот дом, е привиден. Доколку еден жител на Капиштец ја погледне мапата на проектот „Голема Албанија“, својот „сигурен“ дом ќе си го најде од таа страна на границата.

На крајот не е важно што бараат и за што се залагаат Албанците, да речеме дека тоа е нивно право и сакаат да заграбат што повеќе територии, на крајот од денот, треба да се прашаме што правиме ние за да ја зачуваме нашата држава, односно што прават поединци, кои преку ноќ овозможуваат сонот за „Голема Албанија“ да биде комплетиран. Проблемот се појавува кога тој што врши опсада ќе најде своја продолжена рака меѓу тие на кои е направена опсада, рака што ќе му ја отклучи вратата однатре, што е пострашно и од Троја.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој има полоша улога и од Тројански коњ, во своето додворување кон Албанците ја става на распродажба цела територија на Република Македонија. Албанецот што сака да учи музичко, како што вели Заев, може да го оствари тоа право во средини каде што повеќе од 25 проценти од населението се Албанци, тоа го добивме од Рамковниот договор, притоа не се осврнува на фактот дека во тие средини Македонецот наидува на опструкции да се обраќа во административните установи на македонски јазик. Зоран Заев целејќи на албанските гласови ја растури половина партија што ја раководи, неговиот замислен концепт за граѓански партии во овој момент не е возможен по ниту еден параметар, но што знаат радикални левичари што е созревање и искуство, тие сметаат дека сѐ почнува од нив и со самото тоа одат во пропаст каде што ја влечат и државата.

При поделбата на Македонија во 1913 година повод, темел и оправданост на таа поделба соседите наоѓаа кај дел од Македонците, кои решиле да станат Срби, односно Бугари и Грци. Денес политиката што ја спроведува СДСМ ги претставува темелот и оправданоста за идната федерализација на Македонија.

Пишува: Никола Србов за Република

Колумна на Џејсон Мико: Дојде како тројански коњ и стана октопод

Kон крајот на април и почетокот на мај, Џеј Нордлингер, уредник во конзервативниот магазин на американскиот десен центар „Нејшнел ривју“, ја посети Македонија за да слушне и за да научи. Kога дознав за оваа посета и за неговите планови подоцна темелно да пишува за посетата, бев воодушевен. Почитуван уредник на американска национална публикација што ја читаат креаторите на политика и носителите на одлуки, политичарите и медиумите, е подготвен да ја посети Македонија и да ја каже вистината за тоа што прави политичката и културната левица за да и’ наштети на Македонија. Џеј ги напиша своите колумни и тие се веќе објавени и се споделуваат меѓу луѓето што се на позиција на моќ да и’ помогнат на Македонија, а левицата би требало да се плаши сега зашто ќе му дојде крај на нивното време во кое и’ наштетуваа на Македонија. Со овој кус вовед, дозволете ми да ви ги претставам вистинските нешта, зборовите што сега ги читаат оние што се борат за вистината:

„Има нешто што македонските конзервативци многу сакаат Американците да го дознаат. Тие, пред сè, сакаат американските конзервативци да го знаат тоа. Американските даночни обврзници се замешани во оваа земја. Ние и’ даваме пари на фондацијата на Сорос преку УСАИД. Македонските конзервативци велат дека сме одбрале страна во политиката во нивната земја: СДСМ или „посткомунистичката“ страна. Тие велат дека ова се случило во текот на претседателствувањето на Барак Обама.

Ние нагло и бесрамно сме се приклониле кон лево. Kако и да е, македонските конзервативци се ранети – во болки – верувајте ми. Тие се вознемирени поради американските односи со Македонија во ерата на Обама. „Ние сме проамериканска, прозападна партија!“ велат тие. „Левицата отсекогаш била со Москва. А вие нè туркате нас, конзервативците, во прегратките на Русите!“ Сакате да слушнете нешто интересно? Институтот на Сорос тука ја превел „Правила за радикалите“, „букварот“ на Саул Алински од 1971 година. Едно од најозлогласените „правила“ во неа е: „Одбери цел, замрзни ја, персонализирај ја и поларизирај ја.“ Левицата до буква доследно го следи ова правило. Со генерации „Правила за радикалите“ ги води левичарските активисти. И сè уште го прави тоа. Се надевам дека ние, американските даночни обврзници, не плаќаме за ваквите преводи. Џорџ нека си плати за тоа.

„Соросоидите“ ја имаат предноста да го информираат остатокот од светот за Македонија. Тие се „одлично поврзани во мрежа“, да цитирам еден конзервативец. И тие ја прикажуваат Македонија, во која на власт е ВМРО, како држава што ја напушта демократијата и влегува во десничарски мрак. Токму ова го слушаат и го читаат Западњаците. Му велам на конзервативецот: „Види, победивте на девет избори по ред. Парче ја правите левицата. Kолку влијателен може да биде Сорос? Очигледно е дека тој залудно си ги троши парите.“ А конзервативецот ми дава крајно интересен одговор: „Ова се нашите Реганови години. Точно е дека одлично ни оди. Но левицата насекаде се шири. Ријат сегде: во училниците, во медиумите, насекаде. И со овој интензитет, тие ќе ја имаат иднината. А нашиот либерално-демократски напредок ќе се изгуби.“

Среќавам еден конзервативен политикант кој кажува многу емоционални работи. Ќе го парафразирам иако така нема баш да му ги доловам чувствата. „Сè потешко е да се биде конзервативец во Европа. Не ‘економски конзервативец’, кој им дава предност на ниските даноци. Релативно лесно е да се биде тоа. Тој е социјален конзервативец. Некој што сака да ги брани семејството, религијата и пристојноста. „Во Америка се жалите поради културната војна. И никој не сака културна војна. Но, тоа е подобро од културно предавање. Барем сè уште останувате во игра, со огромните цркви и сè друго.“

На 1 Мај беше Денот на трудот, оттаму и ден на левицата. Луѓето ја пеат „Бандиера роса“, старата химна на црвените. И излезени се на улиците на протести. Чекорат по широка улица. Вообичаената левичарска толпа, препознатлива секаде. Има членови на синдикатот од образованието, носат сини маички. Има и претставници на СДСМ – „посткомунистите“ – и луѓе што едноставно се професионални демонстранти. Насекаде има црвени знамиња, и обични се, неукрасени. Изгледаат по малку тажно без нивните чекани и српови, или ѕвезди. Но, наскоро гледам едно или две знамиња на кое е отпечатен ликот на Че Гевара. Скопје се тресе од бучавата на левицата. Заглушувачка е, како и секогаш. Без оглед дали сум во родниот град Ен Арбор или тука во македонската престолнина, левицата си е левица – бучна, заканувачка и очигледно недемократска. Овие луѓе би нè пикнале во кампови додека трепнеш, верувај ми.

А што е со СДСМ, „посткомунистите“? Во Источна Европа, човек мора да се праша колку навистина се „пост“ овие посткомунисти. Извесно црвенило сè уште се надвиснува над нив. Дел од него е симболично. СДСМ-овците се викаат еден со друг „другар“, а нивното партиско знаме вклучува ѕвезда и стисната тупаница. Ахаааааа. Дали се овие дечки комунисти во срцето? Многу поверојатно е дека се опортунисти, заинтересирани за моќ, контрола и за привилегии.

Патем речено, во последно време Сорос стана дрзок симпатизер, кој не се интересира за демократските процеси, туку со своите милиони ја опсипува левицата – тврдата левица. Тој турка идеолошка агенда. И го прави тоа преку широк спектар невладини организации и активисти. Овие активисти, во конзервативниот лексикон, се „соросоиди“. И тоа не е комплимент. Еден козервативец потенцира: „Сорос дојде во Македонија како тројански коњ и сега е октопод.“

Kако што реков претходно во овој дневник, моите конзервативни пријатели тука се длабоко загрижени поради ефектите од „соросоидите“ – активистите кои се финансирани од Џорџ Сорос, но и од американскиот даночен обврзник кој донира во „Сороси Цо.“ (преку УСАИД). Од страната на конзервативците не постои еквивалентен активизам. Еден човек вели: „Ние мора да се справуваме како самоуки конзервативци. Потребна ни е помош. Потребни ни се мали водови. Потребни ни се изрази на граѓанско општество.“ Институтот на Сорос се вика „Отворено општество“. Треба да постои и контраинститут, конзервативен и класично либерален, наречен „Вистински отворено општество.“

И повторно јас: ова е еден од најточните увиди во Македонија по подолго време. И добро е што е објавен.

Извор: Дневник
Пишува: Џејсон Мико
(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД), и долгогодишен набљудувач на состојбите во Макеонија и во Југоисточна Европа)