Рекет, уцени, УЈП… Започна кампањата на СДСМ

bogoev-lukarevska

Стефан Богоев преку инспекциите на својата другарка Лукаревска се заканувал на дискотеките во Скопје со цел да изнуди менаџерите на овие локали да бидат членови на СДММ.

Ова според планот на СДСМ требало да биде дел од најавениот чалам низ градот и на тој начин привлекување на гласови на контото на Шилегов и на останатите кандидати на СДСМ за општините во Скопје. Да потсетиме дека УЈП веќе неколку денови става клуч на вратите и изрече енормни казни за неколку скопски локали, за кои медиумите известија дека се затворени по директива на Стефан Богоев.

Директорката на УЈП на свои пријатели им признала дека на барање на Богоев била спроведена инспекција во „Броз Кафе“ на ул. Партизански одреди, која била со насока дека мора да се најде некаков прекршок и да се казнат. Иста ваква судбина им се случи и на Тренд, Дежа Ву и Палма од Аеродром, кои по барање на кандидатот за градоначалник на СДСМ Златко Марин, Лукаревска ги затвори истите, со образложение дека користеле брендирани шеќерчиња.

Следствено на тоа пак, рекетот што го прават раководствата на Општинските организации на СДСМ на локалните компании, е фактичко спонзорирање на овие ограноци за кампањата за локалните избори. Целта е купување на македонските гласови на секое ниво, почнувајќи од навивачките групи, пензионерите, организирање на забави за младите, но никако програма, со која би се подобрил животот на локалните граѓани.

Бидејќи пратеникот Стефан Богоев, како претседател на СДММ е одговорен за ноќниот живот во СДСМ, ја користи новата директорка на УЈП Сања Лукаревска за партиски цели, преку кои исклучиво менаџерите на локалите кои потекнуваат од младинската организација на СДСМ ќе можат да организираат забави за младите. Истите би се организирале со средства добиени од рекетот на кандидатите за градоначалници од нивните редови, при што секој посетител би се забавувал бесплатно. Тоа е начинот со кој би се придобивале гласовите на младите лица.

Меѓудругото, покрај „непослушните“ сопственици на локалите, на удар ќе бидат и вработените во нив. Тие ќе мораат да ги служат членовите и гостите на СДСМ, без притоа да бидат платени за својот труд. Причината е едноставна – вработување на свои членови во истите, со кои би се зголемила контролата над локалите.

Од друга страна пак, оние локали кои се сложуваат со политиките на моменталната власт, ќе бидат наградувани со производи набавени од СОЗР, каде што директор е Пеце Мирчевски, инаку „близок“ пријател на Сања Лукаревска, што меѓудругото значи дека овие кафанџии ќе бидат директно спонзорирани од џебовите на граѓаните.

Ваквиот начин на функционирање на СДСМ кога е на власт е повеќе од познат во минатото. Слаткоречивост во јавност, рекет на терен.

ЗАКАНИ, УЦЕНИ И ПОТКУП: СДСМ ќе ги загуби локалните избори, спасот се гледа во МВР и масовна корупција

Zaev-Spasovski-potkup-albanci

Ангажман на полицијата во функција на СДСМ на изборите и користење државниот буџет за поткуп на гласачи за да им дадат поддршка на претстојните изборите ќе бидат главните адути на Зоран Заев и неговата партија, кои според анкетите се соочени со пораз на локалните избори закажани за 15-ти октомври.

Поставувањето на Оливер Спасовски за прв човек во МВР, кој воедно беше и генерален секретар и потпретседател на СДСМ, треба да обезбеди строга партиска контрола врз полицијата, како и притисоци врз граѓаните својот глас да го дадат за партијата на Заев. Тоа го открива и swot анализата во штабот на СДСМ во Кисела Вода.

-Ова е swot анализа, до која дојдовме, односно swot анализа која што тие самите ја објавија а се однесува на анализа на слаби и силни страни на секоја партија која што ја прават во рамки на свој општински комитет. Јавно, дрско и брутално СДС како главна полуга на овие избори го истакнува користењето на полицијата во функција на изборите. Погледнете, прва работа која е наведена е контролата и употребата на МВР во изборни цели. Ова е тежок скандал, ова е противправно делување и ова е криминал, изјави вчера претседателот на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски.

Spiro-Ristovski

 

 За ова, рече Ристовски, некој треба да одговара и мора да одговара. За ова некој ќе одговара.

-Ги повикуваме чесните полицајци да не дозволат да бидат инволвирани во вакви активности, а сите оние од СДС коишто ќе посегнат по вакво нешто, по следните предвремени парламентарни избори догодина ќе одговараат. Ова е директно мешање на партијата и државата, и директно и експлицитно злоупотребување на полицијата во партиски цели на СДС. Еве колку вреди СДС, еве колку се силни. Воопшто не се, главен аргумент за избори не им е програма, не им е работа, туку употребата на полицијата! И тоа која полиција, онаа полиција на која СДС и посакуваше Куманово да им се деси, онаа полиција која ја каменуваа, тепаа, оние полицајци кои се дел од стотината полицајци кои СДС физички ги повреди и долготрајно ги понижуваше. За какви фер избори Заев зборува, кога во време кога држи прес со амбасадорот Жбогар за демократски избори, во штабовите на неговата партија заговараат употреба на полиција за избори.

Вториот сегмент е масовната корупција преку бизнис секторот и купување на гласови, односно употреба на државниот буџет во партиски цели на СДС, за да корумпираат гласачи, за да притискаат гласачи заради социјалната помош, заради субвенциите за земјоделците, заради платите и заканите од отпуштања.

-Срамно и недостоинствено. Ова е уште еден доказ колку се слаби и колку и тие самите се свесни дека народот не ги одобрува нивните штетни политики, па сега посегнуваат по злоупотреби од најголем вид. Сакаме ова да го истакнеме за да укажеме со какви услови се соочуваме, и јасно да претставиме дека СДС нема намера за фер и демократски избори. И бараме одговорност. На совеста на ДИК, јавното обвинителство и на меѓународната заедница е дали ќе реагираат на овој тежок, навистина тежок скандал, или ќе се обидат при очи да се прават дека ова не го гледаат. Истовремено сакаме да порачаме, на овие избори на СДС нема да му помогне ништо. Ниту бандитите кои ги подготвуваат за изборни манипулации, ниту нивната партиска полиција, ниту целиот државен буџет. Одиме напред. Нашата победа веќе се чувствува и ништо и ништо нема да може да ја спречи, потенцираше Ристовски.

СДСМ знае дека ќе ги загуби изборите, тоа го потврдуваат и анализите на „Павел Шатев“

Незадоволство од работењето на новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, и неспособност како главна карактеристика е оценката која ја даваат граѓаните. Ова резултира со вртоглав пад на СДСМ, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“.

Повеќе од половина од испитаните граѓани, 52.1.процент, одговориле дека не се задоволни од досегашната работа на новата Влада.

30.9. проценти сметаат дека неспособноста е главната карактеристика на новиот тим на „Илинденска“, додека за 15.3 проценти од анкетираните тие ја продале државата.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, додека 18.8. за СДСМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски останува лидер на партија со најголема доверба кај народот. 27.2 проценти се изјасниле дека најмногу доверба имаат во него, додека на Заев му веруваат 15.6 отсто од испитаните граѓани.

Телефонската анкета на Институтот „Павел Шатев“ е спроведена помеѓу 29 август и 1 септември на 1250 испитаници со цел да се утврди перцепцијата на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Палевски тврди: Арифи и Меџити се уценети од Бејли со готови предмети во СЈО (ВИДЕО)

DUI-Pretsedatelstvo

Во СЈО постојат неколку предмети кои се насочени директно кон високи функционери на ДУИ, и тоа токму оние кои денес глумат социјалдемократи, а се членови на ДУИ, открива за ТВ „Нова“ поранешниот висок функционер на СДСМ, Љупчо Палевски, притоа наведувајќи ги Изет Меџити, Теута Арифи и други.

– Изет Меџити е предмет околу изборен фалсификат на минатите локални избори, за што има и сведоци и претседател на Општинска и фалсификат потписник на општинската изборна комисија. Тоа стои во фиока кај Катица (Јанева). Процесор на целата таа работа, локална, македонскиот процесор е Ленче Ристоска. За Теута (Арифи), исто така, големиот социјалдемократ од редовите на ДУИ постои конкретен веќе документиран предмет каде транспортот на ученици во Тетово чини колку во Битола, каде што имаше куќен притвор и, исто така, критикуван и покриен со истраги, транспорт во Струмица. Значи, колку што чинат заедно Струмица и Битола, толку е транспортот на ученици на Теута Арифи во Тетово. Нема кривична пријава, нема процесирање. Тоа е тој главен алат на Џес Бејли за креирање политички состојби и резултати – открива Палевски.

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту граѓаните, ниту државата нема да прават отстапки само заради тоа што криминалецот Заев ги прифатил сите уцени

vmro-dpmne-glaven-stab

Обврските на СДС кон нарко-мафијата што им помагаше на изборите и кон сите кои го негираат македонскиот идентитет, никогаш нема да бидат прифатени од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту граѓаните, ниту државата нема да прават отстапки само заради тоа што криминалецот Заев ги прифатил сите уцени.

Криминогеното раководство во врвот на СДС за да се спаси од затворски казни за бројните криминали подготвено е да дојде на власт по секоја цена, независно што тоа значи целосно реализирање на Тиранската Платформа.

Криминалецот Заев за да ги покрие своите криминали од Поткуп, Пуч, Цареви кули, па се до изборните измами тргуваше со највисоките државни и национални интереси.

Тиранската Платформа која му е скроена на Заев значи целосна двојазичност, промена на државните симболи, промена на името по грчки терк, федерализација  на државата и нејзина дисолуција во последна фаза.

За да формира Влада и да се спаси себе си од кривичен прогон Заев молкум ја проголтува секоја антидржавна изјава на Зијадин Села, кој Македонците ги прогласи за непостоечка нација, а државните симболи на Македонија не ги признава и сака да ги смени.

Заев молкум ја одобрува и секоја антидржавна изјава на Еди Рама, човекот кој му ја спакува Тиранската Платформа.

Македонија е заглавена во криза затоа што СДС сака да ја измами изборната волја на граѓаните и да го занемари гласот на мнозинството граѓани кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ.

Нови парламентарни избори заедно со локалните се најефективното решение за излез од кризата. На тие избори граѓаните ќе имаат реална можност да кажат што мислат за Тиранската Платформа и планот на Заев да ја редефинира државата.

СДС знае дека ќе биде казнет на избори од граѓаните и заради тоа почна и насилно да се пресметува со нив.

Граѓаните гледаат што и прави криминалното здружение СДС на државата и заради тоа се во толкав голем број на улиците во градовите низ Македонија. Тие со право се чувствуваат постизборно измамени.

Народот е на нозе!

Македонија се буди!

СЈО ги држи граѓаните во заложништво со приватните разговори – тие мора веднаш да се уништат

Mihajlo-Manevski

Специјалното јавно обвинителство досега не уништило и сè уште чува 271.990 незаконски снимени телефонски разговори, кои биле сосема приватни и во кои немало индиции за кривични дела, пишува Дневник.

Manevski-za-SJO

Тоа најдиректно се крши законот, кој бара бесправно снимени разговори што не се во функција на некоја постапка веднаш да бидат уништени, и се отвора можноста за нивна злоупотреба, предупреди вчера Михајло Маневски, поранешниот министер за правда.

Тој реагира на неодамнешната изјава на специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска, која во една телевизиска емисија рече дека незаконските снимки „треба да ја видат светлината на денот“.

– Ристоска рече дека се разгледувале повеќе опции за тоа што да се прави со снимките по завршувањето на мандатот на СЈО. Ристоска најави дека разгледувале можни опции, но со сигурност можела да каже дека тие материјали „нема да завршат во некој сеф или фиока и заслужуваат да ја видат светлината на денот, односно сите граѓани заслужуваат да знаат што навистина се случило“. Тие снимки, според неа, нема да завршат никаде, „освен во архивата на СЈО“. Јас прашувам како овие материјали ќе ја видат светлината на денот, како граѓаните ќе дознаат што се има случено и зошто да останат во архивата на СЈО? – потенцира Маневски.

Загрозена приватност

Тој се прашува дали по ваквата најава на Ристоска може да се случи овие материјали јавно да се објават или да се продадат на јавна лицитација или да се стават во слободна продажба?!

– Дали СЈО е над сите други органи и за него не важат законите за постапување со вакви материјали. Неверојатно е тоа што го изјави Ристоска, без чувство на одговорност, без помисла за заштита на човековото достоинство и приватност. Таа не наведе ниту една законска одредба од Законот за СЈО или кој било друг закон во врска со постапувањето со овие материјали, а беше должна да го стори тоа – смета поранешниот министер за правда.

Маневски потсетува дека од самиот почеток имало големи манипулации во врска со нелегално прислушуваните телефонски разговори. Самиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, неколкупати во јавни настапи лицитираше за тоа со колкав број на разговори располага. Неколкупати изнесуваше различни бројки, а во последната негова изјава потврди дека имало 1,05 милион прислушувани разговори! Подоцна, при предавањето на сите снимени разговори на СЈО на 30 декември 2015 година не беше направен записник за тоа колку материјали се примени. На крајот, беше објавено дека од Заев се примени вкупно 606.555 аудиофајлови.

– Се поставува прашање каде остана разликата од 450 илјади разговори? Што стана со тие материјали? Зошто обвинителката Kатица Јанева не презеде никакви мерки против Зоран Заев да ги предаде сите материјали и зошто не презеде мерки поради тоа што три месеци го одложуваше нивното предавање, а беше должен да ги предаде веднаш? – потенцира Маневски.

Зошто се чуваат материјалите

Тој потсетува и дека имателот на сите прислушувани разговори, Зоран Заев, во повеќе наврати, онака воајерски изјавуваше – „само јас знам што с` се имам изнаслушано“! Човекот да го жалиш, вели Маневски, или да му завидиш на неговото „знаење” за приватноста и интимата на луѓето. Тој поставува прашање дали во тие непредадени 450 илјади разговори спаѓаат и 70 илјади разговори пронајдени кај обвинетиот Захир Бекири-Чаушот, партискиот другар на Зоран Заев, во случајот „Фабрика за афери“.

Познато е дека во својот трет извештај од 15 март годинава СЈО објави дека дотогаш биле преслушани 272.950 аудиофајлови или 45 проценти од вкупниот број. При ова било утврдено дека 90.618 аудиофајлови се приватни разговори, со времетраење од 2.030 часа, а во 181.372 случаи не е утврдено постоење индиции за сторено кривично дело. Биле издвоени и 960 транскрипти каде што врз основа на преслушаните разговори имало индикации дека е сторено кривично дело.

– Се поставува прашањето зошто СЈО веднаш не уништи 90.618 аудиофајлови за чисто приватни разговори и 181.372 фајлови за разговори од кои не се утврдиле никакви индиции за сторено кривично дело? Зошто СЈО ги чува овие материјали? Kоја му е целта? Kому му се потребни тие материјали? Дали тие материјали се чуваат да послужат за уцени и подметнувања? Никој нема право со искористување и злоупотреба на положбата, па ниту СЈО, да ги држи граѓаните во заложништво со нелегално снимени приватни разговори и разговори во кои нема ниту индиции, а камоли докази за сторено кривично дело. Тие материјали мора веднаш да се уништат – категоричен е Маневски.

Поранешниот министер за правда смета дека ваквото постапување претставува грубо кршење на законите. Тој потсетува дека во Законот за СЈО нема одредби за постапување со прислушуваните материјали.

– Но, според член 1 став 2, за с` што не е уредено со тој закон, ќе се применуваат Законот за Јавното обвинителство и другите позитивни законски прописи во РМ. Според членот 25 од Законот за следење на комуникациите, податоците собрани со следење на комуникациите не можат да се употребат како доказ во кривичната постапка, кога следењето е извршено спротивно на постапката утврдена со Законот, како и кога следењето не е извршено во согласност со одредбите на Законот за кривичната постапка. Во таков случај податоците се уништуваат согласно член 26 од Законот – наведува Маневски.

Уништување под надзор на судија

Маневски објаснува дека решение за уништување на податоците донесува надлежниот судија врз основа на посебно барање. Барањето за уништување на податоците го доставува надлежниот јавен обвинител или заинтересирано лице.

-Уништувањето на податоците го врши судија определен од претседателот на судот каде што е водена кривичната постапка во која се користени тие податоци. За извршеното уништување, судијата изготвува извештај. Во членот 151 од Законот за кривичната постапка се наведува дека ако јавниот обвинител се откаже од кривичното гонење или ако собраните податоци немаат значење за водење на постапката, ќе се уништат под надзор на судијата, а за тоа јавниот обвинител ќе изготви записник – вели тој.

ДУИ клекна под притисок на силни закани и уцени од СЈО по наредба на СДСМ

DUI-Pretsedatelstvo

Вчера во јавноста во голем број медиуми излезе информација дека пукнала тиквата во СЈО помеѓу Катица Јанева и Фатиме Фетаи поради непослушноста на Фетаи кон Јанева и нејзината наводна блискост со ДУИ, поради што Фетаи ќе биде исклучена од СЈО. Ваквата информација набргу беше демантирана од СЈО, но истата остави многу прашалници во јавноста, дали можеби Фетаи не подлегнала под притисок на Јанева и центарот на моќ под чија наредба работи СЈО.

Дека пишувањата во медиумите за караницата во СЈО се вистините, доказ е и пишувањето на Љупчо Палевски, поранешен сопственик на неделникот „Старт“ и некогашен близок соработник на Црвенковски во чие време беше и Претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје. Палевски во свој фејсбук статус пишува дека СЈО во целост е под палката на Бејли и Заев со исклучок на Фатиме, која не сакала да се покори на наредбите на Катица и центарот на моќ под чија контрола е СЈО. дополнително Палевски вели дека ДУИ е на далечинско кај Бејли поради СЈО

palevski

Во политичките и новинарски кулоари се говори дека СДСМ деновиве дејствувале со силни уцени насочени кон поединци во раководството на ДУИ кои трезвено размислувале барајки коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Уцените оделе преку закани со снимки и дека доколку не прифатат коалиција со СДСМ, СЈО ќе ги нападне со канонада од истраги и обвиненија.

Дрскоста одела дотаму што им се заканувале дека ќе завршат во притвор и ќе бидат целосно политички искомпромитирани.

По ваквите закани и притисок врие во ДУИ и ситуацијата е мошне тензична.Се поголем е револтот внатре во партијата и нејасно е како ќе резултира ваквиот притисок и очигледно неволната коалиција издејствувана со притисок.

На состанокот на претседателството на ДУИ биле наметнати и други прашања. Дел од раководството предупредувало: каде одиме? Со Трамп или со Сорос? Не може со двајцата.

Исто така се зборувало и за Маршот кој го организира Граѓанската инцијатива За заедничка Македонија. Прашањето и констатациите биле што со вакви демонстрации и револт кај Македонците. Толку многу луѓе спонтано досега не излегувале како сега. И има набој, жар, елан, спремност и одлучност како никогаш порано.

Што ќе се случи ако ескалира состојбата и албанците излезат? Стануваме дел од проблемот, од кој не знаеме како ќе излеземе.

Што ќе се случи ако на локалните избори се напрви јавна или тајна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Беса и ДПА? Според бројките од парламемтарните, би следувал пораз и во Чаир и во Тетово, а веројатно и во Гостивар.

Во јавноста прострујуваат информации дека се што правел шефот на огранокот на ДУИ Бекир Асани – Беќо, правел и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Меџити не само што се испазарил да го поддржи СДСМ туку ветил и дека нема да се кандидира на локалните избори во Чаир, за да остапи простор за кандидат албанец на СДСМ, со што ќе се задоволат апетитите на се поголемото албанско крило во СДСМ, така кандидат албанец од редовите на СДСМ би бил поддржан тајно и од Меџити, со ова ќе им се забоде нож во грб на гласачите на ДУИ во Чаир и ќе го забрза распадот на партијата. Меџити како надомест за него лично се надевал за потпретседателско место во новата Влада на СДСМ.

Ваквата се по тензична атмосфера придружена со секојдневни уцени и притисок кон ДУИ е нејасно како ќе резултира во идната Влада, во која како што изјаи Османи доцна синоќа ќе влезат. Таквата тензична атмосфера на среден рок може да предизвика вистинска експлозија на линијата Бејли-СЈО-СДСМ-ДУИ.

САМО УЦЕНА МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ: Платформата ги спасува Албанците од резултатите од пописот

Popis

Ако платформата на албанските партии, односно условите поставени во неа, биде прифатена од страна на СДСМ, потоа дури и да се спроведе попис, кој се очекува да покаже дека во Македонија има помалку од 20 отсто Албанци, тоа ќе биде небитно бидејќи албанската заедница веќе ќе има третман на државотворна, која, ако сака, ќе може и да излезе од државата.

Тоа, всушност, значи дека албанската платформа е еден вид превентива бидејќи ако пописот покаже дека нивниот број во РМ е околу 16 отсто, пропаѓа Рамковниот договор, односно стануваат неприменливи амандманите на Уставот донесени врз негова основа. Во таков случај албанските партии ќе треба да бараат гаранции и од останатите заедници, пред с` од македонскиот народ дека нема да се намалуваат нивните права стекнати врз основа на Рамковниот договор, но тоа ги става во дефанзивна положба и им ја одзема моќта да уценуваат што сега ја имаат. Оттука пропаѓаат и преговорите на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, а сега албанските партии делумно отстапуваат во преговорите со СДСМ не барајќи промена на Уставот во делот со јазикот бидејќи сметаат дека со ова раководство на СДСМ и нивните цели се пред историска шанса – сега или никогаш.

Имено, платформата дојде во клучен период токму како превентивно средство за резултатите од пописот за кои е повеќе од очигледно дека резултатите ќе покажат оти Албанците се под 20 отсто од вкупниот број население во РМ. Со тоа, всушност, тие ризикуваат дека ќе ги изгубат правата на централно ниво. Со други зборови, албанските партии се обидуваат сега со уцена да ги добијат правата, кои, доколку се спроведе попис, нема да имаат никаква основа да ги побараат, ниту да ги добијат на централно ниво.

Инаку, една од причините, како што веќе објави „Дневник“ за пропаѓањето на преговорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, покрај прашањето за двојазичноста, е и пописот.

Еве како течеше битката за спроведување на пописот изминатите години.

По 2002, во 2011 година првпат се направи обид да се спроведе оваа најголема статистичка акција. Но, таа пропадна тогаш кога се виде дека на терен членовите меѓу попишувачите од албанска националност прават фалсификат, се обидуваат по секоја цена да го зголемат бројот на албанско население и попишуваат лица во странство кои се таму повеќе од една година, дури и на „Скајп“.

Четири години потоа, во јули 2015, премиерот повторно најави попис. Груевски за време на собраниска седница за пратенички прашања рече дека во Македонија ќе се спроведува попис по електронски пат.

– Очекуваме до крајот на оваа година да пристигне целокупната потребна опрема за поврзување на сите матични единици во Македонија и со тоа нашите процени се дека речиси 70 проценти од прашањата за пописот би биле електронски одговорени, односно нема да треба да бидат поставувани прашања до граѓаните, туку софтверски, компјутерски со електронско поврзување на матичните евиденции ќе се соберат сите потребни одговори – рече Груевски во јули 2015 година.

Еден-два дена потоа против оваа најава на Груевски веднаш беа активирани т.н. невладините организации, а 46 од нив во отворено писмо му порачаа на Груевски дека неговата влада нема легитимитет за да го спроведе. Јасно ви е за кои и за какви невладини организации се работи и кој го вклучи копчето за нивна реакција.

Брзо по нив реагира и тогашниот коалиционен партнер Али Ахмети, според кого најавата за попис е нешто за кое не постои договор меѓу страните ниту, пак, дека воопшто било ставено на маса квалификувајќи ги модалитетот и софтверското решение како идеја само на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Ахмети тогаш не сакаше да коментира повеќе со образложение дека најпрвин мора да има меѓукоалициски договор за нов попис, а дури потоа да се размислува за модалитетите и начините како да се изведе пребројувањето.

Перо Арсовски-Кодошот со уцени и закани: ДУИ да се дисциплинира со бомбите на Заев

Pero-Arsovski-bombi

-А да им понудиме на уценувачиве нешто „што не можат да го добијат“. Едно “бомбиче“, а?, напиша Арсовски.

Актерот Петар Арсовски, во јавноста познат како Кодошот, кој е дел од Комисиите на СДСМ и неуспешно беше носител на советничката листа на СДСМ за Скопје, преку пост на својот ФБ профил порачува ДУИ да се дисциплинирал со бомбите на Заев.

Pero-Arsovski-Bomba-DUI

-А да им понудиме на уценувачиве нешто “што не можат да го добијат“. Едно “бомбиче“, а?, напиша Арсовски.

Покрај Арсовски, пред неколку дена сериозни закани кон ДУИ упати и новопечениот пратеник Павле Богоевски.

-Знае ли али ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на дуи од евентуален прогон од СЈО?, напиша Богоевски меѓу другото.

Косовските медиуми: „Ги уценува ли Заев Ахмети, Бејта и Арифи?“

zaev-plakat-albanski-jazik

Косовските медиуми денеска излегоа со куса анализа за состојбите во Македонија со осврт кон тоа зошто ДУИ и Али Ахмети наместо да се држат за принципиелниот договор со ВМРО-ДПМНЕ, сега разговара со СДМ. Анализата е со наслов  „Заев со сериозни навреди кон Али Ахмети и ДУИ: Корумпирани сте и работите само за пари“

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев во едно интервју кога ги објавуваше во јавноста таканаречените “бомби на Заев” упати сериозни навреди кон раководството на ДУИ и Али Ахмети, нарекувајќи ги корумпирани луѓето кои работат само за пари.

Zaev-Express-Kosovo

Се пренесува и видео снимка од интервјуто во кое Заев вели:

-Од 38 бомби отворивме две бомби кои беа специјално за ДУИ. Еве, јавно кажумам  корумпиран е и делот на ДУИ и бегање од тоа нема. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ делеле пари, сопственост на Република Македонија и нејзините граѓани. За пусти пари е забегано ова општество, не за нешто друго, секако моќта заради пари и нема дилеми тука- вели Заев.

Медуимите од Косово, кои се достапни за публиката од етничките Албанци во Македонија, отворено прашуваат „Дали е ова закана од страна на Заев со цел да се заплаши Али Ахмети и неговиот тим?“

Понатаму, а секако во контекст на делот на ДУИ кои се залагаа за разговори со СДСМ, ја отвораат и дилемата „ Дали тој (Заев) со ова ги уценува функционерите на ДУИ, Теута Арифи и Невзат Бејта за да се сретнат со него? Ова останува дилема која времето ќе ја реши“- се додава во анализата.

ДУИ И ДПА УЦЕНУВААТ: Двојазичност и промена на името или нова криза

albanci-ahmeti-taci

Македонската победничка партија на изборите на 11 декември ќе биде уценета со низа предуслови од победничката партија кај Албанците за воопшто да почнат преговорите на идните владини партнери за формирање на новата влада. Ако партиите на Албанците учеснички на изборите на 11 декември не отстапат од позицијата „земи или остави“, можно е новата влада да биде без партија на Албанците и Македонија да влезе во уште подлабока политичка криза, пишува Дневник.

Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ се децидни дека не прифаќаат уцени.

ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Беса веќе се изјаснија дека без целосно прифаќање на нивните платформи ќе нема преговори за нова влада.

-ВМРО-ДПМНЕ во моментов е концентрирана на освојување 63 пратеници, бидејќи само на тој начин може да се стави крај на кризата во која СДСМ ја втурна државата во изминативе две години. Освојувањето на мнозинството од 63 пратеници ќе значи крај на секакво пазарење со македонските национални интереси, нешто што го направи Зоран Заев во Швајцарија и пред да почне изборната кампања. Првпат македонски политичар нуди отстапки и ги урива макотрпно градените позиции и нуди менување на Уставот, излегување од Рамковниот договор и воведување двојазичност на цела територија. Освојувањето на 63 пратеници значи давање целосен легитимитет на ВМРО-ДПМНЕ и градење многу подобри позиции во натамошните преговори за формирање влада – вели Иво Kотевски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

И коалицијата предводена од СДСМ доколку победи на изборите, не прифаќа да преговара за нова влада под услов да биде условувана и уценувана.

По овие избори Македонија ќе биде обединета, а не разединета. СДСМ ќе разговара со сите партии што го претпочитаат граѓанскиот концепт, без условувања и уцени. На следната власт приоритет ќе ~ бидат интересите на граѓаните и обезбедување услови за живот во Македонија – велат од СДСМ.

Од двете партии не коментираат дали доколку тие се победници на изборите ќе прават влада без партија на Албанците, ниту дали наместо решавање, Македонија ќе влезе во уште подлабока политичка криза.

Воздржаноста на македонските партии е разбирлива бидејќи предупредувањата на Али Ахмети, Мендух Тачи, коалицијата Алијанса за Албанците и партијата Беса може да се читаат како предизборно кревање на понудите пред својот електорат и позиционирање пред македонскиот партнер пред преговорите за новата влада бидејќи во политиката не функционира принципот „земи или остави“.

Партијата на Ахмети прва порача дека и да победи на изборите, нема да биде дел од владата ако македонската победничка партија во целост не ја прифати нивната платформа, односно петте заклетви меѓу кои и еднаква употреба на албанскиот со македонскиот јазик на целата територија, консензуалното одлучување, економска еднаквост…

Од ДУИ и вчера повторија дека доколку македонската победничка партија ги одбие условите, Македонија ќе влезе во нова криза.

-Ќе нема влада без договор за затворање на отворените прашања – велат од ДУИ.

Тачи, пак, ако ДПА е победничката партија, нема ни намера да почне преговори за новата влада доколку претходно не се одреди датумот за компромис за името.

– Предуслов од ДПА за да почнат преговори за формирање на владата ќе биде да го одредиме датумот кога ќе направиме компромис со Грција и часот кога Собранието ќе одлучи да го промени името на државата и процесот на интеграции во НАТО и во ЕУ ќе се деблокира. Ова е услов без кој нема да почнат преговорите. По ова, преговорите почнуваат со нашите услови од новата платформа на ДПА, што подразбира дека овие услови треба да се исполнат во одреден рок – вели Тачи.

Kоалицијата „Алијанса за Албанците“ најави дека нема да биде дел од владата ако не се прифати нивната платформа, со која се инсистира албанскиот да биде втор службен јазик во Македонија, додека Движењето Беса бара целосно редефинирање на државата.

Сепак, и покрај уцените на партиите на Албанците, по 11 декември ќе биде јасно дали испорачаните услови биле само предизборен маркетинг и дали победничката партија во албанскиот блок така лесно ќе се откаже од власта.