Колумна на Мирка Велиновска: ИЛИНДЕН ПОД ФАШИСТИЧКА ОКУПАЦИЈА

Како подготовка на овогодишното чествување на македонскиот државен и национален празник Илинден, во окупирана Македонија втрча американска војска (триста хуманоидни парчиња со едно чудо оружје и транспорт) за со војничка цокула на теренот, како впрочем секој ѕвер, да ја означи „својата“ територија. Таа е секогаш туѓа, грабната, присвоена од некој што има тапија врз неа. Нормално, тоа го знае секој окупатор. Затоа и има потреба да ја покаже својата сила пред домородниот сопственик, во случајов македонскиот народ.

Ваквите паради со радост ги следат нивните домицилни слуги, контрактори. Тоа се суштества без личен идентитет и човечки доблести како што се чест и достоинство. Јас ги викам шкопеници или евнуси. Таквите се секогаш слуги на оној што ги шкопел. Тие се самозалажуваат дека се политичка, црковна или интелектуална елита. Шкопеникот го мрази нормалниот народ, кој ги има сите одлики на родот на кој му припаѓа. Сите делови на телото му се на број и функционални, а мозокот му е слободен и во кондиција. Кога се гледа во огледало, си го гледа и ликот и душата и срцето. На себе ги препознава и цртите и карактериситиките на своите предци во континуитет. Го познава секој слој од кожата секоја своја маана. Шкопените ја немаат таа предност. Затоа, наместо да си признаат дека се фалични, си градат затворен свет во кој сите без мандало се сметаат за авангарда со агенда да го сотрат нормалното човештво така што ќе го обезличат, односно, ќе го втераат во нивната фарма на евнуси, кастрати.

Прво да констатирам дека пред цел македонски народ и пред цел свет нашиве кобајаги политичари се разгологазија неповратно. Грди и валкани се до тука бидува! Лажеа дека работат за Македонија и македонскиот народ. Работеле против неа и нас. Безбедносниот и институционалниот вакуум дадоа кротко да ни го пополнат американски и европски штакори, плус добрососедски агресори и негатори. Дозволија војската и полицијата, судството, економијата, здравството, образованието да ни ги раководат дегенерици, муфљузи, шламот, мафијата. Доживеавме две приватизации, која од која погадна.

Мене сега ме интересираат две работи: Зошто воопшто уште постои т.н. Шеф на државата и зошто уште дреме во претседателската палата и претседателската резиденција безидентитетен човек кога веќе нема работа за него. Нема држава и народ за да ги претставува, а агендата за пополнување на безбедносиот вакуум ја исполни. Имаме 300 американски маринци и снајперисти и никаква македонска армија. Имаме неспособни генерали како послуга на американските. „Волци“ и „Тигри“ во платенички окупаторски мисии, ама без срце да си го бранат домот и татковината. Тамам за двомилионска Македонија. Што работи уставниот суд и каков устав штити? Чии се тие уставни судии? Чија војска е АРМ? За што служи и кому служи? Чија е македонската полиција и полицајци? Синодот на МПЦ кого претставува? За кого бијат камбаниве бе сега, а? Постојат ли воопшто македонски политички партии? Кој воопшто членува во нив? Зошто не се во илегала или не повикаа на борба? Од кого и за што ќе бараат гласови, ако воопшто им даде шлакнатиот Бејли? Или ќе си штанцаат и полнат кутии на фингирани избори? За домашни слуги на окупаторот ли ние ќе плаќаме давачки? Ако Македонија не е под окупација, за кој андрак Скопје во пресрет на Илинден е под полициска опсада? Што кажува тоа?

Просто, кажува дека окупаторот и неговите домашни шкопени слуги умираат од страв од народот кој не е под нивна контрола. Така е од кога е светот и векот. Стравот на слабаците се манифестира со парада на насилството. Кукавицата се крие зад насилникот и насилството. Убавото во сето ова е што и тие и ние го знаеме крајот. Секоја окупација има рок на траење и завршува со борба за слобода со однапред познат резултат. Победа на окупираниот и поробениот. Бежанија на окупаторот и слугите му. Патем, оној кастрат од Грузија, Шаакашвили, го испудија од САД, сега му го одзедоа државјанството и украинските црпковци. Шаакашвили стана штакор мигрант, кој бара нов господар што ќе го најми. Отпад кој не е погоден за рециклажа! Оваа е судбината и на неговите колеги од „Виши“ групировката на Црпко и Рада.

Лани на 2-ри август ја одгледавме „ладната проба“ на овогодишново илинденско празнување. МРТВ за првпат немаше директен пренос од свеченостите на светите за Македонецот места. Немаше бесплатни автобуси за собирање на публика. Оти, отчетот на врвните политички функционери беше срамен по дејство, па секој со малку достоинство и самопочит не сакаше да е присутен на фингерајка. И тие тоа добро го знаеа. Само си мислеа дека народот тоа ако не го гледа, нема да го знае. Шкопени шутраци!

Годинава, по фотографирањето на американската окупаторска војска пред триумфалната капија, по одржаната смотра на припадниците на бившата АРМ пред квислингот Радмила Шеќеринска и шефот на евнусите, нашиот Чембрлен, Црпко Заев, во отсуство на делегитимизираниот врховен командант (забравам му името), а во нападно ем вулгарно присуство на манијакот и наци-самодржец Џес Бејли, очекуваме во Крушево, на Мечкин камен и во Свети Спас, протоколарно јавно мочање врз илинденските светилишта од страна на вандалите: Учката и балист Џафери ќе блуе на Мечкин камен, Вулгарот (изворно име на денешниве словенизирани Бугари по племето Вулгари кое како придружба слугинска освојуваше и пљачкаше со Монголите, Татарите и Османлиите) и фашист Бојко Борисов со муртинскиот безр’бетен кастрат Црпко и дворот на шарените СДС трансџендери ќе му аплаудираат, а фирерот „ас сакинг“ Бејли ќе ги гледа од високо.

По рамковниот, мајскиот, пржинскиот, великоалбанскиот и бугарскиот договор, тој може да каже како Клинтонка: ДОЈДОВ ГИ КАСТРИРАВ, УБИЕНИ СЕ.

Ние, народот на Македонија, Македонците пред се’, се срамиме од домашните соработници на евроатланскиот фашистичко – цијашки окупатор. Долговите што ги прават сега во наше име, преку окупираните институции и секакво насилие, не ги признаваме и ќе ги наплатиме со дебели казненни камати. Иако, цела идна генерација по нас ќе треба да ги чисти и дератизира испоганетите паметници и деградираната македонска земја натопена со крвта на генерации, жртвата ќе биде неопходна. Оти лајнари ни го уништија кредибилитетот, не направија народ за мајтап, ни го испоганија образот. Нема да им заборавиме и простиме! Никогаш! А, ќе одиме на избори за уставотворно Собрание! Запаметете, оти тоа ќе ни биде приоритет агенда. Македонци! Не чека асиметрична борба со домашни штакори и странски окупатор! Бидете рационални, сконцентрирани, прибрани и решителни! Ние ги знаеме нив, а тие не не’ познаваат нас (тука се крие стратегијата и тактиките).

Пишува: Мирка Велиновска

Тиранската платформа е фашистичка техника за предизвикување војна

Додека дел од јавноста сѐ уште одбива да прифати дека домашните предавници со помош на надворешни центри на моќ спроведуваат процес за уништување на Македонија, историјата точно ни покажува со какви фашистички методи и тактики се служат Еди Рама и Зоран Заев во реализацијата на монструозниот план, но и нѐ предупредува на тоа што нѐ очекува во блиска иднина.

Планот за создавање Голема Албанија со кој ЦИА, Сорос и некои западни дипломати, меѓу другото, сакаат да го затворат и македонското прашање е неверојатно сличен со тој на Хитлер, кој водејќи се од сонот за голема Германија пред окупацијата на Чешка во 1938 година ја измислил карлсбадската програма, која е предок на денешната тиранска платформа. Всушност, тоа што денес се случува во Македонија, застрашувачки потсетува на сето тоа што се случувало во Чехословачка непосредно пред инвазијата од Германија и пред почетокот на Втората светска војна. Дали Македонија ќе ја доживее судбината на окупирана и поделена Чехословачка, останува времето да покаже.

Во дваесеттите години од минатиот век Чехословачка беше млада држава формирана по распадот на Австро-Унгарското Царство, брзо развивајќи се во парламентарна демократија, која ги штити сите човекови права што ги прокламираат модерните западни држави. За тоа кратко време од своето постоење Чехословачка успева да спроведе модел на децентрализација во кој германското малцинство – Судетите, добиле можност да ги управуваат свои училишта на мајчин (германски) јазик и да имаат реална локална власт. Во судетската област каде што имало мнозинско германско население (3,5 милиони Германци) официјален јазик бил и германскиот. Судетските Германци имале право да избираат и да бидат претставувани од свои претставници во парламентот. Сѐ на сѐ, историјата пишува дека судетските Германци уживале подобар третман од кое било друго малцинство во Европа.

Сепак, историјата, исто така, забележала дека и покрај сите привилегии што ги уживале, Судетите се кренале на бунт под изговор дека се незадоволни од статусот. Подоцна било утврдено дека зад бунтот на Судетите стоел лично Адолф Хитлер, кој го искористил германското малцинство да предизвика криза во Чехословачка, а потоа да ја употреби ситуацијата како оправдување за инвазија на земјата и за „враќање на редот“. Всушност, зад сето тоа се криела идејата на Хитлер за голема Германија , која требало да ги обедини сите народи што зборувале германски јазик или некој германски дијалект во една голема држава. Воените агресии ги правдал со правото на заштита на германското малцинство каде и да се наоѓа.

Во одбрана на правата на судетските Германци во 1935 година е формирана Германската судетска партија СдП, на чело со Конрад Хенлеин. Улогата на Хенлеин денес во Македонија ја играат предавникот Зоран Заев и лидерите на албанските партии. Оваа партија била марионетска и сателитска партија на Националсоцијалстичката германска работничка партија, директно финансирана и поддржана од Хитлер. Сѐ до сигналот од фирерот во 1938 година, Хенлеин водел умерена политика, не барал радикални промени во Чехословачка, но постојано ја истакнувал нерамноправната положба на судетските Германци.

tema245-karlsbad-1938-2

Од наведеното може да се увиди дека во периодот пред Втората светска војна ситуацијата во Чехословачка била многу слична како во Македонија пред почетокот на кризата што ја наметна квислингот Зоран Заев по наредба на центрите на моќ.

Но, што велат понатаму историските записи? Како продемократски ориентираната држава, која применува највисоки демократски стандарди за заштита на малцинските права, за само една година станува одговорна за воени провокации и завршува поделена и под окупација!?

Во март 1938 година марионетата Хенлеин добива наредба од Хитлер да создаде криза во земјата преку испорачување нереални барања до владата, а откако барањата ќе им бидат одбиени, германското малцинство треба да почне да се жали дека е прогонувано. Со тоа треба да ѝ се отвори патот на Германија да влезе во Чехословачка за да го заштити своето малцинство од прогон.

tema245-karlsbad-1938-3

Така, прво партијата на Хенлеин во Народното собрание на Чехословачка на 29 март 1938 година бара на Судетската област да ѝ се даде политичка автономија, а потоа почнуваат протести на судетските Германци во таа област. Со овој настан е отворена таканаречената Судетска криза. Во април 1938 година на конгресот на партијата во Карлови Вари е донесена таканаречената карлсбадска програма, во која германското малцинство барало:

  1. Целосно изедначување на германската национална група со чешкиот народ;
  2. Потврда на судетската германска етничка група како правно лице за да се задржи овој статус на еднаквост во државата;
  3. Дефинирање и признавање област со германско население;
  4. Развој на германска автономна администрација во областа, во врска со сите аспекти на јавниот живот, доколку се однесуваат на интересите и на потребите на германската етничка група;
  5. Законски мерки за заштита и на тие судетски Германци што живеат надвор од судетската област каде што се мнозинство;
  6. Отстранување на неправдите нанесени на судетските Германци од 1918 година и исправање на штетата што била предизвикана во текот на овие неправди;
  7. Давање административни права на Германците – германски државни службеници за германските области;
  8. Целосна слобода да се признае и да се одржи нашата германска етничка припадност и нашиот германски поглед на свет.

Стратегијата на Хитлер за намерно предизвикување конфликт во Чехословачка денес ја гледаме на дело во Македонија, а точките од карлсбадската програма, буквално, се преточени во тиранската платформа каде што се бара редефинирање на државата во бинационална држава преку изедначување на албанскиот со македонскиот народ, воведување целосна двојазичност, признавање област со албанско население -федерализација, па дури и осуда на неправдите кон албанскиот народ преку декларација за геноцид.

Историските записи велат дека оваа карлсбадска програма директно влијаела на Уставот и на суверенитетот на Чехословачка, а со тоа и директно се влијаело на опстанокот на државата. Потоа Германија почнува античехословачка политичка кампања, дипломатска изолација и конечен воен удар на земјата.

Во следните недели Британија и Франција вршат притисок врз чехословачката влада да ги прифати барањата на Хенлеин во интерес на мирот во Европа. Место да го прифати предлогот, Едвард Бенеш, водејќи се од неточни разузнавачки информации што велеле дека е неизбежна германска инвазија, на 21 мај наредува делумна мобилизација на чехословачката војска, со тоа ја приближува Европа на чекор до војна. Таканаречената Мајска криза од 1938 година е запишана во историјата како криза во која Чехословачка се смета за одговорна поради „неоправдана воена провокација“ со која ги разгневила челниците на европските велесили. Германија ја искористила можноста да го претстави Бенеш како личност што е склона кон провоцирање војна. Во исто време, германската пропаганда ја бомбардира јавноста со лажни вести за случувањата во Чехословачка. Во една лажна вест се вели дека владата во Прага извршила мобилизација на војската по налог на СССР и на Франција. Оваа лажна информација подоцна е искористена како оправдување за инвазијата. Врз основ на таквиот развој на настаните нацистичкиот врв донесува одлука дека во „скора иднина“ мора да се изврши воена интервенција на Чехословачка.

На 5 септември владата во Прага сфаќа дека војната е речиси неизбежна, па во последен обид да спречи такво нешто прифаќа седум од осум точки од карлсбадската програма. Но, Хитлер немал намера да се задоволи со овие точки, па во пограничните подрачја почнал да собира германски трупи.

На 12 септември 1938 година фирерот одржува говор во Нирнберг во кој вели: Прашката влада во Судетската област веќе не е господар на ситуацијата. (…) Господинот Бенеш дрско ги предизвикува Германците верувајќи дека тие нема да смеат да застанат во одбрана на своите напатени браќа во Чехословачка.

Истиот ден судетските Германци почнуваат протести, а Бенеш прогласува воена состојба во земјата. Германија ја користи ситуацијата да ја оправда воената интервенција и влегува во Судетскиот регион на 1 октомври 1938 година. Искористувајќи ја слабоста на Чехословачка по ударот нанесен од Хитлерова Германија, Унгарците преземаат контрола врз областа Рутенија, а Полска навлегла во Тешен. На 15 март 1939 година фашистичка Германија ја окупирала Чешка.

Историјата, можеби, не запишала, но повеќе од сигурно е дека во времето кога била објавена карлсбедската програма дел од чешката и од меѓународната јавност не верувале дека овој документ ги загрозува Уставот и опстанокот на државата. Испровоцираната непромислена реакција на претседателот Бенеш да изврши мобилизација на војската, може да се смета за пресвртница во кризата, која целосно ја сменила позицијата на Чешка. Па така, од жртви, Чесите биле претставени како насилници, кои провоцираат воен судир, со што го предизвикале гневот на светските лидери, кои барале начин како да ја оправдаат воената интервенција на Хитлер, без притоа да го предизвикаат гневот на Третиот рајх.

tema245-karlsbad-1938-zaev-rama

Денес преку Соросовата пропагандна машинерија се создава слика за Македонија дека е недемократска земја, која ги загрозува правата на албанското малцинство. За Соросовите платеници нема ништо спорно во тиранската платформа, а истовремено стотиците илјади граѓани што протестираат на улиците за нив се националисти, без демократски капацитет да живеат во мултикултурно општество. Иронијата е во тоа што, истите тие што го обвинуваат македонскиот народ за фашизам, ги гледаме како свесно работат на спроведување на оваа фашистичка техника за провоцирање воен судир и за поделба на државата. Но, настаните од Чехословачка во 1938 година се само уште еден доказ дека историјата ќе го најде вистинското место и за овие македонски предавници.

Според Заев и Шилегов сите што се против платформата на Рама од Тирана се бандити и фашисти

Илјадниците луѓе на улиците низ Македонија кои ја бранат државата, се борат за зачувување на унитарноста, јазикот и идентитетот и не ја прифаќаат албанската платформа наметната од Тирана, за Зоран Заев и Петре Шилегов се бандити и фашисти.

Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов во вчерашната емисија Топ Тема ги навреди граѓаните на Република Македонија кои што веќе 4 дена протестираат низ градовите во Македонија, нарекувајќи ги „Фашистички орди“.

silegov1

Според Шилегов, медиумите праќаат отворени повици за, како што вели, фашистички орди да излезеле на улица.

-Во Македонија нас во моментов ни се случува фашизам, рече Шилегов.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пак, не само што не се откажа од албанската платформа чиј творец е албанскиот премиер Еди Рама, и против која секојдневно протестираат илјадници граѓани, туку вчера го повтори ставот дека тој смета оти платформата е позитивна.

-Се сеќавате дека реков дека ние сме позитивни кон оваа платформа, зборував за тоа, рече Заев во дебатната емисија „Отворено“ на 24 Телевизија.

Изјавите на Артан Груби и Бујар Османи од ДУИ и соопштението на Беса дадени по прес-конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој застана во одбрана на државните интереси на Македонија, според експертите се уште еден доказ дека Зоран Заев ги прифатил сите точки од Албанската платформа донесена во Тирана, а која албанските партии му ја сервираа.

Вчера пак, Илија Димовски објави статус на ФБ во кој ги посочи навредите кон граѓаните на Македонија кои беа искажани од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов и перјаниците на опозицијата, Катерина Блажевски и Сашо Ордановски.

Сите што се борат за зачувување на унитарноста, јазикот и идентитетот биле:

Бандити – Заев
Фашисти – Шилегов
Пијаници – Блажевска
Овци – Ордановски
Пајташи и примитивци – Насер Селмани.

За Шилегов граѓаните кои си ја бранат државата се фашистички орди

Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов во вечерашната емисија Топ Тема ги навреди граѓаните на Република Македонија кои што веќе четврти ден протестираат низ градовите во Македонија, нарекувајќи ги „Фашистички орди“.

Според Шилегов, медиумите праќаат отворени повици за, како што вели, фашистички орди да излезеле на улица.

-Во Македонија нас во моментов ни се случува фашизам, рече Шилегов.

Македонија го празнува Денот на антифашистичкото востание

Република Македонија денеска одбележува 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, и е на патот кон евроатлантските интеграции, кои засега се блокирани од Грција.

Традиционално по повод празникот денеска во Собранието на Република Македонија е врачена државната награда „11 Октомври“.

Бројни делегации положија цвеќе на спомениците и паметниците на народните херои во Скопје, Прилеп и Куманово.