И ИРИ ПРЕТЕРА: Желбата да Бејли преку УСАИД да го поткрене рејтингот на СДСМ е посилна од реалноста

Резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од ИРИ пред еден месец, а објавени денеска, се показател дека желбата да се поткрене рејтингот на СДСМ е посилна од реалноста. Дури и на одредени фактори им било потребно цел месец за да ја наштелуваат и да ги доближат процентите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Според проложените резултати излегува дека ќе гласаат 360 илјади Албанци, иако според последниот попис во Република Македонија живеат 220 илјади Албанци.

Во анкетата на ИРИ е наведена исклучително висока маргина на грешка – 6.7, што значи дека анкетата може да погреши во илјадници гласови.

Она што потврдува дека се работи за фалсификувана анкета е токму лажното претставување во јавноста на маргината на грешка.

Сепак, маргината не 3 проценти, како што објави ИРИ, туку 6.7, нешто повеќе од двојно.

Пред неколку дена Телма, во соработка со МЦМС, објави акнета во која, како што велат, првпат по десет години СДСМ покажал повисок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ би гласале 24,3 отсто од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 20,9 отсто.

Финансиер и на анкетите на Телма и на оваа на ИРИ е УСАИД.

Конгресмени во Скопје ќе проверуваат како работеле УСАИД, а Соросовите медиуми во кампања за креирање магла

Соочени со обвинувања од страна на американски конгресмени, угледни аналитички организации и истражувачката мрежа Џудишал Воч, за своите злоупотреби во трошењето на државните средства во Македонија, дипломатите од американската амбасада во Скопје и од Стејт Департментот одлучија да бараат помош од медиумите кои се поврзани или финансирани од мрежата на Сорос. Истите тие медиуми кои се платени за објавување нарачани политички текстови со цел вршење притисок врз политичари и влади, во изминатиот период беа активирани да објават серија текстови во поголем број списанија упатени на сметка на групата конгресмени и сенатори кои побараа истрага во американската амбасада во Скопје и смена на амбасадорот Џес Бејли.

amerikan spektator

Пред неколку дена, од САД стигна нова информација според која во „итна мисија“ на Балканот заминале на 15 конгресмени предводени од републиканецот Боб Гудлат со задача да ја ревидираат работата на американските амбасадори кои се уште ја спроведуваат политиката на Обама. Објаснувајќи ги причините за мисијата на конгресмените, медиумите во САД пишуваат дека „Балканот е регион со растечки тензии, каде се уште во сила е пропаднатата политика на Обама и Сорос и каде што се фаворизираат некои кругови на штета на граѓаните, локалните институции и регионалната стабилност“. Како и во сите претходни случаи кога беа објавувани информации за истраги и злоупотреби од страна на американските дипломати во Скопје, Република дознава дека и овој пат се очекува преку соросови медуми да биде дефокусирана јавноста со нарачани текстови.

politico-us-baily

Нарачани текстови или текстови на кои соработуваат новинари кои добиваат пари од мрежата на Сорос или од дипломатски извори претходно беа објавени во повеќе странски медиуми, меѓу кои и во Њујорк Тајмс. Политичкиот портал Политико објави текст во кој позитивно ги цитира амбасадорот Бејли и директорот на УСАИД Македонија Џејмс Стајн, а ги критикува сенаторите кои се “дрзнале” да побараат истрага за нив. За авторот на овој текст во Политико, Кен Вогел, набргу се покажа дека порано работел за фондацијата на Сорос.

goran buldioski foreign policy

Форин Полиси објави нарачан текст од Горан Булдиоски, директор во фондацијата на Сорос. Максим Такер, поранешен новинар Тајмс и Политико, кој сега работи во фондацијата на Сорос и ја посети Македонија пред неколку месеци, објави веројатно платен текст во Њузвик.

Во кампањата со нарачани текстови се вклучува и истражувачката новинарска мрежа ОЦЦРП, која е директно финансирана од страна на Фондацијата Отворено Општество и УСАИД.  Седиштето на ОЦЦРП е во Сараево, а има мрежа низ целиот Балкан.

occrp

Со години наназад, оваа организација известува крајно пристрасно и еднострано од Македонија, објавувајќи наводни корупциски скандали од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а  игнорирајќи ги бројните скандали на Заев и на СДСМ. Ако видиме кои се соработниците на ОЦЦРП во Македонија начинот на известување не е никакво изненадување. ОЦЦРП води портал наречен Скуп, во кој соработува Зоран Иванов, скандалозниот поранешен портпарол на претседателот Бранко Црвенковски, најдобро познат по неговата вмешаност во аферата Надеж и милионскиот грабеж на државни пари извршен преку неа. Иванов сега работи про-сдсмовската телевизија 24. Оваа новинарска мрежа исто така соработува и со порталот Нова ТВ на Борјан Јовановски.
Новинари на ОЦЦРП се обидувале да заплашат и изманипулираат дел од поддржувачите на кампањата да се истражат злоупотребите на американската амбасада во Македонија. Се работи за двојна злоупотреба – ако се има предвид дека ОЦЦРП е делумно финансиран од УСАИД, тоа практично претставува  ситуација во која американски дипломати користат медиуми што се под нивна контрола за да спречат известување за финансиските и политичките злоупотреби кои ги вршеле во Македонија.

Според сознанијата на Република најновиот проект за нарачани манипулативни текстови е доверен токму на ОЦЦРП. Проектот не е одобрен на скопскиот огранок, туку се координира преку Сараево, каде што нарачателите сметале дека имаат повеќе капацитети. Целта на овие нарачани текстови е да се направи целосен дефокус од делувањето на Сорос во Македонија и неговата симбиоза со УСАИД, односно да се прикрие реалноста, а преку наменски текстови да се отворат други теми.

Нас не интересираше колку пари се доделени за овој проект, кој се е ангажиран, колкумина се ангажирани и слично, но до овој момент не успеавме да воспоставиме контакт со директорот Обери Белфорд кој е прв човек на мрежата во Сараево.

sdsm-soros-bejli1

Американските дипломати сфаќаат дека со буџетот предложен од страна на претседателот Доналд Трамп драматично ќе се скратат финансиските средства за овој вид на злоупотреби, делење пари на новинари и невладини организации кои се блиски до нивната лева политичка опција и финансирање на проектите на Џорџ Сорос. Тие знаат дека со секоја нова вест во Вашингтон за досега извршените злоупотреби се засилуваат повиците да се стави крај на оваа корумпирана пракса, и затоа користат новинарски проекти, кои наводно треба да се борат против корупцијата, за да ги замолчат тие што ги критикуваат и кои поставуваат прашањата за нивната работа.

Ваквата пракса за објавување нарачани текстови за притисок врз политичари и влади се очекува да продолжи и во иднина имајќи предвид дека истрагите против амбасадорот Џес Бејли и УСАИД во Македонија ќе добиваат на интензитет.

„Фокс Њуз”: Администрацијата на Обама преку Бејли со американски пари ја финансирала операцијата на Сорос во Македонија

Од Џудишал Воч во средата соопштија дека го тужат Стејт Департментот и Агенцијата на САД за Меѓународен Развој (УСАИД) за да ги добијат досиејата според кои речиси 5 милиони долари пари на американските даночници отишле за македонската гранка на Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос, пишува Fox News

Конзервативната група за надзор поднела тужба според законот за Слобода на информациите против Стејт Департментот и УСАИД откако двете не одговориле на барањето од 16 февруари според Законот за слобода на информациите за досиејата поврзани со грантовите и дозволите за исплата, архивата од комуникациите меѓу функционери на Стејт Департментот или УСАИД и Фондациите Отворено општество. Групата исто така побарала пристап до досиејата за преписките пратени од Џес Бејли, функционер назначен од Обама и поранешен американски амбасадор во Македонија и слични тракви досиеја за политичките активности на Фондацијата Отворено Општество-Македонија.

На интернет сајтот на УСАИД е објавено дека меѓу 27 февруари 2012 и 31 август 2016 УСАИД дале 4,8 милиони долари, пари на даночниците, на организацијата на Сорос. Сајтот на УСАИД се поврзува со еден од сајтовите на Фондацијата Отворено Општество, на кој пишува дека во рамките на проектот биле обучувани стотици млади Македонци „на теми како слобода на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, убедлива аргументација и користење на новите медиуми“.

„Администрацијата на Обама, се чини дека ги разбила буџетите на даночниците во напорите да ја финансира операцијата на Сорос“, изјави претседателот на Џудишал Воч Том Фитон. „Стејт Департментот на САД и УСАИД треба да се приберат и да ги разоткријат деталите на Обама-Сорос проточниот вентил“.

Портпаролот на Стејт Департментот изјави за Фокс Њуз дека „Департментот не коментира случаи во судски процес“.

Но портпаролот на Фондациите Отворено Општество изјави за Фокс Њуз дека: „Фондациите Отворено Општество трошат речиси милијарда долари сопствени пари годишно за промовирање на демократијата, човековите права и доброто владеење околу светот. Нашите локални фондации распределуваат само минимална сума американска помош. Кога УСАИД ќе избере национална Фондација Отворено Општество за да ги распореди фондовите на УСАИД – кои потоа одат во НВО-а од тие домени – причината е тоа што имаме репутација за транспарентност, ефикасност и професионализам. Работата што ја поддржува македонската фондација му погогна на македонскиот народ зајакнувајќи ги здравството, образованието, активизмот на заедницата и новинарството во земјата – често во партнерство меѓу Европската Унија, САД и македонската влада“.

Активностите на Бејли и финансирањето на групата на Сорос од страна на УСАИД беа ставени под ревизија на Конгресот кон почетокот на годинава. Републиканскиот конгресмен од Њу Џерси Кристофер Смит ја водеше групата пратеници од Претставничкиот Дом кои упатија до Бејли барање за одговори дали пари на американските даночници биле користени за финансирање на проекти на Сорос во малата балканска земја со конзервативно раководство. Републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли исто така изрази загриженост дека парите од УСАИД одат во Фондациите Отворено Општество на Сорос како дел од поширока загриженост дека американската амбасада зазема страна во партиската политика.

„Примив веродосојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно интервенирала во партиската политика на Македонија, како и во оформувањето на нејзината медиумска средина и граѓанското општество, често фаворизирајќи групи од една политичка определба над друга“, пишува Ли во неговото писмо од јануари.

Во февреуари, републиканскиот претставник од Тексас Луи Гомерт, Смит и други, ја повикаа Владината Канцеларија за Отчетност да спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт Департментот и на УСАИД во Македонија, вклучувајќи го и финансирањето на телата на Фондациите Отворено Општество.

Според Џудишал Воч, постоело и потенцијално мешање во внатрешните македонски политички работи како потенцијално прекршување на Виенската Конвенција за Дипломатски Односи.

Никовски: Тужбата за УСАИД и за Бејли е нова етапа во скандалот (ВИДЕО)

Тужбата што „Џудишал воч“ синоќа ја поднесе против Стејд департментот и УСАИД, а се однесува на финансирање на невладиниот сектор под капата на Сорос во Македонија, поранешниот амбасадор Ристо Никовски ја оцени како нова етапа.

– Ова, всушност, е нова етапа во тој скандал бидејќи претпоставувам дека во Америка има многу ретки ситуации каде што јавно се покрева некаква кампања во однос на нивни амбасадор – оценува Никовски, кој додава дека тоа обично се држи скриено, но овој случај добил неверојатно голема јавна промоција.

„Џудишал воч“: Бејли и УСАИД на суд поради финансирањето и политичките активности на Сорос во Македонија (ВИДЕО)

„Џудишал воч“ објави дека поднеле тужба според Актот за слобода на информации против Стејт департментот и американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) заради податоци и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Македонската организација, дел од фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, примила речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во окружниот суд на САД во округот Колумбија.

Како што информираат од „Џудишал воч“ тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари во кое барале:

– Сите податоци кои се однесуваат на сите грантови, договори или исплати на средства од страна на Стејт департментот на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или на подружници на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите поврзани барања докуманти за финансирање, овластувања на исплата, или слични записи, како и сите поврзани документи и податоци со евиденција на комуникација помеѓу службеници, вработени, или претставници на Стејт департментот и на службеници, вработени или претставници на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

– Сите документи и податоци за комуникација помеѓу службеници, вработени или претставници на Стејт департментот и службеници или претставници на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање ја вклучува и евиденцијата на комуникацијата испратена од или по наредба на американски амбасадор во Македонија Џес Л. Бејли.

Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт департментот испратени од сите вработени во Владата на САД или вршители на работа под надлежност на шефот на мисијата на американската амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество- Македонија и / или други придружни организации на Фондацијата.

На веб-страницата на УСАИД стои дека во периодот од февруари 2012 до крајот на август 2016, оваа организација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на соросовата Фондација Отворено општество- Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации. Веб-страницата на УСАИД нуди директен линк до фондацијата на Сорос (www.soros.org.mk,) и вели дека во проектот биле обучени стотици млади Македонци за тема како што се правото на слобода на здружување, , младински политики, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Во февруари, „Џудишал воч“ објави:

Американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседува „Џудишал воч“, Амбасадорот на САД, Џес Бејли соработувал со Фондацијата Отворено општество и префрлил големи суми државни пари на сметката на фондацијата за остварување на целта, што претставува мешање на амбасадорот во внатрешни политички прашања и кршење на Виенската конвенција.

Еве како функционира тајната операција, според извори во Република Македонија и во САД кои обезбедиле документи за „Џудишал воч“ како дел од тековната истрага. Фондацијата Отворено општество има воспоставено и финансирано десетици левичарски, невладини организации во Македонија со цел да ја урне конзервативната влада. Еден македонски владин претставник интервјуиран од страна на „Џудишал воч“ во Вашингтон неодамна ги нарече „пешадијата на Сорос“.

Пешадијата на Сорос ја сочинуваат младински организации и влијателни медиуми кои организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите на државата и владините политики. Една од овие организации ја преведе на македонски јазик и ја дистрибуира книгата „Правила за радикали“ на Сол Алински, која служи како тактички учебник за субверзивни дејности и радикални улични протести. Благодарение на амбасадорот на Обама, кој се уште не е разрешен од страна на претседателот Трамп, американските пари продолжиле да течат кон овие групи, за нивни активности и регрутирање, потврдуваат извори во Македонија и во САД.

Според InsidePhilanthropy.com, Фондацијата Отворено општество на Сорос можеби е и најголемата филантропска организација што некогаш била создадена, со филијали во 37 земји. Додека Фондацијата Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарение на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие низ Африка. Буџетот на Фондацијата Отворено општество ќе биде околу 930 милиони долари…

Активностите на амбасадорот Бејли и финансирањето на Фондацијата Отворено општество од страна на УСАИД неодамна се најдоа и под конгресна истрага. На 17 јануари, 2017 година, републиканскиот сенатор Мајк Ли испрати писмо до Бејли барајќи од него да ја објасни врската на Стејт департментот со Фондацијата Отворено општество. На 24 февруари 2017 година, републиканските конгресмени Крис Смит и Луи Гомерт и други побараа одамериканската Канцеларија за одговорност на Владата да се спроведе истрага и ревизија на активностите на Стејт департментот и на УСАИД и можно мешање во внатрешните политички работи во Македонија и кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

– Изгледа дека администрацијата на Обама ги користела парите на даночните обврзници, во обид да го финансира работењето на Сорос. Стејт департментот и УСАИД под администрацијата на Трамп треба се организираат и да ги откријат деталите на врската меѓу Обама и Сорос, изјави претседателот на „Џудишал воч“ Том Фитон.

Официјална тужба од „Џудишал Воч“ против Џес Бејли и УСАИД за нелегални активности во Македонија

Џудишал Воч денеска објави дека според Актот за слобода на информации поднеле тужба против Стејт Департментот и Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за извештаи и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Оваа организација која е дел од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос доби речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во суд во САД, објави најреномираната правна организација од САД, Џудишал Воч која што во своите редови има најдобри правници и експерти.

Тужбата е поднесена откако и Стејт Департментот и УСАИД не одговориле на барањата од 6 февруари 2017:

-Сите податоци кои се однесуваат на грантови, договори или исплата на средства од страна на Стејт Департментот на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или на подружница на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите кои се поврзани со барањата за финансирање, овластувањата на исплатата, или слични записи, како и сите поврзани со евиденција на комуникацијата меѓу кој било вработен, службеник или претставник на Стејт Департментот и вработен, службеник или претставник на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

-Сите податоци за комуникациите меѓу службеници, вработени или претставници на Стејт Департментот и службениците, вработени или претставници на фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање вклучува и податоци за комуникациите пратени од или во режија на американскиот Амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

-Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата.

– Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт Департментот испратени од било кој вработен во Владата на САД во рамките на Шефот на мисијата на САД во амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата.

На интернет страницата на УСАИД е објавено дека меѓу 27 февруари 2012 и 31 август 2016 година, УСАИД даде 4.819.125 долари од даночните обврзници за Соросовата Фондација Отворено општество – Македонија, во партнерство со локални граѓански организации, пишува Џудишал Воч додавајќи дека преку интернет страницата на УСАИД можете да влезете на www.soros.org.mk каде што се вели дека преку проектот илјадници млади Македонци биле тренирани „на теми како што се слободата на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, убедливо аргументирање и користење на медиумите“.

Џудишал Воч во февруари објави:

„Американската влада тивко трошела милиони долари од даноците на своите граѓани со цел да се дестабилизира демократски избраната Влада ориентирана кон десен центар во Македонија преку соработка со левичарскиот милијардер Џорџ Сорос. Американскиот амбасадор во Македонија, назначен од Барак Обама, Џес Бејли, работел позади сцената со фондацијата на Сорос „Отворено општество“ за да префрла големи суми на американски долари за таа цел. Што претставува дека вмешаноста на американскиот амбасадор во Македонија во домашните политички работи, се коси со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Еве како тајната операција функционира според високи избори во Македонија и САД, кои ги предале извештаите на „ЏудишалВоч“ како дел од истрага која трае. Фондацијата „Отворено општество“ финансирала 10-ци левичарски невладини организации во Македонија со цел да се направи преврат на власта. Еден македонски функционер кој направи интервју со „Џудишал Воч“ во Вашингтон ги нарекува „војската на Сорос“. Овие групи организираат младински движења, создаваат медиуми и организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите и политиките на владата. Една од овие групи на Сорос ја преведе публикацијата на Саул Алински „Правила за радикалите“ на македонски. Книгата е прирачник за пресврт и дава совети за радикални улични протести и наведува дека Луцифер бил првиот радикал. Благодарение на амбасадорот поставен од Обама, кој не беше заменет од администрацијата на Трамп. Чичко Сем се уште испраќа финансии за групите да продолжат да оперираат и регрутираат, велат извори во Македонија, а САД потврдува.

Според Insidephilanthropy.com, Соросовата Фондација Отворено општество „можеби е најголемата филантропска организација која некогаш била направена, со филијали во 37 земји. Иако Фондацијата на Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарениа на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие во Африка. Нејзиниот буџет е некаде околу 930 милиони долари“.

„Американ тинкер“: Македонија е на оската на хаосот на Сорос и Обама

Американ Тинкер објави детална анализа за ситуацијата во Македонија и за финансирањето на невладините организации од страна на Џорџ Сорос и УСАИД. Во анализата се прави паралела меѓу протестите во Македонија и т.н. Шарена револуција со протестите за правата на афроамериканците во Соединетите Американски Држави.

-Роналд Реган мора да се превртува во гробот кога гледа како Соединетите Американски Држави финансираат многу сили во Европа за кои тој правеше напори да ги победи. Во Македонија, која е светилник на конзервативизмот во голема либерална Европа, пари од американските даночно обврзници го помагаат мноштвото на хаосот создаден од левичарските организации на Џорџ Сорос за да се спротивстават и да ја поразат про-американската, централно-десничарска влада на ВМРО-ДПМНЕ. За овој тек на настаните треба да му се заблагодари на Барак Обама и неговата амбасадорско суштество, Џес Бејли. Ние треба да обрнеме внимание на активностите на Сорос во Македонија, за тие да послужат како корисна студија на методите кои тој ги користи да сее раздор во светот, вклучително и во САД, пишува Американ Тинкер во деталната анализа која интегрално ви ја пренесуваме во продолжение.

Преку програмата на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) наречена Проект за граѓанско општество, владата на САД во периодот меѓу 2012 и 2016 година пренасочи речиси 5 милиони долари кон групи поддржани од Сорос во Македонија. Само пред американските претседателски избори во 2016 година, програмата во Република Македонија беше продолжен до 2021 година, а нејзиното финансирање се зголеми на 9,5 милиони долари.

Малку поновата историја на Македонија ја открива промената која се има појавено во минијатурната држава во текот на годините на Обама. Македонија беше дел од поранешна Југославија. По Реган и распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, нејзиниот сојузник Југославија беше целосно разрешена. Во таа ситуација Македонија успеа мирно да прогласи независно.

Околу една четвртина од населението во Република Македонија го сочинуваат албански муслимани. Две третини од луѓето се Македонци, претежно со христијанско-словенско потекло, а околу 10 отсто се од помалите заедници. Иако не беше зафатена од балканскиот конфликт во 1990-тите, Македонија беше под влијание на војната во Косово во 1999 година, откако повеќе од 350.000 Албанци муслимани побараа засолниште во Македонија. Со барање на Албанците во Албанија и Косово, албанската муслиманска заедница во Македонија започна вооружен конфликт во 2001 година, напаѓајќи ја македонската полиција и војска со што се разгореа етничките судири во земјата. За време на конфликтот, многу македонски цркви беа уништени или оштетени од страна на албанските бунтовници. НАТО интервенираше, сепак, се донесе мирно решение за конфликтот, убедувајќи ги Албанците да се разоружаат и да престанат нивните напори за отцепување.

По стекнувањето на независноста во Република Македонија, конзервативната влада успеа да исклучително добро да го симна јаремот на социјализмот, спроведе пазарно ориентирани реформи и создаде модерна, плуралистичка демократија. Светска банка ја рангира Македонија на 10. место во светот за водење бизнис. Индивидуалните и корпоративните даноци во Македонија се 10 отсто. Македонија ужива постојана и релативно висока стапка на раст на бруто домашниот производ, во просек 3,26 отсто во периодот меѓу 2004-2016.

Македонската влада исто така е тесно усогласена со традиционалните интереси на САД. Таа е и близок пријател на Израел. За разлика од повеќето други земји од Старата Европа, таа ги забележа опасностите од бегалскиот бран Блискиот Исток и Северна Африка во 2016 година, па затоа изгради ограда долж јужната граница. Таа прати војници да служат заедно со американските сили во Ирак и Авганистан. Главниот град на Македонија, Скопје, дури има и улица именувана по Роналд Реган.

Според податоците на УСАИД, македонскиот постојан раст и трансформацијата во слободен пазар беше потпомогната преку неидеолошка американска помош канализирана преку УСАИД, која во Македонија испрати некаде меѓу 11 и 63 милиони долари годишно од 2001 година.

Сета таа неидеолошка помош се промени откако во 2012 на сцена дојдоа Џорџ Сорос и Барак Обама. Финансиската помош стана идеолошка. Администрацијата на Обама му помогна на Џорџ Сорос и неговите субјекти во Македонија, чии главен покровител е Фондацијата „Отворено општество“.

Фондацијата „Отворено општество“ доби пари од американските даночни обврзници преку Проектот на УСАИД за цивилно општество, што е тесно поврзано со главната опозициска политичка партија во Македонија СДСМ.

Сепак, од почетокот во 2015 година, методите на работа на овие организации се ништо друго, освен протести од страна на маскирани млади луѓе, каменување на полицијата, кршење на прозорците на зградите, палење на владини канцеларии и друго уништување на објекти од јавна сопственост. Демонстрантите гордо носат маички со натпис „Соросова армија“. Тие ја преведеа книгата на Саул Алински „Правила за радикалите“ на македонски јазик. Лидерот на оваа т.н. Шарена револуција, Павле Богоевски е член на Форумот на Невладините организации кој е финансиран од Сорос и УСАИД. Тој беше избран за пратеник во Собранието на партијата СДСМ, што ги покажува односите меѓу левичарската опозициска партија и групите поддржани од Сорос/УСАИД.

Соросовата Фондација „Отворено општество“ во 2015 година донираше 650.000 долари за деструктивните протестите „Black Lives Matter“во Балтимор. Организираше масовни демонстрации од страна на Сорос е нешто што сме го виделе во близина на нашиот дом. Според Њујорк Тајмс Сорос финансирал 50 партнерски организации за да протестираат против изборот на Доналд Трамп во „Маршот на жените во Вашингтон“. Другите земји во кои Сорос финансира масовни, а често и насилни левичарски превирања против десноориентирани влади се Албанија, Израел и Унгарија.

Соросовите организации во Македонија сега работат за усогласување на силите на левичарско осакатување заедно со албанската заедница во Македонија, за отпочнување на комбинираниот централен напад врз конзервативната влада. Според извештајот на Американ Спектатор, чиј автор се консултирал со американски и македонски конзервативни аналитичари, „нашата надворешна политика ја дестабилизира земјата и го промовира исламскиот екстремизам“.

Во еден разговор со мене, висок македонски функционер ме советуваше дека целиот персонал на мисијата на САД во Скопје, од амбасадорот па надолу, се тврдокорни левичари по калапот на Обама/Сорос и работат на соборување на конзервативната влада во Македонија.

Членови на Конгресот ја испитуваат помошта на САД на овие организации. Според деталите во писмото до владината Канцеларија за одговорност, мисијата на САД во Македонија „активно интервенирала во партиската политика во Македонија“. Ваквите партиски активности од страна на американски официјални лица ја кршат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Џудишал Воч исто така започна интензивна истрага во врска со ова прашање. Во меѓувреме, администрацијата на Трамп треба да го отповика амбасадорот Бејли. Тоа треба поведе чистка во мисијата на САД во Скопје и да го запре финансирањето на организациите на Џорџ Сорос, кој гордо призна дека соработувал со Нацистите.

Авторот на анализата е Вилијам Маршал, кој повеќе од 30 години работел како аналитичар во владата на САД, приватниот и непрофитниот сектор. Тој сега работи како инспектор во Џудишал Воч.

Рејтингот на СДСМ меѓу Македонците во слободен пад – партијата од „Павел Шатев“ се попривлечна за Албанците

Во текот на месец март 2017 спроведена е една од трите анкети кои треба да се спроведат од страна на Националниот демократски институт (NDI), поддржана од USAID, пишува порталот Press24.

СДСМ после изборите тоне кај македонското население, а се зголемува поддршката кај албанското население. 25.3% од Македонците не ја даваат поддршката на СДСМ, додека пак високи 36.9% од Албанците ја даваат поддршката на СДСМ.

Ова не е случај кај ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи 19.1% од македонското население после изборите ја даваат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, бидејќи е единствената партија која ги брани државните и националните интереси во рамките на институциите.

Од она што може да се види на анкетата е јасно различните ставови на Македонците и Албанците во однос на прашања поврзани со моменталната ситуација

На прашањето на сите испитаници на која од институциите најмногу им верувате, 33% најмногу му веруваат на Претседателот Ѓорѓе Иванов, додека пак на СЈО поддршка му дале 30.2%. Од она што може да се забележи е дека на Претседателот Ѓорѓе Иванов најмалку му веруваат албанското население, а најмногу македонското население му верува. Кај СЈО ситуацијата е дијаметрално спротивна, бидејќи најмногу доверба имаат од Албанците, а најмалку од македонското население.

На прашањето кој е излезот од политичката криза, дури 33.9% од македонското население сметаат дека нови избори се решението на кризата, а само 1.5% од Албанците. Огромни 71.9% од Албанците сметаат дека треба да се формира нова Влада преку парламентарното мнозинство, со тоа што се докажува фактот дека ја поддржуваат албанската платформа.

Исто така огромен е и процентот (20.1%) кај Албанците кои веруваат дека меѓународната заедница треба да ја реши ситуацијата, а само 3.3% од Македонците мислат така. Со тоа уште еднаш се потврдува фактот дека албанското население верува во остварувањето на Тиранската платформа сервирана од странските фактори.

За 44.2% од македонското население Тиранската платформа е целосно неприфатлива и треба да се отфрли, додека пак 64% од албанското население се против отфрлање на платформата и се за целосно нејзино имплементирање.

Македонското население уште еднаш е против формирањето Влада од страна на СДСМ, со тоа што огромни 43.8% се против формирање на Влада од страна на СДСМ бидејќи немаат мандат и ги изгубиле изборите, а додека пак високи 84.4% од Албанците сметаат дека треба да се формира Влада, со тоа што ќе им се остварат намерите на албанските партии за остварување на Тиранската платформа.

На телефонската анкета одговориле 807 испитаници, поделена на региони и националности и етнички заедници.

КРИМИНАЛОТ НЕ ПОМИНУВА: Бејли повикан на рибање во Вашингтон?!

Конгресмените се погласни, амбасадорот се понервозен

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, од неодамна е на повеќедневен престој во САД во ситуација кога таму се поведени цела серија барања за истрага против него поради неговото постапување во Македонија поврзано за начинот на распределувањето на парите од фондовите на УСАИД и Фондацијата на Џорџ Сорос.

Од американската амбасада во Скопје во петокот за „Дневник” потврдија дека Бејли е отсутен од ова дипломатско претставништво, но не станува збор за некое вонредно патување, туку престојот бил во рамките на редовните патувања.

-Амбасадорот Бејли ја користи можноста за редовното предвидено патување во САД за да се сретне со неколку претставници на Kапитол хил и на Стејт департментот за да разговара за приоритетите на САД во Македонија и за нашиот дипломатски ангажман”, се наведува во одговорот на американската амбасада во Скопје за „Дневник”.

Оттаму додаваат дека овие средби ја потврдуваат поддршката на САД за интеграцијата на Македонија во евро-атлантските институции како напредна, издржлива, мултиетничка демократија.

Интересно е да се забележи дека до отсуството на Бејли од нашата земја дојде токму во периодот кога кај нас престојуваше еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Бриселскиот функционер тука водеше важни разговори за разрешувањето на политичката криза за формирањето на новата владина коалиција, а предизвикана со договарањата на СДСМ со албанските партии врз основа на тиранската платформа за која директно влијание имаше албанскиот премиер Еди Рама.

Поради тоа, останува дилемата дали редовното патување во САД на амбасадорот Бејли, кој инаку е мошне вклучен во разрешувањето на македонската политичка криза и е обвинуван дека директно се инволвира во неа ставајќи се на страна на опозицијата, е мотивирано со идејата да се остават поголем простор и влијание за политичките пораки на еврокомесарот Хан или, пак, патувањето е изнудено со сè побројните обвинувања во него од влијателните фактори во американскиот политички живот.

Според одредени шпекулации, Бејли е во САД за да се сретне со конгресмени со цел да го намали притисокот врз себе и да одржи средба со амбасадорот на САД во НАТО за да издејствува оттаму да се зголеми притисокот врз претседателот на Македонија, Иванов, да му го даде мандатот за формирање влада во РМ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Познато е дека истрага за политизирањето на улогата на американската амбасада во Македонија и повик до новоименуваниот државен секретар Рекс Тилерсон да го разреши амбасадорот Џес Бејли првин најави водечкиот американски републикански конгресмен Kристофер Смит.

На чело на групата од шест републикански конгресмени, Смит уште во средината на јануари побарал објаснување од амбасадорот Бејли за обвинувањата дека Амбасадата во Скопје работи во полза на политички партии и финансира проекти на Фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија. Kога Бејли не одговорил на писмото на конгресмените, Смит, кој е член на конгресната Kомисија за надворешни работи и претседава со Хелсиншкиот комитет за соработка со ОБСЕ, изјави дека е неопходна темелна истрага на активностите на американската амбасада во Македонија и разрешување на амбасадорот.

– Американскиот амбасадор не смее да има улога во формирањето влада и да зазема страна при формирањето коалиција. Тоа не е местото на САД, ниту на американските претставници во Скопје. Овој амбасадор зазел страни и треба да биде отпуштен веднаш – соопшти тогаш Смит.

По нив, и група американски сенатори најавија нова, петта истрага против работата на американскиот амбасадор Бејли во Скопје. Тие официјално побараа од Рекс Тилерсон да се истражи каде завршувале парите од УСАИД во Македонија.

По ова, следуваше и одговорот на Бејли. Меѓутоа, конгресмените потоа пак реагираа дека се незадоволни од добиениот одговор бидејќи тој не дал одговор на конкретните прашања за обвинувањата за својата партиска пристрасност и финансирањето партиски поврзани невладини организации.

Србов: Колку американски пари легнуваат на семејниот буџет на Јанева преку нејзиниот син?

Се стеснува обрачот околу чадорот од САД и македонските извршители кои работат под негова команда. Стејт департментот веќе поведе постапка за испитување на галантното финансирање на левичарската СДСМ во Македонија, со пари од американските даночни обврзници, па реку УСАИД и невсладините организациии на Сорос, а историчарот и политички аналитичар Никола Србов, член на СОС (Стоп операција Сорос) на Фејсбук побара ОЈО да покрене истрага против СДСМ, кој годишно СДСМ, само од еден извор, добивал по 2 милиони евра за кампања.

USAID-kampanja-SDSM

Но, во контекст на тоа Србов повика да се испита и колкава сума на пари влегува во семејниот буџет на Катица Јанева од невладини организации преку нејзиниот син и дали тие средства Бејли ги користи како поттик за Катица Јанева да води партиска кампања преку СЈО.