Два дена молк за убиството на фудбалерот Мартин: Зошто кријат МВР и Спасовски?

Два дена не се откриваат ниту мотивот, ниту пак сторителот/сторителите на убиството на 28-годишниот фудбалер Мартин Јанушев, кој во петокот пред неговиот дом во скопската општина Аеродром беше изрешетан со пет куршуми во пределот на вратот и главата од лице кое МВР се уште го води како „непознат сторител“.

Граѓаните на социјалните мрежи се повеќе се сомневаат дека со се она што се прави овие два дена по убиството, МВР му отвора простор на сторителот да избега од државата. Се поставува прашањето: Зошто се уште не е распишана потерница за сторителот? Сведоци веќе зборуваат за неговото име, чаршијата го коментира настанот, граѓаните бараат крај на шпекулациите.

Во исто време, се поставува прашањето што е со безбедносните камери кои се наоѓаат во близина на местото? Со какво возило дошле и избегале сторителите и дали се трага по него? Иако очевидци тврдат дека по убиството со возилото чии таблици се пријавени во полицијата, убиецот се упатил во правец на Скопски Саем.

Се шпекулира и со повеќе имиња и мотиви, а МВР наместо да стави крај на шпекулациите до медиумите блиски до власта лиферува со нови шпекулации кои се разликуваат од тие од вчера.

Она што отвора најголем сомнеж во јавноста е колумната на новинарот Сашо Орданоски, кои пред само една недела тврдеше дека во Скопје се појавила нова рекетарска група која наплаќа рекет за владејачката СДСМ. Ова создава уште поголем страв и загриженост кај граѓаните, кои се плашат за својата безбедност и безбедноста на своите семејства.

Ивор Мицковски: Како се убива дечко на 28 години? Кога државата е поделена на мафијашки кланови

Колумнистот Ивор Мицковски, со свој став синоќешното убиство во скопски Аеродром.

„Знаете кога се убива дечко на 28 години. Кога државата е станата поделена на мафијашки кланови, кога се убива млад човек, и не те занима дали може да исправи, дали може да врати што треба да врати. Или кога на младите се наплаќаат сметките на постарите. Или кога постариот мангуп не го трпи помладиот. Но, тоа баш зборува за мафијашко однесување, на определба за поделба, ти таму, ти под мене, или слушаш или е судар. Ќе сфатиме евентуално и ова убиство што е, но се осеќа еден подем на подземјето, на двете страни, кои со задоволство кокетираат со таквите структури“ напиша Мицковски на својот профил на фејсбук.

ОЛИВЕР СИ УЖИВА ВО СВ.НАУМ: Додека малиот Д.Т. лежи на КАРИЛ во критична состојба, Спасовски со тајфа музика си ужива на Дрим!

Додека малиот  Д.Т. лежи на интензивна нега, приклучен на апарати кои го одржуват во живот, првиот виновник за неговата состојба министерот на СДСМ во МВР, Оливер Спасовски, кој го поставил полицаецот кој пукаше без очигледна причина си ужива во Св.Наум на сплав.

Spasovski-Sv-Naum

Оливер Спасовски, виновникот поради кој малиот Д.Т. денес лежи на интензивна нега, приклучен на респираторна машина и апарти кои го одржуваат во живот, додека неговите родители се на печалба во Словенија, денес наместо да превземе одговорност за трагедијата која ја предизвика полицаец поставен од негова страна, реши дека треба да си ужива во Св.Наум, пишува Инфомакс.

Според информациите кои ги добивме од терен, Оливер Спасовски го ангажирал половина МВР да го обезбедува, затворајќи го туристичкиот комплекс Св.Наум, каде патем туристите плаќаат за влез, за тој да може да плови на сплав со неговата тајфа.

Како што може да се забележи од фотографиите, Оливер Спасовски со гласна музика во живо, со неколку келнери си ужива во Св.Наум.

Полицијата на Спасовски незаконски пука на деца, кривична за обид за убиство

Полицијата под водство на министерот Оливер Спасовски и незаконски поставениот началник на СВР Струмица Танчо Пројковски, спротивно на законот пука кон деца.

Внатрешната контрола утврдила дека полицискиот службеник од Струмица неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба- огнено оружје врз 16 и 17 годишните деца од Радовиш, за што му е поднесена кривична пријава за „убиство во обид“.

Ранети две деца, а Спасовски и Заев го штитат началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски чиј син е бодигард на Заев

Полициски службеник со службениот пиштол пукаше и повреди двајца малолетници во Струмица, а министерот Оливер Спасовски го штити началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски и не бара никаква одговорност. Во заштита очигледно се става и Зоран Заев бидејќи синот на началникот Пројковски, Даниел Пројковски е еден од првите луѓе во неговото обезбедување.

Од она што веќе е познато полицаецот пукал кон две деца на возраст од 16 и 17 години. Едното момче е погодено во градниот кош и се наоѓа на КАРИЛ, а другото во нога и во струмичката болница му бил извршен оперативен зафат.

До инцидентот дошло кога екипи од СВР Струмица се обиделе да го сопрат возилото во кое биле двајцата малолетници, а за кои претходно било пријавено дека се обиделе да извршат кражба на чамец во близина на браната Мантово. Малолетниците на два пати ја избегнале полициската патрола и не застанале, а потоа биле пресретнати од друго полициско возило на споредниот пат кај Градската капела.

При обидот да се приведат осомничените, полицискиот службеник употребил огнено оружје при што биле повредени двете деца.

Ѓорѓиевски: Спасовски правеше спектакл од неиспран автомобил, а сега се крие и молчи за случајот со застреланите деца во Струмица

Ова е местото каде што Оливер Спасовски го направи најсрамниот прес во историјата на македонската полиција. Викаше десетици медиуми под контрола на СДС и Сорос само да се пофали дека Мерцедесот во кој се возат Заев и неговите гости не го испрал две недели. Спасовски правеше спектакл од неиспран автомобил, а сега се крие и го нема да изусти барем збор на сочувство за двете деца кои беа застрелани заради непрофесионалноста и неспособноста на неговата партиска полиција, изјави денес од пред Министерството за внатрешни работи Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-16 годишно момче уште се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а Оливер Спасовски се крие и не одговара на барањата за смена на началникот Трајанчо Пројковски одговорен за полицијата која скандалозно пукаше во деца. Ова е најдобар показател за лицемерието и животот што го најавуваше Заев. Поважен му е мерцедесот, отколку два животи на две деца, застрелани токму заради неодговорното и непрофесионално работење на нивните партиски кадри, истакнува Ѓорѓиевски.

Тој вели дека Оливер Спасовски и МВР два дена молчат за пукањето врз две малолетни деца во Струмица. Граѓаните очекуваат санкции и крај на полициската бруталност.

-Младо момче на 16 годишна возраст се бори за живот, а второто се опоравува по извршената хируршка интервенција и се уште е на лекување во струмичката болница. Кога СДС е на власт и управува со МВР, криминалот зема замав, а страдаат граѓаните. Сведоци сме на непрофесионалност и наместо заштита безбедноста и јавниот ред и мир имаме случај во кој полицаец застрела малолетници. Оливер Спасовски наместо да излезе и соопшти детали и да искаже жалење, молчи со надеж дека ќе си го заштити партискиот началник, макар убиле и 5 деца. Не е само министерот, тука е и новиот директор на БЈБ Лазе Велковски кој исто така молчи, истакнува тој.

Ѓорѓиевски вели дека се работи за случај во кој има два млади животи, а челниците во МВР се однесуваат како нивниот живот да нема вредност.

-ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека заради неспособноста, СДС ќе го пренесе хаосот во институциите. Тој хаос во полицијата загрозува животи. Тоа е директна вина на СДС со нивните кадровски политики во МВР, разрешувањето на докажани професионалци и на нивно место назначување на партиски кадри кои со нивното раководење во службите сериозно ги загрозуваат мирот и безбедноста. Првите жртви на полицијата предвидена од оваа неспособна и неодговорна Влада се два млади животи. Оливер Спасовски мора веднаш да го смени началникот на струмичката полиција. Полициското насилие кое е одлика на претходните владеења на СДС не смее повторно да стане пракса. Заев е решен на целосна партизација на МВР. Оваа беззаконие на партиските шерифи на СДС во МВР им праќа сигнал дека може да пукаат и убиваат без да бидат казнети. Впрочем Заев го унапреди полицаецот кој внесе оружје во Собранието и пукаше кон граѓаните по негова наредба, посочи Ѓорѓиевски.

Хаосот што се создава во безбедносниот сектор, вели тој, е последица на 500-те решенија кои ги поделија Спасовски и останатите функционери за да направат полиција во служба на СДС, а не на граѓаните.

Последиците се сериозни и далекусежни. СДС и сите прекршители на законите треба да знаат дека по враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат санкционирани, а сите одлуки донесени од СДС ќе бидат ревидирани и исправени. Со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. Сите од прв до последен! За криминалите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции, нагласи Ѓорѓиевски во изјавата дадена пред МВР.

ВИДЕО: „А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!“ – Шилегов од СДСМ со отворени закани до Илија Димовски

Петре Шилегов, познат по своите „излети“ како пратеник, и денеска не додржа иако со месеци не работеше ништо.

Откако во своето обраќање од говорницата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потсети на навредите кон Македонците од егејскиот дел на Македонија во контекст на актуелните протести против тиранската платформа, како и за страдањата на овие Македонци,  Шилегов од место прво го истакна своето егејско потекло, за набрзо потоа да излезе „од контрола“.

Шилегов отворено се закани до Илија Димовски за што реагираше и Трајко Вељаноски како претседавачот со седницата. Собраниските служби го симнаа тонот од неговиот микрофон, токму во моментот Шилегов се заканува :

-А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!

Следеше опомена од Вељаноски

-Колеги немојте со такви зборови! Ако треба да дадам пауза да се смирите, во ред.

Многу скоро потоа, пратениците заминаа на пауза.

КОВЧЕГ И ЗАКАНИ ЗА УБИСТВО НА ГРУЕВСКИ: СДСМ и Сорос финансираат и стимулираат смртни закани

Ковчези и закани со убиство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од опозицијата наидуваат на одобрение од соросовиот сектор кој ги финансира и стимулира ваквите закани.

На порталот на најгласниот поддржувач на Зоран Заев, „Плусинфо“ на Бранко Геровки, осамна наслов „Може ли Груевски да биде убиен?!“ потпишан од сдсмовскиот новинар Бранко Тричковски.

Ова не е прв ваков наслов објавен на опозицискиот портал, спонзориран од УСАИД и фондацијата Сорос, а управуван од Бранко Героски.

trickovski-ubistvo-gruevski

Препознатливо, во негов стил, еден од новинарските перјаници на Зоран Заев неодамна се огласи и преку социјалните мрежи повторно со говор на омраза. Тричковски објави статус на својот Фејсбук профил со наслов: Поради тоа што СДСМ не победи ќе навивам за смрт на Македонија.

trickovski-fb-smrt

Имено, во низа наврати во изминативе неколку години, Тричковски објавуваше како „замислувал снајперски куршум кој поминува низ главата на Груевски“, бараше да се крене во воздух штабот на ВМРО-ДПМНЕ со сите внатре, и плукаше по загинатите бранители во кумановско Диво Насеље.

Trickovski

Дополнитело имаме целосно отсуство на било каква реакција од соросвиот невладин сектор на ваквите закани и повици за убиство кој иначе е најактивен кога станува збор за коментирање на некои други ситуации. Хелсишнкиот комитет на Уранија Пировска која инаку се испотави дека беше дел од платеничката револуција на СДСМ и СОРОС молчи, исто како и народниот правобранител.

pogreb-sdsm-1

Истите тие молчеа кога протестантите на СДСМ пред Владата извадија мртовечки ковчег и погребна поворка на кој стоеше слика од Груевски.

pogreb-sdsm-2

-Патриотите се ѓубре од кој треба да се солободиме, напишта сдсмовското перо Тричковски. Од СДСМ нема никаква осуда што значи дека тие го одобруваат ваквиот начин на комуникација и ширење на говор на омраза.

АЛО ПОЛИЦИЈА: Опозицијата се заканува со убиство на Груевски

На порталот на најгласниот поддржувач на Зоран Заев, „Плусинфо“ на Бранко Геровски, попладнево осамна наслов „Може ли Груевски да биде убиен?!“ потпишан од сдсмовскиот новинар Бранко Тричковски.

Ова не е прв ваков наслов објавен на опозицискиот портал, спонзориран од УСАИД и фондацијата Сорос, а управуван од Бранко Геровски.

Препознатливо, во негов стил, еден од новинарските перјаници на Зоран Заев неодамна се огласи и преку социјалните мрежи повторно со говор на омраза. Тричковски објави статус на својот Фејсбук профил со наслов: Поради тоа што СДСМ не победи ќе навивам за смрт на Македонија.

Имено, во низа наврати во изминативе неколку години, Тричковски објавуваше како „замислувал снајперски куршум кој поминува низ главата на Груевски“, бараше да се крене во воздух штабот на ВМРО-ДПМНЕ со сите внатре, и плукаше по загинатите бранители во кумановско Диво Насеље.

Branko-Trickovski-FB-1

Она што сериозно загрижува е немањето на реакција на странските претставници во државава кои редовно се јавуваат кога треба да се прозиваат функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и новинари и медиуми кои имаат поразлични ставови од оние на СДСМ.

Очигледна е нервозата кај медиумите блиски до СДСМ, финансирани од СОРОС и кај новинарите кои ги бранат политиките од Бихаќка.

Соочени со фактот што граѓаните не го одобруваат искреираното сценарио на Заев и опозицијата, тие прибегнуваат кон експлицитен говор на омраза и дрски напади врз лична основа.

Амбасадорот Жбогар и лично од Груевски доби реакција поради неговото непостапување по однос на говорот на омраза. Имено, Жбогар и ЕУ изразуваат загриженсот само кога било кој, поврзан или не со ВМРО-ДПМНЕ ќе каже нешто, а на повиците за убиство на лидерот на најголемата политичка партија и иден премиер никој од ЕУ и САД не реагира.

Латас: Ако Заев по некое чудо стане премиер и не ги исполни ветувањата кон Албанците, тие ќе го убијат на улица во рок од 30 дена

Ако Заев добие доволен број на гласови и по некое чудо стане премиер, ќе го убијат на улица во рок од 30 дена ако не го спроведе тоа што сега го ветува. Значи со нивни гласови добил власт. Нема играчка, ти сакаш да навлечеш албански гласови и тоа од емиграција и утре да им речеш се шегувавме, знаеш јас така за избори морам да зборам, изјави во емисијата „Јади бурек“ новинарот и уредник Драган Павловиќ-Латас.

-Руфи Османи е легенда меѓу Албанците, градоначалник, лежел во затвор за албанска ствар. Прави партија, добива 30 илјади гласа. Имер Селмани прави партија, легенда е исто, не како Руфи Османи но интелектуален капацитет голем- 25 илјади албански гласови. Дали може Заев сегад а излезе сам и да рече 30 илјади, 40 илјади гласови јас ќе земам. Не! Тој ги изгуби гласовите од Македонците, го преценија странците и второ, немаа подобра понуда. Бранко Црвенковски не се нафати да го направи ова. Затоа е сменет, чист играч е Бранко, глупости правел, оставил фабрики без работа, они го сменија името, но не можеш да му кажеш да ја продава Македонија како територија. Второ, неговата група е појака во СДСМ отколку на Заев. Немало побитни избори од овие. Ако Заев добие доволен број на гласови и по некое чудо стане премиер, ќе го убијат на улица во рок од 30 дена ако не го спроведе тоа. Значи со нивни гласови добил власт. Нема играчка, ти сакаш да навлечеш албански гласови и тоа од емиграција и утре да им речеш се шегувавме, знаеш јас така за избори морам да зборам, рече Латас.

Со моите 2 факултети, 2 мегистратури и еден докторат, можам да потврдам, не постои разлика помеѓу федерализација и кантонизација – рече Латас.

Латас рече дека во германското право не се прави разлика помеѓу овие два термини. Што би значело, дека доколку Македонија се подели на кантони, тоа значи дека веќе нема да постои македонски јазик затоа што секој кантон ќе си го одредува официјалниот јазик.

Швајцарија е кантон – не постои швајцарски јазик – кој Заев им го нуди на Албанците, тоа човек, рече Латас кој не е свесен за последниците.

-Вице го извадил од нафаталин, Вице е суштина на бизнисот – Заев продава кај криминалците пародија – го продаваат за пари Вице и странциве. Тој прави слика за себе, изјави Латас во емисијата Јади Бурек.

-205.000.000 свртел откако е градоначаник – се е превара која му успеала и му иде – сите ги зезна – Бранко го зезна – го рекетира за Надеж во СЈО дека нeма да лежи. Убеден е дека се може и убеден е дека и албанците ќе ги зeзне – ама тие нема да му простат. И Милошевиќ мислеше дека ќе преговара за Косово со странциве, па го зезнаа, нема бегање од Пуч, од Поткуп – изјави Латас.

Криминалецот кој го бркаше Спасов е прв братучед со убиецот на полицајците во Арачиново

Еден од лицата со дебело криминално досие, кој во петокот навечер го бркал Диме Спасов по скопските улици, е близок роднина со арачиновец осуден за убиство на полицајци, пишува „Нетпрес“.

Како пто информиравме претходно, Даут Динарица е прв братучед со Лирим Динарица, осуден во случајот со убиството на тројцата полицајци на влезот на скопското село Арачиново во јануари 2000 година.

Таткото на Даут Динарица, кој го бркаше Диме Спасов и вчера излезе во одбрана на Оливер Спасовски, Рамадан Динарица, е брат со Хамза Динарица, кој пак е татко на Лирим Динарица, велат извори на порталот.

Лирим Динарица беше првообвинет за убиството, кое се случи вечерта на 11 јануари, на полицајците Кирил Петрушевски (23), Ерол Готак (27) и Ацо Ангеловски (26).

Според обвинението, во тројцата полицајци пукале со автоматски пушки и со пиштол, по што со неколку автомобили веднаш побегнале од местото на злосторството.

Во текот на истрагата уапсени и притворени беа повеќе лица. За време на истражната постапка Лирим Динарица го признал убиството, но потоа во текот на судењето го повлекол својот исказ.

Осудени на затворски казни беа Лирим Динарица, Рамиз Асани, Муча Бајрами, Башким Асани, Агим Асани, Наим Асани и Емрула Емрулај.

Историска лекција за Шилегов: Ченто го убија твоите претходници

Петре Шилегов ни објасни за неговиот интерес околу Методија Андонов – Ченто пишувајќи „Старите вмровци (и нас чесните Македонци) на времето нѐ интересираше кој го уби Ченто“. Прво не ми е јасна поделбата во реченицава, од една страна се старите вмровци, а од друга страна се чесните Македонци, дали тоа значи дека старите вмровци не се ниту чесни ниту Македонци? Нејсе, дилемава ќе се обидам сам да си ја разјаснам.

Настрана вмровците, наспроти „чесните“, мене ме зачуди друго, како тоа на Шилегов кога пристапувал во партија веднаш не му кажале кој го уби Методија Андонов – Ченто. Зар не се фалат со тоа што тие го сметаат како успех, со нивниот „трофеј“ – затворањето на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов – Ченто? За доброто на Петре Шилегов јас доброволно се нафаќам на кратко да му објаснам кој го убил Ченто, сѐ со цел да не црвенее низ ходниците на Бихаќка за прашања што се фундаментот на неговата партија.

Тргнувам од претпоставка дека Шилегов знае за улогата на Ченто за време на Втората светска војна и посебно за Првото заседание на АСНОМ, затоа и нема да навлегувам во детали. Шилегов, веднаш по војната југословенските власти, обидувајќи се да ги зацврстат позициите на државата, на внатрешен и на меѓународен план, почнале со централизација на власта. Зацврстувањето на позициите, преку неразумната централизација, довело до маргинализирање и до стеснување на областите во кои можат да дејствуваат републичките власти. Со одземањето на ингеренциите и со воведувањето нови принципи на работа преку наложување директиви што требало беспоговорно и безусловно да се спроведат, почнал отпорот на републичките раководители кон „централата“. Почетокот на оваа централизација, во НР Македонија се обидел да го амортизира токму Методија Андонов – Ченто.

На Првото заседание на АСНОМ, по иницијатива на Ченто, во членот три било наведено: „На секој граѓанин му је гарантирана сигурноста на личноста и на имотот, загарантирано је правото на сопственост и часната иницијатива во стопанскиот живот“. Ченто бил на удар по сите одредби на овој член, прво, партијата на Шилегов не признавала приватна сопственост, а не признаваше и додека беше на власт, сѐ додека ВМРО не го донесе законот за денационализација, и, второ, неговата партија не признавала иницијатива во стопанскиот живот, сѐ мора да се контролира, исто како за време на транзицијата, кога беше анулирана сета чесна иницијатива. Таму каде што немало место за директиви, веднаш било сечено во корен. Посебно важен за партијата на Шилегов е членот 5 од Декларацијата на Првото заседание на АСНОМ во кој стои: „На сите граѓани им је гарантирана слободата на говорот, печатот, собранијето, договорот и слободата на здруженијето“. Сигурно Шилегов се прашува дали печатот бил балансиран. Не, не бил, печатот бил таков за каков неговата партија денес се залага – цензуриран. Ченто се побунил и за тутунскиот проблем, тој сметал дека Македонија треба да го преработува тутунот и да го контролира извозот на тутун, на тој начин девизите од шест милиони килограми тутун требало да влезат во Македонија место во централата во Белград. КПЈ ова го сметало за врв на сепаратизмот кај Македонците. Централната власт веднаш преку Андреја Хебранг дала до знаење дека никогаш нема да дозволи федерална единица да води надворешна трговија. Ченто се побунил и за масовните ликвидации, кои биле извршени без претходна судска постапка и без да се даде право на одбрана. Во тој момент Ченто си го испишал сопственото обвинение, кое ќе биде поднесено и пресудено од партијата, чиишто членови денес се прашуваат кој го убил Ченто.

cento-vo-zatvor

Ченто како претседател на АСНОМ, заедно со Панко Брашнаров, Емануел Чучков, Лазар Соколов и други, се залагал српските колонисти што заминале од Македонија веќе да немаат право да се враќаат во Македонија, а тие што останале да се вратат назад во Србија. Замислете каков „грев“. Згора на тоа, Ченто го поддржал решението од 1 декември 1944 година со кое се предвидувала забрана за влез на сите југословенски граѓани на територија на Македонија. Методија Андонов – Ченто на Третата седница на АСНОМ побарал на Македонија да ѝ се исплаќаат репарации за периодот од 1912 година до 1941 година, период кога македонскиот народ претрпел големи загуби во стопанството. На Вис, Ченто директно го поставил прашањето до Тито за обединувањето на Македонија, што била крајна интенција на целата македонска борба, на ова Тито му одговорил дека сега мора да прави отстапки спрема сојузниците.

Накратко ова е тоа што му било земано за „зло“ на Методија Андонов – Ченто, за зло било земано македонското прашање и неговото целосно решавање. Тоа што го интересира Шилегов следува подолу.

На седница на Политбирото на ЦК на КПЈ одржана на 21 март 1945 година на која не присуствувал ниту еден Македонец, за Македонија реферирал Миха Маринко. Заклучокот за Македонија го дал Тито: „Во Македонија уште не е изживеан ’ванчомихајловизмот’, тој живее во буржоазијата, па и во селанството. Тие треба прво да се раскринкаат на конкретни дела. Македонија треба да се задржува со сопствени сили. Треба да се кара Ченто во партијата. Влахов треба да се повика овде. Македонија сѐ уште не дала ништо за оваа војна и ние ќе мора да пријдеме повеќе да дава за војната и за обновата на земјата“. Заклучоците од оваа седница на Политбирото на ЦК на СКЈ во Македонија биле пренесени во почетокот на летото истата година. На седницата на пленумот на ЦК на КПМ, Цветко Узуновски – Абаз, кој бил одговорен за ОЗНА во Македонија, во своето излагање заклучил: „Во македонското раководство постои група што со својата линија оди против партиската линија. Таа група тврдеше дека во Југославија не може да се ослободи и соедини цела Македонија, туку дека тоа е возможно само ако се бориме за македонска посебна држава, односно за балканска федерација“. На седницата завршен збор дал Лазар Колишевски, кој побарал да се собере материјал од сите членови на групата и тие да бидат казнети. Групата што требало да се елиминира била нарекувана промакедонска струја, а нејзе ја сочинувале: Емануел Чучков, Лазар Соколов, Матодија Андонов – Ченто, Венко Марковски, Михајло Апостолски, Петре Пирузе Мајски, Благој Хаџи Панзов, Димитар Влахов. Сѐ почнало со незаконско собирање компромитирачки материјал, за среќа тогаш немале мобилни телефони, па своите идеи за обединување на Македонија некој да им ги прислушува експлицитно.

По намонтираните обвиненија од страна на партијата и собраните материјали, како тие на Зоран Верушевски, Ченто бил уапсен токму од претходникот на Верушевски, од првиот човек на ОЗНА во Македонија, Цветко Узуновски – Абаз. На 14 јули 1946 година во најголема тајност со бил уапсен Ченто, а во јавноста се пуштила информација со која се тврдело дека Ченто сакал илегално да ја помине границата и да пребегне во Грција.

По незаконски собраниот материјали, по исценираното апсење, на ред дошло специјалната јавна обвинителка, поточно обвинител, станува збор за предокот на Катица Јанева, обвинителот Благоја Поповски. Но тогаш имале и специјален суд во кој случајот го водел Панта Марина, ова го пишувам со надеж дека нема и тој да има наследник денеска.

На 1 август 1946 година, во судот Ченто изјавил „Изјавувам пред истражната власт, дека во течение на една и пол година, дури бех претседател на Презедиумот, стално бех во допир со народот нарочито со оние кои се наоѓаа во неволја, кои се надеваа за помош и заштита“. На салонските политичари од власта страшно им пречело што Ченто бил сакан меѓу народот, тој народ подоцна ќе биде гонет под терминот „чентовисти“ од страна на УДБА.

Од полициското сослушување на Ченто ќе издвојам само една реченица во која сметам дека ќе се пронајде партијата на Шилегов, а истовремено ќе ја потсетам ВМРО-ДПМНЕ со кого тоа води битка. Ченто вели: „Би ги објаснил причините за давање на оставката на функцијата што ја имав со тоа што кај други луѓе постоеше извесна омраза кон мене и нивните амбиции за власт. Тие што се бореа за власта сакаа првенствено мене да ме симнат од власта“. Во СЈО, пак, кај тогашната Катица Јанева, Ченто изјавил: „Мене ме интересира македонското прашање како секој Македонец и сѐ што би можел би направил за обединувањето на Македонија и за доброто на македонскиот народ“.

Тогашната Катица Јанева излегла со следново обвинение: „Обвинетиот Методија Андонов – Ченто: што не слагајќи се со политиката на ФНРЈ како внатрешна, така и надворешна, која, по негово мнение била противна на интересите на македонскиот народ, бидејќи покрај другото, неговото обединение не можело да стане во рамките на ФНРЈ“.

Се осудува: „На 11 години лишение од слобода со присилна работа и на губиток на политички и поедини граѓански права освен родителските за време на 5 год. след издржуење на казната“.

На овој начин, луѓето што се бореле за целосно решавање на македонското прашање, за Македонците да бидат свои на своето, да не бидат експлоатирани и угнетувани, на крајот завршиле во затвор каде што ги сместиле луѓето на кои поважно им било „братството и единството“ и двојазичноста. Доколку некој најде сличности тие се ненамерни, луѓето што го ставија Ченто во затвор дојдоа на власт со насилие без никаква поддршка и симпатии меѓу народот, тие луѓе под покровителство на чадорот Белград направија монтиран случај, монтирано обвинение, монтирана пресуда и сето тоа преку непостојни и неуставни дејства. На тој начин го убија човекот што сакаше обединета место поделена Македонија, кој сакаше Македонија со Македонци наспроти Македонија со колонизатори, кој сакаше македонски наспроти српскохрватски јазик, кој не сакаше двојазичност и беше подготвен да се спротистави на федерацијата. Денеска Шилегов како доследен наследник на тие што го убија Ченто ги поставува истите барања како неговите претходници: двојазичност и федерализација.

Засега толку од мене, ова беше забрзан курс, кој го давам од загриженост кон човекот, кој, можеби, немаше да знае да одговори на прашањето „Кој го уби Ченто“ и тоа во ходниците на партијата што го уби. Можеби и му помогнав, којзнае, би ја загубил функцијата доколку не знае вакви основи.

Пишува: Никола Србов за Република

ОБВИНИТЕЛСТВО: Го пуштиле од психијатриска клиника и веднаш уби полицаец

По МВР  и Основното јавно обвинителство (ОЈО) се појави со соопштение по случајот со убиениот кумановски полицаец. Потврдуваат дека напаѓачот на полицаецот е лице кое претходно повеќе пати било хоспитализирано за психијатриско лекување.

Последен пат од Психијатриската болница во Скопје бил пуштен дома на 25 јули година, на барање на неговиот татко. За напаѓачот, надлежен јавен обвинител ќе предложи мерка притвор.

Инаку, од ОЈО потврдуваат и дека дежурен јавен обвинител од Обвинителството во Куманово синоќа извршило увид во населбата Средорек во Куманово, каде што при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби припадникот на полициските сили.

„Имено, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот. Поради сериозноста на повредата полицаецот, 36-годишниот Г.С., починал. Веднаш по увидот на лице место, надлежниот обвинител издаде наредби за обдукција на починатото лице и за вештачење на трагите и материјалните докази пронајдени на самото место“, стои во соопштението на Основното јавно обвинителство