КУЧЕТО КОЕ ЈАДЕ МАСТ ЌЕ ЈАДЕ И СТАП: Тужба за Бејли за делувањето во Македонија

Bejli-Soros-Sareni

Џудишал Воч, организација која судски се справува со злоупотребите на американските државни институции, поднесе тужба во суд во Вашингтон против Стејт Департментот и агенцијата за развој УСАИД, наведувајќи дека двете агенции не доставуваат документи согласно законот за пристап до информации, а под сомневање дека преку американската амбасада во Скопје, спротивно на Виенската конвенција, се мешале во внатрешните работи во Македонија каде финансирајќи ги левичарските групи и проекти на СОРОС се обидуваат да ја турнат власта

Џудишал Воч, конзервативната непартиска организација специјализирана за водење судски спорови против американските државни институции во ситуации кога овие се обидуваат да сокријат злоупотреби од јавноста, поднесе тужба против Стејт Департментот и УСАИД, Агенцијата за меѓународен развој, согласно Законот за пристап до податоци, а во врска со евиденцијата и комуникациите поврзани со финансирање и политички активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Џудишал воч наведува дека „Македонската организација, дел од Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос, примила близу пет милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година“.

– Тужителот Џудишал Воч има за цел да промовира транспарентност, интегритет и одговорност на владата и верба во владеењето на правото. Како дел од својата мисија, Тужителот редовно бара записи од федералните агенции во согласност со Законот за пристап до податоци. Ги анализира одговорите на агенциите и ги објавува и своите наоди и бараните податоци, со што ја информира американската јавноста за тоа што работи нивната влада – стои во тужбата поднесена до судот.

Всушност, Џудишал Воч на 16 февруари од американскиот Стејт Департмент и од Американската агенција за развој УСАИД испрати барање согласно американскиот закон за пристап до информации, да им се обезбедат како се наведува „сите записи во врска со грантови, договори, исплати и фондови од Стејт департментот до Фондацијата Отворено општество – Македонија и со која било подружница на оваа фондација. Ова ги вклучува сите барања за исплата на фондови, проценки, евалуации, одобрувања на исплати и други записи меѓу кои било функционер, службеник или претставник на Стејт департментот и на агенцијата за развој УСАИД“.

Но, до денот на поднесување на тужбата, организацијата не ги добила бараните документи. Во тужбата се наведува дека ниту Стејт Департментот, ниту УСАИД не успеале да ги достават бараните документи или да покажат дека бараните документи се законски изземени од доставување, потоа не го известиле Џудишал Воч за опсегот за било кои од бараните материјали и документи за кои му се ускратува пристапот до бараните документи и причините за тоа, како и дека Џудишал Воч, како тужител, може да ги обжали сите ускратувања од обезбедувањето на документите.

Џудишал Воч прецизно наведува дека ги побарале „Сите документи кои се однесуваат на сите грантови, договори или исплати од средствата од Стејт Департментот до Фондацијата Отворено Општество- Македонија и/или до организации подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува и сите документирани барања за финансирање, исплата или слични документи, како и сите поврзани документирани комуникации меѓу сите одговорни, вработени или претставници на Стејт Департментот и сите одговорни, вработени или претставници на УСАИД“.

Потоа се бараат „Сите документирани комуникации меѓу кои било одговорни, вработени или претставници на Стејт Департментот и било кои одговорен, вработен или претставник на Фондацијата Отворено Општество- Македонија и/или било која организација подружница на Фондацијата. Ова подразбира и евиденцијата на повратната комуникација испратена од и до Американскиот амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли“.

Од Џудишал Воч во тужбата наведуваат и дека ги побарале „Сите анализи или слични документи кои се однесуваат на политичките активности на Фондацијата Отворено Општество – Македонија и/или организација подружница на Фондацијата“, како и „Сите пораки пренесени преку СМАРТ системот на Стејт Департментот испратени од кои било владин службеник или соработник кој работи кај Шефот на мисијата во американската амбасада во Скопје, а се однесува на Фондацијата Отворено Општество – Македонија и/или организација подружница на Фондацијата“.

JudicialWatch_vs_USAID_macedonia-1

JudicialWatch_vs_USAID_macedonia-2

JudicialWatch_vs_USAID_macedonia-3

Според американските норми, државни службеници, вработените во амбасадата и во агенцијата УСАИД се обврзани да ги чуваат преписките кои ги имале во врска со доделувањето на грантовите, строго е забрането нивно бришење или уништување на пораките, писмата и севкупната коресподенција кои понатаму се документираат. Џудишал Воч ги бара токму преписките кои се однесуваат на финансирањето на проектите и на Фондацијата на Сорос и на нејзините организации, и кои би покажале можни злоупотреби на буџетските пари на американските даночни обврзници, но и како се наведува, вмешување на овие државни агенции и американската амбасада во внатрешните работи на Македонија, спротивно на Виенската конвенција за дипломатски односи.

Џудишал Воч потсетува на информацијата која ја објави во февруари дека „Американската влада тивко троши милиони долари од буџетот за дестабилизација на демократски избраната, центро-десничарската влада во Македонија во дослух со левичарскиот милијардер филантропот Џорџ Сорос“, за што Џудишал Воч наведува дека поседува документација. „Амбасадорот на претседателот Барак Обама во Македонија, Џес Л. Бејли, тајно работел со соросовата Фондација Отворено Општество на упатување на големи суми американски долари, со цел вмешување на американскиот амбасадор во внатрешните политички работи, што е спротивно на Виенската конвенција за дипломатски односи“.

Во барањето детално се наведени организациите поврзани со Фондацијата Отворено општество – Македонија, за кои веќе течат истраги. Меѓу нив е организацијата „Ист вест менаџмент“, која неодамна доби еден од најголемите грантови на УСАИД, вреден 9,5 милиони евра, да го имплементира во соработка со Фондацијата на Сорос, и која беше поврзувана со сопругата на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо.

Меѓу наведените организации и во барањата до Стејт Департментот и до УСАИД, но и во тужбата во Вашингтон пред окружниот суд во Колумбија, САД, се наведува и соросовата ФОО-Македонија, но и организацијата- ќерка „Метаморфозис“ задолжена за поголем број проекти поврзани со медиумите. Се бараат податоци и за грантовите исплатени на медиуми, како што е „Плусинфо“ на Бранко Героски, порталот „Либертас“ поврзуван со Ацо Кабранов, агенцијата „Мета“, порталот „А1он“, веб-сајтот „Призма“, „Окно“, па следат „Центар за развој на медиуми” кој ги пишува негативните извештаи за слобода на медиумите во Македонија, организацијата „Цивил“ која е и набљудувач на избори и медиум. Во тужбата на Џудишал Воч се наведени и барањата за информации кои се поврзани со финансирањето на „Хера“, „Контрапункт“, „НВО Инфоцентар“, „Центар за граѓански комуникации“, „Реактор“, „Младинскиот образовен форум“, „Граѓани за европска Македонија“, „АДИ“ и за низа други, од 1 јануари 2015 година до денес.

Организацијата која се бори против злоупотреби и за транспарентност на работењето на американските власти, заедно со објавата за поднесената тужба против Стејт Департментот и УСАИД, опишува на кој начин тајно функционира операцијата, за што како наведува извори од Македонија и од САД обезбедиле докази за истрагата која што е во тек.

„Фондацијата Отворено Општество основала и финансирала десетици левичарски невладини организации во Македонија за да ја турне конзервативната влада. Македонски владин претставник кој неодамна е интервјуиран од Џудишал Воч во Вашингтон, нив ги нарекува „Соросова пешадија“. Групите организираат младински движења, креираат влијателен медиумски простор и организираат насилни протести за да ги поткопаат институциите и политиките спроведени од власта. Една од група го финансирала преводот и издавањето на книгата „Правила за Радикали“ на Сол Алински во Македонија. Книгата е тактичко упатство за субверзии, нуди директни совети за радикални улични протести и го прогласува Луцифер за Прв Радикал“, наведува Џудишал Воч, кој потоа предупредува дека таа активност и натаму продолжува благодарејќи на американскиот амбасадор во Македонија.

„Благодарејќи на амбасадорот на Обама, кој не е променет од претседателот Трамп, ‘Вујко Сем’ продолжува со истурање на парите, па групите можат да продолжат да оперираат и да регрутираат, што го потврдуваат и изворите од Македонија и од САД“ додава Џудишал Воч.

Пред десетина дена истражителот на Џудишал воч, Вилијам Маршал, во деталната анализа за политичката криза и финансирањето на невладините организации во Македонија за „Американ тинкер“ повика претседателот на САД и неговата администрација да го отповика амбасадорот во Македонија, Џес Бејли. Маршал во анализата посочува дека целиот персонал во американската амбасада во Скопје, почнувајќи од амбасадорот, се тврдокорни левичари во калапот на Обама/Сорос и се цврсто решени да ја соборат македонската конзервативна влада.

– Џудишал Воч почна интензивна истрага во врска со ова прашање. Во меѓувреме, администрацијата на Трамп треба да го отповика амбасадорот Бејли – пишува Маршал, кој додава дека треба да се направи чистка во мисијата на САД во Скопје и да се запре финансирањето на организациите на организациите на гордиот, како што и самиот признава, поранешен нацистички соработник Џорџ Сорос.

Активностите на амбасадорот Бејли и финансирањето од УСАИД на соросовата фондација неодамна се најдоа под лупа и на американскиот конгрес. На 17 јануари годинава, сенаторот Мајк Ли испратил писмо до Бејли, барајќи да ги објасни врските на Стејт департментот со ФОО- Македонија. На 24 февруари, конгресмените Крис Смит, Луи Гомерт и други ја повикаа Канцеларијата за одговорност на владата (Government Accountability Office) да спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт департментот и УСАИД во Македонија, вклучително и за финансирањето на организациите на соросовата Фондација и потенцијалното вмешување во домашните политички прашања во Македонија, односно за кршење на Виенската конвенција.

Извор: Република

Никовски: Тужбата за УСАИД и за Бејли е нова етапа во скандалот (ВИДЕО)

Risto-Nikovski-TV-Nova

Тужбата што „Џудишал воч“ синоќа ја поднесе против Стејд департментот и УСАИД, а се однесува на финансирање на невладиниот сектор под капата на Сорос во Македонија, поранешниот амбасадор Ристо Никовски ја оцени како нова етапа.

– Ова, всушност, е нова етапа во тој скандал бидејќи претпоставувам дека во Америка има многу ретки ситуации каде што јавно се покрева некаква кампања во однос на нивни амбасадор – оценува Никовски, кој додава дека тоа обично се држи скриено, но овој случај добил неверојатно голема јавна промоција.

„Џудишал воч“: Бејли и УСАИД на суд поради финансирањето и политичките активности на Сорос во Македонија (ВИДЕО)

Judicial-Watch-press

„Џудишал воч“ објави дека поднеле тужба според Актот за слобода на информации против Стејт департментот и американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) заради податоци и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Македонската организација, дел од фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, примила речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во окружниот суд на САД во округот Колумбија.

Како што информираат од „Џудишал воч“ тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари во кое барале:

– Сите податоци кои се однесуваат на сите грантови, договори или исплати на средства од страна на Стејт департментот на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или на подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите поврзани барања докуманти за финансирање, овластувања на исплата, или слични записи, како и сите поврзани документи и податоци со евиденција на комуникација помеѓу службеници, вработени, или претставници на Стејт департментот и на службеници, вработени или претставници на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

– Сите документи и податоци за комуникација помеѓу службеници, вработени или претставници на Стејт департментот и службеници или претставници на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата испратена од или по наредба на американски амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли.

Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт департментот испратени од сите вработени во Владата на САД или вршители на работа под надлежност на шефот на мисијата на американската амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

На веб-страницата на УСАИД стои дека во периодот од февруари 2012 до крајот на август 2016, оваа организација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на соросовата Фондација Отворено општество- Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации. Веб-страницата на УСАИД нуди директен линк до фондацијата на Сорос (www.soros.org.mk,) и вели дека во проектот биле обучени стотици млади Македонци за тема како што се правото на слобода на здружување, , младински политики, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Во февруари, „Џудишал воч“ објави:

Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседува „Џудишал воч“, Амбасадорот на САД, Џес Бејли соработувал со Фондацијата Отворено општество и префрлил големи суми државни пари на сметката на фондацијата за остварување на целта, што претставува мешање на амбасадорот во внатрешни политички прашања и кршење на Виенската конвенција.

Еве како функционира тајната операција, според извори во Република Македонија и во САД кои обезбедиле документи за „Џудишал воч“ како дел од тековната истрага. Фондацијата Отворено општество има воспоставено и финансирано десетици левичарски, невладини организации во Македонија со цел да ја урне конзервативната влада. Еден македонски владин претставник интервјуиран од страна на „Џудишал воч“ во Вашингтон неодамна ги нарече „пешадијата на Сорос“.

Пешадијата на Сорос ја сочинуваат младински организации и влијателни медиуми кои организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите на државата и владините политики. Една од овие организации ја преведе на македонски јазик и ја дистрибуира книгата „Правила за радикали“ на Сол Алински, која служи како тактички учебник за субверзивни дејности и радикални улични протести. Благодарение на амбасадорот на Обама, кој се уште не е разрешен од страна на претседателот Трамп, американските пари продолжиле да течат кон овие групи, за нивни активности и регрутирање, потврдуваат извори во Македонија и во САД.

Според InsidePhilanthropy.com, Фондацијата Отворено општество на Сорос можеби е и најголемата филантропска организација што некогаш била создадена, со филијали во 37 земји. Додека Фондацијата Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарение на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие низ Африка. Буџетот на Фондацијата Отворено општество ќе биде околу 930 милиони долари…

Активностите на амбасадорот Бејли и финансирањето на Фондацијата Отворено општество од страна на УСАИД неодамна се најдоа и под конгресна истрага. На 17 јануари, 2017 година, републиканскиот сенатор Мајк Ли испрати писмо до Бејли барајќи од него да ја објасни врската на Стејт департментот со Фондацијата Отворено општество. На 24 февруари 2017 година, републиканските конгресмени Крис Смит и Луи Гомерт и други побараа одамериканската Канцеларија за одговорност на Владата да се спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт департментот и на УСАИД и можно мешање во внатрешните политички работи во Македонија и кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

– Изгледа дека администрацијата на Обама ги користела парите на даночните обврзници, во обид да го финансира работењето на Сорос. Стејт департментот и УСАИД под администрацијата на Трамп треба се организираат и да ги откријат деталите на врската меѓу Обама и Сорос, изјави претседателот на „Џудишал воч“ Том Фитон.

Официјална тужба од „Џудишал Воч“ против Џес Бејли и УСАИД за нелегални активности во Македонија

Judicial-Watch-tuzba-protiv-Bejli

Џудишал Воч денеска објави дека според Актот за слобода на информации поднеле тужба против Стејт Департментот и Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за извештаи и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Оваа организација која е дел од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос доби речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во суд во САД, објави најреномираната правна организација од САД, Џудишал Воч која што во своите редови има најдобри правници и експерти.

Тужбата е поднесена откако и Стејт Департментот и УСАИД не одговориле на барањата од 6 февруари 2017:

-Сите податоци кои се однесуваат на грантови, договори или исплата на средства од страна на Стејт Департментот на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или на подружница на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите кои се поврзани со барањата за финансирање, овластувањата на исплатата, или слични записи, како и сите поврзани со евиденција на комуникацијата меѓу кој било вработен, службеник или претставник на Стејт Департментот и вработен, службеник или претставник на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

-Сите податоци за комуникациите меѓу службеници, вработени или претставници на Стејт Департментот и службениците, вработени или претставници на фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање вклучува и податоци за комуникациите пратени од или во режија на американскиот Амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

-Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата.

– Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт Департментот испратени од било кој вработен во Владата на САД во рамките на Шефот на мисијата на САД во амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата.

На интернет страницата на УСАИД е објавено дека меѓу 27 февруари 2012 и 31 август 2016 година, УСАИД даде 4.819.125 долари од даночните обврзници за Соросовата Фондација Отворено општество – Македонија, во партнерство со локални граѓански организации, пишува Џудишал Воч додавајќи дека преку интернет страницата на УСАИД можете да влезете на www.soros.org.mk каде што се вели дека преку проектот илјадници млади Македонци биле тренирани „на теми како што се слободата на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, убедливо аргументирање и користење на медиумите“.

Џудишал Воч во февруари објави:

„Американската влада тивко трошела милиони долари од даноците на своите граѓани со цел да се дестабилизира демократски избраната Влада ориентирана кон десен центар во Македонија преку соработка со левичарскиот милијардер Џорџ Сорос. Американскиот амбасадор во Македонија, назначен од Барак Обама, Џес Бејли, работел позади сцената со фондацијата на Сорос „Отворено општество“ за да префрла големи суми на американски долари за таа цел. Што претставува дека вмешаноста на американскиот амбасадор во Македонија во домашните политички работи, се коси со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Еве како тајната операција функционира според високи избори во Македонија и САД, кои ги предале извештаите на „ЏудишалВоч“ како дел од истрага која трае. Фондацијата „Отворено општество“ финансирала 10-ци левичарски невладини организации во Македонија со цел да се направи преврат на власта. Еден македонски функционер кој направи интервју со „Џудишал Воч“ во Вашингтон ги нарекува „војската на Сорос“. Овие групи организираат младински движења, создаваат медиуми и организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите и политиките на владата. Една од овие групи на Сорос ја преведе публикацијата на Саул Алински „Правила за радикалите“ на македонски. Книгата е прирачник за пресврт и дава совети за радикални улични протести и наведува дека Луцифер бил првиот радикал. Благодарение на амбасадорот поставен од Обама, кој не беше заменет од администрацијата на Трамп. Чичко Сем се уште испраќа финансии за групите да продолжат да оперираат и регрутираат, велат извори во Македонија, а САД потврдува.

Според Insidephilanthropy.com, Соросовата Фондација Отворено општество „можеби е најголемата филантропска организација која некогаш била направена, со филијали во 37 земји. Иако Фондацијата на Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарениа на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие во Африка. Нејзиниот буџет е некаде околу 930 милиони долари“.

ДО КОГА ЌЕ БЕГА: Заев повторно на разни начини избегнува соочување со правдата

Zaev-sudenje-Kumanovo

Во Кумановскиот суд се одложи судењето на лидерот на СДСМ Зоран Заев по приватна тужба на Виктор Цветковски, генералниот секретар на ГРОМ, заради објавување на прислушуваните разговори во бомбите, пренесеува Куманово њус.

На денешното рочиште требаше да бидат дадени завршни зборови, но поради отсуство на адвокатот на обвинетите Мирослав Вујиќ кој присуствувал на јавна седница на апелациониот суд во Битола, во судница не се појавија ни обвинетите, па судењето е презакажано за во петок.

-Обвинетите се обидуваат да ќарат уште некој ден и го одложија денешното рочиште. Се користи секоја можност за добивање на време. Во петок се закажени завршните зборови, подготврени сме јас и моите колеги да го дадеме завршниот збор за кривичен прогон против првите луѓе на СДСМ и СДСМ. Врз основа на сите докази верувам дека правдата и правото ќе победи и сите виновници кои го сториле кривичното дело ќе одговараат, изјави Виктор Цветковски по одлагање на судењето.

Цветковски ги тужи Зоран Заев, СДСМ како правно лице и претседателот на кумановскиот огранок на СДСМ Мартин Костовски, заради неовластено снимање и објавување на разговори меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

Пред судот Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се обвинети.

КАТИЦА ОБЕСПРАВИ 20.000 ОШТЕТЕНИ : Зошто оштетените во случаите на СЈО немаат право на жалба како сите други граѓани?

SJO

Неможноста кои било учесници во судска постапка да бараат изземање на специјалната обвинителка Kатица Јанева, како што можат во случај со обичните државни јавни обвинители, не е единствен правен апсурд кој сега е инсталиран во нашиот правен систем. На ова недвосмилено нарушување на правата на граѓаните што учествуваат во судските постапки што ги води првата специјална обвинителка се надоврзува и друга правна апсурдност поврзана за правото на жалба на засегнатите граѓани во однос на решенијата што ги носи СЈО во постапките. На пример, конкретно за решенијата за запирањето на постапките пред судот по поведените обвиненија од страна на обвинителите. Односно, за ситуација во која обвинителите се откажуваат или привремено ги запираат натамошните судски постапки. Имено, апсурдноста произлегува од тоа што додека според актуелниот Закон за кривичната постапка оштетените граѓани имаат право да се жалат на ваквата одлука на обвинителите, во случајот со специјалната јавна обвинителка таква можност не постои!? Практично, одлуката на СЈО е конечна и без право на жалба, а на засегнатите граѓани им останува само да ја прифатат, анализира Дневник.

Познато е дека специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева неодамна го повлече обвинението за предметот „Пуч“ бидејќи, како што таа тврди, обвинителниот акт е во спротивност со доказите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. Во тој случај како осомничени се јавуваат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на некогашната ДБK, Зоран Верушевски. Одлуката била донесена со цел да се прибават дополнителни докази, кои во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување правилна и законита јавнообвинителска одлука.

Во случајот „Пуч“ осомничените, меѓу кои се и Зоран Верушевски и Зоран Заев, се обвинети и за употреба на незаконски средства на следење и шпионирање, како и за упатување сериозни закани кон високи државни функционери, а сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги. Претходно, кога почна да ги објавува незаконски прислушуваните разговори, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави дека предмет на прислушување биле повеќе од 20.000 наши граѓани. Од ова произлегува дека сите тие граѓани во случајот „Пуч“ треба да се јават како оштетени граѓани кои се засегнати од одлуката за повлекување на обвинението од страна на СЈО.

Но, во врска со 20.000 оштетени граѓани, проблем е што досега од страна на СЈО не било утврдено за кои се` граѓани, конкретно, се работи. Доколку се почитуваше јазикот на правото, тогаш обвинителството мораше овие граѓани да ги извести дека биле незаконски прислушувани, дека е сторено кривично дело и дека може да се придружат на кривичната постапка во текот на која имаат право и на отштетно побарување.

Тоа не е направено, а сега се случи откажувањето кое се однесува на конкретно обвинетите во случајот „Пуч“, но и на сите оние што биле оштетени со незаконското прислушување – премиерот, министрите, градоначалниците, директорите… а кои и’ се познати на јавноста. Значи, ако на обвинетите им одговарала одлуката на специјалната обвинителка за запирањето на обвинението против нив, сигурно е дека таа не им одговара на оние што биле засегнати со незаконското прислушување, не му одговара на уставно-законскиот систем во државата, чии основи не дозволуваат и санкционираат незаконско прислушување. Тоа значи дека тие како конкретни личности, како држава, мора да имаат право на жалба против ваквата одлука на специјалната јавна обвинителка, која, практично, е нивен застапник. Меѓутоа, тука излегува проблемот бидејќи оваа оштетена страна воопшто нема можност да се жали на повисоката обвинителска инстанција бидејќи Законот за специјалното јавно обвинителство воопшто не предвидел таква можност. Всушност, Законот вели дека за с` што не е регулирано со него се применуваат другите закони вклучувајќи го и ЗKП, но можноста за жалба до повисок јавен обвинител е исклучена. Kако и во случај кога не може да се побара изземање на Јанева, така сега нема можност ни за жалба против одлуките на СЈО во текот на постапката.

Наспроти ова, Законот за кривичната постапка адекватно со погрижил оштетената страна во некој судски предмет да добие одредена правна заштита од одлуките на некој обвинител.

– Решение за запирање на постапката по откажувањето на јавниот обвинител му се доставува на оштетениот со поука да може во рок од осум дена да поднесе жалба до непосредно повисокиот јавен обвинител – се наведува во членот 341 од Законот за кривичната постапка.

Тоа значи дека со упатувањето на жалбата постои можноста повисокиот обвинител да донесе поинаква одлука отколку што е откажување од обвинението во предметот, а со што ќе се исправи одлуката на понискиот обвинител.

Ваквиот проблем, практично, само се надоврзува на проблемот со неможноста на граѓаните да бараат изземање на специјалната јавна обвинителка, но на авторите на законскиот текст очигледно не им пречело што некои странки ќе бидат со одземени граѓански права во случаите на СЈО…

СУДЕЊЕ ПРОТИВ БОГОЕВСКИ: Одбраната смета дека судот е ненадлежен да одлучува по тужбата од Ахмети

Sudenje-Bogoevski-Ahmeti

Во Основниот суд 2 денеска се одржа рочиште против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Слободан Богоевски, против кого лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот вицепремиер Муса Џафери поднесоа тужба за клевета

Каде Слободан Богоевски ја дал изјавата врз основа на која Али Ахмети и Муса Џафери го тужат за клевета беше прашањето за кое на денешното подготвително рочиште адвокатите на двете страни имаа различни одговори.

Во Основниот суд 2 денеска се одржа второ подготвително рочиште против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Слободан Богоевски, против кого лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот вицепремиер Муса Џафери поднесоа тужба за клевета во врска со неговото сведочење за случајот „Маѓар телеком“ пред окружниот суд во Њујорк.

Според адвокатите на Богоевски, македонскиот суд е ненадлежен да одлучува за овој спор затоа што изјавата, која е предмет на тужбата за клевета, поранешниот разузнавач, според нив, ја дал во Амбасадата на САД во Скопје.

Оттука, рече адвокатката Цветанка Настова, недвосмислено произлегува дека изјавата е дадена на територија која не ѝ припаѓа на Македонија. Како што рече таа, Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета предвидува дека надлежен суд за водење постапка за надоместок е судот според местото на кажаната клевета.

Адвокатите на Богоевски рекоа дека побарале од Амбасадата да им ја дадат оригиналната изјава.

Од друга страна, пак, адвокатите на Ахмети и на Џафери тврдат дека Богоевски изјавата ја дал на 28 декември 2014 година во адвокатска канцеларија во Скопје. Тие како сведоци за следното рочиште ги повикаа адвокатот, нотарот и преведувачот, кои биле присутни кога Богоевски ја дал изјавата.

Според адвокатите на тужителите, очигледно е дека Богоевски избегнува да се изјасни каде ја дал изјавата.

Во судницата денеска повторно, како и минатото рочиште, Ахмети и Џафери не беа присутни. Следното рочиште е закажано за 27 мај.

Дваесет дена порано, пак, поточно на 7 мај, ќе има судење во Њујорк за случајот „Маѓар телеком“ во кој како сведок ќе се појави и Богоевски.

Тужбата за клевета се однесува токму на изјава на Богоевски дадена пред истражните органи на Комисијата за хартии од вредност на САД (СЕК), која води судска постапка во Њујорк против поранешните менаџери на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи.

Богоевски како сведок пред судот рекол дека двајцата функционери на ДУИ и тогашниот премиер Владо Бучковски примиле мито за да не влезе друг телекомуникациски оператор во Македонија.

Сведочењето на Богоевски беше јавно објавено во 2015 година.

Според Богоевски, двајцата тужители сакаат да издејствуваат пресуда во нивна корист, која би ја користеле пред окружниот суд во Њујорк. Тој тврди дека не е дозволено да се тужи за клевета за изјава дадена во судска постапка.

Извор: Телеграф.мк

МЕГА СКАНДАЛ: Снежана Трповска е судијката која земала 400 илјади евра за да гласа за приговорот на СДСМ

upraven-sud

Снежана Трповска е судијката за која се зборува дека била искеширана со 400 илјади евра за да гласа за приговорот на СДСМ за прегласување во Теарце на ИМ 2011.

Парите биле дадени во текот на минатата вечер во црна вреќа, посредник бил Вице Заев, а конекцијата бил сопругот на Трповска.

Потврда дека Трповска го продала скапо својот глас е фактот што одлуката за прифаќање на приговорот се знаела однапред и кадрите на СДСМ се фалеле јавно за тоа уште пред да биде донесена одлуката.

Во Куманово, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во кабинет на директорката Марина Манојловска, еден од ново избраните пратеници од СДСМ Максим Димитриевски, искоментирал дека успеале СДСМ да завршат работа на Управен Суд.

Со ова се отвора дилема од каде се црните пари, се потврдува дека СДСМ е целосно насочена кон фалсификување на волјата на граѓаните и нејзино поништување. Ова е сериозен случај на поткуп и нова ерозија на правниот состем.

УПРАВЕН ЈА ПРИФАТИ ТУЖБАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има прегласување во Гостивар за косоварката Фатиме Сулејмани

glasanje-albanka

Управниот суд го отфрли решението на ДИК за прегласување во Гостивар на избирачкото место на Фатиме Сулејмани од Гостивар, каде што беше спорно дали таа сакала да гласа два пати, или некој го фалсификувал нејзиниот потпис

Урп бр.517/2016

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите М-р Есма Алибашиќ Јонуз како претседател на советот, Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, М-р Тања Терзиева и Ељмедине Асани – членови на советот, со записничарот Роберт Јордев – судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителот Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, поднесена преку овластен претставник Емил Димитриев против Решението на Државната изборна комисија УП 1 10-487 од 16.12.2016 година, на јавната седница одржана на ден 20.12.2016 година, во присуство на претставникот на тужителот Александар Михајловски, согласно член 150 став 3 од Изборниот законик, донесе:

П Р Е С У Д А

Тужбата на тужителот Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, СЕ УВАЖУВА.

Решението на Државната Изборна Комисија УП 1 10-487 од 16.12.2016 година СЕ ПРЕИНАЧУВА и СЕ ОДЛУЧУВА:

Приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година, поднесен од подносителот на листа на кандидати – политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, согласно чл.147 став 3 алинеа 2 од Изборниот законик, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕУРЕДЕН.

О б р а з л о ж е н и е

Со Решението на Државната изборна комисија УП 1 10-487 од 18.12.2016 година, приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година поднесен од подносителот на листа на кандидати политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, се уважува и резултатите од гласањето по листите на кандидатите за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, на гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, врз основа на чл 151 став 2 алинеја 6 од Изборниот законик, се поништуваат.

Незадоволен од донесената одлука, Коалицијата за предвремени избори на Пратеници 2016 година предводена од ВМРО ДПМНЕ преку овластен претставник Емил Димитров, поднесе тужба во законски предвидениот рок до Управниот суд преку Државната изборна комисија, со уредно овластување против Државната изборна комисија претставувана од Претседателот Александар Чичаковски со основ поништување на решение УП 1 10-487 од 16.12.2016 година, а врз основа на член 151 став 4 од Изборниот законик в.в. со член 46 став 1 од Правилникот за начинот и постапката на решавање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година. Тужителот во тужбата, донесеното решение од страна на Државната изборна комисија го оспорува како незаконито, поради повреди од формално правен аспект на одредбите на Изборниот законик и подзаконските акти, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право.

Судот постапувајќи по тужбата на тужителот, а врз основа на списите по предметот, најде дека:

Тужбата на тужителот е основана.

Согласно член 147 став 3 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, бр.136/2008, бр.148/2008, бр.155/2008, бр.163/2008, бр.44/2011, бр.51/2011, бр.142/2011, бр.31/2013, бр.34/2013, бр.14/14, бр.30/14, 196/15, бр.35/16, бр.97/16 и бр.99/16), приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат:

· место, време, опис на направената повреда, сторителот и доказите на кои подносителот се повикува;
· име, презиме и потпис на подносителот на приговорот, односно на овластениот претстваник и
· електронско сандаче за прием на писмената.

Согласно член 5 став 1 точка 6 од Правилник за начинот и постапката за решевање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година на Државната изборна комисија, приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат потпис на подносителот на приговорот.

Согласно член 41 став 1 алинеа 1 од Правилникот, со решение приговорт се отфрла.

Согласно цитираните одредби од Изборниот законик и Правилник за начинот и постапката за решавање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година на Државната изборна комисија, Судот од извршениот увид во Приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година, во оригинал, поднесен од подносителот на листа на кандидати политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкотот место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, утврди дека приговорот не содржи потпис од подносителот на приговорот, односно на овластениот претстваник Блерим Сејди ниту електронско сандаче за прием на писмената што е спротивно на член 147 став 3 од Изборниот законик, поради што Државната Изборна Комисија погрешно го применила материјалното право, постапувајќи по приговорот, без потпис, кое нешто не е спорно ниту на тужениот орган ниту на тужителот, а е наведено во образложението на оспореното решение, дека приговорот не е потпишан.

Судот, согласно чл.150 став 2 и 3 од Изборниот законик, одлучи како во изреката на пресудата и одлуката ја донесе, едногласно со 5 гласа ,,ЗА”.

ПРЕСУДЕНО ВО УПРАВЕН СУД на 20.12.2016 година под УРП.бр.517/2016.

Записничар – судски соработник Претседател на совет – судија
Роберт Јордев М-р Есма Алибашиќ Јонуз

Пресудата да се достави на:

-тужител – Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ

-тужен орган – Државната Изборна Комисија

Претседател на совет – судија
М-р Есма Алибашиќ Јонуз

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме цврсти докази дека ДИК донесе незаконски одлуки

nikola-todorov-pres-vmro

Изминативе недела дена, сите бевме сведоци на срамен обид некои од членовите на Државната изборна комисија да ја оспорат и да ја фалсификуваат волјата на мнозинството граѓани која беше јасно изразена на мирни, фер и демократски избори кои минаа без ниту еден инцидент, изјави декеска на прес-конференција членот на Изврпниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

-Изминативе недела дена, целата македонска јавност беше сведок на непрофесионалното однесување на одредени членови на ДИК кои се впуштија во постизборен инженеринг со тоа што прифатија скандалозен и неоснован приговор на политичката партија Беса, за едно избирачко место во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе тужба против ова решение на ДИК која сама по себе е невиден преседан.

Тужбата на ВМРО-ДПМНЕ е поднесена врз три правни основи:

1. Повреди од формално-правен аспект на одредбите од Изборниот законик, и подзаконските акти
2. Погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и
3. Погрешна примена на материјалното право.

Од формален аспект побиваната одлука на ДИК е незаконска од следниве причини:

1. Видно од доставениот приговор усвоен од страна на ДИК е дека истиот е поднесен без потпис од страна на овластениот претставник на подносителот на приговорот, со што се повредува член 147 став 3 точка 2 од Изборниот законик. Иако дел од членовите на ДИК укажаа на овој пропуст и инсистираа приговорот да биде отфрлен поради процедурални причини или процедурални недостатоци, ДИК спротивно на член 147 став 3 точка 2 од Изборниот законик и спротивно на Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори истиот не го отфрли.

И само овој основ да беше е доволен Управниот суд да ја отфрли, да ја прифати тужбата на ВМРО-ДПМНЕ и да донесе решение со кое што ова решение, оваа одлука на ДИК ќе се стави вон сила, вели Тодоров.

2. Одлуката е донесена спротивно на член 148 став 3 од Изборниот законик, бидејќи истата е донесена по истекот на рокот од 48 часа утврден во овој член. Согласно овој член ДИК е ДОЛЖНА во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Од цитираната одредба неспорно може да се утврди дека овој рок е преклузивен, што значи дека ДИК не може да постапува и да одлучува по истекот на овој рок.

3. При донесување на утуженото Решение, во постапката за разгледување и одлучување по приговорите од страна на Државната изборна комисија сторени се исто така повеќе процесни повреди на одредбите од Изборниот законик и Правилникот за начинот и постапката за решавање по приговори.

Во постапката за разгледување на приговорот од страна на ДИК е изведен како доказ сослушување на сведок, поточно сослушување на лицето Фатиме Сулејмани од Гостивар, за што од страна на ДИК не беше воопшто, ниту дискутирано, ниту пак е донесена одлука за изведување на овој доказ согласно со одредбите од Изборниот законик и Правилникот за начинот и постапката за решавање по приговори. Овој сведок беше донесен внимавајте, од страна на овластениот претставник на коалицијата предводена од СДСМ, иако приговорот е поднесен од овластениот претставник на Политичката партија БЕСА или Движење БЕСА, кој не беше воопшто присутен во салата каде што се одржуваше седницата. Од страна на дел од членовите на ДИК беше укажано дека за изведување на овој доказ не е донесена формална одлука од Државната изборна комисија и дека не треба да се дозволи сослушување на наведеното лице, сепак, претседателот на ДИК спротивно на закон и подзаконските прописи дозволи нејзино сослушување. На овој начин ДИК постапи спротивно на член 35 од правилникот каде е предвидено дека можат да одлучат да сослушаат на јавна седница подносител на приговор, тоа значи дека имал обврска да донесат таква одлука, а ваква одлука не е донесена.

4. Во постапката за разгледување и одлучување по приговори ДИК донесе одлука да се изведе како доказ графолошко вештачење на потпис на овој сведок, без притоа да биде издадена наредба за вештачење, и без претходно да се определи начинот на кој ќе биде извршено ова вештачење. Оттука, вештиот наод и мислење на вештото лице дадено во постапката и изведено како доказ во постапката на ДИК е во целост спорно од формален но и од материјален аспект, но и по однос на резултатите од истиот.

Дополнително, вештото лице, согласно член 5 од Законот за вештачење, воопшто не било законски овластено да врши вакво вештачење. Имено, Законот таксативно предвидува дека вештачење можат да вршат само: високообразовна установа, научна установа и стручна установа, трговец поединец-вештак основан согласно ЗТД кој има вработено најмалку едно лице со лиценца за вештачење и трговско друштво регистрирано согласно ЗТД кое има вработено најмалку две лица со лиценци.

Лицето кое што го извршило графолошкото вештачење не спаѓа во ниту една од овие категории коишто се утврдени во Законот. Лицето кое го извршило графолошкото вештачење е вработено во АД МЕПСО Скопје.

Понатаму, самото графолошко вештачење беше извршено во раните утрински часови, без присуство на овластени претставници на политичките партии кои имаат правен интерес да присуствуваат на изведувањето на овој доказ, што создава сомнеж како во однос на околностите под кои е извршено вештачењето, така и во однос на начинот на кое што истотот е извршено.

5. Во текот на постапката за разгледување и одлучување по приговорот кој е усвоен од страна на ДИК како доказ беше изведено и сослушување во својство на сведоци на членовите на избирачкиот одбор од сега спорното избирачко место. Во текот на сослушувањето, сите членови на одборот и претседателот на ОИК, без исклучок, потврдија дека во текот на денот на ова избирачко место во претпладневните часови гласањето се одвивало без никакви нерегуларности што може да се утврди и од записникот за гласање и сумирање и утврдување на резултатите. Од нивниот исказ јасно може да се утврди дека во попладневните часови кога на гласачкото место се јавила гласачката Фатиме Сулејмани, врз основа на проверка со УВ ламба од страна на член на избирачкиот одбор, констатирано било дека ова лице веќе го имало остварено своето избирачко право, бидејќи на палецот на десната рака имала траги од заштитниот спреј со кој задолжително се прска секој гласач. При ваквата констатација, која произлегува од сослушувањето на членовите на избирачкиот одбор на ова гласачко место, јасно се поставува прашањето дали ова лице Фатиме Сулејмани веќе гласала на ова избирачко место, и го остварила своето гласачко право, како што тврди избирачкиот одбор како надлежен орган за спроведување на гласањето на конкретното избирачко место. Дотолку повеќе што овој доказ е во директна спротивност со претходно наведениот вешт наод и мислење изведен во текот на постапката, што несомнено наведува дека ДИК погрешно постапила кога поклонила верба само на вештиот наод и мислење, додека воопшто не им поклонила верба на исказите на членовите на избирачкиот одбор на ова избирачко место во својство на сведоци, како надлежен орган за спроведување на изборите согласно член 17 од Изборниот законик.

6. Согласно член 149 став 1 од Изборниот законик секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката на спроведување на гласањето може да поднесе приговор во рок од 24 часа. Ова е многу значајно.

Дури и во случај лицето Фатиме Сулејмани да не можела да го оствари гласачко право на начин како што тврдеше пред ДИК, во тој случај  ова лице можело и требало да поднесе приговор за заштита на личното избирачко право веднаш откако истата констатирала дека не и е овозможено да гласа. Во тој случај ДИК, без одлагање ќе требаше да одлучи по приговорот на ова лице и на истата доколку има услови, ќе и овозможеше да гласа. Со тужбата му укажуваме и на судот дека во постапката за заштита на избирачкото право во досегашната пракса имало вакви случаи кога по приговор на избирач за заштита на личното избирачко право, по интервенција на ДИК, на таквите избирачи им било овозможено да го остварат своето право на глас во текот на денот определен за гласање.

Ова толкување наоѓа примена и е востановено во судската пракса на Управниот суд кој има одлучено дека доколку правниот лек од член 149 од Изборниот законик не бил искористен, како што е тоа случај во овој конкретен случај, подносителот на приговорот не може да бара поништување на гласањето на целото избирачко место, ниту пак да ги оспорува резултатите на избирачкото место.

7. Со членот 151 законодавецот инкриминирал гласање од страна на едно или повеќе лица кој/кои гласале за други (повеќе) лица. Од оваа одредба јасно произлегува дека за да постои основ за поништување на гласањето во избирачкото место, потребно е да било злоупотребено гласачкото право на повеќе лица од страна на едно или повеќе лица, а во конкретниот случај се работи за наводна злоупотреба на гласачкото право на само едно лице што не претставува основ за поништување на гласањето на целото избирачко место. Суштинска повреда на изборниот процес согласно член 151 став 1 алинеја 6 од Изборниот законик може да претставува само злоупотребата на гласачките права на повеќе лица кои би ги довеле изборните резултати за конкретното избирачко место под сомнение. Ова особено ако се имаат во предвид исказите на сите членови на избирачкиот одбор дека гласањето на тоа избирачко место било спроведено без никакви неправилности, и дека тој глас нема влијание врз промена на изборните резултати.

Во прилог на тужбата до Управниот суд поднесени се докази за сите овие наводи кои што ги објавив на оваа прес-конференција, дополни Тодоров и уште еднаш апелира да нема никаков притисок врз Управниот суд кој мора да одлучува исклучиво согласно законите. Секое поинакво постапување ќе значи фалсификување и крадење на волјата на мнозинството граѓани изразена на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември.

Искрено се надевам и верувам дека Управниот суд, судиите на управниот суд ќе одлучат да ја корегираат оваа незаконска одлука на ДИК и да не дозволат 7 невини луѓе да завршат во затвор заради незаконска одлука на ДИК.