Спасовски да поднесе оставка: Скандалозно е да се случи такво убиство и три дена никој да не преземе ништо

Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да избега и да стигне каде сака.  Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да се засолни било каде, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице. Прашањето што се поставува во моментов гласи, кој му ја дава оваа предност на убиецот и зошто тој добива ваков третман? Зошто нема потерница? Каде се снимките од безбедносните камери? Зошто се крие со каков автомобил се движеле, запраша Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Министерството за внатрешни работи го нема. Исчезна и Оливер Спасовски кој љубеше да држи прес конференции за мачки што гребеле автомобил. Граѓаните се загрижени за сопствената безбедност заради неефикасноста на полицијата командувана од кадри на СДС. Се поголеми се и сомненијата дека намерно се одолговлекува со истрагата. Дали е тоа така заради политичката блискост на сторителите со високи кругови во власта како што се говори на големо по социјалните мрежи? Веќе 3 дена граѓаните се во страв и загрижени за нивната безбедност, а медиумите и невладините организации се плашат да прашаат зошто Оливер Спасовски спие, рече Наце и додаде:

„Пред 3 дена се случи убиство на најбрутален начин со 5 куршуми во главата на младо момче, пред полно кафуле и голем број очевидци, а убијците се на слобода и во бегство. Целиот град зборува и околу мотивите и околу сторители на убиството, само МВР ништо не знае. Медиумите веќе и пишуваат дека се работи за луѓе со дебели криминални досиеја, блиски до СДСМ и новата Влада. Дури и новинарите блиски на СДСМ како Сашо Ордановски предупредуваа дека СДСМ треба да си ги заузда рекетарите со дебели вратови и тетоважи кои ја имаат полициската поддршка да дивеат низ град. Едно семејство е завиено во црно, згасна животот на младо момче кое брутално беше убиено, а утре тоа може да биде било кој. Убијците се охрабруваат со несоодветното и бавно постапување на МВР. Тоа е цената што сите ја плаќаме на политичкото разместување на професионалците и поставувањето на неспособни партиски кадри на нивно место. Тоа е цената што сите ја плаќаме за ослободувањето и соработувањето со криминалците кои добија свој заштитник во полицијата и хунтата на Заев“.

Со доаѓањето на власт на СДС, потенцираше Нацев, мафијата си доби своја држава, а Скопје стана арена на мафијашки пресметки каде единствено важи законот на оружјето.

-Откако дојде СДСМ на власт изминативе пола година видовме еден куп запалени и изрешетани автомобили, грабежи на банки и пошти, сквернавења на гробишта и пукање по улици, убиство на кандидати од локалните избори, а не е разрешен ниту еден случај. Скандалозно е да се случи убиство пред преполно кафуле, на улица, пред десетици минувачи, убијците да си заминат и три дена никој да не преземе ништо. Морално и чесно би било, неспособниот Оливер Спасовски веднаш да си даде оставка и да ја препушти функцијата на некој што не би бил во коалиција со криминалот.

СДСМ ВО КОАЛИЦИЈА СО КРИМИНАЛОТ: Хаос во Скопје – Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк

Пукање од кола во Кисела Вода, разбојништво во Градски парк, претепување и ограбување во Жена парк и сето ова само за нешто повеќе од 24 часа. СДСМ направи коалиција со криминалот и улицата, а Скопје потона во хаос. Оправдан е стравот кој се јави кај скопјани. Главниот град се претвора во крвава арена, а МВР под палката на СДСМ нема никого ниту приведено ниту казнето.

Скопје како Див запад: Пукано од возило во движење во Кисела Вода

Утрово на улица Антон Попов во населба Кисела Вода од страна на непознати сторители од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило местото и се упатило во непознат правец.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници излегле на лице место, извршиле увид и подигнале предмети за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ограбено лице во Градскиот парк во Скопје- му се заканувале со нож

Четири лица синоќа со закана со нож ограбиле лице во Градскиот парк во Скопје, при што му одзеле 500 денари.

Како што соопшти МВР, вчера во 23:40 часот, од страна на четири засега непознати машки лица извршено е разбојништво над Н.Б., при што му се одземени 500 денари.

Сторителите со закана со нож му побарале пари, по што оштетениот извадил од џебот 500 денари и им ги дал по што сторителите заминале во непознат правец.

Од МВР превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Брутално претепан и ограбен маж кај Жена-парк

Во петокот, во 21:52 часот во Полициска станица Центар, Д.Д. од село Могорче-Дебар пријавил разбојништво од страна на три лица во паркот “Жена борец“.

Според пријавата, едно лице му пришло од зад грб, го фатило за рацете, а другите две лица почнале да го удираат и да го претресуваат, по што му одзеле лични документи, пари и часовник и со трчање побегнале.

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на случајот.

И вооружените напади на банки, станаа секојдневие во Скопје.

Две банки беа ограбени за само две недели, а сторителите се уште се на слобода.

Димовски: Еден кандидат испукан и во животна опасност, друг претепан, на трет му вперија пиштол во глава, така е кога СДСМ е на власт

Еден кандидат во Кичево испукан и во животна опасност, друг кандидат крвнички претепан во Шуто Оризари, трет кандидат во Кавадарци беше со вперен пиштол во глава. Тоа е СДСМ, ова на својот ФБ профил го објави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој во својот статус додава и дека помладите не памтат, но така е кога СДСМ е на власт.

Павлоски: Спасовски мора да си поднесе оставка, колку мртви и повредени треба да има за да сфати дека не е компетентен за функцијата?

Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка од морални причини. Полицијата под негово водство пукаше во две деца и за малку ќе ги убиеше. Одговорност мора да има и ќе има, изјави денес пред МВР Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски веднаш после нападот врз македонските херои, трчаше во Диво Насеље и правеше селфи. Сега не најде за потребно, макар и без камери да ги посети момчињата кои ќе загинеа заради бруталниот, неодговорен и непрофесионален однос на полицијата водена од него. Оливер Спасовски правеше спектакуларни прес конференции за неизмиено возило, со часови забавувајќи ги медиумите под контрола на СДС/Сорос. Сега не најде за потребно да ги побара родителите на повредените момчиња, да ги погледне во очи, да се извини и да им изрази жалење нудејќи ја неговата оставка, вели Павлоски.

Тој посочува дека тоа е лицемерието на СДС. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека многу бргу ќе почне да се соочуваме со хаосот и неспособноста на Заев и неговите соработници.

-Две момчиња на 16 и 17 годишна возраст се ранети од струмичката полиција, каде што началник е доверлив партиски послушник на Заев и СДС. Од него, исто како и од Спасовски, нема ниту тρага, ниту глас баρем да изρази жалење за немилиот настан. Момчињата се уште се наоѓаат на болничко лекување борејќи се со трајните трауми што им ги нанесе полицијата предводена од Спасовски. Поминаа два дена и од убиството во Струга. Среде бел ден, убиецот си влегол во барот и пукал. Како да нема полиција. Неспособниот Спасовски бега од одговорност и не сака да излезе пред македонската јавност и да каже колку мртви и повредени треба да има за тој да сфати дека не е компетентен за улогата што му ја довериле, посочува Павлоски.

Тој додава дека цела македонска јавност е шокирана, граѓаните се уплашени за нивната безбедност, а Спасовски се лади и ужива во скапи пијалоци по сплавови.

-Пред наши очи се случуваат убиства, престрелки, а на Спасовски и Заев око не им трепнува. Спасовски и Заев немаат ниту доблест ниту морал. Граѓаните ја загубија довеρбата во Спасовски и сметаат деκа тој пρетставува опасност за нив и државата. Граѓаните се исплашени за своите животи и животите на своите деца. Гρаѓаните сметаат деκа со ова несовесно однесување, Спасовсκи и Заев го поддρжуваат насилничκо однесување и бρуталноста на полицијата и помагаат во враќањето на криминалните пресметки по улиците. Скандалозниот и неспособниот Спасовски за неполни два месеца на гρаѓаните им приредува хаос и предизвикува чувство на несигуρност, вели тој.

Според него Спасовски и Заев станаа синоними за опасност и загρозување по животот на гρаѓаните.

-ВМΡО-ДПМНЕ уште еднаш јавно го повиκува Спасовсκи да си поднесе оставκа од моρални пρичини и да не ја дρжи во стеги безбедноста на цела држава.  Поради несериозноста, неспособноста и хаосот што се креира од страна на Заев и Спасовсκи, набргу ќе следуваат и политичκа и κρивична одговоρност, нагласува Павлоски.

Македонија како Колумбија: Се врати рекетот, мафијашките пресметки и убиствата

Доаѓањето на власт на СДСМ секогаш значи зголемување на насилството, рекетот и уцените. Со новата власт, несигурноста дефинитивно се враќа во 1995/1996 година, кога клановите блиски до СДСМ го водеа главниот збор. Македонија со мафијашките пресметки и убиствата се претвора во Колумбија.

Пред малку повеќе од 24 часа, Дилавер Бојку – Леку, познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Струшко, со куршум во глава беше убиен на плажа во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица. Неговиот убиец не е пронајден, а се уште нема ниту осомничен.

Покрај за убиства, Зоран Заев и неговиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски молчат и за палењето на автомобили. За само една ноќ во Скопје беа запалени 4 автомобили.

Пукањата станаа секојдневна работа, а граѓаните живеат во страв и несигурност.

Се уште не се пронајдени ниту вандалите кои ги сквернавеа православните гробишта во Љуботен. МВР на чело со Спасовски, молчи и за таа работа, додека сторителите на овој грозоморен чин се на слобода.

Заев и министерот за надворешни работи од неговата влада Никола Димитров молчеа и кога Косово го ослободи Лирим Јакупи Нацист, човекот кој убиваше македонски полицајци.

Неодамна, членот на СДСМ и сопруга на Агрон Буџаку кој сега е директор за Центарот за управување со кризи, Мери Николова, побара амнестија за Бајруш Сејдиу, кој беше обвинет за малверзации и стечајни постапки. Покрај за Сејдиу, се бараше амнестија и за учесниците во случувањата во кумановската „Диво насеље“, кога осуммина македонски херои го положија својот живот бранејќи ја Македонија, четириесетина беа тешко повредени. Се бара амнестија и на убијците на четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година и 45-годишен маж, кои се случија кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

Заев знае дека губи, а во очај, му останаа само заканите (ВИДЕО)

Заев знае дека губи, а во очај, му останаа само заканите.

Но, ова не е прва закана упатена од аболицираниот криминалец, уценувач и балист Зоран Заев, тој јавно се закануваше дека ќе јаде живи луѓе, дека ќе ги избрка сите вработени во администрацијата, од чистачка до министер, и на нивно место ќе вработи луѓе од СДСМ. Исто така за време на „отпорот“ кој го водеа со Црвенковски, Заев во телефонски разговор се закануваше дека допрва ќе се пука во Македонија, а потоа на ТВ изјави и дека ќе има Украинско сценарио во Македонија.

Покрај овие закани упатени кон неговите политички опоненти и кон македонскиот народ, за кого рече дека има грдо лице и дека не може да му бидат виновни соседните држави, туку дека виновни сме ние македонците што Грција не ни го признава името, Србија не ни ја признава црквата, Бугарија не ни го признава народот, Албанците имаат територилани претензии. А згора на се, пред албанската дијаспора ветува двојазичност, кантонизација, а со тоа и федерализација на Македонија.

Расправа за Монструм: Осудените ги слушнаа сведочењата за убиството

Беше прочитано и сведочење на извесен Ахмед Бекир од ромска националност. Тој тврдел дека на езерото се сретнале со момчињата, а кога си заминувале виделе и човек со пушка. Нешто подоцна слушнале и истрели

Во Апелацискиот суд во тек е јавна расправа за случајот Монструм во кој пред три години на Смиљковското Езеро свирепо беа убиени четворица момчиња. Одбраната на виновниците, кои се осудени на доживотeн затвор, бара нивно ослободување.

Sud-Monstrum-2

По читањето на пресудата беше прочитано сведочење на сестрата на едно од убиените момчиња. Таа тврдела дека непосредно пред да биде ликвидиран нејзиниот брат, таа контактирала со него. Му се јавила по барање од родителите, кои биле загрижени бидејќи веќе се стемнувало, а децата сè уште ги немало.

Во сведочењето сестрата тврдела дека во 12-секундниот разговор му го чула гласот на братот, по што се слушнал звук на вода. Таа претпоставила дека некој од убијците го фрлил пиштолот во езерото.

Беше прочитано и сведочење на извесен Ахмед Бекир, од ромска националност. Тој тврдел дека на езерото се сретнале со момчињата и им побарале црви. Кога си заминувале виделе и човек со пушка, а нешто подоцна слушнале и истрели. Но според сведочењето што беше прочитано, момчето не можело да препознае никој од осудените.

Расправата продолжува со искази од адвокатите на осудените.

Sud-Monstrum-3

Пресудата за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро беше изречена минатата година на 30 јуни и предметот по повеќе од една година конечно доаѓа пред Апелација.

Според првостепената пресуда, Алил Демири, браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута се прогласени за виновни и осудени на доживотна казна затвор за петкратното убиство, додека обвинетиот Сејди Рами беше ослободен од обвиненијата.

Во образложението на пресудата, судијата даде објаснување за начинот на кој било извршено петкратното убиство, како и за поединечната инволвираност и поврзаност помеѓу сите обвинети.

Судењето почна на 20 декември 2012 година, по неколкумесечна истрага и изготвување на обвинителниот акт во кој беа опфатени седум лица. Обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се наоѓаат во затвор во Приштина, каде што се осудени за нелегално поседување оружје. Постапката за нивна екстрадиција е во тек, но не се знае кога ќе бидат испорачани во земјава.

Четворицата другари од Радишани, Александар Наќевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски и рибарот Борче Стефковски беа убиени еден ден пред Велигден, 2012 година.

Извор: Телеграф.мк
Фото: Влатко Перковски