ВИДЕО: Објавен целиот разговор со таткото на Наќевски – убиен кај Смилковското езеро: ЗАЕВ Е ПРЕВАРАНТ И ПОГОЛЕМ МОНСТРУМ ОД УБИЈЦИТЕ!

Политички „Монструм“: Шок и неверување кај семејствата на убиените момчиња кај Смилковско Езеро по вчерашната одлука целиот случај да се врати од почеток.

Таткото на убиениот Александар Наќески, Горан во потресно телефонско сведочење за Алфа јасно го искажува своето незадоволство од како што вели лажните ветувања на премиерот Зоран Заев. Тој во последната скандалозна одлука на судот гледа како на политички пазар меѓу ДУИ и СДСМ.

ЗАЕВ ГИ ОСЛОБОДУВА МОНСТРУМИТЕ: Терористите кои ги масакрираа децата кај Смилковско езеро ќе бидат ослободени

Само четири месеци по превзимањето на владата на СДСМ ја спроведува својата најголема „реформа’’ ослободувањето на терористите од македонските затвори. По ветувањето за амнестирање на лица поврзани терористичката организација ИСИС уапсени во акцијата „Ќелија“, следи и намалување на казните, односно ослободување на „монструмите“ кои го извршија терористичкиот акт кај Смилковско езеро.

Ubostvo-Smilkovsko-ezero

Да не заборавиме дека на конститутивната седница во Собранието пратеникот од редовите на ДУИ Реџаиљ Исмаил не потсети дека ДУИ и Алијансата на албанците не се откажале од Тиранската Платформа и на фактот дека таа ќе биде дел од новата владина програма. Тој во својот говор како главни точки од платформата кои ќе бидат реализирани и дел од новата програма на владата на СДС ги спомена двојазичноста на целата територија, рамномерниот регионален развој како и ослбодувањето на терористите од случаите Монструм и Бродец. Колку да се потсетиме и ослободувањето на терористе од случајот Диво Насеље исто така беше дел од платформата иако пратеникот Исмаил не го спомена конкретниот случај.

Во интервју за Макфакс Мухамед Зекири најави дека случаите „Сопот“, „Монструм“ и „Диво Насеље“ дека ќе бидат решени во најбрзо време. Тој најави дека случаите ќе бидат решавани надвор од судовите преку анкетни комисии ќе се решаваат „Сопот“ и „Монструм“ а случајот „Диво Насеље“ ќе биде решен преку меѓународна комисија. Освен Зекири, и Оливер Спасовски најави дека и покрај тоа што судењето за терористите од Диво Насеље е пред самиот крај, ќе се бара и вештачење од странски агенции (ФБИ), што најверојатно ќе резултира со констатација дека терористите не се виновни.

За работите да станат уште по замрсени адвокатот Сашо Дуковски кој е редовен гостин како ,,правен експерт’’ во режимските медиуми и е во блиска врска со СДСМ, ги брани обвинетите во случајот „Монструм“. Тој исто така е правен застапник и на пет учесници во шарената револуција.

Во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов родителите на загинатите деца на Смилковското езеро изјавија дека биле повеќе пати изманипулирани од Зоран Заев за тој лично да добива политички поени на своето конто. Родителите стојат на ставот дека луѓето кои сега се во затвор се сторителите на свирепото повеќекратно убиство кое се случи на големиот христијански празник Велики Четврток. Според Накевски притисокот од ДУИ и меѓународната заеднивца го кочело обвинителството и судот за донеување пресуда, а министерот од редовите од ДУИ Аднан Јашари немал потпишано ниту еден документ за екстрадиција. ,, Господинот Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни пушпти порака дека ќе ни ги даде тие пет разговори, државна тајна, тој прво викаше шест, ама ништо од тоа до сега. Пораката од Заев ја имаме и во телефон и испечетано пораката. Неговата гаранцијааж видовте колку вреди.’’

Zaev-Monstrum-Smilkovsko-ezero

Заев откако родителите му ја покажале пораката кој тој им ја напишал демантирал дека луѓето кои се во затвор обвинети во случајот „Монструм’’ се невини. Од се може да се извлече поука, во нашиот случај пораката е дека на Заев неможе да му се верува и фактот дека тој е човек кој е спремен на се само за да остане на власт. Во овој случај тој е спремен да ослободи терористи и убијци за да ги придобие албанксите гласови.

ЗАЕВ ВЕТИ АМНЕСТИЈА НА СИЛУВАЧИ, УБИЈЦИ, ПЕДОФИЛИ: Законот нема да помине, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните со остри реакции против

Скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев, каде вети дека ќе амнестира осудени криминалци кои ќе треба да му помогнат за локалните избори на 15-ти октомври. Според многу експерти и познавачи на состојбите оваа најава на Заев се должи на високиот и се уште растечки рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, па ослободените криминалци и бандити од страна на Зоран Заев би требало да ги заплашуваат граѓаните и тие да гласаат за СДСМ.

-Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави премиерот Заев при денешната посета на затворот во Идризово.

Со оваа амнестија, Зоран Заев ветиу амнестија за силувачи, убијци, педофили… Може да спомене и дека откако дојде Зоран Заев на власт укинат беше и интернет регистарот на педофилите, кој после жестоките  реакции на граѓаните сепак беше вратен.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се остро против овој закон и дека со сите сили ќе се обидат да го спречат неговото донесување во Собрание.

Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владеачката партија за локалните избори. Причина за тоа е слабиот рејтинг кој го има СДСМ и анкетите кои прогнозираат голем пораз на СДСМ на изборите.

Граѓаните остро реагираа на социјалните мрежи на овие најави на премиерот Заев. Тие му порачаа да инвестира во реновирање на болниците, дека треба да одговора за велепредавство, а не да ветува амнестии.

Еден од коментарите на социјалните мрежи вели дека земјата се срами од ваков премиер, друг пак вели дека додека бебиња умираат по болниците, тој решил да врши увид во затворите.

Граѓаните на социјалните мрежи го прашуваат премиерот Заев дали не се срами од самиот себе?

Заев договорил амнестија за убиjците кај Смилковско езеро

Заев прифатил дека осудениците од случајот „Монструм“ биле наводно невини, иако против нив имаше цврсти и несоборливи докази.

Од еден од албанските коалициските партнери на СДСМ, дознаваме дека Зоран Заев во разговкрите за коалицирање договорил целосна амнестија на лицата осудени за убиство  на петтемината кај Смилковското езеро, меѓу кои и 4 малолетници.

Заев прифатил дека осудениците од случајот „Монструм“ биле наводно невини, иако против нив имаше цврсти и несоборливи докази дека ладнокрвно ги убиле жртвите во пресрет на Велигден. Ова требало да следи до крајот на годината.

Во скандалозното интервју дадено вчера за српски „Курир“, Заев отиде доттаму што тврди дека осудените во „Монструм“ биле невини, односно дека немало никакви докази оти тие се виновни.

Запрашан дали има докази кои расветлуваат што се случило на Смилковското езеро каде се убиени четири деца и еден риболовец, Заев одговара:

Постојат разговори кои покажуваат дека за луѓето кои се во затвор нема никакви докази за тоа. Во разговорите не постојат докази кој тоа го направил…

Во третата точка од тиранската платформа прифатена од Заев, се бара целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” „преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган“.

 

 

ВАКВИ ЈА ВОДАТ СДСМ: Зекири ја потврди средбата со косовските криминалци и убијци

Мухамед Зекири, новинарот платен од СДСМ , во функција на партиски член на највисокото раководство преку социјалните мрежи ги потврди информациите кои ги објави Република, а се однесуваат на негова средба со лица од косовското криминално терористичко миље.

zekiri-fb-kosovari

Сепак, Зекири иако ги прочитал наводите во текстот КРИМИНАЛНА БАНДА: Зекири од СДСМ подготвува косовски криминалци за изборни инциденти? (Прочитајте ТУКА) , не одговара на јавно поставените прашања, дали средбата со овие лица познати и по делување во Македонија во предизвикување изборни нерегуларности како и поврзаност со терористички групи, меѓу кои и онаа во Бродец позната како акција „Планинска бура“, била во насока на организирање на група која ќе го наруши изборниот процес, или, уште полошо, да предизвика безбедносна криза во која одржувањето на изборите би се довело во прашање, како дел од обидите на СДСМ да избега од нив заради катастрофалниот рејтинг, особено откако токму Зекири, познат по неговите радикални ставови и врски, е вработен член на партиските органи?

muki-kosovari

Исто така „Независниот новинар“ Зекири не дава одговор дали оваа средба со косовските криминалци и осудени убијци била тема на средбата во МВР кај генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски кој во моментов е технички министер?

muki-i-nevolji

Тоа што и на Зекири му е јасно дека навистина со изборите доаѓа крајот на криминалците и дека граѓаните ќе дишат слободно, но не во онаа насока во која од СДСМ се обидуваат да ја лажат јавноста.

ВИДЕО: Хулиганите на СДСМ ги нарекуваа убијци, а Тричковски посака куп мртви полицајци

СДСМ и Сорос продолжија со заканите и навредите кон македонската полиција. Вандалскиот и понижувачки однос на шарените хулигани кон припадниците на МВР беше дел од „декорот“ и на синоќешниот протест пред Министерството за финансии. Полицијата повторно беше брутално навредувана и напаѓана од хулиганите на СДСМ предводени од високото партиско раководство на чело со Оливер Спасовски, поранешниот технички назначен министер за внатрешни работи.

СДСМ-овските вандали ги пцуеја фамилиите на полицајците, а чуварите на редот и мирот и луѓето кои ги ризикуваат и положуваат своите животи за одбрана на територијата на Македонија и безбедноста на граѓаните од страна на разјарената толпа на СДСМ повторно беа нарекувани – убијци.

Ваквиот однос е редовна пракса на сите насилни протести организирани и предводени од СДСМ. Полицијата е гаѓана со камења, шипки и тврди предмети, а разгневените насилници на СДСМ ја користат секоја прилика за да им се закануваат на припадниците на МВР.

Една од новинарските перјаници на СДСМ Бранко Тричковски синоќа на својот фејсбук профил објави статус со ужасна содржина, посакувајќи „куп мртви полицајци“.

Trickovski-policajci-sardisani

Ова не е прв пат и за Тричковски да посакува смрт на припадниците на МВР. Минатата година во екот на случувањата во Куманово, тој за полицијата напиша:

„Полицајците кои денеска не успеаја да загинат во служба на Големиот идиот, ќе имаат можност да се ослободат од усраните животи во првата наредна прилика“

Trickovski

Минатата година на насилните протести пред владата организирани од СДСМ, на само неколку дена пред 9-ти мај и случувањата од Диво Насеље, беа повредени 38 полицајци.

Оваа година, СДСМ-овските протестирачи на полицијата и порачаа: „Куманово пак да ви се деси“.

Ефтов: СДСМ-СОРОС во спрега со убијци и тешки криминалци (ВИДЕО)

Новинарот Васко Ефтов како класичем пример за врската СДСМ-криминално подземје го посочува Иванчо Павловски, кој е во првите борбени редови на ,,Шарената револуција”, која изминатиов период како мала хулиганска група дивееше низ центарот на Скопје, оштетувајќи државен имот: згради, мостови и спомениции и нарушувајќи го мирот на граѓаните.

-Кога ќе го прочитате тоа затворско или казнено CV на Иванчо Павловски, тоа му доаѓа ко некој телефонски именик, јас ќе пробам само да набројам или да нотирам неколку од тие казни кои што тој ги има одслужено: Казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци, за кривично дел убиство; Казна затвор во траење од 8 месеци за кривично дело по член 288 за предизвикување општа опасност во 2007 година; Казна затвор во траење од 6 месеци за кривично дело од член 387 од  1998 година; Мерка засилен надзор од родител, кога бил малолетен; Па имаме кривично дело по чл.132, па кривично дело чл. 123, па кривично дело чл.131 и да не редам надоле, како што велам станува збор за вистински телефонски именик на кривични дела што се врзуваат за овој човек, тој човек е во првите борбени редови на таа Шарена Револуција, рече Ефтов.

Ефтов додаде дека, Павловски не е единствен човек со криминално досие, а кој е дел од првите борбени редови на ,,Шарената револуција” , туку тој посочува дека такви лица од страна на СДСМ се ангажирани во поголем број.

-Господин Павлоски не е единствен од тоа криминалнио миље кој е вклучен во тие протести на ,,Шарената Револуција”  има барем 7 луѓе за кои има докази дека имале кривични пријави или кривични казни или кривична одоговорност, на пример тоа е : господинот Митковски за одредени телесни повреди, па господинот Гаврилоски надзор од родител, па господинот Цветковски за одредена казна во траење од 6 месеци, па господинот Куковски за одредени сообраќајни прекршоци , па господинот Георгиевски за фалсификување на исправа, Мајновски некаде 2 или 3 казни во траење од 3 години, господинот Шабановиќ итн… На пример на протестите во Велес може да се детектираат или да се видат припадници на таа ,,Франкфурт мафија” , слични криминални групи има во Битола, одредени припадници кои беа осудувани или гонети во тоа дело поврзано со ,,Детонатор” се најдени или може да се детектираат во тие протести во Источна Македонија, одредени припадници на Санџачкото криминално миље може да се детектираат или да се видат на тие скопски протести, тоа е една шарена група која брои некаде помеѓу 100 и 200 луѓе кои се во тие први борбени редови на таа ,,Шарена револуција”.

Дополнително Ефтов посочува на силните врски на структури на СДСМ со луѓе од криминалното подземје кои одат години наназад, посочувајќи дека еден од нив е во блиска врска со Петре Шилегов, кој важи за исклучително богат човек со голем сомнеж за начинот на стекнување на неговото богатство, кое според неговиот анкетен лист изнесува  над  1 милион евра , дали ваквата врска на Шилегов со луѓе од криминалното подземје е одговорот на прашањето : Како Шилегов заработил толкав имот ?

,,Некаде пред еден месец во интервјуто со Министерот Чавков ,ние го отворивме прашањето за ранување на дел од обезбедувањето на поранешниот шеф на на ДБК господинот Сашо Мијалков, еден од луѓето кој активно учествува во целиот тој инцидент, односно главниот играч во целиот тој инцидент ,,случајно” е член на ИО на СДСМ во Општина Горче Петров, ,,случајно” е многу близок сорабтник на сегашниот портпарол на СДСМ и дел од најтесното раководство , господинот Петре Шилегов и ,, сосема случајно” некаде 2014 година во ек на кампањата тој е личниот возач на господинот Шилегов. Гледате СДСМ  сега смета дека со опкружување или со приближување до дел од криминалното миље може да очекува одреденаа прераспределба на гласовите, затоа и се спојуваат со Чаушот, затоа и се спојуваат со дел на овие структури сметајќи дека преку нивните активности ќе можат да го подобрат тој изборен резултат, времето ќе покаже дали таа нивна стратегија ќе се покаже и на терен.”

Ваквата врска во која политичари се впуштаат во соработка со одредени криминални структури секогаш завршува со големи штети за државата и граѓаните, очигледно е дека во тој поглед граѓаните излегоа премногу мудри, па ја препознаа ваквата перфидна игра на СДСМ, ако се земе во предвид дека над 80 % граѓаните не ја подржуваат ,,Шарената Револуција”, може лесно да се заклучи дека граѓаните не сакаат криминалци да им дивеат по улици, а уште помалку да учествуваат во власта.

Апелација потврди: Доживотен затвор за убијците кај Смилковскиo Езеро

Апелацискиот суд Скопје ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014 година за случајот „Монструм“.

– Апелацискиот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9.10.2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.80/12; КОК.бр.88/13 од 30.6.2014 година во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.

Со цитираната пресуда на Апелацискиот суд Скопје по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на обвинетите А.И., А.Д., А.И., Ф.А. и С.Љ. огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од Кривичниот законик, како соизвршители и обвинетиот Х.А. огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани.

– Со одлуката на Апелацискиот суд Скопје, жалбата на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена во ослободителниот дел на првостепената пресуда,  со која обвинетиот Р.С. е ослободен од обвинението за кривичното дело „тероризам“ од Кривичниот законик како соизвршител со останатите обвинети, се одбива како неоснована, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Ѓорчев: Спречивме ослободување на убијци, силувачи, дилери и педофили со амнестијата на СДСМ

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, Занонот за амнестија е најскандалозен предлог до сега. Вели дека за него гласале сите пратеници од СДСМ, а целта е да добијат политички поени и неколку гласа повеќе на изборите.

-Законот за амнестија е дефинитивно еден од најскандалозните предлози кој дошол во Парламентот овие 25 години, а за кој гласаа сите пратеници на СДСМ присутни во собраниската сала. Ако поминеше овој Закон, тоа ќе значеше моментално ослободување на 27 луѓе осудени за убиство, од кои можеби 10 или 20 посто евентуално ќе го повторат делото, 29 слувачи, 14 педофили, луѓе што извршиле обљуба на дете помало од 14 години, 6 лица осудени за обљуба врз немоќно лице, 391 дилер ќе излезеше на улица од кои што повеќе од половината ќе го повтореа делото и ќе имавме дрога која ќе се продаваше во речиси сите општини во Македонија, во сите скопски населби и поголемите градови. 1600 лица беа покриени со оваа амнестија кои што се осудени за тешки кражби, значи ќе имавме многу поголема небезбедност на огромен број на домови во Македонија, станови, куќи, дуќани, продавници, значи еден страшен и скандалозен предлог кој ќе го урнисаше правниот, судскиот систем во Р.М. и јавната безбедност. Тоа е Закон директно насочен против безбедноста на 2 милиони граѓани, истакна Ѓорчев во вестите на Сител.

Тој нагласи дека нема ниту една држава каде е понудена ваква амнестија.

– Овој Закон буквално ќе ја девастираше безбедноста на граѓаните.

Погледнете го целото видео.

 

Колумна на Влатко Ѓорчев: СДСМ гласаше за 27 убијци, 29 силувачи, 12 педофили и 391 дилер

Вчера пратениците од коалицијата на СДСМ во Собранието го поддржаа еден од најскандалозните предлози кои што дошле во парламентот изминативе 25 години. Тоа е епилогот од гласањето во парламентот овој четврток, на 12.11.2015 година. Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против овој предлог и со тоа спречија целата иницијатива да продолжи понатаму.

Се работи за законот за амнестија предложен од група на избирачи, а каде на прво место е потпишана личност што за себе вели дека е горд член на СДСМ, која држи говори на сите митинзи на СДСМ и која редовно е дел од активностите на СДСМ изминативе месеци.

Што ќе се случеше доколку СДСМ имаше доволно гласови и поминеше овој предлог?

Kратко речено, во државата ќе се случеше буквално хаос, а последиците ќе ги трпеа сите 2 милиона граѓани. Ќе се загрозеше јавната безбедност, ќе беше доведено во ризик секое маало, секоја населба, секоја општина. Сега за бројките.

Прво, следниот ден на улица ќе беа пуштени 27 лица осудени за убиство. Да, токму така. Законот за амнестија на СДСМ ќе значеше пуштање на 27 убијци кон крајот на ноември оваа година. Kонкретно, по градови: Скопје 3, Штип 8, Струга 2, Kуманово 3, Kрива Паланка 1, Тетово 3, Прилеп 7.

Kако пратениците од СДСМ ќе им погледнеа во очи на семејствата на жртвите? Што ако неколку од тие убијци го повторат делото откако излезат на слобода? Да речеме дека 80 отсто нема да го повторат делото, но што ако 20 отсто односно 5 – 6 од нив го повторат делото? Kолку се тоа загубени животи?

Второ, предлогот на СДСМ ќе значеше ослободување на 14 лица кои извршиле полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Тоа значи дека станува збор за 14 педофили. По градови, најголемиот дел од нив доаѓаат од општините во градот Скопје. Моментално се наоѓаат во затворите: Штип 5, Струга 1, Kуманово 2, Тетово 1, Битола 1 и Прилеп 4.

Што имаат пратениците на СДСМ да кажат за жртвите на оние кои се осудени за педофилија? Kако пред нив ќе го оправдаат нивниот популизам со додворување на општа амнестија? Што значи нивното гласање за безбедноста на децата?

Трето, амнестијата на СДСМ ќе значеше слобода или преполовување на казната за 29 лица осудени за силување, 6 лица за обљуба врз немоќно лице, 5 лица кои посредувале или принудувале други на проституција, а кои доаѓаат од скопските општини Аеродром, Центар, Kарпош, Kисела Вода, Чаир, Гази баба, Шуто Оризари, Бутел, Ѓорче Петров и од другите општини. Исто така, доаѓаат и од внатрешноста, од градови како Битола, Тетово, Гостивар, Штип, Kуманово, Охрид…

Четврто, амнестијата на СДСМ утредента ќе ослободеше 391 лице осудени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции. Гласот на пратениците на СДСМ ќе значеше точно 391 дилер повторно да бидат вратени на улица.

Само во Скопје ќе беа пуштени точно 68 дилери. По општини, во секоја општина ќе беа пуштени по 10-тина дилери. Односно, во Аеродром околу 10 дилери, Центар околу 10, Kарпош околу 10, Чаир околу 10 и така натаму, општина по општина.

Во Штип ќе беа пуштени 12 дилери, во Струга и Охрид 16, во Kуманово и Kрива Паланка 23 дилери, во Тетово 7, во Битола 9, во Прилеп 7, во Струмица 2, во Гевгелија 4 и така натаму, и така натаму.

Досегашната судска и полициска пракса говори дека повеќе од половината од нив ќе го повторат делото. Значи, следниот ден на улиците во цела Македонија ќе имаше околу 200 дилери, кои ќе продаваа дрога. Kолку се тоа нови уништени животи? Kолку се тоа уништени семејства? Тоа се илјадници и илјадници семејства, мајки, татковци, браќа и сестри.

Петто, амнестијата на СДСМ ќе значеше ослободување и преполовување на казната за 1.634 лица осудени за тешки кражби. Значи, лица кои влегувале по туѓи станови, куќи, домови, дуќани и продавници. Дополнително на тоа, треба да се додадат осудените за разбојништво.

По градови? Повеќе од 300 кои оперирале на подрачјето на Скопје, во сите 17 општини во Скопје и околината. Околу 150 лица кои вршеле кражби во Источна Македонија, односно делот на Штип, Kочани, Делчево, Берово, Виница, Пробиштип…

Околу 70 лица осудени за кражби во Битола и околината, како и дополнителни 40 лица осудени за дела во Прилеп, Kрушево, Демир Хисар… Повеќе од 100 лица за кражби, тешки кражби и разбојништва на територијата на општините Струмица, Гевгелија, Ново Село, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Богданци, Радовиш… Повеќе од 50 лица за дела во Тетово, Гостивар, Јегуновце, Брвеница…

Амнестијата на СДСМ покрива ослободување на стотици лица осудени за следниве дела: тешки дела против здравјето на луѓето, разбојничка кражба, одземање на туѓо моторно возило, уцена, изнуда и рекетирање, тешки дела против општата сигурност, неизвршување на судска одлука, напад врз службено лице, насилство, нанесување тешки телесни повреди, учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, неовластено изработување, држење и тргување со оружје…

Сумарно, сето ова буквално ќе ја уништеше безбедноста на граѓаните и државата, судскиот систем, обвинителството и полицијата. Kако утре некој полицаец, судија или обвинител ќе влезе во ризик на прибирање на докази, апсење или осудување на некој насилник, дилер, рекетар или убиец, ако знае дека со само едно гласање СДСМ пред избори ќе им даде амнестија?!

Зошто некој од нив би ризикувал да влегува во таква конфронтација, кога од Собранието на државата се донесува амнестија со која се множи со нула работата на илјадници полицајци и други службеници, кои сето тоа со години и години го сузбивале.

Зарем смее да се дозволи тоа да стане пракса пред секои избори, да се уништи системот на државата и да се загрози безбедноста, само СДСМ да дојде до повеќе гласови?!

Јасно, државата мора да направи во затворите да има подобри услови. Во затворите е надминат капацитетот, а има проблеми со безбедноста, исхраната и со други аспекти на затворското функционирање.

Мора да се работи повеќе на нивната социјализација и превенцијата, а во таа насока изминативе години се преземаат конкретни чекори. Треба да се продолжи со политиката на скратување на казните и помилување на лица кои добро се однесуваат и кои ги исполнуваат законските услови за предвремен отпуст или помилување.

Но, недозволиво е да се носи и предлага закон што е во спротивност со Уставот, што темелно ќе ја дестабилизира државата, а ќе ја загрози безбедноста на луѓето, на децата, на населбите и општините. Гласањето во Собранието покажа кој се грижи за општиот и јавниот интерес, а кој се обидува да ќари ситни поени.

Пишува: Влатко Ѓорчев за Дневник