Нацев: 12 денa од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, a власта се уште го крие и штити убиецот

МВР прави спектакли со рации по дискотеки апсејќи малолетници со специјалци, а убијци и криминалци се шетаат слободно по нашите улици. Ова е потценување на интелигенцијата на граѓаните, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Минува дванаесеттиот ден од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев, а власта го крие и штити убиецот. Тој е на слобода и не смее да се спомене неговото име. Мафијата владее. Пред 10 дена беше пукано кон куќата на советникот на премиерот Заев пред неговиот дом. Се шпекулираше во јавноста дека бил близок до убиецот и му помагал. Молк од МВР и за овој скандал. Не се знае кој пукал кон владиниот советник и зошто. Уште помалку вооружените криминалци се пронајдени и приведени, подвлече Нацев и додаде:

„Граѓаните со право се плашат дека партиската полиција е целосно ставена во служба на мафијата и вооружените банди. Јавна тајна е дека пукачите се дел од партиското подземје поддржано и блиско до СДС. Мафијата со доаѓање на Заев на власт си доби држава, а со потпретседателот Оливер Спасовски си доби заштитник во полицијата. Граѓаните не можат да се чувствуваат безбедно кога во 21 век среде бел се егзекутираат луѓе пред очите на цела јавноста? МВР наместо да ги штити интересите на граѓаните, штити убијци и дозволува слободно да се шетаат по улиците“.

Според гласините кои кружат во медиумите, рече Нацев, убиецот е близок до власта и еден од првите луѓе на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ која важи за блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев.

-МВР дозволи убиецот да избега, а со тоа да не може да се изведе пред лицето на правдата. Во истрагата за овој настан се направени сериозни пропусти и не е спречено неговото бегство. Фото роботот е алатка која служи за граѓаните да можат да го препознаат убиецот и да пријават кај надлежните органи. Фото робот во овој случај не постои и покрај тоа што убиството е извршено среде бел ден и на фреквентна локација на која има голем број на минувачи и безбедносни камери. Во јавноста се повеќе се говори дека поради блискоста на убиецот со власта на терен се работи некој криминалец да ја преземе одговорноста за убиството со цел спас на вистинскиот убиец.

Според него, потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски мора да преземе одговорност и да замине од функцијата министер.

-Полицијата во најмала рака треба да почне да си ја врши својата работа и да ги гони криминалците, a Спасовски ќе помогне со тоа што ќе си даде оставка и ќе престане со опструкции.

Нацев: Оливер Спасовски да си поднесе оставка – убиецот на Јанушев една недела се шета на слобода

Минатиот петок, околу 17 часот и 40 минути, токму овде на ова место, беше ликвидиран младиот фудбалер Мартин Јанушев. 28- годишното момче беше брутално егзекутирано со 5 куршуми, на улица пред голем број очевидци, истакна денес Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсетува дека убиецот непречено си замина од местото на злосторството.

-Една недела подоцна, убиецот е се уште на слобода! Полицијата нема ниту фоторобот, ниту пак полицијата кажува со каков автомобил избегал и кој му помогнал во тоа! Целата јавност, целиот град, половина час после убиството веќе зборуваше кој е убиецот. Целата јавност веќе се сомнева дека блиските релации на инволвираните криминалци со највисоките функционери на власта имаат свој дел во ова. Потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски со својот молк и со своето непостапување, само ги потврдува стравувањата на граѓаните дека доколку си близок со врвот на раководството на партијата, можеш да избегаш и одговорност за убиство. Во јавноста се повеќе кружат информации дека сценаријата што се подготвуваат друг да ја преземе вината за грозоморното убиство. Се подготвуваат и се зборува дека убиецот не смее да одговара за своето дејство само за да не излезат на површина неговите блиски релации со криминалците од врвот на СДС. Затоа се говори дека се подготвува сценарио во кое наводно ќе се манипулира дека убиството било во самоодбрана. Треба јавноста да биде убедена дека жртвата посегнала по пиштол, истакна тој.

Нацев вели дека ожалостеното семејството веќе се прости од младиот фудбалер, а правдата ја нема ниту на повидок.

-Нема одговори за суштинските прашања зошто убиецот цела недела после ликвидацијата не е уапсен? Дали е во земјава или избегал надвор? Како избегал и кој му помогнал? Граѓаните се прашуваат што може да ги снајде нив кога во ситуација на семејството на убиениот, и неговиот татко и неговиот брат се припадници во МВР. Граѓаните сметаат дека исто така има нешто нечисто и во пукањето кон советникот од кабинетот на господинот Заев, се зборува дека и тој е човек со дебело криминално досие но тоа пукање не е сеуште расчистено. Се кријат мотивите и идентитетот на напаѓачите. Се крие дали истиот е поврзан со ликвидацијата на Јанушев. Молчат и медиумите и невладините организации. Молчат, а со доаѓањето на СДС на власт, мафијата си доби своја држава. Крвта и вооружените пресметки се вратија на улиците исто како во 90-тите години. Граѓаните не се чувствуваат безбедни. Време е неспособниот министер Оливер Спасовски да си поднесе оставка, порача Нацев.

ФОТО: Заев со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во денешната посета во КПД Идризово, каде што вети амнестија за осудени криминалци, кои според многу експерти значи спремање на црни сценарија во пресрет на изборите, на кои според анкетите сигурен победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, се сретна со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов.

Zaev-so-ubiecot-na-Neskovski-vo-Idrizovo

На фотографијата која е објавена на Фејсбук профилот на Владата на Република Македонија, се гледа премиерот Заев како насмеан се поздравува со Игор Спасов.

Игор Спасов е убиецот на Мартин Нешковски, немил случај кој СДСМ цело време го користеше во текот на кампањата за парламентарните избори.

-Убиецот на Мартин Нешкоски и партискиот лидер #ЗЗ се познават лично и штабски. Освен наредба за извршување ќе очекуваме ли помилување? #СДС, е една од реакциите на Твитер.

Но, откако Журнал.нет ја објави веста за пријателскиот однос на Зоран Заев и убиецот на Мартин Нештковски и нивните насмеани лица во затворот Идризово, ПР службата на владата ја отстранила фотографијата од официјалниот Фејсбук профил на Владата на Република Македонија.

Но, опцијата „edit history“ ги издаде – затоа направивме „принт-скрин“ за да знаат дека не може да манипулираат со народот, и дека со „delete“ не се решаваат проблемите.

Vlada-Zaev-Idrizovo

Република: Адвокатот на убиецот на Нешковски го брани Заев во „Пуч“

Во оби­дот за де­ста­би­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та ка­ко обид со на­силс­тво СДСМ да дој­де на власт, Зо­ран За­ев го зло­у­по­тре­би слу­ча­јот од 2010 го­ди­на и убис­тво­то на Мар­тин Не­шко­ски.

При­тоа кре­и­ра­ше сли­ка во јав­но­ста упо­тре­бу­вај­ќи де­ло­ви од те­ле­фон­ски­те раз­го­во­ри до­де­ка тра­е­ла истра­га­та за да ја из­ма­ми јав­но­ста де­ка вла­ста се оби­де­ла да при­крие убис­тво. За­ев не се ни оби­де да ка­же де­ка слу­ча­јот е ре­шен во суд­ска по­стап­ка за по­мал­ку од ед­на го­ди­на. Уби­е­цот Игор Спа­сов, при­пад­ник на по­ли­ци­ска­та еди­ни­ца „Ти­гри“, го убил Не­шко­ски со упо­тре­ба на си­ла, за што му бе­ше опре­де­ле­на каз­на од 14 го­ди­ни од за­кон­ски про­пи­ша­ни­те 15 го­ди­ни за­твор.

-Заев пре­мол­чу­ва де­ка бра­ни­тел на Спа­сов во суд­ски­от про­цес за убис­тво­то на Не­шко­ски бе­ше ад­во­ка­тот Ва­не Ан­дре­ев, акту­е­лен и пос­лед­ни­ве три ме­се­ци со тоа што го бра­ни ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, во слу­ча­јот „Пуч“. Имај­ќи ги ин­фор­ма­ци­и­те од пр­ва ра­ка од сво­јот ли­чен ад­во­кат Ва­не Ан­дре­ев, ад­во­кат во од­бра­на­та на Зо­ран За­ев во слу­ча­јот „Пуч“, кој го бра­не­ше уби­е­цот Спа­сов во слу­ча­јот Не­шко­ски, За­ев про­дол­жи со ма­ни­пу­ла­ци­и­те и со сво­ја­та кон­струк­ци­ја да ја за­ве­ду­ва јав­но­ста во ос­тва­ру­ва­ње на сво­е­то сце­на­рио за ури­ва­ње на ле­ги­тим­но из­бра­на­та власт, пишува Република.

Целиот текст прочитајте го во најновот број на неделникот Република што од денеска, 8.05.2015 година е во продажба.

Зошто протестира СДСМ кога убиецот на Мартин Нешковски е осуден на МАКСИМАЛНА КАЗНА – 14 години затвор

МВР со сите свои капацитети и целосна мобилизација вложи максимални напори да се открие извршителот на убиството на Мартин Нешковски.

Припадникот на специјалната единица „Тигри“ Игор Спасов од Штип е осуден на казна затвор во траење од 14 години за убиството на Мартин Нешковски на 5 јуни 2011-та.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес посочи дека во ниту еден момент ниту МВР, ниту било кој друг политичар или функционер не само што не го скрива убиството, туку сите сили, сите  се труделе сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Убиецот на Мартин Нешковски одговара за стореното дело. Тој е осуден на 14 години казна затвор!